2013 • 3. Квартал

1. лекција — Обратувањето на Савле

6. јули 2013
„Но Господ му рече: ’Оди, зашто тој ми е избран сад, за да го изнесе името Мое пред народи и цареви и синовите Израелови. И Јас ќе му покажам колку треба тој да пострада заради името Мое.’“
— Дела 9,15.16
„(Савле) ги познавал Светите списи на Стариот завет, и по неговото обратување божествената светлина му ги осветлила пророштвата кои се однесуваат на Исус, што го оспособило јасно и храбро да ја изнесува вистината и да го исправува секое изопачување на Светите списи“.
— Духовни дарови 1, 92.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Рани списи, 213-217.

Недела — 30. јуни
1. ГЛАВЕН ЃАКОН

а. Како Господ го употребил Стефан како моќно оружје во првата црква? Дела 6,2–8.

„Црквата… избрала седум луѓе полни со вера и мудроста на Божјиот Дух да водат грижа за деловните интереси на делото. Стефан бил прв меѓу избраните; според раѓањето и верата тој бил Евреин, но зборувал грчки јазик и бил запознаен со грчкиот систем и нивните обичаи. Затоа го сметале за најсоодветна личност да застане на чело и да има надзор над фондовите издвоени за вдовици, сираци и достојните сиромаси…

„Седум луѓе биле издвоени и со ракополагање биле свечено поставени на нивните должности. Оние кои на таков начин биле ракоположени не биле поради тоа исклучени од учество во проповедање на вистината. Напротив, забележано е дека: ’А Стефан, исполнет со вера и сила, правеше големи чудеса и знаци меѓу луѓето‘ (Дела 6,8)… Тоа биле луѓе со здраво расудување и разборити, луѓе кои знаеле добро да се справат со тешкотиите настанати поради негодување или завист“.
— Духот на пророштвото 3, 292.293.

б. Со што Стефан го предизвикал гневот на Евреите? Дела 6,9–14.

Понеделник — 1. јули
2. НЕЗАБОРАВНА СМРТ

а. Опишете ја целосната спротивност помеѓу однесувањето на еврејскиот совет и однесувањето на Стефан додека сведочел за својата вера во Исуса и ја прераскажувал историјата за еврејскиот бунт. Дела 6,15; 7,54–60.

б. Кој бил именуван како еден кој бил присутен и обрнувал внимание на сето тоа, и како тој подоцна се опишува себеси како соучесник во овој злостор? Дела 7,58; 22,20.

„Мачеништвото на Стефан оставило длабок впечаток врз сите присутни. Сеќавањето на Божјиот печат на неговото лице, зборовите што ја потресле душата на оние кои ги слушнале – останале во свеста на присутните и сведочеле за вистинитоста на неговите зборови. Неговата смрт била тешка загуба за црквата, но резултирала со обратувањето на Савле, кој не можел да ги избрише од своето сеќавање верата и постојаноста на овој маченик и славата што се гледала на неговото лице“.
— Делата на апостолите, 73.

в. Во согласност со традиционалниот менталитет на своите сонародници, на што Савле ја посветил својата енергија по смртта на Стефан? Дела 8,1–3.

„Римски граѓанин, роден во незнабожечки град; Евреин, не само според потеклото туку и според животното воспитување, патриотската ревност и вероисповедта; образован во Ерусалим од страна на најугледните рабини и поучен на сите закони и преданија на татковците, Савле од Тарс во најголем степен ја делел гордоста и предрасудите на својот народ…

„Во теолошките училишта во Јудеја, Божјата Реч била потисната со човечки шпекулации; толкувањата и преданијата на рабините ѝ ја одземале силата. Самовозвишувањето, властољубивоста, љубоморната исклучивост, нетолеранцијата и презривата горделивост биле владеечки принципи и побуди на овие учители.

„Рабините се гордееле со својата супериорност не само над припадниците на другите народи туку и над своите сопствени сонародници. Обземени со жестока омраза кон своите римски поробувачи, тие цврсто решиле да ја повратат својата национална превласт со силата на оружјето. Ги мразеле и убивале Исусовите ученици чија вест на мирот толку очигледно се спротивставувала на нивните честољубиви планови. Савле бил еден од најогорчените и најбезмилосни учесници во овој прогон“.
— Воспитување, 64.

Вторник — 2. јули
3. ГРИЖА НА СОВЕСТ

а. Опишете ја реакцијата на верниците на прогонството во Савловите денови и жестоките мерки што тој лично ги преземал. Дела 8,3.4; 9,1.2. Која цел тој, во длабочината на душата, ја имал од својата младост? Дела 23,1; Евреите 13,18.

„Уште како момче (Савле) станал угледен член на Синедрионот. Го сметале за човек што ветува, ревен бранител на исконската вера“.
— Воспитување, 64.

б. Ако сакаме искрено да го следиме Бога, зошто според Христовите зборови – ние на крајот ќе се чувствуваме непријатно кога ќе направиме нешто погрешно? Јован 16,7.

„Нашата љубов кон Христа ќе биде сразмерна со длабочината на нашата осведоченост за гревот, а законот нè осведочува за гревот“ (Вера и дела, 96).

„Вие можете да имате совест и таа совест може да ве осведочи за нешто, но прашањето е: Дали таквото осведочување е делотворно? Дали тоа осведочување допира до вашето срце и влијае на внатрешниот човек? Дали под влијанието на истото храмот на душата се чисти од својата нечистотија? Тоа е она што ни е неопходно“.
— Ум, карактер и личност 1, 324.

в. Кој застрашувачки феномен одненадеж го запрел Савле во неговиот поход? Дела 9,3.4. Кој бил Оној што зборувал и што сè требало да сфати за „ритање против бодило“? Дела 9,5.

„(Савле) бил сведок на Стефановата воздржаност кон неговите непријатели и на неговото великодушно проштавање. Исто така бил сведок на цврстината и на ведрото спокојство на многуте луѓе кои и самиот ги изложувал на измачувања и понижувања. Видел дури како некои од нив со радост го даваат дури и својот живот за својата вера.

„Сите овие факти силно му се наметнале на Савле и понекогаш во неговиот дух предизвикувале речиси непоколебливо осведочување дека Исус навистина е ветениот Месија. Во такви моменти Савле цели ноќи се борел против тоа осведочување и секогаш на крај јавно изјавувал дека Исус не е Месија и дека Неговите следбеници се само заведени фанатици“ (Делата на апостолите, 85).

„Секој обид да го задржи понатамошното напредувањето на Евангелието му донесува штета и страдање на самиот противник. Порано или подоцна ќе го осудува сопствената совест; и тој ќе увиди дека тоа всушност било ритање против бодило“.
— RH, 16. март, 1911.

Среда — 3. јули
4. ПРЕСВРТНА ТОЧКА

а. Опишете го начинот на кој Савле одеднаш се понизил. Дела 9,6–9.

„Прогонувајќи ги Исусовите следбеници, Савле директно удрил против небесниот Господ. Обвинувајќи ги и сведочејќи против нив лажно, тој лажно го обвинувал и лично Спасителот на светот“.
— Делата на апостолите, 85.

б. Кој бил Ананија и што Христос му рекол да направи? Дела 9,10–12. Зошто Ананија не сакал да го изврши овој налог и какво уверување му дал? Дела 9,13–16. Зошто високо образованиот Савле бил упатен кај Ананија, еден едноставен човек?

„Од силниот сјај на небесната светлина Савле го изгубил видот; но Исус, како голем лекар, не го исцелил веднаш. Сите благослови доаѓаат преку Христа, но Тој сега има основано црква како негов претставник на земјата и нејзе и е ставено во задача да го упати грешникот кој се кае на патот на животот. Токму оние луѓе кои Савле имал намера да ги уништи ја имале предноста да го упатат во религијата која толку ја презирал и прогонувал“.
— Записи од животот на Павле, 29.

в. Како Ананија му се обратил на Савле и која прекрасна победа била здобиена при нивната средба? Дела 9,17–19.

„Сето ова Исус можел да го направи за Павле и директно, но тоа не бил Неговиот план. Павле требало да им го признае својот грев на оние кои претходно имал намера да ги истреби и Бог им ја доверил оваа одговорна задача на оние кои биле поставени да работат наместо Него. Павле бил должен да ги преземе овие чекори, кои се неопходни во процесот на обратување. Тој требало да се обедини со истите оние луѓе кои тој ги прогонувал поради нивната вера. Овде Христос им дал пример на сите припадници на Неговиот народ како Тој работи на спасување на луѓето. Божјиот Син се поистоветува со службата и авторитетот на својата организирана црква“.
— 3 Сведоштво, 400.

Четврток — 4. јули
5. КРСТЕНИ ВО НЕГОВОТО ТЕЛО

а. Зошто следниот чекор што Савле потоа го презел бил толку важен? Марко 16,16.

„Во светлината на моралниот закон, за кој сметал дека треба ревно да го чува, Савле сега се видел себеси како грешник над грешниците. Тој се покајал, умрел за гревот, станал послушен на Божјиот закон, верата во Исус Христос како негов Спасител ја покажувал на дело, се крстил и го проповедал Исуса така сериозно и ревносно како што тој некогаш го осудувал“.
— Записи од животот на Павле, 31.

б. Зошто Христос има организирано тело на земјата и зошто црквата треба да биде признаена како таква? Матеј 16,18.19; 1 Тимотеј 3,15.

в. Зошто црквата е толку драгоцена за Исуса? Ефес. 5,25; 29,30.

„Исус е пријател на грешниците; Неговото срце е трогнато од нивните страдања; Тој ја има сета власт и на небото и на земјата; но Тој ги почитува орудијата кои Тој ги ракоположил за просветлување и спасување на луѓето. Тој ги упатува грешниците во црквата која Тој ја направил канал на светлината за овој свет.

„Савле бил високо образован учител во Израел; но додека бил заслепен од заблудите и предрасудите, самиот Христос му се открил, а потоа го поврзал со Неговата црква… Сето тоа е направено во името и авторитетот на Христос, но црквата била канал за комуникација“.
— Записи од животот на Павле, 31.32.

Петок — 5. јули
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Како животот на Савле може да нѐ инспирира?

2. Каков впечаток Стефановото мачеништво оставило на религиозните луѓе?

3. Зошто Бог го употребил Ананија да му го поврати видот на Савле?

4. Зошто не вреди „да се рита против бодило“?

5. Што го навело Савле да се крсти и што исто така треба да нѐ мотивира и нас?

2013 • 3. Квартал

2. лекција — Избран и од Бога поставен

13. јули 2013
„Вие не Ме избравте Мене, туку Јас ве избрав вас и ве поставив да одите и да бидете плодоносни, и плодот ваш да остане, та, што и да посакате од Отецот во Мое име, да ви даде“.
— Јован 15,16
„Исус нѐ засака уште додека бевме грешници; но бидејќи нѐ избрал Тој очекува да одиме и да донесеме род. Дали Тој од секого од нас очекува да направи нешто? Секако, секој кој ќе се впрегне со Христа мора да го носи Неговото бреме, да го прифати Неговото начин на работа“.
— Знаците на времето, 17. декември, 1894.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Делата на апостолите, 114-121.

Недела — 7. јули
1. НОВООБРАТЕН

а. На што Павле бил поттикнат веднаш по неговото обраќање? (Дела 9,20) Опишете го одговорот. (Дела 9,21–24)

б. Што наскоро станало неопходно за да се заштити животот на Павле? Дела 9,25.

в. Кое искуство значајно придонело да ја поткрепи верата на Павле и да го постави на тврда подлога неговиот повик од Бога? Галатјаните 1,15–17.

„(Павле) отишол во Арабија, и таму, во релативна осаменост, тој имал можности за заедница со Бога и за размислување. Тој сакал да биде сам со Бога, да го преиспитува сопственото срце, да го продлабочи своето покајание и со молитва и покајание да се подготви за задачата која му изгледала премногу голема и премногу важна за да може да ја прифати. Тој бил избран за апостол, не од луѓето, туку од Бога, и јасно било нагласено дека ќе работи меѓу незнабошците“.
— Записи од животот на Павле, 33.34.

Понеделник — 8. јули
2. НЕГУВАЊЕ НА ПРВАТА ЉУБОВ

а. По што било карактеристично времето кое Павле го поминал во Арабија, и чии искуства му доаѓале на ум? Псалм 139,23.24; Излез 2,15; 3,1.

„Во воените училишта во Египет, Мојсеј го научил законот на силата, и влијанието на тоа учење врз неговиот карактер било толку силно што му биле потребни четириесет години на смиреност и врска со Бога и природата за да се оспособи да го води Израел со законот на љубовта. И Павле требало да ја научи истата лекција“ (Воспитување, 65).

„Додека бил во Арабија (Павле) не комуницирал со апостолите; го барал Бога со сето свое срце, одлучил да не престане со молитвата додека со сигурност не се осведочи дека неговото покајание е прифатено и дека му е простен неговиот голем грев. Не се одлучил да стапи во борба сè додека не добие сигурност дека Исус ќе биде со него во неговата идна служба. Имајќи го перед своите очи живото обележје на Христовата слава, која го заслепила со небесна светлина пред вратите на Дамаск, сакал да ја има и постојаната сигурност на Христовата благодат. Павле одржувал тесна поврзаност со небото, и Исус општел со него, утврдувајќи го во вера и давајќи му ја својата мудрост и благодат“.
— Записи од животот на Павле, 34.

б. Зошто Бог често го користи искуството на пустинска осаменост за да ги подготви лидерите за големата задача која им претстои? Јов 37,14; Псалм 46,10.

в. И покрај големите надежи на Павле, какво изненадувачко разочарување доживеал кога конечно му се пружила прилика да се сретне со водечките браќа во Ерусалим? Дела 9,26; Галатјаните 1,18.19. Што го прави искуството на Павле така уникатно?

„Петар, Јаков и Јован се чувствувале уверени дека Бог ги назначил да им го проповедаат Христа меѓу нивните сонародници во татковината. Меѓутоа, Павле добил овластување од Бога додека се молел во храмот, и неговото широко мисионерско поле било јасно претставено пред него. За да го подготви за неговата обемна и важна задача, Бог го довел во тесна врска со Него и му дозволил во занесна визија да фрли еден поглед на убавината и славата на небото“.
— Записи од животот на Павле, 41.42.

Вторник — 9. јули
3. ОТФРЛАЊЕ НА СИТЕ ПРЕДРАСУДИ

а. Кој го отворил патот за Павловото примање меѓу апостолите, и зошто оваа посета на Ерусалим била скратена? Дела 9,27–29; 22,17.18. Што им помогнало на верниците да го поддржат Павловото послание меѓу презрените незнабошци? Дела 8,26.27.38; 10,34.35.44–47.

б. Која логика Павле ја користел во молитвата во поглед на она што го сфатил како свој повик, и каков бил одговорот? Дела 22,19–21. Како црквата била благословена прифаќајќи ја Божјата одлука? Дела 9,30.31.

в. Кое начело Павле подоцна го објавил за доброто на сите верници до крајот на времето и какво предупредување тоа претставува за нас? Галатјаните 3,28.29; Колосјаните 3,11.

„Бог избира луѓе да извршат одредена задача. Нивните умни способности можат да бидат скромни, но токму тоа е уште еден доказ дека Бог делува преку нив. Нивните умни способности можат да бидат скромни, но токму тоа е уште еден доказ дека Бог делува преку нив. Нивниот говор не мора да биде красноречив, но тоа не е доказ дека немаат порака од Бога. Нивното знаење може да биде ограничено, но во многу случаи Бог во својата мудрост може да ги искористи таквите како свои орудија; и Божјата сила преку нив може да се манифестира повеќе отколку преку оние кои имаат вродени или стекнати способности и кои – знаејќи го тоа – се потпираат на себе, на своето мислење и на својата вештина во начинот на обраќање“. (Објавени ракописи 5, 244).

„Предрасудата е нешто ужасно во очите на Бога. Предрасудите ги навеле луѓето да го распнат Спасителот на светот. Како народ треба да ја отфрлиме секоја предрасуда, бидејќи таа го заслепува умот и ги прави луѓето неспособни да постапат правилно со оние кои ги сметаат за виновни. Тоа ги наведува луѓето да изрекуваат суд над своите браќа чии души не можат да ги читаат, но и кога би можеле, нема да ги разберат. Наместо да создаваме неслога, осудувајќи ги другите, треба членовите на нашите цркви да ги поврземе во небесно единство со силни врвки на братска љубов. Ако некој брат застрани, голем грев е неговиот случај да се изнесува пред другите во обесхрабрувачка светлина, наведувајќи ги другите да го следат неговиот пат, како би ги разоткриле неговите многубројни слабости. Ова е сатанска постапка и нималку не е во хармонија со Христовиот Дух“.
— RH, 24. октомври, 1893.

Среда — 10. јули
4. ЛОЗЈЕТО СЕ ПРОШИРУВА…

а. Што вели Павле за почетокот на својата работа за Христа? Галатјаните 1,20–24.

б. Што се случило во меѓувреме во градовите северно од Јудеја, вклучувајќи го и Кипар – остров во Средоземното Море – и зошто? Дела 11,19–21. Што набргу станало очигледно? Дела 11,22–24.

в. Кого Варнава го зел за свој соработник и колку вреден за внимание бил резултатот на нивните заеднички напори за година дена? Дела 11,25.26. Каква инспирација тоа треба да биде за секого од нас? Јован 15,16.

„Исус мнозина повикува да бидат мисионери. Тој повикува мажи и жени кои ќе се посветат на Бога, подготвени да потрошат и да бидат потрошени во Неговата служба. О, можеме ли да ја заборавиме својата должност да се залагаме за спасување на светот околу себе? Зарем да не тргнеме напред чекор по чекор, допуштајќи му на Бога да нè употреби како своја помошна рака? Зарем да не ставиме на олтарот на службата и себеси и сѐ што имаме? Тогаш, допрени и преобразени од Христовата љубов ќе бидеме подготвени работејќи за Него да се излагаме и на опасности“ (RH, 27. јан., 1903).

„Господ во својата служба ќе повика мнозина верни работници во единаесеттиот час. Самопожртвуваните мажи и жени ќе ги заземат местата испразнети поради отпадништво и смрт. На младите мажи и младите жени, како и оние кои се постари, Бог ќе им даде сила одозгора. Со обратен ум, нозе и јазици допрени со жив јаглен од Божјиот олтар, тие ќе заминат на работа за Учителот, продолжувајќи го напредокот на делото сигурно и одлучно до неговото конечно завршување“ (Упатства за младите, 13. февруари, 1902).

„Кога членовите на црквата ќе видат како младите работници ревно се трудат да се оспособат за поопсежна работа во градови, села и населби кои никогаш не слушнале за вистината, и како тие доброволно заминуваат во други земји за да им ја однесат пораката, за нив самите тоа ќе биде далеку поголемо духовно охрабрување отколку што би го добиле со работата на тие неискусни млади луѓе“.
— 3 Сведоштво, 189.

Четврток — 11. јули
5. ПОВИК НА ЈАВНО ПРИЗНАТИТЕ

а. Што им рекол Господ на пророците и учителите на локалната црква во Антиохија? Дела 13,1.2. Што покажува дека црквата може да преземе таков чекор само во страв Божји, со молитва и пост? Дела 13,3.

„Пред да бидат пратени како мисионери во незнабожечкиот свет, тие апостоли (Павле и Варнава) со пост, со молитва и со ракополагање, на посебен начин му биле посветени на Бога. Така црквата ги овластила не само да ја проповедаат вистината, туку и да вршат обред на крштевање и организација на цркви со полн духовен авторитет…

„Павле и Варнава веќе примиле лично од Бога налог за мисионерска работа, така што обредот ракополагање не им додал некои нови благодати или квалификации. Тоа била призната формалност на воведување во одредена служба и признавање на авторитетот на оној што стапува во таа служба. Со тоа црквата само ставала печат на Божјо дело“.
— Дела на апостолите, 118.

б. Како Павле гледал на овој свечен обред? Римјаните 1,1.

„Павле сметал дека обредот на неговото формално ракополагање означува почеток на едно ново и значајно поглавје во неговото животно дело. Подоцна тој ден го сметал за почеток на својата апостолска служба во христијанската црква“.
— Делата на апостолите, 120.

в. Кои се некои од клучните точки кои треба да се реализираат во врска со светиот повик на формално ракополагање во црковна служба? 1 Тимотеј 5,22; Ис. 52,11 (посл. дел).

Петок — 12. јули
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Зошто Бог го испратил Павле во Арабија?

2. Како можеме да се изложиме на опасност да постапуваме со другите како што се постапувало со апостол Павле?

3. Како предрасудите за нас можат да бидат пречка за Божјото дело?

4. Опишете ги скорешните сцени кои треба да се одиграат во единаесеттиот час?

5. Која свечена обврска ја има секој член на црквата кога некој е предложен за формално ракополагање, без разлика дали тоа е ѓакон, старешина или проповедник?

2013 • 3. Квартал

3. лекција — Работа со световно настроени луѓе

20. јули 2013
„И, откако го проповедаа Евангелието во тој град и мнозина придобија за свои ученици, тие се вратија во Листра, Иконија и Антиохија. Тие ги зацврстуваа душите на учениците и, храбрејќи ги да бидат истрајни во верата, ги учеа дека во царството Божјо треба да влеземе преку многу маки.“
— Дела 14,21.22
„Никој не треба да се плаши на поразот од рацете на непријателот; бидејќи предност на евангелскиот работник е да се облече во ‘сила од висината‘ која ќе го оспособи да се спротивстави на секое сатанско влијание“.
— RH, 18. мај, 1911.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Делата на апостолите, 131-139.

Недела — 14. јули
1. ПОЧЕТОК

а. Каде Павле и Варнава ја започнале својата мисија, и кој бил младиот човек кој им се придружил? Дела 13,4.5; 12,12.25.

б. На каков предизвик наишле мисионерите на островот Пафос? Дела 13,6–8.

„Сатаната не дозволува Божјото царство на земјата да се изгради без борби и мачни напори. Силите на злото постојано војуваат против оние кои како орудија во Божјите раце се назначени за ширење на Евангелието, и овие сили на темнината се особено активни кога вистината им се објавува на угледни и чесни луѓе. Така било кога намесникот на Кипар, Сергеј Павле, ја слушал пораката на евангелието. Намесникот ги повикал апостолите за да го запознаат со пораката што дошле да ја објават. Тогаш силите на злото, дејствувајќи преку маѓесникот Елим, се обиделе со своите убиствени сугестии да го одвратат од верата и со тоа да ги оневозможат Божјите намери.

„Така паднатиот непријател секогаш работи за да ги задржи во своите редови влијателните луѓе кои, ако се обратат, можат во голема мера да му послужат на Божјото дело“.
— Делата на апостолите, 123.

Понеделник — 15. јули
2. ПОТРЕБА ОД ХРАБРОСТ

а. Како Господ ја благословил неверојатната храброст со која Павле му се спротивставил на маѓесникот Елим? Дела 13,9–12.

„Иако изложен на жестоки напади од сатаната, Павле имал храброст да го укори оној преку кого непријателот работел… „Маѓесникот ги затворил очите и покрај очигледните докази на евангелската вистина, а Господ, во својот праведен гнев, сторил да се затворат и неговите физички очи, лишувајќи го од дневната светлина. Ова слепило не било трајно, туку привремено, за да му послужи како опомена да се покае и да побара прошка од Бога кого толку тешко го навредил“ (Делата на апостолите, 123).

„Елим не бил образован човек, но бил необично подесен да врши сатанско дело. Оние што ја проповедаат Божјата вистина, ќе наидат на препреден непријател во најразновидни облици“.
— Делата на апостолите, 124.

б. На кои следни места апостолите го посеале семето на Евангелието и што се случило со Јован Марко? Зошто овој млад човек, слично на многу славољубиви почетници во мисионерската работа, имал вакви потешкотии? 2 Тимотеј 2,3.

„Павле и Варнава навикнале со сигурност да се потпрат врз Божјата сила која секогаш ги избавувала. Срцата им биле исполнети со топла љубов кон душите што пропаѓаат. Како верни пастири кои ги бараат загубените овци, тие и не помислувале на некаква своја удобност. Заборавајќи на себе, тие не се колебале ниту пак губеле храброст кога биле уморни, гладни и настинати. Пред очи имале само една цел – спасување на оние што далеку заталкале од стадото.

„Така Марко, совладан од страв и малодушност, се поколебал извесно време во својата намера со сето срце да му се посвети на Господовото дело. Ненавикнат на тешкотии, се обесхрабрил од постојаните опасности и од оскудицата на патот. Тој работел со успех под поволни околности, но сега, соочен со постојаните противења и опасности што толку често ги опсипуваат работниците пионери, тој не успеал да ги издржи тешкотиите, како добар војник на крстот“ (Делата на апостолите, 124).

„Марко не отпаднал од христијанската вера, но како мнозина млади проповедници, тој се повлекол пред тешкотиите и повеќе го преферирал комфорот и сигурноста на својот дом отколку патувањата, напорите и опасностите од мисионерската работа. Ова напуштање ја предизвикало Павловата неповолна и остра осуда за подолго време“.
— Записи од животот на Павле, 46.47.

Вторник — 16. јули
3. НОВИ ПОЧИТУВАЧИ НА САБОТАТА ПРИСТАПУВААТ ВО РЕДОВИТЕ

а. Каде Павле и Варнава го започнале своето проповедање во Антиохија и кој најмногу го ценел сето она што тие го говореле? Дела 13,14.42–45.

б. Опишете го однесувањето на верниците и покрај силното противење. Дела 13,46–52. Какви поуки треба да извлечеме од советот кој Христос им го дал на своите верни следбеници, однапред предвидувајќи ваков судир? Матеј 10,23.

„Кога ќе нè изведат пред судовите, ние не треба да се повикуваме на своите права, освен ако постапувајќи така не дојдеме во судир со Бога. Не е наше да се залагаме за своите права, туку за Божјо право со кое Тој законито ја бара нашата служба. Наместо да пружиме отпор за казнувањето кое неправедно ни се наметнува, подобро е да го послушаме Христовиот совет: (Мат. 10,23)“.
— Спалид и Меган колекција, 26.

в. Како се нарекувало следното место во кое Павле и Варнава дошле, и на што таму наишле? Дела 14,1.2. Што можеме, покрај сè, да научиме од нивниот успех? Дела 14,3.

„Пријателите на апостолите, иако неверни, ги предупредиле (Павле и Варнава) какви планови имаат злонамерните Евреи и ги повикале да не се излагаат непотребно на нивниот бес, туку со бегство да го спасуваат својот живот. Соодветно на тоа тие тајно ја напуштиле Иконија и ги оставиле верниците сами да се борат со противниците, верувајќи дека Бог ќе му даде победа на христијанското учење…

„Со оние кои учат дека барањата на Божјиот закон се задолжителни честопати, до одреден степен, се постапува како со апостолите во Иконија. Тие често се соочуваат со жестоко противење од страна на проповедниците и народот кои упорно ја одбиваат светлината испратена од Бога и со погрешна претстава и лага ја затвораат секоја врата преку која весниците на вистината би можеле да имаат пристап до народот…

„Во својата работа апостолите наидувале на секакви луѓе и на секакви верувања и религии. Се судирале со Еврејскиот фанатизам и нетолеранцијата, со маѓесниците, богохулниците, со неправедните судии кои сакале да ја искористат својата моќ, со лажните пастири, со суеверие и идолопоклонство. Иако на секој чекор наидувале на прогонство и противење, сепак нивните напори биле крунисани со успех и нови обратеници секојдневно пристапувале во христијанската вера“.
— Записи од животот на Павле, 54.55.

Среда — 17. јули
4. ЛИСТРА И ДЕРВА

а. Зошто наскоро станало неопходно Павле и Варнава да ја напуштат Иконија и што било карактеристично за оваа нова област во која дошле? Дела 14,4–7.

„Листра и Дерва, градови на Лиаконија… биле населени од страна на незнабожечки, суеверни луѓе, но и меѓу нив имало души кои со задоволство го слушале и прифатиле Христовото учење. Апостолите одлучиле да работат во тие градови затоа што тука не наидувале на еврејските предрасуди и прогонства. Тие сега дошле во контакт со целосно нов елемент – незнабожечко суеверие и идолопоконство… Во Листра немало Еврејска синагога, иако во местото имало неколку Евреи. Упадлива и значајна положба заземал храмот на Јупитер“.
— Записи од животот на Павле, 55.

б. Наведете пример како нечија вера може значително да придонесе во ширењето на евангелието. Дела 14,8–10. Каков бил одговорот на воодушевените, но сепак неуки луѓе кои го виделе тоа чудо? Дела 14,11–13.

„Павле и Варнава го проповедале учењето за Христа со голема сила и речитост, обајцата биле мошне забележливи во овој град. Лековерните луѓе поверувале дека тие се богови кои слегле од небото. Додека апостолите на луѓето кои се собирале околу нив им го објаснувале необичното верување, обожавателите на Јупитер се обиделе колку што тоа било во нивна можност да ги поврзат овие учења со своето суеверно верување“.
— Записи од жив. на Павле, 55.

в. Зошто било толку важно да не се дозволи ова погрешно сфаќање да продолжи? Дела 14,14–18; Кол. 2,8; Откр. 22,8.9.

„Не прифаќајте ласкање дури ниту во вашиот верски живот. Ласкањето е вештина која сатаната ја измислува за да го измами човечкото орудие наведувајќи го да има високо мислење за себе (Колосјаните 2,8). Пофалби, ласкање и одобрување придонесуваат за заведување на драгоцените души на погрешен пат повеќе од било која друга сатанска вештина.

„Ласкањето е дел од световната политика, но не и дел од Христовата политика. Преку ласкање бедните човечки суштества, полни со слабост и недостатоци, се наведуваат на заклучок дека се успешни и достојни за пофалба и стануваат надуени во својот телесен ум“.
— Темели на христијанско воспитување, 304.

Четврток — 18. јули
5. БОГ УПРАВУВА СО СИТЕ НАСТАНИ

а. Кои биле актерите кои – разгневени од чудото во Листра – за многу кратко време пристигнале во овој град, и на какво зло дело ги наговориле разочараните незнабошци? Дела 14,19.

„Разочарувањето кое овие идолопоклоници го доживеале кога апостолите не им дозволиле да им принесат жртви ги навело против овие Божји слуги да се свртат со негодување побурно од ентузијазмот со кој тие биле поздравени како богови. Злонамерните Евреи не се двоумеле максимално да го искористат суеверието и лековерноста на овие незнабошци во остварувањето на своите свирепи намери. Ги поттикнувале против апостолите да употребат сила; препорачувајќи да не им дозволат да зборуваат, заколнувајќи се дека овие, ако тоа им се дозволи, ќе го маѓепсаат народот со своето излагање.

„Жителите на Листра се нафрлиле врз апостолите со голем гнев и бес; насилно ги гаѓале со камења; и Павле, во модринки, пребиен, губејќи свест, помислил дека му дошол крајот. Мачеништвото и свирепото каменување на Стефан живо му излегувало пред очи во кое и самиот учествувал во таа прилика. Паднал на земјата навидум мртов, а разбеснетата толпа го извлекла неговото тело низ градската капија и го фрлила надвор од градските ѕидини“.
— Записи од животот на Павле, 60.61.

б. Кое неверојатно чудо го потврдило Божјиот благослов? Дела 14,20–23. Како овој чин на провидение во голема мера ги поттикнал апостолите да го продолжат делото? Дела 14,24–28; Малахија 3,16.17.

„Тимотеј бил обратен преку службата на Павле и бил очевидец на апостоловото страдање во оваа прилика. Стоејќи покрај неговото очигледно мртво тело, видел како станува изнаранет и облеан со крв, но од неговите усни не слушнал стенкање или негодување, туку одавање на благодарност на Исус Христос што дозволил да пострада за Неговото име“.
— Записи од животот на Павле, 62.

Петок — 19. јули
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Зошто е важно да се молиме за нашите мисионери?

2. Кои лекции ги учиме од човечките слабости на Јован Марко?

3. Што можеме да очекуваме сите кога им го препорачуваме Божјиот закон на оние на кои беззаконието им е во срцето?

4. Како оваа лекција ја открива непостојаната природа на идолопоклониците?

5. Со што Бог потврдува дека го одобрува ставот и напорите на апостол Павле?

2013 • 3. Квартал

4. лекција — Души плачат за вистината

27. јули 2013
„Преку ноќта Павле имаше видение: стоеше пред него еден човек, Македонец, кој го молеше и му велеше: ’Дојди во Македонија и помогни ни’“.
— Дела 16,9
„Господ повикува доброволци кои одлучно ќе застанат на Негова страна и кои со завет ќе се обединат со Исуса од Назарет да ја извршат токму онаа работа која треба да се изврши сега, токму сега“.
— Порака за младите, 198.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Делата на апостолите, 140-149.

Недела — 21. јули
1. СЕДНИЦА НА ГЕНЕРАЛНАТА КОНФЕРЕНЦИЈА

а. Што како мошне битно прво било ставено на дневен ред на седницата на генералната конференција во првата црква? Дела 15,1–6.

„Незнабошците, а особено Грците, биле мошне незауздени и развратни, па постоела опасност некои необратени во срцето, и покрај тоа што исповедале вера, да продолжат со својот лош начин на живеење. Христијаните од еврејско потекло не можеле да го толерираат неморалот кој незнабошците дури и не го сметале за некаков престап. Затоа Евреите сметале дека од обратените незнабошци, како доказ за нивната искреност и побожност, треба да бараат да го прифатат обрезувањето и церемонијалниот закон. На тој начин, според нивното верување, ќе спречат кон црквата да пристапуваат луѓе кои, прифаќајќи ја верата без вистинско обратување на срцето, можат подоцна да му нанесат срам на делото со својот неморален и неумерен живот.

„Токму оваа различност и сложеност на проблемите вплетени во решавањето на главното прашање Советот го ставале речиси перед несовладливи тешкотии. Меѓутоа, Светиот Дух, всушност, веќе имал вистинско решение за тоа прашање од кое, се чинело дека зависел не само напредокот на делото туку и самиот опстанок на христијанската црква“.
— Делата на апостолите, 143.

б. Каков бил, среде расправата, коментарот на Петар по ова прашање? Дела 15,7–11.

Понеделник — 22. јули
2. КЛУЧНИ ОДЛУКИ

а. Каква вест Павле и Варнава донеле на состанокот одржан во Ерусалим? Дела 15,12. Што треба ние да научиме од начинот на кој Јаков, како претседател, потоа ги применил овие вести во формирањето на резолуцијата? Дела 15,13–21.

„Светиот Дух видел дека е добро на обратените незнабошци да не им се наметнува церемонијалниот закон и мислењето на апостолите во врска со тоа прашање било во согласност со Божјиот Дух. Јаков претседавал со Советот и неговата конечна одлука гласела: ’Затоа јас мислам дека не треба да им прават мачнотии на незнабошците, кои се обраќаат кон Бога‘ (Дела 15,19).

„Така е завршена дискусијата. Овој пример го побива и тврдењето на Римокатоличката црква дека Петар бил глава на црквата. Оние кои, како папата, тврдат дека се негови наследници, за таа своја претензија немаат основа во Библијата. Во животот на Петар нема ништо со што би се докажало дека тој бил над своите браќа, како намесник на Севишниот. Кога оние што тврдат дека се Петрови наследници би го следеле неговиот пример, тие секогаш би се задоволиле со тоа да останат рамноправни со своите браќа“.
— Делата на апостолите, 145.

б. Кој заклучок на крај сите го прифатиле? Дела 15,22–31. Зошто било толку важно да се нагласи дека дури и христијаните од незнабожечко потекло треба да се воздржат од консумирање на крвта на животните? 1 Мојс. 9,1–4; Левитска 3,17.

„Не била повикана целата христијанска црква да гласа по прашањето (дали да се примени церемонијалниот закон на незнабошците). ’Апостолите и старешините‘, влијателните, совесни луѓе, донеле и објавиле одлука која потоа без одлагање била општо прифатена од сите христијански цркви. Сепак, не биле сите задоволни со оваа одлука; постоела фракција на амбициозни и самоуверени браќа кои не се согласиле со ова. Овие луѓе на сопствена одговорност се вклучиле во делото. Во голема мера биле наклонети кон мрморење, кон изнаоѓање на грешки, предлагале нови планови и настојувале да го ослабуваат и да го уриваат делото на луѓето кои Бог ги ракоположил да го проповедаат евангелието. Црквата уште од почеток наидувала на вакви препреки и ќе наидува сè до крајот на времето“.
— Делата на апостолите, 146.

в. Кога дошло време сите да се вратат во нивните полиња на работа, што предизвикало спор помеѓу Павле и Варнава? Дела 15,36–38.

Вторник — 23. јули
3. НОВИ СОРАБОТНИЦИ

а. Која должност Павле набргу ја презел заедно со Сила, и кое момче Павле набргу го зел за свој соработник? Дела 15,39–41; 16,1–3.

б. Зошто Павле се чувствувал принуден да оди во Филипи, во Македонија? Дела 16,9–12. Во која смисла овој „македонски крик“ одекнува сè до нашите денови? Јован 4,35; Исаија 6,8.

„Во целиот свет луѓето копнежливо гледаат кон небото. Молитви, солзи и прашања се воздигаат од душите кои копнеат за светлина, милост, за Светиот Дух. Мнозина од нив се наоѓаат на прагот на небесното царство, чекајќи само да бидат воведени внатре“ (Делата на апостолите, 79).

„Бог е волен да прифати многу повеќе работници од скромните слоеви на животот, ако тие целосно се посветат во Негова служба. Мажи и жени треба да излезат да ја носат вистината на сите ’патишта и меѓу оградите‘ на животот. Не можат сите да поминат низ еден долг курс на едукација, но ако тие се посветат на Бога и учат од Него, можат и без тоа многу да направат за благослов на другите. Илјадници луѓе би биле прифатени доколку му се предадат на Бога… Нека нивните уши бидат отворени за Македонскиот крик“.
— The Southern Work, 16.17.

в. Како ние, во оваа наша зафатена генерација, треба да бидеме инспирирани од примерот на Лидија која се покажала како благослов за апостолите? Дела 16,14.15.40; 1 Петрово 4,9.

„Лидија… и нејзиниот дом се обратиле и се крстиле, па најсесрдно им понудила на апостолите да живеат во нејзината куќа како во свој дом“ (Делата на апостолите, 161).

„Дури и нашиот народ не ги користи можностите кои му се нудат за да ја покаже својата гостољубивост и не гледа на таа особина како што би требало – како на предност и благослов. Премалку има меѓусебна дружељубивост, премалку волја зад семејната трпеза да се примат уште двајца или тројца, без засраменост или парадирање. Некои се изговараат дека ’тоа им задава премногу грижа и труд’. До тоа не би дошло, кога би кажале: ’Не подготвивме ништо посебно, но добредојдени сте на она што го имаме‘. Неочекуваниот гостин многу повеќе го цени срдечниот пречек, отколку најдеталната подготовка“.
— 6 Сведоштво, 316.

Среда — 24. јули
4. СВЕДОЧЕЊЕ СО ЛИЧЕН ПРИМЕР

а. Зошто Павле и Сила биле фрлени во затвор и како се постапувало со нив? Дела 16,16–24. Што тие правеле таму? Дела 16,25.

„Апостолите биле оставени во мошне болна состојба. Нивните изнаранети и крвави грбови биле во контакт со грубиот камен под, додека нозете им биле подигнати и цврсто врзани за клада. Во оваа неприродна положба биле изложени на екстремна тортура, но сепак не воздивнувале ниту пак се жалеле туку разговарале храбрејќи се меѓусебно, го славеле Бога што се удостоиле да трпат срамота поради Неговото омилено име.

„Во црната како катран темнина и пустелија на занданата, Павле и Сила се молеле и пееле песни во слава на Бога. Другите затвореници со чудење ги слушале гласовите на молитвите и пофалбите кои допирале од внатрешноста на затворот. Тие биле навикнати да слушаат очајни крици на проколнување и пцуење кои ја разбивале ноќната тишина во затворот; но тие никогаш порано не слушнале зборови на молитви и пофалби кои се издигале од мрачната ќелија. Стражарите и затворениците не можеле да се начудат кои се овие луѓе кои, и покрај таквото мачење, глад и студ, сè уште можеле да се радуваат и радосно да разговараат еден со друг“.
— Записи од животот на Павле, 75.76.

б. Што се случило кога Павле и Сила го славеле Бога во занданата? Дела 16,24–36. Каква е таа поука за нас? Матеј 5,44–46.

„Апостолите можеле да побегнат кога земјотресот ги отворил вратата на затворот и ги ослободил од нивните окови, но тие во тој случај би биле сметани за криминалци, со што би нанеле срам на Христовото Евангелие… Филипјаните можеле да го препознаат благородништвото и великодушноста на апостолите токму преку нивниот начин на постапување, особено во нивната воздржаност да се жалат на повисоката власт заради свирепото постапување со нив. Веста за нивното неправедно апсење и чудесното избавување одекнала ширум целиот регион и тоа го свртело вниманието на мнозина кон апостолите и нивната работа до кои тие на друг начин не би можеле да допрат“.
— Записи од животот на Павле, 80.81.

Четврток — 25. јули
5. РАДОСТ ЗАТОА ШТО СТРАДАЊЕТО ДОНЕЛО РОД

а. Зошто апостолите го напуштиле Филипи, иако не набрзина? Дела 16,35–39. Каков во меѓувреме бил плодот од Павловото залагање во Филипи? Фил. 1,1.2.

„Напорите на Павле во Филипи резултирале со формирање на тамошна црква чиј број постојано се зголемувал. Неговиот пример на ревност и посветеност, а перед сѐ, неговата подготвеност да страда заради Христа, оставале трајно и длабоко влијание врз обратените верници. Тие високо ги ценеле драгоцените вистини за кои апостолот толку многу се жртвувал и со сето срце се посветил во делото на својот Откупител“.
— Записи од животот на Павле, 81.

б. Како Павле гледал на верниците во Филипи, и како ги поттикнувал во поглед на прогонствата со кои ќе се соочат? Фил. 1,3–7.27–30.

в. На што и ние, слично на Филипјаните, треба да се фокусираме? Фил. 2,5–11; 4,6–8. Кое сведоштво на Павле може да нѐ инспирира и нас? Фил. 3,7–11.

„Излевањето на Светиот Дух на денот Педесетница го претставувал раниот дожд, но позниот дожд ќе биде многу пообилен. Светиот Дух очекува да го побараме и да го добиеме. Христос повторно мора да се открие во сета полнота преку силата на Светиот Дух. Луѓето ќе ја препознаат вредноста на скапоцениот бисер и ќе кажат заедно со апостол Павле: ’Но тоа што беше за мене придобивка, поради Христос го сметав за загуба. Затоа, сметам дека и сè друго е загуба спрема преважното познание на Христос Исус, мојот Господ, поради Кого се одреков од сè, и сè сметам за отпад, само за да Го придобијам Христос‘ (Фил. 3,7.8)“.
— Христовите поуки, 95.

Петок — 26. јули
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Зошто христијаните од еврејско потекло инсистирале христијаните од нееврејско потекло да бидат обрезани?

2. Како Бог ја водел седницата на водечките луѓе во Ерусалим исправно да постапат со овој проблем?

3. Дури и ако не сме во состојба лично да одговориме на ’Македонскиот крик‘, на кој начин Лидија може да нѐ инспирира?

4. Со што бил подготвен патот за обраќање на затвореникот во Филипи и неговото семејство?

5. Кој Павлов став и нам ни е неопходен за да го добиеме позниот дожд?

2013 • 3. Квартал

5. лекција — Солун, Верија и Атина

3. август 2013
„Туку, како што Бог нè удостои да ни Го довери Евангелието, така и зборуваме – не за да им угодуваме на луѓето, туку на Бога, Кој ги испитува срцата наши“.
— 1 Сол. 2,4
„Христовите гласници мора да се вооружат со будност и молитва и со вера да одат напред непоколебливо и храбро во името на Исус, продолжувајќи го своето дело како што тоа го чинеле апостолите. Тие мора на светот снажно да го објават предупредувањето учејќи ги припадниците на Божјиот народ што е грев, укажувајќи им на Исуса Христа како на голем и единствен лек против тоа“.
— Записи од животот на Павле, 86.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Делата на апостолите, 172-182.

Недела — 28. јули
1. ВИСТИНА И ПОСЛЕДИЦИ

а. Какви победи за Христа беа постигнати преку Павле по неговото прво пристигнување во Солун, уште еден град во Македонија? Дела 17,1–4.

б. Што ние треба да научиме од начинот на кој некои неверни Евреи им создавале проблеми на верниците? Какво обвинение тие изнесувале против апостолите? Дела 17,5–8; 1 Петр. 4,12–16.

„Оние кои ја проповедаат непопуларната вистина и во наши денови ќе мора да наидуваат на противење како и апостолите. Тие не треба да очекуваат поповолен прием од поголемиот дел на таканаречените христијани отколку Павле од своите еврејски браќа. Тие ќе се здружат со противничките елементи против нив; бидејќи колку и да се разликуваат едни од други во мислењето и вероисповедта, нивните сили се обединети во газење под нозе на четвртата заповед од Божјиот закон.

„Оние кои не ја прифаќаат вистината најревно се залагаат и другите да не ја примат; и тие се мошне истрајни во фабрикување на лаги и поттикнување на најниски страсти кај луѓето за да ја направат Божјата вистина неделотворна“.
— Записи од животот на Павле, 86.

Понеделник — 29. јули
2. БЛАГОРОДНОСТА НА ВЕРИЈЦИТЕ

а. И покрај лажните тврдења против него, како Павле го опишува вистинскиот начин на своето проповедање на евангелието во Солун? 1 Сол. 2,1–8. Зошто Павле времето поминато во тој град го сметал за успешно? 1 Сол. 1,5–10.

„Павле бил вистински адвентист, тој значењето на второто Христово доаѓање го претставил со таква моќ и образложување, и тоа на умот на Солуњаните оставило длабок впечаток кој не можел никогаш да се избрише“.
— Записи од животот на Павле, 83.

б. Што било забележано за Евреите во Верија, градот во кој браќата ги испратиле Павле и Сила во текот на ноќта? Дела 17,10–12. Како може ставот на Веријците да биде инспирација за нас денес?

„Умот на Веријците не бил стеснет од предрасудите; тие биле подготвени да ги прифатат вистините проповедани од апостолите но и да истражуваат по Писмото. Кога луѓето од нашето време би го следеле примерот на благородните Веријци во секојдневното претражување на Писмото и во споредување на пораките кои им се изнесуваат со она што е напишано, ќе има илјадници лојални на Божјиот закон таму каде што денес има еден“ (Записи од животот на Павле, 88).

„Слично на благородните Веријци, ние треба внимателно и со молитва да го истражуваме Писмото, за да се запознаеме со она што вели Господ. Ние треба да истражуваме, не она што проповедникот, црквата или некој наш личен пријател можат да кажат, туку што вели Господ“.
— Знаците на времето, 26. ноември, 1885.

в. Откако слушнале дека Евреите од Верија биле длабоко импресионирани од вистината, каква акција презеле неверните Евреи од Солун? Дела 17,13.

„Неверните Евреи од Солун, исполнети со завист и омраза кон апостолите, не се задоволиле само со тоа што ги протерале од нивната работа во Солун, туку тргнале по нив и во Верија и повторно ги разгореле возбудата и страстите на пониската класа за да ги малтретираат. Учителите на вистината повторно биле протерани од своето поле на работа. Прогонство ги следело од град во град“.
— Записи од животот на Павле, 88.

Вторник — 30. јули
3. ВО РЕГИОНОТ НА АХАЈА

а. Поради прогонствата во Солун, што браќата одлучиле да направат со Павле? Дела 17,14.15; Дела 22,21.

„Овој верен апостол и покрај силното противење, конфликти и прогонства непоколебливо продолжил да ја остварува Божјата намера, како што му била откриена во визијата во Ерусалим: ’И ми рече: ‚Оди! Јас те праќам далеку – кај незнабошците‘“.
— Записи од животот на Павле, 88.89.

б. Какви чувства го обзеле Павле додека во Атина ги чекал Сила и Тимотеја? Дела 17,16; 1 Сол. 3,1.

„Градот Атина била метропола на многубошците. Тука Павле не се среќавал со неуко, лековерно население, како во Листра, туку доаѓал во судир со луѓе познати по нивната интелигенција и образование… Додека Павле ја посматрал убавината и величественоста околу него, и видел дека градот е преполн со идоли, неговиот дух се возбудил со ревност за Бога, кој очигледно бил обесчестен на сите страни.

„Неговото срце било трогнато со длабока жал за жителите на таа голема метропола кои, и покрај нивната интелектуална величина, биле целосно предадени на идолопоклонство… Во неговото послание до Солуњаните ги искажал своите чувства со овие зборови: ’Не можејќи веќе да трпиме, сметавме дека ќе биде добро во Атина да останам сам‘“.
— Записи од животот на Павле, 89.90.

в. Каков предизвик за Павле претставувала средбата со високо образованите грчки филозофи? 1 Коринтјаните 1,22.

Среда — 31. јули
4. ЛОГИКА И РАСУДУВАЊЕ НА ЗДРАВИОТ РАЗУМ

а. Зошто Павле за Атињаните претставувал извор на љубопитност? Дела 17,17–21.

„Религијата на Атињаните, со која тие толку се фалеле била безвредна, затоа што била лишена од познавањето на вистинскиот Бог. Во голем дел таа се состоела од обожавање на уметноста и била круг на расипнички забави и празнувања. Тука немало доблести на вистинска добрина. Вистинската религија им дава на луѓето сила да се победат самите себе, додека на религијата на интелектот и на вкусот и недостасуваат квалитети од суштинско значење…

„Стоиците и епикурските филозофи се впуштиле во отворена препирка со него, но тие и сите останати кои дошле во контакт со него набргу виделе дека тој располага со знаење далеку поголемо од нивното“.
— Записи од животот на Павле, 91.92.

б. Какво резонирање користел Павле во обраќањето? Дела 17,22–31.

„Вдахновението овде ни дава поглед во животот на Атињаните, кои и покрај сето нивно знаење, префинетост и уметност, сепак потонале во порок, за да можеме да видиме како Бог преку својот слуга го прекорил идолопоклонството, гордоста и гревовите на човечкото самозадоволство. Зборовите на Павле претставуваат споменик на правилно искористување на укажаната можност… Тој нивните мисли внимателно ги одвратил од нивните незнабожечки богови, откривајќи им го вистинскиот Бог на кого тие настојувале да му служат но Тој им бил непознат“.
— Записи од животот на Павле, 97.

в. Опишете ја реакцијата на речиси сите што слушале и резултатот? Кои две имиња се спомнуваат како исклучоци? Дела 17,32–34.

Четврток — 1. август
5. ИЗБЕГНУВАЊЕ НА ИНТЕЛЕКТУАЛНАТА СУЕТНОСТ

а. Зошто Атињаните не можеле да го разберат Павле? Кое начело Исус го објаснил? 1 Коринтјаните 2,12–14; Јован 7,17.

б. Бидејќи старогрчките вредности и денес ги проникнуваат системите, што треба да имаме на ум? 1 Коринтјаните 3,18–20; Ерем. 9,23.24.

„Христијанското знаење носи свој печат на немерлива супериорност во сѐ што се однесува на подготовката за идниот, бесмртен живот. По тоа истражувачите на Библијата и верникот, кој го прифатил драгоценото благо на вистината, суштински се разликуваат од скептикот и од оние кои веруваат во паганската филозофија. Држете се до правилото: ‘Напишано е’. Исфрлете ги од своите мисли опасно наметливите теории“ (RH, 10. ноември 1904).

„Умот кој е непрепороден и земен не наоѓа задоволство во размислувањето за Речта Божја; но за умот обновен од страна на Светиот Дух, божествена убавина и небесна светлина блескаат од светите страници. Она што за земниот ум е ненаселена пустина, за духовниот ум станува земја на живи извори“.
— Знаците на времето, 10. октомври, 1906.

Петок — 2. август
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Каков исход мора да се очекува од страна на сите кои ја објавуваат непопуларната вистина?

2. Како ние денес треба да се угледаме на примерот на благородните Веријци?

3. На кој начин идеологијата на Атињаните се повторува и во нашите денови?

4. Објасни зошто Павле бил толку внимателен кога им се обраќал на идолски настроените Атињани?

5. Во што се наоѓа нашата заштита во денешната ера кога паганството е толку раширено?

2013 • 3. Квартал

6. лекција — Коринт

10. август 2013
„Зашто од многу грижи и од тага на срцето ви пишував со многу солзи, не за да ве ожалостам, туку за да ја познаете преголемата љубов што ја имам кон вас“.
— 2 Коринтјаните 2,4
„Ниеден човек кој некогаш живеел не бил посрдечен, поенергичен и посамопожртвуван Христов ученик отколку што тоа бил Павле… Тој горел од желба на луѓето кои пропаѓаат да им го пренесе знаењето за вистината преку Спасителовата љубов“.
— Записи од животот на Павле, 100.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Делата на апостолите, 183-191; 222-229.

Недела — 4. август
1. МИСИОНЕРСКИ ИЗРАБОТУВАЧ НА ШАТОРИ

а. Каков благослов Господ подготвил за Павле по неговото пристигнување во Коринт? Дела 18,1–3. Што треба да сфатиме за ситуацијата во која Павле се наоѓал?

„(Павле) со сета душа бил посветен во Божјото дело, но се прехранувал и со својот скромен занает за да не ги оптоварува црквите кои биле притиснати со сиромаштија. Иако основал многу цркви, тој одбил да биде помогнат од нив, плашејќи се дека неговата корисност и успех како Христов проповедник би можеле да бидат осуетени поради сомневањата дека тој Евангелието го проповеда заради добивка. Сакал од неговите непријатели да го отстрани секој повод погрешно да го прикажат и на тој начин да ја неутрализираат силата на неговата порака.

„Како работник во Евангелието, Павле имал право на поддршка, а не самиот да се издржува; но од ова право тој бил подготвен да се откаже. Иако со слабо здравје, тој по цел ден напорно работел во Христовото дело, а потоа мачно се напрегал до некое доба од ноќта, а често и по цела ноќ, за да може да ги обезбеди и своите и туѓите животни потреби. Апостолот исто така сакал да даде пример на христијанска служба, издигајќи го достоинството на марливата работа. Додека на таков начин проповедал и работел, тој ги прикажувал највозвишените обележја на христијанството“.
— Записи од животот на Павле, 101.

Понеделник — 5. август
2. ДЕЛОТО СЕ ПРОШИРУВА…

а. Додека се наоѓал во Коринт, кого Павле убедувал во синагогата секоја сабота? Дела 18,4.5. Каква одлука донел таму, и како Господ го охрабрил својот слуга во тој тежок период? Дела 18,6–11.

б. Опишете ги следните тешкотии со кои Павле се соочувал, и како Бог ги благословил неговите напори? Дела 18,12–23.

в. Што можеме да научиме од меѓусебната љубов и меѓусебното почитување на Павле, Акила и Прискила и начинот на кој Бог можел да ги искористи сите тројца на Негова слава? Дела 18,24–28; 1 Коринтјаните 3,22.23; 4,6.

„Акила и Прискила, слушајќи ги излагањата на Аполос, забележале дека неговите учења биле неисправни. Тој не ја познавал темелно Христовата мисија, Неговото воскресение и вознесение, и работата на Неговото Дух, Утешителот кој Тој го испратил долу да остане со Неговиот народ по Неговото отсуство. Затоа тие биле испратени да го поучат овој образован говорник; и Аполос како таков со задоволство и со изненадувачка благодарност и радост се согласил тие да го поучуваат. Благодарение на нивното учење тој добил појасно разбирање на Светите списи и станал еден од најспособните поборници на христијанската црква. На тој начин еден образован и брилијантен говорник посовршено го запознал патот Господов благодарение на поуките примени преку еден христијанин и христијанка чиешто скромно занимање било изработка на шатори“ (Записи од животот на Павле, 119).

„Акила и Прискила не биле повикани сето свое време да го посветат на проповедање на Евангелието, но сепак Бог ги употребил овие понизни работници да му го покажат на Аполос патот на вистината. Господ употребува разни орудија за остварување на своите намери. Додека некои надарени луѓе се одбрани сите свои сили да ги посветат за ширење и проповедање на Евангелието, многу други, кои никогаш не биле ракоположени од страна на човечки раце, се повикани да одиграат значајна улога во спасувањето на душите“ (Делата на апостолите, 263).

„Пред евангелските работници, кои сами се издржуваат, се отвора широко поле на работа. Мнозина можат да стекнат драгоцено искуство во службата на Евангелието, иако еден дел од времето го поминуваат во некоја физичка работа, и така тие стануваат добри работници во значајната служба на оние полиња каде што за тоа се чувствува потреба“.
— Делата на апостолите, 264.

Вторник — 6. август
3. ДА НЕ СЕ ИЗГУБИ ФОКУСОТ

а. Откако талентираниот Аполос започнал верно да ја извршува својата работа како апостол во Коринт, што почнало да се случува меѓу верниците во тој град? 1 Коринтјаните 1,10–13.

б. Кои точки Павле бил принуден да им ги разјасни на Коринтјаните во поглед на суетноста на човечките учења и ограниченото знаење? 1 Коринтјаните 1,17–31.

в. Иако Павле лесно можел да зборува на таков начин што ќе ги импресионира со својата ученост, како неговиот ограничен успех во Атина влијаел врз него да се обиде со поинаков метод на работа? 1 Коринтјаните 2,1–5.

„Проповедајќи го евангелието во Коринт, апостолот (Павле) зазел став различен од оној што ја одбележал неговата работа во Атина. Додека бил во Атина се трудел неговиот стил на работа да го прилагоди кон карактерот на неговата публика. На логиката одговарал со логика, на науката со наука, на филозофијата со филозофија. Кога размислувал за времето што го поминал таму и кога сфатил дека неговото учење во Атина донело малку плодови, решил да го измени планот на работа во Коринт. Настојувајќи да го привлече вниманието на рамнодушните и безгрижните, тој решил да ги избегнува подробните аргументи и дискусии и меѓу Коринтјаните да не знае ништо друго ’освен за Исус Христос и тоа – Распнатиот‘ (Делата на апостолите, 184).

„Павле бил мошне речит говорник. Пред своето обратување често се трудел со својот исклучителен говорнички дар да остави силен впечаток врз слушателите. Но сега сето тоа го оставил на страна. Наместо да се впушта во поетски описи и мечтаења, кои можат многу да им годат на сетилата и да ја потхрануваат мечтата, но кои не го ни допираат секојдневното искуство, Павле се обидел со едноставен јазик да ги втисне во срцата вистините кои се од клучно значење“.
— Делата на апостолите, 189.

Среда — 7. август
4. ОДБИВАЈТЕ ДА СТАНЕТЕ РИВАЛИ

а. Кои принципи Коринтјаните морале да ги научат во поглед на Божјите апостоли – и како тоа можеме да го примениме во нашата средина денес? 1 Коринтјаните 3,1–10. Како мудро бил решен овој проблем? 1 Коринтјаните 16,12.

„Нема посилен доказ дека библиската вистина не ги посветила припадниците на црквата од нивната слепа приврзаност кон некој омилен проповедник и нивната неподготвеност да ги прифатат напорите на некој друг учител, кои би можеле за нив да бидат мошне корисни. Господ на својата црква и праќа помош каква им е потребна, а не каква тие ќе изберат; бидејќи кратковидите смртници не можат да спознаат што е најдобро за нив.

„Во деновите на апостолите имало и такви кои тврделе дека веруваат во Христа, но одбиле да им дадат должна почит на Неговите амбасадори. Тие тврделе дека не им е потребен никаков човечки учител, бидејќи наводно директно се научени од Христа… Постоела опасност овој партиски дух да ја уништи христијанската црква.

„Аполос и Павле биле во совршена хармонија; но подоцна бил разочаран и нажален поради раздорот во црквата. Тој не ја користел можноста за првенство која му е укажувана ниту пак го охрабрувал тоа, туку набрзина го напуштил теренот на расправиите. Кога Павле подоцна побарал од него да го посети Коринт, тој одбил и не работел повторно таму сè додека црквата не постигнала подобра духовна состојба“.
— Записи од животот на Павле, 127.128.

Четврток — 8. август
5. ПОДИГАЊЕ НА КРИТЕРИУМИТЕ

а. Какви апели Павле упауувал до совеста на Коринтјаните кои, по природа, во голема мера биле склони кон сладострасност? 1 Кпр. 3,16.17; 6,13-20; 9,25-27.

б. Што често доживуваат искрените учители на реформацијата? 2 Коринтјаните 11,29.30; 12,15. Кога Павле почувствувал дека на Коринтјаните во нивната борба неговата лична посета не би била од голема корист, што тој направил? 2 Коринтјаните 2,4; 8,16.17.

„Кога Павле го пратил Тит во Коринт да ги зацврсти тамошните верници, тој го поучил црквата да ја изградува во благодатта на дарежливоста… Несебичната дарежливост предизвикала верижни изливи на радост во првата црква, зашто верниците знаеле дека нивните напори помагаат пораката на евангелието да им се упати на оние кои уште се наоѓаат во темнина. Нивното доброчинство сведочело дека не ја примиле напразно Божјата благодат. Духовниот напредок е тесно поврзан со христијанската великодушност. Христовите следбеници треба да се радуваат што со својот живот можат да го откриваат доброчинството на својот Откупител“.
— Делата на апостолите, 255.

в. Какви упатства во поглед на ширењето на евангелието во нови области и одржувањето на неговата чистота, Павле му напишал на Тит? Тит 1,5–9; 2,11–15; 3,9–11.

Петок — 9. август
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Каква инспирација Павловиот пример претставува за сите кои работат со свои раце за живот?

2. Објасни како работата на скромниот брачен пар, Акила и Прискила, можела да донесе толку далекусежен плод?

3. Што можеме да научиме од Павловото настојување во стремежот да ги придобие интелектуалците во Коринт?

4. Со што може да се упропасти делотворноста на различните дарови во црквата?

5. Зошто е толку важно да се воздигаат библиските критериуми на однесување во црквата?

2013 • 3. Квартал

7. лекција — Галатија и Ефес

17. август 2013
„Не учествувајте во бесплодните дела на темнината, туку изобличувајте ги! Зашто за она што го прават скришум, срамно е и да се зборува. А сè што е изобличено, светлината го прави јавно; бидејќи сè што е јавно, светлина е“.
— Ефесјаните 5,11-13
„Доброто и злото никогаш не можат да се усогласат. Помеѓу светлината и темнината не може да постои никаков компромис. Вистината е откриена светлина; заблудата е темнина“.
— Во небесните пространства, 260.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Делата на апостолите, 210-221; 283-287.

Недела — 11. август
1. ТАЈМИНГОТ НА БОЖЈАТА ПРОМИСЛА

а. Која област (релативно малку се спомнува во книгата Делата на апостолите) била вклучена во рамките на мисионерските патувања на Павле? Дела 16,6; 18,23.

б. Каде на Павле му било забрането да оди? Дела 16,7. Што покажува дека таму имало евентуални успеси и каква поука тоа содржи за нас? 1 Петр. 1,1.2.

„Вистинските работници одат и работат со вера. Гледајќи како работата бавно напредува, тие понекогаш чувствуваат замор. Но ако не подлегнат и не ја загубат храброста, ќе видат како облаците се растураат и како се остварува ветувањето за ослободување. Преку маглата со која сатаната ги обвил, тие ќе ги видат сјајните зраци на Сонцето на Правдата.

„Работете со вера и препуштете му ги резултатите на Бога. Молете се со вера и тајната на Неговото провидение ќе даде одговор. Можеби понекогаш ќе ви се чини дека нема да успеете. Но работете и верувајте, внесувајќи во својата работа вера, надеж и храброст. Откако ќе го направите она што можете, чекајте на Господа, надевајте се на Неговите ветувања и Тој ќе ја оствари својата Реч. Чекајте, не грижливо, туку во бестрашна вера и непоколеблива доверба“.
— 7 Сведоштво, 215.

Понеделник — 12. август
2. СПРАВУВАЊЕ СО РАЗЛИЧНИ УМОВИ

а. Со какви остри зборови Павле го нападнал изворот на духовно фаталната криза меѓу Галатските верници? Галатјаните 1,6–9; 3,1–3; 4,9. Зошто Павле овде постапил поинаку отколку со Коринтјаните?

„Коринтјаните биле совладани од искушението и измамени од страна на лукаво софистицираните учители кои под маската на вистината ги изнесувале заблудите. Тие станале дезориентирани и збунети. За да ги научат да го разликуваат лажното учење од вистинското, нивните учители морале да бидат мошне внимателни и трпеливи. Грубоста или непромислената избрзаност би го уништиле нивното влијание врз оние кои настојувале да послужат на благослов.

„Во Галатските цркви, верата на Евангелието била отворено потисната со демаскирана заблуда. Поради застарените церемонии на јудаизмот луѓето практично се одрекувале од Христа, кој е вистински темел на вистинска вера. Апостолот видел дека мораат да се преземат решителни мерки за тие цркви да се спасат од опасните влијанија кои им се заканувале. Им упатувал најостри предупредувања за да ги вразуми и осведочи за нивната вистинска состојба“.
— Записи од животот на Павле, 189.190.

б. Во желбата да им сведочиме на другите и да ги придобиеме за Христа, какво разликување треба секогаш да имаме на ум? Јуда 21–23.

„При секое вистинско поучување личниот елемент е од суштинско значење. Христос, како учител, ги подучувал луѓето поединечно. Токму со личен контакт и дружење Тој ги обучил дванаесеттемина. Токму во четири очи, често пред само еден слушател, ги давал своите најскапоцени совети. На почесниот рабин при ноќниот разговор на Маслинската гора, на презрената жена на Сихарскиот бунар Тој им ги отворил своите најбогати богатства затоа што кај тие слушатели открил приемчиво срце, отворен ум и чувствителен дух. Дури ни мноштвото кое толку често се туркало по Неговите стапки, за Христа не била маса на неселективни луѓе. Тој му говорел директно на секој ум и се обраќал на секое срце. Ги посматрал лицата на своите слушатели, го забележувал блесокот на лицето, брзите и охрабрувачки погледи кои му говореле дека вистината допрела до душата; и како одговор на тоа, во Неговото срце ќе вибрирала жица на сочувствителна радост.

„Христос ги воочувал способностите на секое човечко битие“.
— Воспитување, 231.232.

Вторник — 13. август
3. ЦЕРЕМОНИИ ИЛИ ПРОМЕНА ВО СРЦЕТО?

а. Што сите мораат да сфатат за да се спасат? Галатјаните 3,7–9.27–29.

„Меѓутоа, во галатските цркви отворената и нескриена заблуда се заканувала целосно да ја потисне пораката на Евангелието. Вистинскиот темел на верата – Христос – бил практично отфрлен заради застарените церемонии на јудејството…

„Апостолот барал од Галатјаните да ги напуштат лажните учители кои ги завеле и да се вратат на верата која била придружувана со неоспорни докази на божествено одобрување. Луѓето кои настојувале да ги одвратат од верата во Евангелието биле лицемери, непосветени во срцето и расипани во животот. Нивната религија била созададена од низа церемонии и тие сметале дека со тие формалности ќе стекнат Божјо одобрување. Нив не ги привлекувало Евангелието кое барало да се прифати налогот: ’Ако некој не се роди одозгора, не може да го види царството Божјо‘ (Јован 3,3). Сметале дека религијата втемелена на таква доктрина бара премногу голема жртва и затоа цврсто се држеле за своите заблуди, мамејќи се и себеси и другите“ (Делата на апостолите, 285).

„На непрепородената природа и денеска, исто како и во времето на тие еврејски учители, ѝ одговара светоста на срцето и на животот да ја замени со надворешната форма на верата. И денес, како и тогаш, постојат лажни духовни водачи чиешто учење мнозина желно го слушаат. Сатаната вложува добро пресметани напори надежта на спасението условена со вера во Христа и со послушност на Божјиот закон наполно да ја истисне од човечкото срце. Архиизмамникот во сите векови своите искушенија ги прилагодувал кон предрасудите и склоностите на оние што сака да ги заведе. Во времето на апостолите Евреите ги наведувал да го издигаат церемонијалниот закон а да го отфрлат Христа; а денеска ги поттикнува таканаречените христијани, под изговор дека го почитуваат Христа, да го презрат моралниот закон, учејќи дека неговите одредби можат неказнето да се престапуваат. Должност на секој Божји слуга е најрешително да му се спротивстави на таквото изопачување на верата и со речта на вистината бестрашно да ги разобличува таквите заблуди“.
— Делата на апостолите, 286.

б. Додека мнозина денес се фаќаат за држење на церемонијалните празници, што ние треба да имаме на ум? Галатјаните 5,1.2.16–26.

„Христос, оставајќи им го на своите ученици обредот на миење на нозе, сакал за нив да го направи она што за нив било мошне потребно – преку таа служба да ги ослободи од ритуалите и церемониите кои тие до тогаш ги сметале како мошне важни, а кои прифаќањето на Евангелието ги направило неважечки. Продолжувањето на овие (стари Еврејски) ритуали би била навреда за Јехова“.
— RH, 14. јуни, 1898.

Среда — 14. август
4. РАБОТА ВО ЕФЕС

а. Зошто Павле требало повторно да крсти некои ученици во Ефес? Дела 19,1–7. Зошто тоа било оправдано?

„Кога (дванаесетте Еврејски верници во Ефес) биле крстени од рацете на Јован, тие ги задржале сериозните заблуди. Меѓутоа, кога добиле појасна светлина, тие со задоволство го прифатиле Христа како нивен Спасител; и со овој напредок во сознавањето дошло до промена во нивните обврски. Прифаќањето на почиста вера условило соодветна промена во нивниот живот и карактер. Во знак на оваа промена, а како признание на нивната вера во Христа, тие биле повторно крстени во името на Исус.

„Мнозина искрени следбеници на Исус Христос имале слично искуство. Појасното разбирање на Божјата волја го доведува човекот во нова врска со Него. Нови должности се откриваат. Мнозина кои пред тоа изгледале невини или дури достојни за пофалба, сега согледуваат дека се грешници“.
— Записи од животот на Павле, 132.

б. Опишете ја задачата на Павле во Ефес? Дела 19,8–10.

„Духот Божји работел со Павле во неговото залагање за своите сонародници. Доволно докази биле презентирани за да се убедат сите оние кои искрено посакувале да ја дознаат вистината. Но мнозина, дозволувајќи си себеси да бидат контролирани од страна на предрасудите и неверувањето, одбиле да попуштат и перед најубедливите докази. Плашејќи се дека верата на искрените верници би можела да биде загрозена поради постојаното дружење со овие противници на вистината, Павле ги одделил учениците како посебно тело и продолжил сам со својата јавна работа…

„Павле видел дека пред него се отвораат врата за ‘голема и успешна работа’ иако ‘имало многу противници’. Ефес не бил само најраскошен, туку и еден од најкорумпираните градови во Азија. Суеверието и сетилните задоволства го држеле во своја власт неговото многубројно население. Под сенката на своите идолски храмови наоѓале засолниште криминалци од секаков вид и цутеле најодвратни пороци.

„Градот бил познат по обожавањето на божицата Дијана и по практикување на магијата. Тука бил големиот храм на Дијана, кој од дамнина бил сметан како едно од светските чуда. Со своите огромни размери и ненадминлив сјај претставувал гордост, не само за градот, туку и на нацијата. Царевите и владарите го збогатувале со своите донации… Идолот кој бил чуван во ова раскошно здание бил еден груб, необработен лик, за кој преданието тврдело дека паднал од небото“.
— Записи од животот на Павле, 134.

Четврток — 15. август
5. ПРЕДИЗВИЦИ ВО ЕФЕС

а. Согледувајќи дека учењата на Павле нанесувале финансиска штета на неговиот потфат како производител на мали статуи на „Дијана“, што направил златарот Димитриј? Дела 19,23–27. Како народот реагирал на ова обвинение? Дела 19,28.29.

б. Иако Павле бил подготвен да се соочи со сериозна опасност, на што го натерале неговите браќа? Каква улога одиграл ковачот Александар? Дела 19,30–41; 2 Тимотеј 4,14.

в. Како Павле ја резимирал неговата работа во Ефес? Дела 20,17–38. Што можеме да научиме од предвидливоста на неговите завршни зборови?

„Со својата верност кон вистината, Павле предизвикал жестока омраза, но тој, исто така, бил и инспирација на најдлабока и најтопла љубов. Нажалените ученици длабоко загрижени за неговата и својата иднина, го испратиле на брод. На апостолот незадржливо му течеле солзи додека се разделувал со овие браќа, и откако се качил на бродот од брегот се слушал звук на плачење од оние кои дошле да го испратат. Со тешки срца старешините се свртеле кон своите должности, знаејќи дека не можат да очекуваат повеќе помош од оној кој чувствувал толку длабок интерес за нив и толку ревно се залагал за нив и за црквата која била доверена на негова грижа“.
— Записи од животот на Павле, 202.203.

Петок — 16. август
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Што секогаш треба да имаме на ум во врска со тајмингот на Божјата промисла?

2. Објаснете ја разликата помеѓу карактерот на Коринтјаните и Галатјаните?

3. Зошто луѓето се толку склони да паднат во церемонијализам и јудаизам?

4. Во која смисла Ефесјаните се слични на нашето општество денес?

5. Што можеме да научиме од начинот на кој Павле ги решавал тешкотиите со кои се соочувал?

2013 • 3. Квартал

8. лекција — Опкружен со опасности

24. август 2013
„Зашто нашата борба не е против крвта и телото, туку против началствата, против властите, против светските владетели на темнината на овој век: против духовните сили на злото во небесните места“.
— Ефесјаните 6,12
„Во извршување на своите должности и здобивање на победа ние треба да бидеме како војници, и не смееме да бидеме неупатени во поглед на сатанските лукавства. Да се молиме и будно да стражариме за да сатаната не нè заведе да заборавиме на нашата потреба за молитва“.
— Денес со Бога, 27.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Делата на апостолите, 288-302.

Недела — 18. август
1. ПРЕПОЗНАВАЊЕ НА НАТПРИРОДНИТЕ ДЕЛА

а. Објаснете ги необичните здравствено-мисионерски постапки на Павле кои потсетуваат на некои од Христовите чуда? Дела 19,11.12; Матеј 14,35.36; Лука 8,43–48.

„Апостолите не биле секогаш во состојба да прават чуда. Овие посебна сила Господ им ја давал на своите слуги кога тоа било потребно заради напредок на Неговото дело или честа на Неговото име. Господ на својот народ му давал докази за Својата сила дури и преку најобичните предмети. Во такви прилики делови од облеката претставувале лек за сите што верувале, ’и болестите ги напуштаа, а злите духови излегуваа од нив‘. Сепак овие чуда не давале никакво охрабрување за слепото суеверие. Кога Исус го почувствувал допирот на жената која страдала, Тој извикал: ’Некој се допре до Мене, зашто сетив дека излезе сила од Мене‘. Така Писмото кажува дека Господ ги чинел чудесата со рацете на Павле и дека е воздигано и славено името на Господ Исус, а не името на Павле.

„Манифестацијата на натприродната сила која ја пратила работата на апостолот имала за цел да остави длабок впечаток на оние кои се оддале на вражањето и гордо се фалеле дека одржуваат врска со невидливи суштества. Чудата на Павле биле далеку поубедливи од сè што било видено во Ефес и биле од таков карактер така што тие не можеле да бидат имитирани од вештината на магионичарите или гатањето на вражачите. На тој начин Господ го воздигнал својот слуга така што дури и самите идолопоклоници го признале за немерливо повисок од нивните најпопуларни вражачи“.
— Записи од животот на Павле, 135.136.

Понеделник — 19. август
2. ДРЕВНО И СОВРЕМЕНО ГАТАЊЕ

а. Како Христовото име било одбрането од срамното опаѓање на некои Евреи кои се спуштиле на ниво на магии? Дела 19,13–16. Како мнозина биле импресионирани од овој настан? Дела 19,17.18.

б. Што направиле мнозина новообратени верници кои некогаш практикувале магии? Дела 19,19.20. Зошто? Матеј 5,29.30; Ефес. 6,12.

„Кога Христовата благодат ќе изврши преобразба во срцето, душата на покајникот е обземена од оправдано негодување и згрозување над гревовите поради кои толку долго го занемарувал големото спасение кое Бог го обезбедил за него. Кога ќе ја види вистината тој ја прифаќа и секоја друга врска се раскинува. Тој, како и Ефесјаните, ќе се откаже од вражањето и ги пресекува последните нишки кои го врзувале за сатаната. Тој ги напушта редовите на кнезот на темнината и доаѓа под крвавото знаме на Кнезот Емануел. Тој ќе ги изгори магичните книги“.
— Упатства за младите, 16. септември, 1893.

в. Што мораме да сфатиме за многуте печатени, видео, ДВД и интернет содржини? Проповедник 12,12.13; 1 Тимотеј 6,20.21.

„Отфрлете ги измислените приказни, кои се плод на нечија фантазија и го оставаат умот отворен за маѓепсувачката власт на сатаната; ваков вид на читање создава неприроден апетит за измислени приказни кои на умот на читателот не му даваат никаква морална сила. Измислените приказни го оставаат умот и срцето на читателите лишени од Божјата благодат како што ридовите на Гелвуја биле лишени од роса и дожд. Нека секој кој сака со право да се нарече и биде Божјо дете ги изгори тие магиски книги…

„Книгите од перата на неверниците не треба да најдат место во библиотеките на оние кои сакаат да му служат на Бога. Тие подобро ќе направат ако ги искористат како материјал за нивните шпорети, отколку како храна за умот. Атеистичките книги биле причина за пропаста на многу души. Луѓето кои проучуваат такви книги инспирирани од сатаната, остануваат збунети во поглед на она што е вистина. Сатаната стои покрај секого кој отвора таква книга и поттикнува навика на читање на таква литература маѓепсувајќи ја душата до таа мера така што ќе биде речиси невозможно да се раскине со таквиот занес“ (Упатства за млад., 23. ноември, 1893).

„Сите оние кои ризикуваат впуштање во призори од развратно или безбожно задоволство или бараат друштво на сладострасник, скептик или богохулник, било со лични разговори или со посредство на јавни медиуми, печат и сето останато, сплеткарат со вражарството“.
— Записи од животот на Павле, 140.

Вторник — 20. август
3. НОВО ДОБА, ОКУЛТИЗАМ, СПИРИТИЗАМ

а. Колку врачaњето е сериозна одвратност во очите на Бога? Левитска 20,6.27; Второзаконие 18,9–12. Наведи некои од начините на кои овие гнасоби се практикуваат и денес?

„Еден претставник на големиот измамник ќе каже и ќе направи сè за да ја оствари целта на својот господар. Тој ретко кога ќе признае дека е спиритист, вражач или дека лекува со помош на таканаречениот ‘животински магнетизам’. Правејќи се дека многу знае, тој ја придобива довербата на невнимателните. Тој се прикажува како да ја чита историјата на животот и ги познава сите тешкотии и страдања на оние кои му се обраќаат за помош. Прикривајќи се во ангел на светлината, додека во срцето му е гробен мрак, тој покажува голем интерес кон жените кои копнеат по неговиот совет. Тој им кажува дека сите нивни проблеми се последица на несреќен брак. Ова може да биде исто така вистина, но ова нема да ја поправи нивната состојба. Тој им кажува дека им е потребна љубов и сочувство. Преправајќи се дека има голем интерес за нивната благосостојба, тој стекнува магиска моќ над своите жртви, и ги маѓепсува како што змијата ја маѓепсува затреперената птица. Набргу тие целосно паѓаат под негова власт; и гревот, срамот и пропаста претставуваат ужасен исход од сето тоа. Нашата единствена сигурност е во зачувувањето на ’старите меѓи‘“ (Христијанска умереност, 155).

„Оние кои веруваат во спиритизам можеби со презир зборуваат за некогашните вражачи, но големиот измамник победоносно се исмејува кога тие запаѓаат во неговите лукави стапици во поинаков облик. Некои со ужас ја отфрлаат помислата да се обратат на спиритистички медиум, но ги привлекуваат некои попријатни облици на спиритизам. Други пак се заведени од учењата на култот ’Христијанската наука‘ и од страна на мистицизмот на Теозофијата и другите источни религии. Проповедниците на скоро сите облици на спиритизам тврдат дека имаат моќ да исцелуваат. Тие таа моќ ја припишуваат на електрицитетот, магнетизмот на т.н. ’симпатетични лекови‘ и скриените внатрешни сили на човековиот ум“ (Пророци и цареви, 141).

„И во таканаречениот христијански свет, не е мал бројот на оние кои им се доверуваат на злите духови а не во силата на живиот Бог. Мајката која бдее над постелата на болното дете извикува: ’Повеќе не можам да направам ништо. Постои ли лекар кој може да го излечи моето дете?‘ Некој ќе ѝ раскаже за чудесното излекување на некој јасновидец или магнетен исцелител и таа своето дете го доверува на негова грижа, ставајќи го навистина во рацете на сатаната како тој да стои непосредно до неа. Во многу случаи идниот живот на детето е под контрола на сатанската моќ која е речиси невозможно да се совлада“ (5 Сведоштво, 179).

„Секој човек кој негува некоја позната заблуда, во вера или пракса, е под власта на магии“.
— Знаците на времето, 18. мај, 1882.

Среда — 21. август
4. ПАВЛЕ ПРОДОЛЖУВА ЗА ЕРУСАЛИМ

а. Иако Павле секогаш имал намера да оди во Ерусалим за да ги отстрани предрасудите на неговите еврејски сонародници, на што неговите браќа го предупредиле? Дела 21,3.4. Зошто тој сепак продолжувал напред? Дела 21,5; 2 Коринтјаните 5,7.

„Светиот Дух (на неколку ученици во Тир) открил нешто од опасностите кои го очекуваат Павле во Ерусалим, и тие настојувале да го одвратат од неговата намера. Но истиот Дух кој го предупредил за неволјите, оковите и затворот, сè уште го гонел напред, во доброволно заробеништво“.
— Записи од животот на Павле, 203.

б. Кое додатно просветлување дошло до Павле во Кесарија, и зошто сите биле потресени од неговиот трогателен одговор? Дела 21,8–15. Каква перспектива им нуди Христос на оние кои се спремни и на мачеништво? Лука 12,4.5.

„Апостолот бил длабоко потресен од молбите на неговите сакани браќа. Според човечко расудување тој имал доволно причини да се откаже од својот план како од нешто што не е разумно. Но тој чувствувал дека на тој пат бил поттикнат од послушноста на Божјата волја и не дозволувал да се одврати од советите на пријателите па дури и од предупредувањата на пророците. Тој не сакал да скршне од патот на должноста ниту надесно ниту налево. Морал да го следи Христа, ако затреба и во затвор и во смрт. Солзи му навирале на очи и заплакал не заради себе, туку во сочувство со своите браќа на кои неговата одлука им донела толку голема тага“.
— Записи од животот на Павле, 205.

в. Опишете ги резултатите по пристигнувањето на Павле во Ерусалим? Дела 21,17.18.

„Павле и неговите придружници на одговорните за делото во Ерусалим уредно им ги предале прилозите што им ги пратиле верниците од незнабожечко потекло како помош за сиромашните меѓу нивните браќа во Ерусалим. При собирањето на тие прилози Павле и неговите соработници потрошиле многу време, грижливо планирање и вложиле големи напори. Сумата која далеку ги надминала очекувањата на старешините во Ерусалим претставувала плод на многу жртви, па дури и на строго самооткажување од страна на верниците од незнабожечко потекло“ (Делата на апост., 297).

„На Павле и на неговите придружници им било јасно дека дури и меѓу оние пред кои сега стојат има луѓе кои не знаат да го ценат духот на братската љубов која била поттик за таквата дарежливост“.
— Делата на апостолите, 297.

Четврток — 22. август
5. ИЗЛАГАЊЕ НА ОПАСНОСТИ

а. Објаснете колку, неочекувано создадениот план за Павле и човечката логика со која се раководеле старешините во Ерусалим, бил непромислен и непотребен. Дела 21,19–25.

„Браќата се надевале дека Павле, ако го послуша нивниот совет, решително ќе ги побие лажните гласови што се ширеле за него. Тие го уверувале дека одлуката на поранешниот собор во врска со обратениците од незнабожечко потекло и за церемонијалниот закон сѐ уште е во сила. Меѓутоа, ваквиот совет не бил во согласност со таа одлука. Ова упатство не било поттикнато од Божјиот Дух, туку било плод на страшливост“.
— Делата на апостолите, 301.

б. Што презел Павле во врска со остварувањето на овој план? Дела 21,26. Зошто тој се согласил да изврши едно такво дело? 1 Коринтјаните 9,22.23.

„Павле сфатил дека водечките луѓе во ерусалимската црква доколку продолжат да негуваат предрасуди против него ќе го попречуваат неговото влијание. Сметал дека, ако со некоја разумна постапка ги придобие за вистината, на тој начин ќе може да ја отстрани големата пречка за успех на евангелието и на други места. Меѓутоа, Бог не го овластил да признае сè што тие во овој случај барале.

„Кога размислуваме за големата желба на Павле да биде во хармонија со неговите браќа, неговата нежност кон слабите во верата, неговата почит кон апостолите кои биле со Христос, и кон Јаков – братот Господов – негова цел е на сите да им биде сè, а при тоа да не го жртвува начелото, тогаш не е толку чудно што тој бил принуден да отстапи од патот по кој одел до тогаш“.
— Делата на апостолите, 301.

Петок — 23. август
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Под какви околности Бог ги вршел необичните чуда?

2. Кои се некои од ’магичните книги‘ кои треба веднаш да изгорат?

3. На кои форми на спиритизам можеби ќе бидеме во опасност да постанеме плен ако не сме доволно будни?

4. Зошто Павле одел во Ерусалим?

5. Што треба да научиме од заклучокот на Павле во Ерусалим?

2013 • 3. Квартал

9. лекција — Затвореник за вистината

31. август 2013
„Не радувај се на мојата мака, непријателко моја! Иако сум паднат, јас ќе станам; макар што сум сега во мрак – Господ е мојата светлина“.
— Михеј 7,8
„Кога ќе здогледате зрак на небесна вистина, не свртувајте се од неа. Не бидете непокорни кон небесното видение. Живејте според светлината која ја имате и вашата патека ќе биде посветла и посветла. Во светлината која блеска од Голгота, ќе ја видите одвратноста на гревот, како и Божјата подготвеност да ве спаси од гревот“.
— Знаците на времето, 27. мај, 1903.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Делата на апостолите, 302-311.

Недела — 25. август
1. СТРАДАЛНИК КАКО И НЕГОВИОТ УЧИТЕЛ

а. Откако, како познат поборник на христијанството во странски земји, со почит влегол во внатрешното предворје на Ерусалимскиот храм, на каква опасност Павле се изложил? Дела 21,27.28.

„Оние што му советувале на Павле да преземе таков чекор не размислувале доволно ниту воопшто сфатиле на каква голема опасност ќе го изложат со тоа. Во тие празнични денови Ерусалим бил полн со поклоници од многу земји. Исполнувајќи ја должноста што му ја наменил Бог, додека им го проповедал евангелието на незнабошците, Павле посетил многу од најголемите градови на светот и така станал добро познат за илјадници луѓе кои сега од други земји дошле во Ерусалим да присуствуваат на свеченостите на празникот. Меѓу нив имало и такви чиишто срца биле полни со горчина и омраза кон Павле, и неговото влегување во храмот за време на празникот значело ризикување на животот“.
— Делата на апостолите, 302.

б. Какво лажно обвинение Евреите му подметнале на Павле додека насилно го извлекувале од просториите на храмот? Дела 21,29.

в. Прераскажи го бурниот метеж кој уследил? На кој настан оваа сцена нѐ потсетува? Дела 21,30–36; Марко 15,12–14.

Понеделник — 26. август
2. БОЖЈИОТ СЛУГА СОЧУВАН

а. Што барал Павле (на грчки јазик) од римскиот офицер кој го држел во притвор? Дела 21,37. Како Павле погрешно му бил прикажан на овој човек и зошто тој бргу го задоволил неговото следно барање? Дела 21,38–40. Што можеме да научиме од подготвеноста на Павле секогаш да ја искористи можноста за сведочење? 2 Тимотеј 4,2.

„Не мешајте се со светот според својот избор; но ако имате збор на предупредување, повик, молба, не плашете се да зборувате. Не пропуштајте ја можноста да сведочите за Христа. Тој е извор на секоја благодат и Тој своите претставници – снабдувајќи ги со скапоценото златно масло – ќе ги оспособи смело да сведочат за Него. Кога ќе се посветите на Бога, Светиот Дух ќе ве снабди со свето масло, на тој начин светилниците секогаш можат да се држат запалени“.
— RH, 16. мај, 1899.

б. Зошто Павловото воведно излагање мнозина од Евреите кои го слушале релативно добро го примиле? Зошто Павле можел дури и да го продолжи своето сведочење сè додека не дошол до точка кога Евреите повеќе не можеле да го толерираат? Дела 22,1–22.

„Кога (Павле) би се обидел да влезе во расправија со своите противници, тие тврдоглаво би одбивале да ги слушаат неговите зборови. Меѓутоа, тој со убедлива моќ ги изложувал своите доживувања, така што за извесно време се чинело како да ги омекнал и освоил нивните срца.

„Потоа се обидел да објасни дека неговата работа за незнабошците не била според негов сопствен избор. Тој сакал да работи за својот народ, но токму тука, во истиот тој храм, Божјиот глас му проговорил во света визија, насочувајќи го неговиот пат ’далеку кај незнабошците‘ (Дела 22,21).

„Сѐ до тој миг народот мошне внимателно слушал; но кога Павле во излагањето на настаните од својот живот спомнал подробност дека како Христов претставник бил пратен при незнабошците, гневот на народот повторно се разгорел. Навикнати себеси да се сметаат за единствен народ кој ужива Божја наклоност, тие не сакале да дозволат презрените незнабошци да учествуваат во благодатите за кои до тогаш сметале дека им припаѓаат исклучиво ним“.
— Делата на апостолите, 305.

Вторник — 27. август
3. ПРЕД СИНЕДРИОНОТ

а. Што презел главниот заповедник против неговиот затвореник само врз основа на разјарената толпа? Како Павле мирно ја спречил тортурата? Дела 22,23–30.

б. Колку силни биле шансите на Павле пред еврејскиот Синедрион? Кој остроумен чекор Павле го презел – и зошто Бог го употребил незнабожечкиот властодржец за да го заштити животот на својот слуга? Дела 23,1–10. На што ова искуство нѐ потсетува?

„Сатаната со сите сили се трудел да ја засолни божествената светлина од светот и го употребил сето свое лукавство за да го уништи Спасителот. Меѓутоа, Оној, кој никогаш не дреме и не спие, будно стражарел над својот сакан Син. Оној, кој на Израелците им испраќал мана, од небото го хранел Илија во времето на глад, сега се погрижил за прибежиште на Марија и на малиот Исус во една незнабожечка земја“.
— Копнежот на вековите, 46.

в. Од која перспектива ние треба да ги посматраме Павловите судења, како тој тоа самиот го објаснува во своите записи? 2 Коринтјаните 4,17.18.

„За христијанинот овој живот во најдобар случај е само студена зима и студените зимски ветрови – загубите, разочарувањата, болките и страдањата – овде се само дел од нашата судбина; но нашите надежи досегаат напред, кон летото на христијанинот, кога ќе се промени климата; затоа да ги оставиме сите зимски ветрови и жестоките бури зад себе и да размислуваме за дворовите кои Исус отишол да ги подготви за оние кои Го љубат…

„Кога нашите околности ќе ги споредиме со оние на апостол Павле ние треба секогаш да се чувствуваме укорени и никогаш да не се жалиме. Ние многу малку знаеме од лично искуство што значи самоодрекување, прогонство и болка заради Христа. Ние сме тука на проверка и мораме да поминуваме низ искушенија“.
— RH, 7. ноември, 1878.

Среда — 28. август
4. СВЕТЛИНА ВО НОЌТА

а. Додека Павле бил осамен таа ноќ, посрамен од своите сонародници и горко прогонуван, на што Господ го потсетил? Дела 23,11.

„Подоцна, кога размислувал за тоа мачно доживување, Павле почнал да стравува дека неговото тогашно однесување можеби не било по Божја волја. Можеби згрешил што воопшто и дошол во Ерусалим? Можеби неговата голема желба да биде во единство со своите браќа резултирала со вакви несреќни последици?

„Ставот на Евреите како таканаречен Божји народ пред незнабожечкиот свет предизвикал голема загриженост и болка во душата на апостолот. Какво мислење за нив ќе имаат тие незнабожечки војници? Евреите тврдат дека се поклоници на Јехова, а проникнати со слеп и неразумен гнев се нафрлаат да ги уништат дури и сопствените браќа кои не се согласуваат со нив по прашањето на верата и својот најсвечен верски собор го претвораат во сцена на судири и дивјачка конфузија. Павле чувствувал дека на Божјото име му е нанесен срам во очите на незнабошците.

„Сега се наоѓал во затвор и знаел дека неговите непријатели со очајна злоба ќе се послужат со сите средства да го убијат. Дали е можно неговата работа и неговите заложби за црквата да завршиле и сега ќе се појават бесни волци? На Павле на срце му лежело Христовото дело и тој со длабока вознемиреност размислувал за опасностите во кои се наоѓаат расеаните цркви, изложени на прогони од исти такви луѓе на какви што наишол во Синедрионот. Вознемирен и обесхрабрен, Павле плачел и се молел на Бога.

„Во тој мрачен час Господ не го занемарил својот слуга. Тој го заштитил од бесот на убиствено расположената толпа во предворјето на храмот; Тој бил со него пред Синедрионот; Тој бил со него и во тврдината; Тој и сега му се открил на својот верен сведок, одговарајќи на неговата искрена молитва да му го покаже патот. ’Ноќта му се јави Господ и му рече: „Не плаши се, Павле! И како што сведочеше за Мене во Ерусалим, така ќе треба да сведочиш и во Рим““.
— Делата на апостолите, 307.

б. Што Павле можел да сфати во тој момент? Псалм 63,5–9; Второзаконие 31,6.

Четврток — 29. август
5. ЗРАЦИ НА СВЕТЛИНА СРЕДЕ СУДЕЊЕТО

а. На кои мудри одлуки и ветувања треба да се потсетиме секогаш кога се наоѓаме во тешки, збунувачки ситуации? Михеј 7,7.8; 2 Коринтјаните 4,8–10.

„Кога водачите на црквата (христијанска) во Ерусалим целосно би се ослободиле од своите чувства на огорченост кон апостолот, и кога би го прифатиле како човек посебно повикан од Бога да им го однесе евангелието на незнабошците, Господ би го поштедил Павла. Бог не одредил работата на Павле толку бргу да се заврши, но не сторил ниту чудо за да го запре текот на настаните што ги предизвикале раководните луѓе на црквата во Ерусалим“.
— Делата на апостолите, 310.

б. Додека Павле бил во затвор, каква чудна завера била направена против него и како Бог го заштитил? Дела 23,12–30. Како Господ гледа на таквото постење? Исаија 58,2–5.

в. Што направиле војниците со Павле и каква одлука донел намесникот? Дела 23,31–35. Како Христос прорекол дека тоа ќе им се случува на Неговите следбеници? Лука 21,12; Псалм 119,46; Изреки 22,29.

Петок — 30. август
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Како можеме да ја избегнеме ситуацијата каква што Павле имал во храмот?

2. На што Павле давал приоритет во оваа криза?

3. Како апостолот ја опишува својата перспектива среде големиот судски процес?

4. На кој начин Христос во текот на ноќта ја покажал својата милост и грижа за својот прогонет слуга?

5. На кои начела треба да се научиме од ова поглавје од Павловото искуство?

2013 • 3. Квартал

10. лекција — Судење во Кесарија

7. септември 2013
„А затоа и сам се трудам секогаш да имам чиста совест пред Бога и пред луѓето“.
— Дела 24,16
„Како еден од Божјите гласници испратени да ја потврдат вистината на Словото (Павле) знаел што е вистина; и со храброст на посветена совест се гордеел со тоа сознание“.
— Библиски коментари, 686.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Делата на апостолите, 312-329.

Недела — 1. септември
1. ИЗВЕДЕН ПРЕД ФЕЛИКС

а. Кој бил обвинителот на Павле и како тој, со ласкави усни, лажел за да ја добие тужбата? Дела 24,1–9.

б. Како псалмистот го опишува ласкавецот? Псалм 5,8.9.

в. Спротивно на тоа, што ја карактеризирало одбраната на Павле, и како ова се одразило и на советот кој Павле го упатил до неговото стадо? Дела 24,10–21; Римјаните 12,17.18.

„Феликс бил доволно остроумен за да проникне во намерите и карактерот на тужителите на Павле. Знаел од какви побуди му ласкаат и видел дека не се во состојба, ниту пак имаат факти, да ги поткрепат своите обвинувања изнесени против Павле. Обраќајќи му се на обвинителот, тој го повикал сам да одговара за себе. Павле не трошел пофални зборови и комплименти, туку едноставно рекол дека со задоволство ќе се брани пред Феликс, знаејќи дека веќе долго е судија и дека добро ги познава еврејските закони и обичаи. Зборувајќи за обвинувањата изнесени против него, јасно докажал дека ниту едно од нив не е вистинито“.
— Делата на апостолите, 313.

Понеделник — 2. септември
2. ШАНСА ДА БИДЕ ОСЛОБОДЕН

а. Врз основа на сведоштвото на Павле, што судијата Феликс бил во можност да распознае и да одлучи? Дела 24,22.23.

б. Каков длабок интерес Светиот Дух пробудил во срцето на Феликс и неговата втора сопруга Друзила? Дела 24,24.

„Пример за неконтролирана разузданост која го валкала карактерот на Феликс се гледал во неговата брачна врска со Друзила, со која живеел во тоа време. Преку измамувачките вештини на Симон Магус, Кипарски вражар, Феликс ја навел оваа принцеза да го напушти својот сопруг и да стане негова жена. Друзила била млада и убава, и згора на тоа, Еврејка. Таа била грижливо поврзана за нејзиниот сопруг, кој направил голема жртва за да ја добие нејзината рака. Имало навистина малку поводи да премине преку најсилните предрасуди и против себе да предизвика одбојност од нејзиниот народ заради прељубничка врска со еден суров и постар развратник. Сепак сатанските измами на маѓепсникот и предавникот успеале и Феликс ја остварил својата цел“.
— Записи од животот на Павле, 235.236.

в. Што треба да земеме во обѕир посматрајќи го Божјото долго трпение со Феликс и Друзила? 2 Петрово 3,9.

„На каква навреда мнозина, измамени од искушенијата на сатаната, го излагаат Спасителот злоупотребувајќи ги своите предности, одбивајќи да ја признаат Неговата љубов и интересот за нив!“ (Погледот угоре, 244).

„Брате мој и сестро, Исус ве повикува да бидете прачка на Живата Лоза. Тој ве повикува да се поврзете со Него, за да можете со Негова сила да ги држите Неговите заповеди. Вие се обидувавте тоа да го направите сами одвоени од Него, но не успеавте. Бог ве љуби и сака да седнете кај Неговите нозе и да учите од Него. Неговото простување, сочувството и долгото трпение му се прикажани на светот во Христа. Кога Христос не би го платил откупот за нас, ние не би имале време на милост и проба во кое можеме да развиеме карактер на послушност кон Божјите заповеди. Затоа не разочарувајте го Христа со својата изопаченост и верување. Ценете го Божјиот дар за човекот. Покажете дека го познавате времето на своето проверување. Тоа значи живот или смрт за секого од нас. Со нашите секојдневни постапки ние ја одлучуваме нашата вечна судбина“.
— RH, 26. јануари, 1897.

Вторник — 3. септември
3. СВЕДОЧЕЊЕТО НА СУДИЈАТА

а. Која неопходна порака Павле ја изнел на Феликс и Друзила, на развратниот брачен пар, и како тие реагирале? Дела 24,25; Проповедник 11,9.

„Оваа средба (приватен разговор со Феликс и Друзила) Павле ја сметал како од Бога дадена можност и тој верно ја искористил. Знаел дека мажот и жената пред кои стоел имаат моќ да го убијат, или да му го поштедат животот, но тој не им се обраќал со пофалба или ласкање. Знаел дека неговите зборови за нив ќе бидат мирис за живот или за смрт, и заборавајќи на сите себични размислувања, тој се обидел во нив да пробуди свест за опасноста во која се наоѓаат. Пораката на евангелието не признава неутралност. Таа ги става луѓето пред одлука да се определат за вистината или против неа; ако не ја прифатат и не ги почитуваат нејзините учења, тие се нејзини непријатели. Таа воопшто не обрнува внимание на личност, класа или положба“ (Записи од животот на Павле, 240).

„Апостолот зборувал срдечно и со очигледна искреност и во неговите зборови се чувствувала тежина и моќ на уверливост. Клаудиј Лисие во своето писмо упатено до Феликс, го изнел своето лично сведоштво за Павловото однесување… Меѓутоа, Феликс при своите постапки не се раководел од никакви повисоки побуди, туку од лични интереси. Тој бил роб на славољубието и на желбата за унапредување. Стравот да не им се замери на Евреите не му дозволувал да постапи наполно праведно со овој човек за кого знаел дека е невин“.
— Делата на апостолите, 314.

б. Каков ограничен бил интересот на судијата за Павле и зошто апостолот ја одбил понудата на Феликс за слобода? Дела 24,26.27; Исаија 33,14–16.

„Во текот на следните две години против Павле не е преземена никаква понатамошна постапка, но тој сепак останал заробеник. Феликс неколкупати го посетил и внимателно ги слушал неговите зборови. Меѓутоа, вистинскиот мотив за оваа очигледна наклоност била желбата за добивка, а тој навестил дека Павле лесно би можел да биде пуштен на слобода кога би уплатил една поголема сума на пари. Но апостолот поседувал премногу благороден карактер за да се согласи да биде ослободен со поткуп. Немал никаква вина и не сакал да се спушти дотаму со мито да ја купува својата слобода. Покрај тоа, тој бил премногу сиромашен за да може да плати толку висока откупнина. Па и да бил склон кон тоа, тој во никој случај не сакал, во негово лично име да апелира на великодушноста на своите обратеници. Тој сметал дека се наоѓа во Божји раце и не сакал да се плетка во Божјите намери“.
— Делата на апостолите, 318.

Среда — 4. септември
4. ИЗВЕДЕН ПРЕД ЦАРСКИОТ СУД

а. Што Евреите побарале од новиот намесник Поркиј Фест и каков бил резултатот? Прераскажете го разговорот помеѓу Фест и Агрипа. Дела 25,1–22.

б. Што ние треба да научиме од обидот на Павле на најдобар можен начин да ја искористи можноста која била пред него? Дела 26,1–23.

„Во чест на своите посетители, Фест настојувал оваа прилика да ја направи што поимпозантна. Богатите одори на правобранителот и неговите гости, мечевите на војниците и сјајните оклопи на нивните команданти одавале величествен призор. А потоа Павле, сè уште во окови, бил изведен пред насобраното друштво. Каков контраст бил претставен тука! Агрипа и Верникија имале власт и положба и заради тоа биле ценети пред светот, но биле лишени од оние карактерни црти кои Бог ги цени. Тие биле престапници на Неговиот закон и корумпирани во срцето и животот. Нивниот начин на постапување бил одвратен пред небото. Остарениот затвореник, окован за војникот кој го чувал, во неговиот изглед немал ништо поради што би го навело светот му оддаде почит. Сепак, за овој човек, без пријатели или богатство или положба, држан во затворот заради својата вера во Божјиот Син, било заинтересирано целото небо. Ангелите биле негови придружници. Кога славата на само еден од тие блескави гласници би светнала, царскиот раскош и гордоста би избледеле во таа светлина, а царот и дворјаните би паднале на земјата како римските стражари околу Христовиот гроб… Апостолот не бил збунет од страна на брилијантниот сјај или високиот ранг на насобраните, бидејќи знаел колку е мала вредноста на светското богатство и положба“ (RH, 16. ноември, 1911).

„Господ сака да постигнеме колку што е можно повисоко образование, но со цел своето знаење да им го пренесеме на другите. Никој не знае каде или како ќе биде повикан да работи или да зборува за Бога. Единствено нашиот небесен Отец знае како ќе го употреби човекот. Пред нас постојат можности кои поради нашата слаба вера не ги препознаваме. Затоа нашите умни способности мораат да бидат такви за да можеме, ако е потребно, вистините на Неговата Реч да ги изнесуваме и пред највисоките авторитети на земјата и тоа на таков начин за да се прослави Божјогто име“.
— Христовите поуки, 295.

Четврток — 5. септември
5. ЖАЛБА ДО КЕСАРОТ

а. Според што реакцијата на Агрипа се разликувала од онаа на Фест? Дела 26,24–28.

„Оковите со кои апостолот бил врзан – кога би се судело според правдата – би биле на рацете на Фест, Агрипа и Верникија, Сите тие правеле тешки злосторства. Тие престапници тој ден слушнале понуда за спасение во Христово име. Барем еден од нив бил ‘речиси наговорен’ да ја прими понудената милост и проштавањето. Но Агрипа ја отфрлил таа понуда и одбил да го прими крстот на распнатиот Спасител“.
— Делата на апостолите, 328.

б. Како овој интервју бил заклучен? Дела 26,29–32. Во која смисла ова сведоштво пред незнабожечките владетели било помалку мачно од другите судења? Езекиел 2,3–7; Еремија 1,17.

в. Опишете го конечниот исход на Феликс?

„(Поради дрскоста, неправдата и свирепоста) Евреите и формално се жалеле против Феликс и тој бил повикан во Рим да одговори на нивните обвиненија. Иако добро знаел дека со своите постапки на изнуда и угнетување дал доволно причини за нивните приговори, сепак тој сѐ уште се надевал дека ќе се помири со нив. Оттука, иако имал искрена почит кон Павле, одлучил да го – задоволувајќи ја нивната злоба – остави во затвор. Но сите негови напори биле залудни, иако избегал прогонство и смрт, тој бил отстранет од функцијата и лишен од поголемиот дел од неговото бесправно стекнато богатство. Своите последни денови ги поминал во срам и заборав. Друзила, како соучесник во неговата вина, заедно со нивниот единствен син, загинала во ерупцијата на вулканот Везув“.
— Записи од животот на Павле, 246.

Петок — 6. септември
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Објасни ја разликата помеѓу почитувањето на авторитетот и ласкањето.

2. Како можеме да ја избегнеме стапицата Павловиот апел до Феликс да го сметаме за непожелен?

3. Зошто Феликс го третирал Павле така како што постапил – и позитивно и негативно?

4. Опишете како Бог ја гледал контраста помеѓу царот Агрипа и Павле?

5. Како можеме да бидеме во опасност од повторување на грешките на Феликс и Агрипа?

2013 • 3. Квартал

11. лекција — Пловење кон Рим

14. септември 2013
„Бидејќи ноќеска ми се јави ангелот од Бога, Чиј сум и Кому Му служам, и рече: ‚Не плаши се, Павле, ти треба да излезеш пред царот; и ете, Господ ти ги дарува сите, што пловат со тебе’“.
— Дела 27,23.24
„Павле со себе ја носел атмосферата на небото. Сите со кои доаѓал во допир го чувствувале влијанието на неговата поврзаност со Христа“.
— Делата на апостолите, 383.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Делата на апостолите, 330-335.

Недела — 8. септември
1. ИСТОРИЈАТА СЕ ПОВТОРУВА

а. Како искуството на апостол Павле наскоро треба да се повтори? Матеј 10,31–33.

„Уште еднаш омразата родена од еврејскиот фанатизам и самоправедноста го натерале Божјиот слуга да се обрати за заштита кон незнабожечки владетел (Кесар)… Тоа е истиот дух со кој припадниците на Божјиот народ ќе мораат да се среќаваат и во овој век. Во големата криза низ која наскоро ќе мора да поминат, тие подобро ќе се запознаат со искуството на Павле. Меѓу таканаречените Христови следбеници ја има онаа истата гордост, формализам, суета, славољубие, себичност и угнетување какви што постоеле и кај еврејскиот народ. Пред да се заврши борбата и извојува победа, ние како народ ќе доживееме искушенијата слични на оние низ кои Павле поминувал. Ќе се судриме со истата закоравеност на срцето, истата жестока одлучност, истата непопустлива омраза.

„Луѓето кои исповедаат дека се Христови претставници ќе постапуваат исто како што еврејските свештеници и владетели постапувале со Павле. На сите кои сакаат бестрашно да му служат на Бога според диктатот на сопствената совест ќе им биде потребна морална храброст, цврстина и познавање на Бога и на Неговото слово за да се одржат во тој зол ден…

„Бог сака Неговиот народ да се подготви за кризата која доаѓа. Подготвени или неподготвени, сите ние мораме да се соочиме со тоа. Само оние чиишто карактери се темелно дисциплинирани да ги задоволат божествените стандарди ќе бидат во состојба да стојат цврсто во тоа време на испитување“.
— Записи од животот на Павле, 250 – 252.

Понеделник — 9. септември
2. АПОСТОЛ: ДРАГОЦЕНА ПРЕДНОСТ

а. Каква наклонетост на Павле му укажал сотникот Јулиј кој го слушал неговото сведоштво пред Агрипа и како негов чувар бил со синџир врзан за него? Дела 27,1-3.

„Ова патување, кое било тешко и опасно за обичен патник, било двојно мачење за апостолот како затвореник. Римските војници со сопствен живот биле одговорни за нивните затвореници и затоа бил воведен обичај зглобот на десната рака на затвореникот да се врже за левата рака на војникот, кои после одредено време се сменувале. Поради тоа апостолот не само што не можел слободно да се движи, туку постојано бил нераздвојно поврзан со луѓе со непријатен и одбивен карактер; со луѓе коишто не само што биле необразовани и необлагородени, туку под унижувачкото влијание на околината станале брутални и деградирани. Овој обичај, сепак, бил построго применуван кога затворениците биле на брегот. Една околност во голема мера значително ги ублажила маките на неговата затвореничка судбина. Му било дозволено да ужива во дружењето со своите браќа, Лук и Аристарх. Во своето послание до Колосјаните, тој за Аристарх зборувал како за свој ‘другар во затвор‘ (Кол. 4,10). Но, тоа било чин на слободен избор, бидејќи заради својата љубов кон Павле, Аристарх бил со него во ропство и му помагал во неговите страдања“.
— Записи од животот на Павле, 262.

б. Бидејќи еврејската сезона за безбедна пловидба поминала, каков совет им дал Павле на морнарите на бродот на кој тој бил затвореник? Дела 27,4–10. Што сотникот наместо тоа направил – и зошто требало да го послушаат советот на Павле? Дела 27,11–20.

в. И покрај погрешната одлука која ја донеле, како Бог сепак бил милостив кон морнарите, давајќи им утеха преку Павле? Дела 27,21–26. Во каква тешка ситуација и самите се нашле, дури и после четиринаесетдневниот пост и жестоката борба со бурата? Дела 27,27–29.

„Павле не се плашел за себе, тој бил уверен дека нема да биде проголтан од страна на гладните води. Бог ќе го сочува неговиот живот за да може да сведочи за вистината во Рим. Меѓутоа, неговото човечко срце копнеело со сожалување за бедните души околу него“.
— Записи од животот на Павле, 266.

Вторник — 10. септември
3. СПАСОНОСНО ВЛИЈАНИЕ

а. Каква себична намера имале морнарите, и како Павле, забележувајќи го тоа, одлучно побарал да се спречи нивниот погубен план? Дела 27,30.31.

„Најпосле на нивните морничави и испиени лица и покрај дождот и бурата можела да се распознае светлината на муграта. Контурите на брегот можеле слабо да се видат, но ниту еден познат ориентир не можел да се види. Себичните и незнабожечки морнари одлучиле да го напуштат бродот и екипажот и да се спасуваат со чамци кои со тешка мака ги извлекле на палубата. Преправајќи се дека преземаат нешто повеќе за безбедноста на бродот го одврзале чамецот и почнале да го спуштаат во морето. Да успеале тие би биле разбиени на парчиња со падот врз карпите, додека сите патници би загинале поради нивната неспособност да се справат со бродот кој тоне.

„Во тој момент, Павле, проникнувајќи во нивните ниски намери, ја спречил опасноста. Со нему својствената енергија и храброст тој им рекол на стотникот и војниците: ’Ако овие не останат на бродот, вие не можете да се спасите‘ (Дела 27,31)“.
— Записи од животот на Павле, 267.268.

б. Кој чин на покорност наскоро следел? Дела 27,32.

„Верата на апостолот во Бога не се поколебала. Тој не се сомневал дека неговиот живот ќе биде сочуван, но ветувањето за безбедноста на екипажот било условено со извршување на нивните должности. Откако ги слушнале зборовите на Павле, војниците веднаш ’ги пресекоа јажињата на чунот и го оставија да падне долу во морето‘“.
— Записи од животот на Павле, 268.

в. Со што Павле дополнително ги утешил и охрабрил тие измачени луѓе околу себе? Дела 27,33–38.

„Тогаш мноштвото од двесте седумдесет и шест души кои да не бил Павле би паднала во очај, добило нова сила и заедно со апостолот почнале да јадат, првпат после четиринаесет дена. По ова, знаејќи дека е невозможно да го спасат нивниот товар, тие го исправиле бродот фрлајќи ја во морето пченицата со кој тој бил натоварен“.
— Записи од животот на Павле, 269.

Среда — 11. септември
4. ЗАГЛАВЕНИ ВО МАЛТА

а. Што најпосле се случило со бродот полн со заробеници и зошто? Дела 27,39–44.

„Ако некој заточеник би исчезнал, оние што биле одговорни за него би морале да платат со својот живот. Затоа војниците сакале сите заточеници да ги убијат. Римскиот закон дозволувал ваква свирепа постапка, и тие тоа би го сториле кога не би бил човекот на кого сите му должеле длабока благодарност. Капетанот Јулиј знаел дека Павле најмногу придонел за спасување на животот на сите што се наоѓале во бродот. Освен тоа, бил осведочен дека Господ е со него и не се осмелил да му стори никакво зло. Затоа тој ’заповеда најнапред да скокнат оние што знаат да пливаат и да излезат на копно, а другите, кој на штици, кој на било каков предмет од бродот. Така сите излегоа на копното‘. И кога била извршена прозивка, никој не фалел“.
— Делата на апостолите, 334.

б. Како насуканите патници биле дочекани на островот? Дела 28,1.2.

в. Што му се случило на Павле пред очите на домашните варвари и што тие луѓе веднаш претпоставиле за апостолот? Дела 28,3.4. Како тие набргу потоа реагирале на чудото кое Господ го извршил за Својот слуга? Дела 28,5.6.

„Павле бил меѓу најактивните во собирање на дрва. Додека ги ставал гранките врз огинот, змијата, која оживеала од својата тромост заради топлината, излегла од гранките и се замотала околу неговата рака. Сите што се наоѓале околу него биле вџашени и гледајќи ги оковите што ги носел виделе дека е заточеник, меѓу себе си рекоа: ’Овој човек е навистина убиец; па затоа, иако се избави од морето, судот Божји не го остави да живее‘. Знаејќи дека змијата била отровница, луѓето очекувале секој миг тој да падне умирајќи во страшни маки. Но Павле едноставно ја истресол змијата во огнот и ништо не му се случило’. Но, бидејќи чекаа долго време и видоа дека не му стана никакво зло, тие си го променија мислењето и, слично на жителите на Листра, велеа дека е тој бог. Преку оваа околност Павле стекнал силно влијание, а тој се обидел верно да го искористи наведувајќи ги да го прифатат евангелието“.
— Записи од животот на Павле, 270.271.

Четврток — 12. септември
5. НАПРЕД КОН РИМ

а. Колку долго Павле и неговите колеги затвореници биле заглавени на Малта и зошто нивниот принуден престој на тој остров може да се смета за успешен? Дела 28,8–11.

„Во текот на три месеци што ги поминале бродоломците на Малта, Павле и неговите соработници користеле многу прилики да го проповедаат Евангелието. Господ видливо работел преку нив. Благодарение на Павле, сите бродоломци биле третирани со голема љубезност, сите нивни желби биле задоволени, а кога си заминувале од Малта, великодушно ги снабдиле со сите потреби за пат“.
— Делата на апостолите, 335.

б. Каде апостолот имал можност повторно да се сретне со своите браќа? Дела 28,12–14.

„Кога пловидбата била отворена, капетанот и неговите заточеници го продолжиле своето патување во Рим. Александрискиот брод ’Кастори Полукс‘, на својот пат кон запад презимил на Малта, и на тој брод влегле патници. Иако поради неповолните ветрови пловидбата по морето се одоложила, сепак таа безбедно завршила и бродот се укотвил во убавото пристаниште Путеоли, на италијанскиот брег.

„Во тоа место имало неколку христијани кои го замолиле апостолот да остане со нив седум дена, а капетанот тоа љубезно го дозволил. Откако го добиле Павловото послание упатено до Римјаните, христијаните во Италија со нетрпение ја очекувале неговата посета. Не очекувале да го видат како затвореник, но неговите страдања придонеле да им стане уште помил и подраг“.
— Делата на апостолите, 336.

Петок — 13. септември
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Како ние треба да се подготвуваме за кризата која наскоро доаѓа?

2. Што покажува колкаво влијание имал Павле врз сите околу него?

3. Која била главната грижа на Павле во најтешките часови на бродоломот?

4. Опишете го искуството на Павле на островот Малта?

5. Како можеме да бидеме инспирирани од начинот на кој христијаните во Италија го примиле Павла?

2013 • 3. Квартал

12. лекција — Во Рим

21. септември 2013
„Затоа, што се однесува до мене, подготвен сум и вам во Рим да ви го проповедам Евангелието. Зашто јас не се срамам од Евангелието на Христос, бидејќи тоа е сила Божја која го спасува секого што верува, прво Јудеец, а потоа и Елин“.
— Римјаните 1,15.16
„Павле долго време копнеел да го посети Рим. Силно сакал и таму да сведочи за Христа, но чувствувал дека неговите намери биле осуетени од непријателството на Евреите. Тој малку мислел … дека во Рим ќе отиде како затвореник“.
— Записи од животот на Павле, 225.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Делата на апостолите, 336-351. 361. 362.

Недела — 15. септември
1. ДОЛГО ПОСАКУВАНА ЦЕЛ

а. Колку долго Павле се надевал дека ќе се сретне со верниците во Рим? Дела 19,21. Кој ја потврдил оваа цел која апостолот ја имал во срцето? Дела 23,11.

б. Опишете го влијанието на посланието на Павле до Римјаните? Римјаните 1,1–7.

„Додека им пишувал на христијаните во Рим, Павле имал намера тоа да бидат, исто така, инструкции и за другите цркви; но колку малку можел да го предвиди далекосежното влијание на неговите зборови! Големата вистина за оправдувањето со вера, како што е наведено во ова послание, стои низ сите векови како силен светилник упатувајќи го покајничкиот грешник на патот на животот“.
— Записи од животот на Павле, 187.

в. Зошто Павле сакал да дојде во Рим? Римјаните 1,8–17. Каква охрабрувачка препорака дава апостолот во своето послание до Римјаните? Римјаните 16,19.20.

Понеделник — 16. септември
2. СРДЕЧНО ДОБРЕДОЈДЕ

а. Опишете го пристигнувањето на Павле во градот Рим. Дела 28,15.

„Павле со тешко срце одел во пресрет на својата долго посакувана посета на метрополата на светот. Колку многу се разликувале околностите од оние што ги очекувал! Како, вака окован и жигосан, ќе го проповеда евангелието? Неговите надежи дека во Рим ќе придобие многу души за вистината изгледале осудени на целосно разочарување. Најпосле патниците пристигнале до Апиев Форум, околу шеесет и пет километри од Рим. Додека се пробивале низ густата толпа која се туркала на големата сообраќајница, на седиот старец, окован заедно со група, очигледно окоравени криминалци, му биле упатувани многу презриви погледи и многу груби, подбивни шеги.

„Одненадеж слушнал радосен извик, и еден човек се изделил од толпата поминувачи и паднал околу вратот на затвореникот, прегрнувајќи го со солзи радосници, како син кој го поздравува долго отсутниот татко. Таа сцена се повторувала, зашто желното очекување го изострило видот кај мнозина кои сфатиле дека окованиот затвореник е истиот оној кој некогаш во Коринт, во Филипа и Ефес им зборувал зборови на живот.

„Бидејќи воодушевените ученици желно се собирале околу својот татко во евангелието, групата запрела. Војниците станале нестрпливи поради таквите задржувања, но сепак, тие немале серце да ја прекинат оваа срдечна средба, зашто и самите научиле да го почитуваат и да го ценат нивниот затвореник. Во тоа истрошено и со болка погодено лице, учениците виделе отсјај на Христовиот лик. Тие го уверувале Павле дека не го заборавиле ниту пак престанале да го сакаат, свесни оти му должат благодарност за радосната надеж која ги бодри во животот и им дава мир во Бога. Кога би им се дала предност и кога би им се укажала чест, тие во својата топла љубов би го носеле на рамена сè до Рим.

„Малку има такви кои го сфаќаат значењето на зборовите на Лука дека Павле, кога повторно ги видел своите браќа, ’му заблагодари на Бога и повторно се охрабри‘ (Дела 28,15). Наоѓајќи се така среде група верници кои плачеле, кои му укажувале љубов и не се срамеле од неговите окови, апостолот гласно му заблагодарил на Бога. Исчезнал облакот на тага кој заканувачки лебдел над неговиот дух. Неговата христијанска работа и неговиот живот претставувале низа тешкотии, страдања и разочарувања, но во тој миг почувствувал дека за сето тоа е богато награден. Со поцврст чекор и со радосно срце го продолжил својот пат. Не се жалел на минатото, ниту се плашел од иднината. Знаел дека го очекуваат окови и страдања, но исто така знаел дека должност му е да ги спасува душите оковани со неспоредливо потешки окови и се радувал во неговите страдања за Христа“.
— Делата на апостолите, 337.338.

Вторник — 17. септември
3. АПЕЛ ДО НЕГОВИТЕ СОНАРОДНИЦИ

а. Со што некои од Павловите страдања биле олеснети во Рим? Дела 28,16.

„Во Рим капетанот Јулиј му ги предал своите затвореници на заповедникот на царската стража. Поволниот извештај што го дал за Павле, како и писмото упатено од Фест, придонеле апостолот да се здобие со благонаклоност кај главниот заповедник така што, наместо да оди во затвор, дозволено му е да живее во куќа што самиот ја најмил. Иако сè уште бил врзан со окови за војник, тој можел слободно да ги прима своите пријатели и да се залага за напредок на Христовото дело“.
— Делата на апостолите, 338.

б. Третиот ден по доаѓањето во Рим, Павле нарочно побарал средба со еврејските старешини. Што можеме да научиме од ставот на Павле? Дела 28,17–20.

„Ништо не зборувал за неправдата што морал да ја поднесе од страна на Евреите ниту за нивните многубројни заговори да го убијат. Неговите зборови биле полни со внимание и добрина. Тој не се стремел да го придобие вниманието или наклоноста лично за себе, туку само да ја одбрани вистината и да ја одржи честа на Евангелието“.
— Делата на апостолите, 339.

в. Опишете ги постигнатите резултати? Дела 28,21–24. До каков заклучок апостолот конечно дошол? Дела 28,25–27.

„Им го изнел своето лично искуство и многу докази од старозаветните списи ги изложил едноставно, искрено и впечатливо. Апостолот покажал дека религијата не се состои од обреди и церемонии, од исповедање на верувањата и теории… Павле учел дека религијата е нешто практично, сила која спасува, начело кое целосно произлегува од Бога, лично доживување на дејството на Божјата сила врз душата…

„Да се прифати Христос со вера, да се запознае духовно, тоа значи далеку повеќе отколку лично, физичко познанство со Него додека бил на земјата. Оваа заедница со Христа што Павле сега ја имал, била поинтимна и поцврста од вообичаеното земно, човечко пријателство“ (Делата на апостолите, 339).

„Додека Павле зборувал и сведочел за она што го видел и што го знаел во врска со Исуса Назареќанецот како надеж на Израел, сите кои искрено ја барале вистината биле осведочени. Неговите зборови во душата барем на некои од неговите слушатели оставиле впечаток кој никогаш нема да се избрише. Но други упорно одбивале да го примат јасно изложеното сведоштво на Светите списи“.
— Делата на апостолите, 340.

Среда — 18. септември
4. СПАСЕНИЕ ЗА НЕЗНАБОШЦИТЕ

а. Која изјава на Павле очигледно се исполнува сѐ до денешен ден? Дела 28,28. Каков бил резултатот од неговото излагање? Дела 28,29.

б. Опишете ги новите можности укажани на Павле, иако сѐ уште бил со оковите врзан за римскиот стражар. Дела 28,30.31. Како Господ и оваа негова тешкотија ја искористил на добро? Филипјаните 1,12–14.

„И така апостолот, иако привидно изолиран од активната работа, всушност вршел пошироко и подалекосежно влијание отколку поранешните години кога можел слободно да ги посетува црквите. Како ’затвореник за Христа‘, тој чувствата и љубовта на своите браќа ги врзал за себе уште поцврсто, а неговите зборови, напишани од оној кој бил во окови заради Христа, привлекувале поголемо внимание и почит отколку сам да бил меѓу нив. Сè додека Павле не бил отстранет од нив, верниците не сфатиле колку тешко било бремето што тој го носел за нив. До тој миг, тие во голема мера ги одбегнувале одговорностите и товарите, изговарајќи се дека им недостига неговата мудрост и тактичност при однесувањето со луѓето, како и неговата нескротлива енергија. Но сега, кога така неискусни морале да се навикнуваат на она што порано го одбегнувале, знаејќи ги да ги ценат неговите совети, неговите опомени и поуки повеќе отколку некогаш што ја ценеле неговата лична работа. А извештајот за неговата храброст и вера за сето време на неговото долго заточение, ги поттикнувале на уште поголема преданост и ревност во Христовото дело“.
— Делата на апостолите, 341.

в. Иако Павле не се обидувал да го собори римскиот поредок со неговата робовладетелска политика, кои принципи тој сепак ги истакнувал во своето учење? Галатјаните 3,8; Ефесјаните 6,9; 2 Коринтјаните 3,17. Наведи пример за тоа како тој видел надеж во безнадежното. Филипјаните 1,10–18.

„Во добрината на своето срце Павле сакал да му ја олесни бедата и неволјата на овој несреќен бегалец, а потоа се потрудил во неговиот затемнет ум да ја внесе светлината на вистината. Онисим ги слушал зборовите на животот, ги признал своите гревови, се преобратил и ја прифатил верата во Христа“.
— Делата на апостолите, 342.

Четврток — 19. септември
5. ВО САМАТА ТВРДИНА НА НЕЗНАБОШТВОТО

а. Кои биле најзабележителните обратеници за време на Павловиот престој во Рим под владеењето на свирепиот цар Нерон? Филипјаните 4,22. Што ни кажува тоа кога се обидуваме да се изговараме за својата неповолна околина? Филипјаните 4,11–13.

„Секој кој се наоѓа во искушение да се оправдува со постојните околности зошто не сведочи за Христа, нека ја земе во предвид ситуацијата на учениците кои се наоѓале во домот на Цезарот – на изопаченоста и расипаноста на царот и сето расипништво во дворот. Ние тешко можеме да замислиме понеповолни околности за верскиот живот, поголеми жртви и противења од оние во кои се наоѓале тие обратени верници. Но тие, среде сите нивни тешкотии и опасности, ја сочувале својата верност“ (Делата на апостолите, 350).

„Спасителот со личен пример покажал дека Неговите следбеници можат да бидат во светот, а сепак да не бидат од светот. Тој не дошол да земе учество во измамливите задоволства, не сакал да ги следи нивните обичаи и нивната пракса, туку да ја исполнува волјата на Отецот, да го бара и да го спаси изгубеното. Имајќи ја пред себе таа цел, христијанинот може да остане чист, неизвалкан во својата околина… Христијанскиот карактер се развива не со ослободување од искушенијата и неволјите, туку среде нив. Изложеноста на отфрлање и на противење само му помага на Христовиот следбеник да биде уште попретпазлив и да упатува уште посрдечни молитви кон силниот Помошник. Тешките неволји, поднесени благодарение на Божјата милост, развиваат трпение, будност, постојаност и длабока и непоколеблива доверба во Бога. Триумфот на христијанската вера на Христовиот следбеник му овозможува да трпи и истовремено да биде силен, да се потчинува и со тоа да победува, да биде убиван цел ден, а сепак да живее, да носи крст и со тоа да добие венец на слава“.
— Делата на апостолите, 351.

Петок — 20. септември
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Како можеме да бидеме инспирирани од Павловата копнежлива желба да дојде во Рим?

2. Како сцената на Павловото пристигнување во Рим нѐ учи за приоритетите во животот?

3. Како можеме да бидеме во опасност да го изгубиме Христа од вид, како што тоа го направиле Евреите?

4. Објасни ја Божјата цел во поглед на Павловиот престој во Рим?

5. Зошто ние треба да се чувствуваме понижени од страна на преобратениците во Цезаровиот дом?

2013 • 3. Квартал

13. лекција — Крај на еден побожен живот

28. септември 2013
„Добро се борев, патот го завршив, верата ја запазив. Понатаму ме очекува венецот на правдата, што ќе ми го даде во оној ден Господ, праведниот Судија; но не само мене, туку и на сите кои се радуваат на Неговото појавување“.
— 2 Тимотеј 4,7.8
„(Павловиот) личен живот претставувал жива илустрација на вистините што ги проповедал; и тука лежи неговата моќ со луѓето“.
— Записи од животот на Павле, 325.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Делата на апостолите, 363-378.382-385.

Недела — 22. септември
1. АПСЕЊЕ ВО ТРОАДА

а. Спротивно на секое очекување, Павле е чудесно ослободен со указот на Нерон, најсвирепиот и најгрд тиранин од сите цезари. Како апостолот ја сметал својата повторно добиена слобода? Галатјаните 5,13.

б. Иако поштеден од прогонството на христијанските во Рим, што му се случило на Павле за време на патувањето при неговото враќање во Троада? 2 Тимотеј 4,14.15.

„Евреите ја зачнале идејата барајќи на Павле да му се припише злочинот, тврдејќи дека тој го поттикнал пожарот во Рим. Ниеден од нив ниту за миг не верувал дека тој е виновен; но знаеле дека едно такво обвинение, ако биде изнесено макар и со најмала веројатност, конечно ќе ја запечати неговата судбина. Наскоро им се укажала можност да ги остварат своите планови. Во куќата на еден ученик од Троада, Павле бил повторно уапсен и од тоа место набрзина бил пратен на своето последно заробеништво.

„Апсењето било извршено од страна на напорите на ковачот Александар, кој безуспешно се спротивставувал на работата на апостолот во Ефес и кој сега ја искористил можноста да му се одмазди на оној кого не можел да го победи“.
— Записи од животот на Павле, 304. 305.

в. Имајќи ги предвид сите околности, каков апел Павле во второто послание до Тимотеј му упатил на својот сакан син во верата? 2 Тимотеј 1,7–14; 4,9.

Понеделник — 23. септември
2. ВЕРА ЕДНАКВА НА ХРИСТОВАТА

а. Зошто Павловото второ изведување пред судот во Рим било особено тешко, и каков бил неговиот однос кон оние кои можеле да му помогнат? 2 Тимотеј 4,16.

„Обвинет за поттикнување на едно од најниските и најужасните злосторства против градот и нацијата (Павле) бил предмет на сеопшто гнасење.

„Малобројните пријатели, кои го делеле товарот на апостолот, сега почнале да го напуштаат – некои го изневериле, а некои заминале на должност во разни цркви“.
— Делата на апостолите, 367.

б. И покрај сето тоа, каква сигурност имал Павле? (2 Тимотеј 4,17.18) Каква поддршка и утеха како човек очекувал?

„Никогаш на апостолот не му била потребна толку грижа од страна на неговите браќа како тогаш кога бил изнемоштен од староста, од неволјите и од затворот под влажните сводови на римската зандана…

„Павле, иако навидум рамнодушен кон неволјите и страдањата, копнеел за сочувство и дружење. Посетата на Онисифор, сведочела за неговата преданост за време на осаменоста и напуштеноста, му носеле радост и ведрина на оној кој целиот свој живот го поминал во служба на другите“.
— Делата на апостолите, 367. 368.

в. Зошто Павле, по сето она што доживеал, толку сакал да го види Тимотеја, и зошто неговото срце сега омекнало кон Марко, кој во меѓувреме станал позрел во верата? (2 Тимотеј 1,3–6; 4,9–11).

„Христијанското искуство на Марко станало значително подлабоко отколку во првите денови на неговото верување. Размислувајќи постудиозно за Христовиот живот и за Неговата смрт, тој се здобил со појасни погледи за мисијата на Спасителот, за Неговите маки и судири. Читајќи ги лузните што ги носи Христос на своите раце и нозе, обележјата на Неговата служба за човештвото, и сфаќајќи ја сета големина на самооткажувањето и спасувањето на загубените, Марко решил да го следи Учителот по патот на самопожртвуваноста. Сега, делејќи ја заедно со Павле судбината на затвореник, подобро од кога и да е порано сфатил дека е бесконечна добивка да се има Христос, а вечна загуба да се здобие сиот свет а да се загуби душата за чие спасение Христос ја пролеал својата крв. Изложен на тешки искушенија и неволји, Марко останал цврст, непоколеблив, мудар и сакан помошник на апостолот“.
— Делата на апостолите, 342.

Вторник — 24. септември
3. ПРЕДАВАЊЕ НА ФАКЕЛОТ

а. Кога Павле го проповедал Евангелието и на закрвавениот Нерон ги допрел срцата и на мнозина, што тој посакувал за својот син во верата? (2 Тимотеј 2,1–4; 4,1.2) На што апостолот се чувствувал принуден да го предупреди и охрабри овој млад проповедник? (2 Тимотеј 3,1–5.13.14; 4,3–5).

б. Што Павле можел да каже за Божјата видлива грижа за него и за многубројните искуства што ги стекнал проповедајќи го Евангелието? (2 Тимотеј 3,10.11) Што сите ние мора да сфатиме размислувајќи за животот на Павле? (2 Тимотеј 3,12; 2 Коринтјаните 11,23–28).

„Вистината секогаш вклучува крст. Оние кои не веруваат им се спротивставуваат и потсмеваат на оние кои веруваат. Фактот дека изнесувањето на вистината предизвикува бура на противење не е никаков доказ против неа. Пророците и апостолите честопати својот живот го излагале на опасност затоа што совесно ја извршувале Божјата волја. И Христовиот апостол изјавува: ’А и сите, што сакаат да живеат побожно во Христос Исус ќе бидат гонети‘ (2 Тимотеј 3,12). Ова е наследство на христијаните.

„Потфатите на реформаторите секогаш се пратени со загуба, жртва и опасност. Тоа секогаш претставува прекор за лесен живот, себични интереси и похотливи амбиции. Оттука, кој презема или продолжува со такви дејства мора да наиде на противење, клевета и омраза од оние кои не сакаат да се реформираат. Не е лесно да се победат грешните навики и праксата. Тоа може да се оствари само со помош на божествената благодат, но мнозина забораваат да бараат таква помош и се обидуваат да го спуштат стандардот за да ги задоволат нивните недостатоци, наместо да се воздигнат за да го задоволат Божјиот стандард“.
— Записи од животот на Павле, 279, 305. 306.

в. Како Павле се чувствувал пред крајот на својот живот, окован во синџири, и покрај сите прогонства, што со сигурност мора да биде извор на секоја наша одлука? (2 Тимотеј 2,7–10; 3,16.17; Јован 8,32–36).

„Кога верникот поради вистината е затворен во затворски ѕидови, самиот Христос му се јавува и го воодушевува неговото срце со својата љубов. Кога е осуден на смрт заради Христа, Христос му вели: ’Тие можат да го убијат телото, но душата не можат да ја повредат‘. ’Но не плаши се, зашто Јас го победив светот‘ (Јован 16,33)“.
— Одбрани пораки 3, 420. 421.

Среда — 25. септември
4. СВЕДОЧЕЊЕТО НА ПАВЛЕ ПРЕД НЕГОВАТА СМРТ

а. На што Павле бил свесен пред крајот на својот живот и што можел да каже, и како го завршил својот живот? (2 Тимотеј 4,6–8)?

„Злобата на царот против Павле додатно била зголемена со фактот дека членовите на царското семејство, како и други угледни личности, биле преобратени во христијанството за време на првата затворска казна. Поради таа причина (Нерон) неговата втора затворска казна ја направил значително потешка од првата не давајќи му ниту малку можност да го проповеда Евангелието; и затоа одлучил да го прати во смрт штом за тоа ќе се укаже прва згодна прилика. Умот на Нерон бил толку восхитен од силата на зборовите на апостолот при неговото последно судење така што ја одложил пресудата, ниту го ослободил, ниту го осудил. Меѓутоа, пресудата само била одложена. Набргу потоа изречена е пресуда со која Павле е осуден на маченичка смрт. Како римски граѓанин не можел да биде осуден на јавно мачење и затоа бил погубен со сечење на главата.

„Павле на губилиштето бил одведен тајно. Неговите гонители, вознемирени од степенот на неговото влијание, се плашеле дека сцената на неговата смрт би можела да привлече нови обратеници во христијанството. Оттука на неколку посматрачи им било дозволено да бидат присутни. Но, дури и закоравените војници, кои го придружувале до губилиштето, ги слушале неговите зборови со зачуденост и биле сведоци на неговата ведрина, па дури и радост пред смртта. Духот на простување кон своите убијци и неговата непоколеблива доверба во Христа до самиот крај, за некои од нив, кои биле сведоци на неговото мачеништво, претставувале животен мирис за живот. Повеќемина од нив го примиле Спасителот што го проповедал Павле и храбро ја запечатиле својата вера со сопствената крв“.
— Записи од животот на Павле, 329. 330.

б. Каква сигурност апостолот желно сака да прифатиме додека длабоко размислуваме за величествената порака на Евангелието? (Римјаните 8,31–34).

„За сето време на неговиот живот Павле ја носел со себе атмосфера на небото. Сите оние кои доаѓале во допир со него го чувствувале влијанието на неговата поврзаност со Христа и дружењето со ангелите. Тука лежи моќта на вистината. Спонтаното и несвесно влијание на светиот живот претставувале најубедлива проповед која може да се изнесе во корист на христијанството. Аргументите, дури и кога се необорливи, можат да предизвикаат само уште поголемо противење, но побожниот пример има сила на која не е можно целосно да се спротивстави“.
— Записи од животот на Павле, 331.

Четврток — 26. септември
5. ПРИМЕНА НА ОВИЕ ПОУКИ ЗА НАШЕ ДОБРО

а. Зошто можеме да бидеме зајакнати во љубовта и делото додека со молитва размислуваме за животот на овој кроток човек на верата? (Римјаните 8,35–39).

„Што ги одржувало христијаните во сите векови, среде срамотење, искушенија и страдања? Чистата, непоколеблива вера, постојаното настојување да се сфати што е вистина која ја посветува душата и постојано предавање на Бога под сите околности, како кон некој за кого знаат дека никогаш нема да ги изневери“. (Погледот горе, 244)

„Во текот на долгиот период на служба, Павле никогаш не се поколебал во верноста на својот Спасител. Без разлика дали се наоѓа пред намрштените фарисеи или пред римските власти, пред разбеснетата толпа во Листра или пред осудените грешници во македонската зандана; додека настојувал да ги вразуми морнарите кои биле во паника на насуканиот брод или додека пред Нерон давал одговор за тужбата која го барала неговиот живот – никогаш не се посрамил од вистината за која се залагал. Единствената и голема цел на неговиот христијански живот била да му служи на Оној чие име некогаш го презирал и од таа цел никакво противење и никакво прогонство не можело да го одврати…

„Љубовта на Спасителот била бесмртен мотив кој го поддржувал во борбата со самиот себе и во неговата борба против злото, и во службата за Христос продолжувал само напред против непријателско настроениот свет и противењето на неговите пријатели.

„Она што на црквата ѝ е потребно во овие денови на опасност е војска на работници кои, како Павле, постојано учат да бидат корисни, кои имаат длабоко искуство со Бога и кои се полни со срдечност и ревност“.
— Храброст во борбата, 356.

Петок — 27. септември
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Што ние треба да научиме од срамно неправедното лажно обвинение против Павле?

2. Објасни ја позитивната промена на Павле кон Марко?

3. Зошто реформацијата, иако го наградува оној што ќе ја прифати, секогаш претставува предизвик?

4. Опиши го однесувањето на Павле во мачеништво?

5. Каква претстава можеме да добиеме за апостол Павле проучувајќи го неговиот живот?