2012 • 4. Квартал
1. лекција – Кој е достоен за обожавање?
6. октомври 2012
„Достоен си, Господи, да ја примиш славата, честа и силата, зашто Ти си создал сè, и според Твојата волја постои сè и е создадено!“
— Откровение 4,11
„Ангелското совршенство изневерило на небото. Човечкото совршенство изневерило во блажествениот рај. Сите што сакаат да имаат сигурност на земјата или на небото, својот поглед мора да го насочат кон Божјото Јагне“
– Нашиот висок позив, 45.
ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Патријарси и пророци, 5-16.
Недела — 30. септември
1. ОСНОВНО НАЧЕЛО НА ВСЕЛЕНАТА
а. На што треба да биде насочено вниманието на сите создадени битија и зошто? 1. Петр. 1,24.25.
б. Како ова го вклучува Исуса Христа? Ефесјаните 3,8.9; Јован 1,1-3.
„Господарот на вселената во својот добротворен потфат не бил сам. Тој имал Соработник кој можел правилно да ги сфати Неговите намери и заедно со Него да се радува затоа што создадените битија се направени среќни.“
– Патријарси и пророци, 6 (34 ориг.).
в. Во што светите ангели наоѓаат најголемо задоволство и радост? Псалм 89,14-16.
„Бидејќи законот на љубовта е темел на Божјото владеење, среќата на сите разумни битија зависи од целосната согласност со Неговите големи начела на правдата… Небесните војски наоѓале радост во тоа што можеле да ги исполнуваат намерите на својот Творец. Тие се радувале што можеле да бидат отсјај на Неговата слава и да го слават постојано. Љубовта кон Бога била на прво место, а меѓусебната љубов била искрена и несебична. Не постоела ниедна нескладна нота што би ја нарушувала небесната хармонија.“
– Патријарси и пророци, 6 (34.35).
Понеделник — 1. октомври
2. ВАЛКАНОТО ПОТЕКЛО НА СЕБИЧНОСТА
а. Со какви необични чувства почнал да се исполнува убавиот ангел – водачот на небесниот хор, – и каков бил исходот? Езекиел 28,13.17; Исаија 14,13.14.
„Малку по малку кај Луцифер се појавила желба за самовозвишување… Иако сета негова слава доаѓала од Бога, овој моќен ангел почнал да ја смета за сопствена. Незадоволен од својата положба, иако најценет меѓу небесните жители, се осмелил да копнее за обожавање што му припаѓа само на Создателот. Наместо да се труди сите созданија најголема почит и лојалност да искажуваат само на Бога, тој настојувал нивната служба и лојалност да ги придобие за себе. Копнеејќи за славата со која Вечниот Татко го опкружил својот Син, овој ангелски кнез копнеел и за власта која била исклучиво Христово право. На тој начин била нарушена совршената хармонија на небото. Склоноста на Луцифер да си служи себеси наместо на Творецот пробудила чувство на страв кај оние што славењето на Бога го сметале за највисока должност.“
– Патријарси и пророци, 8 (35.36).
б. Опиши како Луцифер наводно му се поклонувал на својот Творец, а што тој всушност правел во реалноста? Матеј 15,8.
„Ангелите со радост ја признавале Христовата врховна власт и се поклониле пред Него, искажувајќи ја својата љубов и најголема почит. И Луцифер се поклонил заедно со нив, но во неговото срце се водела до тогаш невидена, жестока борба. Вистината, правдата и преданоста се бореле против зависта и љубомората. Некое време изгледало дека влијанието на светите ангели делува врз него. Додека песните на благодарност и слава се издигале во складни акорди на илјадници радосни гласови, се чинело дека лошиот дух исчезнал; неискажлива љубов длабоко го потресла неговото битие, душата заедно со светите чувства на собраните се исполнила со љубов кон Отецот и Синот. Но тој повторно се исполнил со дух на гордост и сопствена слава. Повторно се појавила неговата желба за власт, и повторно со него завладеала зависта кон Христа. Високите почести што ги уживал, Луцифер не ги ценел како посебен дар од Бога, и затоа не му бил благодарен на својот Создател.“
– Патријарси и пророци, 9 (36.37).
Вторник — 2. октомври
3. КРИЗА НА НЕБОТО
а. На кое предупредување треба да обрнеме внимание, согледувајќи ја измамничката тактика која Луцифер започнал да ја спроведува на небото? Изреки 24,1.2.
„Користејќи ја љубовта, преданоста и довербата што ги имале во него светите битија додека биле под негово раководство, тој вешто во нивните мисли го всадувал своето незадоволство кое тие не го препознале. Луцифер Божјите намери ги прикажал во лажна светлина – искривувајќи ги така за да предизвикаат револт и незадоволство. Вешто ги наведувал своите слушатели да ги искажат своите чувства; а потоа секаде каде што тоа би му послужило во остварување на неговата цел, овие изрази ги повторувал како доказ дека ангелите не се потполно согласни со Божјоот владеење. Тврдел дека целосно е предан на Бога и упорно истакнувал дека е потребно да се смени целиот поредок и закон на небото за да се зацврсти божественото владеење. Така, додека настојувал да предизвика противење кон Божјиот закон и своето незадоволство да го втисне во мислите на ангелите што му биле потчинети, тој привидно се трудел да го отстрани незадоволството и нелојалноста на ангелите кон небесниот поредок. Додека тајно поттикнувал неслога и бунт, мошне лукаво настојувал надворешно да изгледа дека единствена цел му е да се зачува преданоста кон Бога, хармонијата и мирот.“
– Патријарси и пророци, 11 (38).
б. Откако Луцифер повикал на отворена војна против милостивиот Творец, што небото било принудено да преземе и зошто? Откровение 12,7-9.
„Упорно го бранел својот став и ревносно се впуштил во голема борба против својот Творец. Така Луцифер ’светлоносецот‘ учесник во Божјата слава и чувар на Неговиот престол, со престапот станал сатана ’непријател‘ на Бога и на сите свети битија, станал причина за пропаст на оние што небото му ги доверило да ги води и да се грижи за нив.“
– Патријарси и пророци, 12 (40).
Среда — 3. октомври
4. ОБОЖАВАЊЕ ВО ЕДЕМ И КРИЗА НА ЗЕМЈАТА
а. Опишете ја првобитната состојба на Божјоото создавање. Создавање 1,31; 3,9.
„Адам во Едемската градина бил опкружен со сѐ што можело да му посака срцето. Секоја негова потреба била задоволена. Во прекрасниот Едем немало грев, ниту било какви знаци на распаѓање. Божјите ангели слободно и радосно разговарале со светиот пар. Никаква сенка не се испречувала меѓу нив и нивниот Творец. Тие Бога го знаеле како свој милостив Татко, и својата волја ја усогласиле со Божјата волја. Карактерот на Адам бил отсјај на Божјиот карактер.“
– Знаци на времето, 11. јуни, 1874 / Упатство за младите, 2. јуни, 1898.
б. Како била осуетена Божјата намера и кои биле првите духовни симптоми на падот? Создавање 3,1-7; 3,12.13.
„Адам својот грев не можел да го одрече, ниту да го оправда, меѓутоа, наместо да се покае, се обидел вината да ја префрли на својата жена, а со тоа и на самиот Бог. Кога жената била запрашана: ’Зошто го направи тоа?‘ таа одговорила: ’Змијата ме измами и јас јадев‘… Така и таа, исто како Адам вината за својот пад ја препишала на Бога. Духот на самооправдување потекнува од таткото на лагата.“
– Патријарси и пророци, 33, 34 (57, 58).
Четврток — 4. октомври
5. ОТКРИЕНА ВИСТИНСКАТА СЛИКА
а. Што Луцифер оставил во наследство на нашата раса и што мораме да имаме на ум? Псалм 58,1-3; Еремија 17,9.
„Потеклото на гревот е во себичноста. Луцифер херувимот заштитник, сакал да биде прв на небото. Копнеел да ја стекне контролата над небесните суштества, да ги одвои од Творецот и нивната преданост да ја присвои за себе. Со планот на откупување се открила Божјата љубов и правда, обезбедена е вечна заштита на непаднатите светови, како и за сите што ќе бидат откупени со крвта на Јагнето. Наша единствена надеж е совршена доверба во крвта на Оној кој може да ги спаси сите.“
– Отсјај на Христовиот карактер, 23 / Нашиот висок позив, 45.
б. Што целиот универзум најпосле ќе сфати за Бога? Римјаните 3,3.4; Откровение 4,11.
„Историјата на гревот низ сите векови ќе претставува сведоштво дека среќата на сите созданија што Бог ги создал е нераскинливо поврзана со постоењето на Божјиот закон. Имајќи ги во предвид сите факти поврзани со оваа голема борба, жителите на целата вселена – и оние што останале предани на Бога и оние што се побуниле – едногласно ќе изјават: ’Праведни се и вистинити Твоите патишта, Царе на светиите!‘“
– Големата борба, 591 (671).
Петок — 5. октомври
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА
1. Зошто е толку важно да знаеме кој всушност е Христос?
2. Кои погрешни чувства и желби го поттикнале бунтот на сатаната?
3. Опиши ги чекорите при падот на сатаната. Како ние можеме да ги избегнеме овие чекори?
4. Прикажи ја разликата во карактерот на нашите прародители пред и после гревот.
5. Објасни го големиот контраст меѓу карактерот на Христа и карактерот на сатаната.
2012 • 4. Квартал
2. лекција – Жртва угодна на Бога
13. октомври 2012
„Со вера Авел Му принесе на Бога подобра жртва, од Каиновата; преку неа тој доби сведоштво дека е праведен, бидејќи Бог посведочи за неговите дарови; преку неа, иако мртов, тој уште зборува.“
— Евреите 11,4
„Додека (Адам) ја колел невината жртва тој се тресел перед помислата дека поради неговиот грев мора да се пролее крвта на совршеното Божјо Јагне. Оваа сцена му дала подлабока и појасна смисла за големината на неговиот престап, кој со ништо не можел да се искупи освен со смртта на Божјиот возљубен Син.“
– Божјата чуд. милост, 15.
ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Патријарси и пророци 49-57.
Недела — 7. октомври
1. ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД ГРЕВОТ
а. Каква промена настанала во животите на нашите прародители откако згрешиле, и како заради тоа се променил начинот на кој тие го обожавале Бога? Создавање 3,16-24.
„Адам во својата невиност уживал што можел отворено да комуницира со својот Творец; но гревот направил бариера помеѓу Бога и човекот, и само Христовата жртва можела да ја премости бездната и повторно да овозможи спасение и повторно да ја воспостави благословената комуникација меѓу небото и земјата. Човекот сѐ уште е лишен од непосредниот пристап кон Творецот, но Бог врската со него ја одржува преку Христа и ангелите.“
– Патријарси и пророци, 45 (67).
„Принесувањето на жртви го воспоставил самиот Бог. Тоа имало за цел човекот постојано да го потсетува на неговиот грев и да го наведе на каење и јавно покажување на вера во ветениот Спасител, и на паднатиот човечки род постојано и живо да му ја предочува свечената вистина дека гревот ја предизвикал смртта. За Адам принесувањето на жртва бил мошне болен и мачен обред. Морал да ја подигне својата рака за да одземе живот што само Бог можел да го даде. Тогаш првпат видел смрт, а знаел дека ниту човекот ниту животно не би морале да умрат, доколку тој би му останал послушен на Бога.“
– Патријарси и пророци, 46 (68).
Понеделник — 8. октомври
2. БОГ ГО ГЛЕДА ИЗБОРОТ ШТО НИЕ ГО ПРАВИМЕ
а. И покрај поуката која ја примил од страна на своите богобојазливи родители, каква спротивност во изборот на богослужение покажал првиот Адамов потомок на овој свет? Создавање 4,1-5.
„Авел ги сфатил големите основни начела на откупението. Увидел дека е грешник и дека меѓу неговата душа и врската со Бога стојат гревот и смртта како казна. Го принел жртвуваното животно и со тоа ги признал барањата на прекршениот закон. Гледајќи во пролеаната крв, ја видел идната жртва – Христос како умира распнат на Голгота; и верувајќи во спасението кое таа жртва ќе го осигура, се осведочил дека е оправдан и дека жртвата му е прифатена.“
– Патријарси и пророци, 50 (72).
„Каин, исто како и Авел, имал прилика и можност да ја дознае и разбере вистината. Тој не бил жртва на самоволните и тирански Божји намери. Ниеден од браќата не бил избран да биде примен од Бога, а другиот да биде отфрлен. Авел ја избрал верата и послушноста; Каин, неверството и бунтот. Целата работа се сведува на тоа.“
– Патријарси и пророци, 51 (72).
б. Независно од тоа која религија луѓето ја исповедаат, што треба да научиме од искуството на Каин и Авел? Евреите 11,4; Малахија 3,18.
„Каин и Авел се претставници на две групи и определби кои ќе постојат на светот сѐ до крајот на времето. Едните ќе знаат да ја искористат жртвата принесена заради човечките престапи, а другите сѐ повеќе ќе се издигаат и потпираат на своите лични заслуги; нивната жртва, лишена од силата на божественото посредништво, нема да може да им обезбеди Божја милост. Нашите престапи можат да бидат простени само со Христовите заслуги. Оние кои сметаат дека Христовата крв не е неопходна, дека со лични заслуги без божествена милост можат да стекнат наклонетост и одобрување од небото, запаѓаат во истата заблуда во која бил и Каин. Ако не ја прифатат крвта што очистува, тие остануваат осудени и проколнати. Не е предвиден ниеден друг начин на кој човекот би се ослободил од ропството на гревот.“
– Патријарси и пророци, 51.
„Најголемиот дел од светот припаѓа на групата поклоници кои тргнуваат по Каиновиот пример; бидејќи речиси сите лажни религии се засноваат на истиот принцип – дека човекот може да се спаси со лични напори.“
– Патријарси и пророци, 51 (72,73).
Вторник — 9. октомври
3. МОШНЕ РИЗИЧНО СФАЌАЊЕ
а. Зошто ние денес сме предупредени да се чуваме од опасните филозофии на т.н. New Age („Нов век“) и други слични движења? Дела 4,10-12; 1 Тимотеј 6,20.21.
„Многумина тврдат дека на човечкиот род не му е потребно спасение, туку развој – дека самиот може да се облагороди, издигне и препороди. Како што Каин мислел дека може да добие божествено одобрување со принос на жртва без крв, така и тие се надеваат дeка човештвото ќе се издигне до Божјоот пример без жртви на страдање и помирување. Каиновиот случај покажува какви се последиците од таквото сфаќање, што човекот неизбежно станува ако се одвои од Христа. Во човекот нема сила со која тој самиот би можел да се обнови и препороди, бидејќи човештвото не копнее горе кон она што е божествено, туку доле кон она што е сатанско. Христос е нашата единствена надеж. ’Зашто под небото нема друго име дадено на луѓето, преку кое би можеле да се спасиме‘ (Дела 4,12).“
– Патријарси и пророци 51 (73).
б. Што, според записот за Каиновиот и Авеловиот живот, опфаќа вистинската вера во Христовото помирување? Римјаните 3,23-31; Јаков 2,22.17.
„Вистинската вера, верата што се потпира на Христа, се покажува во покорувањето на сите Божји заповеди. Од времето на Адам па сѐ до нашите дни постојано се водела голема борба за тоа дали треба или не треба да се држи Божјиот закон. Секогаш постоеле луѓе кои полагале право на Божјата милост иако запоставувале некои од Неговите заповеди и ги сметале за безначајни. Меѓутоа Светото писмо вели: ’… и дека преку делата, верата стана совршена‘. ’И така, верата, ако нема дела, сама по себе е мртва.‘ (Јаков 2,22.17). Тој што тврди дека го познава Бога, а ’заповедите Негови не ги чува, тој е лажливец и во него нема вистина‘ (2 Јованово 2,4).“
– Патријарси и пророци, 52.
„Каин и Авел се претставници на две големи групи. Авел како свештеник, својата жртва ја принел со сериозна вера. Каин принел земјоделски плодови, но одбил со жртвата да ја поврзе крвта на јагнето. Во своето срце тој одбил со принесување на крв на жртвуваното животно да покаже признавање на гревовите и вера во Спасителот. Не сакал да го признае фактот дека му е потребен Спасител. За неговото срце, полно со гордост, тоа би било зависност и понижување. Но Авел, со вера во Спасителот кој треба да дојде, принел жртва што на Бога му била многу поугодна и поприфатлива од Каиновиот принос. Со принесување крв на заклано животно, тој признал дека е грешник, дека се кае и ги отфрла своите гревови и дека верува во заслугите на Големата жртва чијашто крв ќе се принесе во иднина.“
– Конфронтација, 22.23.
Среда — 10. октомври
4. КАИНОВАТА ВООБРАЗЕНОСТ
а. Во која смисла Каиновата таканаречена жртва всушност претставувала бунт? Создавање 4,6.7.
„Сатаната е зачетник на неверувањето, негодувањето и бунтот. Тој Каиновото срце го исполнил со сомнеж и налудничава омраза против недолжниот брат, но и против Бога затоа што неговата жртва ја отфрлил, а ја примил таа на Авел. Во афект на заслепена омраза тој го заклал својот брат. Принесувањето на жртва било воведено за – со симболично пролевање на крв на закланото животно – на човекот да му послужи како гарант дека преку Големата жртва што требало да биде принесена тој ќе добие проштевање од Бога. Со таа церемонија човекот имал можност да покаже каење, послушност и вера во Откупителот кој ќе дојде. Во жртвата што Каин ја принел на Бога немало знак на потчинетост ниту послушност кон обредот што самиот Бог го одредил. Принесувајќи само плодови од земјата, тој сметал дека неговиот личен план е поблагороден а не понизувачки како пролевањето на крвта на животните која укажувала на зависност од некој друг, покажувајќи ја на тој начин сопствената слабост и грешност. Каин потполно ја омаловажил крвта на откупението.“
– Конфронтација, 23.
б. Објаснете го Каиновиот проблем кога е во прашање неговиот однос кон Авел. Создавање 4,8-10; 1 Јованово 3,12.
„Наместо да го признае својот грев, Каин продолжил да се жали на Божјата неправда и да негува завист и омраза кон Авел. Налутено го прекорил брата си, настојувајќи да го вовлече во расправија околу тоа како Бог постапува со нив. Понизно, но бестрашно и одлучно, Авел ја бранел Божјата праведност и Неговата добрина. Му укажал на Каин на неговата заблуда и се трудел да го наведе и самиот да ја согледа. Го потсетил на Божјоото сожалување кон нивните мили родители, како им го поштедил животот тогаш кога можел да ги казни со моментална смрт, и упорно истакнувал дека Бог ги сака, бидејќи да не е така, Тој не би го дал својот возљубен, безгрешен свет Син да ја претрпи казната што тие ја заслужиле. Сето тоа уште толку го разгорел гневот на Каина. Разумот и совеста му кажувале дека Авел е во право; но се лутел што оној, кој обично му се покорувал, се осмелил да му се спротивстави и што кај него не наишол на согласност за своето противење и бунт против Бога. Во налет на силна омраза и гнев го убил својот брат.“
– Патријарси и пророци, 52 (74).
Четврток — 11. октомври
5. ИЛУСТРАЦИЈА НА НЕПРОМЕНЛИВОТО НАЧЕЛО
а. Какви плодови неизбежно донесува Каиновата религија? 1 Јованово 3,13; Јован 3,20.
„Каин го мразел и го убил својот брат, не затоа што тој му направил нешто лошо, туку затоа што ’неговите дела беа лоши, а на неговиот брат – праведни‘ (1 Јованово 3,12). Така во сите векови безбожните и неправедните ги мразеле оние што се подобри од нив. Авеловиот живот на послушност и непоколеблива вера бил постојан укор за Каин… Доколку светлината со која Божјите верни слуги го отсликуваат Неговиот карактер засветли посилно, толку гревовите на безбожните ќе станат повидливи, и толку поодлучни се нивните напори да ги уништат оние што им го нарушуваат мирот.“
– Патријарси и пророци, 53 (74).
б. Каква поука можеме да извлечеме од Божјоото постапување со Каин? Создавање 4,11-16.
„Мрачната историја на Каин и неговите потомци најјасно покажува што би се случило доколку Бог на грешникот би му подарил вечен живот и дека, благодарение на тоа вечно постоење, тој во целост би го развил својот бунт против Бога. Сатаната постојано и неуморно се труди обидувајќи се на илјадници начини да го обезличи Божјиот карактер и лажно да го претстави Неговото владеење. Тој дејствува според големи и добро изработени планови и со чудесна сила, за да ги држи цврсто жителите на светот под закрилата на неговата заблуда. Возвишениот и Бог кој знае сè го видел крајот уште на самиот почеток, и со Неговото постапување со злото може да се видат само Неговите далекосежни и сеопфатни планови. Тој имал намера не само да го совлада бунтот, туку и пред целата вселена да ја покаже неговата вистинска природа. Божјиот план се развивал и ја покажал Неговата праведност и милост и потполно ја оправдал Неговата мудрост и праведност во постапувањето со злото.“
– Патријарси и пророци, 56 (78).
Петок — 12. октомври
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА
1. Ние често дискутираме за Адамовиот грев, но што можеме да научиме од неговото каење?
2. Кои две групи на луѓе се поведуваат по примерот на Каин и Авел?
3. Како треба денес да одговориме на тврдењето дека човечкиот род самиот може да се поправи?
4. Зошто Каиновото негодување против Бога е неоправдано и нерационално?
5. Што може да ни донесе мир кога ќе се соочиме со оние што го заземаат ставот на Каин?
2012 • 4. Квартал
3. лекција – Богослужбата на првите патријарси
20. октомври 2012
„А без вера не е можно да Му се угоди на Бога; бидејќи оние кои доаѓаат кај Бога, треба да веруваат дека Тој постои и дека ги наградува оние што Го бараат.“
— Евреите 11,6
„Христос наскоро доаѓа. Божјите ангели се трудат нашето внимание да го одвратат од нас самите и од работите од овој свет. Не треба да дозволиме нивниот труд да биде напразен.“
– Отсјај на Христовиот карактер, 312.
ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Патријарси и пророци, 69-85.
Недела — 14. октомври
1. ЕНОХ
а. Како вдахновението го опишува Еноховото искуство? Создавање 6,8.9.15; Евреите 11,5. Благодарение на постојаната поврзаност со вистинската богослужба што му било покажано не Енох пред да биде вознесен на небото? Јуда 14.
„Енох верно им пренесувал на луѓето сѐ што Бог му открил преку Духот на пророштво. Некои верувале во неговите пораки и се одвратиле од безбожноста за да му служат на Бога во страхопочит. Таквите често го барале Еноха на местата каде тој се повлекувал, и тој ги упатувал и се молел на Бога да ги надари со познавање на Неговата волја. Тој често се повлекувал во осаменост за да не биде вознемируван, бидејќи луѓето го прекинувале во неговото побожно размислување и одржување на врска со Бога. Сепак тој не секогаш избегнувал дружење со оние што го сакале и што со задоволство ги слушале неговите мудри зборови; ниту пак целосно се одвојувал од оние што биле изопачени. Во договорено време се состанувал и со добрите и со злите, трудејќи се безбожните да ги одврати од нивните зли патишта и да ги упати и советува во страв Божји. Со задоволство останувал со нив сѐ додека со своите побожни разговори и својот свет пример можел да им биде на благослов; а потоа би напуштил секакво дружење со праведните, исмејувачите и идолопоклониците, за да биде потполно сам, гладен и жеден за општење со Бога и за знаење што само Тој можел да му го даде.“
– Дух на прор. 1, 62.63.
Понеделник — 15. октомври
2. ВО ДЕНОВИТЕ НА НОЕ
а. Опиши ја состојбата на човечкиот род кога се родил Ное? Создавање 6,1.2.5.6.11.12.
б. Како Исус ги споредил деновите на Ное со нашето време – и што треба да сфатиме од тоа? Лука 17,26.27; Матеј 24,37-39.
„Бог не ги осудил претпотоните луѓе затоа што јаделе и пиеле. Тој им дал во изобилие плодови од земјата за да ги задоволат секојдневните потреби. Нивниот грев се состоел во тоа што користејќи ги овие дарови тие не биле благодарни на Дарителот и затоа што се унижиле во неограничено попуштање на апетитот. Со законот им било дозволено да се женат и мажат. Бракот е божествена институција, една од првите во поредокот што Тој го воспоставил. Тој за оваа институција дал посебни упатства и ја обвил со светост и убавина; но тие упатства биле заборавени и бракот се изопачил до таа мера што служел само за задоволување на страстите.
„Сликата со која Вдахновението го претставува претпотопниот свет најточно ја прикажува состојбата кон која денешното општество со голема брзина оди во пресрет. Дури и денес, во овој век и тоа во земји кои се сметаат за христијански, секојдневно се случуваат црни и ужасни злосторства исти оние заради кои биле уништени грешниците во претпотопниот свет.“
– Патријарси и пророци, 82 (101.102).
„Каква е брачната врска денес? Зарем не е изопачена и осквернета исто како во деновите на Ное? Дневните весници се полни со извештаи за разводи кои се сѐ почести. Таквиот брак се сведува на она што според Христовите зборови го правеле жителите на претпотопниот свет: ’се женеа и се мажеа‘ (Матеј 24,38).“
– Објавени ракописи 7, 56.
Вторник — 16. октомври
3. НОЕВАТА ВЕРА
а. По што Ное видно се разликувал од другите кои живееле во негово време? Создавање 6,8.9.14.
б. Бидејќи Ное му служел на Господа, што можеме да забележиме за неговата тесна поврзаност со Творецот? Создавање 6,17-22; 7,1.5.23; 8,15-20.
в. Опиши го големиот судир меѓу Христа и сатаната кој може да се види во животот на Ное и во животите на оние на оние што го слушале? Евреите 11,6.7.
„Додека Ное на светот му ја објавувал опомената, неговите дела сведочеле за неговата искреност. На тој начин се усовршила неговата вера и станала очигледна. Тој на светот со личен пример му покажал дека навистина верува во тоа што Бог го рекол. Сѐ што имал вложил во изградбата на ковчегот. Секој удар при изградбата на ковчегот било сведоштво за народот.
„Во почетокот се чинело дека многумина ја прифаќаат опомената, но сепак не се обратиле кон Бога ниту пак вистински се покајале. Тие не сакале да се откажат од своите гревови. Во времето што преостанало до потопот, нивната вера била искушана и тие не издржале до крај. Совладани од неверството што земало сѐ поголем замав, тие најпосле му се придружиле на своето поранешно друштво и заедно со нив ја отфрлиле свечената опомена. Поединци биле длабоко осведочени и би ги прифатиле зборовите на опомена, но исмевачите биле толку многубројни што и тие најпосле потпаднале под истиот дух, се спротивставиле на повикот на милост и наскоро станале најдрски исмејувачи; бидејќи никој не е толку безобѕирен и не се оддава на гревот до таа мера како оние што некогаш ја имале светлината, па се спротивставиле на Божјиот Дух кој може да ја убеди и осведочи душата.
„Не сите луѓе од тоа поколение биле идолопоклоници, во целосна смисла на тој збор. Многумина тврделе дека му служат на Бога. Тврделе дека нивните идоли се само видлива претстава на божествата и дека со нивна помош луѓето можат да стекнат појасен поим за Божјото Битие. Ваквите биле најревни во отфрлувањето на Ноевата порака.“
– Патријарси и пророци, 74 (95.96).
Среда — 17. октомври
4. ДЕНЕШЕН НОЕ
а. Како Светото писмо ги претскажало деновите во кои живееме? 1 Тимотеј 4,1; 2 Тимотеј 3,1-5.
„Исус поставил едно значајно прашање: ’Но Синот Човечки, кога ќе дојде, ќе најде ли вера на земјата‘ (Лука 18,8). И, како што можевме да видиме од изложеното, Тој кажува дека состојбата во светот ќе биде иста како во деновите на Ное. Апостол Павле нѐ опоменува и предупредува дека, како што ќе се приближува крајот, толку повеќе можеме да очекуваме ширење на беззаконието… Тој исто така вели дека во ’последните денови ќе настанат времиња тешки‘ (2 Тимотеј 3,1) и дава запрепастувачки список на гревови кои ќе ги прават оние што се ’на изглед побожни‘.
„Кога поминало времето на милост за претпотопниот свет, луѓето и понатаму се оддавале на возбудливи забави и бучни веселби. Оние што биле влијателни и биле на власт, правеле сѐ што е во нивна моќ умот на луѓето постојано да биде преокупиран со задоволства и уживања за да не допре последната свечена опомена до ниедно срце. Зарем во нашите денови не се случува истото перед нашите очи? Додека Божјите слуги ја објавуваат пораката дека крајот на светот е на прагот, светот потполно се оддава на задоволства и копнеж за уживање.“
– Патријарси и пророци, 84 (103).
б. Која опомена од деновите на Ное треба постојано да ја имаме на ум? 2 Петрово 3,3-10.
„Во времето на Ное светските мудреци тврделе дека уништување на земјата со вода е невозможно; така и денес има научници кои се обидуваат да докажат дека е неможно светот да биде уништен со оган – дека тоа е спротивно на законите на природата.
„Кога големците и мудреците од тоа време ги убедиле луѓето дека е невозможно светот да биде уништен со вода, кога стравувањето на народот било смирено, кога пророштвото на Ное сите го сметале за заблуда, а на него гледале како на фанатик – тогаш настапил вистинскиот момент за Бога. ’Во тој ден бликнаа сите извори на големата бездна и се отворија окната небески‘, а потсмевачите пропаднаа во брановите на водата што поплави сѐ. И покрај својата мудрост со која се фалеле, луѓето предоцна согледале дека нивната мудрост всушност била лудост, дека Законодавецот е повисок од законот на природата и дека на Семоќниот не му се потребни средства за да ги оствари своите намери.“
– Патријарси и пророци, 84.85 (103.104).
Четврток — 18. октомври
5. РЕАЛНОСТА ШТО НИ ПРЕТСТОИ
а. За која реалност мнозина денес не сакаат да мислат ниту да зборуваат? 1 Солунјаните 5,3.
„Кога мислењата и заклучоците на филозофите ќе го отстранат секој страв од Божја казна, кога вероучителите ќе предаваат дека претстојат долги векови на мир и благосостојба, и кога светот – целосно зафатен со работа и задоволства, сеење и жнеење, насладување со јадење и пиење – ќе ги отфрли Божјите опомени, а Неговите гласници ќе ги исмее – ’тогаш ненадејно ќе ги снајде пропаст и не ќе можат да избегнат‘ (1 Солунјаните 5,3).“
– Патријарси и пророци, 85 (104).
б. Кога придобивањето на души ни се чини како голем предизвик, што секогаш треба да имаме на ум? 1 Петрово 3,18-22.
„Изнесувајте го Божјото слово секогаш кога за тоа ќе ви се укаже прилика. Сејте покрај секоја вода. Можеби нема веднаш да има резултати од вашиот труд, но не се обесхрабрувајте. Говорете го она што Христос ќе го стави во вашата уста. Работете како Тој што работел.
„Откупителот на светот имал многу слушатели, но малку следбеници. Ное сто и дваесет години проповедал на претпотопниот свет, но сепак малку го ценеле и правилно го искористиле тоа скапоцено време на милост и проба. Од целокупното население на тогашниот свет само осум души ја прифатиле Божјата порака, но таа порака го осудила светот. Пораката што ние ја објавуваме на светот ќе биде животен мирис за живот на сите што ќе ја прифатат, а осуда за оние што ќе ја отфрлат.“
– 7 Сведоштво, 34 (36).
Петок — 19. октомври
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА
1. Која била тајната на Енох во придобивање на душите?
2. Како ние треба да го разбереме она што Христос го рекол за деновите на Ное?
3. Кое трајно начело можеме да го видиме во резултатите на Ноевото проповедање?
4. Кој преовладувачки став денес во општеството бил предвиден од апостолите?
5. Имајќи ја предвид краткоста на времето, на кој позив треба да одговориме?
2012 • 4. Квартал
4. лекција – Аврамовата вера
27. октомври 2012
„Нели со дела беше оправдан Авраам, нашиот татко, откако врз жртвеникот го положи својот син Исак? Гледаш ли дека верата дејствуваше заедно со делата негови, и дека преку делата, верата стана совршена.“
— Јаков 2,21.22
„Приближувајќи се кон Господа ние примаме милост со чиешто посредство ги вршиме делата што Тој ќе ги награди со својата рака.“
– RH, 29. јануари, 1875.
ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Патријарси и пророци, 135-146.
Недела — 21. октомври
1. ОДВОЈУВАЊЕ ПРЕКУ ВЕРА
а. Што треба да научиме од повикот што Бог му го упатил на Аврам? Создавање 12,1-8; 15,1-7.
„Иако таткото се колебал меѓу вистинското и лажното обожавање, и со своето знаење за вистината мешал и лажни теории на идолопоклонство, Аврам не дозволил да биде заведен.“
– Коментари на библ. текстови, 32.
„И денес мнозина се искушуваат како што некогаш бил искушан и проверен Аврам. Иако тие не слушаат Божји глас кој непосредно им говори од небото, Тој сепак ги повикува на проучување на Неговото слово и настаните на Неговото провидение. Можно е тие да бидат повикани да ги напуштат своите занимања што им ветуваат богатство и чест, да се одречат од роднинските и деловните врски за да тргнат по пат, кој наизглед нуди само тегоби, самоодречување и жртви. Бог им дал задача што тие треба да ја извршат; меѓутоа лесниот живот и влијанието на пријателите и роднините би го попречувале развојот токму на оние особини кои се најважни за извршување на таа задача. Бог ги одвојува од влијанието и поддршката на луѓето и ги наведува да почувствуваат потреба од Негова помош и да зависат само од Него, за да може Тој да им се открие. Кој е спремен на повик на Провидението да се одрече од своите омилени планови, од семејните и другите блиски врски и друштвото? Кој е согласен да прифати нови должности и да замине во непознати краеви за да работи со непоколебливо срце радосно на Божјоото дело, сметајќи ги за добивка загубите поднесени заради Христа? Тој што е подготвен да постапи така ја има верата на Аврам.“
– Патријарси и пророци, 112 (126.127).
Понеделник — 22. октомври
2. ПРИМЕР НА ЖИВОТ ИСПОЛНЕТ СО МОЛИТВА
а. Што ни открива Аврамовиот однос кон Бога? Создавање 12,7.8; 13,4.18.
„Аврам ’Божјиот пријател‘, ни оставил достоен пример. Неговиот живот бил живот на молитва. Каде и да ги распнел своите шатори, во непосредна близина градел и олтар, повикувајќи ги сите членови на своето домаќинство да присуствуваат на утринската и вечерната жртва. Кога би ги собрал своите шатори и би се преселил на друго место, олтарот останувал.“
– Патр. и пророци, 114 (128).
б. Како и ние можеме да се инспирираме од она што Бог му го рекол на Аврам? Создавање 17,1-5; 18,17.18.
„Сѐ додека родителите со сето срце и сами не го следат Божјиот закон, тие нема да можат, како Аврам, да им заповедаат на своите синови ’после нив‘ да одат по Неговите патишта. Во тој поглед потребно е да дојде до една длабока и коренита реформа. Родителите мора да се реформираат, исто и проповедниците, бидејќи во нивните домови не се чувствува Божјоото присуство. Ако навистина сакаат да дојде до ваква реформа, тие мораат во своите семејства да го внесат Божјоото Слово, и да го прифатат Него за свој Советник. Децата треба да се учат дека упатствата во Божјоото Слово се Божји глас упатен до нив, и дека мораат безусловно да го послушаат. Децата на таквите родители ќе можат да им одолеат и на најпрепредените лукавства на неверниците. Нека ја прифатат Библијата како темел на својата вера, и тој темел нема да може да го срушат брановите на скептицизмот.
„Има многу домови во кои молитвата е запоставена. Родителите велат дека немаат време за утринско и вечерно богослужение. Не можат да посветат неколку моменти да му заблагодарат на Бога за Неговата изобилна милост – за благотворните сончеви зраци и освежувачките дождови кои придонесуваат природата да оживее, и за заштитата од светите ангели. Немаат време да се помолат за божествена помош и водство и за постојано Христово присуство во семејството.
„Тие што тврдат дека го љубат Бога треба слично на патријарсите во старите времиња, каде и да го распнат својот шатор, покрај него да му изградат и олтар на Господа. Ако некогаш било време секоја куќа да биде дом на молитва, тогаш тоа време сигурно е денес. Татковците и мајките треба често да ги издигаат своите срца кон Бога во понизна молитва за себе и за своите деца. Таткото, како свештеник во семејството, треба наутро и навечер да му принесува жртва на Господа на семејниот олтар, а жената и децата треба да му се придружат во молитвата и оддавањето благодарност на Бога. Христос радосно ќе престојува во таквото семејство.“
– Патријарси и пророци, 134 (143.144).
Вторник — 23. октомври
3. ЌЕ МУ ЗАПОВЕДА НА СВОЕТО ДОМАЌИНСТВО И ПОСЛЕ СЕБЕ
а. Како довербата што Бог ја имал во Аврам треба да влијае на оние кои денес се глава на своите семејства и што тие треба да научат од тоа? Создавање 18,19.
„Кај многу родители се јавува слепа и себична сентименталност, погрешно наречена љубов, која се покажува на тој начин што дозволуваат со нивната волја да владеат децата чиишто страсти се нескротени, а расудувањето – незрело и неоформено. Тоа е вистинска свирепост кон младите и најголемата неправда на светот. Родителите со своето попуштање внесуваат дисхармонија во семејството и општеството. Тоа во младите ја засилува желбата да се раководат според своите склоности, наместо да се потчинат на божествените барања. Израснати со таков дух, тие во своето срце носат противење кон Божјоата волја, и својот дух на нерелигиозност и непокорност го пренесуваат на своите деца и на децата на своите деца. Родителите би требало на своето поколение да му заповедаат и ’после себе‘, како што направил Аврам Учете ги децата да бидат послушни на родителскиот авторитет, и тоа ќе биде првиот чекор кон покорување на Божјоот авторитет.
„Многу зла произлегуваат од тоа што дури и таканаречените верски водачи Божјиот закон не го сфаќаат сериозно… Родителите кои се исповедаат за христијани, а не ги држат Господовите уредби, не им заповедаат ниту на своите деца да одат по Неговите патишта. Божјиот закон не е правило на нивниот живот. Кога децата на таквите ќе пораснат и основаат свои семејства, тие не чувствуваат никаква обврска своите деца да ги научат на она на што ни самите не биле поучени. Тоа е причината зошто има толку семејства во кои не се знае за Бога; затоа и изопаченоста и пороците земаат толку голем замав.“
– Патријарси и пророци, 132 (142.143).
„Мајката не смее да му дозволи на детето за загосподари со неа. А за да го одржува својот авторитет, не е неопходно да применува груби мерки; цврстината, непоколебливоста и вистинската љубезност, го осведочуваат детето дека навистина го сакате, и ја остваруваат саканата цел.
„Кога е неопходно родителите можат непосредно да им заповедаат на своите деца; казнувањето на непослушноста треба да се смета за непроменлив закон на природата. Децата кои на тој начин цврсто се држат под одредени правила знаат дека кога ќе побараат нешто што е забрането или недозволено со никакво умолување или вештина нема да можат да ја остварат својата цел. Децата на неодлучните и попустливите родители постојано се надеваат дека со улизување, врескање или упорна мрзоволност ќе ја остварат целта или ќе поминат неказнето заради непослушност. Во таква состојба на надеж, желба и неизвесност, децата стануваат немирни, раздразливи и недисциплинирани. Таквите родители Бог ги смета за виновни што ја уништиле среќата на своите деца.“
– Водење на детето, 83, 284.
Среда — 24. октомври
4. ЗАЛАГАЊЕ И ЗА ОНИЕ КОИ ЧИНАТ ЗЛО
а. Што открива историјата за Аврамовата голема љубов и милост кон другите – и како ваквиот став треба да биде поука за нас? Создавање 18,20-33.
„(Аврам) човекот на вера најсрдечно се зазел за жителите на Содом… Не бил самоуверен, не се фалел со својата праведност. Правото на милост не го темелел на својата послушност или на жртвите што ги поднел исполнувајќи ја Божјата волја. Самиот чувствувајќи се како грешник, се залагал за грешници. Таков дух треба да поседуваат сите што му пристапуваат на Бога. Аврам покажал токму таква доверба каква што покажува детето кога за нешто го моли својот сакан татко. Му пришол сосема близу на небесниот гласник и најсрдечно и упорно ја повторувал својата молба. Аврам не се молел само еднаш, тогаш не еднаш, туку повеќе пати. Согледувајќи дека неговите молби наидуваат на одговор, се охрабрил и продолжил да се моли сѐ додека не добил ветување дека градот ќе биде поштеден ако во него се најдат само десет праведници.“
– Патријарси и пророци, 127.
„Аврамовата молитва била проникната со љубов кон душите кои биле осудени на пропаст. Иако чувствувал одвратност кон гревовите на изопачените жители на тој град, тој сакал грешниците да се спасат. Неговиот длабок и искрен интерес и залагање за жителите на Содом покажува колкава треба да биде и нашата загриженост за непокајаните. Треба да го мразиме гревот, но да го сакаме грешникот и да имаме сомилост кон него. Секаде околу нас се наоѓаат души кои безнадежно заминуваат во пропаст страшна исто колку и онаа што го снашла Содом. Секој ден за некого значи крај на времето што му било одредено да се провери. Секој миг некои ја преминуваат границата зад која милоста повеќе не допира. А каде се весниците со опомена и со сесрдно преколнување кои би го повикале грешникот да ја избегне оваа страшна судбина? Каде се рацете испружени да го оттргнат од смртта? Каде се оние кои понизно и со истрајна вера би го молеле Бога за него?“
– Патријарси и пророци, 128 (139.140).
б. Што треба да научиме од најтешкото искушение на Аврам? Создавање 22,1.2.7-18.
„Од Аврамовиот пример треба да научиме дека ништо од она што го поседуваме не е премногу драгоцено за да не можеме тоа да Му го дадеме на Бога… Не постоело искушение ниту страдање кое на Аврам би му нанело таков бол и таква мака како што било покорувањето на Божјиот налог да го жртвува својот син.“
– Знав. на врем. 1 апр., 1875.
Четврток — 25. октомври
5. ВЕТУВАЊЕТО ШТО ГО ДОБИЛ АВРАМ
а. Кој особено важен став во Аврамовата постојана врска со Бога треба и ние денес да го имаме на ум? Евреите 11,8-10; Колосјаните 3,1-3.
„Нашиот интерес не треба да биде насочени кон овој јаден и мрачен свет, туку кон Бога, славата и небото. Не треба да им допуштеме на нашите умови да биде обземени со грижа за фармите и имотите на овој свет, туку со размислување за Аврамовата фарма. Како насленици на бесмртното богатство, ние своето внимание и љубов треба да ги одвратиме од оваа земја и да ги насочиме на она што е небесно.“
– Кратки записи (1888), 329.
б. Објасни ја суштината на Аврамовата вера. Јаков 2,18-24; 1 Јованово 5,3.
„Нам денес ни е неопходна верата на Авраам – да ја растера темнината што нѐ опкружува и која ги спречува пријатните зраци на Божјата љубов и го попречува нашето духовно растење. Нашата вера треба да изобилува со добри дела; бидејќи верата без дела е мртва.“
– Верата со која живеам, 115.
в. Зошто проучувањето на Аврамовите искуства е толку важно за нас денес? Римјаните 4,1-3.13; Галатјаните 3,8.9.29.
„За да Му служиме на Бога како што треба, мораме да бидеме родени со небесен Дух. Така се чисти срцето и се обновува умот, што нѐ оспособува да Го запознаеме и љубиме Бога. На тој начин радосно ќе се покоруваме на Неговите барања. Тоа е вистинска побожност.“
– Копнежот на вековите, 166 (189).
Петок — 26. октомври
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА
1. Зошто често е потребно да се одвоиме од семејните врски за да му служиме на Бога?
2. Наведи еден од основните предуслови за успешен христијански живот во семејството.
3. Како денешните родители можат да се охрабрат од Аврамовиот пример?
4. Објасни како срдечно треба да се залагаме за необратените.
5. Изложете го накратко значењето на Аврамовите трајни примери на верност?
2012 • 4. Квартал
5. лекција – Човек според Божјото срце
3. ноември 2012
„Упати ме, Господи, кон Твојот пат, и јас ќе одам во Твојата вистина; и дај ми непоколебливо срце, за да го почитувам името Твое.“
— Псалм 86,11
„Сѐ дури Давид бил чист и ги слушал Божјите упатства, Бог го нарекувал ’човек по своето срце‘ (1 Самоилова 13,14).“
– Дух. дарови 87.
ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Патријаси и пророци 740-748, 755-766.
Недела — 28. октомври
1. НЕБОТО ГЛЕДА НА СРЦЕТО
а. Зошто Бог го отстранил Саул од израелскиот престол? 1 Самоилова 13,13.14.
„Саул бил според срцата на Израелците, додека Давид бил според срцето на Бога.“
– Коментари на библиските текстови, 147.
б. Зошто Есеевеиот првенец не бил помажан за цар – и каква поука треба ние да извлечеме од тоа? 1 Самоилова 16,1.6-13.
„Откако синовите на Есеј биле изведени пред Самоил, тој сакал да го одбере Елијав, кој бил со висок став и достоинствено држење, но Божјиот ангел, кој стоел покрај него за да го води при оваа значајна одлука, го упатил да не расудува според надворешниот изглед. Елијав немал страв Божји. Тој во своето срце не бил исправен пред Бога. Тој би бил горд и многу строг господар. Ниеден од Есеевите синови не бил избран од Бога освен Давид, најмладиот меѓу нив, чиешто скромно занимање било да го чува стадото на својот татко. Својата скромна пастирска должност тој ја извршувал толку совесно и храбро што Бог сега го избрал за војсководец на својот народ. И кога настапило времето, тој бил подготвен својот пастирски стап да го замени со владетелска палка.“
– Дух на прор. 1, 367.368.
„Благородноста на срцето е токму она што претставува внатрешна вредност со која единствено можеме да му угодиме на Господа над војските. Треба да бидеме длабоко свесни за оваа вистината кога судиме за себе или за другите.“
– Патријарси и пророци, 675 (638).
Понеделник — 29. октомври
2. РЕВНУВАЊЕ ЗА БОЖЈАТА ЧЕСТ
а. Додека Израелците трепереле пред фалбаџискиот џин од Гет која била најголемата грижа на Давид? 1 Самоилова 17,22-26.
б. Зошто Давид бил убеден дека може го победи овој џин – и колку тоа се разликувало од фаленичка гордост и ароганција? 1 Самоилова 17,32-37.
„Дали духот на гордост и самодоверба го охрабриле Давид да излезе пред силниот воин кој дрско го предизвикувал Израелскиот Бог? Во Давид немало таков дух. Скромно и мирно, тој во својата изјава не се повикувал на својата мудрост, вештина или сила, туку на силата на Оној што го спасувал од шепите на лавот и мечката… Давид во своето срце ниту малку не се колебал или плашел; бидејќи знаел на кого се потпира.“
– Знав. на времето, 4. март, 1886.
в. Зошто Давид одбил да го употреби оклопот и оружјето на Саул? 1 Самоилова 17,38.39. Каква поука е тоа за нас, на кои ни е доверена последната порака на Божјата милост? 2 Тимотеј 2,25.26.
„Во излагањето на непопуларната вистина, која вклучува и тежок крст, проповедниците треба секој збор внимателно да го изнесуваат онака како што Бог го дал. Тие никогаш не треба да сечат со своите зборови. Сегашната вистина треба да ја изнесуваат понизно, со најдлабока љубов за душите и најсрдечна желба за нивно спасение, препуштајќи и на вистината сама да сече. Не треба да ги предизвикуваат проповедниците од другите цркви и да започнуваат расправии. Тие не треба да ја имаат истата улога што ја имал Голијат кога ги предизвикувал војските на Израел. Израел не го предизвикал Голијат, но Голијат сам се фалел пред Бога и Неговиот народ. Предизвикувањето, фалењето и навредите мора да дојдат од противниците на вистината, кои постапуваат како Голијат; но таквиот дух никогаш не треба да се забележи кај оние кои Бог ги праќа да ја објават последната порака на милост на светот осуден на пропаст…“
– Слуги на Евангелието 1892, 188.
„(Давид) го оставил царското оружје бидејќи не бил искусен да ракува со него. Тој имал искуство со Бога, и потпирајќи се на Него со целосна доверба остварил голема победа. Ако го зел оружјето на Саул би создал впечаток дека е војник, а тој всушност бил само момче пастир. Тој не сакал да му даде значење на Сауловото оружје, бидејќи се надевал само на Господ, Богот Израелов.“
– Слуги на Евангелието 1892, 188.
Вторник — 30. октомври
3. ДАВАЊЕ ПРЕДИМСТВО
а. Наведи два примера кои ја покажуваат благородноста на Давидовиот карактер? 1 Самоилова 26,2.7-11; 1 Летописи 11,15-19.
б. На што прво се посветил Давид кога станал крал? 1 Летописи 13,1-3. Објасни ја причината за трагедијата што следела. 1 Летописи 13,6-11.
„Ненадеен страв ја обзел бучната толпа. Давид бил силно погоден и мошне вознемирен, и во своето срце дури се сомневал во Божјата праведност. Тој сакал да укаже слава на ковчегот на заветот, како симбол на Божјоото присуство. Зошто тогаш дошла таа страшна казна за да ја претвори радоста во бол и тага? Чувствувајќи дека е опасно да го чува ковчегот на заветот во своја близина, Давид одлучил да го остави кај што се затекол. И место се нашло во куќата на Овид-Едом Гетеецот.
„Судбината на Уза била Божја казна за прекршување на одлучната заповед. Бог преку Мојсеј дал нарочни упатства за пренесување на ковчегот на заветот. Само на свештениците, потомците на Арон, им било дозволено да го допрат ковчегот или да го погледнат кога е неоткриен.
„Давид и неговите поданици се собрале да извршат еден свечен чин и на задачата и пристапиле со радосно срце; но Господ не можел да ја прими нивната служба, бидејќи не била изведена во согласност со Неговите наредби. Филистејците, кои ништо не знаеле за Божјите закони ковчегот го ставиле на кола кога им го враќале на Израелците и Господ ги прифатил нивните напори. Меѓутоа, Израелците точно ја знаеле Божјата волја во тој поглед, па занемарувањето на Неговите упатства значело да се обесчести Бог. Гревот на Уз бил во тоа што се осмелил да ја премине границата на дозволеното. Престапувањето на Божјиот закон ја ослабил неговата свест за светоста на предметот, и без да се покае за своите гревови, тој, и покрај одлучната Божја забрана – се дрзнал да го допре симболот на Божјото присуство. Бог не може да прифати делумна послушност, ниту пак да го одобри немарното или лековерното сфаќање на Неговите заповеди. Казнувајќи го Уз, Бог сакал на сите Израелци да им укаже на тоа колку е важно строго да се придржуваат до Неговите завети. Така смртта на еден човек го навела народот на покајание и спречила казнување на илјадници.“
– Патријарси и пророци, 742.743 (705.706).
Среда — 31. октомври
4. ЦЕЛОСНА РЕФОРМА
а. Опиши го потресното искуство што Давид го доживеал во својата најсрдечна желба подобро да ги дознае Божјите намери. 1 Летописи 13,12-14.
„Божествената опомена делувала на Давидовото срце. Како никогаш порано, ја сфатил светоста на Божјиот закон и потребата од строга послушност. После три месеци одлучил да го повтори обидот за пренесување на ковчегот на заветот, и сега внимавал во секој детаљ да се почитуваат Божјите упатства.“
– Патријарси и пророци, 743 (706).
б. Што сфатил Давид во поглед на пренесувањето на ковчегот после длабоко размислување и молитва? Броеви 4,15; 7,9. Што треба да научиме од неговата страхопочит покажана во поворката и начинот на кој била наградена неговата вера? 1 Летописи 15,25.26.
„Царот ја соблекол својата царската облека и се облекол во обичен ленен ефод, каков што носеле свештениците. Тој со овој чин не сакал да покаже дека тој ја презема свештеничката функција, бидејќи понекогаш ефодот повремено го носеле и други луѓе покрај свештениците. Но сакал во таа света служба пред Бога да биде еднаков со своите поданици. Тој ден бил посветен на обожавање на Јехова; Тој требало да биде единствениот предмет на почит.
„Со Давидовото играње, кое било израз на радост и страхопочит кон Бога, многу љубители на задоволството денес го оправдуваат современиот, модерен танц, но таквите тврдења се неосновани… Музиката и играта при радосно фалење на Бога при пренесувањето на ковчегот немаат никаква сличност со денешните разуздани игри. Во таа пригода со свирењето и играњето е изразен стремеж да се слави Бог и да се велича Неговото свето име. А модерните игри не се ништо друго освен сатанско лукавство наменето за луѓето да заборават на Бога и да го обесчестат Неговото име.“
– Патријарси и пророци, 744 (706.707).
„Вистинскиот христијанин никогаш нема да посака да оди на некое место на забава или да се оддаде на релаксација за која не може да побара благослов од Бога. Бог нема да го најдете ниту во театар, ниту во просториите за билјард и куглање… На оние што стануваат во одбрана на овие забави им велиме: не е можно во името на Исус од Назарет да одиме на овие места. Не може да се побара од Бога да го благослови времето поминато во театар или на игранка.“
– Порака до младите, 398.
Четврток — 1. ноември
5. НЕГУВАЊЕ НА ЧИСТО СРЦЕ
а. Имајќи го во предвид Давидовиот грев (2 Самоилова 11,1-27), што мораме да сфатиме додека го посматраме како човек според Божјото срце? 1 Царевите 15,5.
„Кога Давид се одвоил од Бога и честитоста на својот карактер ја извалкал со злосторство, тој повеќе не бил човек според Божјото срце… Кога праведникот ќе се одврати од својата правда и ќе изврши зло, неговата поранешна праведност не може да го поштеди од гневот на праведниот и свет Бог.“
– Духовни дарови, 4-а, 87.
б. Благодарение на Божјата голема милост, кои мисли му помогнале на Давид да ја поврати небесната милост и чистота? Псалм 51,1-4.10.17; 86,11; 119,113.
„Давидовата молитва после неговиот пад ја илустрира природата на вистинско жалење заради направен грев. Неговото каење било искрено, длабоко и вистинско. Тој не го намалувал ниту прикривал својот грев; во својата молитва тој не ја изнесувал својата желба да ја избегне заслужената казна. Давид ја согледал големината на својот престап; свесен за осквернетоста на својата душа, се гнасел од направениот грев. Се молел не само за простување на гревот туку и за ’чисто срце‘. Тој копнеел за вистинска светост, за целосно помирување со Бога.“
– Патот кон Христа, 21 (24.25).
„Давид често победувал во Бога, но сепак многу размислувал за својата недостојност и грешност. Неговата совест не била успиена или мртва. ’Гревот мој‘, нагласува тој во своето горчливо каење, ’е секогаш пред мене‘ (Псалм 51,3). Тој не си ласкал себеси дека тој нема ништо со гревот и дека тоа не треба да го загрижува. Согледувајќи ја длабочината на измамата на своето срце, длабоко се гнасел над самиот себе и се молел Бог со својата сила да го сочува од дрските гревови, и да го очисти од тајните престапи.“
– Упатства за младите, 5. јули, 1894.
Петок — 2. ноември
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА
1. Зошто Бог за водач на својот народ го избрал Давид, а не неговиот најстар брат Елијав?
2. Што ги открило Давидовите приоритети во неговиот судир со Голијат?
3. Зошто загинал Уза?
4. Што треба да знаеме за Давидовото „играње“ пред Господа?
5. Што го прави Давидовиот став кон богослужбата толку примерен и вреден за пофалба?
2012 • 4. Квартал
6. лекција – Музиката во богослужението
10. ноември 2012
„Ќе се вратат избавените од Господ, и ќе дојдат на Сион со пеење, и вечна радост ќе има над главата нивна; тие ќе најдат радост и веселба; скрбта и воздишките ќе исчезнат.“
— Исаија 51,11
„Музиката е составен дел од службата на Бога во небесните дворови, и ние мораме да настојуваме, со нашите песни на слава, што е можно поблиску да се доближиме до хармонијата на небесните дворови.“
– Патријарси и пророци, 630.
ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Евангелизам 496-512.
Недела — 4. ноември
1. ПРАВЕЊЕ НА БУЧНА ВЕСЕЛБА
а. Наведете еден прифатлив начин да Му служиме на Бога? Псалм 95,1.2; 100,1.2.
„Музиката била воведена со света цел, да ги издигне мислите кон она што е чисто, свето и возвишено, и во душата да разбуди посветеност и благодарност на Бога… Пеењето како дел од богослужението, е со исто значење колку самата молитва.“
– Патријарси и пророци, 630 (594).
б. Кое сознание треба да нè наведе да внимаваме каква музика користиме во нашето славење на Бога? Езекиел 28,13.14.17.
„Сатаната го предводел небесниот хор. Тој го давал првиот тон, а потоа му се придружувале мноштвото ангели.“
– Знаци на времето, 16. јануари, 1879.
„Многубројни се оние што со тој дар се служат да се издигнат самите себеси, наместо да го прослават Бога! Љубовта кон музиката ги наведува непромислените да се соединат со оние што го љубат овој свет во собири кои се забранети за Божјите деца. Така она што претставува голем благослов, ако правилно се употреби, може да стане успешно средство со кое сатаната се служи да ги одврати мислите од должноста и размислувањето за она што е вечно.“
– Патријарси и пророци, 630 (594).
Понеделник — 5. ноември
2. ПРИЧИНА ЗА ПЕЕЊЕ
а. Каде за првпат читаме дека Бог бил прославен со света песна? Јов 38,4.7.
„На над новосоздадената Земја, која лебдела убава и неизвалкана, осветлена со Божјата благонаклонетост, ’воскликнуваа утринските ѕвезди, и сите Божји синови извикуваа од радост‘ (Јов 38,4.7).“
– Воспитување, 145 (161).
б. Кој друг значаен настан ги поттикнал ангелите да го слават Бога со песни на благодарност? Лука 2,13.14.
„Ниедно раѓање на овој свет, ниту најголемите дарови што Бог им ги дал на синовите човечки, не биле проследени со толкава радост со која што е поздравено пророкуваното Дете во Витлеем. Над ридовите и долините одѕвонувала благодарната песна на ангелите. ’Слава на Бога во висините, а на земјата мир, меѓу луѓето добра волја‘ (Лука 2,14). О, кога денес човечкиот род би можел да ја препознае таа песна! Таа порака тогаш објавена преку песна ќе се шири во светот до крајот на времето и ќе одѕвонува на нашата планета сѐ додека таа постои. И кога Сонцето на Правдата ќе ги распостре своите благотворни зраци, песната започната на ридовите на Витлеем ќе одѕовнува во гласовите на големото мноштво, како глас на многу води, велејќи: ’Алилуја, зашто се зацари Господ Бог, Седржителот‘ (Откровение 19,6).“
– RH, 5. април, 1906.
в. Што, според Христовите зборови, е причина за радост на небото; и што треба да биде извор на радост за нас? Лука 15,6.7.
„Да ја имаме секогаш на ум големата радост што Пастирот ја покажал кога среќно ја вратил загубената овца. Тој ги повикува своите пријатели: ’Радувајте се со мене, јас ја најдов својата изгубена овца! Восклици на радост одѕвонуваат низ целото небо. И самиот Отец со песна се радува на спасувањето на секоја душа. Каков занес, восхитеност и света радост се опишани во оваа парабола! Привилегија да учествуваме во оваа радост му се дава на секого од нас.“
– 6 Сведоштво, 117 (125).
„Науката на спасението треба да биде мотив на секоја проповед и тема на секоја песна.“
– Евангелизам, 502.
Вторник — 6. октомври
3. ПОУКИ ОД ДАВИД
а. Колку често Давид го користел организираното пеење во службите во храмот и што можеме ние да научиме од неговиот пример? 1 Летописи 15,22; 25,7.
„Остарениот цар (Давид), неговиот син (Соломон) и нивните советници сметале дека е важно секој детаљ од богослужбата да се одвива редовно, како што доликува, совесно и на време. Секогаш кога тоа било можно, го следеле системот на организација даден на Израел набргу по ослободувањето од Египет. На Левитите им биле доверени работи во врска со службата во храмот, вклучувајќи ја и службата на пеење, инструменталната музика и чување на богатствата.“
– RH, 12. окт., 1905.
„Пеењето е дел од славењето на Бога, но неумешниот начин на кој често се спроведува често не служи на слава на Бога и вистината. И во тоа треба да постои ред и систем како и во секоја гранка на Божјоото дело. Треба да се организираат групи од најдобрите пејачи чии гласови можат да водат зборот, а потоа и останатите можат да им се придружат. Оние што учествуваат во песните треба да се трудат да пеат хармонично; тие одредено време треба да посветат на практично учење, за да можат својот талент да го употребат во слава на Бога.“
– RH, 24. јули, 1883.
б. Кого Давид одредил како пејачи да ги придружуваат свештениците во храмот во богослужба и во одавање на слава на Бога? 1 Летописи 16,42; 25,1.6
в. Како Давидовиот избор на инструменти за придружба на свештениците и пејачите придонел богослужението да биде прифатливо и угодно на Бога? 2 Летописи 5,12.13.
„Музиката треба има убавина, возвишеност и сила. Гласовите хармонично нека се издигаат со изрази на слава и благодарност. Ако е можно, дополнете ги вашите гласови со инструментална музика, така што складната хармонија величествено да се издигне кон Бога како пријатна и за Него прифатлива жртва. Меѓутоа, да се дисциплинираат пејачите и да се научат правилно да пеат понекогаш е потешко отколку да се исправат погрешните навики во молитвата или во давањето на опомени. Многумина сакаат да пеат на свој начин, не прифаќаат никакви совети и не поднесуваат надзор.“
– 4 Сведоштво, 67 (71).
Среда — 7. ноември
4. УГОДНА ПЕСНА НА БОГА
а. Опиши ја нашата должност кога го користиме дарот на пеење? Колосјаните 3,16.
„Оние кои пеењето го прават да биде составен дел од богослужението треба да изберат песни и мелодии кои одговараат на видот и целта на тоа богослужение; мелодиите не треба да бидат погребни туку радосни, а сепак сериозни.“
– Зн. на вр., 22. јуни, 1882.
б. Со какви побуди и каква цел треба да пееме за време на богослужбата? Ефесјаните 5,19; 1 Коринтјаните 14,15; Псалм 47,7.
„На состаноците мнозина пеат прекрасни песни, песни за она што треба да го направат и што имаат намера да го направат; но некои воопшто не го прават тоа; тие не пеат со срце ниту со разбирање на пораката. Музиката му е угодна на Бога само кога нејзиното влијание го посветува и омекнува срцето. Во Божјите очи нема ништо поодвратно од расфрлање со инструментална музика кога оние што учествуваат во тоа не се посветени и во своето срце не му пеат на Господа.“
– РХ, 27. септември, 1892 / Евангелизам, 512 / РХ, 14 ноември, 1899.
в. Кој совет треба да го прифатиме во однос на употребата на тапани во богослужбата? Римјаните 12,1.2.
„Она што го опиша дека се случува во Индијана, Господ ми покажа дека ќе биде исто пред крајот на времето на милоста. Ќе се демонстрираат необични појави, ќе се слушаат извикувања проследени со тапани, музика и игранки. Сетилата на битијата надарени со ум на тој начин ќе бидат доведени во таква конфузија да не можат да разликуваат што е исправно, а што не. И ова ќе го нарекуваат делување на Светиот Дух. Светиот Дух никогаш не се открива на таков начин, во таква лудачка бука. Ова е изум на сатаната за да ги прикрие своите досетливи методи со кои настојува да го уништи посветувачкото и облагородувачкото влијание на чистата вистина за ова време… Никаква поддршка не треба да се дава таквото богослужение… Вакви појави имало во минатото, а ќе ги има и во иднина. Сатаната музиката ќе ја направи стапица токму на начинот на кој таа се употребува.“
– Одбрани пораки 2, 36-38.
Четврток — 8. ноември
5. МУЗИКАТА И БОРБАТА ЗА БОГОСЛУЖЕНИЕ
а. Каква улога одиграла музиката во поттикнување на лажното богослужение во минатото, и како истата и денес се користи со иста цел? Даниел 3,7; Откровение 13,8.
„Музиката е идол перед кој се поклонуваат и мнозина христијани кои тврдат дека ја празнуваат саботата. Сатаната нема ништо против така употребената музика затоа што може да ја искористи како средство да се допре до срцата на младите. На неговите цели му одговара сè што може мислите на човекот да ги одврати од Бога и така да им го одземе времето што требало да го посветат во Негова служба. Тој вешто ги користи оние средства преку кои може да изврши најсилно влијание за што поголем број на верници да задржи во пријатна залуденост, додека се така парализирани со неговата сила. Кога е насочена правилно, музиката е вистински благослов; но често сатаната ја претвора во свое најмоќно орудие да ги зароби душите. Кога ќе се злоупотреби, таа непосветените го води во гордост, суета и вистинска лудост. Младите често се собираат да пеат; но, иако се исповедаат за христијани, тие често го обесчестуваат Бога и својата вера со несериозни разговори и со својот избор на музика. Светата музика не им одговара на нивниот вкус. Ми беше укажано на јасните учења на Божјоото Слово преку кои лекомислено се преминува. Токму тие зборови на вдахновението на судниот ден ќе ги осудат сите што не сакале да ги послушаат.“
– 1 Сведоштво, 453 (506).
б. Каква е улогата на музиката кај оние што ќе излезат како победници од последната битка? Откровение 14,1-5; 15,2-4.
„Никој освен сто четириесет и четирите илјади не може да ја научи оваа песна, бидејќи таа е песна на нивното искуство – искуство кое ниедна друга група никогаш не го имала.“
– Гол. борба, 572 (649).
Петок — 9. ноември
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА
1. Која е основната цел на музиката?
2. Која песна ќе биде пеена до крајот на времето?
3. Како можеме да го обогатиме богослужението со музика?
4. Што мораме да постигнеме за нашата музика да му биде угодна на Бога?
5. Како сатаната ќе ја искористи музиката во последната битка околу вистинското богослужение?
2012 • 4. Квартал
7. лекција – Облечени во понизност
17. ноември 2012
„Исто така и вие, помладите, покорувајте им се на старешините; а сите, пак, покорувајте се еден на друг и здобијте се со понизност, бидејќи Бог им се противи на горделивите, а на понизните им дава благодат.“
— 1 Петрово 5,5
„Величеството на небото се облекол во понизност на дете. Таков е Христовиот карактер.“
– 5 Сведоштво, 398 (422).
ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Пророци и цареви, 98-105; Рани списи, 59-62.
Недела — 11. ноември
1. МИСИЈАТА НА ПРОРОКОТ ИЛИЈА
а. Која, накратко кажано, била животната цел на пророкот Илија? 1 Царевите 18,30.36.
„Бог сакал Неговата чест да се возвиши како највисока пред луѓето и Неговите поуки да се потврдат во очите на народот. Сведоштвото на пророкот Илија на гората Кармил дава пример за оној кој застанал целосно на страната на Бога и Неговото дело на земјата. Пророкот го нарекол Господа со Неговото име, Јехова Бог, кое тој Самиот го дал да ја означи својата великодушност и сомилост. Илија го нарекол како Бог Авраамов, Исаков и Изрелов. Тој тоа го направил за да поттикне во срцето на заблудените припадници на Божјиот народ понизност и сеќавање на Господа, и да ги увери во Неговата богата и бесплатна благодат. Илија се молел ’Нека познаат денес дека Ти си единствен Бог во Израел‘ (1 Царевите 18,36). Божјата чест треба да биде возвишена како врховна, но пророкот се молел и неговата мисија исто така да биде потврдена…
„Целиот живот Илија го посветил во делото на реформа. Тој бил глас кој викал во пустината за да го укори гревот и да ја запре плимата на моралното зло. Иако тој дошол кај луѓето како изобличувач на гревот, неговата порака нудела балсам од Галад за душите заболени од гревот кои сакале исцелување. Неговата ревност за славата Божја и неговата длабока љубов кон Израеловиот дом содржат вистински поуки за сите оние кои денес стојат како претставници на Божјото дело на земјата.“
– Пораки од Лома Линда, 572.
Понеделник — 12. ноември
2. СПРОТИВНОСТИ НА ГОРАТА КАРМИЛ
а. Опишете ја молитвата на пророкот Илија на гората Кармил во спротивност со онаа која била понудена од страна на следбениците на Ваал. 1 Царевите 18,37-39; 26-29.
„Потсетувајќи го народот за неговото долготрајно отпадништво кое навлекло врз нив Господен гнев, Илија го повикал да го понизи срцето и да се врати кај Богот на нивните татковци, за да се отстрани проклетството на земјата Израелова. Потоа, поклонувајќи се пред невидливиот Бог, тој ги подигнал рацете кон небото и кажал едноставна молитва. Вааловите свештеници викале, скокале и се тркалале од рано утро до доцна попладне, но додека Илија се молел, никакви неартикулирани извици не се слушале на гората Кармил. Тој се молел со верба дека Јехова е присутен, дека е сведок на настанот и дека ја слуша Неговата молитва. Вааловите пророци се молеле силеџиски и неприкладно. Илија се молел едноставно и срдечно, барајќи Бог да ја покаже својата супериорност над Ваал и Израел повторно да се сврти кон Него.“
– Пророци и цареви, 104 (152 ориг.).
б. Бидејќи одговорот на молитвата на Илија дошол веднаш – но не и дождот – каква поука ова ни дава за верата и делата? 1 Царевите 18,40-45.
„Слугата гледал додека Илија се молел. Шест пати се враќал од местото за набљудување, велејќи: Нема ништо – ниту облак, ниту било какви знаци за дожд. Но пророкот не дозволувал да се обесхрабри. Тој продолжил да го преиспитува својот живот, за да види каде пропуштил да го прослави Бога, ги исповедал своите гревови и на тој начин продолжил да ја мачи својата душа пред Бога, барајќи знак дека молитвата му е услишена. Додека го преиспитувал своето срце му се чинело дека е се помал и помал и во своите и во Божјите очи. Му се чинело дека тој е ништо, и дека Бог е сè; и кога стигнал до точка да се откаже од себе и да се потпре на Спасителот како негова единствена сила и правда – одговорот дошол…
„Никогаш во историјата на светот немало посериозно време од времето во кое ние сега живееме… Што сме, што работиме, на кој начин треба да работиме во иднина, тоа се прашања на кои во моментов немаме одговор, и ние не треба да дозволиме да останеме апатични, рамнодушни, спокојни. Секој од нас треба да се запраша: ’Што значи вечноста за мене?’“
– RH, 26. мај, 1891.
Вторник — 13. ноември
3. ХРИСТИЈАНСКАТА СКРОМНОСТ ВО ОПАСНОСТ
а. Како Христос ги опишува таканаречените цркви во денешно време? Исаија 4,1. Каква слика е дадена во поглавјето кое претставува вовед во ова пророштво – и каква духовна битка е сега во прашање? Исаија 3,7-9.16.22-25; Матеј 5,27-29.
„Љубовта кон украсувањето го загрозува моралот, и жената која како христијанка треба да се одликува со невиност, разумност и чистота, ја прави спротивна на она што би требало да биде. Облеките кои впечатливо го истакнуваат телото често поттикнуваат сетилност во срцето на оние кои ги носат и будат ниски страсти во срцето на оние кои ги набљудуваат. Бог однапред гледа дека пропаста на карактерот често доаѓа како последица на попуштањето на горделивоста и суетата во поглед на облекувањето и дека раскошното облекување ја задушува желбата да се прави добро.
„Залуденоста со модата и копнежот за задоволства го преплавува светот. Неморалот е во постојан пораст. Зошто христијанките не се трудат да бидат доследни на својата возвишена вера?
„Христос се срами од своите таканаречени следбеници. Со што и во што ние покажуваме било каква сличност со Него? Во што се согласува нашиот начин на облекување со библиското учење? Не сакам гревовите на овој народ да бидат врз мене, и затоа на трубата и давам одреден звук. Веќе со години пишувам и зборувам за тоа прашање. Моето сведоштво во тој поглед е сосем јасно и одлучно. Не одбегнувам Божјите совети да ги објавам во потполност. Сакам да бидам чиста од крвта на сите. Фактот дека световноста и горделивоста сè повеќе преовладуваат не е изговор за христијанката да се поведува како што прават другите. Бог јасно вели: ’Не поведувај се по мнозинството да правиш зло’ (2 Мојс. 23,2).
„Модата го изопачува умот и ја поткопува духовноста на нашиот народ. Робувањето на модата сè повеќе зема замав и меѓу адвентистите на седмиот ден и прави повеќе од која било друга сила да го одвои нашиот народ од Бога. Покажано ми е дека правилата на нашата црква во тој поглед имаат многу недостатоци. Секое манифестирање на горделивост во облекувањето, кое е забрането во Божјата Реч, би требало да биде доволна причина за примена на црковна дисциплина. Доколку некоја сестра, и покрај сите опомени, повици и молби продолжува да ја спроведува својата изопачена волја, тоа може да се смета за јасен доказ дека нејзиното срце не е обединето со Христа. ’Јас’ и само ’јас‘ станува предмет на обожавање и една таква побожна христијанка може многумина да одврати од Бога.
„За нас како народ е многу тежок грев што дозволуваме членовите на нашата црква да се облекуваат на начин кој не е во согласност со нашата вера. Мораме веднаш да се пробудиме и да ја затвориме вратата пред заводливите искушенија на модата. Ако не го направиме тоа, нашите цркви ќе се деморализираат.“
– 4 Свед., 618-620.
Среда — 14. ноември
4. ОСЛОБОДУВАЊЕ ВЕТЕНО НА ОСТАТОКОТ
а. Во согласност со стиховите во 1 Тимотеј 2,8-10, како пророштвото на Исаија од 3. и 4. поглавје ја најавува конечната победа на остатокот на Божјиот народ? Исаија 4,3.4.
„Чистата едноставност и неизвештаченост треба да бидат обележја и за становите и за облеката на сите оние кои веруваат во свечените вистини за ова време.
„Силата на побожност сосема отстапила од многу цркви. Излети, црковни театарски претстави, приредби и изложби, убави куќи и лично украсување – целосно ја потиснуваат секоја мисла за Бога. Имотите, приходите и световните работи ги преокупирале мислите, а она што е од вечен интерес одвај и да се забележува.
„И покрај мошне распространетото опаѓање на верата и побожноста, во овие цркви сепак има и вистински Христови следбеници. Пред да се излеат на земјата последните Божји казни, меѓу Неговиот народ ќе дојде до такво будење и оживување на првобитната побожност какво што не се видело од времето на апостолите. Духот и Божјата сила ќе се излее врз Неговите деца. Во тоа време мнозина конечно ќе раскинат со оние цркви во кои љубовта кон светот го зазела местото на љубовта кон Бога и кон Неговото Слово. Мнозина, и од проповедниците и од верниците, радосно ќе ги прифатат оние големи вистини, чиешто објавување самиот Бог ќе го поттикне во тоа време за да се подготви народот за второто Христово доаѓање.“
– 5 Сведоштво, 175 (189) / Големата борба, 413 (463,464).
б. Како ова претставува клуч за нашата сигурност во времето на неволја? Исаија 4,5.6; 33,14-16.
„Господ во визија повеќепати ми покажа дека создавањето на било какви резерви за овоземни потреби за време на неволја е спротивно на Библијата. Видов дека ако светите чуваат храна кај себе или во полиња како резерва за време на неволја, кога со земјата ќе завладее крвопролевање, глад и епидемија, тие ќе бидат земени од страна на насилни раце и туѓинци ќе ги жнеат нивните полиња. Тогаш за нас ќе биде време целосно да се потпреме на Бога, и Тој ќе нè одржи. Видов дека во тоа време леб и вода ќе ни бидат осигурени, и ние нема да трпиме недостаток ниту да гладуваме. Господ ми покажа дека некои од Неговите деца, кога ќе видат како цената на храната расте, во страв ќе купуваат резерва на храна и ќе ја чуваат за време на неволја. Потоа, во време на потреба, ги видов како одат да ги побараат своите резерви, а тие станале храна на црвите, така што повеќе воопшто не се за употреба.“
– Мараната, 181.
Четврток — 15. ноември
5. КРОТОСТ ВО ЗАСЛЕПЕНИОТ И ЗАНЕСЕН СВЕТ
а. Како повик Бог во скратен облик го упатува до својот верен остаток? Софонија, 2,1-3; 3,8-13.
б. Во тоа барање и повикување на кротките (Софонија 2,3), што можеме да научиме од советот упатен на оние кои ја изгубиле оваа доблест? 1 Петрово 5,5.
„Во својата фантазија ти постојано замислуваш тешкотии и неволји кои не постојат; ситните неудобности ги прикажуваш како тешки неволји. Тоа не е онаа кротост која Христос ја нарекува блаженство. Тоа е несвето бунтовничко незадоволство кое не му прилега на едно Божјо дете. Кротоста е драгоцена особина, тоа е подготвеност мирно и без мрморење да се поднесуваат страдања и неволји, подготвеност да се издржат искушенијата. Кротоста е трпеливо настојување да бидеме ведри и среќни под сите околности. Оној кој ја поседува, кротоста го наведува секогаш и за сè да му биде благодарен на Господа. Кротоста го прави човекот подготвен да поднесе и разочарување и неправда, а сепак да не копнее по одмазда. Кротоста не значи да се биде молчалив и зловолен. Мрзоволноста е спротивна на кротоста, бидејќи само ранува и нанесува болка, а сама себеси не си донесува никакво задоволство.
„Ти штотуку стапи во Христовата школа; и речиси сè мораш да учиш отпочеток. Во поглед на облекувањето не претеруваш расипнички, но си склона да се гордееш со својот надворешен изглед. За облекувањето, во желба кон што помала едноставност, мислиш повеќе отколку што би требало… Стави го својот врат во јаремот кој Христос го препорачува и во таа потчинетост ќе ја најдеш токму онаа среќа која напразно се обидуваш да ја стекнеш на себеси својствен начин, продолжувајќи по сопствен пат. Ти би можела да бидеш ведра и расположена само кога би била подготвена своите мисли да ги потчиниш на Христовата волја. Настојувај без одлагање и во потполност да го преиспиташ своето срце и секој ден да умираш за себичноста и за сопственото ’јас‘.“
– 3 Свед., 309, 310 (335,336).
Петок — 16. ноември
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА
1. Како работата и мисијата на пророкот Илија можеме да ја споредиме со нашата задача?
2. Што треба да правиме кога не добиваме веднаш одговор на нашата молитва?
3. Како нашиот надворешен изглед и нашата облека ја одразуваат нашата духовна состојба?
4. Што ја карактеризира облеката, однесувањето и домовите на малобројните верници?
5. Како можеме да ја развиваме важната доблест на кротоста слична на Христовата?
2012 • 4. Квартал
8. лекција – Жртва поради нашето наследство
24. ноември 2012
„Еве го Јагнето Божјо, кое ги зеде гревовите на светот врз себе.“
— Јован, 1,29
„Гледајте, о гледајте на крстот на Голгота; посматрајте ја царската жртва како страда за вас.“
– Да го познам Него, 65.
ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Копнежот на вековите, 728-732; 738-741.
Недела — 18. ноември
1. ДУШЕВНА БОЛКА
а. Што е напишано за душевните страдања на Божјиот Син? Матеј 26,38.
„Колку малку луѓе имаат претстава за болката која го кинела срцето на Божјиот Син за време на Неговиот триесетгодишен живот на оваа земја. Патот од јаслите до Голгота бил постојано во сенка на тагата и болката. Тој бил ’човек на болката‘ и преживеал такви душевни страдања кои со човечки јазик не можат да се опишат.“
– Да го познам Него, 66.
б. Со кои зборови страдањата на Исус најјасно се прикажани? Исаија 53,3-5.7.8.
„Иако го мразел гревот со совршена омраза, (човек на болката) сепак ги зел на својата душа гревовите на целиот свет, додека чекорел на патот кон Голгота поднесувајќи ја казната на престапникот. Невин, Тој ги носел казните на виновните; невин, но сепак самиот се понудил да ја понесе казната поради престапот на Божјиот закон. Казната поради гревовите на секоја душа ја подносувал Синот на бесконечниот Бог. Вината на секој грев ја притискала со својата тежина божествената душа на Искупителот на светот.
„(Откупителот достоен за обожавање) не умрел како херој во очите на светот, исполнет со почести, како луѓето во војна. Умрел како осуден злочинец, обесен меѓу небото и земјата – умирал со бавна срамна смрт, изложен на зајадлив потсмев и навреда на изопаченото, криминално настроено и развратно мноштво.“
– Да го познам Него, 68.
Понеделник — 19. ноември
2. СЦЕНА КОЈА ГО РАЗДИРА СРЦЕТО
а. Како нашето срце треба да омекне и да се потчини на влијанието на Светиот Дух додека го посматраме Христа во Неговите маки на крстот? Лука 23,33.34.
„Можеме ли, при целосна светлина на крстот, гледајќи ги со очите на верата страдањата на Христос, да се жалиме на своите неволји и искушенија? Можеме ли во своето срце да бараме одмазда за своите непријатели додека од Христовите бледи и треперливи усни допира молитва која ја упатил за оние кои го навредувале и убивале: ’Оче, прости им, зашто не знаат што прават‘ (Лука 23,34).“
– Да го познам Него, 65.
б. Како може размислувањето за Христовото распнување да биде од практична корист за гордото срце кое е својствено за секого од нас? 1 Петрово 1,18-21; Јован 1,29.
„Гордоста и служењето на самиот себеси не можат да се развиваат во душата која ги држи свежи сцените од Голгота.“
– Копнежот на вековите, 640 (661).
„Во скромност и каење треба да го заземеме нашето место кое најмногу ни прилега, место во подножјето на крстот. Поуките за кротоста и понизноста на умот можеме најдобро да ги научиме додека, одејќи покрај Голгота, го посматраме крстот на нашиот Спасител во агонија, Божјиот Син како умира, Праведник за неправедниците. Посматрајте го (во мислите) Оној кој со еден збор можел да ги повика во своја одбрана легионите ангели, како е предмет на шегачење и забава, хула и омраза. Тој самиот се дал како жртва за гревот. Кога го навредувале не се заканувал; кога лажно го обвинувале не ги отворил своите уста. На крстот се молел за своите убијци. Тој умрел и за нив. За секој од нив платил неизмерна цена. Тој сака ниеден од оние кои така скапо ги платил да не се изгуби. Без негодување ги поднесувал ударите и немилосрдното бичување. На таква жртва без отпор и без жалење се согласил Божјиот Син. Неговиот престол е од вечни времиња и Неговото царство ќе нема крај.“
– Да го познам Него, 65.
„Сето ова понижување Височеството на небото го поднело поради вината на осудениот човек. Во своето понижување Тој се спуштал сè подлабоко и подлабоко, сè додека немало повеќе длабочина до која можел да се спушти – за да го воздигне човекот од неговата морална нечистотија.“
– Да го познам Него, 96.
Вторник — 20. ноември
3. ТЕШКИТЕ ПОСЛЕДИЦИ НА ГРЕВОТ
а. Како недостатокот на почит кон Христовата жртва влијае на нашата природна склоност да си угодуваме себеси? Евреите 10,26.
„Оние кои тврдат дека го држат Божјиот закон а сепак во срцето му попуштаат на гревот, Вистинитиот Сведок ги укорува. Тие тврдат дека се богати во познавање на вистината; но тие не се во согласност со нејзините свети начела. Вистината не го посветила нивниот живот. Божјата Реч изјавува дека таканаречените чувари на законот чијшто живот противречи на нивната вера се слепи, бедни, сиромашни и голи.“
– Вера и дела, 31.
б. Објаснете ја поврзаноста помеѓу гревот, законот и крстот. Римјаните 7,7; 1 Јованово 3,4.5.
„Исус умрел да го спаси својот народ од неговите гревови (Матеј 1,21), а откупот во Христа значи да се престане со престапот на Божјиот закон и да бидеме ослободени од секој грев; ниедно срце кое го поттикнува непријателството против Божјиот закон не е во хармонија со Христа, кој страдал на Голгота за да го оправда и воздигне законот пред универзумот.“
– Вера и дела, 95.
„Нашата љубов кон Христа ќе биде во сооднос со длабочината на нашето осведочување за гревот, а познавањето на гревот доаѓа преку законот. Меѓутоа, ако гледаме на себе, тогаш тоа го одвраќа нашиот поглед од Исуса, кој го дал својот живот за нас за да нè избави од сите беззаконија. Со вера се повикуваме на Христовите заслуги, и со Неговата крв нашата душа се чисти од гревот. Тогаш многу појасно можеме да ги видиме злата и опасностите на кои сме изложени, и стануваме повеќе благодарни за ослободувањето преку Христа. Христовото Евангелие не им дозволува на луѓето да го кршат законот, бидејќи преку престапот се отворени браните на јадот во нашиот свет.
„Гревот и денес е фатален исто како што бил и во времето на Адам. Евангелието не ја ветува Божјата наклонетост на никој кој останувајќи во непокајание го прекршува Неговиот закон. Изопаченоста на човечкото срце, вината за престапот и пропаста предизвикана од гревот, сето тоа е разјаснето со жртвата на крстот преку која Христос ни го отвора патот на спасението.“
– Вера и дела, 96.
Среда — 21. ноември
4. ВИСТИНСКА ПРЕТСТАВА ЗА КНЕЗОТ НА МИРОТ
а. Што нè учи Вдахновението за зачудувачката привлечност на Христовото распнување? Јован 3,14.15; 12,32.
„Крстот на Голгота со силни и непобитни докази ни зборува зошто треба да го љубиме Христа, и зошто треба да го сметаме за прв, најдобар и последен, во сè.“
– Да го познам Него, 65.
„Ако сте свесни за своите гревови, не посветувајте ги сите ваши сили на жалење заради нив, туку гледајте и живејте. Исус е нашиот единствен Спасител.“
– Одбрани пораки 1, 338 (352).
б. Кој е првиот чекор во доделувањето на Христовата правда на секој од нас? Јован 6,37; 2 Коринтјаните 5,21; 1 Јованово 1,9.
„Нека никој не чувствува дека неговиот случај е безнадежен; бидејќи тоа не е така. Можеби согледувате дека сте грешни и несовршени, но токму поради тоа ви е потребен Спасител. Ако имате гревови кои треба да ги признаете, не губете ниту еден миг. Ова време е златно. ’Ако ги исповедаме гревовите свои, Тој е верен и праведен за да ни ги прости гревовите и да нè очисти од секаква неправда‘ (1 Јованово 1,9). Оние кои се жедни и гладни за правда ќе бидат наситени, затоа што Исус тоа го ветил.“
– Одбрани пораки 1, 338 (352.353).
в. Додека таканаречениот христијански свет се насладува во паганските празници на Божиќ, што треба светоста на Христовата жртва да предизвика во нашиот ум? Еремија 10,1-6.
„Вчера беше Божиќ. Дали вие како мудреците ги посветивте своите дарови на Исус? Или непријателот го променил редоследот на работите и ги насочил во обожавање на себе? Сега се подаруваат подароци на пријатели наместо на Оној кој има поднесено толку голема жртва за нас. Сите тие подароци треба да се насочат на други цели, каде што ќе можат да се искористат за спасување на луѓето.“
– Погледот насочен нагоре, 374.
Четврток — 22. ноември
5. МОТИВИРАЧКА СИЛА
а. Што можеме да научиме од почитта на небесните ангели кон Христовата жртва? Откровение 5,11.12.
б. Како Христовото распнување треба да нè мотивира во пракса? Римјаните 5,8-11; Галатјаните 5,6; 2 Коринтјаните 5,14.15.
„Вера која се огледа во дела е токму она што ви недостига. Како тоа функционира? Таа работи преку љубов. Што е љубов? Зошто љубовта заблескала со таков сјај од крстот на Голгота? Тој е поставен на половина пат помеѓу небото и земјата, и спасението се добива со гледање на крстот. Таткото го прифатил; војските на ангели пристапиле до крстот, и самиот Бог се поклонил во знак дека жртвата е прифатена. Тоа бил одговорот на барањето на небото, и човекот може да биде спасен преку Исус Христос, само ако има вера во Него. Човекот се помирил со Бога, и Бог со човекот, преку целосната и совршена жртва…
„Сега, кога светлината допрела до нас, треба да се држиме до нејзините зраци. Ѓаволот постојано работи против тоа. Верата која работи преку љубов Христос ја потврдил на крстот на Голгота. Тоа е љубовта која Тој ја покажал и за мојата душа. Христос умрел и за мене. Тој ме откупил со неизмерна цена и поднел за сето она што во мојот живот било навредливо за Него. Јас мора да соработувам со Него. Морам да го носам Христовиот јарем. Морам да го носам бремето. Морам да ги учам другите како да се подигнат од грешната состојба во која сме се наоѓале и преку жива вера да се држиме за правдата која е во Исуса Христа. Тоа е единствениот начин на кој грешникот може да биде спасен.“
– Вера и дела, 72.
Петок — 23. ноември
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА
1. За што сведочи Голгота?
2. Како оваа тема треба да влијае на нашиот став?
3. Што ни зборува Христовото распетие за Божјиот закон?
4. Објасни ја привлечната сила на крстот од Голгота?
5. Како треба ние да одговориме на Христовата жртва поднесена заради нас?
2012 • 4. Квартал
9. лекција – Вложување во небесното злато
1. декември 2012
„Те советувам да купиш од Мене злато низ оган пречистено за да се збогатиш.“
— Откровение 3,18
„Господ овде покажува дека на припадниците на Неговиот народ им е потребно нешто подобро од самото надворешно богослужение. Тој од нив бара чиста и неизвалкана религија. Златото кое им го препорачува да го купат од Него е злато на карактерот.“
– Билтен на Ген. конференција 6 јуни, 1909.
ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Христовите поуки, 91-95.
Недела — 25. ноември
1. ЖИВЕЕМЕ ВО ВРЕМЕТО НА ЛАОДИКЕЈА
а. Опишете ги природните склоности својствени на сите христијани кои живеат во периодот на црковната историја познат како Лаодикеја – после 1844. година. Откровение 3,17. Што треба ние да сториме во врска со ова?
„Имињата на седумте цркви симболично ја претставуваат црквата во разните периоди од христијанската ера.“ – Делата на апостолите, 441 (585).
„Пораката упатена до лаодикејската црква се однесува на нашата состојба.“ – RH, 23, јули, 1889.
„Предупредувањето за последната црква… мора да се објави до сите кои тврдат за себе дека се христијани. Пораката упатена до Лаодикеја, слично на мечот остар од двете страни, мора да стигне до сите цркви.“ – 6 Сведоштво, 72 (77).
б. Што треба секој од нас да сфати додека ја проучува пораката упатена до Лаодикеја? 2 Коринтјаните 10,12; 13,5.
„Целта на пораката (упатена до Лаодикеја) не е да го наведе братот да му суди на неговиот брат, да му каже што треба да прави, каде треба да оди; туку секој поединец да го преиспита своето срце и да внимава на своите лични постапки.“ – Духовни дарови 2, 223.
Понеделник — 26. ноември
2. ДРАГОЦЕНА ПРЕПОРАКА
а. Што е прво што Вистинитиот Сведок и советува на Лаодикеја да направи и зошто е тоа толку итно? Откровение 3,18 (прв дел).
„Големиот Откупител се претставува себеси како небесен Трговец кој натоварен со драгоцености, оди од куќа до куќа и ги нуди своите непроценливи блага.“ – Библиски коментари, 894.
„Верата и љубовта се вистинско богатство, чисто злато, кое Вистинитиот Сведок им советува на млаките да го купат. Колку и да сме богати со земно богатство, сето тоа нема да ни овозможи да го купиме драгоцениот лек кој ја лекува болеста на душата, болеста наречена млакост…“ – 4 Сведоштво, 84 (88).
„Златото прочистено во оган, кое Тој ни го препорачува, претставува вера и љубов. Тоа злато го обогатува срцето, бидејќи е претопувано сè додека сосем не се прочистило и колку повеќе се прочистува, толку е поблескав неговиот сјај.“ – 4 Сведоштво, 85.
„Некои можеби ќе кажат дека очекувајќи го Божјото одобрување поради своите добри дела ги издигнуваме своите заслуги. Вистина е дека со своите добри дела не можеме да стекнеме ниту една победа; но без нив не можеме да станеме победници. Да го купиме тоа што Христос ни го препорачува можеме само ако ги исполниме условите кои Тој ни ги препорачува. Вистинските дарови на Неговата благодат, чија вредност е непроценлива и кои ќе ја издржат пробата на сите неволји и тешкотии можеме да ги добиеме само со вера и понизност која е плод на послушноста и сесрдната молитва. Милоста благодарение на која ги издржуваме страдањата и прогонствата и на дело ја докажуваме својата честитост и искреност претставува злато кое својата вредност ја докажува во огнот на топилницата. Тоа драгоцено богатство Христос Му го нуди на човекот, велејќи: ’Купи од Мене злато прочистено во оган’. Безживотното, површно и формално извршување на должноста не нè прави христијани. Мораме да се ослободиме од млаката состојба и да го доживееме вистинското обратување, или ќе го загубиме спасението.“ – 4 Сведоштво, 85 (89).
б. Што ја открива очајната потреба од небесното злато? Езекиел 33,30-33.
„Многу срдечни напори се вложени за Лаодикејската црква. И за нив е упатен поттикот: ’Но бидете совршени како што е совршен вашиот Отец небесен‘ (Матеј 5,48). Но црквата не ја продолжила работата започната од Божјите весници. Тие ја слушнале вистината, но пропуштиле да ја присвојат за себе и да ги применат инструкциите кои им се дадени.“ – Библиски коментари, 891.
Вторник — 27. ноември
3. ДОКАЗ ЗА НАШАТА СИРОМАШТИЈА
а. Што ја покажува нашата природна склоност да се сомневаме дека пораката за Лаодикеја всушност не се однесува на нас поединечно? Еремија 17,9; Марко 4,17.
„Укажано ми е на Божјото провидение во постапувањето со Неговиот народ и видов дека секоја неволја во процесот на чистење и облагородување врз таканаречените христијани покажува дека некои биле само плевел. Секогаш не се појавувало само чисто злато. Во секоја верска криза некој подлегнува на искушението. Во процесот на решетање кој Бог го дозволува, многумина отпаѓаат како суво лисје. Благосостојбата го зголемува бројот на таканаречените верници. Неволјите ги чистат од црквата; бидејќи таквите во својата душа не се многу цврсто поврзани со Бога. Кога ќе наидат неволјите или прогонствата поради Божјата Реч, мнозина се соблазнуваат.“ – 4 Сведоштво, 85.
„Ваквите нека се присетат како пред неколку месеци и самите гледале на држењето на некои кои тогаш биле во слична положба како тие сега. Сериозно нека размислат за своето однесување кон оние кои се искушуваат.“ – 4 Сведоштво, 86 (89).
„На сите припадници на нашите цркви им се нуди небесна облека. Секој поединец треба да покаже најголем интерес за оваа Христова покана. Браќа и сестри, дали и вие размислувате по овој редослед: ’Овие остри и одлучни зборови не се однесуваат на мене, јас сум во прилично добра духовна состојба; иако можеби не сум толку ревен како некои други, јас верувам во вистината. Оние на кои оваа порака се однесува нека ја прифатат; мислам дека на некои им е потребна‘. Вие кои вака мислите и разбирате, бидете уверени дека оваа порака токму на вас се однесува.“ – Библиски коментари, 892.
б. Опиши го другиот симптом кој открива сериозен недостаток на ова злато. Матеј 15,8; Евреите 3,12. Како овој проблем може да се надмине?
„Верата и љубовта се златни скапоцености кои им недостигаат на мнозина во Божјиот народ. Покажано ми е дека неверувањето во сведоштвата кои содржат опомени, охрабрувања и укори, ја засолнува светлината од припадниците на Божјиот народ.“ – 3 Сведоштво, 236 (225).
„Додека уште ви се нудат скапоценостите на небото, искористете ја можноста и купете што ви недостасува – злато на љубов и вера.“ – Библиски коментари, 892.
Среда — 28. ноември
4. „КУПУВАЊЕ“
а. Како можеме да ги ’купиме’ драгоценостите на небото, ако тие се бесплатен дар? Исаија 55,1.2.
„Спасението е бесплатен дар, а сепак мора да се купува и да се продава. На пазарот со кој управува божествената милост, скапоцениот бисер е претставен како вредност што се купува без пари и без цена. На тој пазар сите можат да ги набават небесните добра. Ризницата на скапоценостите на вистината е отворена за сите. Господ вели: ’Еве, поставив пред тебе отворена врата што никој не може да ја затвори!’ Никаков меч не го чува влезов низ таа врата. Однатре и пред вратата се слушаат гласови: ’Дојди! Гласот на Спасителот сериозно и со љубов нè повикува: ’Те советувам да купиш од Мене злато, пречистено со оган, за да се збогатиш’ (Откровение 3,8.18).
„Христовото евангелие е благослов кој сите можат да го поседуваат. Најсиромашните се способни, исто како и најбогатите, да го купат спасението, зашто никакво световно богатство не е во состојба да го плати. Тоа се стекнува со доброволна послушност, предавајќи му се себеси на Христа, станувајќи Негова откупена сопственост. Образованието, дури она од највисок ранг, не може само по себе да го приближи човекот до Бога. Фарисеите ги уживале сите земни и сите духовни предимства и горделиво се фалеле: ’Богат сум и се збогатив, и ништо не ми треба!’(Откровение 3,17)…
„Ние не можеме да го заработиме спасението, но мораме да го бараме толку срдечно и упорно како да сме подготвени да се откажеме од сè на светот за него.“ – Христовите поуки, 92.
„Мораме да бараме бисер со голема вредност, но не на световниот пазар или на световен начин. Цената што мораме да ја платиме не е изразена во злато или сребро, зашто и тие му припаѓаат на Бога. Откажете се од идејата дека световните или духовните предности можат да ни обезбедат спасение. Тој бара да се откажеме од нашите гревови…
„Има луѓе кои навидум постојано го бараат небесниот бисер, но не се откажале наполно од своите погрешни навики. Тие не си умираат себеси за да може Христос да живее во нив и затоа не го наоѓаат својот скапоцен бисер; уште не ги совладале несветите амбиции и нивната љубов кон световните привлечности, не го зеле на себе својот крст ниту пошле по Христа по патот на самооткажување и жртва. Речиси христијани, но не потполно христијани, тие навидум се близу до небесното царство, но не успеваат да влезат во него. Речиси, но не и потполно спасен, значи не речиси, туку целосно изгубен.“ – Христовите поуки, 93 (116-118).
Четврток — 29. ноември
5. ПРОЧИСТЕНО ЗЛАТО
а. Опишете го делото кое Христос сака да го изврши во срцето на секој еден од нас во овој период на Лаодикеја? Малахија 3,3.4.
„Сè во нашиот карактер што не може да влезе во Божјиот град, ќе биде изобличено. Ако не се потчиниме на Господа подготвени да поминеме низ процесот на прочистување, сите троски и туѓи примеси ќе изгорат. Кога Божјите избраници ќе добијат светлина соодветна за тоа време, тие нема да бидат наведени да се возвишуваат. Тие нема да прават стандарди според сопствениот карактер; бидејќи Господ дал еден стандард според кој секој поединец треба да биде проверен.“ – Библиски коментари, 417.
б. Наведете некои практични примери за тоа како овој процес на прочистување се одвива. Римјаните 5,1-5.
„Човек со остар дух е неблагороден, груб, тој не е духовен, неговото срце не е чувствително, туку тврдо како камен така што на него не може да се влијае. За него единствена помош е да падне на Карпа и да се разбие. Таквите Господ ги става во топилница, за да ги искуша во огнот каде што се искушува златото. Кога Тој ќе види дека Неговиот лик се огледа во нив, процесот на прочистување ќе престане; но ако тие не се покажат како вистинско злато, огнот на топилницата ќе ги проголта како плевел.“ – Објавени рак. 17, 116.
„Да купиме вера и љубов, тие драгоцени и прекрасни својства на нашиот Спасител, кој ќе не оспособи да го најдеме патот до срцата на оние кои сè уште не знаат за Него, кои се студени и отуѓени од Него поради неверување и грев.“ – Библиски коментари, 892.
Петок — 30. ноември
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА
1. Зошто Христос постојано истакнува дека ни е потребно Неговото злато?
2. Како можеме поради нашата негрижа да се изложиме на опасност да ја одбиеме понудата на Христос?
3. Колку чини ова духовно злато?
4. Зошто тоа злато има особена вредност во овие последни денови?
5. Кои други духовни придобивки од духовното злато ние стекнуваме?
2012 • 4. Квартал
10. лекција – Бели облеки
8. декември 2012
„Те советувам да си купиш од Мене… бела облека, за да се облечеш, и да не се гледа срамот на голотијата твоја.“
— Откровение 3,18
„Прво нешто што треба да научат сите што сакаат да станат Божји соработници е поуката за недоверба во самиот себеси; и тогаш ќе бидат подготвени да го примат на себе Христовиот карактер.“
– Копнежот на вековите, 175 (250).
ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Христовите поуки, 121-163.
Недела — 2. декември
1. КОЈА ОБЛЕКА ДА ОБЛЕЧЕМЕ?
а. Објаснете како духовната голотија на Лаодикеја всушност имала свои корени преку целата човечката историја. Откровение 3,18; Создавање 3,6-10.
„Бела облека на невиност носеле нашите прародители кога Бог ги наместил да живеат во светиот Едем. Тие живееле во совршена хармонија со Божјата волја. Сета сила на нивните чувства му била посветена на нивниот Отев. Светиот пар го опкружувала прекрасна блага светлина, Божја светлина. Оваа облека претставувала симбол на нивната духовна облека на небесната невиност. Кога би му останале верни на Бога, тие засекогаш би биле опкружени со неа. Меѓутоа, кога згрешиле, ја прекинале својата врска со Бога и исчезнала светлината што ги осветлувала. Голи и посрамени, својата небесна облека се обидувале да ја надоместат со облека од смоквини лисја што сами ја направиле.
„Токму тоа е она што прекршителите на Божјиот закон го правеле уште од денот на непослушноста на Адам и Ева. Тие сплеле смоквини лисја за да ја покријат голотијата предизвикана од престапот. Носеле облека што самите ја осмислиле, се обидувале со свои дела да ги покријат своите гревови, и себеси да се сторат поприфатливи во Божјите очи.
„Меѓутоа, никогаш не успеале да го постигнат тоа. Човекот не може ништо да стори за да ја надомести својата загубена облека на невиност.“
– Христовите поуки, 277.278 (310.311).
Понеделник — 3. декември
2. СТЕКНУВАЊЕ НА ДОВЕРБА ВО ХРИСТОВАТА ПРАВЕДНОСТ
а. Како Христос ја покажувал Божјата праведност додека живеел на земјата? Исаија 42,21. Опишете го ставот кој го проникнувал Неговиот живот. Псалм 40,8.
б. Опишете ја опасноста со која се соочуваме во поглед на праведноста. Судии 21,25.
„Самоправедноста е опасност на ова време, таа ја одделува душата од Христа. Оние кои се потпираат на сопствената правда не можат да сфатат како спасението доаѓа преку Христа. Тие гревот го нарекуваат правда а правдата грев. Тие не сфаќаат колку зла произлегуваат поради престапот ниту пак разбираат што значи да се има страв од законот; бидејќи не го почитуваат Божјиот морален критериум. Причината зошто денес има толку многу лажни обратувања е во тоа дека постои толку ниско вреднување на Божјиот закон. Наместо Божјото мерило на правдата, луѓето ги издигнуваат сопствените мерила со кои го оценуваат карактерот. Гледајќи преку замрачено стакло, тие на народот му ги презентираат лажните идеи за посветеност, поттикнувајќи го на тој начин егоизмот, гордоста и самољубието. Учењето за посветеноста подржано од мнозина е полно со измама, затоа што тоа е ласкаво за природното срце, но најдобро нешто што може да му се проповеда на грешникот е вистината за обврзувачките барања на Божјиот закон.“
– Вера и дела, 96.97.
в. Што треба да го обележува нашиот став кон самите себеси и кон заблудените? Исаија 6,1-7; Езекиел 9,4.
„Во последно време Божјиот народ ќе воздивнува и ќе рида заради гадотиите што се прават на земјата. Со солзи ќе ги предупредуваат грешниците на нивната опасност да го газат Божјиот закон, и со неискажана тага ќе се понизат пред Господа во покајание. Грешниците ќе се потсмеваат на нивната тага и ќе ги исмејуваат нивните сериозни опомени. Но болката и понизноста на Божјиот народ е непогрешлив доказ дека тие повторно ја повратиле силата и благородноста на карактерот изгубени како резултат на гревот. Тоа е затоа што му се приближиле на Христа и го управуваат погледот кон Неговата совршена чистота, и затоа толку јасно ја спознале безмерната одвратност на гревот. Кротост и понизност се услови за успех и победа.“
– Пророци и цареви, 403.
Вторник — 4. декември
3. ДВАЈЦА МОЛИТЕЛИ
а. Која погрешна претстава за праведноста ги валка животите на мнозина кои сметаат дека се совесни христијани? Исаија 65,2-6; Лука 18,9-12.
„Религијата на фарисејот не може да ја допре душата. Тој не бара да стане сличен на Бога во карактерот, срцето да му биде исполнето со љубов и милост. Тој е задоволен со религија која се одразува само во надворешниот живот. Неговата праведност е само негова – плод на неговите дела – и одмерувана според човечки мерила.
„Секој што себеси се смета за праведен, ќе ги презира другите. Како што фарисејот се споредувал со другите луѓе, така и сите други ги споредувал со себе. Својата праведност ја оценувал според нивната, и колку тие изгледале полоши, тој сè повеќе изгледал поправеден. Неговата самоправедност го наведувала да ги обвинува другите. ’Останатите луѓе‘ за него се престапници на Божјиот закон. Со тоа тој го манифестирал духот на сатаната, кој е ’обвинител‘ на браќата. Со таков дух, тој не можел да воспостави заедница со Бога. Отишол дома лишен од божествените благослови.“
– Христовите поуки, 122 (151).
б. Каква утеха Небото, од друга страна, испраќа до секоја покајничка душа? Лука 18,13.14; Псалм 51,17.
„Христос се заветувал дека ќе биде наша замена и гаранција, и Тој никого нема да го занемари. Оној кој не можел да види како човечките битија се изложени на вечна пропаст, кој својата душа ја предал на смрт наместо нив, ќе погледне со милост и сожалување врз секоја душа која сфаќа дека не може да се спаси самата себе.
„На секој кој што очајува Тој ќе му помогне да се воздигне. Тој кој со своето помирување обезбедил за човекот безграничен капитал на морална сила, нема никогаш да пропушти оваа сила да не ја употреби во нивна полза. Сите свои гревови, грижи и болки да ги ставиме кај Неговите нозе, затоа што Тој нè љуби. Секој Негов поглед и секој Негов збор треба да ни влеваат доверба. Тој ќе го обликува и оформи нашиот карактер според Својата волја.“
– Христовите поуки, 128 (157).
„Кога ќе размислуваме за Неговата чистота и совршенство, тогаш ќе ја согледаме својата слабост, своето сиромаштво и маните во вистинска светлина. Ќе видиме дека сме изгубени и без надеж, облечени во облеката на својата праведност, како и сите други грешници. Ќе согледаме дека спасението не можеме да го заработиме со нашата добрина, туку преку Божјата бесконечна благодат.“
– Христовите поуки, 129 (159).
Среда — 5. декември
4. ПРИПИШАНА И ДОДЕЛЕНА ПРАВДА
а. Како Христовата правда ни се припишува нам? Римјаните 3,23-26; 5,17-19.
„Ние немаме своја сопствена правда со која би можеле да ги задоволиме барањата на Божјиот закон. Меѓутоа Христос ни го отворил патот на спасението за нас. Тој живеел на земјата соочен со истите неволји и искушенија со кои и ние се соочуваме. Живеел безгрешен живот. Умрел за нас и сега ни се нуди да ги земе нашите гревови и да ни ја даде Својата правда. Ако му се предадете Нему и ако Го прифатите како Спасител, заради Него ќе бидете прогласени за праведни без оглед на сета грешност од поранешниот живот. Христовиот карактер ќе застане на местото на вашиот карактер и вие ќе бидете прифатени пред Бога исто како воопшто да не сте згрешиле.“
– Патот кон Христа, 56 (62).
б. Што уште Христос е подготвен да направи во и преку нас и како се случува ова? Галатјаните 2,20; Јован 16,13 (прв дел).
„И повеќе од тоа, Христос го менува срцето. Тој со вера живее во вашето срце. Со вера и постојано потчинување на својата волја на Христа треба да ја одржувате оваа врска со Него; и сè додека го правите тоа, Тој ќе делува во вас да Го љубите и да делувате во склад со Неговата света волја… И тогаш, кога Христос делува во вас, вие ќе го манифестирате истиот дух и ќе ги правите истите дела – дела на правда и послушност.“
– Патот кон Христа, 56 (62.63).
„Кога ќе Му се покориме на Христа, срцето се соединува со Неговото срце, волјата се обединува со Неговата волја, умот станува едно со Неговиот ум, мислите му се покоруваат Нему; ние живееме Негов живот. Тоа значи да се биде облечен во облеката на Неговата праведност. И тогаш, кога Господ ќе погледне на нас, нема да види облека од смоквини лисја, не ја гледа голотијата или изопаченоста на гревот, туку облеката на Неговата правда со која е означена совршената послушност кон законот на Јехова.“
– Христовите поуки, 278 (311).
„Победата не може да се добие без сесрдна молитва и понизност покажана на секој чекор. Нашата волја не треба да биде принудена на соработка со небесните сили, таа мора доброволно да се потчини на Бога.“
– Знаци на времето, 18. мај, 1904.
„Исус сака да се вежбаме во едноставноста на верата, за да имаме право на Неговите заслуги. Ако само Го допреме со вера, светлина, слава и Божја сила ќе ни бидат дадени.“
– Знаци на времето, 10. јуни, 1889.
Четврток — 6. декември
5. ОБЛЕЧЕНИ КАКО ПОБЕДНИЦИ
а. Со што Христос сликовито го прикажува суштинското значење на прифаќањето на облеката која Тој ја обезбедил? Матеј 22,1-4.11-14. Објаснете што тоа практично значи за нас.
„Човекот кој дошол на гозбата без свадбена облека ја претставува состојбата на мнозина кои живеат во денешниот свет. Тие тврдат дека се христијани, полагаат право на благословите и на предимствата на евангелието, но не чувствуваат потреба да го преобразат својот карактер. Тие никогаш вистински не се покајале поради своите гревови. Тие не ја сфаќаат потребата од Христа ниту пак имаат вера во Него. Никогаш не успеале да ги совладаат своите наследени или стекнати склоности кон злото. А сепак мислат дека се доволно добри сами по себе, и се потпираат врз своите заслуги наместо да имаат доверба во Христа. Тие се само слушатели на Речта; доаѓаат на гозбата, но не сакаат да ја облечат на себе облеката на Христовата праведност.“
– Христовите поуки, 281 (315).
б. Опишете го вистинскиот живот во Христа. 2 Коринтјаните 10,5; Фил. 2,12.13.
„Бог сака ние да владееме со себеси. Но Тој не може да ни помогне без наша согласност и соработка. Божјиот Дух дејствува преку силите и способностите што му се дадени на човекот. Ние нашите намери, желби и склоности не би можеле сами да ги доведеме во хармонија со волјата на Бога, но ’ако сме волни‘, Спасителот ќе го оствари тоа за нас.“
– Делата на апостолите, 361 (482).
„Белите облеки ја претставуваат чистотата на карактерот, Христовата праведност која незаслужено му се дава на грешникот. Тоа е облека која е исткаена на небесниот разбој, која може да се купи само од Христа и тоа со живот на доброволна послушност.“
– 4 Сведоштво, 85 (88).
Петок — 7. декември
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА
1. Што во духовна смисла значи ’голотија‘?
2. Со што ние се излагаме на опасност да ’плетеме‘ современи ’облеки од смоквини лисја‘?
3. Објаснете ја разликата помеѓу фарисејот и цариникот?
4. Која е разликата помеѓу припишаната и доделена праведност?
5. Колку чини белата облека?
2012 • 4. Квартал
11. лекција – Очна маст
15. декември 2012
„Те советувам да си купиш од Мене… и со очна маст намачкај ги очите твои за да гледаш.“
— Откровение 3,18
„Божествениот мелем за очи дава бистрина на расудувањето. Во Христа е изобилството на сите богатства на милоста. Тој вели: ’Те советувам да си купиш од Мене‘.“
– 4 Сведоштво, 85 (89).
ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Порака за младите, 260-264.
Недела — 9. декември
1. ПРОЧИСТУВАЊЕ НА ЗАМАГЛЕНИОТ ВИД
а. Која е третата препорака во советот на Вистинитиот Сведок до Лаодикеја и како да се примени во пракса? Откровение 3,18 (последен дел); Матеј 6,22.
„Маслото за помазание е масло на благодатта (Христос), кое дава духовен вид на душата заслепена и во мрак, за да може да прави разлика помеѓу делувањето на Божјиот Дух и духот на непријателот.“
– Библиски коментари, 894.
„Окото е осетлива совест, внатрешна светлина на умот. От неговиот исправен поглед на нештата зависи духовното здравје на целото битие. Божјата Реч, кога ќе се примени како ’очна маст‘, предизвикува остра грижа на совеста бидејќи ја осудува за гревот. Меѓутоа, таа острина е потребна за да дојде до оздравување и за да се насочат очите само на Божјата слава. Грешникот, гледајќи во големото морално огледало, се гледа себеси онака како што Бог го гледа, и се кае пред Бога верувајќи во нашиот Господ Исус Христос…“
– Библиски коментари, 893.
„Лаодикејците… не се целосно слепи, бидејќи во тој случај очната маст не би можела да им го поврати видот ниту пак би биле во состојба да ги препознаат вистинските својства на Христовиот карактер. Откажувајќи се од вашата сопствена самодоволност, откажувајќи се од сите нешта, вели Христос, вие можете да купите злато, облека и очна маст за да прогледате.“
– Библиски коментари, 894.
Понеделник — 10. декември
2. СТРЕМЕЖ ЗА РАСПОЗНАВАЊЕ
а. Кои се причините нашите духовни сетила да патат од лошо расудување – и како тоа може да им се случи и на оние кои имаат голема светлина? Јов 6,30; 1 Јованово 2,9-11.
„Душата треба прво да биде осведочена за гревот пред грешникот да почувствува желба да дојде кај Христа. ’Гревот е беззаконие‘ (1 Јованово 3,4). ’Но јас го разбрав гревот преку Законот‘ (Римјаните 7,7). Кога заповедта нашла пристап до Савловата совест, гревот оживеал а тој (Савле) умрел. Тој се видел себеси осуден од страна на Божјиот закон. Грешникот не може да биде осведочен за својата вина доколку тој не сфаќа што го сочинува гревот. Невозможно е човек да доживее библиско просветлување додека тој смета – дека ако Тој верува во Христа – нема значење дали тој се потчинува на Божјиот закон или не се потчинува.
„Оние што тврдат дека го држат Божјиот закон, а сепак во срцето му попуштаат на гревот се осудени од страна на Вистинитиот Сведок. Тие тврдат дека се богати со познавање на вистината; но тие не се во согласност со нејзините свети начела. Вистината не го посветува нивниот живот. Божјата Реч изјавува дека таканаречените чувари на законот чијшто живот е во спротивност со нивната вера се слепи, сиромашни и голи.
„Божјиот закон е огледало кое на човекот – кога му приоѓа – совршено го прикажува неговиот лик онаков каков што е. Некои ја забораваат таа слика штом ќе се свртат од огледалото, додека други користат навредливи епитети против законот, како да ова ќе ги излечи нивните недостатоците во карактерот. Има и други кои признавајќи ја осудата на Божјиот закон, ги окајуваат своите престапи и преку вера во Христовите заслуги го усовршуваат христијанскиот карактер.“
– Вера и дела, 31.
б. Наведете еден пример во кој јасното духовно расудување е сметано за очигледен доказ на Божјото присуство. Која била суштината на Соломоновата молитва, и зошто ова му било угодно на Господа? 1 Царевите 3,9.10.
„Бог ја пофалил Соломоновата молитва. Тој и денес ќе ги услиши и пофали молитвите на оние кои со вера и понизност викаат кон Него за помош. Тој сигурно ќе одговори на горливите молитви во кои се бара оспособеност за служба. Во одговор Тој ќе каже: ’Еве ме. Што сакаш да направам за тебе?“
– Библиски коментари, 170.
Вторник — 11. декември
3. СПОРЕДБА
а. Со што Исус покажал дека визуелното прочистување на видот може да се одвива постепено? Марко 8,22-24. Објаснете ја духовната споредба во Лаодикеја.
„Мнозина во црквата мене ми се прикажани во визија слично на дрво кое оди. Тие треба да имаат уште едно и подлабоко искуство пред да можат да ги распознаваат замките кои измамникот ги поставува за да ги фати во својата мрежа. Ништо не смее да се работи на половичен начин.“
– Одбрани пораки 2, 395.
„Луѓето кои немаат секојдневно искуство со Бога… нема разумно да постапуваат во исполнување на своите свети одговорности; тие светлината ќе ја сметаат за заблуда, а за измамливите заблуди ќе велат дека се светлина; ќе ја мешаат илузијата и стварноста, нарекувајќи го атомот свет а светот атом… Исус не сака човекот да ги посматра луѓето како дрвја кои одат туку сè да гледа јасно.“
– Евангелизам, 593.594.
б. Како посебното помазание со Христовата очна маст придонесува за разбирање на науката, реформацијата и единството меѓу вистинските верници? Марко 8,25; Ефесјаните 4,11-16.
„Вистинската религија, единствената религија во Библијата, која учи за опростување само преку заслугите на распнатиот и воскреснат Спасител, која ја застапува праведноста преку верата во Божјиот Син, е омаловажувана, оспорувана, исмејувана и отфрлена. Обвинета е дека води во занес и фанатизам. Меѓутоа, таа е животот на Исус Христос во душата, активно начело на љубовта, објавено преку Светиот Дух кој единствено може да го направи човекот плодоносен во добри дела. Христовата љубов е погонска сила на секоја вест за Бога која што некогаш дошла од човечки усни. Каква иднина нè очекува ако не успееме да дојдеме до единство во верата?
„Кога ќе бидеме обединети во единство за кое Христос се молел, оваа долга борба која ја поттикнуваат агентите на сатаната ќе заврши, и ние нема да гледаме како луѓето кројат планови според согледувањата на светот, бидејќи тие немаат духовен вид за да ги спознаат духовните работи. Тие сега ги гледаат луѓето како дрвја кои одат, затоа им е потребен божествен допир за да гледаат како што Бог гледа и да работат како што Христос работел. Тогаш стражарите на Сион еднодушно на трубата ќе и даваат јасен и силен звук.“
– Сведоштво за проповедници, 468.
Среда — 12. декември
4. СУШТИНСКО РАСПОЗНАВАЊЕ
а. Која е една од најсериозните одговорности на Божјите работници, особено среде сите можни конфузии во последните денови? Езекиел 44,23.
„Маста за очи ја претставува мудроста и благодатта која ни овозможува да го разликуваме доброто од злото и да го разоткриваме гревот под било каква маска. Бог на својата црква ѝ дал очи и бара да ги помаже со маста на Неговата мудрост за нејзиниот духовен вид да биде потполно јасен; но многумина сакаат да ја лишат црквата од тие очи само кога би можеле, бидејќи не сакаат нивните дела да излезат на светлина, за да не бидат укорени.“
– 4 Сведоштво, 85 (88.89).
„Мора да бидеме многу внимателни и да одиме понизно пред Бога, за да можеме да добиеме духовен мелем за очи и да можеме да го разликуваме делувањето на Светиот Дух од влијанието на оној дух кој внесува необуздана слобода и фанатизам. ’По нивните плодови ќе ги познаете’ (Матеј 7,20). Оние кои навистина гледаат во Христа ќе бидат променети во Неговиот лик, и со помош на Господовиот Дух ќе растат до целосен раст на мажи и жени во Исуса Христа. Божјиот Свет Дух ќе ги инспирира луѓето со љубов и чистота; и таа префинетост ќе се манифестира во нивните карактери.“
– Одбрани пораки 1, 142.
б. Опишете ги резултатите од развојот на духовното распознавање и апелот кој се упатува до секој од нас. Проп. 8,5.
„Маста за очи го претставува духовното распознавање кое ќе ви овозможи да ги видите лукавствата на сатаната и да ги избегнете, да го разоткриете гревот и да се гнасите од него, да ја препознаете вистината и да ѝ се покорувате.“
– 5 Сведоштво, 215 (233).
„Духот полн со почит сфаќа дека срцето мора да се потчини од страна на Божјата сила. Ангелите служители, ги отвораат очите на умот и срцето за да ги видат прекрасните нешта во Божјиот закон, во природниот свет, и во вечните нешта откриени од страна на Светиот Дух.“
– Мојот живот денес, 318 (291).
„Бог на секој човек му дал негова работа која никој друг не може да ја одработи за него. О, кога секој од нас поединечно би ја применил маста за очи, како би можел да ги согледа своите недостатоци на карактерот и сфати како Бог гледа на љубовта кон светот која ја истиснува љубовта кон Бога.“
– 4 Сведоштво, 588 (615).
Четврток — 13. декември
5. МОЛИТВА И ВЕЖБАЊЕ
а. Зошто мнозина, за жал, ќе пропаднат не успевајќи да примат помазание од небесната очна маст? 1 Коринтјаните 2,14.
„Денес луѓето на одговорни позиции, на секое место, треба верно и будно да ја чуваат чистотата на црквата и сè што е поврзано со неа. Нам ни е потребно, о толку многу, остроумно распознавање и јасен духовен вид. Во овие денови кога гревот и беззаконието толку многу земаат замав, нашите очи треба да бидат помажани со небесна очна маст, за да можеме јасно да ги видиме сите нешта.“
– RH, 26. октомври, 1905.
б. Со цел да добиеме благослов на вистинско распознавање, каква треба да биде нашата секојдневна молитва и пракса? Псалм 119,18; Евреите 5,14.
„Библијата никогаш не треба да се проучува без молитва. Само Светиот Дух може да ни помогне да ја сфатиме важноста на лесно разбирливите стихови и да нè сочува да не ги извртуваме тешко разбирливите вистини… Искушенијата често изгледаат неодоливи бидејќи се запоставува молитвата и изучувањето на Библијата, и тогаш оној кој се искушува не може веднаш да се сети на Божјите ветувања и да му одговори на сатаната со оружјето на Светото писмо. Меѓутоа, ангелите се околу оние кои се подготвени да бидат поучени од божествените вистини, и во време на голема потреба тие ќе ги потсетат на многуте вистини кои им се неопходни.“
– Големата борба, 530.
Петок — 14. декември
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА
1. Зошто ни е потребна очната маст која Вистинитиот Сведок и ја препорачува на Лаодикеја?
2. Како оваа очна маст се применува?
3. Зошто примената на очната маст честопати задава болка?
4. На кој начин мнозина ги гледаат ’луѓето како дрвја кои одат‘?
5. Опишете го ставот и молитвата на оние кои ќе примат очна маст?
2012 • 4. Квартал
12. лекција – Покајание и победа
22. декември 2012
„Оние што Јас ги сакам, нив ги карам и воспитувам. И така, биди искрен и покај се.“
— Откровение 3,19
„Бог не се откажува од нас поради нашите гревови. Ние можеме да направиме грешки и да го жалостиме Неговиот Дух, но кога ќе се покаеме, и ќе дојдеме кај Него со скрушено срце, Тој нема да нè отфрли.“
– Одбрани пораки 1, 336 (350).
ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: 1 Сведоштво, 132-137.
Недела — 16. декември
1. ПРИМЕР НА ПОКАЈАНИЕ
а. Какво предупредување треба да извлечеме од искуството на апостол Петар? Матеј 26,33.69-74.
б. Како сцената од Гетсиманија треба да нè инспирира на подлабоко покајание од она кое порано сме го доживеале? Матеј 26,33,69-75; Евреите 12,3.4.
„Петар се одрекол од Човекот на болката во Неговото познанство со тагата во часот на Неговото понижување. Но тој потоа се покајал и повторно се обратил. Тој имал вистинско каење на душата и одново се предал на својот Спасител. Речиси заслепен од солзи, побрзал во осаменоста на Гетсиманската градина, паднал ничкум на земјата токму таму каде што го видел својот Спасител облеан со крвава пот во Неговата страшна агонија. Мачен од тешка грижа на совеста, Петар се сеќавал дека во тие страшни часови спиел додека Исус се молел. Неговото горделиво срце сега потполно се скршило, а неговите покајнички солзи ја натопувале земјата на која неодамна капела крвавата пот на драгиот Божји Син. Од тоа место во градината Петар заминал како потполно обратен човек, подготвен да покаже сомилост кон оние кои се искушувани. Понизувајќи се во потполност можел да сочувствува со слабите и заблудените. Сега можел да ги предупредува и опоменува дрските и целосно се удостоил да ги утврдува своите браќа.“
– 3 Сведоштво, 386 (416).
Понеделник — 17. декември
2. ВРАЌАЊЕ НА БОЖЈИТЕ ПАТИШТА
а. Наведете една опомена која особено треба да се нагласи денес? 1 Јованово 2,15-17.
„Има нешто поради што треба да се каеме. Склоноста кон светот, себичноста и алчноста ја уништуваат духовноста и животот на Божјиот народ. Љубовта кон светот веќе со години претставува посебна опасност за припадниците на Божјиот народ. Себичноста и алчноста се гревови кои произлегуваат токму од тоа.“
– 1 Сведоштво, 132 (141).
б. Зошто Божјата Реч претставува клуч за вистинско обратување? Евреите 4,12-16.
„Обратувањето е дело кое повеќето не умеат да го ценат. Не е мала работа да се преобрази еден земски дух склон кон грев и да се доведе до познавање на неискажливата Христова љубов, привлечноста на Неговата благодат и Божјата возвишеност, така што душата ќе биде исполнета со божествената љубов и обземена со небесните тајни. Човекот кој ги разбира овие работи гледа на својот поранешен живот со одвратност и омраза. Тој го мрази гревот и доаѓајќи со понизно срце кај Господа, спремен е да го прими Христа како живот и радост на душата. Тој се откажува од поранешните задоволства. Тој има нови мисли, нови чувства, нови интереси, нова волја; нови се и неговите страдања, желби и љубов. Тој се одвојува од телесните желби, желбата на очите и гордоста на животот кои порано ги ставал перед Христа и сега Христос станува копнеж на неговиот живот, круна на неговата радост…
„Делата на светоста, кои порано му изгледале досадни, сега претставуваат негово задоволство. Божјата Реч која порано била неинтересна и здодевна, станува предмет на проучување и советник. Таа е како писмо до него кое самиот Бог му го напишал и носи печат на Вечниот. Тој според неа ги проценува и одмерува своите мисли, зборови и дела. Заповедите и опомените кои се содржани во неа му влеваат страхопочит, затоа цврсто се држи до нејзините ветувања и ја поткрепува својата душа присвојувајќи ги за себе. Тој сега го избира друштвото на најпобожниот, а го избегнува безбожникот чие друштво некогаш толку го сакал. Тој сега ги осудува нивните гревови на кои порано се смеел. Се откажува од самољубието и суетата и тој живее во Бога, и е богат со добри дела. Ова е посветувањето кое Бог го бара од нас. Ништо помалку од ова Тој не прифаќа.“
– 2 Сведоштво, 323.324 (294.295).
Вторник — 18. декември
3. ПРИФАЌАЊЕ НА СОВЕТОТ НА ВИСТИНИТИОТ СВЕДОК
а. Каква сигурност имаме кога искрено ќе се покаеме за нашата млака состојба? Дела 3,19.20.
„Обрнете внимание на советот на Вистинитиот Сведок. Размислете за купување на злато пречистено во оган за да се збогатите, бела облека за да се облечете и очна маст за подобро да гледате. Направете некои напори. Овие драгоцени добра нема самите да ни се наметнат без некој напор од наша страна. Со прифаќање на советот: ’Биди ревен и покај се‘, мораме да се ослободиме од својата млакост. Мораме да се пробудиме, да видиме во што грешиме, и со ревносно покајание да ги отфрлиме своите гревови.
„Покажано ми е дека браќата што поседуваат имоти мораат да вложат посебен труд за да ги раскинат врските со своето земно богатство и да ја совладаат својата љубов кон светот. Мнозина од нив го сакаат овој свет и своите богатства, но не сакаат да го согледаат тоа. Тие мораат да бидат поревносни и да се покајат од својата себичност и алчност, за да можат со љубовта кон вистината да совладаат сè друго. Видов дека мнозина од оние што се богати пропуштаат да купат злато пречистено во оган, бела облека и маст за очи. Нивната ревност и сесрдност не се соодветни со значењето и вредноста на целта што ја поставиле перед себе.
„Ги видов тие луѓе како ги вложуваат сите свои сили и се борат за земни богатства и имот. Каква ревност, усрдност и енергија вложуваат за да стекнат земни богатства од кои наскоро ќе мора да се разделат! Колку е погрешна и ништожна проценката споре која се раководат! Тие планираат и се мачат од утро до мрак, жртвувајќи ја својата сила и удобност за да стекнат земно богатство. Вложувањето на таква ревност за златото прочистено во оган, за белата облека и за маста за очи, би им донело далеку повредно богатство и вечен живот во Божјото царство. Видов дека маста за очи им е најпотребна на оние што имаат земни богатства. Мнозина од нив се слепи за својата состојба, за својата цврста поврзаност за овој свет. О, кога би можеле да го согледаат тоа!
„’Ете стојам на вратата‘, вели Христос, ’и тропам‘. Ако некој го слушне Мојот глас и ја отвори вратата ќе влезам кај него и ќе вечерам со него, и тој со Мене‘ (Откровение 3,20). Видов дека мнозина насобрале толку нечистотија на вратата на своето срце така што таа врата воопшто и не може да се отвори. Некои мора да ги отстранат потешкотиите што постојат меѓу нив и нивните браќа. Други пак, треба да ги напуштат злите склоности, себичноста и алчноста за да можат да ја отворат вратата. Има и такви на чија врата е насобран светот кој го спречува секој приод до срцето. Сета таа нечистотија мора да се отстрани за да можат да ја отворат вратата на Спасителот и да го примат со добредојде.“
– 1 Сведоштво, 133.134 (142.143).
Среда — 19. декември
4. ПРОЦЕС КОЈ ДОВЕДУВА ДО ПОБЕДА
а. Кое разбирање и задача претставуваат клуч за духовната победа за Божјиот народ? Исаија 55,8.9; 58,1. Како некои се измамени во обидот да побегнат од оваа реалност? 1 Царевите 18,17.
„Мнозина се искушуваат во поглед на нашето дело, прашувајќи се: дали е тоа од Бога. Паѓајќи во тоа искушение, некои постоечки тешкотии и забуни низ кои минува Божјиот народ им се припишуваат токму на Сведоштвата на укор кои им се упатени. Тие мислат дека немирот и тешкотиите ги создаваат оние кои ја изнесуваат пораката на опомена, кои укажуваат на гревовите на народот и поединците во настојување да ги исправат. Мнозина од нив се измамени од страна на непријателот на душите. Тие сметаат дека би можеле да ги прифатат напорите на братот и сестрата Вајт кога тие не би го осудувале постојано злото и изобличувале гревот…
„Некои не ги прифаќаат нашите од Бога дадени сведоштва, ласкајќи си себеси дека и ние можеме да бидеме измамени, и дека тие можеби се во право. Тие сметаат дека на припадниците на Божјиот народ не им се потребни толку јасни сведоштва и укори, бидејќи Бог е со нив. Вака искушуваните поединци, со оглед на тоа дека во душата секоја војувале против совесниот укор и осуда на гревот, подготвени се да повикаат: ’Зборувајте ни мили работи‘. Како таквите ја сфаќаат пораката на Вистинитиот Сведок упатена на Лаодикеја? Тука не може да има никаква измама. Таа порака Божјите слуги мораат да ја пренесат на млаката црква, за да се пробудат нејзините членови од своето чувство на сигурност и опасна заблуда во поглед на вистинската состојба перед Бога. Ова сведоштво, ако го прифатат, ќе ги пробуди на делотворна работа и ќе ги наведе да се понизат пред Бога и да ги признаат своите гревови…
„Припадниците на Божјиот народ мораат да ја увидат својата грешност, да се пробудат на искрено каење и отфрлање на гревовите кои ги довеле во толку жална состојба на духовно сиромаштво, слепило, несреќа и страшна измама. Покажано ми е дека одредено и остро сведоштво мора да живее во црквата. Тоа единствено одговара на пораката упатена на Лаодикејците. Злото мора да се осуди, гревот мора да се нарече со неговото вистинско име, на беззаконието мораме да му се спротивставиме брзо и одлучно, за сето тоа да се искорени од нашиот народ.“
– 3 Сведоштво, 239.240 (258-260).
б. Што се случува кога ќе се согласиме да Му ја отвориме вратата на своето срце на Христа? Откровение 3,20 (посл. дел).
„Штом се согласиме да ги отфрлиме своите гревови и да ја признаеме вината, бариерата помеѓу душата и Спасителот е отстранета.“
– Одбрани пораки 1, 311 (325).
Четврток — 20. декември
5. ИСЦЕЛУВАЊЕ И ПРИФАЌАЊЕ КАЈ БОГА
а. Која порака, полна со надеж и утеха се придружува на советот на Лаодикеја? Откровение 3,19; Еремија 3,22.23.
„О, колку чудесна Божја љубов! Покрај сета наша млакост и гревови Тој вели: ’Вратете се кај Мене, и Јас ќе се вратам кај вас, и ќе ве исцелам од сето отпадништво и од сите ваши гревови‘. Ова беше повторено од страна на ангелот голем број на пати. ’Вратете се кај Мене, и Јас ќе се вратам кај вас, и ќе ве исцелам од сето отпадништво и од сите ваши гревови‘.
„Видов дека некои со задоволство ќе се вратат. Други не дозволуваат пораката упатена до лаодикејската црква да има било какво влијание врз нив. Тие подеднакво продолжуваат да паѓаат сè подлабоко и ќе бидат изблуени од Господовата уста. Само оние кои ревносно ќе се покаат ќе имаат милост перед Бога…
„Ние навистина можеме да победиме. Да, целосно, потполно. Во сè можеме да победиме. Исус умрел за да го отвори патот пред нас, овозможувајќи ни да ја победиме секоја склоност кон злото, секој грев, секое искушение и на крајот да седиме заедно на престолот со Него.
„Да се има вера и да се наследи спасението е предност на секој од нас. Божјата сила не е намалена. Видов дека Тој со задоволство би ја покажал Својата моќ, како што тоа го правел во минатото. На припадниците на Божјата црква им недостасува сила со вера и молитва да се борат со Бога како Јаков, кога тој се молел: ’Нема да Те пуштам додека не ме благословиш‘ (Создавање 32,26). Постојаноста и истрајноста во верата изумира. Таквата вера мора да оживее во срцето на Божјиот народ. Божји благослов мора да се бара со сесрдна молитва.“
– 1 Сведоштво, 134 (143.144).
Петок — 21. декември
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА
1. Каква поука треба да извлечеме од победата која Петар ја здобил во своето искуство?
2. Какви плодови донесува вистинското обратување?
3. Наведи некои од пречките кои можат да ја блокираат вратата на срцето?
4. Зошто веста на укорот во исто време е и порака на надеж?
5. Објаснете ја суштината на надежта која Вистинскиот Сведок им ја нуди на Лаодикејците?
2012 • 4. Квартал
13. лекција – Несебични верници
29. декември 2012
„Тој нè спаси, но не според извршените од нас праведни дела, туку по Својата милост…“
— Тит 3,5
„Оние кои живеат најблиску до Исуса најдлабоко ја чувствуваат својата недостојност и својата надеж тие ја полагаат само во заслугите на распнатиот и воскреснат Спасител.“
– Да го познам Него, 125.
ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Христовите поуки, 335-369.
Недела — 23. декември
1. ИЗЛИВИ НА БЛАГОДАРНОСТ
а. Како Христос го опишал богослужението кое Бог копнее да го види? Јован 4,23.
„Нашиот Бог е Бог ревнител и Тој бара од нас да Му се поклонуваме во дух и вистина, во убавината на светоста.“
– 5 Сведоштво, 559 (592).
„Кога секоја струна од нашето срце одѕвонува со благодарност на нашиот Творец, не само во Псалми, химни и духовни песни, туку и во сѐ што чиниме во нашиот живот, ние живееме во блиска заедница со Небото… Таа благодарност ќе се одрази во срцето и во домот, во приватниот живот, како и на јавните богослуженија. Ова претставува вистинско обожавање на Бога.“
– Да го познам Него, 322.
б. Со кои мисли и разбирање вистинското богослужение ги вдахнува присутните? Тит 3,5-7.
„Дали чувствуваш дека заради тоа што си грешник не можеш да се надеваш на Божјите благослови? Сети се дека Христос дошол на овој свет за да ги спаси грешниците. Ние немаме ништо со што би се препорачале кај Бога; нашата крајно беспомошна состојба на која можеме да се повикуваме сега и секогаш претставува причина која Неговата спасоносна моќ ја прави толку неопходна.“
– Здравје и среќа, 38 (65).
Понеделник — 24. декември
2. КОЈ ЈА ЗАСЛУЖУВА НАШАТА ДОВЕРБА?
а. Со каква цел ние сме создадени и што сè Бог зема во обѕир во Својата желба да ни подари вечен живот? Ефесјаните 2,4-10.
„Ние немаме ништо во себе со што би можеле да се пофалиме. Немаме причина да се воздигаме себеси. Единствен темел на нашата надеж е Христовата праведност која ни е припишана, и она што Неговиот Дух го прави во нас и преку нас.“
– Патот кон Христа, 57.
б. На што мораме да го фокусираме нашето внимание, со цел да ја избегнеме главната замка на паднатата човечка природа? Еремија 9,23.24.
„(Христос) видел дека духот на самоправедност претставувал постојана причина за слабост и проклетство за црквата… Мнозина би се возгордеале кога би постигнале мал напредок и би мислеле дека се посупериорни во однос на другите очекувајќи другите да им ласкаат или пак стануваат љубоморни ако не ги признаат за најдобри. Христос се обидел своите ученици да ги заштити токму од оваа опасност.“
– Христовите поуки, 365.
„Секое фалбено припишување на заслугите на самиот себеси не е на свое место. (Еремија 9,23). Награда не се добива заради делата, за да не се пофали некој, туку само од благодатта.“
– Христовите поуки, 366 (400.401).
„Љубовта се радува на вистината и не прави никакви завидливи споредби. Секој што е исполнет со љубов, ја споредува единствено Христовата убавина со својот несовршен карактер. Секогаш кога се попушта пред гордоста и самозадоволствата, делото трпи. Она што нашето дело го прави угодно пред Бога не е колку долго сме работеле, туку дали сме работеле верно и од срце. Во сѐ што работиме се бара целосно да му се предадеме на Бога. И најмалата должност, извршена искрено и несебично, многу Му е помила од најголемото дело направено во себичен дух. Бог сака да види колку Христов Дух покажуваме, и колку во нашата работа се огледа сличност со Христовата работа. Тој повеќе ги сака љубовта и верноста отколку размерот на работата што ќе ја извршиме.
„Само кога себичноста ќе умре, кога ќе исчезне борбата за превласт, кога срцето ќе се исполни со благодарност, кога љубовта ќе го разубави животот – дури тогаш Христос навистина ќе живее во нашето срце и ние ќе бидеме признати како Божји соработници.“
– Христовите поуки, 367 (402).
Вторник — 25. декември
3. ЖИВОТ ПРОТКАЕН СО ЉУБОВ
а. Опишете го пријатниот мирис на вистинскиот Христов следбеник. Ефесјаните 5,1-4.
„Во своето настојување да се оправда, грешникот ниту малку не може да се потпре на своите добри дела. Тој мора да го признае секој грев и да го прифати секој нов зрак на светлина која ќе го осветлува неговиот пат. Тој едноставно треба со вера да се фати за сигурноста која толку изобилно и бесплатно се наоѓа во Исусовата крв. Тој со вера ги прифаќа Божјите ветувања кои преку Христа му овозможуваат оправдување, посветување и откупување. И, ако го следи Исуса, тој понизно ќе оди во светлината радувајќи се во неа и пренесувајќи ја и на другите. Бидејќи е оправдан со вера, тој внесува ведро расположение во својата послушност и во целиот свој живот.“
– Библиски коментари, 635.
б. Како накратко може да се сумира христијанскиот живот? Михеј 6,8.
„Вистинското служење се состои во заедничка работа со Христа.“
– Христијанска служба, 96.
„Сигурноста дека Бог нè прима ја наоѓаме само во Христа, Неговиот љубен Син, а добрите дела се само резултат на дејствувањето на Неговата љубов која ги простува гревовите. Нашите добри дела не се никаква препорака со која би се препорачале на Бога, и ние сами по себе немаме ништо врз основа на што би можеле да полагаме некакво право на спасение на својата душа. Спасението е незаслужен дар кој Бог – само заради Христа – им го дава на оние кои ќе поверуваат. Секоја вознемирена и загрижена душа со вера во Христа може да најде мир, а тој мир ќе биде сразмерен на нејзината вера и доверба во Бога. Со своите добри дела не можеме да полагаме право на спасение на својата душа.
„Но зарем добрите дела навистина немаат никаква вредност? Гледа ли Бог на грешникот кој секој ден неказнето греши, дали гледа со исто одобрување како и на оној кој со вера во Христа се труди да биде исправен? Библијата одговара: ’Зашто ние сме Негова творба, создадени во Христос Исус за добри дела што Бог ги предопределил уште од порано да живееме во нив‘ (Ефесјаните 2,10). Во својата божествена мудрост и незаслужена милост, Бог одредил добрите дела да бидат наградени. Тој нè прифаќа единствено благодарение на Христовите заслуги; а делата на милоста, љубовта и милосрдието кои ние ги правиме претставуваат само плодови на верата и тие стануваат благослов за нас; бидејќи луѓето треба да примат награда според своите дела.“
– Библиски коментари, 523.
Среда — 26. декември
4. ПРАКТИЧНА ПОБОЖНОСТ
а. Опишете го високиот позив кој Христос го упатува до секој верник поединечно. Матеј 5,14-16; Галатјаните 5,5.6.
„Оној кој најмногу го љуби Исуса ќе направи најмногу добра. Нема граница на корисноста на оној кој, ставајќи го своето ’јас‘ настрана, отвора пат Светиот Дух да делува на неговото срце и да живее целосно посветен живот на Бога. Ако луѓето се подготвени да се потчинат на потребната дисциплина, не жалејќи се и не малаксувајќи на патот, Бог ќе ги учи постојано од час во час и од ден на ден. Тој копнее да ја манифестира својата благодат. Ако неговиот народ е подготвен да ги отстрани препреките, Тој ќе ја излее водата на спасението и таа изобилно ќе потече низ човечките канали. Ако луѓето со скромни можности би биле поттикнати да сторат сè она што можат да сторат, кога на нив не би се ставале раце со намера да се попречуваат во својата ревност, денес би имало стотина работници за Христа таму каде што сега има само еден.
„Бог ги зема луѓето такви какви што се и ги подготвува за својата служба, доколку се подготвени да му се предадат. Божјиот Дух, примен во душата, ги оживува сите способности. Под водство на Светиот Дух, умот кој безрезервно се посветува на Бога, се развива хармонично и зајакнува, така што е во состојба да ги сфати и исполни Божјите барања. Слабиот и непостојан карактер се менува и станува силен и непоколеблив. Постојаната посветеност воспоставува толку тесна врска помеѓу Христа и неговиот ученик, така што христијанинот станува сличен на Него според умот и карактерот. Преку својата врска со Христа, тој стекнува појасни и пошироки погледи. Неговата проникливост станува поостра, а расудувањето поодмерено. Човекот кој копнее да биде во служба на Христа толку е оживеан од животворната сила на Сонцето на Праведноста, така што е во состојба да донесува многу род на Божја слава.“
– Копнежот на вековите, 176.177 (250.251).
„Вистинскиот карактер не е нешто што човек може однадвор да го стави на себе, туку тој зрачи одвнатре. Ако сакаме другите да ги упатиме по патот на праведноста, тогаш начелата на правдата мора да бидат всадени во нашите срца. Нашето исповедање на верата може да ја објави теоријата на религијата, но нашата практична побожност ги поткрепува зборовите на вистината. Доследниот живот, светото однесување, непоколебливата чесност, активниот, добронамерен дух, побожниот пример – тоа се средства со чија помош светлината му се пренесува на светот.“
– Копнежот на вековите, 224 (307).
Четврток — 27. декември
5. ПОСЛЕДНИ ЗРАЦИ НА СВЕТЛИНА
а. На кој начин и со каков став можеме да учествуваме во ширењето на последната Божја порака за човечкиот род? Лука 17,3-10.
„Последните зраци на милосрдната светлина, последната порака на милост која треба да се објави на светот, претставува откровение на карактерот (Божји) на љубовта. Божјите деца треба да ја покажат Неговата слава. Со својот живот и карактер тие треба да откријат што сè Божјата милост направила за нив. Светлината на Сонцето на Правдата треба да заблеска во добри дела – во зборовите на вистината и во светите постапки.“
– Христовите поуки, 380 (415).
„Мирисот на Христовите заслуги ги прави нашите добри дела богоугодни на Бога и тоа нè оспособува да чиниме дела за кои Тој ќе нè награди. Нашите дела сами по себе немаат заслуга. И кога ќе направиме сѐ што е во наша моќ, треба да се вброиме во бескорисни слуги. Ние не заслужуваме благодарност од Бога. Сме го направиле она што сме биле должни да го направиме, и нашите дела не би можеле да се извршат со силата на нашата грешна природа.
„Господ ни налага да се приближиме кон Него и Тој ќе се приближи кон нас; и приближувајќи се кон Него ние примаме благодат со која чиниме дела кои Тој ќе може да ги награди.“
– Библиски коментари, 523.
б. Кој неизбришлив потсетник најсјајно ќе блеска низ бескрајните времиња на вечноста? – Захарија 13,6.
„Секој траг од распетието (на Христовите раце) ќе ја раскажува историјата за чудесното откупување на човекот и за високата цена со која тоа откупување е стекнато.“
– Рани списи, 193 (179).
Петок — 28. декември
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА
1. Зошто јасно се бара благодарност во служењето на Христа?
2. На кој начин небесната светлина се шири во овој мрачен свет?
3. Што се случува кога во нашето духовно искуство ќе се вовлече гордоста во било кој облик?
4. Објаснете ја врската помеѓу верата и делата во христијанскиот живот.
5. Која е последната порака до овој свет – и главна тема на небото?