2014 • 3. Квартал
1. лекција – Божјиот план за евангелизација на светот
5. јули 2014
„Ќе тргнат многу народи и ќе речат: „Дојдете, да се искачиме на гората Господова, во домот на Бог Јаковов; Тој ќе нè научи на Своите патишта и ќе одиме по патеките Негови; зашто од Сион ќе излезе законот, и од Ерусалим – словото Господово.”
— Исаија 2,3
„Божја намера била со откривање на Неговиот карактер преку Израел да ги привлече кон Него и останатите народи.”
— Христовите поуки, 256.
ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Пророци и цареви, 5-9; Делата на апостолите, 8-10.
Недела — 29. јуни
1. ГОЛЕМА ОДГОВОРНОСТ ПРЕД БОЖЈИОТ НАРОД
а. Која била првата голема нација која Небото сакало да ја благослови со знаење за вистинскиот Бог? Псалм 135,9.
„Аврамовите потомци… биле доведени во Египет… да можат да ги прикажат начелата на Божјото царство. Јосифовата чесност и неговото прекрасно дело во зачувување на животот на целата египетска нација биле приказ на Христовиот живот. Мојсеј, и многу други, биле сведоци за Бога.”
— Христовите поуки, 235.
б. Што очигледно покажува дека царот, неговите дворјани и народот воопшто избрале да останат во духовен мрак? Излез 5,1.2.
„Господ на Египќаните им дал можност да видат колку напразна била мудроста на нивните јунаци, колку немоќна била моќта на нивните богови кога се противат на Божјите наредби.” — Патријарси и пророци, 265.
„Ако сееме гордост, ние и ќе пожнееме гордост. Ако сееме тврдоглавост, ние и ќе пожнееме тврдоглавост.”
— Да го воздигаме Него, 266.
Понеделник — 30. јуни
2. БОЖЈИОТ ПЛАН ЗА ИЗРАЕЛ
а. Која важна мисија им била доверена на Израеловите синови кога во времето на нивното ослободување од Египет нивниот број достигнал преку 2.000.000 луѓе? Јован 4,22; Второзаконие 4,6-8.
„Бог ги одбрал Израелците со цел, преку нив, да им го открие својот карактер на другите народи. Тој сакал тие да бидат извор на спасение за светот. Ним им биле доверени небесните пророштва, откровение на Божјата волја.”
— Делата на апостолите, 8.
б. Со каква цел Бог го утврдил Израел на стратешко место ‘среде народите’? Езекиел 5,5.
„Бог одредил Неговиот народ да биде светлина на светот. Од нив требало да блеска славата на Неговиот закон која се открива во практичниот живот. А за да се оствари тоа, Бог направил избраниот народ да заземе стратешка местоположба меѓу народите на земјата…
„Во Соломоново време израелското царство се простирало од Емат на север до Египет на југ и од Средоземното Море до реката Еуфрат. Преку територијата на Израел воделе многу природни патишта на светската трговија, и во сите правци секогаш поминувале каравани од далечни земји. Така на Соломон и на неговиот народ им се пружила прилика на луѓето од сите народи да им го откријат карактерот на Царот над царевите…
„Поставен на чело на народот кој имал улога на светилник за соседните народи, Соломон бил обврзан мудроста која што му ја дал Бог и моќта на своето влијание да ги употреби за организирање и насочување на едно големо движење за просветлување на оние кои не го познавале Бога и вистината.”
— Пророци и цареви, 45.
в. Како силите на темнината делувале за да го спречат Божјиот план? 1 Царевите 11,1.2; Проповедник 2,8.9; 10,1.
„Трговскиот дух го зазел местото на мисионерскиот дух кој Бог го всадил во срцето на Соломон и во срцата на сите вистински Израелци. Можностите кои им биле дадени благодарение на многуте контакти со народите, ги користеле за лично воздигање.”
— Пророци и цареви, 46.
Вторник — 1. јули
3. БОЖЈА МИЛОСТ И ПРАВДА
а. Што другите народи ги дисквалификувало да го евангелизираат светот? Левитска 18,24.25; Второзаконие 9,4. Која поука жителите на светот постепено ја заборавиле после потопот? Создавање 6,5; 11,17.
б. Која состојба распространета меѓу многуте пагански народи го условила нивното уништување? Римјаните 1,19-21.23-25.
„Кај многу народи децата се откажуваат од родителите или ги препуштаат да умрат штом ќе остарат и не можат веќе да се грижат сами за себе.” — Патријарси и пророци, 346.
„…Со изопачени поими за божествените атрибути, паганските народи биле наведени да веруваат дека е потребно и луѓе да се принесуваат на жртва за да се обезбеди наклонетост на нивните божества; и многу ужасни свирепости биле извршени под разни облици на идолопоклонство. Меѓу таквите свирепости бил и обичајот поклониците пред своите идоли да ги водат низ оган своите деца… Најодвратни и најгнасни обичаи станале составен дел на паганското богослужение. Дури и боговите биле прикажувани како порочни, па и нивните поклоници се оддавале на најниски страсти. Преовладувале неприродни пороци, а верските празници биле обележани со општ и јавен неморал.”
— Патријарси и пророци, 347.
в. Дали Бог испратил уништување без претходно да упати предупредување и повик на покајание? Езекиел 18,21.23; Амос 3,7. Што се случувало со оние кои го исцрпеле Божјото трпение и се сметале за неизлечиви? 2 Петрово 3,5-7.
„Зарем оние чиишто срца се преполни со омраза кон Бога, кон вистината и светоста, би можеле да се помешаат со милионите небесни битија и да се придружат на нивните песни на пофалба? Зарем тие би можеле да го поднесат таквото оддавање на слава на Бога и на Јагнето? Не, не! На нив во овој живот им биле дадени години на милост за да го развијат својот карактер за небото, но тие својот ум никогаш не го обучиле да ја сака чистотата; никогаш не го научиле небесниот јазик – а сега е предоцна. Животот во постојан бунт против Бога, ги направил неспособни за небото.”
— Големата борба, 481.
Среда — 2. јули
4. БОЖЈА МИЛОСТ И ПРАВДА (продолжение)
а. Како знаеме дека Бог својата милост сѐ уште ја укажува на разните народи кои не стигнале до точка после која нема враќање? Што уште им давал на Аморејците според овој план? Создавање 15,16.
„Во првите денови од Израелскиот период, народите на светот, поради својата изопаченост, потполно ја загубиле претставата за Бога. Тие некогаш го познавале Бога, но ‘не му оддадоа почит како на Бог, ниту му благодареа, туку станаа суетни во своите мудрувања и нивното неразумно срце се помрачи’ (Римјаните 1,21). Сепак, Бог во својата милост не ги уништил. Тој наумил повторно да им даде можност да Го запознаат преку Неговиот избран народ.”
— Делата на апостолите, 8.
б. Каква поука можеме да научиме од начинот на кој Бог постапил со Ниневија? Јона 3,10; 4,10.11. Каков вид на мисионерски дух имал Јона?
„Кога Јона дознал дека Бог одлучил да го поштеди градот кој, без оглед на неговата расипаност, го довел до покајание во вреќи и пепел, тој требало прв да се радува поради Божјата чудесна милост; но наместо тоа, тој дозволил неговиот ум да се задржува на можноста да го сметаат за лажен пророк.”
— Пророци и цареви, 182.
в. Која охрабрувачка порака Бог ја праќа до секој мисионер кој работи во градовите? Дела 18,9.
„Божјите гласници во големите градови не смеат да се обесхрабрат поради расипаноста, неправдата и изопаченоста со кои мораат да се судираат додека настојуваат да ја објавуваат радосната вест за спасението… Нека оние кои се ангажирани да ја извршуваат службата на спасување на душите имаат на ум дека нема целиот свет да и сврти грб на светлината, вистината и позивите на трпеливиот Спасител, иако има и такви кои нема да го послушаат Божјиот совет содржан во Неговата Реч.”
— Пророци и цареви, 186.
Четврток — 3. јули
5. БОЖЈИТЕ СУДОВИ СĖ УШТЕ СЕ ПОМЕШАНИ СО МИЛОСТ
а. Наведете ги двете главни последици на казните резервирани за последното време. Исаија 24,4-6; 26,21.9.
„Близу е времето кога во овој свет ќе се појават страдања кои никаков човечки мелем не може да ги излечи. Божјиот Дух се повлекува. Несреќи на море и копно брзо следат една по друга. Колку често слушаме за земјотреси и торнада, за пожари и поплави кои нанесуваат големи загуби на живот и имот! Навидум овие несреќи се каприциозни испади на неорганизирани сили на природата, целосно надвор од контрола на човекот; но во сите нив може да се прочита Божјата намера. Тие спаѓаат во средства со помош на кои Бог се обидува кај луѓето да предизвика чувство за лична опасност.”
— Пророци и цареви, 186.
б. Што Бог кажува за својата милостива рака која сѐ уште е испружена кон оние кои сакаат да бидат спасени? Исаија 55,6.7.
„Во секој град, колку и да е исполнет со насилство и криминал, постојат мнозина кои, ако бидат поучени како што треба, ќе станат следбеници на Исус. На тој начин спасоносната вистина може да стигне до илјадници луѓе кои ќе го примат Христа како свој личен Спасител.”
— Пророци и цареви, 186.
Петок — 4. јули
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА
1. Зошто Бог ги довел Аврамовите потомци во Египет?
2. Што денес ние можеме да научиме од начинот на кој Бог стратешки го поставил Израел во ‘средината на народите’?
3. Како силите на темнината работат за да го спречат Божјиот мисионерски план?
4. Како книгата на Јона нѐ поучува дека Бог е посреќен кога спасува, отколку да ги уништува нечестивите луѓе?
5. Што според Божјата намера треба да сфатиме за оние кои нѐ опкружуваат?
2014 • 3. Квартал
2. лекција – Божји стражари
12. јули 2014
„И тебе, сине човечки, Јас те поставив како стражар на домот Израелов: ти ќе слушаш слово од Мојата уста и ќе ги вразумуваш од Мене.”
— Езекиел 33,7
„Овие управители на Божјите тајни треба да стојат како стражари на ѕидовите на Сион… Христовиот претставник треба да внимава поради своето неверство да не ја изгуби својата душа и душата на оние кои го слушаат.”
— 4 Сведоштво, 383.
ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Копнежот на вековите, 339-341.
Недела — 6. јули
1. СТРАЖАРИ НА ЅИДОВИТЕ НА СИОН
а. Која е разликата помеѓу верниот и неверниот стражар? Езекиел 33,2-6.
„Во античко време стражарите често биле поставувани на градските ѕидови, каде најдобро можеле да ги посматраат значајните точки доверени на нивна грижа и да дадат предупредување за приближување на непријателот. Од нивната верност зависела безбедноста на сите оние кои се наоѓале во градот. Тие во одредени временски интервали морале да се јават едни на други, за да бидат сигурни дека сите се будни и дека на некого не му се случило нешто. Викот на охрабрување или на предупредување се пренесувал од еден на друг, и секој го повторувал, додека не одекне низ целиот град.”
— Слуги на евангелието, 8.
б. Зошто ние како поединечни христијани треба да бидеме загрижени за душите на оние кои се без Бога и надеж за спасение? Езекиел 33,7-9.
в. Дали Господ се стреми да ги уништи грешниците или да ги спаси? Езекиел 33,11.
Понеделник — 7. јули
2. ЈАСНИ ИЛИ НЕЈАСНИ ЗВУЦИ
а. Што се случува кога стражарот ќе затруби, но на трубата не ѝ дава одреден звук? 1 Коринтјаните 14,8.
„Нека стражарот внимава, поради неговото двоумење или одлагање, да не бидат душите оставени да загинат, бидејќи нивната крв ќе се бара од неговата рака.”
— 5 Сведоштво, 672.
б. Како Христос под симболот на лошиот слуга ја опишува големата класа на неверни стражари? Матеј 24,48-51.
„Лошиот слуга вели во своето срце: ‘Мојот господар нема да дојде скоро’ (Лука 12,45). Тој не вели дека Христос нема да дојде. Тој не ја исмева идејата за Неговото второ доаѓање. Меѓутоа, во своето срце и со своите постапки и зборови тој изјавува дека Господ нема уште долго да дојде. Во умовите на другите тој го уништува уверувањето дека Господ брзо ќе дојде. Неговото влијание ги наведува луѓето да станат дрски и безгрижни во доцнењето и тие се зацврстуваат во нивната световност и мртвило. Духот подлегнува на земните страсти и расипаните мисли. Лошиот слуга јаде и пие со пијаниците, се соединува со светот во барање на задоволства. Тој ги тепа другите слуги, обвинувајќи ги и осудувајќи ги оние кои се верни на својот Учител. Тој се меша со светот. Сличниот се обединува со сличните во престапот.”
— Копнежот на вековите, 612.
в. Какво предупредување во поглед на таквите стражари ни дава апостол Павле? 1 Солунјаните 5,3.
„Христовото доаѓање ќе ги изненади лажните учители. Тие зборуваат: ‘Мир и сигурност’. Како и свештениците и учителите перед падот на Ерусалим, тие сакаат црквата да ужива во земен просперитет и слава. Тие ги толкуваат знаците на времето како токму тоа да го претскажуваат. Но, што вели Речта на Вдахновението? ‘Тогаш одненадеж врз нив ќе падне погибел’ (1 Сол. 5,3). Денот Господов ќе дојде како стапица за сите што живеат на Земјата, на сите што од овој свет прават свој дом, тој ќе дојде за нив како замка.”
— Копнежот на вековите, 612.
Вторник — 8. јули
3. КАРАКТЕРИСТИКИ НА НЕКОМПЕТЕНТНИТЕ СТРАЖАРИ
а. Како можеме да се идентификуваме со дисквалификуваните стражари? Исаија 56,10-12.
„Некои кои се наоѓаат на положба на стражар, кои треба да ги предупредуваат луѓето на опасност, престанале да стражарат и задремале. Таквите луѓе се неверни стражари. Тие седат со скрстени раце, додека нивниот лукав непријател влегува во тврдината покрај нив и со успех го руши она што Бог заповедал да биде изградено. Тие гледаат дека сатаната ги мами неискусните и невините, но сепак сето тоа мирно го набљудуваат како тоа да не ги интересира. Тие не увидуваат никаква посебна опасност, не гледаат никаква посебна причина за вознемирување. Ним им се чини дека сѐ оди како што треба и не гледаат никаква потреба да подигнат глас на опомена која е дадена во јасните сведоштва, за да им ги објават на луѓето нивните престапи и на израеловиот дом неговите гревови. Овие укори и опомени го нарушуваат мирот на безгрижните стражари и тие негодуваат. Зборуваат во срцето, иако тоа не го чинат гласно: ‘Сето тоа е непотребно. Сето тоа е премногу строго, премногу остро. Овие луѓе непотребно се вознемируваат и возбудуваат и не ни даваат одмор и мир.”
— 2 Сведоштво, 489.
б. Какво предупредување треба да се има на ум во поглед на работата на духовно слепите стражари? Матеј 15,14. Како Господовата слугинка опишува еден таков стражар во историјата на Адвентизмот?
„Некои се толку заслепени од сопственото неверство, така што не увидуваат каков дух го води братот Б… Не само што одбива самиот да оди во светлината на вистината, која Бог му ја дал на својот народ, туку претставува сериозна пречка и за оние кои сакаат да одат во таа светлина… Тој смета дека е чест да се поттикнува сомнеж и неверство во поглед на утврдената вера на оние кои ги држат Божјите заповеди. Вистината на која некогаш се радувал сега за него претставува темнина, и ако не го промени својот курс тој ќе западна во мешавина на ставовите на разните деноминации, додека во целост нема да се согласува ниту со една од нив. Тој ќе претставува одвоена црква за себе…” — 3 Сведоштво, 409.
„Сатаната добро знае дека патот на измамата и заблудата сигурно ќе го одвои од црквата, како што веќе многумина одвоил”
— 3 Сведоштво, 410.
Среда — 9. јули
4. КАРАКТЕРИСТИКИ НА КВАЛИФИКУВАНИТЕ СТРАЖАРИ
а. Опишете ги карактеристиките на верниот Христов слуга? 1 Тимотеј 4,12-16; Тит 2,7.8.
„Стражарите на ѕидовите на Сион имаат привилегија да живеат во близина на Бога, и да бидат толку подложни на влијанието на Неговиот Дух, за да може да работи преку нив и да им укажат на грешниците на нивната опасност, и да им го покажат безбедното место. Избрани од Бога, запечатени со крвта на осветувањето, тие мораат да ги спасуваат мажите и жените од претстојното уништување. Тие верно ги предупредуваат своите ближни од сигурните последици на престапот, и верно го чуваат интересот на црквата. Во својата будност тие ниту еден миг не смеат да се олабават. Нивниот дело ги бара сите способности на нивното битие. Нивниот глас мора да одекнува како труба, и на својата порака никогаш не смеат да и даваат нејасен и неодреден тон. Тие треба да работат не за платата која ја примаат, туку затоа што не можат поинаку, бидејќи се свесни дека ќе ги стигне проклетство ако не го проповедаат Евангелието.”
— Слуги на евангелието, 9.
б. Каква работа Христос ни доверил на секого од нас поединечно? Матеј 24,45; 2 Тимотеј 4,2.5.
„Меѓу жителите на земјата, расфрлани по сите краишта на светот, живеат луѓе кои не ги свиткале колената пред Ваал. Како небесни ѕвезди кои се појавуваат само ноќе, овие верници ќе блескаат кога мракот ќе ја покрие земјата и темнина народите. Во незнабожечка Африка, во католичките земји од Европа и Јужна Америка, во Кина и Индија, на морските острови, во сите мрачни делови на Земјината топка, Бог има во резерва на мноштво избрани ѕвезди кои ќе блескаат среде мракот и јасно ќе му покажат на отпадничкиот свет колкава моќ на преобразување има покорувањето на Неговиот закон. Дури и денес тие се појавуваат во секоја нација, јазик и народ… Колку ноќта е помрачна, толку тие појасно ќе блескаат.” — Патријарси и пророци, 128.
„Според тоа, нека никој денес не го пребројува Израел, туку нека настојува срцето да му биде ‘месно’ и полно со нежно сочувство, срце кое како Христовото ќе се залага за спасение на изгубениот свет.”
— Патријарси и пророци, 128.
Четврток — 10. јули
5. КАКВА РАДОСТ ЌЕ ИМА ТАМУ!
а. Кога спасените ќе стигнат во небото, дали тие ќе се препознаваат едни со други? 1 Коринтјаните 13,12. Што ќе се слушне од устата на оние кои ги довеле до Христа?
„Откупените ќе ги сретнат и препознаат оние коишто го насочиле нивното внимание кон возвишениот Спасител. Каков благословен разговор тие ќе водат со овие души! ‘Бев грешник’, ќе каже еден, ‘без Бога и без надеж во светот, а ти дојде и го насочи моето внимание на драгоцениот Спасител како на моја единствена надеж… Друг ќе каже: ‘Бев незнабожец во незнабожечка земја. Ти ги напушти своите пријатели и топлиот дом и дојде да ме научиш како да го најдам Исуса и да верувам во Него како единствен вистински Бог. Јас ги уништив своите идоли, почнав да му служам на Бога и сега го гледам лице во лице. Спасен сум, вечно спасен, засекогаш да го гледам Оној, кого го љубам.”
— 6 Сведоштво, 286.
б. Каква изјава ќе слушнат од Христовите усни? Матеј 25,34-40.
„Други ќе ја изразат својата благодарност кон оние кои ги нахраниле гладните и облекле голите со следниве зборови: ‘Кога очајот ја окова мојата душа со неверство, Господ те испрати кај мене да ми зборуваш зборови на надеж и утеха. Донесе храна за моите телесни потреби и ми ја отвори Божјата Реч, укажувајќи ми на моите духовни потреби. Постапуваше со мене како со брат.”
— 6 Сведоштво, 287.
Петок — 11. јули
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА
1. Наведи ја разликата помеѓу верните и неверните стражари?
2. Како Христос ги опишал неверните стражари?
3. Како мнозина се излагаат на опасност да упаднат во истата замка како ‘Братот Б’ спомнат во 3 Свед. 408-410?
4. Како можеме поубедливо да ги одразуваме особините на верата?
5. Прераскажете ја огромната награда со зборовите на благодарност кои ќе бидат изразени на Небото?
2014 • 3. Квартал
3. лекција – Божји стражари
12. јули 2014
„И тебе, сине човечки, Јас те поставив како стражар на домот Израелов: ти ќе слушаш слово од Мојата уста и ќе ги вразумуваш од Мене.”
— Езекиел 33,7
„Овие управители на Божјите тајни треба да стојат како стражари на ѕидовите на Сион… Христовиот претставник треба да внимава поради своето неверство да не ја изгуби својата душа и душата на оние кои го слушаат.”
— 4 Сведоштво, 383.
ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Копнежот на вековите, 339-341.
Недела — 6. јули
1. СТРАЖАРИ НА ЅИДОВИТЕ НА СИОН
а. Која е разликата помеѓу верниот и неверниот стражар? Езекиел 33,2-6.
„Во античко време стражарите често биле поставувани на градските ѕидови, каде најдобро можеле да ги посматраат значајните точки доверени на нивна грижа и да дадат предупредување за приближување на непријателот. Од нивната верност зависела безбедноста на сите оние кои се наоѓале во градот. Тие во одредени временски интервали морале да се јават едни на други, за да бидат сигурни дека сите се будни и дека на некого не му се случило нешто. Викот на охрабрување или на предупредување се пренесувал од еден на друг, и секој го повторувал, додека не одекне низ целиот град.”
— Слуги на евангелието, 8.
б. Зошто ние како поединечни христијани треба да бидеме загрижени за душите на оние кои се без Бога и надеж за спасение? Езекиел 33,7-9.
в. Дали Господ се стреми да ги уништи грешниците или да ги спаси? Езекиел 33,11.
Понеделник — 7. јули
2. ЈАСНИ ИЛИ НЕЈАСНИ ЗВУЦИ
а. Што се случува кога стражарот ќе затруби, но на трубата не ѝ дава одреден звук? 1 Коринтјаните 14,8.
„Нека стражарот внимава, поради неговото двоумење или одлагање, да не бидат душите оставени да загинат, бидејќи нивната крв ќе се бара од неговата рака.”
— 5 Сведоштво, 672.
б. Како Христос под симболот на лошиот слуга ја опишува големата класа на неверни стражари? Матеј 24,48-51.
„Лошиот слуга вели во своето срце: ‘Мојот господар нема да дојде скоро’ (Лука 12,45). Тој не вели дека Христос нема да дојде. Тој не ја исмева идејата за Неговото второ доаѓање. Меѓутоа, во своето срце и со своите постапки и зборови тој изјавува дека Господ нема уште долго да дојде. Во умовите на другите тој го уништува уверувањето дека Господ брзо ќе дојде. Неговото влијание ги наведува луѓето да станат дрски и безгрижни во доцнењето и тие се зацврстуваат во нивната световност и мртвило. Духот подлегнува на земните страсти и расипаните мисли. Лошиот слуга јаде и пие со пијаниците, се соединува со светот во барање на задоволства. Тој ги тепа другите слуги, обвинувајќи ги и осудувајќи ги оние кои се верни на својот Учител. Тој се меша со светот. Сличниот се обединува со сличните во престапот.”
— Копнежот на вековите, 612.
в. Какво предупредување во поглед на таквите стражари ни дава апостол Павле? 1 Солунјаните 5,3.
„Христовото доаѓање ќе ги изненади лажните учители. Тие зборуваат: ‘Мир и сигурност’. Како и свештениците и учителите пред падот на Ерусалим, тие сакаат црквата да ужива во земен просперитет и слава. Тие ги толкуваат знаците на времето како токму тоа да го претскажуваат. Но, што вели Речта на Вдахновението? ‘Тогаш одненадеж врз нив ќе падне погибел’ (1 Сол. 5,3). Денот Господов ќе дојде како стапица за все што живеат на Земјата, на сите што од овој свет прават свој дом, тој ќе дојде за нив како замка.”
— Копнежот на вековите, 612.
Вторник — 8. јули
3. КАРАКТЕРИСТИКИ НА НЕКОМПЕТЕНТНИТЕ СТРАЖАРИ
а. Како можеме да се идентификуваме со дисквалификуваните стражари? Исаија 56,10-12.
„Некои кои се наоѓаат на положба на стражар, кои треба да ги предупредуваат луѓето на опасност, престанале да стражарат и задремале. Таквите луѓе се неверни стражари. Тие седат со скрстени раце, додека нивниот лукав непријател влегува во тврдината покрај нив и со успех го руши она што Бог заповедал да биде изградено. Тие гледаат дека сатаната ги мами неискусните и невините, но сепак сето тоа мирно го набљудуваат како тоа да не ги интересира. Тие не увидуваат никаква посебна опасност, не гледаат никаква посебна причина за вознемирување. Ним им се чини дека сѐ оди како што треба и не гледаат никаква потреба да подигнат глас на опомена која е дадена во јасните сведоштва, за да им ги објават на луѓето нивните престапи и на израеловиот дом неговите гревови. Овие укори и опомени го нарушуваат мирот на безгрижните стражари и тие негодуваат. Зборуваат во срцето, иако тоа не го чинат гласно: ‘Сето тоа е непотребно. Сето тоа е премногу строго, премногу остро. Овие луѓе непотребно се вознемируваат и возбудуваат и не ни даваат одмор и мир.”
— 2 Сведоштво, 489.
б. Какво предупредување треба да се има на ум во поглед на работата на духовно слепите стражари? Матеј 15,14. Како Господовата слугинка опишува еден таков стражар во историјата на Адвентизмот?
„Некои се толку заслепени од сопственото неверство, така што не увидуваат каков дух го води братот Б… Не само што одбива самиот да оди во светлината на вистината, која Бог му ја дал на својот народ, туку претставува сериозна пречка и за оние кои сакаат да одат во таа светлина… Тој смета дека е чест да се поттикнува сомнеж и неверство во поглед на утврдената вера на оние кои ги држат Божјите заповеди. Вистината на која некогаш се радувал сега за него претставува темнина, и ако не го промени својот курс тој ќе западне во мешавина на ставовите на разните деноминации, додека во целост нема да се согласува ниту со една од нив. Тој ќе претставува одвоена црква за себе…” – 3 Сведоштво, 409.
„Сатаната добро знае дека патот на измамата и заблудата сигурно ќе го одвои од црквата, како што веќе многумина одвоил”
— 3 Сведоштво, 410.
Среда — 9. јули
4. КАРАКТЕРИСТИКИ НА КВАЛИФИКУВАНИТЕ СТРАЖАРИ
а. Опишете ги карактеристиките на верниот Христов слуга? 1 Тимотеј 4,12-16; Тит 2,7.8.
„Стражарите на ѕидовите на Сион имаат привилегија да живеат во близина на Бога, и да бидат толку подложни на влијанието на Неговиот Дух, за да може да работи преку нив и да им укажат на грешниците на нивната опасност, и да им го покажат безбедното место. Избрани од Бога, запечатени со крвта на осветувањето, тие мораат да ги спасуваат мажите и жените од претстојното уништување. Тие верно ги предупредуваат своите ближни од сигурните последици на престапот, и верно го чуваат интересот на црквата. Во својата будност тие ниту еден миг не смеат да се олабават. Нивниот дело ги бара сите способности на нивното битие. Нивниот глас мора да одекнува како труба, и на својата порака никогаш не смеат да и даваат нејасен и неодреден тон. Тие треба да работат не за платата која ја примаат, туку затоа што не можат поинаку, бидејќи се свесни дека ќе ги стигне проклетство ако не го проповедаат Евангелието.”
— Слуги на евангелието, 9.
б. Каква работа Христос ни доверил на секого од нас поединечно? Матеј 24,45; 2 Тимотеј 4,2.5.
„Меѓу жителите на земјата, расфрлани по сите краишта на светот, живеат луѓе кои не ги свиткале колената перед Ваал. Како небесни ѕвезди кои се појавуваат само ноќе, овие верници ќе блескаат кога мракот ќе ја покрие земјата и темнина народите. Во незнабожечка Африка, во католичките земји од Европа и Јужна Америка, во Кина и Индија, на морските острови, во сите мрачни делови на Земјината топка, Бог има во резерва на мноштво избрани ѕвезди кои ќе блескаат среде мракот и јасно ќе му покажат на отпадничкиот свет колкава моќ на преобразување има покорувањето на Неговиот закон. Дури и денес тие се појавуваат во секоја нација, јазик и народ… Колку ноќта е помрачна, толку тие појасно ќе блескаат.” – Патријарси и пророци, 128.
„Според тоа, нека никој денес не го пребројува Израел, туку нека настојува срцето да му биде ‘месно’ и полно со нежно сочувство, срце кое како Христовото ќе се залага за спасение на изгубениот свет.”
— Патријарси и пророци, 128.
Четврток — 10. јули
5. КАКВА РАДОСТ ЌЕ ИМА ТАМУ!
а. Кога спасените ќе стигнат во небото, дали тие ќе се препознаваат едни со други? 1 Коринтјаните 13,12. Што ќе се слушне од устата на оние кои ги довеле до Христа?
„Откупените ќе ги сретнат и препознаат оние коишто го насочиле нивното внимание кон возвишениот Спасител. Каков благословен разговор тие ќе водат со овие души! ‘Бев грешник’, ќе каже еден, ‘без Бога и без надеж во светот, а ти дојде и го насочи моето внимание на драгоцениот Спасител како на моја единствена надеж… Друг ќе каже: ‘Бев незнабожец во незнабожечка земја. Ти ги напушти своите пријатели и топлиот дом и дојде да ме научиш како да го најдам Исуса и да верувам во Него како единствен вистински Бог. Јас ги уништив своите идоли, почнав да му служам на Бога и сега го гледам лице во лице. Спасен сум, вечно спасен, засекогаш да го гледам Оној, кого го љубам.”
— 6 Сведоштво, 286.
б. Каква изјава ќе слушнат од Христовите усни? Матеј 25,34-40.
„Други ќе ја изразат својата благодарност кон оние кои ги нахраниле гладните и облекле голите со следниве зборови: ‘Кога очајот ја окова мојата душа со неверство, Господ те испрати кај мене да ми зборуваш зборови на надеж и утеха. Донесе храна за моите телесни потреби и ми ја отвори Божјата Реч, укажувајќи ми на моите духовни потреби. Постапуваше со мене како со брат.”
— 6 Сведоштво, 287.
Петок — 11. јули
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА
1. Наведи ја разликата помеѓу верните и неверните стражари?
2. Како Христос ги опишал неверните стражари?
3. Како мнозина се излагаат на опасност да упаднат во истата замка како ‘Братот Б’ спомнат во 3 Свед. 408-410?
4. Како можеме поубедливо да ги одразуваме особините на верата?
5. Прераскажете ја огромната награда со зборовите на благодарност кои ќе бидат изразени на Небото?
2014 • 3. Квартал
4. лекција – Искушение да се посомнева
25. јули 2014
„Доста е веќе, Господи, прибери ја душата моја, бидејќи јас не сум подобар од предците свои.”
— 1 Царевите 19,4
„Како бегалец, далеку од секој човечки дом, неговиот дух уништен од горчливо разочарување, (Илија) посакал никогаш повеќе да не види ниедно човечко битие.”
— RH, 16. октомври, 1913.
ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Пророци и цареви, 106-120.
Недела — 20. јули
1. ВЕРАТА НА ИЛИЈА СЕРИОЗНО ТЕСТИРАНА
а. Кога идолопоклоничката царица Језавела слушнала за убиството на лажните пророци, каква порака таа испратила до Илија? 1 Царевите 19,1.2.
„Језавела ја обзел бес кога дознала од Ахав како Илија ги убил незнабожечките пророци. Не сакала да признае дека тоа што се случило на Кармил било доказ за Божјата сила и Неговото провидение, туку сѐ уште полна со пакост изјавила дека Илија мора да умре.”
— Пророци и цареви, 108.
б. После покажаната бестрашна храброст во натпреварот на планината Кармил, како Илија ја покажал човечката слабост? 1 Царевите 19,3.
„Илија не смеел да го напушти местото на својата должност. Требало да се обрати на Оној кој го пратил да ја освети честа на Господовото име, молејќи Го за заштита од гневот на Језавела. Требало да му каже на гласникот, дека Бог во кого се надева, ќе го спаси од нејзината омраза.”
— Пророци и цареви, 109.
Понеделник — 21. јули
2. ОБЕСХРАБРЕНОСТ
а. Крајно обесхрабрен, што Илија во својата молитва побарал од Бога? 1 Царевите 19,4. Што секој сведок во Божјото дело треба да очекува и да биде подготвен да издржи? 2 Коринтјаните 4,8.9.
„Во искуството на сите нас постојат периоди на големи разочарувања и крајна обесхрабреност, кога мора да ја испиеме чашата на болката, кога ни е тешко да поверуваме дека Бог сѐ уште е добротвор на Неговите земни деца, денови кога немир ја обзема душата и смртта ни изгледа поубава од животот. Во тие моменти мнозина губат вера во Бога и стануваат робови на сомнеж и неверие.” – Пророци и цареви, 110.
„Божјите слуги мора да очекуваат секаков вид на обесхрабреност. Тие ќе бидат искушани не само од страна на лутината, презирот и суровоста на непријателите, туку и од страна на немарноста, недоследноста, млакоста и предавството на пријателите и помошниците… Дури и некои кои навидум сакаат напредок на Божјото дело, сепак ќе ги слабеат рацете на Неговите слуги преку слушање, пренесување и делумно верување во клевети, фалење и закани на противниците.”
— Христијанска служба, 239.240.
б. Што претставува лек против обесхрабреноста? Лука 21,36; 1 Солунјаните 5,8.17. Како апостол Павле се борел против обесхрабреноста? 2 Коринтјаните 12,10.
„Постои сигурен лек за малодушните а тоа се: вера, молитва и работа. Верата и активноста му даваат на човекот сигурност и задоволство кое се зголемува од ден во ден. Дали сте во искушение да подлегнувате на чувството на вознемиреност, лошо претчувство или крајна малодушност? Не плашете се ниту во најцрните денови кога сѐ изгледа изгубено. Имајќи вера во Бога. Тој ги знае вашите потреби. Тој е семоќен. Неговата безгранична љубов и сочувство никогаш не се исцрпени. Не плашете се дека Тој никогаш нема да го исполни своето ветување.”
— Пророци и цареви, 112.
в. Наместо да го прифати лекомисленото барање на својот слуга, како Господ му покажал дека неговата работа сѐ уште не е завршена? 1 Царевите 19,5-8.
Вторник — 22. јули
3. УМЕСНО ПРАШАЊЕ
а. Што Господ го прашал Илија откако нашол прибежиште во пештерата? 1 Царевите 19,9. Каков прекор бил содржан во прашањето?
„’Што правиш тука Илија’? Те пратив на потокот Хорат а подоцна кај вдовицата во Сарепта. Ти наредив да се вратиш во Израел и да излезеш пред идолопоклоничките свештеници на Кармил. Ти подарив сила царевата кола да ја доведеш до капијата на Езраел. Но кој ти рече така брзо да побегнеш во пустината. Што правиш овде?”
— Пророци и цареви, 114.
б. Со огорченост во душата, како Илија му се пожалил на Господа? 1 Царевите 19,10. Што, според ваше мислење, Бог сакал да го поучи својот слуга преку ова искуство?
„(Бог) сакал да го поучи Илија дека делото кое најуспешно ги остварува Неговите цели не мора секогаш да биде со најголема демонстрација… Додека Илија чекал Господ да му се открие, поминала луња, светкале молњи и се појавил оган кој проголтува. Но во сето тоа не бил Бог. Најпосле дошол тивок, тенок глас и пророкот го покрил своето лице заради Господовото присуство. Неговата раздразливост се смирила, духот омекнал и се потчинил. Сега знаел дека мирната и цврста доверба во Бога секогаш ќе му дава помош кога ќе тоа му биде потребно.”
— Пророци и цареви, 115.
в. Како Илија очекувал Господ да ја открие својата моќ? 1 Царевите 19,11.12. Што Илија конечно разбрал кога го разгледал начинот на кој Бог ја обраќа душата? Захарија 4,6.
„Божјата вистина не мора секогаш научно да се образложува за да се убедат и обратат души. На човечкото срце не може толку да се влијае со речитост или логика, колку со благото влијание на Светиот Дух, кој мирно но сигурно делува во смисла на преобразбата и развојот на карактерот. Тивикиот и тенок глас на Божјиот Дух има моќ да го промени срцето.”
— Пророци и цареви, 115.
Среда — 23. јули
4. ПОЧЕТОК НА ОДЛУЧНА РЕФОРМА
а. Кое прашање Господ му го повторил на Илија, и како пророкот го повторил своето горко жалење? 1 Царевите 19,13.14. Како Бог го уверувал Илија дека непокајаните бунтовници во Израел ќе бидат казнети? 1 Царевите 19,15-17.
„Господ му одговорил на Илија дека престапниците во Израел нема да поминат неказнето. Требало да се изберат особени луѓе кои ќе ја остварат Божјата цел – казнување на едно идолопоклоничко царство. Одлучно мора да се постапи за да им се даде на сите можност да поминат на страната на вистинскиот Бог. Илија мора да се врати во Израел и да го сподели со другите товарот за спроведување на реформи.”
— Пророци и цареви, 115.
б. Кој, помеѓу останатите, бил избран да му помогне на Илија да ја продолжи започнатата реформација? 1 Царевите 19,19-21.
в. Каква паралела можеме да извлечеме помеѓу отпадништвото кое преовладувало во деновите на Илија и отпадништвото кое денес се шири во светот? 2 Петрово 3,3-5.
„Јавно се проповеда дека дошло време кога човечкиот разум треба да се воздигне над учењето на Речта Божја. Се тврди дека Божјиот закон, Божјото мерило на праведноста, нема повеќе никакво значење. Непријателот на сета вистина делува со измамничка сила за да овозможи човечките одредби да се стават наместо Божјите и да се заборави она што е предвидено за среќа и спасение на човештвото.
Меѓутоа, широко распространетото отпадништво, сепак не е сеопшто. Не се сите во овој свет беззаконици и грешници, ниту пак сите преминале на страната на непријателот. Бог има илјадници луѓе кои не ги свиткале колената пред Ваал, мнозина кои копнеат поцелосно да разберат сѐ што е во врска со Христа и законот, мнозина кои се надеваат дека Исус наскоро ќе дојде и ќе стави крај на владеењето на гревот и смртта. Постојат мнозина кои во незнаење го обожаваат Ваал, но за нив сѐ уште Божјиот Дух се бори.
На таквите им е потребна помош од оние кои веќе го познаваат Бога и силата на Неговата Реч. Во време какво што е денешното, секое Божјо дете треба активно да биде вклучено во помагање на другите.”
— Пророци и цареви, 116.
Четврток — 24. јули
5. НАШАТА ОДГОВОРНОСТ КАКО ЕВАНГЕЛИСТИ ДЕНЕС
а. Кога Илија се жалел дека останал потполно осамен, што Господ му открил? 1 Царевите 19,18.
„Што би било кога Илија би го пребројувал Израел во времето кога Божјата казна се излеала на отпадничкиот народ! Тој би можел да изброи само еден на Господовата страна…”
— Пророци и цареви, 128.
б. Која е нашата должност во поглед на фактот дека ‘Бог има многу илјадници кои не ги свиткале колената пред Ваал’ и ‘со кои Божјиот Дух сѐ уште се бори’?
„Помеѓу жителите на земјата, растурени по сите краишта на светот, живеат луѓе кои не ги свиткале колената пред Ваал. Како небесните ѕвезди кои се појавуваат само ноќе, овие верници ќе блескаат кога мракот ќе ја покрие земјата и темнината народите… Бог има во резерва мноштво избрани ѕвезди кои ќе блескаат среде мракот и јасно ќе му покажат на отпадничкиот свет колкава моќ на преобразување има покорувањето на Неговиот закон… Колку ноќта е помрачна, толку тие појасно ќе блескаат…
Според тоа, нека никој денес не го пребројува Израел, туку нека настојува срцето да му биде ‘месно’ и полно со нежно сочувство, срце кое како Христовото ќе се залага за спасение на загубениот свет.”
— Пророци и цареви, 128.
Петок — 25. јули
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА
1. Како Илија покажал духовен кукавичлук после демонстрација на голема морална сила?
2. Која опомена треба сериозно да се сфати од страна на секој верник кога е повикан да сведочи за Христа?
3. Што претставува лек за обесхрабреноста?
4. Што му рекол Бог на Илија на неговата жалба дека останал сам?
5. Која е нашата должност кон сите оние кои никогаш не ги свиткале своите колена пред Ваал?
2014 • 3. Квартал
5. лекција – Повик на служба
2. август 2014
„Исус, пак, му рече: „Никој, што ја ставил раката своја на ралото и погледува назад, не е достоен за царството Божјо.”
— Лука 9,62
„На секој кој станува учесник во Неговата милост, Господ му одредува работа за другите.”
— Здравје и среќа, 125.
ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Пророци и цареви, 146-153.
Недела — 27. јули
1. “ВЕРЕН Е ОНОЈ КОЈ НĖ ПОВИКА”
а. Како на Божјите пророци им доаѓал божествениот повик? 1 Царевите 12,22; 1 Летописи 17,3; Лука 3,2. Објаснете ја разликата помеѓу вистинските и самопрогласените пророци? Еремија 14,14.15; 2,21.32.
б. Како пророчкиот повик дошол до Елисеј? 1 Царевите 19,16. Какви особини тој открил пред овој повик? 1 Царевите 19,19.
„Елисеј бил повикан додека со слугите на својот татко ја орал нивата. Тој се прифатил за најблиската работа. Тој ги поседувал и двете способности, како водач и кротост на оној кој е подготвен да служи. Иако смирен и со нежен дух, тој сепак бил енергичен и непоколеблив. Неговите особини биле почит и верност, како и љубов и Божји страв. Вршејќи ги доследно секојдневните должности, тој стекнал сила на намерата и благородност на карактерот, развивајќи се постојано во благодатта и знаењето. Додека соработувал со својот татко во должностите на домашниот живот, тој научил да соработува со Бога.” — Пророци и цареви, 146.
„Покажувајќи верност во малите нешта, Елисеј се подготвувал за позначајни должности… Научил да служи, а со тоа да поучува и да води. Никој не може да знае каква е Божјата цел во Неговата дисциплина; но сите можат да бидат сигурни дека верноста во мали работи е доказ за подготвеноста за поголеми одговорности.”
— Пророци и цареви, 147.
Понеделник — 28. јули
2. СИГУРНОСТА НА БОЖЈИОТ ПОВИК
а. Како и со секој Божји слуга, кои фактори Елисеј требало да ги разгледа кога божествениот повик дошол до него? 1 Царевите 19,20.21; Лука 14,28.
„Елисеј морал да размисли, морал самиот да одлучи дали ќе го прифати или одбие повикот.” — Пророци и цареви, 148.
„На секој човек му се упатува повик сите нешта да ги стави на олтарот на службата. Од нас можеби не се бара да служиме како што Елисеј служел, ниту да продаде сѐ што имаме; но Бог бара Неговата служба да биде на прво место во нашиот живот, да не пропуштиме ниту еден ден да направиме нешто за напредокот на Неговото дело на земјата… Бог ја прифаќа и едната и другата служба. Потребна е посветеност на животот и сите животни цели. Оние кои ќе се посветат на ваков начин, ќе го чујат и послушаат повикот од небото.”
— Пророци и цареви, 149.
б. Што Елисеј единствено побарал пред својата конечна разделба со Илија? 2 Царевите 2,9.
„Елисеј не сакал да стекне светска слава ниту висока положба меѓу големите луѓе на земјата. Копнеел да добие во што поголема мерка Дух, кој Бог така обилно му го подарил на човекот кој наскоро требало да ја доживее таа чест да биде вознесен. Знаел дека ништо освен Духот кој почивал над Илија нема да го оспособи да го изврши она дело во Израел за кое Бог го повикал, па така побарал: ‘Те молам нека двојно повеќе од Духот твој биде во мене’.”
— Пророци и цареви, 152.
в. Што ние можеме да изгубиме ако ги занемариме нашите должности, нашите способности и дадените можности? Матеј 25,28.29 (посл. дел). Што, од друга страна, ќе се случи ако вредно, доследно и чесно го употребиме ‘капиталот’ кој Бог ни го доверил? Матеј 25,29 (прв дел).
„Исус јасно укажал на патот на животот. Тој ни ја открил светлината на вистината. Тој ни го дал дарот на Светиот Дух и богато нѐ надарил со сѐ што е битно за наше усовршување.”
— Темели на хр. воспитување, 218.
Вторник — 29. јули
3. ПОДГОТВЕНОСТА НА ЕЛИСЕЈ ДА УЧИ
а. Што ние треба да научиме од подготвеноста на Елисеј да ги извршува помалку значајните должности? 2 Царевите 3,11 (последен дел).
„Во почетокот од Елисеј не е барано никакво големо дело; тој извршувал обични животни должности. Запишано е дека на својот учител Илија му ги полевал рацете со вода. Бил подготвен да прави сѐ што Господ ќе му нареди и на секој чекор ги прифаќал поуките на понизност и служба. Како личен пророков следбеник тој и понатаму бил верен во малите работи, посветувајќи се секојдневно сѐ повеќе на мисијата која Бог му ја наменил.”
— Пророци и цареви, 149.
б. Што треба Божјиот слуга да покаже пред да биде промовиран да извршува поголеми одговорности? Лука 16,10-12.
„Никој не може да знае каква е Божјата цел во Неговата дисциплина; но сите можат да бидат сигурни дека верноста во мали работи е доказ за подготвеноста за поголеми одговорности.”
— Пророци и цареви, 147.
в. Со какви мисли и постапки мнозина покажуваат сличност со мрзливиот слуга кој примил само еден талент? Матеј 25,14.18.24-38.
„Со оглед на тоа што не учествуваат непосредно во некоја верска работа, мнозина сметаат дека животот им е бескорисен, дека ништо не прават за напредокот на Божјото царство. Како ли тие со задоволство би се фатиле за некој голем потфат! Меѓутоа, бидејќи можат да послужат само во мали работи, сметаат дека се оправдани ако не работат ништо. Во тоа тие грешат. Човек може активно да му служи на Бога ако врши обични секојдневни должности – ако сече дрва, раскопува почва или ора со плуг. Мајката која ги одгледува своите деца за Христа работи за Бога токму како проповедникот од говорницата.”
— Пророци и цареви, 147.
Среда — 30. јули
4. СЛУЖБА КОЈА ЈА ВКЛУЧУВА ОБУКАТА НА МЛАДИТЕ
а. Која е една од најважните задачи на способниот и верен слуга? 2 Тимотеј 2,1.2.
„Службата подразбира многу повеќе од проповедање на Речта. Таа значи обучување на млади луѓе – како Илија што го обучувал Елисеј – одвојувајќи ги од нивните секојдневни обврски, давајќи им одговорности во Божјо дело, – најнапред мали а потоа сѐ поголеми, како што се здобиваат со сила и искуство… Младите неискусни работници треба да бидат обучени учествувајќи во работата со тие искусни Божји слуги. Така ќе научат како да го носат товарот.
Оние кои така ги обучуваат младите работници вршат благородна служба. Самиот Господ учествува во нивните напори. На младите луѓе на кои им е упатен светиот повик, кои имаат предност да соработуваат со ревни и побожни работници, мораат во најголема мерка да ја искористат можноста која им се дава. Бог им направил чест што ги избрал за своја служба и ставајќи ги во најповолна положба да се подготват за истата. Така, тие мораат да бидат понизни, верни, послушни и желни да поднесат жртви. Ако се потчинат на Божјата дисциплина, ако се држат до Неговите упатства, ако бараат совети од Неговите слуги, тие ќе се развијат во праведни, во начелата непоколебливи луѓе, на кои Бог може да им довери носење на одговорности.” — Пророци и цареви, 150.
„По повикувањето на Елисеј, Илија и тој работеле заедно повеќе години, и така Елисеј од ден на ден сѐ повеќе се оспособувал за својата задача”.
— Пророци и цареви, 151.
б. На што апостол Павле придавал особено внимание во обучувањето на Тимотеј? 2 Тимотеј 1,5; 3,14-17.
„Неговата (Тимотиева) побожност и домашното влијание не биле производ на вообичаениот начин на надворешното префинето однесување, туку производ на чисти и неизвалкани чувства. Моралното влијание на неговиот дом било доверливо, не непостојано, импулсивно и променливо. Божјата Реч било правило со кое се раководел… Неговите домашни учители соработувале со Бога во едукацијата на овој млад човек да го понесе товарот на одговорностите уште во раната возраст”
— Библиски коментари, 784.
Четврток — 31. јули
5. НАСТАВА И УЧЕЊЕ; УЧЕЊЕ И НАСТАВА
а. Како била проверувана верата на Елисеј додека патувал со Илија? 2 Царевите 2,5.6.
„Во текот на годините одбележани со отпадништво во Израел, дошло до распаѓање на пророчките училишта кои ги основал Самоил. Илија повторно ги обновил овие училишта, така што младите луѓе можеле во нив да стекнуваат образование кое ги оспособувало да го подигнат угледот на законот, и да му обезбедат почитување. Во историјата се споменуваат три вакви училишта – во Галгал, Ветил и Ерихон. Илија токму пред своето вознесување заедно со Елисеј ги посетил овие центри за обука. Пророкот во таа прилика ги повторил поуките кои им ги дал во претходните посети… Тој исто така втиснал во нивните умови дека важноста на нивното образование мора да носи печат на едноставност. Само на таков начин тие ќе можат да го примат небесниот карактер и да одат и да работат според Господовите патишта.” — Пророци и цареви, 151.
„Додека го придружувал пророкот на неговото кружно патување од училиште во училиште, Елисеевата вера и одлучност неколку пати биле тестирани… А сега верниот слуга на Божјиот човек одлучил да не го напушти.”
— Пророци и цареви, 152.
б. Каква поука можеме да извлечеме од успешната соработка на овие двајца верни и вредни работници за Бога? 1 Коринтјаните 3,8.9.
„Божјите ангели ќе бидат многу позадоволни и ќе бидат привлечени кон нас кога слугите во полето повеќе ќе се приближат еден до друг и заедно во молитва ќе се поклонат со солзи и скрушени срца; кога зборуваат за работата, без оглед за која дејност станува збор.”
— Беседи и говори 2, 15.
Петок — 1. август
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА
1. Што Елисеј побарал од Илија непосредно пред неговото вознесение?
2. Објасни ги опасностите поради занемарување на приликите?
3. Колку повеќе можеме да добиеме кога ќе го употребиме она што го имаме?
4. Што мораме да откриеме пред да добиеме поголеми одговорности?
5. Што можеме да научиме од соработката на Илија и Елисеј?
2014 • 3. Квартал
6. лекција – Пророк на мирот
9. август 2014
„Кога минаа, Илија му рече на Елисеј: „Барај, што сакаш да ти направам, пред да бидам вознесен пред тебе.” Елисеј одговори: „Духот, кој е во тебе, да биде двојно во мене.”
— 2 Царевите 2,9
„Кога Господ во своето провидение смета дека треба од Неговото дело да се отстранат оние на кои Тој им дал мудрост, Тој им помага и ги зајакнува нивните наследници, ако тие од Него бараат помош и одат по Неговите патишта.”
— Судир и храброст, 223.
ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Пророци и цареви, 158-177.
Недела — 3. август
1. ЕЛИСЕЕВАТА ПРОРОЧКА СЛУЖБА
а. Што се случило со Илија после неговата реформаторска работа во Јудеја и Израел? 2 Царевите 2,11.12.
б. Опишете накратко, каква корист имал Елисеј од времето поминато со Илија? 2 Царевите 2,2. Која била основната разлика во задачата која им била доделена? 1 Царевите 17,1; 2 Царевите 2,20-22.
„Како Илиев наследник, Елисеј, имал задача со внимателно и трпеливо поучување да го води Израел на безбеден пат. Неговата поврзаност со Илија, најголемиот пророк после Мојсеј, го подготвила за делото кое наскоро морал сам да го преземе.” — Пророци и цареви, 151.
„Работата на пророкот Елисеј во некои аспекти многу се разликувала од онаа на Илија. На Илија му биле доверени пораки за осуда и казни; тој бил глас на бестрашен укор кој ги опоменувал царот и народот да се одвратат од своите лоши патишта. Елисеевата мисија била помирна; добил задача да го продолжи и да го зацврсти делото кое Илија го започнал, да го учи народот на Господовите патишта. Библијата го опишува како доаѓа во личен допир со луѓето, опкружен со пророчки синови, како со своите чуда и лична служба им донесува на луѓето исцелување и радост.”
— Пророци и цареви, 158.
Понеделник — 4. август
2. ДУРИ И СИРИЈЦИТЕ ГО ЗНАЕЛЕ!
а. Кога царот на Сирија се сомневал на предавство во своето царство, како тој се обидел да дознае од кого тоа доаѓа? 2 Царевите 6,8-11. Кој бил вистинскиот извор на информациите кои му биле давани на израелскиот цар? 2 Царевите 6,12.
б. Што наредил сирискиот цар за да го реши проблемот кој го вознемирувал? Кога шпионот (или шпионите) дознале каде се наоѓа пророкот, што направил царот? 2 Царевите 6,13.14.
„… Во постојаните војни со Сиријците, Јуевиот наследник Јоахаз изгубил неколку градови кои лежеле источно од Јордан. Некое време изгледало дека Сиријците ќе завладеат со целото царство.” — Пророци и цареви, 170.
„Сирискиот цар во една прилика на еден напад на израелската земја сакал да го погуби Елисеј затоа што го известувал израелскиот цар за намерите на неговиот непријател. ‘Сирискиот цар се советуваше со слугите свои, велејќи: Во тоа и тоа место ќе го поставиме својот логор’. Господ му го открил овој план на Елисеј кој ‘испрати да му кажат на израелскиот цар: Внимавај да не минуваш преку она место, зашто таму Сиријците се во заседа’…”
— Пророци и цареви, 171.
в. На кое ветување Божјите слуги треба да се повикаат кога се наоѓаат во многу сериозна тешкотија или кога нивниот живот е загрозен? Псалм 34,7.
„Кога ќе западне во теснец, и изгледа дека му нема спас, Божјиот народ мора да се надева единствено во Господа.” — Пророци и цареви, 172.
„Нашиот небесен Отец има илјадници начини за да се погрижи за нашите потреби за кои ние не знаеме ништо. Оние на кои најважен принцип ќе им биде да ја извршуваат службата на Бога, ќе увидат дека проблемите исчезнуваат и пред нивните нозе се протега јасна патека… И во најмрачните денови, кога изгледите се најлоши, имајте вера во Бога.”
— Здравје и среќа, 430.
Вторник — 5. август
3. ОСЛЕПЕНА СЕТА ВОЈСКА
а. Каква порака преплашениот Елисеев слуга му донел на својот господар? 2 Царевите 6,15. Со каков одговор Елисеј го смирил неговиот страв? 2 Царевите 6,16.
„Помеѓу Божјите слуги и непријателската војска се наоѓала војска од небесни ангели. Тие слегле во сета своја сила, не да уништат ниту да изнудат покорност, туку да ги опкружат и заштитат слабите и немоќни Господови слуги.”
— Пророци и цареви, 172.
б. На која непобитна вистина одговорот на Елисеј нѐ учи? Римјаните 8,31.
„Во споредба со милионите жители во светот, Божјиот народ ќе биде, како што отсекогаш и бил, едно мало стадо. Меѓутоа, ако биде постојан во вистината како што е откриена во Неговата Реч, Бог ќе биде негово засолниште. Секогаш ќе се наоѓа под сигурна заштита на Семожниот. Бог е секогаш мнозинство.”
— Делата на апостолите, 445.
в. Што ние треба внимателно да размислиме од начинот на кој Елисеј ја третирал Сириската војска? 2 Царевите 6,17-20.
„Еден неправеден чин на волја, или горчина, завист, љубомора или зла претпоставка, го гушат влијанието на Светиот Дух и ја изгонуваат вистинската среќа од срцето…
„Дури и со омраза кон оние што чинат зло се ставаме во положба каде што нашето расудување се изопачува и не ги чиниме Христовите дела враќајќи добро за зло. Додека го презираме гревот, ние треба да ги љубиме оние за кои Христос ја платил цената со сопствената крв.
„Со желбата за одмазда, или покажување на било какви емоции спротивни на љубовта и чувствата кои Христос ги покажувал кон нас, паднатото и грешно човештво, ја повредуваме душата и се запишува против нас во небото.”
— Објавени ракописи 21, 165.
Среда — 6. август
4. МУДРИТЕ ЛУЃЕ ГРАДАТ МИР; ГЛУПАВИТЕ ВОЈУВААТ
а. Што треба да научиме од советот на Елисеј даден на израелскиот цар? 2 Царевите 6,21-23. Кој е најдобриот начин да се разоружи непријателот? Римјаните 12,20.
„Ние не негуваме склоност кон љубезност; сакаме сето тоа да дојде на лесен начин по нас. Но прашање од најголемо значење за секој од нас не треба да биде како можеме да ги спроведеме сопствените планови спротивно на плановите на другите, туку да имаме сила да живееме за Христа секој ден. Христос дошол на земјата и го дал својот живот за да можеме ние да имаме вечно спасение. Тој сака секого од нас да го опкружи со небесна атмосфера за да можеме на светот да му дадеме пример каква чест ни укажува Христовата религија.”
— Лома Линда, 602.
б. Што се случило со Израелците откако тие се одвратиле од Господа? Како казните предвидени во Второзаконие 5,9. паднале врз нив во времето на Сириските цареви? 2 Царевите 6,24.25.
в. Што се случило кога гладот во Самарија го натерале царот и народот на очајнички мерки? 2 Царевите 7,1-9.16.20.
„Заради љубов кон заблудениот Израел, Бог дозволил Сиријците да ги казнуваат. Од сомилост кон слабите Тој го подигнал Јуј да ја погуби злобната Језавела и целиот Ахавов дом. И уште еднаш, во својата милост, ги тргнал свештеници на Астарта и Ваал и ги срушил нивните незнабожечки олтари. Бог во својата мудрост предвидел дека некои ќе се откажат од незнабоштвото и ќе ги свртат своите лица кон небото после искушението, и затоа Тој допуштил да ги снаоѓаат неволји, една по друга. Милоста ги ублажувала Неговите судови и кога Неговата цел би се остварила, пак ја покажал својата љубов кон оние кои се распрашувале за Него.”
— Пророци и цареви, 170.
Четврток — 7. август
5. ВАЖНА ПОУКА ЗА НАС
а. На која поука Елисеј, во текот на своите последни денови, се обидувал да го научи израелскиот цар? 2 Царевите 13,14-17.
б. Како пророкот очекувал младиот цар да покаже дека тој ја разбрал поуката? 2 Царевите 13,18.19.
„Оваа поука се однесува на сите кои вршат одговорни должности. Кога Бог ќе отвори пат за остварување на одредена работа и им дава гаранција за успех, избраното средство мора да направи сѐ што е во негова моќ за да се оствари таа цел. Бог ќе ни подари успех сразмерно со ентузијазмот и истрајноста со која ќе работиме за негово остварување. Бог може да врши чуда за својот народ единствено ако тој неуморно го врши својот дел на должноста. Бог повикува луѓе кои ќе бидат посветени на својата работа, луѓе со морална храброст, со силна љубов кон душите и ревност која никогаш не мирува. На таквите работници ниедна должност нема да им биде тешка и тие никогаш нема да изгубат доверба, туку срдечно ќе работат сѐ додека очигледниот пораз не се претвори во победа. Ниту затворските ѕидови, ниту справите за мачење нема да ги спречат таквите луѓе да работат заедно со Бога за изградба на Неговото царство.”
— Пророци и цареви, 176.
Петок — 8. август
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА
1. Дали Бог ме повикува во сведочењето за Него да бидам со Илиевиот дух или пак со Елисиевиот?
2. Објасни како Бог е подготвен и нам денес да ни даде божествена претстава за нашите должности, како што тоа го давал и на Елисеј во негово време?
3. Спротивно на непријателските намери на царот, каков совет Елисеј му дал и зошто?
4. Наведи некои примери како и ние денес во пристапот кон луѓето можеме да постапиме слично на Елисеј во постапувањето со Сириските војници?
5. Објасни ја формулата за духовен напредок како што бил поучен Јоас?
2014 • 3. Квартал
7. лекција – Пророкот Јона
16. август 2014
„Стани и оди во Ниневија, големиот град, и викај против него, зашто нивното зло дојде пред Мене .” – Јона 1,2.
— Јона 1,2
„Одговорноста која била ставена врз Јона, во задачата да ги предупреди жителите на Ниневија, била навистина голема; сепак Оној кој му ја дал таа задача можел да го одржи својот слуга и да му даде успех.”
— RH, 4 декември, 1913.
ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Пророци и цареви, 178-187.
Недела — 10. август
1. “НИНЕВИЈА, ГОЛЕМИОТ ГРАД”
а. Каква била моралната состојба на Ниневија во времето кога Јона бил испратен таму? Наум 3,1.
„За време на тој материјален просперитет Ниневија била средиште на криминал и безбожништво…
„Сепак Ниневија, и покрај својата грешност, не била сосем потоната во зло. Оној кој ‘ги гледа сите човечки синови’ (Псалм 33,13) и ‘го гледа секое прекрасно нешто’ (Јов 28,10), видел во тој град многу луѓе кои тежнееле за нешто многу подобро и повозвишено; луѓе кои, ако добијат можност да го запознаат живиот Бог, би ги оставиле злите дела и би почнале Нему да му служат.”
— Пророци и цареви, 178.
б. Споредете ги градовите Содом и Ниневија во поглед на душите до кои влијанието на Светиот Дух сѐ уште можело да допре? Создавање 18,32; Јона 4,11. Како ова предупредување одекнува до нас денес?
„Гревовите на Содом се повторуваат и во денешно време, и земјата е осквернета под жителите свои; но најлоша црта на беззаконието во нашите денови е формата на побожност но лишена од нејзината сила. Оние кои тврдат дека имаат голема светлина се наоѓаат меѓу најбезгрижните и најрамнодушните, а на Христовото дело му се нанесува срам во домовите на оние кои тврдат дека се Негови пријатели. Нека оние кои сакаат да се спасат се разбудат од својата летаргија и на трубата нека и дадат одреден звук; бидејќи крајот на сите нешта е на дофат на раката.”
— Знаци на времето, 16. октомври, 1893.
Понеделник — 11. август
2. ВЕРАТА НА ЈОНА СЕ ИСКУШУВА
а. Од кого е побарано да ги повика Ниневјаните на покајание, и како ѓаволот се обидел да ги наведе да се посомневаат, колебаат и конечно на обид да го отфрлат Божјиот закон? Јона 1,2.3.
„Размислувајќи за тешкотиите и навидум слабите изгледи за својата мисија Јона паднал во искушение да се посомнева дали е мудар овој повик. Од човечка гледна точка, се чинело дека нема ништо да се постигне со проповедање на ваква вест во тој горд град. Тој заборавил за момент дека Бог на кого му служи е сезнаен и семоќен. И додека се сомневал и колебал, сатаната ја искористил неговата малодушност и го совладал. Пророкот го обзел голем страв и ‘стана за да побегне во Тарсис’…
„Должноста која му била доверена на Јона претставувала голема одговорност, но Оној кој му наредил да оди бил во состојба да го подржи својот слуга и да му подари успех. Пророкот да се потчинил без приговор, тој би бил поштеден од многу горчливи искуства и би примил голем благослов.”
— Пророци и цареви, 178.179.
б. Што се случило додека Јона спиел под впечаток дека од Бога дадената одговорност може да ја избегне? Јона 1,4.5.
„Доколку Јона, кога добил повик, размислувал трезвено, би сфатил колкава неразумност е да се избегнува одговорноста која била ставена врз него. Меѓутоа, не за долго време му било дозволено непречено да оди по неговиот безумен бег.”
— Пророци и цареви, 179.
в. Што сите треба да научиме од прекорот на капетанот со кој тој го разбудил заспаниот пророк? Јона 1,6. Што сториле морнарите како последно средство додека бурата сѐ уште беснеела? Јона 1,7.
„Но молитвите на човекот кој свртел од патот на должноста ништо не помогнале.”
— Пророци и цареви, 179.
Вторник — 12. август
3. ЕВАНГЕЛИЗАМ ПРЕКУ ОКОЛНОСТИТЕ НА ПРОВИДЕНИЕТО
а. Кога екипажот на бродот го испрашувал Јона, како пророкот се претставил себеси? Јона 1,8.9.
б. Како овие морнари конечно го запознале вистинскиот Бог? Јона 1,10-16.
в. Какви можности и привилегии за сведочење ние често пропуштаме и зошто? 1 Петрово 3,15.
„Ако потребите на Господовото дело се прикажат во соодветна светлина перед оние кои имаат средства и влијание, овие луѓе многу можат да направат за напредокот на сегашната вистина. Божјиот народ изгубил многу привилегии кои би можеле да ги искористат да не се држеле толку независно од светот.
„Во своето провидение, Бог секојдневно не доведува во врска со необратените. Со својата десница Тој го подготвува патот перед нас, со цел Неговото дело побргу да напредува. Како Негови соработници, ние имаме света задача која треба да ја извршиме. Ние треба најсериозно да се трудиме за оние кои се наоѓаат на високи позиции; да настојуваме да допреме до нив со милостив повик да дојдат на свадбена свеченост.” — Совети за управителите, 179.
„Мнозина сами на себе си ласкаат дека тие би можеле да направат големи работи, ако само би имале прилика, но нешто секогаш ги спречува; Божјото провидение им го заградува патот па не можат да го направат она што тие сакаат да го направат. Ние не очекуваме на патот да ни се пружи некоја голема прилика, но со брза и енергична акција мораме да ги искористиме приликите, да создаваме прилики и да ги совладаме тешкотиите.
„Тебе ти е потребна животна енергија од небото. Во нашата работа не треба само да коваме железо додека е жешко, туку и да го загреваме со ковање. Бавните, безгрижни, мрзливи движења нема ништо да направат за нас во оваа работа. Ние мораме да настојуваме во добро време и во невреме. Ова време е од судбоносно значење за делото. Со двоумење и одложување губиме многу добри прилики…
„Она што те издвојува најмногу во начинот на твоето извршување на должноста е неодлучноста и недоследноста.”
— Евангелизам, 647.
Среда — 13. август
4. ПОУКИ ЗА БОЖЈИТЕ ГЛАСНИЦИ
а. Бидејќи Јона повторно бил повратен на копно, каква заповед тој примил од Господа по втор пат? Јона 3,1.2.
б. Што направил тој веднаш штом влегол во осудениот град? Јона 3,3. На кој начин Бог ја покажал својата милост кон Ниневија и зошто? Јона 3,5-10.
„Влегувајќи во градот почна да ја проповеда веста: ‘Уште четириесет денови и Ниневија ќе биде уништена’ (Јона 3,4). Одел од улица во улица и ја објавувал веста на предупредување…
„Бидејќи царот и кнезовите, заедно со народот, големите и малите, ‘се покајаа од проповедта на Јона’ (Матеј 12,41), и заеднички се молеле на небесниот Бог, Неговата милост се излеала врз нив. Тој ‘ги виде нивните дела; дека се обратија од својот лош пат. И Господ се сожали заради несреќата со која им се беше заканил да ја направи, и не ја направи’ (Јона 3,10). Нивната пропаст била спречена. Целиот незнабожечки народ го возвишувал и го фалел Израеловиот Бог и го почитувал Неговиот закон. Дури многу години подоцна Ниневија станала плен на околните народи, затоа што го заборавила Бога и станала горда.”
— Пророци и цареви, 181.
в. Каква споредба Исус направил помеѓу покајаните незнабожци и Евреите кои одбиле да се покајат? Матеј 12,41.
„Бог ги става луѓето извесно време на проба. Меѓутоа, постои граница каде што престанува божественото трпение и кога Божјата казна станува неизбежна. Господ, има многу трпение со луѓето во градовите. Тој милостиво ги предупредува за да ги спаси од Божјиот гнев. Но, ќе дојде време кога повиците за милост нема да бидат повеќе примани, кога бунтовните елементи кои упорно ја отфрлаат светлината на вистината, ќе бидат уништени, од милост кон самите нив и кон оние на кои би влијаел нивниот лош пример.” — Пророци и цареви, 186.
„Ние нема да бидеме сметани за одговорни за светлината која не допрела до нашата свест, туку само за онаа на која сме и пружиле отпор и сме ја одбиле.”
— RH, 25. април, 1893.
Четврток — 14. август
5. ЈОНА ПОСТАПУВА СПРОТИВНО НА СОПСТВЕНИТЕ ЧУВСТВА
а. Наместо да се радува на покајанието на Ниневјаните, како Јона се жалел перед Господа, и која била причината за неговиот сомнеж и непослушноста? Јона 4,1-3.
б. Што ние треба да научиме од начинот на кој Господ се обидел да го освести Јона? Јона 4,5-11.
„Збунет, понижен и неспособен да разбере зошто Бог ја поштедил Ниневија, Јона сепак ја исполнил должноста која му била наменета. Иако она што било проречено не се случило, веста на предупредување сепак била од Бога; и таа ја постигнала својата цел за која Бог ја наменил. Меѓу незнабошците се открила славата на Неговата милост.” — Пророци и цареви, 183.
„Нашиот Бог е Бог на милост. Тој е трпелив и благ кон оние кои го престапуваат Неговиот закон. Па сепак, во ова наше време, кога на луѓето им се даваат толку можности да се запознаат со Божјиот закон откриен во Светото писмо, големиот Владетел на вселената не може а да не негодува кога ги посматра безбожните градови, во кои владеат насилство и злосторство.”
— Пророци и цареви, 185.
Петок — 15. август
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА
1. Која била главната разлика помеѓу Содом и Ниневија?
2. Наведи некои од начините на кои можеме да бидеме во опасност да го имитираме Јона во двоумење, сомнеж и обид да побегнеме од Божјиот глас?
3. Како Бог може и нас да нѐ изненади како што го изненадил Јона откако ја исполнил својата должност во предупредувањето за претстојниот суд?
4. Како нашиот став е премногу чест како ставот на Јона после победата?
5. Каква илустрација Бог денес ни дава за да нѐ разбуди?
2014 • 3. Квартал
8. лекција – Извонредни начини да се допре до човечкиот ум
23. август 2014
„Така ќе се прославам меѓу народите.”
— Езекиел 39,21
„Дури и меѓу незнабожците имало луѓе преку кои Христос делувал за да го подигне народот од гревот и деградација.”
— Копнежот на вековите, 24.
ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Пророци и цареви, 164-169.
Недела — 17. август
1. ДОМАШНО ВОСПИТУВАЊЕ
а. Кои се некои од имињата спомнати во Библијата во врска со правилното домашно воспитување? 1 Сам. 1,20; 2 Цар. 5,2; Рута 4,22; Дан. 1,6.
„Бог им заповедал на Израелците своите деца да го поучат на сите Негови заповеди и да ги запознаат како Тој постапувал со нивните татковци. Тоа била една од посебните должност на сите родители – должност што не можела да се довери на некој друг. Наместо децата да ги воспитуваат туѓи усни, мајката и таткото требало на своите деца да им дадат упатства со срце полно со љубов. Мислите за Бога требале да бидат поврзани со сите настани од секојдневниот живот.”
— Пророци и цареви, 627.
б. Која е првата должност на христијанските родители? Изреки 22,6.
„Ајде да ги учиме (нашите деца) на барањата кои Бог ги има кон нив, дека нивна должност е да ја внесат религијата во сите области во животот, дека треба да го љубат Бога најмногу од сé и да ги љубат своите ближни, не занемарувајќи ги малите учтивости кои се од суштинско значење за среќа во животот.”
— Здравствен реформатор, 1. мај, 1877.
Понеделник — 18. август
2. МАЛА СЛУГИНКА ВО ЗАРОБЕНИШТВО
а. Како едно мало девојче, кое било правилно воспитано од своите родители, послужило како оружје да сведочи меѓу незнабожците? 2 Царевите 5,2.3.
„Родителите на оваа еврејска слугинка, додека ја учеле за Бога, не знаеле каква ќе биде нејзината судбина. Но тие верно ја извршиле должноста која им била доверена, така што нивната ќерка во домот на заповедникот на сириската војска можела да посведочи за Бога кого таа научила да го почитува.”
— Пророци и цареви, 165.
б. Кој е најскапоцениот дар кој можеме да им го дадеме на нашите деца? Второзаконие 4,10.
„Однесувањето на оваа девојка во незнабожечката куќа претставувало силен доказ за силата и важноста на раното домашно воспитување. Грижата за децата и нивното воспитување е највозвишена должност која им е доверена на родителите. Тие ги поставуваат првите основи на навиките и карактерот. Нивниот пример и поука во голема мера влијаат на нивните деца.” — Пророци и цареви, 164.
„Ние не знаеме на кој начин нашите деца ќе бидат повикани да служат. Можеби животот ќе го поминат во кругот на домот; можеби ќе се посветат на вообичаените занимања, или како учители на евангелието ќе отидат во незнабожечки земји. Меѓутоа, сите деца се повикани да бидат мисионери за Бога, проповедници на милост во светот. Тие треба да се здобијат со воспитување кое ќе им помогне да застанат на страната на Христа во несебична служба.”
— Пророци и цареви, 165.
в. Што понекогаш мораме да сфатиме кога размислуваме за необичните нешта, кои ни се случуваат? Еремија 10,23; Изреки 16,9.
„Иако била робинка, далеку од својот дом, ова мало девојче сепак била Божји сведок и несвесно ја исполнувала целта која Бог му ја наменил на Израел како на свој избран народ.”
— Пророци и цареви, 164.
Вторник — 19. август
3. НЕМАН
а. Како Јорам, царот на Израел, реагирал кога го прочитал писмото од царот на Сирија, и како Елисеј настојувал да го охрабри? 2 Царевите 5,7.8.
б. Како била тестирана верата на Неман кога дошол до вратата каде што живеел Елисеј? 2 Царевите 5,9-12. Опиши го чудото кое придонело Неман да оздрави од својата болест и да се обрати кон вистинскиот Бог. 2 Царевите 5,13.14.
„Неман очекувал да види некое чудесно откритие на небесната сила. ‘Јас мислев – рекол тој – ќе излезе пред мене, ќе го повика Господа, својот Бог, ќе ја стави раката на болното место и ќе ми ја однесе лепрата’. Кога му било речено да се искапе во Јордан, бил повреден во својата гордост, и потиштено и очајно извикал: ‘Не се ли реките во Дамаск, Авана и Фарфар, подобри од сите израелски води? Не можам ли да се искапам во нив за да станам чист? Се сврте и си отиде лут оттаму’.” — Пророци и цареви, 165.
„Немановиот горделив дух се побунил против упатствата кои му ги дал Елисеј. Реките наведени од страна на сирискиот војвода ги разубавувале околните места, па мнозина доаѓале на нивните крајбрежја да се поклонуваат на своите идолски богови. Неман не би почувствувал поголемо понижување да се искапе во тие реки. Меѓутоа, тој можел да биде исцелен само ако биде послушен на одредените пророкови упатства. Само доброволната послушност може да ги донесе посакуваните резултати.”
— Пророци и цареви, 166.
в. Како Неман го признал своето преобратување во вистинскиот Бог? 2 Царевите 5,15.16.19. По кој повод, многу векови подоцна, Исус ја пофалил верата на Неман? Лука 4,27.
„Неман се вратил во својот дом во Сирија, телесно исцелен и духовно преобразен; многу векови подоцна неговата прекрасна вера била наведена од страна на Спасителот како поука за сите оние кои тврдат дека му служат на Бога.”
— Пророци и цареви, 168.
Среда — 20. август
4. ГИЕЗИЈ
а. Како Гиезиј бил искористен од страна на ѓаволот да стави камен на сопнување пред нозете на оние на кои Светиот Дух влијаел за да ги спаси? 2 Царевите 5,20-24.
„Гиезија, Елисеевиот слуга, со години имал можност да развива дух на самоодрекување кој го обележувал животното дело на неговиот господар. Нему му била дадена привилегија да стане благороден знаменосец во Господовата војска. На негов дофат биле најубавите небесни дарови. Но, тој се одрекол и наместо нив го посакувал невредното световно богатство. И сега скриените копнежи на неговиот лаком дух го навеле да падне во неодоливо искушение.” — Пророци и цареви, 166.
„(Гиезија) живеел во домаќинството на светиот пророк Елисеј, го посматрал неговиот свет живот, ги слушал неговите огнени молитви и неговите сугестии за правилните принципи. Сепак, сето тоа не го направило да биде подобар.”
— Ј.Г.Вајт, материјали од 1888, 1529.
б. Што се бара од секој христијанин, особено од оние кои се повикани да работат како учители, црквени службеници или евангелисти? Евреите 12,13.
„Престапите извршени од страна на верниците во вистината донесуваат голема слабост врз црквата. Тие претставуваат камен на сопнување на патот на грешниците и ги спречуваат да дојдат до светлината.” — 4 Сведоштво, 237.
„Оние што тврдат дека ги држат светите Божји заповеди, а сепак постојано го престапуваат тој закон, претставуваат камен на сопнување и за грешниците и за верниците во вистината. Лекомислениот и рамнодушен начин на кој мнозина се однесуваат кон законот на Јехова и дарот кој ни го дал во својот Син, претставуваат навреда за Бога. Ова зло кое е мошне раширено, може да се спречи само со темелно и строго преиспитување на секој оној кој треба да стане учител во проповедање на Речта Божја. Луѓето кои се одговорни за тоа мораат точно да го проверуваат нивниот живот од моментот кога ја примил вистината. Тој мора јасно да се докаже со своето христијанско искуство, познавање на Светото писмо, и со својот став кон сегашната вистина. Никој не би требало да се прифати како работник во Божјото дело сé додека не се докаже дека има вистинско, живо искуство во Божјите работи.”
— Слуги на евангелието, 391.
в. Од што зависи нашата духовна безбедност? 1 Коринтјаните 10,12; 2 Коринтјаните 13,5.
Четврток — 21. август
5. ЛУЃЕТО НЕ МОЖАТ ДА ГО ИЗМАМАТ БОГА
а. Што се случило со Гиезиј веднаш штом ја изговорил втората лага? 2 Царевите 5,25-27.
б. Што вели Библијата за оние кои говорат лаги? Изреки 19,5; Колосјаните 3,25; Откровение 22,15.
„Вистината е од Бога, а измамата во сите свои многубројни облици потекнува од сатаната; и секој оној кој на било каков начин скршнува од правиот пат на вистината, се предава на силите на злобниот непријател. Оние кои учеле од Христа не се согласуваат со ‘бесплодните дела на темнината’ (Ефесјаните 5,11). Тие се едноставни во животот како и во зборовите, чесни и верни, затоа што се подготвуваат за друштво на свети суштества во чии усни не се нашла измама. Види: Откровение 14,5.” — Пророци и цареви, 168.
„Овде се мисли на секој лажен збор, на секој обид или намера ближниот да се измами. Во самата намера човекот да се измами се наоѓа лага. Може исто да се лаже со кимање на окото, со движење на раката, со изразот на лицето, како и со зборовите. Секое намерно преувеличување, секое навестување или увивање пресметано да предизвика погрешен или претеран впечаток, па дури и изнесување на фактите на таков начин слушателот да се заведе – претставува лага. Оваа заповед забранува секој обид да му се наштети на угледот на ближниот со неточно прикажување, со лошо нагодување, со клевета или со пренесување на гласишта. Дури и со намерно криење на вистината, со кое можеме да ги оштетиме другите, вршиме престап на деветтата заповед.”
— Патријарси и пророци, 315.
Петок — 22. август
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА
1. Како можеме да ги подготвиме нашите деца да бидат како малата израелска слугинка?
2. Како да ги повикуваме нашите млади да послужат во било која област?
3. Како можат луѓето и денес да бидат допрени, исто како што бил Неман?
4. Како духот сличен на Гиезиј може да ги загрози нашите најдобри Евангелски напори?
5. Што се бара од сите христијани, особено кога сведочат?
2014 • 3. Квартал
9. лекција – Четири успешни мисионери
30. август 2014
„Меѓу нив беа Јудејците: Даниел,Ананиј, Мисаил и Азариј.”
— Даниел 1,6
„Меѓу Израеловите синови кои биле одведени во Вавилон на почетокот на седумдесетгодишното ропство имало и христијански патриоти.”
— Повик на одвојување, 52.
ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Пророци и цар., 325-333; 340-342.
Недела — 24. август
1. ВО ВАВИЛОНСКИОТ ДВОР
а. Како одлуката на провидението го довела царот Навуходоносор во контакт со четирите Еврејски заробеници, а подоцна и со нивниот Бог? Даниел 1,3-5.
б. Кои биле имињата на момчињата избрани за таа намена? Даниел 1,6. Откако било одобрено да учествуваат на тригодишна обука, како и зошто нивните имиња биле променети? Даниел 1,7.
„Царот не ги принудувал младите Евреи да се откажат од својата вера во корист на идолопоклонството, но се надевал дека тоа постепено ќе го оствари. Давајќи им имиња значајни за идолопоклонство, доведувајќи ги секој ден во близок допир со идолските обичаи и ставајќи ги под влијание на заводливите обреди на паганските служби, се надевал дека ќе ги наведе да се одречат од религијата на својот народ и да се соединат со богослужбата на Вавилонците.” — Пророци и цареви, 326.
„Кога непријателот ќе ги уфрли во нашите души своите суптилни сомнежи и искушенија, ние треба брзо да ја затвориме вратата и да го отфрлиме влијание на неговите сугестии.”
— RH, 7. август, 1888.
Понеделник — 25. август
2. ВЕРНОСТА СЛЕДЕНА СО БОЖЈИТЕ БЛАГОСЛОВИ
а. Како Бог им помагал на овие млади Евреи да бидат блескава светлина меѓу незнабошците во така тешки околности? Даниел 1,17.
„Во земјата на своето заробеништво, овие (синовите Израелови) требало да ја спроведат Божјата цел, сведочејќи му на незнабожечкиот народ за благословите кои доаѓаат преку познавањето на Јехова. Тие требало да бидат Негови претставници.”
— Пророци и цареви, 325.
б. Каква била нивната одлука во поглед на искушенијата со кои биле изложени? Јаков 1,12.
„(Даниел 1,8). Во донесувањето на оваа одлука, младите Евреи не постапиле надмено, туку цврсто се потпирале на Бога. Тие не избрале да бидат необични, но попрво би биле и тоа, отколку да му нанесат срам на Бога. Во таа прилика да му попуштиле на злото подлегнувајќи на притисокот на околностите, отстапувањето од начелата би го ослабело нивното чувство за правичност и одвратност кон злото. Првиот погрешен чекор би водел кон втор, така што нивната поврзаност со небото би била отсечена и искушението би ги совладало.”
— Пророци и цареви, 327.
в. Како Бог ги благословил нивните верни напори? Даниел 1,19.
„Три години овие млади Евреи учеле за да се здобијат со ‘знаење и јазикот на Халдејците’. За тоа време тие цврсто се држеле за верноста кон Бога и постојано се потпирале на Неговата сила. Со нивните навики на самоодрекување тие ја придружиле сериозноста на намерата, работливоста и истрајноста. Тие не дошле во царскиот двор заради некаква гордост или амбиција во друштвото на оние кои не го познавале ниту се боеле од Бога; тие биле заробеници во една непозната земја, поставени таму од бескрајната Мудрост. Одделени од домашното влијание и светото друштво, тежнееле совесно да ја извршат својата должност, на чест на својот поробен народ и за славата на Оној чии слуги биле.”
— Пророци и цареви, 328.
Вторник — 26. август
3. БОЖЕСТВЕНА СИЛА ВО КОМБИНАЦИЈА СО ЧОВЕЧКИ НАПОР
а. Како и зошто младите Евреи се истакнувале на сите останати? Даниел 1,20.
„Во Вавилонскиот двор биле собрани претставници од сите земји – луѓе со најголеми способности, богато надарени со природни дарови, со најширока култура која светот може да ја дарува. Сепак, од сите нив, на младите Евреи никој не им бил рамен. Според телесната сила и убавина, според свежината на умот и книжевни постигнувања, тие биле без конкуренција. Висок стас, сигурен чекор, ведро лице, непоматени сетила, свеж здив – сите тие биле знаци на благородност со кои природата ги почестува оние кои се послушни на нејзините закони.” — Пророци и цареви, 329.
„Во стекнување на вавилонските мудрости Даниел и неговите другари имале многу повеќе успех од своите врсници, и тоа не било случајно. Тие стекнале знаење со верно искористување на сопствените сили, под водство на Светиот Дух.”
— Пророци и цареви, 329.
б. Што тие сфатиле и што треба да имаат на ум сите кои се повикани да ја претставуваат вистинската религија? 2 Тимотеј 2,15.
„(Даниел и неговите другари) сфатиле дека за да стојат како претставници на вистинската религија среде лажните религии на незнабоштвото тие мораат да имаат бистрина на умот и мора да го усовршуваат христијанскиот карактер..”
— Пророци и цареви, 330.
в. Кој метод на успешна Евангелизација Исус го поучувал – особено поради тоа што светот околу нас бара нешто посвето во нас отколку во себе? Матеј 5,13-16.
„И покрај тоа што Бог влијаел врз Даниел и неговите другари ‘да сакаат и да постапуваат според Неговата волја’, (Филипјаните 2,13) тие и самите работеле на сопственото спасение. Тука се открива дејството на божественото начело на соработка без кое не е можно да се постигне било каков успех.”
— Пророци и цареви, 330.
Среда — 27. август
4. НАВУХОДОНОСОР МУ ДАВА СЛАВА НА БОГА
а. Набргу откако Даниел и неговите другари биле примени во служба на вавилонскиот цар, кој настан му пружил на Даниел прилика да посведочи за Бога? Даниел 2,1.2.
б. Како Навуходоносор – откако преку Даниел Бог му го открил заборавениот сон – му оддал признание на небесниот Бог? Даниел 2,47. Што подоцна Навуходоносор изјавил после верното сведоштво на Даниеловите другари дадено во долината Дура? Даниел 3,27-29.
„Тројцата Евреи пред целата вавилонска нација ја покажале својата вера во Оној кому му служеле. Тие се потпирале на Бога. Во часот на нивното искушение тие се сетиле на ветувањето: ‘Кога преминуваш преку вода, со тебе Сум; или преку река, нема да те потопи; Ако тргнеш низ оган, нема да изгориш, пламенот нема да те опали’ (Исаија 43,2). И нивната вера во живата Реч била наградена пред сите на чудесен начин. Претставниците од разните народи кои Навуходоносор ги повикал за посветувањето на кипот, по многу земји ја разнеле веста за нивното чудесно избавување. По целата земја Бог бил прославуван за верноста на Своите синови.”
— Пророци и цареви, 349.
в. Како Господ, во Неговата милост и трпение со Навуходоносор, го предупредил монархот? Даниел 4,5.10-16.19-22. Каков апел Даниел упатил до царот кога му го објаснил значењето и на вториот сон? Даниел 4,27. Како понижувачкото искуство го навело Навуходоносор до целосна преобразба? Даниел 4,30- 34.37.
„Под Божјиот прекор гордото срце на Навуходоносор се понизило.” — RH, 8. септември, 1896.
„Некогашниот горд монарх станал понизно Божјо дете, тиранинот и арогантниот владетел станал мудар и сочувствителен цар… По укорот од Оној кој е Цар над царевите и Господар над господарите, Навуходоносор најпосле ја научил поуката која сите владетели мора да ја научат – дека вистинската големина се состои во вистинската добрина.”
— Пророци и цареви, 354.
Четврток — 28. август
5. НЕБЕСКА СВЕТЛИНА СЈАЕ ВРЗ ЦАРОТ ДАРИЈ
а. Како верата на Даниел била тестирана кога тој бил на служба за време на царот Дариј, кој веќе бил под влијание на вистината? Даниел 6,1.2.5-9.
б. Објаснете ја стапицата која била подготвена за него? Даниел 6,10-13.
„Од приказната за избавувањето на Даниел можеме да научиме дека Божјите деца во неволја и во тешки моменти треба да останат такви какви што биле кога животот им блескал со надеж и кога имале сé што тие сакаат. Даниел во лавовската јама бил ист оној Даниел кој стоел пред царот како прв министер во државата и како пророк на Севишниот. Човекот чие срце се потпира на Бога, ќе биде истиот во часот на своето најголемо искушение како и во просперитетот, кога го осветлувала светлината и благонаклоноста Божја како и човечката љубов…” — Пророци и цареви, 371.
„Небото е многу блиску за оние кои страдаат заради правда.”
— Пророци и цареви, 371.
в. Како се чувствувал царот Дариј кога сфатил дека бил измамен од страна на оние кои се прикажувале дека се загрижени за безбедноста на неговиот престол? Даниел 6,14.18-23. Како овој незнабожечки цар го возвишил Даниеловиот Бог и единствениот вистински Бог? Даниел 6,25.26.
Петок — 29. август
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА
1. Објаснете како препредени замки се ставаат пред нас и нашата младина денес, исто како што тоа било случај со тројцата Евреи во Вавилон?
2. Во што се состои тајната на успехот на младите луѓе?
3. На што мнозина се надеваат додека се опкружени со несветото мноштво?
4. Која поука што му беше дадена на Навуходоносор, треба да биде врежана во секој од нас — без разлика дали се наоѓаме на таква истакната положба или не?
5. Наведи очигледни докази за влијанието на Светиот Дух врз срцето на царот Дариј?