2014 • 1. Квартал
1. лекција — Први евангелисти
4. јануари 2014
„Зашто, како што преку непослушноста на еден човек мнозина станаа грешни, така исто и преку послушноста на еден, мнозина ќе станат праведни“.
— Римјаните 5,19
„Штом се појавил гревот, се појавил и Спасител. Христос знаел дека ќе мора да страда, но Тој сепак станал замена за човекот. Штом Адам згрешил, Божјиот Син се претставил како Гарант за паднатиот човечки род“.
— Библиски коментари, 16.
ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Патријарси и пророци, 40-48.
Недела — 29. декември
1. АДАМ – ПРВИОТ ЕВАНГЕЛИСТ
а. Како пораката на вечното евангелие за прв пат им била проповедана на Адам и Ева? Создавање 3,15 (спореди со Галатјаните 3,16).
„Иако иднината на грешникот била обвиткана со мрак и темнина, слично на смртна сенка, сепак ветувањето за Спасителот претставувало ѕвезда на надеж која ја осветлувала темната иднина…
„Каква љубов! Какво неверојатно понижување! Царот на славата самиот се понудил да се спушти до паднатиот човечки род. Тој бил подготвен со својата нога да зачекори на Адамовиот пат; да ја земе природата на паднатиот човечки род и да стапи во борба со силниот непријател кој над Адам победоносно ликувал; да го победи сатаната и на тој начин на сите кои ќе поверуваат во Него да им го отвори патот за откуп од срамниот Адамов неуспех и пад“.
— Библиски коментари, 16.17.
б. Како прв носител на евангелската порака, на кој начин Адам требало да ја дели оваа порака со своите деца? Второзаконие 6,6.7.
„(На Адам) му била доделена должност своето потомство да го упатува на Господовиот пат и тој верно го чувал она што Бог му го открил и истото им го повторувал на идните генерации“.
— Патријарси и пророци, 60.
Понеделник — 30. декември
2. АВЕЛ И СИТ
а. Какви луѓе имал Бог меѓу Адамовите потомци?
„И покрај тоа што безбоштвото сè повеќе земало замав, постоела цела низа свети луѓе кои, одржувајќи постојана врска со Бога, биле толку облагородени и возвишени, како да живееле во друштво на небесните суштества. Тоа биле луѓе со силен ум и со чудесни способности. Ним им била доверена голема и света задача – да развиваат исправен карактер и да бидат пример на побожност не само за луѓето на своето време, туку и за идните поколенија“.
— Патријарси и пророци, 62.
б. На кој начин Авел верно сведочел за пораката на Евангелието? Создавање 4,4.10; 1 Јованово 3,12; Евреите 11,4.
„’Со вера Авел му принесе на Бога поголема жртва отколку Каин’ (Евреите 11,4). Авел ги сфатил големите основни начела на откупувањето. Увидел дека е грешник и дека меѓу неговата душа и врската со Бога стојат гревот и смртта како казна. Принел заклано животно, жртвуван живот, и со тоа ги признал барањата на законот кој бил прекршен. Гледајќи во пролеаната крв, ја видел Жртвата на иднината – Христа – како умира распнат на Голгота и, верувајќи во спасението што со тоа ќе биде осигурено, се осведочил дека е оправдан и дека жртвата му е примена“.
— Патријарси и пророци, 50.
в. Какво охрабрување и поттик можеме да извлечеме од животот на Сит? Создавање 4,25.
„Сит по раст бил поелегантен од Каин и Авел и многу повеќе личел на Адам отколку неговите постари синови. Имал примерен карактер и ги следел стапките на Авел, иако по природа не наследил никакви подобри особини од оние што можел да ги има и Каин. Во врска со создавањето на Адам стои напишано: ‘Кога Бог го создаде човекот, го создаде според својот лик’; меѓутоа, човекот – после падот – ‘роди син според својот лик’. Додека Адам бил создаден безгрешен, според Божјиот лик, Сит, како и неговиот брат Каин, ја наследил грешната природа на своите родители, зашто бил нивна лика. Но тој исто така примил и знаење за Искупителот и поуки за праведноста. Благодарение на божествената милост, можел да му служи на Господа и да го почитува, а се трудел, како што би правел и Авел, кога би бил жив, луѓето наклонети кон грев да ги врати на послушност и на почит кон својот Творец“.
— Патријарси и пророци, 58.
Вторник — 31. декември
3. ЕНОХ
а. Кои пророчки вистини ги проповедал Енох? Јуда 14.15.
„Објавувајќи му го на народот она што Бог му го открил, Енох станал проповедник на правдата“.
— Патријарси и пророци, 65.
б. Кој бил темелот на Еноховата верност како евангелист? Создавање 5,22. Како да ја разбереме изјавата: ‘Енох одеше со Бога’?
„Енох одел со Бога не во некаков занес или мечта, туку во вистинските должности на секојдневниот живот. Не се претворил во пустиник, кој се одвојувал од сиот свет, зашто имал задача што Бог му ја дал да ја изврши меѓу луѓето. Во семејството и во допирот со останатите луѓе, како сопруг и татко, како пријател и граѓанин, секогаш бил и останал цврст, непоколеблив слуга Божји…
„Неговото срце било во целосна хармонија со Божјата волја зашто ‘можат ли двајца да одат заедно ако не се договорат’ (Амос 3,3). Потиштен поради сè поголемата плима на безбожност и плашејќи се нивното неверство да не ја намали и неговата страхопочит кон Бога, Енох го одбегнувал дружењето со нив, и многу време поминувал насамо, оддавајќи се на размислување и молитва. Така тој одел со Бога, стремејќи се што појасно да ја сфати Неговата волја за да може да ја исполни“.
— Патријарси и пророци, 63.
в. Каква сличност може да се забележи помеѓу Енох и верниците кои живи ќе го дочекаат второто Христово доаѓање? Создавање 5,24; Евреите 11,5; 1 Солунјаните 4,17.
„Карактерот на побожноста на овој пророк ја прикажува состојбата на светоста што мора да ја досегнат оние кои при повторното Христово доаѓање ќе бидат ‘откупени од земјата’ (Откр. 14,3). Тогаш, како што било пред потопот, беззаконието ќе се умножи. Следејќи ги желбите на своето изопачено срце и учењето на измамната филозофија, луѓето ќе се побунат против небесниот авторитет. Меѓутоа, Божјиот народ, како и Енох во свое време, ќе се стреми кон чистота на срцето и кон прифаќање на Божјата волја сè додека во нив не се види потполно Христовиот лик. Слично на Енох, тие ќе му обрнуваат внимание на светот на Христовото повторно доаѓање и на казните што ќе ги снајдат престапниците, а со своите свети зборови и со својот живот ќе ги осудат гревовите на непокајаните. Како што Енох се вознел на небото пред светот да биде уништен со вода, така и праведниците живи ќе бидат земени од земјата пред таа да биде уништена со оган“.
— Патријарси и пр., 68.
Среда — 1. јануари
4. НОЕ, ПРОПОВЕДНИК НА ПРАВДАТА
а. Кои Библијата ги нарекува ‘синови Божји’ и каков треба да биде нивниот став? Римјаните 8,14; 1 Јованово 3,1.2; 2 Коринтјаните 6,14.17.18.
б. Која заблуда на ‘синовите Божји’, после смртта на Адам покажала дека разликата помеѓу Божјите слуги и слугите на сатаната бргу исчезнува? Создавање 6,1.2.
„Синовите на Сит, привлечени од убавината на ќерките на Каиновите потомци, почнале да склучуваат брачни врски со нив, а тоа на Господ не му било мило. Мнозина од оние што го почитувале Бога подлегнале на привлечното искушение кое постојано им било пред очи, загазиле во грев и го загубиле својот посебен свет карактер. Без оглед на ограничувањата што ги налага седмата заповед, ‘земаа за жени кого што сакаа’. Така синовите на Сит ‘појдоа по стапките на Каин’ (Јуда 11), и своите мисли ги насочија кон земните успеси и уживања, занемарувајќи ги Господовите заповеди“.
— Патријарси и пророци, 60.
в. Поради беззаконието кое сè повеќе преовладувало, кого Бог го повикал да ја проповеда пораката на предупредување? Создавање 6,5-8; 2 Петрово 2,5. Како тоа може да се спореди со нашите денови? Матеј 24,37-39; 2 Петрово 3,3-6.
„Пред потопот Бог го пратил Ное да ги предупреди жителите на светот за да се покаат и да ја избегнат заканата од уништување… Сто и дваесет години овој проповедник на правдата го предупредувал светот за претстојната пропаст, но неговата порака била презрена и отфрлена“ (Патријарси и пророци, 83).
„Гревовите поради кои Бог го казнил претпотопниот свет и денеска постојат. Стравот од Бога исчезнал од срцата на луѓето, а Неговиот закон го гледаат рамнодушно и со презир. Силната световност на таа генерација се изедначува со денешната генерација“.
— Патријарси и пророци, 82.
Четврток — 2. јануари
5. НОЕ, ПОТПАРОЛ НА ХРИСТОС
а. Кој зборувал преку Ное, и како? Евреите 1,1; 2 Петрово 1,21.
„Па затоа и се јави Синот Божји, за да ги урне делата ѓаволски’ (1 Јованово 3,8). Самиот Христос бил ангажиран во оваа борба во Ноевите денови. Во пораките на опомена, укори и срдечни повици жителите на претпотопниот свет го чуле Неговиот глас. Тој им дал време на милост и поуки од сто дваесет години, во кое тие можеле да се покаат. Но тие ги избрале измамите на сатаната и загинале во водите на потопот“.
— Библиски коментари, 25.
б. Додека Ное поттикнат од Светиот Дух ја проповедал вистината, како Библијата ги опишува неговите слушатели? 1 Петрово 3,18-20; 4,6; Исаија 42,7.
в. Што би сторила пораката на Евангелието за Ноевите слушатели кога би послушале, и што таа ќе стори за нас доколку ја прифатиме? Исаија 61,1; Ефес. 2,1-5.
„Како што Бог го воскреснал Христа од мртвите, за да донесе со посредство на Евангелието живот и бесмртност и на тој начин да ги спаси припадниците на својот народ од нивните гревови, така и Христос ги подига паднатите човечки битија на духовен живот, ги оживува со својот живот исполнувајќи ги нивните срца со надеж и радост“.
— RH, 31. март, 1904.
Петок — 3. јануари
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА
1. Како Адамовите потомци ја одржале во живот приказната за создавањето и падот на Адам и Ева?
2. Како можеме да го користиме Адамовиот метод на евангелизирање во нашите животи денес?
3. Која била пораката на Енох за неговата генерација?
4. Како Христос, преку Ное, ги предупредувал луѓето кои биле оковани во грев?
5. Колку долго Светиот Дух во Ноевите денови се борел со оние кои биле ‘мртви во своите престапи и гревови’?
2014 • 1. Квартал
2. лекција — Рани Божји гласници
11. јануари 2014
„Тогаш Авраам се приближи и рече: „Зарем ќе го уништиш и праведниот со неправедниот“.
— Создавање 18,23
„Иако Аврам имал вистинско чувство на понизност кое треба да го поседува секое Божјо дете, сепак тој покажувал и силен интерес за душите на грешниците… Аврамовиот интерес и грижа за Содом претставува поука за нас кои треба да бидеме длабоко заинтересирани за оние кои се околу нас“.
— Христос славен победник, 75.
ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Патријарси и пророци, 126-128; 150-152.
Недела — 5. јануари
1. ПОВИКУВАЊЕ НА АВРАМ
а. Кого Господ, после Сим, го повикал како свој посебен гласник, и како тој одговорил? Создавање 12,1-4; Евреите 11,8.9.
„Бог секогаш чувал еден мал остаток на верни кои Му служеле. Адам, Сит, Енох, Матусал, Ное, Сим и други, непрекинато ги чувале драгоцените откровенија на Неговата волја… (Господ) на Аврам му ја соопштил својата волја и му дал јасно сознание за барањата на Неговиот закон и за спасението овозможено преку Христа“.
— Патријарси и пророци, 109.
б. Зошто Аврам морал да ги напушти своите роднини и пријатели? Матеј 10,37.38; Дела 7,2-4; Амос 3,3.
„Аврам морал да раскине секаква врска со своето дотогашно друштво. Влијанието на роднините и пријателите би го попречувало воспитувањето кое Господ имал намера да му го даде на својот слуга.
„И денес мнозина се искушуваат на ист начин како што бил искушуван и Аврам“.
— Патријарси и пророци, 110. 112.
Понеделник — 6. јануари
2. АВРАМ – ПРИЈАТЕЛ БОЖЈИ
а. Каков достоен пример ни оставил Аврам? Создавање 12,7.8; 13,4.18.
„’Божјиот пријател’, Аврам, ни оставил еден достоен пример. Неговиот живот бил живот на молитва. Каде и да ги поставил своите шатори, во непосредна близина подигал и олтар, повикувајќи ги сите членови на своето домаќинство да присуствуваат на утринската и вечерната жртва. Кога би ги собрал своите шатори и би се преселил на друго место, олтарот останувал. Во подоцнежните години имало многу патници Хананејци кои ги прифатиле поуките примени од Аврам, и секогаш кога некој од нив би наишол на ваков олтар, веднаш знаел кој бил пред него на тоа место и, поставувајќи свој шатор, патникот веднаш би го поправил и олтарот и тука би му се молел на живиот Бог“.
— Патријарси и пророци, 114.
б. Што Бог сака да биде Неговиот народ? Матеј 5,14-16. Наведи примери од животот на Аврам како навистина делотворно христијанско сведочење. Создавање 14,21-24; 18.19.
„Сè додека Христос живее во срцето на човекот, не е можно да се скрие светлината на Неговото присуство, ниту пак таа светлина може да ослаби или да згасне. Напротив, таа од ден на ден сè повеќе ќе блескоти додека маглата на себичноста и гревот што ја обвива душата не исчезне пред светлите зраци на Сонцето на правдата.
„Припадниците на Божјиот народ се Негови претставници на земјата и Негова намера е тие да бидат светлина во моралната темнина што го покрива овој свет“.
— Патријарси и пророци, 120.
в. Зошто Аврам се нарекува Божји пријател? Јаков 2,21-23; Создавање 26,5. Како и ние можеме да бидеме сметани за Христови пријатели? Јован 15,14; Филипјаните 2,15.
„Карактерот и животот на христијанинот е во спротивност со праксата на овој свет. Христијанинот не може да најде задоволство и уживања во разните забави во овој свет. Своите чувства тој треба да ги посвети на повозвишени и посвети цели. Само со својата послушност на Бога, христијаните покажуваат дека тие му се пријатели на Бога“.
— Нашиот висок позив, 149.
Вторник — 7. јануари
3. ГОСТОПРИМЛИВО ДОМАЌИНСТВО
а. Која пракса била важна особина на Аврамовиот карактер? Создавање 18,1-8.
„Едно жешко летно попладне патријархот седел пред вратата на својот шатор и, посматрајќи ја мирната панорама на пределот пред себе, во далечина забележал тројца патници како се приближуваат. Пред да наближат до неговиот шатор, странците застанале, како да се договараат што треба да сторат. Не чекајќи да го замолат за гостопримство, Аврам бргу станал и, бидејќи се чинело дека се упатиле во друг правец, побрзал со голема љубезност да ги одоброволи да му укажат чест со тоа што ќе навратат кај него да се освежат. Со свои раце донел вода да ги измијат прашливите нозе од одењето пеш. Самиот испланирал со што ќе ги нагости и, додека тие се одморале во пријатната сенка, им зготвил јадење, па од почит стоел покрај нив додека јаделе и уживале во неговото гостопримство“.
— Патријарси и пророци, 126.
б. Каква поука извлекува апостол Павле од Аврамовото искуство? Евреите 13,2.
в. На кој начин можеме да го следиме примерот на Аврам денес? Исаија 58,7; Матеј 25,35; Лука 14,12-14.
„Нашите меѓучовечки односи не смеат да се раководат според световните обичаи, туку од страна на Христовиот Дух и учењето на Неговата Реч. Во сите прослави на Израелците биле вклучени и сиромашните, странците и левитите – кои биле помошници на свештеникот во светилиштето и религиозни учители и мисионери. Нив народот ги сметал за свои гости, кои секогаш биле топло примени на сите општествени и религиозни прослави и за кои нежно се грижел во болест или неволја. Таквите денес би требало да најдат гостопримство во нашите домови. Ваквата гостољубивост може мнозина да расположи или охрабри некоја мисионска болничарка или учител, некоја загрижена и исцрпена мајка, или некои иознемоштени и стари, кои честопати без сопствен дом се борат со сиромаштијата и бројните обесхрабрувања“.
— Здравје и среќа, 310.
Среда — 8. јануари
4. АВРАМ КАКО ОДЛУЧЕН ПОСРЕДНИК
а. Кој лично на Аврам му ја открил расипаноста на Содом и планот за негово уништување? Создавање 18,16.17.20-22.
„Двајца од небесните гласници заминале, оставајќи го Аврама насамо со Оној за кого сега знаел дека е Божјиот Син. И човекот на верата несесрдно се зазел за жителите на Содом. Еднаш ги спасил со својот меч, а сега се трудел да ги спаси со своите молитви..“.
— Патријарси и пророци, 127.
б. Како Аврам се молел за Божјата милост? Создавање 18,23-33. Кој дух ја инспирирал неговата молитва? Јован 15,12.13.17.
„Со длабока почит и понизност тој ја изложил својата молба: ‘Ете, сега би му проговорил на Господа иако сум прав и пепел’ (Создавање 18,27). Не бил самоуверен ниту се расфрлал со својата правда. Правото на милост не го засновал на својата послушност или на жртвата што ја принел извршувајќи ја Божјата волја. Чувствувајќи се и самиот грешник, се залагал за грешниците. Таков дух треба да поседуваат сите што пристапуваат кон Бога.
„Аврамовата молитва била проникната со љубов кон душите што биле осудени на пропаст. Додека чувствувал одвратност кон гревовите на тој корумпиран град, тој сакал тие грешници да се спасат. Неговиот длабок интерес за Содом покажува колкава загриженост и ние треба да чувствуваме за непокајаните. Треба да се негува омраза кон гревот, но да се има љубови милост кон грешникот“.
— Патријарси и пророци, 127. 128.
в. Која цел на секој од нас како христијани треба да ни биде најважна во животот додека се обидуваме да допреме до светот околу нас? 1 Коринтјаните 9,19-23; 2 Коринтјаните 5,14.15.
„Ние треба помалку да се расправаме, а многу повеќе да го прикажуваме Христа. Нашиот Откупител е средиште на нашата вера и надеж. Оние кои успеваат да ја прикажат Неговата неспоредлива љубов и да ги поттикнат срцата Нему да му ги дадат најдобрите и најсвети чувства, извршуваат навистина голема и света задача“.
— Колпортерска служба, 42.
Четврток — 9. јануари
5. ЛОТ, КАКО МИСИОНЕР ПРЕД ПОРТАТА НА СОДОМ
а. Преку која пракса Лот се обидувал да ја исполни својата мисионерска должност? Создавање 19,1-3.
„Имајќи го во предвид малтретирањето на кои странците биле изложени во Содом, Лот си поставил задача веднаш, по влегувањето во градот, да ги земе во заштита, нудејќи им гостопримство во својот дом. Тој седел пред градските порти кога патниците се приближиле и, штом ги забележал, станал од своето место да ги пречека“.
— Патријарси и пророци, 151.
б. Што го загрозувало Лотовиот душевен мир, додека тој живеел во Содом? 2 Петрово 2,7.8. Како луѓето од Содом се однесувале кон религијата на Аврам и Лот? Лука 17,28-30; Јуда 17,18.
„На жителите на Содом Аврам не им бил непознат, а неговото почитување на невидливиот Бог за нив било предмет на потсмев“.
— Патријарси и пророци, 148.
в. И покрај најдобрите намери на Лот да биде верен мисионер во Содом, што стои како пример за опасностите на кои христијаните и денес се излагаат живеејќи во градот? Создавање 19,14-17.26.
Петок — 10. јануари
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА
1. На кој начин Аврам бил во можност да им го проповеда на своите сонародници Евангелието дури и во негово отсуство?
2. Како знаеме дека Аврам бил одлучен посредник во залагањето за другите?
3. Колку важно било гостопримството во животот на Аврам?
4. Која треба да биде нашата прва цел, како христијани?
5. Како сведоштвото на Лот како мисионер на жителите на Содом можело да биде поефективно?
2014 • 1. Квартал
3. лекција — Јосиф во Египет
18. јануари 2014
„Затоа Бог ме прати пред вас, за да ве зачува на земјата, а и да ви го запази животот со големо избавување“.
— Создавање 45,7
„Многумина … се искушуваат … Тие не го слушаат Божјиот глас кој им зборува директно од небото, но Тој ги повикува со учењето на Неговата Реч и настаните на Неговото провидение“.
— Христијанска служба, 181.
ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Патријарси и пророци, 210-220.
Недела — 12. јануари
1. БОЖЈО ПРОВИДЕНИЕ
а. Како Јосиф го изразил своето уверување дека тој бил однесен во Египет по Божјо провидение? Која Божја намера очигледно била исполнета преку него? Создавање 45,5.7; 50,20.
„Преку Јосиф вниманието на фараонот и на египетските големци било насочено кон вистинскиот Бог“.
— Патријарси и пророци, 219.220.
б. Бидејќи потомците на Аврам биле повикани да станат ‘светлина на светот’ и на тој начин да бидат на благослов за ‘сите народи’, каде тие имале најдобра можност да станат такви за многубројниот народ за краток период? Псалм 105,17.23.24.
„Египет, сепак, нудел услови кои се неопходни за исполнување на божествената намера. Така им било ставено на располагање едно добро наводнувано и плодно земјиште, што давало големи можности за нивно брзо размножување. А бидејќи имале специфично занимање, морале во Египет да наидат на антипатија, ‘зашто за Египќаните сите пастири се нечисти’ (Создавање 46,34) – па поради тоа можеле како народ да останат различни и потполно одделени и заштитени од учеството во идолопоклонството на Египќаните“.
— Патријарси и пророци, 231.
Понеделник — 13. јануари
2. ЈОСИФОВАТА УСПЕШНА СЛУЖБА
а. Што Јосиф открил додека служел како роб во куќата на Петефриј? Создавање 39,1.2.
„Кога караванот стигнал во Египет, Јосиф му е продаден на Петефриј, командирот на царската стража, кај кого служел полни десет години. Тука бил изложен на искушенија од несекојдневен карактер. Се нашол среде идолопоклонството. Обожавањето на лажните богови било придружено со сета раскош на царскиот двор, а поддржувано со богатството и со културата на цела една, во тоа време најцивилизирана нација на светот. А сепак, Јосиф бил истраен во својата едноставност и верност кон Бога… Тој не се срамел од верата на своите татковци и не се обидел ниту да сокрие дека го почитува Јехова“.
— Патријарси и пророци, 211.
б. Што го навело Петефриј да согледа во што била тајната на Јосифовото успешно водење на неговото домаќинство? Создавање 39,3. Како резултат на тоа, што Петефриј направил? Стихови 4,5.
„Забележливиот просперитет кој го придружувал сето она што му било доверено на Јосиф не бил резултат на некое особено чудо, туку Божји благослов ја крунисал неговата трудољубивост, совесност и претприемливост. Јосиф секој свој успех го припишувал на Бога, па дури и неговиот идолопоклонички господар тоа го прифатил како тајна за неговиот неспоредлив просперитет во секој потфат. Сепак, успехот не би можел да се постигне без постојани, истрајни и добро смислени напори“.
— Патријарси и пророци, 212.
в. Кои ветувања и припаѓаат на секоја верна и вредна личност? Псалм 1,1-3; 128,1.2; Изреки 12,24; 22,29.
„Нека никој не се шегува со своите одговорности. Ако при купувањето внимавате без вистинска потреба да не ги трошите не само денарите, туку и стотинките, имајте на ум дека Божјиот благослов почива врз оние кои се трудољубиви и штедливи. Тој не ‘го презира денот на скромните почетоци’ (Зах. 4,10). Мудрото користење на скромните залихи ќе донесе чудесен пораст. Еден талент мудро искористен ќе донесе два талента за Господа“.
— Совети за приставите, 48.
Вторник — 14. јануари
3. ЈОСИФОВИОТ ИНТЕГРИТЕТ
а. На какво искушение Јосифовата вера и чесност биле изложени во куќата на Петефриј, и како тој одговорил на таквото искушение? Создавање 39,7-9.
„Одговорот на Јосиф ја открива моќта на верските начела. Тој не сакал да ја изневери довербата ниту на својот земен господар, и без оглед на тоа какви ќе бидат последиците, решил да му остане верен на својот небесен Господар. Пред очите на сезнајниот Бог и на светите ангели, мнозина си дозволуваат себеси слобода да сторат нешто што никогаш не би го сториле пред своите ближни. Но Јосиф прво помислил на Бога“.
— Патријарси и пророци, 213.
б. И покрај тоа што Јосиф му бил верен на својот господар, со што Петерфиј создал впечаток дека верува на лажните обвинувања на својата неморална жена против Јосиф? Создавање 39,20; Псалм 105,17.18.
„Јосиф страдал поради својата чесност, зашто заводницата, не успевајќи во својата намера да го заведе, му се одмаздила обвинувајќи го за гнасно злосторство, поради кое бил фрлен во затвор. Кога Петфриј би им верувал на обвинувањата на својата жена против Јосиф, младиот Евреин би го загубил својот живот. Но скромноста и честитоста, кои постојано и доследно го краселе неговиот живот, претставувале доказ за неговата невиност; па сепак, за да се ‘спаси угледот’ на куќата на неговиот господар, тој бил деградиран, осрамотен и окован“.
— Патријарси и пророци, 213.
в. Каде се наоѓал тој затвор? Како Бог го употребил Јосифа на добро додека се наоѓал во затворот на Петерфиј? Создавање 39,1; 41,9.10; 40,1.2.5.8.12-19.23.
„Пехарникот во најголема можна мера му заблагодарил на Јосифа како за охрабрувачкото толкување на сонот, така и за мноштвото љубезни услуги и вниманија. Во одговор на тоа – објаснувајќи му ја на најтрогателен начин неправедноста на своето заробеништво – Јосиф го замолил да се заземе за него пред царот… но кога му била вратена службата и наклоноста на царот, наполно го заборавил својот добротвор“.
— Патријарси и пророци, 214.
Среда — 15. јануари
4. ЈОСИФ ПРЕД ФАРАОНОТ
а. Што Господ во своето провидение направил Јосиф да излезе од затвор? Како вистинскиот Бог му се открил на фараонот? Создавање 41,1-7; 41,9.12.14-16.
б. Како Јосиф на самиот почеток на толкувањето на фараоновиот сон го свртел вниманието на царот на вистинскиот Бог? Раскажете го толкување на сонот. Создавање 41,25-31.
в. Каков совет му дал Јосиф на фараонот? Создавање 41,33-36.
„Толкувањето било толку разумно и логично, а предложените насоки се дадени толку добро и остроумно, што во точноста не можело да се сомнева“.
— Патријарси и пророци, 218.
г. Какви докази имаме дека фараонот почнал да верува во вистинскиот Бог? Создавање 41,38-41.
„Сиот исполнет со самопрекори, пехарникот се трудел својата поранешна неблагодарност да ја исправи на тој начин што својот добродетел најтопло го пофалил, а натамошното распрашување на царот ја покажало исправноста на неговиот извештај. Во целото царство Јосиф бил единствениот човек надарен со мудрост да укаже на опасноста што му се заканувала на царството и да ја истакне неопходноста од подготовка за отстранување на таа опасност. Царот се уверил дека тој навистина е најспособен да го изведе планот што самиот го предложил. Било јасно дека Јосиф располага со божествена моќ, бидејќи ниеден меѓу царските државници не бил толку способен во тоа кризно време да ја поведе нацијата. Фактот што тој бил Евреин и роб не значел многу кога на тоа му е спротивставена неговата мудрост и неговото здраво расудување. ‘Можеме ли да најдеме човек каков што е овој, во кого е Божјиот Дух’ – ги прашал царот своите советници“.
— Патријарси и пророци, 218.
Четврток — 16. јануари
5. ЈОСИФ – ДОСТОЕН ПРИМЕР
а. Која е една од првите лекции која оние што сакаат да бидат победници треба да ја научат од Јосифовото искуство? Лука 16,10.
„Верната грижа во сите должности и на секоја положба – од најниска до највисока – ги обучиле сите негови способности за највисока служба. Оној што живее во согласност со волјата на Творецот себеси си обезбедува вистински и најблагороден развој на карактерот. ‘Ете, стравот Господов е вистинска мудрост, а одбегнувањето на злото е разум’ (Јов 28,28)“. (Патријарси и пророци, 220)
„Малку се оние што сфаќаат колку малите работи во животот влијаат врз развојот на карактерот. Всушност, ниту една должност што треба да ја извршиме не е навистина мала. Различните околностите со кои се среќаваме секојдневно се наменети да ја проверат нашата верност и да не оспособат за поголеми задачи. Со верноста и приврзаноста кон начелата во извршувањето на секојдневните работи умот се навикнува барањата на должностите да ги става над задоволствата и личните склоности. Оние што на ваков начин се дисциплинирани не се колебаат меѓу доброто и злото, како трската што трепери на ветерот. Тие се лојални на должноста, затоа што се воспитани така што верноста и вистината им преминале во навика. Со верност во она што е најмало тие се здобиваат со сила да бидат верни и во поголеми одговорности“.
— Патријарси и пророци, 220.
Петок — 17. јануари
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА
1. Кога Јосиф сфатил дека неговата преселба во Египет претставувало остварување на божествената намера?
2. Какви благослови на христијанинот може да му донесе постојаноста во верното извршување на доверените должности?
3. Како Јосиф, благодарение на божественото провидение, го свртел вниманието на Фараонот кон вистинскиот Бог?
4. Што укажува на тоа дека Фараонот почнал да верува во Бога?
5. Која е една од првите поуки која победниците можат да ја научат од примерот на Јосиф?
2014 • 1. Квартал
4. лекција — Мојсеј
25. јануари 2014
„Со вера Мојсеј, кога порасна, се откажа да се нарече син на фараоновата ќерка и повеќе сакаше да страда заедно со народот Божји, отколку да ужива во минливите гревовни наслади. Страдањето заради Христос го сметаше за поголемо богатство, отколку ризниците на Египет; зашто предвид ја имаше наградата“.
— Евреите 11,24-26
„Преку велелепноста на раскошниот двор и над владетелската круна, неговиот поглед бил насочен кон повисоките почести што ќе им бидат укажани на светците на Севишниот во неговото царство неизвалкано од гревот“.
— Патријарси и пророци, 248.
ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Патријарси и пророци, 241-258.
Недела — 19. јануари
1. ДОМОТ – ПРВОТО ЕВАНГЕЛСКО ПОЛЕ
а. Каква одговорност Јохаведа чувствувала во врска со воспитувањето на нејзиниот син? Излез 2,7-9; Дела 7,20.21.
„Бог ги слушнал молитвите на мајка му; нејзината вера била наградена… Верно ја искористила дадената можност своето дете да го воспита и да го одгледа за Бога. Таа сигурно верувала дека детето е сочувано за некаква голема задача… го воспитувала уште погрижливо и повнимателно отколку другите свои деца. Се трудела во неговата душа да всади Божји страв и љубов кон правдата и вистината, и искрено се молела на Бога да го сочува од секое лошо влијание“.
— Патријарси и пророци, 245.
б. Како родителите треба да ги воспитуваат своите деца? Изреки 22,6.
„Целиот иден живот на Мојсеј, големото дело што го извршил како водач на Израел, сведочи колкава важност има задачата на една христијанска мајка. Нема задача што би можела да се изедначи со ова“.
— Патријарси и пророци, 245.
Понеделник — 20. јануари
2. МОЈСЕЕВАТА ВТОРА ШКОЛА – ЦАРСКИОТ ДВОР
а. Какво образование Мојсеј примил во дворот на Египетскиот цар? Дела 7,22.
„На фараоновиот двор Мојсеј добил највисоко граѓанско и воено образование. Владетелот решил својот посвоен внук да го стори наследник на својот престол, и момчето било воспитувано за таа висока положба. ‘И ја научи Мојсеј целата египетска мудрост, и беше силен во зборовите и во делата’ (Дела 7,22). Неговите исклучителни способности како војсководец го сториле миленик на египетските армии. Насекаде го сметале за човек достоен за восхит“.
— Патријарси и пророци, 246.
б. Разговарајте за влијанието на воспитувањето кое Мојсеј го добил во неговиот еврејски дом.
„Според египетските закони, секој што би стапил на Фараоновиот престол, морал да стане член на свештеничката каста. Така и Мојсеј, како наследник, морал да биде упатен во тајната на египетската религија. Таа должност им била доверена на свештениците. Но, иако ревносно и неуморно го изучувал сето тоа, сепак не можеле да го придобијат да учествува во обожавањето на боговите… Но тој непоколебливо останал при својата одлука заклетва на верност да не му дава никому освен на единствениот Бог, Творецот на небото и на земјата“.
— Патријарси и пророци, 246.
в. Кога на Мојсеј му се заканувала опасност да ја изгуби круната, каков избор тој направил? Зошто? Евреите 11,24-26.
„Мојсеј имал способности да заземе истакнато место меѓу великаните на земјата, да блесне на дворовите на тогаш најславното царство и во своја рака да го земе жезолот на неговата сила. Со својата интелектуална големина тој ги надминува интелектуалните луѓе на сите времиња. Како историчар, поет, филозоф, војсководец и законодавец – е неспоредлив“.
— Патријарси и пророци, 247.
Вторник — 21. јануари
3. МОЈСЕЕВАТА ТРЕТА ШКОЛА – ЧУВАЊЕ НА СТАДОТО
а. Зошто на човекот кого Бог го подготвувал за така голема задача му била неопходна и ова трета школа – чување на овците? Излез 2,15.16.21; 3,1; Евреите 11,27.
„Во школата на самооткажување и тешкотии (Мојсеј) требало да се научи на трпение и на контрола над своите страсти. Пред да може мудро да владее, тој морал да биде научен да слуша. Неговото срце морало да биде во потполна хармонија со Бога за да биде во состојба да ги поучува Израелците на познавање на Неговата волја. Морал низ лично искуство да биде подготвен да покажува татковска грижа за сите на кои ќе им затреба негова помош“.
— Патријарси и пророци, 250.
б. Каков карактер развил Мојсеј како резултат на своето четириесет годишно школување во пустината? Броеви 12,3.
в. Што се бара од оние кои се подготвени да работат за Бога за да може Тој да ги прифати нивните напори, и што тие мора да научат? Римјаните 12,18.
„Кај сите кои биле одбрани да извршат некое дело за Бога, се забележува човечки елемент. Но тие не смееле да останат неизменети во своите навики и во карактерот, задоволувајќи се со тоа да останат во таа состојба. Тие најискрено се труделе да примат мудрост и да научат како треба да работат за Него. Апостолот вели: ‘Ако некому од вас му недостига мудрост, нека ја моли од Бога, кој на сите им дава изобилно и без укор – и ќе му се даде’ (Јаков 1,5). Но Бог не им дава на луѓето небесна светлина сè додека тие се задоволни со себе и наклонети да останат во темнина. За да може да ја прими Божјата помош, човекот мора да ја увиди својата слабост и недостаток; тој мора својот дух да го прилагоди кон онаа голема промена што треба да се случи во него; тој мора да биде поттикнат на сериозна молитва и на истрајни напори. Лошите навики и обичаи треба да се отфрлат; само со решително настојување таквите заблуди да се исправат и да им се подложат на исправните начела, може да се извојува победа. Мнозина никогаш не успеваат да дојдат до онаа положба која инаку би можеле да ја заземат само затоа што очекуваат Бог да го направи за нив она што самите можат да го сторат со силата што Бог им ја дал“.
— Патријарси и пророци, 251.
Среда — 22. јануари
4. НЕМА ОПРАВДУВАЊЕ ЗА ЧОВЕЧКИТЕ СЛАБОСТИ
а. Како Бог ја отстранил Мојсеевата срамежливост и недоверливиот изговор дека е човек со ‘бавен јазик’? Излез 4,10-12.
„Човекот ќе добие сила и делотворност ако ги прифати одговорностите што Бог ги става врз него и ако со сета душа се труди да се оспособи за правилно извршување на задачата што му е доделена. Сепак колку и да му е скромна положбата, а способностите ограничени, секој што има доверба во божествената сила и кој се труди својата задача да ја изврши верно, ќе достигне вистинска големина“.
— Патријарси и пророци, 257.
б. Со која своја слабост Мојсеј го налутил Бога? Како со неговата склоност да ѝ попушта на својата сопруга резултирало во непослушност кон Бога? Излез 4,24.25.
„На патот од Мадијам Мојсеј одненадеж и на страшен начин бил предупреден на Божјото незадоволство кон него. Му се јавил ангел во толку заканувачки став, како да сака веднаш да го уништи. Не било дадено никакво објаснување, но Мојсеј веднаш се сетил дека занемарил едно од Божјите барања. Подлегнувајќи на убедувањето на својата сопруга, пропуштил да го обреже својот помлад син… а таквото занемарување од страна на нивниот избран водач може само да ја ослаби силата на Божјите заповеди во очите на народот“.
— Патријарси и пророци, 258.
в. Кога луѓето се повикани да извршат некоја одредена задача за Бога, што покажува дека тие мораат да бидат внимателни и да знаат да ја извршуваат својата должност? 1 Самоилова 15,22; Јаков 4,17.
„И денеска мнозина се однесуваат на сличен начин иако перед очи го имаат примерот на Саул и последиците на неговиот грев. Од една страна одбиваат да веруваат во некои Божји барања и да се придржуваат кон нив, од друга страна упорно вршат надворешни форми на богослужение. Божјиот Дух не прифаќа таква служба. Без оглед на тоа колку луѓето се ревни во одржувањето на верските церемонии, Бог сепак не може да ги прифати ако и понатаму намерно престапуваат макар и една Негова заповед“.
— Патријарси и пророци, 671.
Четврток — 23. јануари
5. БИТНИ КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ХРИСТИЈАНСКА СЛУЖБА
а. Која е првата и најглавна квалификација која секоја победничка душа мора да ја има? Јован 21,15-17.
„Значајно било прашањето кое Христос му го поставил на Петар. Тој спомнал само еден услов за учеништво и служба. ‘Ме љубиш ли? – рекол Тој. Тоа е суштинска квалификација. Иако Петар можел да ги има сите други услови, но без Христова љубов, тој не можел да биде верен пастир на Неговото стадо. Знаењето, добродушноста, речитоста, благодарноста и ревноста – сите тие особини се од помош во добрата работа, но без Христовата љубов во срцето, работата на христијанскиот проповедник е промашена работа“.
— Копнежот на вековите, 792.
б. Што претставува очигледен доказ дека Мојсеј ја стекнал оваа битна квалификација? Излез 32,9-12.32.33. Дали Бог навистина имал намера да го уништи израелскиот народ, или само сакал да го провери Мојсеја?
„Ако Бог намислил да ги уништи Израелците, кој би можел да се залага за нив?… Кога Мојсеј посредувал за Израел, неговата плашливост потполно исчезнала во длабокиот интерес и љубов за оние за кои толку многу сторил како орудие во Божјите раце. Бог ги ислушал неговите молби и ја примил неговата несебична молитва. Тој го проверувал својот слуга; сакал да види колкава е неговата верност и љубов кон заблудениот и неблагодарен народ, и Мојсеј благородно ја издржал проверката“.
— Патријарси и пророци, 328.
Петок — 24. јануари
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА
1. Која била првата школа во која Мојсеј бил воспитуван?
2. Која била втората школа која морал да ја посетува?
3. Каде се наоѓала третата школа во неговиот живот?
4. Како секоја од овие школи битно придонела во Мојсеевата подготовка за неговото животно дело?
5. Кое е првото прашање кое се поставува пред секој кој сака да биде победник?
2014 • 1. Квартал
5. лекција — Подготовка за улогата на светлоносец (1)
1. февруари 2014
„Па сега, ако го слушате гласот Мој и го пазите заветот Мој, ќе Ми бидете избран народ меѓу сите народи, зашто Моја е целата земја. И вие ќе Ми бидете царство на свештеници и свет народ.’ Тоа се зборовите, што ќе им ги кажеш на синовите израелски“.
— Излез 19,5.6
„(Господ Израелците) ги извел од Египет и настојувал да ги воспита како народ кој ќе му припаѓа само Нему. Негова намера била преку нив да му даде поука и благослов на целиот свет. Тој ги снабдувал со храна која одговарала за оваа цел, но тоа не било месо, туку мана – ‘леб небесен’“.
— Здравје и среќа, 274.
ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Патријарси и пророци, 389-395.
Недела — 26. јануари
1. ОПАСНА ДУХОВНА СОСТОЈБА
а. Со која постапка Израелците покажале дека се неподготвени за да може Бог да ги употреби како светлоносци? Излез 16,2.3.
„Меѓутоа, тешкотиите и немаштијата биле неопходни заради самите нив. Бог ги избавил од состојба на деградација и ги удостоил за почесно место меѓу народите и за значајна и света доверба. Кога би имале вера во Бога во поглед на сето она што Тој правел за нив, тие со радост и леснотија би ги поднесувале сите непријатности, немаштија и страдања, но тие немале доверба во Господа иако биле очевидци на постојани докази за Неговата моќ“.
— Патријарси и пророци, 295.
б. Во одговор на мрморењето на мноштвото, какви упатства Господ им дал преку Мојсеј за да го ограничи нивниот изопачен апетит? Излез 16,4.12-15.31.35.
Понеделник — 27. јануари
2. БОЖЈИ ПЛАН
а. За да бидеме светлина на светот, што ние секогаш треба да имаме на ум во сите времиња? 1 Коринтјаните 10,31. Која била првобитната исхрана на Адам и Ева во Едем? Создавање 1,29.
„Повеќе пати ми беше покажано дека Бог својот народ го враќа на својата првобитна намера – дека не треба да се храни со месо од мртви животни. Тој сака како народ да нè научи на подобар пат… Ако месото се отфрли, ако вкусот не се поттикнува во тој правец, ако се навикнеме на овошки и житарки, набргу (нашата исхрана) ќе биде како што Бог одредил во почетокот. Неговиот народ нема да употребува никакво месо“.
— Водење на детето, 383.
б. Што Израелците, како од Бога избран народ да носи светлина во светот, секогаш требале да имаат на ум? Второзаконие 6,24; 7,6.
„Бог Израелците ги извел од Египет со цел во Хананската земја од нив да направи чист, свет и среќен народ. За да ја постигне таа цел, Тој ги подложил на одредена дисциплина потребна за нивно добро и за доброто на нивното потомство. Кога би го прифатиле Неговото мудро ограничување и би го совладале апетитот, меѓу нив не би имало болест ниту немоќ… Но нивната неподготвеност да ги прифатат ограничувањата и барањата што Бог им ги поставил, во голема мера ги спречила да го постигнат високиот стандард што Тој им го наменил и да ги примат благословите што бил готов да им ги даде“.
— Патријарси и пророци, 391.
в. Зошто сатаната ги стврднал срцата на Израелците поттикнувајќи ги „Да копнеат по забранети нешта“? Псалм 78,18.
„Сатаната ги ставал во искушение таквото ограничување да го сметаат за неправедно и сурово. Тој ги поттикнувал да копнеат по забранети работи, зашто знаел дека неконтролираното попуштање на апетитот води кон оддавање на сетилни задоволства и дека со тоа можел луѓето полесно да ги стави под своја контрола. Зачетникот на болестите и бедата ги напаѓал луѓето таму каде што се најслаби и каде што можел да има најголем успех. Преку искушението сосредоточено кон попуштање на апетитот, тој со голем успех ги заведувал луѓето уште од оној ден кога Ева ја наговорил да вкуси од забранетиот плод“.
— Патријарси и пророци, 390.
Вторник — 28. јануари
3. ОТВОРЕН БУНТ
а. Набргу по нивното заминување од планината Синај, што направиле Израеловите синови, и како Бог одговорил? Броеви 11,1.
б. Зошто Бог, овој пат, нивното мрморење го сметал како грев на отворен бунт? Псалм 78,17.18; Евреите 10,26.
„На своето патување од Црвеното Море до Синај, тие често мрмореле и се бунеле, но имајќи сожалување кон нивното незнаење и слепило, Бог тогаш не ги казнувал за тие гревови. Меѓутоа, од тоа време Тој им се открил на Хорив. Тие примиле голема светлина зашто го виделе Божјото величество, Неговата моќ и милост; затоа нивното задоволство и неверието сега претставувале голем грев. Освен тоа, тие се заветувале дека го прифаќаат Јехова како нивен цар и дека ќе го почитуваат Неговиот авторитет. Нивните мрморења сега претставувале бунт, па затоа морала да уследи брза и видлива казна со цел Израел да се спаси од анархија и пропаст. И ‘Господ се разгневи и изби Господен оган меѓу нив и започна да го уништува крајниот дел од логорот’. Најодговорните за бунт биле уништени со молња од облакот“.
— Патријарси и пророци, 391.
в. Како преживеаните и понатаму продолжиле со својата побуна? Броеви 11,4-6.
„Меѓутоа, наскоро се појавило уште поголемо зло. Наместо преживеаните да се понизат и да се покаат, се чинело дека оваа страшна пресуда уште повеќе го зголемила нивното мрморење. На сите страни можело да се види како народот се собира пред влезовите на своите шатори, плачејќи и тажејќи… Така тие го покажале своето незадоволство од храната што лично Творецот ја предвидел за нив, иако постојано имале доказ дека таа била прилагодена на нивните потреби; зашто наспроти сите напори и тешкотии што морале да ги издржат, во нивните племиња немало болни ниту немоќни“ (Патријарси и пророци, 391).
„Секоја душа ќе биде искушана и проверена. Сите будно нека внимаваат како се однесуваат кон предупредувањата, укорите и молбите на Божјиот Дух. Оние што ќе ја отфрлат светлината затоа што не е во склад со нивните склоности, ќе бидат оставени во темнина, да изберат работи што тие ги сакаат – работи кои ќе ги одвојат од Божјата наклонетост“.
— Преглед и гласник, 16. окт., 1883.
Среда — 29. јануари
4. МОЈСЕЈ МОЛИ ЗА ПОМОШ
а. Во својата загриженост поради оваа опасна ситуација, со каков апел Мојсеј му се обратил на Господ? Каква одредба Господ тогаш му кажал на Мојсеј? Броеви 11,11-16.
„Господ на Мојсеј му дозволил самиот да ги избере најверните и најспособните луѓе со нив да ја подели одговорноста. Нивното влијание требало да му помогне во зауздувањето на бунтот. Но сепак, нивниот избор на крај имал лоши последици. Кога Мојсеј би покажал цврста вера во Божјата сила и добрина, за што имал толку очигледни докази, тие (старешините) никогаш не би биле избрани“.
— Патријарси и пророци, 392.
б. Што на Мојсеј му било наложено да им каже на луѓето како одговор на нивните поплаки? Броеви 11,18-20.
в. Како Господ го укорил и Мојсеја поради недостаток на вера и незадоволство? Броеви 11,21-23.
г. Иако Бог на Израелците сега им обезбедил месна храна за која толку копнееле, како тие се казнети за нивниот бунт? Броеви 11,31-33; Псалм 106,13-15.
„Бог им го дал на луѓето она што не им служело на добро затоа што тие упорно го сакале тоа. Не биле задоволни со храната што се покажала толку благотворна за нивното здравје. Нивните бунтовни желби биле задоволени, но затоа морале да ги трпат последиците. Се насладувале без ограничувања и поради таквата неумереност бргу биле казнети. ‘Господ го удри народот со страшен помор’ (Броеви 11,33). Мнозина се разболеле и изумреле од горечка треска, додека најголемите виновници биле поразени со помор штом ја вкусиле храната за која копнееле“.
— Патријарси и пророци, 394.
Четврток — 30. јануари
5. ИЗБОР ПОМЕЃУ СВЕТЛИНАТА И ТЕМНИНАТА
а. Како Бог ги третирал оние кои никогаш не ја виделе светлината, кои никогаш не ја запознале Неговата волја, ниту пак го разбрале Неговиот план? Дела 17,30.
„Ако светлината дојде, и биде отфрлена или оставена на страна, тогаш доаѓа осуда и Божји гнев; но пред да дојде светлината, нема грев, бидејќи немало светлина која луѓето би можеле да ја отфрлат“.
— 1 Сведоштво, 108.
б. Меѓутоа, како Бог ќе ги третира оние кои одбиваат да послушаат и тогаш кога јасно им е откриена Неговата волја? Лука 12,47.48; Јаков 4,17; 1 Самоилова 15,23.
„Додека (мнозина) од една страна одбиваат да веруваат во некои Божји барања и да се придржуваат кон нив, од друга страна упорно вршат надворешни форми на богослужение. Божјиот Дух не прифаќа таква служба. Без оглед на тоа колку луѓето се ревни во одржувањето на верските обреди, Бог сепак не може да ги прифати ако и понатаму намерно престапуваат макар и една Негова заповед“.
— Патријарси и пророци, 671.
Петок — 31. јануари
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА
1. Бог на Израелците им поставил ограничување во поглед на исхраната, како тие реагирале на тоа?
2. Зошто Бог нивното мрморење во врска со тоа го сметал како бунт?
3. На кој начин Бог им дал храна која тие ја посакувале?
4. Како Бог ги третира оние кои искрено ја игнорираат вистината?
5. Како Бог ги третира оние кои намерно се непослушни кон Неговата откриена волја?
2014 • 1. Квартал
6. лекција — Подготовка за улогата на светлоносец (2)
8. февруари 2014
„О, да беше Ме послушал Мојот народ и Израел да одеше по Моите патишта! Веднаш ќе ги покорев нивните непријатели и ќе ја свртев раката Своја против оние што го оскрбуваа“.
— Псалм 81,13.14
„Оние на кои лежи товарот на оваа работа (на реформите) не смеат да гледаат мирно кога се работи погрешно, ниту пак да го покриваат злото со наметка на лажно милосрдие“.
— Пророци и цареви, 675.
ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Хр. очигл. поуки, 153-157.
Недела — 2. февруари
1. ОД ПОНИЗОК ДО ПОВИСОК КРИТЕРИУМ
а. Како Израелците – кога во Ханан ги имале сите услови да бидат светлина на светот – би биле благословени да го прифатиле Божјиот план во поглед на враќањето на првобитната исхрана дадена на Адам? Псалм 78,23-25; 81,13.14.
„Со цел да ги измени и облагороди нивните склоности, и во нив да ги активира повисоките сили на умот (Господ) им го отстранил месото од мртвите животни. Тој им дал ангелска храна – мана од небото“.
— Библиски коментари, 79.
б. Бидејќи јадењето на месо после потопот било привремено дозволено (Создавање 9,3; 18,7; 27,9), зошто Израеловите синови биле казнети кога барале месо? Броеви 11,33; Псалм 78,27-32; 106,14.15.
„Кога некој јасно ќе види што му е должност, тогаш нека не излегува перед Бога со молитва барајќи дозвола сепак да не ја изврши. Наместо тоа, тој треба со смирен и покорен дух да се моли за сила и мудрост за да може да ги исполни нејзините барања“.
— Патријарси и пророци, 461.
Понеделник — 3. февруари
2. ПОПУСТЛИВОСТ ПОРАДИ ЗАКОРАВЕНИ СРЦА
а. Како Господ, поради неподготвеноста на Израелците за повисок критериум, во некои аспекти покажувал трпение и толеранција кон нив додека ги водел? Псалм 81,11.12; Езекиел 14,4.5.
б. Поради ‘нивните закоравени срца’ што Господ конечно им дозволил на Израелците да јадат? Какви рестрикции Бог ставил и на тоа што било дозволено поради здравствени причини? Левитска 11,1-4.9.10; 3,17; 22,8.
„По нивното населување во Ханан, на Израелците им било дозволено да користат храна од животинско потекло, но со внимателни ограничувања со тенденција да се намалат лошите последици“.
— Здравје и среќа, 274 (311.312).
в. Какви уредби и закони Господ му дозволил на Мојсеј да им даде кога тие не биле подготвени да го прифатат повисокиот критериум? Езекиел 20,23-25. Кој совет црковните водачи и евангелисти секогаш треба го имаат на ум? Јован 14,17; 16,13.
„Ние не треба да одиме побрзо отколку што тоа можат да го прифатат и оние кои врз основа на својата совест и разум се убедени во вистините кои ги застапуваме. Со луѓето ние треба да се сретнеме таму каде што тие се наоѓаат. На некои од нас им требаа многу години за да дојдат на нашата сегашна позиција на здравствената реформа. Реформите во поглед на исхраната треба да се спроведуваат внимателно. Апетитот претставува силно искушение со кое мораме да дојдеме во судир, бидејќи светот е оддаден на ненаситност. Ако сфатиме дека работата со луѓе бара толку време колку што и нам ни беше потребно за да го достигнеме сегашниот прогрес во реформата, ние ќе бидеме многу трпеливи со нив, дозволувајќи да напредуваат чекор по чекор, како што правевме и самите ние, сè додека нивните нозе не се зацврстат на платформата на здравствената реформа. Меѓутоа, мораме да бидеме многу внимателни не брзајќи пребргу, за да на бидеме принудени да се враќаме по истата трага. Во реформата е подобро да се направи еден чекор помалку, отколку за еден чекор да истрчуваме пред поставената цел. И ако во сето тоа направиме грешка, тоа нека биде на страната која нè приближува кон народот“.
— 3 Сведоштво, 22.
Вторник — 4. февруари
3. ПРЕД ВЛЕЗОТ ВО ХАНАН
а. Пред влезот на Израелците во Ханан, кои други значајни институции, покрај првобитната исхрана, требало да се обноват меѓу нив, така што ќе бидат квалификувани да бидат светлина во светот?
1) Божјиот ден за одмор – саботата. Создавање 2,2.3; Излез 16,29.30; Евреите 4,1-3.9-11.
2) Брачната институција. Матеј 19,4.7.8; Езек. 20,25; Мал. 2,14-16.
б. Со оглед на закоравеноста на срцата на древниот Израел, на кој начин понекогаш и ние паѓаме во искушение да го повториме нивниот пример?
„Историјата за животот на Израел во пустината е запишана за наука на Божјиот Израел сè до крајот на времето. Записите за Божјото постапување со патниците во пустината, за сите нивни талкања, изложеност на глад, жед и умор и за впечатливата манифестација на Неговата сила во нивна полза, се полни со предупредувања и поуки за Неговиот народ во сите времиња. Различните искуства што ги стекнале Евреите тука, претставувале подготвителна школа за животот во ветената хананска земја. Бог сака Неговиот народ во овие денови со понизно срце и со смирен дух да ги проучи искушенијата низ кои поминувал древниот Израел за да може од тоа да извлече поука во својата подготовка за небесниот Ханан.
„Осврнувајќи се на Израелците, мнозина се чудат на нивното неверство и мрморење и им се чини дека тие не би биле толку неблагодарни. Меѓутоа, секогаш кога нивната вера ќе се стави на каква било проверка, дури и на мали искушенија, тие не покажуваат поголема вера или трпение отколку што покажал древниот Израел. Кога ќе западнат во тешкотии, тие се жалат против постапките кои Бог ги избрал за да ги очисти“.
— Патријарси и пророци, 296.
Среда — 5. февруари
4. ПОДГОТОВКА ЗА НОВАТА ЗЕМЈА
а. Во времето на последокот, пред нашиот влез во небесен Ханан, дали првобитните Божји институции ќе бидат целосно обновени? Матеј 17,11; Дела 3,20.21. Кои се тие институции?
1) Саботата: Исаија 56,1.6-8; 58,12-14.
2) Бракот: 1 Коринтјаните 7,1.2.10.11.24.29.39.
3) Исхраната без месо: 1 Коринтјаните 10,5.6.11; Исаија 22,12-14.
„При завршетокот на светот сите божествени институции ќе бидат обновени. Ќе се санираат урнатините во законот кои што човекот ги направил престапувајќи ја саботата. Остатокот на Божјиот народ кој како реформатор стои перед светот, треба да покаже дека Божјиот закон е основа на секоја трајна реформа и дека саботата од четвртата заповед, мора да стои како спомен на создавањето, постојан потсетник на Божјата моќ. Тие мора со јасни и разбирливи зборови да укажат на обврската за држењето на сите десет заповеди. Поттикнати од Христовата љубов, тие мора да соработува со Него, ѕидајќи урнатини. Тие треба да бидат обновители на урнатини, градители на патишта за населби (Исаија 58,12)“.
— Пророци и цареви, 462.
б. Тргнувајќи од фактот дека ‘сите божествени институции треба да се обноват’, како пророштвото ги опишува оние кои ја носат последната порака на милост на овој свет? Исаија 58,12; 61,4.
„Пророкот со овие зборови го опишува народот кој во времето на општ отпад од вистината и праведноста се труди да ги обнови начелата на кои е засновано Божјото царство. Тој народ обновува урнатини направени во Божјиот закон – ѕидови кои Тој ги подигнал за да ги заштити своите избраници.
„Во упадлива спротивност со ова мноштво стои мала група на оние кои не отстапуваат од својата верност на Бога. ‘Тука е трпението на светиите; тука се оние што ги пазат заповедите Божји и верата во Исус’ (Откр. 14,12). Овде се оние за коишто пророкот Исаија вели: ‘Тогаш твоите потомци ќе градат врз стари урнатини: ти ќе ги поставиш основите на многу поколенија, и ќе те викаат обновител на урнатини, градител на патишта за населби’ (Исаија 58,12)“.
— Пророци и цареви, 462; Знаци на времето, 8. февруари, 1910.
Четврток — 6. февруари
5. „ГО ЧУВМЕ ГЛАСОТ НЕГОВ“
а. Кој бил Ангелот кој слегол на планината Синај за да непосредно со својот глас им проговори на луѓето? Дела 7,37-39; 3,22.23; 1 Коринтјаните 10,1-4.
б. Како знаеме дека Христос не дошол на овој свет да воведе нова религија, туку само да го поврати она што било изгубено преку делувањето на сатаната? Лука 19,10; 1 Јованово 3,8; Матеј 5,17.
„Со големиот план на откупувањето светот ќе биде вратен во својата првобитна состојба. Сè што било загубено со гревот, со Божјата милост повторно ќе биде вратено“.
— Патријарси и пророци, 351.
в. Што треба да биде наше искуство и одговорност како Христови соработници? Споредете Јован 16,13 со Амос 4,12.
„Вистината која ние ја имаме е поголема и посвечена од сите пораки кои кога било им биле доверени на смртниците, и ние сме одговорни за начинот на кој ја претставуваме перед светот. Работата на спасението на душите, на секој од нас треба да му биде на прво место. Додека правиме сè што е во наша моќ да ги придобиеме другите за вистината, ние треба покажеме какво влијание таа извршила врз нашиот срца и карактерот“.
— 5 Сведоштво, 286.
Петок — 7. февруари
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА
1. Кога јасно ќе видиме што ни е должност, како ние треба да одговориме?
2. Што Господ, водејќи го својот народ, понекогаш употребува кога тие не се подготвени за повисок критериум?
3. Кои три првобитни институции Господ сака Неговиот народ да ги обнови пред да го доведе неговиот народ до Ханан?
4. Што исто така треба се обнови пред нашето влегување во небесен Ханан?
5. Дали Христос дошол на овој свет да воведе нова религија или да го обнови она што било изгубено?
2014 • 1. Квартал
7. лекција — Бог ги поучува Израелците да престанат да мрморат
15. февруари 2014
„И помни го целиот пат, по кој те водеше Господ, твојот Бог, по пустината еве веќе четириесет години, за да те искуша и да дознае што е во срцето твое, дали ги почитуваш заповедите Негови, или, пак, не“.
— Второзаконие 8,2
„Попуштајќи му постојано на духот на мрморење и на бунт, Израелците биле склони да изнаоѓаат мани дури и на благословите кои Бог во својата милост им ги дарувал“.
— Знаци на времето, 28 октомври, 1880.
ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Патријарси и пророци, 445-451.
Недела — 9. февруари
1. ПОВТОРНО ЖАЛЕЊЕ
а. Пред крајот на нивното патување низ пустината, на што Израелците и понатаму се жалеле против Бога и против Мојсеј? Броеви 21,5.
б. Како Мојсеј се трудел да ги убеди дека нивните жалби биле неоправдани? Второзаконие 8,3.4.14-16.
„Секој ден во текот на патувањето (Израелците) биле сочувани со некакво чудо на Божјата милост. На целиот пат по кој Бог ги водел наоѓале вода со која ја гаснеле жедта, небесен леб да го задоволат гладот, и мир и безбедност во сенката на облакот дење и во огнениот столб ноќе. Ангелите им помагале кога се искачувале по стрмните височини или кога оделе пеш по мачните патеки низ пустината. Наспроти тешкотиите што ги поднесувале, во нивните редови немало ниту изнемоштени ниту истоштени. На толку долгото патување на ниеден од нив ниту ногата не му натекла, ниту облеката им изветвила“.
— Патријарси и пророци, 446.
Понеделник — 10. февруари
2. ЗМИЈА ОД БАКАР
а. Каков одговор Господ им дал на луѓето што се жалеле? Броеви 21,6.
„Бидејќи живееле под закрила на Божјата сила, тие и не ги забележувале безбројните опасности со кои тие постојано биле опкружени. Во својата неблагодарност и неверство постојано ја споменувале смртта, и сега Господ дозволил смртта да дојде врз нив. Змиите отровници, што претставувале вистинска напаст за пустината, се нарекувани огнени змии поради страшното дејство на нивниот отров кој веднаш предизвикувал воспаление и брза смрт. Бидејќи од Израелците била отстранета Божјата заштитничка рака, голем број на луѓе биле нападнати од овие отровни животни“.
— Патријарси и пророци, 446.
б. Што луѓето направиле кога сфатиле дека Бог поради нивното неоправдано жалење, сега им дал причина навистина да имаат на што да се жалат? Броеви 21,7. Каква е ова поука за нас?
„Во целиот логор завладеал страв и метеж. Речиси во секој шатор се нашол по некој мртовец или болен на претсмртна постела. Никој не се чувствувал сигурен… Сите се труделе да се најдат околу болниот или да си ги заштитат оние кои уште не биле погодени. Сега од нивната усна не се слушнала никакво мрморење. Во споредба со моментните страдања, поранешните тешкотии и искушенија не биле ниту вредни да се споменат.
„Најпосле народот се понизил пред Бога. Дошле пред Мојсеј со признавање и со молби. ‘Згрешивме кога се побунивме против Господа и против тебе’ (Броеви 21,7). А само малку пред тоа тие го обвинувале како најлош непријател и го прикажувале како предизвикувач на сите свои маки и вознемирувања. Меѓутоа, дури и во мигот кога тие зборови им излегувале од усните, знаеле дека обвинувањето им било лажно; и штом дошла вистинската мака, побрзале кај него како кај единствен човек кој можел да посредува за нив пред Бога. ‘Моли се на Бога да ги отстрани змиите од нас’, гласела молбата“. (Патријарси и пророци, 447)
„Кога ќе ја согледаме нашата грешност, не треба да очајуваме ниту да се плашиме како да немаме Спасител или како Тој да нема милост кон нас. Токму во тие мигови Тој нè повикува да дојдеме кај Него во нашата беспомошност и Тој ќе нè спаси“.
— Патријарси и пророци, 450.
Вторник — 11. февруари
3. „ПОГЛЕДАЈ И ЖИВЕЈ“
а. Што Мојсеј заповедал да се направи за да го реши проблемот со змии, и каков бил резултатот? Броеви 21,8.9.
„Мнозина не верувале дека само еден поглед на металната фигура ќе може да ги исцели. Тие изумреле поради своето неверство. Сепак, постоеле мнозина кои верувале во одредбата која Бог ја дал. Татковците, мајките, браќата и сестрите со страв и копнеж настојувале истоштениот поглед на своите роднини, често и на оние на претсмртна постела, да го насочат кон подигнатата змија. Иако целосно истоштени и на умирање, требало само еднаш да погледнат па веднаш потполно да оздрават.
„Народот добро знаел дека силата што може да предизвика таква промена не се наоѓа во змијата од бакар. Моќта на исцелување можела да дојде само од Бога. Тој во својата мудрост одбрал токму таков начин за да ја покаже својата сила. Благодарение на тоа едноставно средство, народот бил наведен да сфати дека токму со својот сопствен грев упаднал во тоа зло. Истовремено добиле ветување дека нема причина да се плашат сè додека му се послушни на Бога зашто Тој ќе ги сочува“.
— Патријарси и пророци, 447.
б. Каков совет нашите проповедници треба да им упатат на оние кои денес имаат обичај постојано да се жалат? Филипјаните 2,14; Исаија 45,22; 1 Петрово 5,6.7.
„Подигањето на бакарната змија требало на Израелците да им даде важна поука. Тие н можеле сами да се спасат од смртоносното дејство на отровот во нивните рани. Само Бог можел да ги исцели; а од нив се барало да покажат доверба во Неговиот начин на лекување. Морале да погледнат за да живеат. На Бога можеле да Му угодат само со вера, а со тоа што погледнале во змијата ја докажувале својата вера. Тие знаеле дека во самата змија нема никаква сила, туку дека тоа е симбол на Христа; на тој начин им е укажано на неопходноста од верување во Неговите заслуги“. (Патријарси и пророци, 449)
„Иако грешникот не може да се спаси со своја сила, тој сепак мора нешто да преземе за да си обезбеди спасение. Христос вели: ‘Оној што доаѓа кај Мене нема да го истерам надвор’ (Јован 6, 37). Значи, ние мораме да дојдеме кај Него; и ако се каеме за нашите гревови, мораме да веруваме дека Тој нè прими и ќе ни прости. Верата е дар од Бога, но од нас зависи дали ќе ја оживотвориме. Верата е рака со која душата ја прифаќа милоста – понудениот Божји дар“.
— Патријарси и пророци, 450.
Среда — 12. февруари
4. „НЕМА ДРУГО ИМЕ ДАДЕНО“
а. Која поука во врска со змијата од бакар Христос мошне јасно ја истакнал во своето учење додека бил меѓу своите ученици? Јован 3,14-17.
„Сите кои некогаш живееле на земјата, го почувствувале смртоносното каснување на ‘старата змија, која се вика ѓавол и сатана’ (Откр, 12,9). Кобните последици на гревот можат да бидат отстранети само со помош на средството за кое се погрижил Бог. Израелците го спасувале својот живот со тоа што би погледнале во подигнатата змија. Меѓутоа, тој поглед во себе содржел вера. Останувале живи затоа што верувале во Божјиот збор и во средството предвидено за нивно исцелување. Така и грешникот може да гледа во Христа и да живее. Преку вера во жртвата на помирување тој добива простување. За разлика од инертниот и безживотен симбол, Христос има во себе моќ и доблест да го излечи грешникот кој се кае“.
— Патријарси и пророци, 449.
б. Преку кого единствено благословите на заветот на благодатта можат да постанат и наши? Јован 6,37; Дела 4,12.
„Ништо, освен Христовата правда може да ни даде право на благословите на заветот на милоста. Мнозина се стремеле и долго настојувале да ги добијат овие благослови, но никогаш не ги примиле затоа што мислеле дека можат сами нешто да сторат за да ги заслужат. Ние не смееме да веруваме дека можат да нè спасат нашите сопствени заслуги. Христос е единствена надеж на нашето спасение… Ако целосно му се довериме на Бога и ако ги прифатиме заслугите на Спасителот Исус кој ги проштава гревовите, тогаш сигурно ќе ја примиме помошта што ја сакаме. Никој нека не се гледа себеси како битие кое има моќ самото себеси да се избави. Исус умрел за нас бидејќи ние сами не сме биле во состојба да го сториме тоа. Во него лежи нашата надеж, нашето оправдување и нашата правда. Кога ќе ја согледаме нашата грешност, не треба да очајуваме ниту да се плашиме како да немаме Спасител или како Тој да нема милост кон нас. Токму во тие мигови Тој нè повикува да дојдеме кај него во нашата беспомошност и ќе бидеме сочувани“.
— Патријарси и пророци, 450.
Четврток — 13. февруари
5. ИСТОРИЈАТА СЕ ПОВТОРУВА
а. Зошто и како мнозина Израелци се колебале да ја примат Божјата помош кога биле нападнати од змиите? Евреите 3,9.17-19.
„Многу Израелци… и понатаму продолжиле да се жалат поради своите рани и болки и поради сигурната смрт сè додека не им исчезнала силата и не им се укочиле очите, а можеле за миг да се исцелат“.
— Патријарси и пророци, 450.
б. Како сме предупредени да не го следиме примерот на Израелците? Евреите 3,7.8.12-14.
„Мнозина не се подготвени да го примат Христа сè додека целосно не им се објасни тајната на планот на спасението. Одбиваат да погледнат со вера иако увидуваат дека илјадници веќе погледнале и ја почувствувале делотворноста од насочениот поглед кон Христовиот крст. Мнозина талкаат низ лавиринтите на филозофијата во потрага по докази и причини што никогаш нема да ги најдат, а ги отфрлаат доказите што Бог со задоволство им ги дал. Одбиваат да одат во светлината на Сонцето на правдата. Сите оние кои упорно го задржуваат тој став, никогаш нема да ја запознаат вистината. Бог никогаш нема да ги отстрани сите причини за сомневање. Тој им дава доволно докази на кои би ја базирале верата, а ако тие не ги прифатат, духот останува во темнина. Оние што биле каснати од змија отровница можеле да се колебаат и да се премислуваат дали да погледнат во бакарната змија или не, но во тој случај би пропаднале пред да се решат да послушаат. Наша должност е прво да погледнеме, а тогаш погледот на верата ќе ни даде живот“.
— Патријарси и пророци, 451.
Петок — 14. февруари
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА
1. Бидејќи Израелците сè уште се жалеле како што се приближувале до границата на Ханан, на каква поука Бог ги научил?
2. Кој совет треба да им се упати на оние кои имаат навика да мрморат?
3. На кој начин покајничките грешници можат да бидат исцелени?
4. Што се случило со оние кои се колебале да ја прифатат Божјата помош против гризнувањето на отровните змии?
5. На кој начин мнозина и денес го следат примерот на Израелците?
2014 • 1. Квартал
8. лекција — Поуки за евангелизам од Хананската граница
22. февруари 2014
„Затоа како што вели Светиот Дух: „Денес ако го чуете Неговиот глас, не закорувајте ги вашите срца, како при огорчувањето во денот на искушувањето во пустината“.
— Евреите 3,7.8
„Кога луѓето во своето срце ќе му подлегнат на неверувањето, тие самите се ставаат под контрола на сатаната, и никој не може да каже до каде тоа ќе ги одведе“.
— RH, 29. октомври, 1903.
ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Патријарси и пророци, 400-409.
Недела — 16. февруари
1. СЕРИОЗНО ТЕСТИРАЊЕ НА ВЕРАТА
а. Кој извештај покажува дека синовите Израелови немале доволно вера, и зошто? Второзаконие 1,21; Броеви 13,1.2.17-20.27-32.
„Народот немал трпение ниту размислувал дека Оној, кој ги довел до тука, сигурно ќе ги одведе и во таа земја. Не си спомнувале како Бог со чудо ги ослободил од нивните угнетувачи отворајќи пред нив пат низ морето и уништувајќи ја војската на Фараонот која ги гонела. Го оставиле Бога на страна и дејствувале како сè да зависело само од моќта на оружјето“.
— Патријарси и пророци, 401.
б. Како Израелците со своето неверување покажале дека не биле подготвени за освојување на ветената земја? Второзаконие 1,26; Броеви 14,1-4. Како неверувањето ги попречува евангелизациите и денес? Евреите 3,16-19.
„Тие ги прифатиле лажните извештаи на неверните извидници, па целиот народ бил измамен… Само двајца се застапувале за вистината, додека другите десетмина застанале на страната на бунтовниците“.
— Патријарси и пророци, 404.
Понеделник — 17. февруари
2. „БЕЗ МЕНЕ НЕ МОЖЕТЕ ДА ПРАВИТЕ НИШТО“
а. Како Господ уште еднаш ја проверувал Мојсеевата љубов кон Израел? Броеви 14,11.12.19.20. Како вистинскиот победник се залага за грешниците? Јоил 2,17.
б. Каква била реакцијата на луѓето кога Мојсеј им ја соопштил Божјата одлука? Броеви 14,33-35.39.40.
„Престапот страшно ги заслепил. ‘Ќе одиме и ќе се бориме’, викале тие; но Господ никогаш не им наложил да прават така. Негова намера не била тие таа земја да ја заземат со војување, туку со строга послушност кон Неговите заповеди.
„Иако срцата им останале непроменети, народот сепак бил наведен да ја признае својата грешка и лудоста на својот бунт кога се вратиле извидниците. Дури сега ја увидувале вредноста на благословите кои тие толку набрзина ги отфрлиле. Признале дека нивното неверие ги исклучило од Ханан“.
— Патријарси и пророци, 406. 407.
в. Што се случило кога Израелците се обиделе да го освојат Ханан со сопствена сила и зошто? Броеви 14,41-45. На кој начин и ние можеме да дојдеме во искушение да ја повториме нивната грешка? Јован 15,5.
„Кога требало да се заземе Хананската земја, не верувале дека ќе им се придружи Божјата сила, а сега имале намера без Божја помош, со сопствена сила, да ја постигнат целта. ‘Згрешивме перед Господа – рекле – ќе одиме и ќе се бориме како што ни беше заповедал нашиот Господ Бог’ (Второзаконие 1,41). Престапот страшно ги заслепил. ‘Ќе одиме и ќе се бориме’, викале тие; но Господ никогаш не им заповедал ‘да одат и да се борат’. Негова намера не била тие таа земја да ја заземат со војување, туку со строга послушност кон Неговите заповеди“.
— Патријарси и пророци, 406.
Вторник — 18. февруари
3. РАНИОТ ЕВАНГЕЛИЗАМ ВО ХАНАН 40 ГОДИНИ ПОДОЦНА
а. Што Исус Навин после четириесет години, во подготовката за освојувањето на Ерихон, исто така направил и зошто? Исус Навин 2,1 (прв дел).
„Неколку километри од другата страна на реката и токму спроти местото каде што Израелците биле улогорени се наоѓал големиот и добро утврден град Ерихон. Тој град всушност бил клуч за целата земја, па за Израелците значел сериозна пречка. Исус Навин пратил двајца млади луѓе да го извидат градот за да видат колку жители има, колку богатство и какви му се тврдините.
„При освојувањето на Ерихон моќниот Војвода на војската Господова така ја испланирал битката така што ниедно човечко битие не можело славата на победата да ја припише себеси. Ниедна човечка рака не се допрела до градскиот ѕид, за да не му припадне на човекот славата на победата“.
— Патријарси и пророци, 501; Библиски коментари, 104.
б. На каква опасност биле изложени двајцата извидници, и кој ги зел во заштита? Исус Навин 2,1 (втор дел).
„Жителите на градот (Ерихон), исплашени и недоверливи, постојано биле претпазливи, па на овие извидници им се заканувала голема опасност“.
— Патријарси и пророци, 502.
в. Според извештајот на Рава, како таа и луѓето воопшто реагирале кога веста за Божјата моќ стигнала во Ерихон? Исус Навин 2,9-11.
г. Каков извештај донеле извидниците, и каков бил исходот од тоа? Исус Навин 2,22-24.
„Тогаш Исус Навин издал наредба за тргнување. Народот требало да се снабди со храна за три дена, а војската да се подготви за битка. Сите со задоволство го прифатиле планот на водачот, уверувајќи го дека ќе имаат доверба во него и дека ќе го подржат“.
— Патријарси и пророци, 502.
Среда — 19. февруари
4. БАРАЊЕ НА ИЗГУБЕНИТЕ ОД ВРАТА ДО ВРАТА
а. Која била главната Божја намера кога двајцата извидници ги пратил во домот на Рава? Исус Навин 2,12-16; Евреите 11,31.
„Бог сакал преку Израел да го открие Својот карактер и со тоа да ги привлече луѓето кон Себе. Евангелскиот повик задолжително требало да му се упати на целиот свет. Преку поуките што ги давала церемонијалната служба која опфаќала принесување на жртви, Христос морал да биде возвишен пред народите за да можат да живеат сите што ќе поверуваат во Него. Слично на Хананката Рава или Моавката Рута, сите што ќе го напуштат идолопоклонството и ќе прифатат да го обожаваат вистинскиот Бог, требало да се обединат со Неговиот избран народ“.
— Христовите поуки, 256.
б. Како Божјиот Дух го насочил Петра во куќата на еден незнабожец каде што драгоцените души чекале да бидат приведени кон Господа? Дела 10,11-15.19-28.
„Доближете се до луѓето; запознајте се со семејствата каде што тоа е можно; не чекајте луѓето да ‘трагаат’ по пастирот. Имајте доверба и осведочување на верата која докажува дека не верувате во празни приказни, туку во она едноставното: ‘Така вели Господ’…
„Постојан многу семејства до кои вистината на Божјата Реч нема никогаш да допре, освен ако ‘приставите на различните Христови благодати’ не влезат во нивните домови и со својата сериозна работа, посветена и одобрена од страната на Светиот Дух, ги срушат бариерите и здобијат пристап до срцата на луѓето. Кога луѓето ќе увидат дека овие работници се весници на милост и слуги на благодатта, тие ќе бидат подготвени да ги слушаат зборовите изговорени од нив. Меѓутоа, срцата на оние кои ја работат оваа работа мораат да чукаат заедно со Христовото срце. Тие мора да бидат целосно посветени во Божјата служба, подготвени да ги послушаат Неговите барања, да одат по патиштата на Неговото провидение и да зборуваат зборови кои Тој им ги дава“.
— Евангелизам, 158.159.
в. Кој факт се открива кога ќе ги споредиме деновите на Ное, деновите на Лот во Содом, и последните денови на Ерихон? Лука 13,23.24; 2 Петрово 2,5-9; Исус Навин 6,17.
Четврток — 20. февруари
5. „ТА СЕКОЈ КОЈ ВЕРУВА…“
а. Што сакал Христос да каже во Матеј 21,28-31, кога ги изобличувал првосвештениците и народните старешини?
„Спасителот меѓутоа, никогаш не заобиколил една душа која била подготвена да ги прими скапоцените вистини од небото, колку и да била потоната во грев. За цариниците и блудниците Неговите зборови претставувале почеток на нов живот“.
— Мисли од гората, 91.
б. Колку ние треба да го следиме Неговиот пример во мисионерски поглед? Марко 16,15.
„Ние треба му покажеме на светот и на сите небесни сили дека ја цениме прекрасната Божја љубов кон паднатото човештво и дека ние очекуваме поголеми и уште поголеми благослови од Неговата бесконечна полнота. Далеку повеќе отколку што чиниме, ние треба да зборуваме за драгоцените поглавја од нашето искуство…
„Кога вака го славиме Бога, сатаната се повлекува. Ние треба да го протераме духот на мрморење и приговарање, и искушувачот ќе го загуби тлото. Кај нас се зајакнуваат карактерните особини кои земните жители ги подготвуваат за небесните дворови. Таквите сведоштва ќе имаат влијание врз другите. Нема поуспешен начин за придобивање на души за Христа од овој“.
— Христовите поуки, 266. 267.
Петок — 21. февруари
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА
1. Како Израелците реагирале кога го слушнале извештајот на дванаесетте извидувачи?
2. Со што Мојсеј покажал дека неговата љубов кон неговиот народ не престанала?
3. Зошто четириесет години подоцна биле испратени само двајца извидувачи?
4. Зошто овие двајца извидувачи биле упатени токму во домот на Рава?
5. На кој начин историјата честопати се повторува и денес додека нашите мисионери се во потрага по изгубените луѓе кои имаат потреба од спасение?
2014 • 1. Квартал
9. лекција — Валам
1. март 2014
„Но (Валам) беше изобличен за своето беззаконие: неразумното животно проговори со човечки глас и го запре безумството на пророкот“.
— 2 Петрово 2,16
„Еден погрешен чекор вториот го прави уште полесен, а следните се сè похрабри и порешителни. Кога еднаш ќе му подлегнат на лакомството стремејќи се кон власт, луѓето се во состојба да сторат најстрашни гревови“.
— Патријарси и пророци, 460.
ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Патријарси и пророци, 458-473.
Недела — 23. февруари
1. УПОРНО БАРАЊЕ ПОМОШ ОД СИЛИТЕ НА ТЕМНИНАТА
а. Кога Израелците се подготвувале да го преминат Јордан за инвазија на Ханан, кој – покрај жителите на Ерихон – бил вознемирен од нивното присуство? Броеви 22,1-4.
„Моавците… решиле, како што се обидел Фараонот во свое време, да ја повикаат на помош магијата за да го осуетат Божјогто дело. Сакале на Израел да навлечат некакво проклетство“.
— Патријарси и пророци, 458.
б. Кого Моавските и Мадијамските лидери се обиделе да го придобијат во нивните напори да го неутрализираат очекуваниот напад, и што тие побарале од него да направи? Броеви 22,5-7.
„Се зборувало дека Валам, жител на Месопотамија, поседувал натприродна моќ, па тоа се прочуло сè до Моавската земја… Пратиле пратеници… за да го доведат и да се послужат со неговите вражби и магии против Израел“.
— Патријарси и пророци, 458.
Понеделник — 24. февруари
2. ОТПАДНАТИОТ ПРОРОК
а. Кога пратениците на Моав и Мадијам дошле кај Валам со покана од царот Валак, каков впечаток Валам се обидел да остави кај нив? Броеви 22,8. Дали Валам во оваа своја постапка намерно ја игнорирал разликата меѓу исправното и погрешното?
„Валам некогаш бил добар човек и Божји пророк, но подоцна отпаднал и станал алчен. Меѓутоа, и понатаму тврдел дека е слуга на Севишниот. Нему му било добро познато што сè Бог сторил за Израелците, и кога пратениците дошле и му ја соопштиле пораката, знаел дека должност му е да ги одбие наградите на Валак и да ги врати пратениците. Но тој се осмелил да се игра со искушението нудејќи им на пратениците да преноќеваат кај него, објаснувајќи дека не може да даде точен одговор перед да го праша Господа за совет“.
— Патријарси и пророци, 459.
б. Иако Валам како пророк веќе бил во отпадништво, какво предупредување Бог му испратил преку ангелот, и зошто Валам тоа лажно го прикажал во разговорот со пратениците на Валак? Броеви 22,12.13.
„Во текот на ноќта на Валам му се јавил Господов ангел и му рекол: ‘Не оди со нив и не го колни тој народ, зашто е благословен’. Утредента Валам ги отпуштил пратениците, иако тоа не му било право. Но не им рекол што му кажал Господ“. (Патријарси и пророци, 459)
„Валам ‘посака неправедна плата’ (2 Петрово 2,15). Гревот на алчност, кој Бог го означува како идолопоклонство, го направил лицемер и со помош на тој грев сатаната стекнал целосна контрола над него. Токму тоа предизвикало негова пропаст“.
— Патријарси и пророци, 460.
в. Кои се некои од библиските принципи со кои треба да се проверуваат оние кои велат дека се пророци или чудотворци? Исаија 8,20; Матеј 7,20-23; Јован 8,31.32.
г. Која опасност Божјите пастири треба да бидат во можност да ја детектираат особено во овие последни денови? Матеј 24,23.24. Која е разликата помеѓу вистинскиот пастир и наемникот? Јован 10,12.13.
Вторник — 25. февруари
3. ВАЛАМ ВО СЕРИОЗНО ИСКУШЕНИЕ
а. Бидејќи информациите кои ги добил Валак биле многу искривени; прво од она што Валам им рекол на пратениците, а потоа од страна на Валаковите пратеници, што царот заклучил, и што врз основа на тоа тој направил? Броеви 22,14-17.
„Кога пратениците му рекле на Валак дека пророкот одбил да тргне со нив, тие не спомнале дека Бог тоа му го забранил. Мислејќи дека Валам се колеба само за да добие поголема награда, царот пратил уште повеќе кнезови, и тоа поугледни од првите, со ветувања за уште поголеми почести и со овластувања да ги задоволат сите услови што ќе ги постави“.
— Патријарси и пророци, 460.
б. Како отпаднатиот пророк реагирал кога Валаковите пратеници дошле и по вторпат? Броеви 22,18.19.
„Валам и по вторпат бил изложен на искушение. Во својот одговор на барањето на пратениците, Валам навидум покажал голема совесност и чесност, уверувајќи ги дека никакво количество на злато и сребро не може да го наведе да работи против Божјата волја. Меѓутоа, во себе копнеел да ја задоволи молбата на царот и, иако Божјата волја веќе му била јасно покажана, ги убедил пратениците да преноќеваат за да може уште еднаш да го праша Бога, како Севишниот да е човек кој може да се наговори“.
— Патријарси и пророци, 460.
в. Бидејќи паднал и на вториот тест, под кој услов на Валам му било дозволено да оди со нив? Броеви 22,20. Дали тие го повикале?
„Валам добил дозвола да тргне со пратениците од Моав ако изутрината го повикаат“.
— Патријарси и пророци, 461.
Среда — 26. февруари
4. ВАЛАМ ГО ПРЕДИЗВИКУВА БОЖЈИОТ ГНЕВ
а. Како Господ го покажал својот гнев против Валам, затоа што ги игнорирал Неговите упатства? Броеви 22,21-27.
„Меѓутоа, налутени што тој пак се колеба и очекувајќи повторно да ги одбие, тие тргнале назад без да се договорат со него. Така отпаднал секој изговор дека мора да ги задоволи барањата на Валак. Но Валам бил одлучен да дојде до големата награда, па го зел животното на кое обично јавал и тргнал на пат. Се плашел дека дури и сега Божјата дозвола може да биде повлечена, па нестрпливо брзал на некој начин да не му побегне посакуваната награда.
„И денес има илјадници луѓе кои постапуваат на сличен начин. Не би им било тешко да ја сфатат својата должност кога тоа би било во сообразност со нивните склоности. Таа јасно е изложена во Библијата или одредена со околностите или со здравиот разум. Но, бидејќи тие докази се спротивни на нивните желби и склоности, тие најчесто ги отфрлаат и се осмелуваат да му пристапат на Бога прашувајќи го што е нивна должност. Со лажна совесност долго и сериозно се молат за светлина. Меѓутоа, Бог не дозволува некој да се игра со Него. Тој често им дозволува на таквите лица да постапуваат според своите желби, но да ги сносат и последиците…“.
— Патријарси и пророци, 461.
б. Што се случило кога на Валам му се отвориле очите? Броеви 22,31. Што Господовиот ангел му рекол на Валам, и каква била реакцијата на Валам? Броеви 22,32-34. На кои ограничувања се жалел пророкот? Броеви 22,35-38.
в. Бидејќи отпаднатиот пророк бил спречен да го проколне Израел, што тој бил принуден да изговори? Броеви 23,20-24.
г. Како Бог го употребил дури и отпаднатиот пророк да го проповеда Евангелието на царот и на Моавските кнезови? Броеви 24,4-9.14-17. Дали грешниците имаат легитимен изговор перед Бога ако Евангелието им го проповеда дури и недостоен човек? Филипјаните 1,15-18.
Четврток — 27. февруари
5. ВЕРАТА И ПРЕКОРАЧУВАЊЕ НА ДОЗВОЛЕНОТО
а. Зошто проповедникот е многу повеќе одговорен за своите зборови и постапки од обичниот член? Мал. 2,7-9; 1 Тим. 4,16; 1 Коринтјаните 11,1.
„Моавците биле расипан, идолопоклонички народ, па сепак, според светлината што ја имале, нивната вина во очите на небото не била толку голема како онаа на Валам. Бидејќи тврдел дека е Божји пророк, се сметало дека сè што зборува, зборува во име на Божјиот авторитет“. (Патријарси и пророци, 461)
„Кога ќе се случи криза во животот на една душа, а вие се обидувате да дадете совет или опомена, вашите зборови ќе ја имаат само онаа тежина на влијанието за добро, која сте ја стекнале благодарение на сопствениот пример и начинот на живот… Вие не можете да извршите влијание кое кај другите ќе изврши промена сè додека вашето срце не се понизи и не постане благо и меко под влијанието на Христовата благодат“.
— Евангелизам, 458.
б. Под кои околности и зошто Господ често им дозволува на своите слуги да одат по својот пат и да ги сносат последиците? Псалм 81,11.12; Езек. 14,4; Гал. 6,7.
„Кога човекот се воздига над влијанието на Светиот Дух, тој жнее жетва на беззаконие. Над таков човек Духот има сè помало и помало влијание и не може да го задржи од сеење на семе на непослушност“.
— Библиски коментари, 723.
Петок — 28. февруари
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА
1. Кога таканаречениот Божји слуга ќе се сврти кон силите на темнината, како тој често се обидува да го прикрие својот вистински карактер?
2. Со што Бог го предизвикал Валам да открие што е во неговото срце?
3. Како и ние можеме да се изложиме на опасност да ја изопачиме Божјата вистина?
4. Како Бог го искористил сега веќе отпаднатиот Валам да фрли светлина врз поглаварите на Моав?
5. Зошто Бог честопати дозволува да одиме по својот пат и да ги носиме последиците од тоа?
2014 • 1. Квартал
10. лекција — Ужасна несреќа во Израел
8. март 2014
„И му се приклони Израел на Ваал-Фегор. И се разгоре гневот Господов против Израел“.
— Броеви 25,3
„Но во оваа физички пријатна околина, Израелците морале да се соочат со злото кое било далеку посмртоносно од моќните армии на вооружени луѓе или дивите ѕверовите во пустината“.
— Знаци на времето, 18. ноември, 1888.
ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Патријарси и пророци, 474-482.
Недела — 2. март
1. НЕОЧЕКУВАН ПОРАЗ
а. Додека Мојсеј се подготвувал да ја премине реката Јордан со Израелската војска за да го заземе Ханан, зошто Господовиот гнев се разгорел против Израелците? Броеви 25,1-3.
б. Кој бил човекот кој стоел зад тоа големо зло? Откр. 2,14; Броеви 31,15.16.
„Според советот на Валам, моавскиот цар приредил голема свеченост во чест на своите богови и потајно средил Валам да ги наговори Израелците и тие да земат учество во тоа. Бидејќи овие го сметале за Божји пророк, нему не му било тешко да ја постигне својата цел. Голем дел од народот тргнал по него да присуствува на свеченостите. Се осмелиле да стапат на забранета почва и се сплеткале во мрежите на сатаната. Восхитени од музиката и играта, и намамени од убавината на незнабожечките калуѓерки, ја запоставиле својата верност кон Бога. Се придружиле кон веселбата и славјето, виното им го поматило разумот и ги урнало сите огради на самосовладувањето. Сетилноста потполно загосподарила и бидејќи својата совест ја извалкале со разврат, дозволиле да бидат наговорени да се поклонат перед идолите. Принесувале жртва на незнабожечките олтари и учествувале во понижувачките обреди“.
— Патријарси и пророци, 475.
Понеделник — 3. март
2. КАКО ОВА ЗЛО БИЛО ПОТИСНАТО?
а. Што Мојсеј и судиите на Израел заповедале да се направи, перед да биде отстранета Божјата казна? Броеви 24,4.5.
„Развратните обичаи (на Моавците и Мадијамците) го сториле она што не можеле да го сторат сите Валамови вражби – Израел се одвоил од Бога. Бргу наишла казна и народот почнал да ја увидува големината и одвратноста на својот грев. Во логорот се појавила страшна зараза во која подлегнале десетици илјади луѓе. Бог им наредил на судиите да ги казнат со смрт водачите на овој отпад. Наредбата веднаш била извршена. Престапниците веднаш биле погубени, а нивните тела биле обесени перед очите на цел Израел, со цел народот, гледајќи како Господ строго постапува со нивните водачи, длабоко да почувствува колку на Бога му е гнасен нивниот грев и ужасот на Неговиот гнев против нив“.
— Патријарси и пророци, 476.
б. Што се случило додека народот плачел и ги признавал своите гревови? Броеви 25,6-8.12.13.
„Сите чувствувале дека казната била праведна, па побрзале перед шаторот за состанок со солзи да го признаат својот грев. И додека така плачеле перед Бога, додека сè уште беснеел поморот низ логорот, а судиите ја исполнувале својата задача, наишол еден од израелските благородници, Замрие, водејќи една мадијамска блудница, ‘ќерката на мадијамскиот кнез Сура’; пркосно перед сите Израелци ја вовел во својот шатор. Пророкот никогаш не бил посмел и подрзок. Загреан со вино, Замрие го разгласувал ‘својот грев како Содом’ (Исаија 3,9), и се гордеел со својот срам“.
— Патријарси и пророци, 476.
в. Колкумина загинале од Божјата рака во тоа зло? Броеви 25,9. Што покажал пописот на народот кој е извршен набргу после ова? Броеви 26,1.2.63-65.
„Казната што го снашла Израел поради гревот во Ситим ги уништила преживеаните од она големо мноштво на кое речиси перед четириесет години била изречена осуда дека ‘ќе изумрат во пустината’“.
— Патријарси и пророци, 477.
Вторник — 4. март
3. ДОДАТНИ ЗАШТИТНИ МЕРКИ
а. Бидејќи Мадијамците биле едни од најунижените Божји непријатели и меѓу најопасните соседи на Израел, што на Мојсеј му било наложено да направи? Броеви 31,1-3.8.
б. Што ќе направи Бог со оние кои планираат зло за Неговиот народ? Псалм 94,1.2.20-23.
„Оној кој никогаш не дреме и постојано работи на остварување на своите намери, самиот се грижи за напредок на своето дело. Тој ќе ги попречи намерите на безбожните луѓе, и ќе ги разбие плановите на оние кои направиле заговор против Неговиот народ. Тој како цар и Господ над војските, седи меѓу херувимите и среде немирите и метежот во светот, сè уште ги чува своите деца“.
— Мисли од гората, 86.
в. Под кои услови Бог, според своето ветување, сигурно ќе го земе во заштита својот народ? Второзаконие 28,1-7.
„Црквата е Божјо застапништво за проповедање на вистината; таа од Него лично е овластена да изврши посебна задача? И ако остане предана и верна само кон Него, покорувајќи им се на сите Негови заповеди, во неа ќе се наоѓа сето изобилство и сета превозвишеност на божествената благодат. Ако остане верна во својата приврзаничка послушност и преданост, почитувајќи го Израеловиот Господ Бог, нема да постои сила која би можела да ѝ се спротивстави.
„Ако црквата се облече во облеката на Христовата праведност и ако се ослободи од секоја приврзаност кон овој свет, перед неа ќе осамне зора на светол и славен ден. Божјогто ветување што ѝ е дадено ќе остане цврсто засекогаш. Тој ќе ја направи вечно возвишена, радост за многу поколенија. Вистината триумфално ќе помине покрај оние што ја презреле и ја отфрлиле. Иако понекогаш се чини забавено, нејзиното напредување никогаш нема да биде запрено. Кога Божјата порака ќе наиде на противење, Тој ѝ додава дополнителна сила за да го зајакне нејзиното влијание. Надарена со божествена сила, таа себеси ќе си расчисти пат низ најсилните бариери и триумфално ќе ја совлада секоја пречка“.
— Делата на апостолите, 454.
Среда — 5. март
4. ЗА НАША ОПОМЕНА
а. Зошто ние, а особено оние кои се повикани да работат за Бога, треба да ја проучуваме историјата за поразот и паѓањата во Израел? Римјаните 15,4. Зошто отпадништвото што се случило на Јордан заслужува посебно внимание?
„Истите Израелци кои не можело да ги совлада оружјето на Мадијамците, ниту сите нивни вражби, паднале како жртва на мадијамските блудници. Влијанието и моќта на жените, ангажирани во служба на сатаната, е во состојба да ја заведе и да ја уништи душата. ‘Зашто таа мнозина смртно ранила и многу јунаци кутнала’ (Изреки 7,26). На тој начин и децата на Сит биле наведени да отстапат од својата чесност и – светото семе се изопачило. Така бил искушуван и Јосиф. Така и Самсон ја предал својата сила и заштитата на Израел ја препуштил во рацете на Филистејците. Тука потклекнал и Давид. И Соломон, најмудриот меѓу царевите, човекот кого Бог три пати го нарекол свој љубимец, станал роб на своите страсти и ѝ ја жртвувал својата чесност на истата заводничка сила“.
— Патријарси и пророци, 478.
б. Кое предупредување се однесува на ова последна генерација на христијани? 1 Коринтјаните 10,8.11.
„Денес кога се приближуваме кон крајот на времето и кога Божјиот народ стои на границата на небесниот Ханан, сатаната, како и во минатото, двојно ќе ги зголеми своите напори за да ги спречи да влезат во ветената земја. Тој поставува свои стапици перед секоја душа. Оттаму сите мора да бидат претпазливи, а не само неуките и необразованите. Тој ќе смисли искушенија дури и за оние што се наоѓаат на највисоки положби и најсвети должности; ако му тргне од рака да ја извалка нивната душа, тогаш ќе може да уништи и многу други. И денес тој се служи со исти средства како и перед три илјади години. Со помош на пријателство со светот, со помош на чарот на убавината, со желбата за задоволства, со веселбата, со различни свечености и со чаша вино, тој наведува на престап на седмата заповед.
„Перед да ги наведе на идолопоклонство, сатаната ги поттикнал Израелците кон разврат. Сите што го валкаат Божјиот лик во сопственото тело и го сквернават Неговиот храм, нема да се притеснуваат од какво и да е обесчестување на Бога само да ги задоволат желбите на своето расипано срце“.
— Патријарси и пророци, 478.479.
Четврток — 6. март
5. ПАТ КОЈ ПРЕТСТАВУВА ПОДГОТОВКА ЗА ГРЕВ
а. Што го подготвило патот Израелците да паднат како жртва на сатанските сензуални искушенија кога дошле до реката Јордан? Езекиел 16,49.50.
„Израелците биле наведени на грев кога се наоѓале во благосостојба и сигурност. Заборавиле дека постојано треба да го имаат Бога перед очи, ја занемариле молитвата и негувале дух на самоувереност. Благосостојбата и попуштањето перед страстите ја ослабиле тврдината на душата и во неа се вовлекле грешни мисли. Предавниците внатре меѓу ѕидовите ја урнале тврдината на начелата и го изложиле Израел на силата на сатаната. Сатаната и денес се обидува на ист начин да ја упропасти секоја душа. Долгиот процес на подготовка, за кој светот не знае, се одвива во срцето перед еден христијанин да стори отворен грев. Душата не преминува наеднаш од чистота и светост во расипаност, порок и злосторство. Потребно е извесно време суштествата, создадени според Божјиот лик, да спаднат на животинско ниво или на сатанска природа. Посматрајќи, ние се преобразуваме. Човекот кој се занимава со нечисти мисли може да падне толку ниско, што ќе му годат гревовите кои порано ги осудувал“.
— Патријарси и пророци, 480.
б. Кои опомени и предупредувања секогаш треба да ги имаме на ум? 1 Коринтјаните 10,12; 1 Петрово 5,8.
Петок — 7. март
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА
1. Кој стоел зад големиот отпад кој се појавил во Израел кратко време перед да ја преминат реката Јордан?
2. Како бил подготвен патот Израелците да го доживеат тој срамен пораз?
3. Како биле казнети најголемите виновници?
4. Каква поука треба да извлечеме од фактот дека Мадијамците биле уништувани без вложување на напори да бидат евангелизирани?
5. Што вистинските Христови следбеници ќе бидат во можност да кажат ако го следат примерот на Павле запишан во посланието до Филипјаните 4,9?
2014 • 1. Квартал
11. лекција — Освојувањето на Ерихон
15. март 2014
„Тогаш му рече Господ на Исус: „Еве, Јас го предавам Ерихон во твои раце и царот негов и силните луѓе во него“.
— Исус Навин 6,2
„(Ерихон бил) незнабожечко упориште, центар на обожавање на Астарта, најодвратниот и најпонижувачкиот од сите облици на идолопоклонство во Ханан“.
— Пророци и цареви, 154.
ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Патријарси и пророци, 508-513.
Недела — 9. март
1. ВОЈВОДА НА ВОЈСКАТА ГОСПОДОВА
а. Кога Израелците се улогориле на источната страна на Јордан, Исус Навин во молитва барал помош од Господ во поглед на освојувањето на Ерихон. Кого го здогледал штом станал од молитвата? Исус Навин 5,13-15.
„Големиот и возвишен Водач, кој стоел пред водачот на Израел, бил лично Христос“.
— Патријарси и пророци, 509.
б. Какви инструкции Тој му дал? Исус Навин 6,2-5. Какво уверување Христос претходно му дал на Исус Навин во поглед на извршување на неговата мисија? Исус Навин 1,5.6.9.
„Покорувајќи се на Божјата заповед, Исус Навин ја мобилизирал Израеловата војска… Едноставно требало само да кружат околу градот, носејќи го пред себе Божјиот ковчег и трубејќи во труби… Потоа, опкружен со сјаен ореол на Божја слава, на рацете на свештениците облечени во одежди што ја означувале нивната света служба, е носен ковчегот на Божјиот завет. Најпосле одела војската на Израел, секое племе под своето знаме. Вака изгледала поворката што го обиколувала осудениот град“.
— Патријарси и пророци, 509.
в. Под кои услови ја имаме истата утеха на сигурност и ние денес? Матеј 28,20; Јаков 1,5?
Понеделник — 10. март
2. БОЖЈА МИЛИСТ И ПРАВДА
а. Што се случило во седмиот ден? Исус Навин 6,15.16.20.21.
„Сите жители на градот и сè живо што се наоѓало во него, ‘мажите и жените, старо и младо, воловите, овците и магарињата’ (Исус Навин 6,21), морале да ги убијат со меч… Самиот град бил спален, а неговите палати и храмови, величествените згради со сите нивни раскошни украси, со богати драперии и скапоцени облеки, биле проголтани во пламенот. Сè што не можело да се уништи со оган – ‘сето сребро и злато и сите садови од бакар’ (стих 24) – морале да бидат посветени на службата во шаторот за состанок; па дури и почвата на која бил изграден градот, била проклета. Ерихон никогаш веќе не бил изграден како тврдина. Над секој кој би се осмелил повторно да ги гради ѕидовите што ги урнала Божјата моќ, била изречена казна.
„Целосното уништување на ерихонските жители, било само извршување на заповедта однапред дадена преку Мојсеј во врска со жителите на Ханан: ‘И кога ќе ги разбиеш, сотри ги’ (Второзаконие 7,2)“.
— Патријарси и пророци, 510. 512.
б. Како што Господ веќе покажал во случајот на Содом (Создавање 18,32), како Тој повторно покажал дека не ги уништува праведниците со злите? Исус Навин 6,22.23.
„Била поштедена само верната Рава и нејзиното семејство, зашто тоа ѝ го ветиле извидниците“.
— Патријарси и пророци, 510.
в. Како Христовата изјава покажува дека за секој грешник постои надеж под услов да се покае? Матеј 21,28-31; Лука 13,1-5. Каква сигурност Тој им дава на таквите? Јован 6,37.
„Без оглед на надворешниот изглед, секој живот, сосредоточен кон себе, всушност е проигран живот. Секој кој се обидува да живее одделно од Бога ја губи својата суштина. Ги расфрла драгоцените години на своето живеење, ги расфрла способностите на умот, на срцето и на душата, работејќи сам врз својот банкрот за вечност. Човекот што се одвојува од Бога за да може да си служи себеси, станува роб на мамонот“.
— Христовите поуки, 169.
Вторник — 11. март
3. БОЖЈА МИЛОСТ И ПРАВДА (ПРОДОЛЖЕНИЕ)
а. Зошто уништувањето на Ерихон и неговите жители било неизбежно? Зарем не било подобро да се обиделе да ги евангелизираат? Создавање 15,13-16; Второзаконие 9,4; Исаија 26,10.
„На мнозина овие заповеди (Второзаконие 7,2; 20,16) им изгледаат спротивни на духот на љубовта и милосрдието, на она на што се укажува во други делови на Библијата. Но всушност, тоа е она што го барала бесконечната мудрост и правда…
„На жителите на Ханан им била дадена доволна можност за покајание. Четириесет години пред тоа, отворањето на Црвеното Море и казнувањето на Египќаните, претставувале непобитен доказ за надмоќта на Израеловиот Бог… Сите тие настани им биле добро познати на жителите на Ерихон“.
— Патријарси и пророци, 512.
б. Што им се препорачува на оние кои го проповедаат Евангелието во поглед на противниците на вистината кои се неизлечиво нечесни? Матеј 7,6. Како апостол Павле нѐ поучува да не губиме многу време со таквите луѓе? Тит 3,10.11.
„(Матеј 7,6) Христос овде мисли на онаа класа на луѓе кои немаат желба да се ослободат од ропството на гревот. Поради попуштање на расипаноста и подмолноста нивната природа станала толку деградирана така што тие се приврзуваат кон злото и не сакаат да се одделат од него. Христовите слуги не треба да бидат попречувани од страна на оние за кои Евангелието е само предмет на расправии и потсмев“.
— Мисли од гората, 91.
в. Зошто ние секогаш треба да бидеме подготвени на другите да им дадеме благодат на избор? 1 Самоилова 16,7 (втор дел).
„Мнозина повеќе ја избираат темнината од светлината, бидејќи делата им се зли. Но има луѓе кои, ако би можеле вистината да ја стават на увид на поинаков начин, под нови околности, и кога би им била дадена можност тежината на дадените аргументи сами да ги проверат, со Библијата, споредувајќи стих со стих, би биле фасцинирани од нејзината јаснотија и би се потпреле на неа“.
— 3 Сведоштво, 396.
Среда — 12. март
4. БОГ СÈ УШТЕ Е СПРЕМЕН ДА НАПРАВИ ГОЛЕМИНЕШТА
а. Како верата на Израелскиот народ била тестирана преку чудото што Господ го направил во Ерихон? Евреите 11,30.
„Водачот на Господовите војски зборувал само со Исус Навин; Тој не му се открил на сиот Израелски народ… Можеле да помислат: ‘Какви се овие бесмислени движења – да се обиколуваат градските ѕидови трубејќи во труби со рогови од овен. Тоа не може да има никакво влијание врз овие високи ѕидови’. Меѓутоа, токму тоа едноставно продолжување на оваа церемонија, сè до уривањето на ѕидовите, на многу Израелци им дало можност да ја развијат својата вера. Требало во духот да им се вреже фактот дека нивната сила не зависи од човечката мудрост и моќ, туку дека нивното спасение лежи единствено на Бога. Требало да се навикнат целосно да се потпираат на својот божествен Водач“.
— Патријарси и пророци, 513.
б. Каква поука треба да извлечеме од овој настан? Јован 14,12; 1 Јованово 5,4.
„Како што при заземањето на Ерихон, никој од Израелската војска не можел да се пофали со употребата на својата ограничена сила во рушењето на ѕидовите на овој град, бидејќи Војводата на војската Господова ја испланирал битката на така едноставен начин така што славата му припаднала само на Господ Бог, додека смртниците не требало да се возвишуваат. Бог ни ја ветил сета сила.
„Бог ќе направи големи работи за сите оние кои веруваат во Него. Причината зошто оние кои тврдат дека се Негов народ немаат поголема сила е во тоа што тие премногу се потпираат врз сопствената мудрост и не му даваат на Господ можност да ја покаже својата моќ во нивна полза. Тој на своите верни деца ќе им помогне во секоја неволја ако целосно се потпрат врз Него и ако верно му се покоруваат.
„Најголеми победи на Христовата црква или на христијанинот како поединец, не се оние што се постигнуваат со талентот или со образованието, со богатството или со некакви други предимства или услови поволни за човекот; тоа се победите што се постигнуваат во разговор на душата со Бога во тајна молитва, кога верата во душевната борба сесрдно се фаќа за раката на семожната Сила“.
— Христос победник, 136; Патријарси и пророци, 513. 199.
Четврток — 13. март
5. КАКО МОЖЕМЕ ДА ЗАДОБИЕМЕ ПОБЕДА
а. Кое Христово предупредување и ветување треба секогаш да го имаме на ум? Јован 15,5.7.
„Од тогаш Христовите следбеници треба да го сметаат сатаната како победен непријател. Исус извојувал на крстот победа за нив и Тој посакувал тие да ја примат таа победа како своја сопствена. ‘Еве’, рекол Тој, ‘ви давам власт да газите на змии и скорпии и над секоја непријателска сила и ништо не ќе може да ви напакости’.
„Семоќната сила на Светиот Дух претставува одбрана на секоја покајничка душа. Христос не дозволува под непријателска власт да дојде кој било од оние што во покајание и вера ја бараат Неговата заштита. Спасителот е секогаш покрај оние свои следбеници кои се во искушение и неволја. Кај Него нема неуспех, загуби, неможност или пораз; сè можеме да постигнеме преку Оној, кој ни дава сила. Кога ќе наидат искушенија и неволји, не чекајте да ги совладате сите тешкотии, туку гледајте кон Исуса, вашиот Помошник.
„Ние не можеме направиме ништо за себе. Во нашата беспомошна недостојност мораме да веруваме во заслугите на распнатиот и воскреснат Спасител. Не постои човек што ќе пропадне ако постапува така. Пред очите на Семожниот стои долг црн список на нашите гревови. Списокот е комплетен и ниеден од нашите престапи не е изоставен. Но Оној, кој пред толку време го слушал плачот на своите слуги, ќе ја чуе и молитва на верата и ќе ни ги прости нашите престапи. Тој тоа го ветил и Тој ќе го одржи својот збор.
„Оние што не се подготвени да го отфрлат секој грев и искрено да бараат Божји благослов, нема да го добијат. Но оние кои цврсто се држат за Божјите ветувања… ќе успеат“.
— Копнежот на вековите, 477; Патријарси и пророци, 198. 199.
Петок — 14. март
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА
1. Кога Христос му се открил на Исус Навин, какви упатства и цврсти уверувања Тој дал?
2. Со што Господ ја покажал својата милост при уништувањето на Ерихон?
3. Со каква класа на грешници ние сме предупредени да не губиме многу време?
4. На кој начин можеме и како поединци и како црква да добиеме најголеми победи?
5. Која е тајната за победа над гревот во нашиот живот?
2014 • 1. Квартал
12. лекција — Израел доживува пораз – зошто?
22. март 2014
„Израел згреши: го прекршија Заветот со кој ги обврзав“.
— Исус Навин 7,11.
„Од историјата на Ахан можеме да научиме свечена поука дека поради гревот на еден човек Божјото незадоволство ќе почива врз цела нација или народ сè додека престапникот не се пронајде и примерно казни“.
— Судир и храброст, 120.
ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Патријарси и пророци, 514-519.
Недела — 16. март
1. „ИЗРАЕЛ ПОГРЕШИЛ“
а. Што се случило веднаш после падот на Ерихон? Исус Навин 7,2-5.
„Големата победа што Бог ја извојувал за нив (преку падот на Ерихон) ги направила Израелците самоуверени. Се чувствувале целосно сигурни затоа што Бог им ветил дека ќе им ја даде Хананската земја, а го изгубиле од вид фактот дека само Божјата помош може да им обезбеди успех. Дури ни Исус Навин, при своето планирање да го заземе Гај, не побарал совет од Бога.
„Така Израелците почнале да ги преценуваат сопствените сили и да ги потценуваат своите непријатели. Очекувајќи лесна победа, мислеле дека за заземање на тоа место ќе бидат доволни три илјади луѓе. И не прашувајќи се дали е Бог со нив, побрзале во напад“.
— Патријарси и пророци, 514.
б. Зошто Израелците се поразени? Исус Навин 7,1.12.
„Тоа било време за брза и одлучна акција, а не за очај и јадосување. Во логорот се вовлекол таинствен грев и виновникот морало да се пронајде и да се отстрани за да може Господовото присуство и Неговиот благослов повторно да бидат со Неговиот народ“. – Патријарси и пророци, 514.
„Божјата заповед ја престапил еден од оние кои биле одредени да ги спроведуваат Неговите пресуди… На Исус му било дадено упатство како да го пронајде и казни престапникот“.
— Патријарси и пророци, 515.
Понеделник — 17. март
2. НАЦИЈАТА БИЛА ПОВИКАНА НА ОДГОВОРНОСТ
а. Дали Божјата заповед, всушност, била престапена од страна на целиот Израелски логор или само од еден човек? Исус Навин 7,18.
„Бог бил мошне специфичен во поглед на Ерихон, за луѓето да не бидат фасцинирани од работите што ги обожавале жителите на Ерихон и во своето срце да не се одвратат од Господ. Тој го предупредувал својот народ на тоа со одредени заповеди, но сепак и покрај свечената забрана од Бога, дадени преку Исус, Ахан се осмелил да ја прекрши. Неговата алчност го навела да го земе богатството кое Бог забранувал да се допре, бидејќи Божјото проклетство било врз него. И поради гревот на овој човек, Божјиот Израел бил немоќен пред своите непријатели како пролеана вода“. – 3 Сведоштво, 244.
„А за вината на тој еден престапник, целата нација била повикана на одговорност: ‘Украдоа од проколнатото и го скрија меѓу своите работи’“.
— Патријарси и пророци, 515.
б. Ако само еден поединец згрешил преку свесно кршење на божествената забрана, зошто Бог целата нација ја сметал за одговорна? Исус Навин 7,11.
„Гревот на Ахан ѝ донел несреќа на цела нација. Поради еден престапник, Божјо негодување ја погаѓа целата црква сè додека престапникот не се пронајде и не се отстрани. Од влијанието на несовесните верници на црквата треба повеќе да се плашиме отколку од нашите отворени непријатели, неверници и богохулници. Тие го лишуваат Израел од Божјиот благослов и го ослабуваат Божјиот народ“. – Патријарси и пророци, 518.
„Во своето постапување со својот народ во минатото, Господ укажува на потребата од чистење на црквата од гревот и злото. Темнината која еден грешник ја распространува околу себе може да ја засолни Божјата светлина од целата црква. Кога припадниците на Божјиот народ ќе увидат дека ги опкружува темнина, а не ја знаат причината, тие треба сесрдно да го бараат Бога во длабока понизност и самоиспитување сè додека не се разоткријат и отстранат гревовите кои го навредуваат и жалостат Неговиот Дух“.
— 3 Сведоштво, 245.
Вторник — 18. март
3. „СТАНИ“
а. Како Исус Навин плачел пред Господа, и што најмногу го загрижувало? Исус Навин 7,6.
„Исус Навин и старешините на Израел се нашле во голема неволја и во знак на најголема понизност паднале пред Божјиот ковчег, бидејќи било очигледно дека Господ многу се разлутил на својот народ“. – 3 Сведоштво, 244.
„Од молитвата на Исус Навин, ако имате духовно расудување, можете да видите дека Ахан го сметал за безначајно она што било причина за големата болка и тага на одговорните луѓе во Израел… Ахан, виновникот, не го чувствувал товарот на својата вина. Тој на тоа гледал мошне ладнокрвно“.
— Христос победник, 137.
б. Која била првата работа која Бог побарал од Исус да ја направи? Исус Навин 7,10.13.
„Тоа било време за решителна и брза акција, а не за очај и јадосување. Во логорот се вовлекол таинствен грев и виновникот морало да се пронајде и да се отстрани за да може Господовото присуство и Неговиот благослов повторно да бидат со Неговиот народ“. – Патријарси и пророци, 514.
„Господ не прецизирал кој бил виновникот, но Тој дал насоки што требало да се направи во врска со тоа“.
— Упатства за младите, 25, јануари, 1894.
в. Како некои луѓе реагираат во случај кога слична задача и денес мора да се направи во црквата? Исаија 30,9.10.
„Духот на омраза кој ги обзема некои затоа што се разоткриени и осудени гревовите кои постојат меѓу Божјиот народ, ги заслепува и страшно измамува нивните души, правејќи ги потполно неспособни да ја воочат разликата меѓу правилното и погрешното. Со тоа тие самите себеси духовно се заслепуваат. Иако можеби увидуваат дека беззаконие постои, тие не го чувствуваат тоа толку болно како што го чувствувал Исус Навин ниту се подготвени да се понизат пред Бога поради опасностите во кои се наоѓаат душите“.
— 3 Сведоштво, 246.
Среда — 19. март
4. „ОТСТРАНЕТЕ ГО ПРОКЛЕТСТВОТО МЕЃУ СЕБЕ“
а. Зошто Господ директно не укажал на виновникот? Псалм 32,5; Која е разликата меѓу прифатливото и неприфатливото признавање?
„Грешникот не бил директно посочен зашто целата работа извесно време е оставена во неизвесност со цел сите да ја почувствуваат својата одговорност за гревовите што постоеле меѓу нив и на тој начин биле наведени да ги испитаат своите срца и да се понизат пред Бога“. – Патријарси и пророци, 515.
„Ахан бил свесен за својата вина… Видел како Исус Навин и старешините Израелови паднале на земја со болка што не може да се опише со зборови. Тогаш да го признал својот грев, би дал извесен доказ за вистинско покајание, но – сè уште молчел. Тој сфатил дека станува збор за некој голем грев, дури и точно слушнал каков е карактерот на тој грев. Меѓутоа, неговите усни сè уште биле запечатени… Голема е разликата меѓу признавањето на фактите што веќе се докажани и признавањето на гревот што му е познат само на престапникот и на Бога. Ахан не би го признал својот грев кога не би се надевал оти со тоа ќе ги отстрани последиците на својот престап. Но неговото признавање послужило само да се види колку е праведна казната што го снашла. Тука немало каење, понизност, промена на сфаќањата ниту гнасење од злото“.
— Патријарси и пророци, 518.
б. Зошто Господ барал сиот народ да се вклучи во грижливо истражување? 1 Коринтјаните 12,25.26.
„За гревовите на поединци во својот народ, Бог ја смета одговорна црквата како целина. Ако водечките луѓе занемарат да ги откријат гревовите поради кои Бог не може да биде задоволен со својата црква, тие стануваат одговорни за тие гревови“.
— 3 Сведоштво, 249.
в. Каква мудрост им е потребна на пасторите кога настојуваат да им помогнат на заблудените? Јаков 1,5; 3,17.18; Јуда 22.23.
Четврток — 20. март
5. „НАВИСТИНА ПОГРЕШИВ…“
а. Кога коцката паднала на Ахан, што тој рекол? Исус Навин 7,20.21.
„Исус Навин свечено го заколнал Ахана да ја признае вистината, со цел одговорноста да биде неспорна и да не биде префрлање дека е неправедно казнет. Несреќниот човек целосно ја признал својата вина“. – Патријарси и пророци, 515.
„Признавањето на гревот дадено во вистински момент за да се олесни положбата на Божјиот народ, Господ со задоволство го прифаќа. Меѓутоа, меѓу нас има такви кои, како Ахан во старо време, премногу доцна ќе ги признаат своите гревови за да можат да се спасат“.
— 3 Сведоштво, 251.
б. Како Ахановата казна служи како предупредување за останатите луѓе? Исус Навин 7,24.25. Какво предупредување тоа претставува за нас?
„Смртниот грев што го одвел Ахана во пропаст имал свој корен во алчноста – еден од вообичаените гревови преку кој лекомислено се преминува. Додека другите гревови се истражуваат и казнуваат, на алчноста ретко ѝ се забележува иако таа всушност е престап на десеттата заповед. Колку е голем тој грев и колку се страшни неговите последици, се гледа од случајот на Ахан“. – Патријарси и пророци, 516.
„Лакомството е зло што се развива постепено. Ахановата алчност и незаситна желба за богатење се претворила во навика која цврсто се вкоренила, така што речиси било невозможно да се искорени. Иако уживал во тоа зло, сепак се вчудовидел при помислата дека со тоа ќе му нанесе несреќа на цел Израел; но гревот ја умртвил неговата совест и кога наишло искушението, тој паднал како лесен плен.
„Зарем не се греши и денес наспроти исто толку свечените и јасни опомени? И нам исто така јасно и одредено ни е забрането да му попуштаме на лакомството како и на Ахан што му било забрането да присвои било што од пленот затечен во Ерихон. Бог во својата Реч лакомството го поистоветува со идолопоклонство“.
— Патријарси и пророци, 517.
Петок — 21. март
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА
1. Зошто Израелците доживеале пораз во првиот судир со жителите на Гај?
2. Што било прво што Исус Навин според Божјото упатство требало да направи?
3. Зошто Господ барал целиот народ да се вклучи во грижливо истражување на виновникот?
4. Каква мудрост е потребна во постапувањето со заблудените во црквата?
5. Зошто Ахановото признавање било неприфатливо?
2014 • 1. Квартал
13. лекција — „СВЕТ НАРОД“
29. март 2014
„И вие ќе Ми бидете царство на свештеници и свет народ“.
— Излез 19,6
„Бог сакал да направи од Неговиот народ Израел слава и пофалба… Да останале послушни на Божјите закони, Израелците преку својот чудесен напредок би ги восхитиле сите народи на светот“.
— 6 Сведоштво, 207.
ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Христовите поуки, 251-260; Делата на апостолите, 8-10.
Недела — 23. март
1. ИЗБРАН НАРОД
а. Кога на Израелците им било кажано дека тие се избрани да бидат посебен народ, свет народ, и дека им е доверена особена мисија, и што тие едногласно одговориле?
„Бог им ветил дека Тој ќе биде нивен Бог, дека ќе ги издели како свој одбран народ и ќе ги одведе во голема и добра земја. Но тие перед секоја пречка на која попатно наидувале, ја губеле храброста. Тој ги извел од ропството во Египет на толку чудесен начин за да ги воздигне, да ги облагороди и да ги направи пофалба на земјата“.
— Патријарси и пророци, 295.
б. Кога им биле соопштени сите заповеди и прописи на Божјиот свет закон, што тие кажале? Излез 24,3.7.
„Бог Израелците ги избрал за свој народ, и тие Него го избрале за свој Цар“.
— Пророци и цареви, 196.
Понеделник — 24. март
2. СВЕТЛИНА ВО СВЕТОТ
а. При крајот на нивното патување по пустината, како условите на Божјиот завет им биле повторени на Израелците? Второзаконие 4,1.2.
„Преку Мојсеј (Израелците) биле предупредени на искушенијата на кои ќе бидат изложени во иднина и искрено ги охрабрувал да останат одвоени од околните народи, и да му служат само на Бога“.
— Пророци и цареви, 196.
б. Целта на Бога била да го постави Израел како светлина во овој свет. Што на Мојсеј му било наложено да каже во врска со тоа? Второзаконие 4,5-8.
„Бог имал намера преку еврејскиот народ да им подари богати благослови на сите народи на светот. Преку Израел требало да се подготви патот за распространување на светлината и знаењето за Бога по сиот свет. Народите на светот, оддавајќи се на изопачените навики, целосно ја изгубиле претставата за Бога. Бог во својата милост сепак не сакал да ги збрише од лицето на земјата. Тој, преку својата избрана црква, сакал да им даде прилика и можност да го запознаат. Негова намера била преку начелата откриени на Неговиот народ да постанат средство за оживување на Божјата морална слика во човекот“.
— Христовите поуки, 252.
в. Под кои услови Господ секогаш бил подготвен да им ја испружи раката на својата милост? Второзаконие 4,29-31.
г. Што ќе се случи со нив ако тие го заборават Божјиот завет и се одвратат од Него? Второзаконие 4,23-27.
„Мојсеј им укажал на злата кои ќе произлезат поради отстапувањето од Божјите уредби. Повикувајќи ги небото и земјата да бидат сведоци, тој изјавил дека ако, после долгото живеење во ветената земја, народот почне да им служи на лажните богови, ако се поклонува на резбани слики одбивајќи да го слави вистинскиот Бог – гневот Господов ќе се распали и тие ќе станат заробеници и ќе бидат расеани меѓу народите“.
— Пророци и цареви, 197.
Вторник — 25. март
3. БОЖЕСТВЕН СИСТЕМ НА ВОСПИТУВАЊЕ
а. За да можат Израелците да бидат светлина на светот, било потребно тие да бидат просветлени луѓе. Која должност им била доверена на родителите во Израел? Второзаконие 6,6-9.
„Бог им заповедал на Евреите да ги учат своите деца на сите Негови барања и да ги запознаат како Тој постапувал со нивните татковци. Тоа била посебна должност на секој родител – должност која не можела да се префрли врз некој друг. Наместо децата да ги воспитуваат туѓи усни, мајката и таткото требало на своите деца да им дадат упатства со срце полно со љубов“.
— Патријарси и пророци, 627.
б. Дали воспитанието е неопходно како подготовка за евангелската работа? 2 Тим. 2,15.
„Христос е ‘Светлината која го осветлува секој човек што доаѓа во светот’ (Јован 1,9). Како што преку Христа секое човечко суштество има живот, така преку Него секоја душа прима и некаков зрак од божествената светлина. Во секое срце постои не само интелектуална туку и духовна сила, чувство за она што е праведно, желба за добро. Но, постои и противничка сила која се бори против тие принципи. Последицата од јадењето од дрвото за познавањето на доброто и злото се гледа во искуствието на секој човек. Во човечката природа постои тенденција кон злото, сила на која човекот не може сам да ѝ се спротивстави. За да ѝ се спротивстави на таа сила, за да ја досегне онаа висока цел која, во длабочината на својата душа, ја смета за единствено исправна, само една сила може да му помогне. Таа сила е Христос. Соработката со таа сила е најголемата потреба на човекот. Зарем во целиот воспитен напор оваа соработка не би требало да биде највисоката цел?“
— Воспитување, 29.
в. Кое знаење ни е потребно, така што нашата светлина може да блеска сѐ посветло и посветло? Матеј 5,14-16.
„Проповедникот, мисионерот, наставникот, ќе согледаат дека знаењето и умешноста при извршувањето на практичните должности од секојдневниот живот многу им го поткреваат угледот меѓу луѓето“.
— Воспитување, 221.
Среда — 26. март
4. НАЈГОЛЕМАТА ПОТРЕБА НА СВЕТОТ
а. Која е најголемата потреба на светот денес? Јован 1,9-12.
„Светот денес има голема потреба за откривање на Исуса Христа во личноста на Неговите светии. Бог сака Неговиот народ да стои перед светот како свет народ. Зошто? Затоа што во светот постојат оние кои треба да бидат спасени со светлината на Евангелската вистина. И додека црквата ја објавува веста на вистината која треба да ги повика луѓето од темнината кон чудесната Божја светлина, животот на нејзините членови, посветен со Духот на вистината, треба да сведочи за вистинитоста на објавената порака.
„Бог сака Неговите луѓе да се стават во прав однос кон Него за да можат да разберат што Тој перед сè друго бара од нив. Тие треба да откријат на секоја душа во светот што значи ‘да се прави само правда, да се љуби милосрдието и да се оди смирено со својот Бог’ (Михеј 6,8). Каде и да се, дома или во странство, тие треба да се народ кој ги држи Божјите заповеди. Тие треба да имаат уверување дека нивните гревови се простени и дека се прифатени како деца на Севишниот“.
— Сведоштво за проповедници, 458.
б. Со каква цел сегашната вистина содржана во тројната ангелска вест (Откр. 14,6-12) им е доверена на адвентистите како народ? Исаија 60,1.2.
„Господ во својата милост се обидува да го расветли умот на оние кои денес пипкаат барајќи го патот во мракот на заблудата. Тој ги одложува Неговите судови над непокајаниот свет за да можат носителите на Неговото видело да го побараат и спасат она што е изгубено. Тој сега ја повикува Неговата црква на земјата, да се разбуди од летаргијата во која сатаната се обидува да ги вовлече, и да ја исполнат својата од небо назначена работа да го просветлат светот. Неговата порака до Неговата црква гласи: ‘Стани, засвети, зашто твојата светлина доаѓа, над тебе блеска Господовата Слава’ (Исаија 60,1). За да се спротивстават на состојбата која владее кога мракот ја покрива земјата и темнина народите, Божјата црква е овластена да соработува со Бога во ширење на светлината на библиската вистина“.
— Сведоштво за проповедници, 458.
Четврток — 27. март
5. ВЕЧНОТО ЕВАНГЕЛИЕ И ПОСЛЕДНАТА ПОРАКА
а. Каква одговорност Господ положил врз секој кој верува во тројната ангелска порака? Филипјаните 2,15.16.
„Луѓето од целиот свет ги слават лажните богови. Тие треба да се одвратат од лажните обожавања и тоа не само со жигосување на нивните идоли, туку со посматрање на нешто подобро. Тие треба да се запознаат со Божјата добрина. ‘Вие сте Мои сведоци дека Јас сум Бог – вели Господ’ (Исаија 43,12).
„Ние треба да му покажеме на светот и на сите небесни битија дека ја цениме прекрасната Божја љубов за паднатото човештво… Мораме многу повеќе отколку што тоа го чиниме да зборуваме за драгоцените поглавја од нашите животни искуства“.
— Христовите поуки, 266.
б. Што Бог сака да постигне преку својот народ денес? Матеј 24,14.
„Бог долго чека духот на служба да ја обземе целата црква, така што секој ќе работи за Него според својата способност. Кога членовите на Божјата црква ќе го исполнат евангелскиот налог, наскоро целиот свет ќе биде предупреден и Господ Исус ќе се врати на земјата со сила и голема слава“.
— Делата на апостолите, 80.
Петок — 28. март
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА
1. Како на народот им се повторени условите на заветот додека се приближувале кон Ханан?
2. Како Бог ги користи начелата откриени преку Израел како средство за обновување на Неговиот морален лик во луѓето?
3. Што ќе се случи со нив ако го заборават заветот со Господа и отстапат од Него?
4. Каков акцент бил ставен на воспитанието, така што Израел би можел да биде светлината на светот?
5. Како народите на светот треба да се одвраќаат од лажни обожавања?