2012 • 3. Квартал

1. лекција – Страв Божји

7. јули 2012
„Имајте страхопочит кон Бога и подајте Му слава, зашто настапи часот на Неговиот суд, и поклонете Му се на Оној Кој ги создал небото и земјата, морето и водните извори!“
— Откровение 14,7
„Господ е вистински Бог. Имајте страв од него и почитувајте го“.
– Паулсонова колекција, 276.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Здравје и среќа, 379—390.

Недела — 1. јули
1. СЕМОЌЕН ТВОРЕЦ

а. Кои аспекти на создавањето треба да нѐ инспирираат со страхопочит кон Бога? Псалм 96,4.5; 139,14; Откровение 14,7.

„Земјата не ги дава своите обилни плодови од година во година и не се врти постојано околу сонцето врз основа на својата првобитна моќ нераскинливо поврзана со природата. Раката на бескрајната сила без прекин делува во управувањето на оваа планета. Божјата сила која делува секој момент при тоа движење ја одржува во нејзината положба“.
– 8 Сведоштво, 278.
„Механизмот на човечкото тело не може да се разбере во потполност; во него се кријат тајни, кои ги збунуваат и најинтелигентните. Кога еднаш ќе се стави во погон, нашиот организам не продолжува да работи, пулсот да отчукува или градите да дишат по некој механизам. Ние живееме, се движиме и постоиме во Бога. Срцето што отчукува, пулсот што бие, секој нерв и мускул во живиот организам се одржува во ред и активност, со силата на секогаш присутниот Бог“.
– Здравје и среќа, 204.

б. Каква е нашата мудрост во споредба со Божјата мудрост? 1 Коринтјаните 1,20.21.25—31. Како можеме да стекнеме вистинска мудрост? Јов 28,28; Псалм 111,10.

„Ниту луѓето со најголем ум не можат да ги сфатат тајните на Јехова коишто се откриени во природата…Божјите судови и намери се неиспитливи. Неговата мудрост е несфатлива“.
– 8 Сведоштво, 279.

Понеделник — 2. јули
2. НЕБЕСЕН СТАВ

а. Според визиите дадени на пророците, каков став манифестирале небесните битија кон својот Создател? Исаија 6,1—3; Откровение 4,8—11.

„Серафимите пред престолот се толку исполнети со страхопочит гледајќи ја Божјата слава така што ниту за миг не гледаат со самозадоволство и восхит на себе или еден на друг. Сета слава и пофалба, тие му ја даваат на Господ Саваот, кој е висок и возвишен, и чијашто слава го исполнува храмот. Гледајќи во иднината, кога целата земја ќе биде исполнета со Неговата слава, тие триумфално го повторуваат рефренот: ’Свет, свет, свет е Господ Саваот‘. Тие се целосно задоволни да го слават Бога, и во неговото присуство, уживајќи ги изразите на Неговото одобрување, тие не сакаат ништо повеќе. Со тоа што ја носат Неговата слика, што учествуваат во Неговата служба и што му се поклонуваат, нивната највисока амбиција е целосно постигната“.
– Библиски коментари, 314.

б. Што можеме да научиме за Божјата сила која сѐ одржува од визиите кои му биле прикажани на пророкот Езекиел? Езекиел 1,8.

„Раката која Езекиел во својата визија ја видел ’под крилјата‘ на херувимите, ја претставува Божјата Реч. Ова на неговите слуги им дава поука дека успех во работата им овозможува само божествената сила. Тој ќе соработува со нив ако ја отфрлат секоја неправда и станат чисти во срцето и животот. Небесните гласници коишто Езекиел ги видел како, слично на светлината со заслепувачки сјај поминуваат помеѓу живите битија со брзина на молњата, ја претставуваат брзината со која делото ќе се одвива во својата завршна фаза. Оној кој не дреме и не спие, кој постојано на дело ги остварува своите намери, во состојба е своето големо дело складно да го приведе кон крајот. Она што на ограничените умови им се чини заплеткано и комплицирано, раката на Господ може да го одржува во совршен ред“.
— Библиски коментари, 364.

Вторник — 3. јули
3. СОСТОЈБАТА НА ЧОВЕЧКИОТ РОД

а. Во спротивност со атмосферата на соработка која владее на небото, како Господ ја опишува состојбата на земјата? Езекиел 2,4 (прв дел); Римјаните 3,10—19.

„Сатаната со своите искушенија успеал сите припадници на човечкиот род да ги стори престапници на Божјиот закон“.
– Патријарси и пророци, 348.
„Ако Адам, при создавањето, не бил надарен со витална сила дваесет пати поголема отколку што е силата на денешниот човек, човечкиот род, со своите денешни навики и кршење на природните закони, веќе би престанал да постои“.
– 3 Сведоштво, 130.

б. Кои проблеми во однесувањето и денес се интензивираат, и како можат искрените христијани да избегнат да бидат засегнати од нив? 2 Тимотеј 3,1.2.5; Римјаните 16,17.

„Пред крајот на времето, ќе се појават луѓе за да создадат конфузија и бунт меѓу оние кои исповедаат дека го почитуваат Божјиот закон“.
– Библиски коментари, 357.
„Побуна се наоѓа во самиот воздух кој го вдишуваме. Поштедени ќе бидеме од тоа само тогаш ако во својата беспомошност со вера цврсто се фатиме за Христа“.
– Библиски коментари, 83.

в. Како, возљубениот апостол Јован, ја објаснува братската љубов? 1 Јованово 3,4.7—10; 2 Јованово 9—11.

„И ние сме овластени, како и овој возљубен ученик, да имаме исто мислење за оние кои тврдат дека се скриени во Христа, а всушност живеат спротивно на Божјиот закон. Во овие последни денови постојат зла слични со оние кои го загрозувале напредокот на првата црква и во тој поглед треба внимателно да се придржуваме кон учењето на апостол Јован. ’Мораш да имаш љубов‘, овие зборови се слушаат од сите страни, особено од оние што проповедаат посветување. Меѓутоа, вистинската љубов е премногу чиста за да прикрива непризнат грев. Мораме да ги љубиме душите за кои Христос умрел, но не смееме да правиме компромис со злото. Не смееме да се обединиме со бунтовниците и тоа да го нарекуваме братска љубов. Бог бара од својот народ во овој век да застане на страна на правдата исто онака непоколебливо како и Јован, најрешително спротивставувајќи им се на заблудите кои ги уништуваат душите“.
– Делата на апостолите, 418.

Среда — 4. јули
4. СОВЛАДУВАЊЕ НА ЧОВЕЧКИТЕ ТЕНДЕНЦИИ

а. За што, според препораките на Божјата Реч, треба да размислуваат и говорат сите кои тврдат дека се Божји деца? Псалм 105,1—5; 1 Коринтјаните 10,1—5.

„(1 Коринтјаните 10,1—5). Искуствата на Израелците од погоре наведените зборови од страната на апостолот, и како што се запишани во сто петтиот и во сто шестиот псалм, содржат поуки и предупредувања кои особено во овие последни денови Божјиот народ треба да ги проучува. Ве повикувам овие поглавја да ги прочитате барем еднаш секоја недела“.
– Сведоштва за проповедници, 98.99.
„Ако имаме мрачни поглавја во нашето иску, да не ги чуваме свежи во својата меморија со постојано сеќавање на тоа. Заборавајте го она што поминало, а да се насочиме кон она што е пред нас. Да им се посветиме само на оние мисли и чувства кои произведуваат благодарност и пофалби. Ако ви е направена неправда, заборавете на тоа, и размислувајте само за големата милост, добрина и неискажливата Христова љубов. Научете се да пофалувате, наместо да осудувате. Ако ве навредуваат и малтретираат, не обесхрабрувајте се, бидејќи и Христос низ сето тоа поминувал. Одете напред, извршувајќи ја својата животна задача верно и совесно. Збогатувајте го вашиот ум со драгоцените ветувања на Божјата Реч и одржувајте слатка заедница со Него со често повикување на тие ветувања. Престанете да се јадосувате, да мрморите и да изнаоѓате грешки, и пејте му на Господа во вашето срце. Мислете на сѐ она за што треба да сте благодарни и на тој начин ќе научите да го славите Бога. ’Вистински Ме почитува оној што принесува благодарни жртви’ (Псалм 50,23). Кога сите наши жалости и јадови би биле презентирани онака како е запишано во небесните книги, што би виделе пред своите очи! како изненадени би биле сфаќајќи дека нашите вистински мисли и чувства се всушност ништо друго туку само несреќно жалење“.
– Знаци на времето, 27. септември, 1883.

б. Каков страв и од кого е потребно да се има и денес? Исаија 51,12.13; Матеј 10,28.

„Христовите следбеници денес мораат да се чуваат да не го изгубат духот на страхопочит и Божјиот страв“.
– Пророци и цареви, 29.
„Бог бара луѓе кои, како Натан, Илија и Јован, ќе ја носат неговата порака со бестрашност, без оглед на последиците, кои ќе ја зборуваат вистината па макар поради тоа ќе мораат да жртвуваат сѐ што имаат“.
– Слуги на евангелието, 11.

Четврток — 5. јули
5. ОБРАТЕНИТЕ ЧУВСТВУВААТ ОДГОВОРНОСТ КОН БОГА

а. Што можеме да научиме од ставот на некои историски личности чии молитви биле прифатливи за Бога? Ездра 9,5.6; Езекиел 1,28; Ефесјаните 3,14.

„Кога Бог во старите времиња ги праќал своите ангели да разговараат со луѓето или да направат нешто за нив, луѓето, сфаќајќи дека виделе Божји ангел и дека разговарале со него, биле преплашени и мислејќи дека мора да умрат. Тие имале толку возвишена претстава за страшното величество и силата на Бога така што мислеле дека ќе бидат уништени и при самото среќавање со некој што доаѓа непосредно од неговата света присутност“.
– 1 Сведоштво, 370.

б. Опишете го контрастот помеѓу вистинскиот Божји народ и половичните учители во часот на верска криза. Откровение 3,14—19; Матеј 24,42—50.

„Видов како некои од Божјиот народ со силна вера и повици во агонија, викаат кон Бога во молитва. Нивните лица беа бледи и обележани со длабока загриженост, изразувајќи ја нивната внатрешна борба, но и одлучност и голема сериозност..“
– Рани списи, 290.
„Видов дека некои не учествуваа во тоа дело на агонија и молитва. Тие изгледаа рамнодушни и безгрижни… Ги видов Божјите ангели како брзаат да им помогнат на оние кои се мачеа со сета своја сила да им се спротивстават на злите ангели обидувајќи се да си помогнат себеси повикувајќи кон Бога во молитва. Меѓутоа неговите ангели ги напуштија оние кои не вложуваа никаков напор за да добијат помош, и повеќе не ги видов. Запрашав за значењето на решетањето кое го видов и ми беше покажано дека тоа ќе биде предизвикано од отвореното сведоштво кое се заснова на советот на Верниот Сведок упатен до Лаодикеја“.
– Рани списи, 291.

Петок — 6. јули
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Кои сознанија за Бога треба најмногу да нѐ инспирираат со страхопочит и уважување?

2. Опишете го значењето на визијата на Езекиел за овие последни денови?

3. Како можеме да зајакнеме против преовладувачкото непочитување?

4. Истакни ја разликата помеѓу соодветниот и несоодветниот страв во очите на Бога?

5. Како треба да одговориме на пораката на Верниот Сведок на Лаодикеја?

2012 • 2. Квартал

2. лекција – Божјото име

14. јули 2012
„Свето е и страшно името Негово“.
— Псалм 111,9.
„Ангелите го кријат своето лице изговарајќи го Господовото име. Со каков страхопочит треба да го изговараме ние кои што сме паднати грешници“.
– Пророци и цареви, 29.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Мисли од гората, 48—50.

Недела — 8. јули
1. ЗНАЧЕЊЕ НА БОЖЈОТО ИМЕ

а. Со кои зборови Бог го изразил своето име на Мојсеј, и какво значење има тоа за нас? Излез 3,13—15.

„ЈАС СУМ значи: Оној кој е вечно присутен, без почеток и крај; минатото, сегашноста и иднината пред Бога се еднакво откриени. Настаните од најдалечното минато или пак од најдалечната иднина Тој ги гледа токму така како што ние го гледаме она што секојдневно околу нас се случува. Ние не знаеме што нѐ очекува во иднината, но и кога би знаеле тоа нема да придонесе за наше вечно добро. Бог ни дал можност да се вежбаме во вера и да имаме доверба во големиот ЈАС СУМ“.
– Библиски коментари, 49.

б. Без оглед на начинот преку кој претставата за Вечниот Творец може да се изрази, што треба да сфатиме за Него и Неговото име? Псалм 99,1—3; 11,9; Евреите 10,6.7.

„Светите ангели со неодобрување, па дури и со гнасење гледаат на непочитувањето што мнозина го покажуваат додека го изговараат името на Бога, големиот Јехова“.
– 1 Сведоштво, 370.
„Никогаш и ниту на било кој начин не смееме лекомислено да ги употребуваме обележјата и имињата на божеството“.
– Мисли од гората, 76.

Понеделник — 9. јули
2. ВНИМАНИЕ КОЕ ТРЕБА ДА ГО ИМАМЕ НА УМ

а. Објаснете ја длабочината на начелото кое Господ ни го дал во третата заповед на Декалогот? Излез 20,7.

„(Излез 20,7). Оваа заповед не само што го забранува кривоклетството и обичните пцости, туку го забранува споменувањето на Божјото име на лекомислен и безгрижен начин, не земајќи го во обѕир духовното значење на тој збор што треба да се изговара со најдлабока страхопочит. Лекомисленото споменување на Божјото име во обичен разговор, повикувајќи се на него во безначајни работи и изговарајќи го често неговото име, не мислејќи притоа воопшто на него, ние го обесчестуваме. ’Неговото име е свето‘ (Псалм 111,9). Секој треба да мисли за неговото величество, за неговата чистота и светост, со цел во срцето да му се вреже поимот за возвишеноста на неговиот карактер, а неговото свето име треба да се изговара со страхопочит и со достоинство“.
– Патријарси и пророци, 312.

б. Што мнозина таканаречени верници пропуштаат да сфатат за Творецот и Неговото име? Евреите 10,31.

„Оние кои напразно го изговараат Господовото име ќе увидат колку е ’страшно да се падне во рацете на живиот Бог‘“.
– Мојот живот денес, 309.
„Тоа свето име ангелите го изговараат со најголема страхопочит, засолнувајќи ги дури и своите лица кога го изговараат името Бог, а Христовото име за нив е толку свето, така што секогаш се поклонуваат со најголема почит додека го изговараат. Колку е спротивен на тоа духот што го следеше движењето во 1854 година. Некои кои сѐ уште се под влијание на тоа зборуваат за Бога како што би зборувале за некој коњ или за друг безначаен предмет. Во своите молитви зборовите ’Семоќен Боже‘ тие ги изговараат на сосема вообичаен начин и без никаква почит. Тие што така се однесуваат воопшто немаат претстава за возвишениот карактер на Бога и Христа и за светоста на тоа што е небесно“.
– 1 Сведоштво, 370.
„Видов како од славата која го опкружуваше Отецот доаѓа една светлина и кога таквата светлина ми се приближи, се исплашив и целото мое тело затрепери како лист на ветар. Помислив. ако ми се доближи повеќе, ќе бидам уништена, но таа ме измина. И тогаш донекаде сфатив колку е голем и страшен Бог на кого се обраќаме. Потоа видов дека мнозина немаат претстава за Божјата светост, и честопати го земаат напразно неговото свето и достојно име за почит, нее помислувајќи дека зборуваат за Бога, великиот и страшен Бог“.
– Рани списи, 75.

Вторник — 10. јули
3. ОБРАЌАЊЕ КОН БОГА ВО МОЛИТВА

а. Како треба да се обраќаме на нашиот небесен Татко во молитва? Матеј 6,9.

„Да се свети името Господово, значи зборовите кои се однесуваат на Севишниот треба да се изговараат со страхопочит. ’Свето е и страшно неговото име‘ (Псалм 111,9). Никогаш и никако не смееме лекомислено да ги употребуваме обележјата и името на Бога. Кога се молиме всушност влегуваме во салата за прием кај највисокиот, а пред него мораме да излеземе со света и длабока почит.

Ова име го слават и го сметаат за свето сите небесни ангели и сите небесни жители на непаднатите светови. Кога се молите: ’Да се свети името твое‘, вие при тоа барате тоа да се свети во овој свет и во вас. Бог ве признал за свои деца пред луѓето и пред ангелите, затоа молете се за да случајно не би го обесветиле ’доброто име ваше со кое сте се нарекле‘ (Јаков 2,7)“.
– Мисли од гората, 76.

б. Каква пракса во молитва треба да се избегнува? Матеј 6,7.8.

„Во молитва мнозина изговараат лекомислени зборови, без почит; ова го жалости Духот Господов и поради тоа небото не ги прима нивните молитви“.
– Рани списи, 75.
„Не дозволувајте оние кои клечат околу семејниот олтар при упатувањето на молитви на Бога да ги спуштаат своите глави со рацете потпрени на столица. Тие треба да ги подигнат своите глави и во света страхопочит да се обраќаат на својот небесен Татко, изговарајќи ги зборовите гласно, така што ќе можат да се слушнат“.
– 6 Сведоштво, 352.
„Почит треба да се покаже… кон Божјо име. Никогаш не смееме тоа име да го изговараме лекомислено или непромислено. Дури и во молитва треба да избегнуваме неговото често и непотребно повторување“.
– Воспитување, 243.
„Божјото свето име треба да се изговара со длабока страхопочит. Семоќниот Бог – многумина во молитвите ги споменуваат овие два збора, и тоа безгрижно, лежерно и непромислено; со тоа се предизвикува Божјо негодување. Таквите немаат јасна претстава за Бога или вистината; во спротивно тие со толку голема почит би говореле за страшниот Бог чие име влева страв и кој наскоро ќе им суди во последниот ден. Ангелот рече: ’Не ги споменувајте овие два збора заедно, затоа што страшно е името Негово’. Оние кои ја разбираат големината, возвишеноста и величеството Божјо ќе го земаат неговото име во својата уста со страхопочит. Тој живее во непристапна светлина; човек не може да го види и да остане жив. Видов дека ова мораме да го разбереме и да се поправиме пред црквата да може да напредува“.
– Рани списи, 134.

Среда — 11. јули
4. ЗАКЛЕТВА

а. Каква разлика во поглед на заклетва Исус јасно ја истакнува во Матеј 5,34 и 26,63 (прв дел)?

„Евреите сфатиле дека третата заповед забранува употреба на Божјото име напразно, но мислеле дека останатите заклетви можат слободно да ги употребуваат. И заклетвата кај нив била вообичаена. Преку Мојсеј им било забранто лажно да се колнат, но тие секогаш наоѓале некоја итрина за да се ослободат од обврската што им ја наметнувала заклетвата. Не се плашеле да си дозволат и самохулење; ниту пак се плашеле од кривоклетство само за да го прикријат надворешното потчинување на законот.

Исус тоа го осудил и изјавил дека нивниот обичај на давање на заклетва претставува престап на Божјите заповеди. Сепак, нашиот Спасител не ја забранил употребата на заклетвата пред судот, со која Бог свечено се повикува за сведок дека она што е речено е вистина и само вистина“.
– Мисли од гората, 48.

б. Кое основно начело Христос го истакнува, и какви се неговите импликации (последици) во нашиот секојдневен живот? Матеј 5,37.

„Исус во таа прилика сакал да постави начело кое заклетвата би ја направило непотребна. Тој учи дека правата вистина мора да биде закон за нашите зборови. ’Туку вашиот збор нека биде: ‘да’, да — ‘не’, не! Што е повеќе од тоа, од лукавиот е‘” (Матеј 5,37).

Овие зборови ги осудуваат сите бесмислени изреки и поговорки кои се на граница на вулгарноста. Тие ги осудуваат сите лажни комплименти, затајување на вистината, ласкавите зборови, претерувањата, лажните прикажувања во трговијата, како што се случува во општеството и во светот на бизнисот. Тие учат дека никој кој се обидува да се претстави за она што тој не е или чии зборови не се израз на вистинските чувства на срцето, не може да се нарече вистинољубив.“
– Мисли од гората, 49.
„Кога би се внимавало на овие Христови зборови, не би биле изговорени толку зли претпоставки и нељубезни критики, бидејќи кој би можел да ги толкува постапките и мотивите на другите, и да биде сигурен дека ја зборува правата вистина? Колку често гордоста, страста или личното незадоволство можат да имаат влијание! Еден поглед, еден збор, па дури и интонацијата на гласот можат да наведат на погрешен заклучок. Дури и самите факти можат да бидат така изнесени да пренесат погрешен впечаток“. А што е повеќе од ’вистината‘ од лукавиот е“.
– Мисли од гората, 49.

Четврток — 12. јули
5. ВЕЛИЧАЊЕ НА НЕГОВОТО ИМЕ

а. Како да го славиме Божјото име? Псалм 96,8.9; Откровение 15,4.

„Оние кои се молат и кои одржуваат проповеди треба правилно да ги изговараат зборовите и да зборуваат со јасен и разбирлив глас… Но молитвата не е она што би требало да биде и тоа поради неправилно изразување на оние кои ја изговараат. Сатаната се радува кога на Бога му се упатуваат речиси нечујни молитви. Божјиот народ треба да се научи да зборува и да се моли на таков начин со кој правилно ќе ги прикажува големите вистини кои му се доверени. Сведоштвата и молитвите треба да бидат јасни и разбирливи. Со тоа Бог ќе биде прославен“.
— 6 Сведоштво, 353.
„Во секоја постапка во животот морате да го откривате Божјото име. Оваа молба бара од вас да го поседувате Неговиот карактер. Вие го светите Неговото име и го претставувате пред светот единствено ако со својот живот и карактер прикажете вистински живот и карактер Божји, а ова можете да го направите само откако претходно сте ја примиле Христовата милост и правда“.
– Мисли од гората, 76.

б. Како можеме постојано да ги користиме придобивките од Божјото свето име? Изреки 18,10; Јован 14,13.14; 1 Јованово 3,22. Објаснете како Божјата слава се манифестира преку оние кои треба да го примат Неговиот печат на своите чела? Откровение 14,1.

„Сочувајте ја совеста чиста пред Бога. Во сѐ што правите, славете го Неговото име. Ослободете се од себичноста и самољубието“.
– 2 Сведоштво, 74.
„Доколку Божјото име не е напишано на твоето чело – бидејќи Тој не е во центарот на твоите мисли – нема да имате право за наследство во светлината“.
— Совети за управителите, 46.

Петок — 13. јули
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Што сѐ Божјото име содржи во себе?

2. Како можеме на суптилен начин да ја кршиме третата заповед?

3. Наведете некои точки кои треба да ги запаметиме во врска со молитвата?

4. Објаснете го давањето на заклетва според објаснувањето на Христа?

5. Како можеме во целост да го славиме Божјото име?

2012 • 3. Квартал

3. лекција – Почитување на Божјиот Син

21. јули 2012
„Сите да Го почитуваат Синот, како што Го почитуваат Отецот. Кој не Го почитува Синот, тој не Го почитува ни Отецот, Кој Го пратил“.
— Јован 5,23
„Во Исусово име ние можеме да излеземе пред него со полна доверба, но не смееме да му се приближиме со дрска вообразба како Тој да е еднаков со нас“.
– Патријарси и пророци, 254.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Рани списи, 81—83.

Недела — 15. јули
1. НЕ „ПОМЛАД“ БОГ

а. Колку долго Христос постоел? Јован 1,1; Изреки 8,22—30; Михеј 5,2.

„Ако Христос ги создал сите нешта, Тој постоел перед сите нешта. Зборовите во врска со ова се толку сигурни и одредени така што никој не треба да остане во сомнеж. Христос е Бог во суштина и во највисока смисла. Тој бил со Бога преку сета вечност. Бог над сите, благословен засекогаш“.
– Библиски коментари, 532.
„Кога станува збор за Неговата преегзистенција, Христос ги враќа нашите мисли назад низ бескрајните векови. Тој нѐ уверува дека никогаш не постоело време кога Тој не бил во блиска заедница со вечниот Бог“.
– Возвишете го Него, 17.

б. Што ги навело Евреите да ја отфрлат оваа вистина, и како и ние денес се излагаме на опасност да упаднеме во иста стапица? Јован 8,56—59 (прв дел); 2 Коринтјаните 3,14; 4,4.

„Никој не може своите од Бога дадени сили во исто време да ги посветува во служба на овој свет или гордоста, без да се стави на страната на непријателот, слабеејќи ја својата душа и заведувајќи ги другите“.
— RH, 20. септември, 1882.

Понеделник — 16. јули
2. ТВОРЕЦ, ОДРЖУВАЧ И ЦАР

а. Кој бил вклучен во создавањето на вселената и нејзините жители? Јован 1,3; Ефесјаните 3,9; Колосјаните 1,15—17.

„Отецот дејствувал преку Христа и кога ги создавал небесните битија“.
– Патријарси и пророци, 6.
„Христос бил Тој кој ги распрострел небесата и ги поставил темелите на Земјата. неговата рака ги поставила световите да лебдат во просторот и му дала форма и облик на секој цвет во полето.’Тој ги утврдуваше планините со својата сила‘. ’Негово е морето и Тој го создал‘ (Псалм 65,6; 95,5). Тој ја исполнил земјата со убавина и воздухот со песна. Врз сите нешта на земјата, во воздухот и на небото, Тој ја напишал пораката на Отецот“.
– Копнежот на вековите, 8.
„Раката која ги одржува световите во просторот, Раката која ги држи во правилен поредок и неуморна активност сите нешта низ целиот Божји универзум, е раката која била прикована на крстот за нас“.
– Воспитување, 119.

б. Според пророштвото, кое учење ќе биде изменето од страна на лажните учители пред крајот на времето? 1 Тимотеј 3,16; 4,1—4.

„Пред последните настани во делото на отпадништво ќе дојде до конфузија во верата. Претставите во поглед на тајните за Бога ќе бидат нејасни и неодредени. Вистината една по друга ќе се изопачува (1 Тимотеј 3,16). Има мнозина кои ја негираат Христовата преегзистенција, па затоа и го негираат Неговото божество; тие не го прифаќаат како нивен личен Спасител. Тоа е целосно негирање на Христа. Тој е единороден Божји Син кој е едно со Отецот од почетокот. Преку него световите беа создадени.

Негирајќи го натприродното чудо на Христовото воплотување, мнозина се свртуваат од вистината со небесно потекло и ги прифаќаат сатански измислици. Тие го губат духовното расудување и го практикуваат она што сатаната го втиснал во нивниот ум преку своите агенти. Бидејќи се изобличени и жигосани од страната на усвитено железо, (1 Тимотеј 4,2), нивната совест е спржена и накажена со гревот. Тие ја проповедаат својата сопствена правда и се воздигаат себеси пред народот со цел да стекнат доверба и да ги привлечат на своја страна оние кои ’не ја примиле љубовта на вистината‘ (2 Солунјаните 2,10)“.
– Знаци на времето, 28. август, 1894.

Вторник — 17. јули
3. БОГ ДАЛ СÈ

а. Заради кои причини Исус лично дошол на планетата Земја како Син Божји? Исаија 9,6; Јован 3,16.34—36; 1 Јованово 4,9.

„Доаѓајќи да живее меѓу нас, Христос дошол да го открие Бога и на луѓето и на ангелите. Тој бил Божјата Реч – божја мисла што можела да се чуе. Во молитвата за своите ученици, Тој рекол: ’Им го објавив Твоето име‘ – ’милостив и полн со благодат, долготрпелив, богат со добрина и вистина‘ – ’за љубовта со која ме љубеше мене, да биде во нив, а и јас да бидам во нив.‘(Јован 17,26; Излез 34,6). Но, тоа откровение не било дадено само за неговите деца родена на оваа Земја. нашиот мал свет е учебник на вселената. Прекрасната Божја цел на милоста, тајната на откупителната љубов – тоа е тема во која ’ангелите посакуваат да проникнат‘ и која ќе биде нивна тема за проучување низ бескрајните векови. Суштествата кои ќе бидат откупени и суштествата кои никогаш не паднале, во Христовиот крст ќе ја најдат својата наука и својата песна. Ќе се види дека славата што блеска од Исусовото лице е слава на самопожртвувана љубов“.
– Копнежот на вековите, 7.

б. Зошто личното знаење за Исуса Христа е толку значајно за човечките битија? Јован 17,3; 1 Јованово 2,23; 5,11.12.

„Во светлината од Голгота, ќе се види дека законот на самооткажувачката љубов е закон на животот на Земјата и Небото, дека љубовта ’која не го бара своето‘, извира од Божјото срце (1 Коринтјаните 13,5) и дека во Оној ’кој бил кроток и понизен се манифестирал карактерот на Оној, кој престојува во светлината, на која ниту еден човек не може да ѝ се приближи“.
– Копнежот на вековите, 7.
„Следејќи го Христовиот пример, угледувајќи се на Него како на основоположник и завршеток на својата вера, вие ќе чувствувате дека работите перед Неговите очи, дека сте под непосредното влијание на Неговото присуство и дека Тој ги познава вашите побуди. На секој свој чекор вие понизно ќе се прашувате: дали тоа што го правам е по волја на Исуса? Дали со ова ќе го прославам Бога? наутро и навечер вие сесрдно ќе упатувате свои молитви на Господа за негов благослов и Негово водство. Вистинската молитва нѐ поврзува со Семоќниот и ни овозможува победа. Сила за успешно да се спротивстават на секое искушение, христијаните стекнуваат токму на своите колена“.
– 4 Сведоштво, 589.
„Во познавањето на Христа, спасоносно е да се биде оживеан со духовно познавање, да се практикуваат Неговите зборови. Без ова, сѐ друго е без вредност“.
– Библиски коментари, 573.

Среда — 18. јуни
4. СТРАХОПОЧИТА ОЧЕКУВАНА

а. Како Библијата ја илустрира Божјата долготрпеливост кон Неговиот народ? Исаија 5,1—4.7. Што кажува параболата за лозјето за очекувањето на Отецот од оние на кои им го испратил својот Син? Матеј 21,33—37.

б. Што можеме да научиме од изјавите на Бог Отецот во врска со Бог Синот? Матеј 17,5; Евреите 1,1—10.

„(Евреите 1,1—10). На ваков јазик е прикажана семоќта на нашиот Господ Исус Христос. Тој на читателот на Библијата овде му се прикажува како Творец на светот и како негов законит владетел“.
– Библиски коментари, 790.

в. Опишете го ставот кој според јасно изразеното барање на небото треба да го манифестираме кон Христа. Јован 5,23; Откровение 5,11.12; Филипјаните 2,9—11.

„Кога ќе пристапиме кон предметот за Христовото божество облечено во облека на човечка природа, ние можеме на соодветен начин можеме да обрнеме внимание на зборовите кои самиот Христос му ги упатил на Мојсеј од грмушката што горела на Хорив: ’А Тој рече: „Не приоѓај ваму. Собуј си ги обувките од нозете, зашто ова место, на кое стоиш, е света земја‘ (Излез 3,5). При проучувањето на овој предмет мораме да пристапиме како понизни ученици и со покајничко срце. Проучувањето на предметот за Христовото овоплотување претставува плодно поле, и на истражувачот кој длабоко копа, барајќи ја вистината како сокриено благо, ќе му се исплати вложениот труд.”
– Библиски коментари, 750.

д. Која должност и црковните лидери и обичните членови мораат посериозно и поцелосно да ја сфатат? Римјаните 12,1; 1 Солунјаните 5,17.

„Занимавајќи се со светите поими луѓето не го чувствуваат оној респект и страхопочит кој би требало да ги чувствуваат. Тие не зборуваат со трепет за она што е свето и за Бога. Ова е сигурен резултат на недостаток на лична побожност. Тие поминуваат многу малку време барајќи совети од Бога во понизност и покорност на душата“.
– Објавени ракописи 21, 454.

Четврток — 19. јули
5. НАШ СПАСИТЕЛ, ЗАСТАПНИК И СУДИЈА

а. Наведи некои од клучните точки во поглед на Христовото овоплотување? Филипјаните 2,6—8; Дела 4,12.

„Во Христа живее сета полнота на божеството. Но единствениот начин да допре до луѓето беше да ја прикрие својата слава со наметка на човечката природа. Ангелите видела како Тој ја сокрива својата слава, за да божеството допре до луѓето. Христос никогаш не престанал да го мрази гревот, но ги сакал оние кои ги откупил со својата крв. Пострадал наместо грешните луѓе, за да ги доведе во заедница со себе.“
– Библиски коментари, 749.
„Тоа е тајна во која и ангелите сакаат да проникнат… За нив била голема тајна: како Тој, кому гревот му бил толку одвратен и омразен можел да покаже најголема нежност, љубов и сочувство кон битијата кои направиле грев“.
– Библиски коментари, 749.

б. Која е Христовата двократна улога во судењето на човештвото? 1 Јованово 2,1; Јован 5,22; 2 Коринтјаните 5,10.

„Бог определил Оној кој во телото бил најголем страдалник да биде Судија на целиот свет. Оној кој поднел како оптужен да го изведат пред земниот суд, кој се спуштил од небесните дворови да го спаси човекот од вечна смрт, кого луѓето го презреле и отфрлиле, ја натрупале врз Него сета злоба и сите пакости кои човечките битија инспирирани од сатаната можат да ги покажат, Тој кој претрпел срамна смрт на крстот – само Тој ќе има право да изрече награда или казна“.
– Библиски коментари, 699.

Петок — 20. јули
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. На кој начин Христовиот идентитет ќе се доведе во прашање во последните денови?

2. Каква била Христовата улога во создавањето на светот?

3. Опиши ја тајната во која и ангелите сакаат да проникнат?

4. Каков треба да биде нашиот став во поглед на Христовото овоплотување?

5. Објасни ја Христовата сеопфатна улога во конечната пресуда?

2012 • 3. Квартал

4. лекција – Никогаш не жалостете го Светиот Дух

28. јули 2012
„И не жалостете Го Светиот Дух Божји, со Кој сте запечатени за денот на избавувањето!“
— Ефесјаните 4,30.
„Христос престојува во нас преку Духот, а Духот Божји, примен во срцето преку вера, претставува почеток на вечниот живот“.
– Копнежот на вековите, 290.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Христовите поуки, 121—133.

Недела — 22. јули
1. ТРЕТАТА ЛИЧНОСТ ОД БОЖЕСТВОТО

а. На кој начин Светиот Дух бил вклучен во создавањето на вселената и во изготвување на планот на спасението? Создавање 1,1.2.

„Божеството било трогнато со сожалување за човечкиот род, и Отецот, Синот и Светиот Дух се дадоа на изработка на планот на спасението“.
– Совети за здравјето, 222.

б. Кои докази ги имаме дека Светиот Дух е божествена личност исто така и како сила? Дела 13,2—4; 15,28; Ефесјаните 4,30; 1 Коринтјаните 2,11; Римјаните 8,26.27.

„Постојат три живи личности во небесното тројство; во името на овие три големи сили – Отецот, Синот и Светиот Дух – оние кои го примаат Христа со жива вера се крштеваат, и овие сили ќе соработуваат со послушните поданици на небото во нивните напори да живеат нов живот во Христа“.
– Специјални сведоштва, Серија Б, 7, 62.63.
„Светиот Дух има личност, во спротивно Тој не може да му сведочи на нашиот дух и со нашите духови дека сме деца Божји. Тој исто така мора да биде и божествена личност, бидејќи инаку Тој не може да ги испитува тајните кои лежат сокриени во Божјиот ум. ’Зашто, кој од луѓето знае што е во човекот, освен човечкиот дух, кој е во него? Така никој не знае што има во Бога, освен Божјиот Дух‘. (2 Коринтјаните 2,11)“.
– Евангелизам, 618.

Понеделник — 23. јули
2. ДЕЛУВАЊЕТО НА ДУХОТ

а. Што чини Светиот Дух во името на наследниците на спасението? Дела 2,3.4; Јован 3,8; 16,13 (прв дел).

„Светиот Дух е Христов претставник, но лишен од човечка природа и не зависи од неа. Оптоварен со човечка природа, Христос не можел лично да биде на секое место. Затоа, во нивен интерес било Тој да отиде кај Отецот и да го испрати Духот да биде Негов наследник на Земјата. Тогаш никој нема да биде посебно привилегиран само поради местото во кое живее или поради својот личен контакт со Христа. Со посредство на Духот, Спасителот ќе биде достапен за сите. Во таа смисла Тој ќе биде поблиску до нив отколку ако не се вознел на Небото“.
– Копнежот на вековите, 519.
„Растението расте примајќи го она што Бог го одредил за одржување на животот. Така и духовниот раст се постигнува преку соработка со божествените орудија. Како што растението пушта корен во земјата, така и ние мора да се вкорениме во Христа. Како што растението прима светлина од сонцето, роса и дожд, така и ние мораме да го примиме Светиот Дух“.
— Воспитување, 106.

б. Зошто псалмистот силата на Божјиот Дух го исполнувала со страхопочит? Псалм 139,7—12.

„Божјата големина е несфатлива за нас. ’Господовиот престол е на небесата’ (Псалм 11,4); сепак, Тој е секаде присутен со Духот. Тој длабоко го познава секое дело на своите раце и лично се интересира за секое од нив“.
– Воспитување, 119.
„Ако дојдете во близок однос со Христа ќе видите чудесни работи во Неговиот закон кои сега не се забележуваат. Влијанието на Божјиот Дух кој ги омекнува и потчинува човечките срца и умот ќе направи вистинските Божји деца да седат во небесата заедно со Исуса Христа. Христијанско просветлување ќе се изврши во срцето на секој поединец благодарение на влијанието на Светиот Дух…“
– Да го познам Него, 198.
„Нека се види дека вашиот живот е сокриен со Христа во Бога. Не изговарајте ниеден избрзан, празен или лош збор. Покажете дека секогаш сте свесни за присуството на Оној на кого треба да му укажете чест и да го прославите, а не да го натерате да се срами од вас. Имајте секогаш на ум дека сте претставници на Исуса Христа! Тогаш ќе го претставите Неговиот карактер со зборови и во однесувањето“.
– Да го познам Него, 198.

Вторник — 24. јули
3. ЗАДОБИВАЊЕ НА ПОБЕДА ВО КРОТОСТ

а. Како гласот на Светиот Дух се разликува од она што можеби луѓето природно го очекуваат? 1 Царевите 19,11—13; Исаија 30,21.

„Додека ги проучуваме Светите списи, мораме да се молиме Светиот Дух да ни ја расветли Неговата Реч, за да можеме да ги видиме и цениме нејзините богатства“.
– Христовите параболи, 87.
„На тајното место за молитва, каде што никој не може да нѐ види освен Божјото око, да нѐ чуе само Неговото уво, можеме своите најскриени желби и копнежи да ги излееме пред Отецот полн со бесконечна милост; и во тишина и мир на душата, Оној кој никогаш не пропуштил да одговори на повикот на човечката потреба, ќе проговори во нашето срце“.
– Мисли од гората, 60.

б. Опишете го особеното делување на Светиот Дух и доказите за Неговото присуство и сила. Јован 16,7.8; Дела 5,32.

„Светиот Дух ја осведочува и осудува душата за гревот. Ако грешникот одговори на животворното влијание на Светиот Дух, тој ќе биде доведен до покајание и ќе ја запознае важноста на послушноста на божествените барања“.
– Делата на апостолите, 38.
„Никој не треба да очајува поради наследените склоности кон злото. Но кога Божјиот Дух ќе го осведочи за гревот, престапникот мора да се покае, да го признае и да го остави злото. Верните чувари се постојано будни и претпазливи за да ги упатат душите на правите патеки“.
— Библиски коментари, 743.

в. Каков вид на живеалиште е соодветно за престојување на Светиот Дух? Јован 14,17; 1 Коринтјаните 3,16.17; Исаија 57,15.

„Оние кои небото ги признава за свети, последни се кои ќе ја истакнуваат својата добрина“.
– Христовите параболи, 130.
„Бог не бара од вас да се плашите дека Тој нема да успее ги исполни своите ветувања, дека ќе се измори во своето трпение, или дека ќе му недостига сочувство. Всушност, треба да се плашите вашата волја да не ѝ откаже покорност на Христовата волја и со вашиот живот да не завладеат вашите лоши наследени и стекнати карактерни особини… Плашете се вашето ’јас‘ да не се испречи меѓу вашата душа и големиот Учител“.
– Христовите параболи, 131.

Среда — 25. јуни
4. НЕОПРОСТЛИВ ГРЕВ

а. Какво предупредување ни е дадено против противењето на гласот на Светиот Дух? Дела 7,51; Евреите 6,4—6; 10,26.27.

„Совеста е Божји глас кој го слушаме среде судирот на човечките страсти, и кога се противиме Божјиот Дух е жалостен.

Сите ние мораме да разбереме на кој начин пропаѓа душата. Бог нѐ праќа порака дека човекот не треба да биде спасен. Тој не ги покрива очите со непроѕирна темнина. Човекот е тој што прв им се спротивставува на советите на Божјиот Дух. И кога еднаш ќе дојде до противење, вториот пат ќе биде уште полесно, третиот пат уште полесно и четвртиот пат сосема лесно…“
– 5 Сведоштво, 112.
„Ако денес ја занемариме тајната молитва и читањето на Светото писмо, утре тоа ќе го направиме со помала грижа на совеста. Потоа ќе следи долг список на пропусти, сѐ заради едно семе посеано на почвата на срцето“.
– 5 Сведоштво, 112.
„Бог општи со луѓето со помош на Светиот Дух, но оние кои намерно го отфрлаат тоа средство како сатанско, сами ја прекинуваат врската меѓу душата и небото.

Бог дејствува со помош на Светиот Дух за да го покара и убеди грешникот, а кога делото на Светиот Дух конечно ќе се отфрли, тогаш Бог не може ништо веќе да стори за душата“.
– Патријарси и пророци, 422.

б. Кој грев не може да биде простен? Матеј 12,31.32. Како можеме да ја избегнеме оваа сериозна опасност? Евреите 2,1—3; Псалм 19,13.14.

„Опасно е да се изговори некој збор на сомнеж, опасно е да се става под прашање и критикува божествената светлина. Навиката на лекомислено критикување без страхопочит влијае на карактерот, бидејќи негува недостаток на страхопочит и неверие. Човекот што се оддава на таа навика несвесно стапува на опасен пат и на крај е подготвен да го критикува и да го отфрли делото на Светиот Дух“.
– Копнежот на вековите, 239.
„Гревот на хулата на Светиот Дух не лежи во некој ненадеен или неочекуван збор или постапка, туку во упорното и одлучно противење на вистината и доказите.

Никој не треба да гледа на гревот против Светиот Дух како на нешто таинствено и неодредено. Хула на Светиот Дух е грев на упорно одбивање да одговориме на повикот да се покаеме“.
– Библиски коментари, 460.

Четврток — 26. јули
5. СЕГА Е ВРЕМЕ

а. Како можеме да го примиме Светиот Дух? Дела 8,14.15; Лука 11,13.

„Зошто не сме гладни и жедни за дарот на Духот, кога само преку Него можеме да добиеме сила? Зошто не зборуваме, не се молиме и не проповедаме за тоа? Господ повеќе сака да ни го дарува Светиот Дух отколку што родителите им даваат добри дарови на своите деца. Секој работник треба срдечно да му се моли на Бога за крштевање со Духот“.
– 8 Сведоштво, 23.

б. Какво ветување е дадено особено за овие последни денови, и под кој услов? Захарија 10,1; Еремија 14,20.21.

„Времето во кое ние сега живееме е за оние кои бараат, време на примање на Светиот Дух. Молете се и барајте ја Неговата сила. Време е да бидеме поинтензивни во нашата посветеност. Нам ни е доверена напорна но благословена задача да им го објавуваме Христа на оние кои се во темнина. Ние сме повикани да ги објавиме особените вистини за ова време. За сето ова излевањето на Духот е од суштинско значење. Ние треба да се молиме за таа сила. Господ очекува тоа да го побараме од Него. Во минатото во ова дело не сме биле со цело срце“.
– Сведоштво за проповедници, 511.
„Она што ни недостасува тоа е силата на Светиот Дух, осведоченост за гревот; и Бог тоа денес нека ни го подари. Јас му се заблагодарувам за Неговата светлина и за Неговиот Дух. Му се заблагодарувам за Неговата милост и сакам во беспомошноста на својата душа целосно да се потпрам на Него. Стојам речиси осамена; но само Бог Израелов единствено може да направи“.
– Е. Г. Вајт материјали од 1888, 596.

Петок — 27. јули
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Како да знаеме дека Светиот Дух е личност?

2. Зошто Исус го испратил Утешителот?

3. Опиши го гласот на Светиот Дух и објасни ја неговата мисија?

4. На кој начин можеме да се сочуваме да не направиме непростлив грев?

5. Кои придобивки можеме да примиме кога во молитва бараме помош за Светиот Дух?

2012 • 3. Квартал

5. лекција – Страхопочит кон Божјата Реч

4. август 2012
„Кнезовите ме прогонуваат без причина, но моето срце трепери само пред Твоите зборови“.
— Псалм 119,161.
„Ние треба да пристапиме со страхопочит кон проучување на Библијата, со чувство дека ние се наоѓаме во Божјо присуство. Секоја површност и несериозност треба да се остават настрана“.
– Сведоштво за проповедници, 107.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: 5 Сведоштво, 656—668. 6 Сведоштво, 119—126.

Недела — 29. јули
1. ХРАНА ЗА ДУШАТА

а. Како Господ настојувал на Израелците во свеста да им го втисне чувството за нивната духовна потреба? Второзаконие 8,2.3. Како оваа поука има примена и на духовниот Израел денес? 1 Коринтјаните 10,11.12.

б. Каква претстава стекнуваме од животворната храна добиена при општењето со Бога и Неговата Реч? Псалм 63,1—5 (прв дел); Исаија 55,1,2; Јован 6,51—53.

„Творечката сила, која ги создала световите, се наоѓа во Божјата Реч. Таа Реч дава сила; таа раѓа живот. Секоја заповед е и ветување. Прифатена од страна на волјата, примена во душата, таа со себе го донесува животот на Бесконечниот. Таа ја преобразува природата и повторно ја создава душата според Божјиот лик.

Животот даден на ваков начин, на ист начин и се одржува. Човекот ќе живее ’од секој збор, што излегува од устата на Бога‘ (Матеј 4,4)“.
— Воспитување, 126.
„Во Библијата се изложува вистината со едноставност и со совршено прилагодување на потребите и копнежите на човечкото срце, што ги изненадува и импресионира и најобразованите умови, додека истовремено им овозможува на скромните и необразованите да го запознаат патот на спасението“.
— 5 Сведоштво, 657.

Понеделник — 30. јули
2. МОЌТА НА БОЖЕСТВЕНОТО ВДАХНОВЕНИЕ

а. Како Исус го потврдил светото вдахновение на Стариот завет? Марко 12,24; Лука 16,29.31; Јован 5,39.46.47.

„Денес, мнозина таканаречени христијани го отфрлаат Стариот завет тврдејќи дека тој нема никаква вредност. Меѓутоа, тоа не било Христовото учење…

Стариот завет јасно го открива Спасителот исто како и Новиот завет. Светлината од пророчкото минато го осветлува јасно и убаво Христовиот живот и учењето на Новиот завет“.
– Копнежот на вековите, 776.

б. На каков начин се прикажани Стариот и Новиот завет? Откровение 11,3.4.

„Овие двајца сведоци ги претставуваат списите на Стариот и Новиот завет. И едниот и другиот претставуваат значајно сведоштво за потеклото и вечното траење на Божјиот закон. И двата сведочат за планот на спасението. Симболите, жртвите и пророштвата на Стариот завет упатуваат на Спасителот кој требало да дојде. Евангелијата и посланијата на Новиот завет зборуваат за Спасителот кој дошол токму онака како што во споменатите симболи и пророштва бил најавен“.
– Големата борба, 238.

в. Во исполнувањето на Библиските пророштва постои сила? Како тоа треба да влијае на нашата вера? 2 Коринтјаните 5,7.

„(Библиските) едноставно искажани вистини опфаќаат предмети кои се толку возвишени, далекосежни и бескрајно над моќта на човечкото сфаќање, така што можеме да ги прифатиме само затоа што Бог ги објавил… Меѓутоа, под овие вистини, така лесно разбирливи, лежат тајни кои ја сокриваат Неговата слава – тајни кои го совладуваат умот на оној кој се обидува да ги објасни, додека искрениот истражувач на вистината го инспирираат со страхопочит и вера…

Оние кои се подготвени на тој начин да го прифатат живото сведоштво за Божјиот авторитет, благословени се со најјасна светлина. Ако се побара од нив да објаснат некои цитати, тие само ќе одговорат: ’Така пишува во Светото писмо‘… Бидејќи Бог така одредил, откриваме дека сме принудени некои работи да ги прифатиме само со вера“.
– 5 Сведоштво, 658.

Вторник — 31. јули
3. МОЌНО СРЕДСТВО

а. Како Божјата Реч, слично на хируршкиот скалпел, отсекува сѐ што е зафатено со духовна болест? Евреите 4,12.

„Вистината практично мора да се внесе во животот. Божјата Реч, како остар меч со две острици, мора да ги отсече и последните остатоци од себичноста и сопственото ’јас‘ кои сѐ уште се наоѓаат во нашиот карактер.“
– Библиски коментари, 805.
„Речта ги прави гордите смерни, изопачените кротки и понизни, а непослушните послушни. Грешните навики во човекот се природно вткаени во неговите секојдневни постапки. Но Речта ги сече и искоренува телесните желби. Таа им суди на мислите и намерите на умот; и навлегува до разделување на зглобовите и мозокот, ги искоренува телесните желби и ги први луѓето спремни да пострадаат за својот Господ“.
– Библиски коментари, 805.
„Оставете ја Божјата Реч онаква каква што е. Нека човечката мудрост не се осмелува да ја намали силата на ниедна изјава на Светото писмо“.
– 5 Сведоштво, 667.

б. Како моќната Божја Реч може да стане опасно духовно оружје кога погрешно се користи? 2 Петрово 3,16 (посл. дел); Лука 11,52.

„Мнозина ја читаат Библијата, но немаат никаква корист од тоа, и во многу случаи само штета. Ако Божјата Реч ја отвораме без страхопочит и без молитва, ако мислите и љубовта не се насочени кон Бога и не се во согласност со Неговата волја, умот е замаглен со сомнеж и таквото проучување на Библијата уште повеќе ќе го зајакне скептицизмот. На тој начин непријателот зема контрола над мислите и укажува на толкувања кои не се правилни“.
– 5 Сведоштво, 661.
„Секој истражувач кој ја отвора Библијата, треба да побара просветлување од Светиот Дух, а ветувањето е сигурно дека тоа ќе му биде дадено.

Духот со кој приоѓате во истражувањето на Писмото ќе одреди кој ќе ви биде помошник во тоа истражување. Ангелите од светот на светлината ќе бидат со оние кои со понизност во срцето бараат божествени упатства. Но, ако Библијата се отвора со непочитување, со чувство на самозадоволство, ако срцето е исполнето со предрасуди, тогаш сатаната е до вас и тој обичните извештаи на Божјата Реч ќе ги изнесе во изопачена светлина“.
– Сведоштво за проповедници, 86.

Среда — 1. август
4. НАЈГОЛЕМ ВОСПИТУВАЧ

а. Кои зборови на претпазливост се однесуваат на некои световни учења па дури и во верските училишта? 1 Тимотеј 6,20.21; 2 Тимотеј 3,7; 4,4. Како мнозина го следат примерот на Јуда во извртување на Писмото?

„(Предавникот Јуда) истакнувал од Светите списи текстови што немале никаква врска со вистините кои Христос ги презентирал. Овие текстови, издвоени од целината на својот контекст, создавале кај учениците забуна и ја зголемувале малодушноста која постојано ги притискала. Меѓутоа, Јуда го правел сето ова на таков начин што изгледало дека тој бил совесен човек. И додека учениците барале докази што ќе ги потврдат зборовите на големиот Учител, Јуда речиси незабележано ги водел на друг пат. Така, на многу религиозен и привидно мудар начин, Јуда ги прикажувал вистините во поинаква светлина од онаа во која Христос ги изнел и на Неговите зборови им припишувал значење какво што Тој не им дал“.
– Копнежот на вековите, 556.
„Тие што ја читаат Библијата за во неа да пронајдат противречности немаат духовен увид. Нивниот поглед е изопачен и затоа наоѓаат причини за сомнеж и неверување во работи кои се потполно јасни и разбирливи. Додека оние што со страхопочит ѝ пристапуваат на Библијата и се трудат да ја дознаат Неговата волја за да ја вршат, сето тоа го гледаат во сосема друга светлина. Тие ќе се исполнат со страхопочит и восхит размислувајќи за чистотата и возвишеното совршенство на откриените вистини“.
— 5 Сведоштво, 662.

б. Зошто Светото писмо, кога му се пристапува со страхопочит, е соодветно да биде главен учебник во поглед на воспитувањето? Псалм 12,6; 119,105.130; Изреки 9,10.

„Вистинската наука не може да содржи ништо што е спротивно на учењето на Божјата Реч, бидејќи и двете имаат ист Автор. Правилното разбирање на науката и Божјата Реч секогаш покажува дека тие се во потполна хармонија“.
– 8 Сведоштво, 276.
„Библијата го содржи сето она што е потребно за спасение на душата, и во исто време таа е подесна за зајакнување и дисциплинирање на умот. Употребена како учебник во нашите училишта, таа ќе се покаже далеку поефикасна од било која друга книга во мудро насочување во земните работи, како и во помагање на душата да се искачи на скалата која допира до небото. На вистинскиот истражувач Библијата му овозможува напредок во вежбањето на умните сили; и по секое размислување за божествените вистини неговите умни способности излегуваат збогатени со нови сознанија“.
– Совети за родит., учителите, и студентите, 371.

Четврток — 2. август
5. НЕ Е ОБИЧНА КНИГА

а. Каква почит кон Божјата Реч покажале некои поединци, откако долго време биле лишени од нејзиното благотворно влијание? 2 Летописи 34,14—21; Немија 8,9 (посл. дел).

б. Како и зошто ние треба да ја цениме Божјата Реч, особено во овие последни денови? Псалм 119,161; Амос 8,11.12; Јован 12,48.

„Библијата е Божји глас кој ни зборува, точно така, како да го слушаме со своите уши. Ако го сфатиме ова, тогаш со каква страхопочит ќе ја отвораме Божјата Реч и со каква срдечност ќе ги пребаруваме Нејзините прописи. Кога го читаме Светото писмо и размислуваме за тоа ќе се чувствуваме како да се наоѓаме во одајата за прием кај Бесконечниот…

Кога го цитирате Писмото, никогаш тоа не го правете несериозно или на лекомислен начин. Секој пат кога ќе ја земете Библијата во своите раце, имајте на ум дека стоите на света земја“.
– Мојот живот денес 310.
„Кога ќе се разбуди вистинска љубов кон Библијата, и кога оној што ја проучува ќе почне да согледува колку е широко нејзиното поле и колку се скапоцени нејзините богатства, тој ќе посака да ја искористи секоја можност да се запознае со Божјата Реч. Проучувањето на Библијата нема да биде ограничено на некое посебно време или место. И ова континуирано проучување е едно од најдобрите средства за негување на љубов кон Писмото. Ученикот секогаш треба да ја има со себе својата Библија. Кога имате можност, читајте и размислувајте за она што сте го прочитале. Додека шетате по улиците, чекате на железничка станица, додека чекате некого, искористете ја можноста да извлечете некои драгоцени мисли од сокровиштето на вистината“.
– Воспитување, 191.

Петок — 3. август
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Опишете ја моќта на Божјата Реч?

2. Зошто Стариот завет е толку важен?

3. Како Јуда ги искривувал Светите списи за да ги збуни Христовите ученици?

4. Какво место Библијата треба да има во нашите училишта?

5. Објасни зошто страхопочитта е толку важна во ракувањето со Божјата Реч?

2012 • 3. Квартал

6. лекција — Закон и сведоштво

11. август 2012
„Покрај Законот! Покрај сведоштвата! Ако не зборуваат според ова слово, нема светлина во нив“.
— Исаија 8,20.
„Напушти ги мислењата на луѓето и обрати се на законот и сведоштвото. Отфрли ги сите светски размислувања. Одлучи се за вечноста“.
— 2 Сведоштво, 553.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Патријарси и пророци, 374—385.

Недела — 5. август
1. СВЕТ ПРЕПИС

а. Од древни времиња, која била основата на светиот Божји завет со Неговиот народ? Создавање 17,7; Второзаконие 4,9—13.

„Божјиот закон е свет исто толку колку и Бог што е свет. Тој ја открива Неговата волја и претставува препис на Неговиот карактер – израз на божествената љубов и мудрост. Хармонијата на сѐ што е создадено зависи од совршеното потчинување на сите суштества, на сѐ што живее, и на мртвата природа, на непроменливиот закон на Творецот. Бог поставил закони според кои треба да се управуваат не само живите суштества, туку и сите појави во природата. Сѐ е потчинето на одредени закони кои не можат да се пренебрегнуваат. Меѓутоа, додека во природата сѐ е потчинето само на природните закони, единствено човекот, меѓу сите созданија на земјата, е одговорен и перед моралниот закон. На човекот, како круна на сѐ што е создадено, Бог му дал разум и моќ да ги сфати Неговите барања, Неговата праведност и благотворноста на Неговиот закон и на Неговите свети прописи; и од човекот бара непоколеблива послушност“.
– Патријарси и пророци, 27.

б. Како Христос за време на својата земна мисија повторно ја потврдил светоста на светиот Божји закон? Матеј 19,16.17; 22,36—40; Јован 14,15.

Понеделник — 6. август
2. МОЌЕН КРИТЕРИУМ

а. Како Библијата го опишува вечниот, непроменлив Божји закон? Псалм 119,142; 89,34; Лука 16,17.

„Божјиот закон постоел уште пред да биде создаден човекот. Тој бил приспособен според условите во кои живеат светите и непаднати битија; дури и ангелите се управуваат според законот…“
— Библиски коментари, 58.59.
„По падот, начелата на овие заповеди не биле сменети, туку биле дадени дополнителни закони кои се прилагодени за човекот во неговата падната состојба“.
— Библиски коментари, 58.59.

б. Објасни како Божјиот план на откупувањето и Неговиот свет закон заедно делуваат моќно? Псалм 19,7; Римјаните 7,7—12; 8,3.4.

„Наша должност е почитувањето на овој закон да претставува суштина на оваа последна порака на милост кон светот. Божјиот закон не е нешто ново. Тој не создава светост, туку светоста ја чини позната. Тој е кодекс на начела и прописи во кои е изразена милоста, добрината и љубовта. Тој го прикажува Божјиот карактер на паднатиот човечки род, и на човекот јасно и целосно му ги прикажува неговите должности“.
– Библиски коментари, 60.
„Десетте заповеди од која секоја содржи по еден налог или пак забрана, доколку во послушност им се потчиниме како на закон кој владее со целиот универзум, за нас претставуваат и десет ветувања..“
– Библиски коментари, 60.
„Овој закон на најголема љубов која можела да му се прикаже на човекот од десет заповеди го претставува Божјиот глас кој од небото ѝ зборува на човечката душа со ветување: ’Чини така, и нема да дојдеш под власта и контролата на сатаната‘. Во тој закон нема ништо негативно, иако можеби изгледа дека има. Тој значи: ЧИНИ ТАКА и ќе бидеш ЖИВ“.
– Библиски коментари, 61.
„Бог ни ги дал своите свети прописи затоа што го љуби човештвото. За да нѐ заштити од последиците на престапот, Тој ни ги открива начелата на правдата. Законот е израз на Божјата мисла; кога е примен во Христа, тој станува наша мисла. Законот нѐ издигнува над силата на вродените желби и склоности, над искушенијата што водат кон грев. Бог сака да бидеме среќни и затоа Тој ни ги дал начелата на законот, кои ако ги почитуваме можеме да имаме радост“.
– Копнежот на вековите, 225.
„Во Христовиот живот јасно се прикажани начелата на законот и додека Божјиот Свет Дух влијае на срцето, додека Христовата светлина им открива на луѓето дека им е потребна Неговата крв која прочистува и Неговата праведност која оправдува, законот сѐ уште претставува сила, која нѐ доведува кон Христа, за да се оправдаме преку вера“.
– Копнежот на вековите, 226.

Вторник — 7. август
3. ПЛОД НА ВИСТИНСКО ОБРАТУВАЊЕ

а. Објаснете ја смислата ’стар‘ и ’нов‘ Завет. Излез 24,7.8; Евреите 8,6—12; 2 Коринтјаните 3,3.

„Истиот закон, кој бил врежан на камени плочи, Светиот Дух ги напишал на плочите на срцето. Наместо празното настојување да ’утврдиме‘ наша сопствена правда, треба да ја прифатиме Христовата правда. Неговата крв е помирување за нашите гревови. Неговата послушност е прифатена за нас. Тогаш срцето, обновено од страна на Светиот Дух, донесува ’духовен плод‘. Благодарение на Христовата благодат, ќе успееме да живееме со послушност кон Божјиот закон напишан во нашето срце“.
– Патријарси и пророци, 384.

б. Како Бог направил послушноста на Неговиот закон да претставува задоволство? Езекиел 36,26.27; Псалм 40,8; 1 Јованово 2,3.4.

„Помеѓу оние што му се лојални на Бога и оние што го презираат Неговиот закон ќе дојде до жесток судир. Страхопочита кон Божјиот закон е поткопана. Верските водачи го учат народот на човечки науки и заповеди. Како што било во деновите на стариот Израел, така е и денес во светот. Но, дали тие што го почитуваат Божјиот закон, денес треба помалку да го почитуваат затоа што нелојалноста и престапот се распространети? Зарем и тие ќе се обединат со земните сили за да го прогласат тој закон за неважечки? Струјата на злото нема да ги однесе и верните со себе. Тие нема да го презираат тоа што Бог го прогласил за свето“.
— 8 Сведоштво, 130.
„Божјиот закон е основа но и темел на секоја трајна реформа“.
– Пророци и цареви, 463.
„Господ ги изобличува и поправа оние кои тврдат дека го држат Неговиот закон. Тој им укажува на нивните гревови и ги открива нивните беззаконија, бидејќи сака тие да се откажат од секој грев и безбожието за да ја творат Божјата волја“.
– 2 Сведоштво, 504.

Среда — 8. август
4. СВЕДОШТВА НА БОЖЈИОТ ДУХ

а. Како Бог го дефинира ’Исусовото сведоштво‘ меѓу остатокот на Неговиот народ и го потврдува вдахновението и целта на истото? Откровение 12,17; 19,10 (посл. дел).

„Мораме да ги следиме упатствата дадени преку Духот на пророштвото. Мораме да ја љубиме вистината за ова време и да ѝ се покоруваме. Тогаш ќе бидеме заштитени од влијанието на силните заблуди. Со посредство на Својата Реч запишана во сведоштвата за црквата, како и преку книги кои ни помогнаа да ни биде појасна нашата сегашна должност и ставот кој треба да го заземеме – ни зборува самиот Бог. Предупредувањата кои овде ни се дадени ’заповед по заповед, правило по правило‘, треба да се послушаат. Ако ги игнорираме, како ќе се оправдаме“.
– Слуги на евангелието, 277.

б. Зошто е толку потребно со сето срце да го цениме Духот на пророштвото? 2 Летописи 20,20 (посл. дел); Осија 12,13.

„Вие повикувавте кон Бога за нова светлина во агонија на својата душа. Бог ме овласти да ви кажам дека ниту еден зрак на светлина нема преку сведоштвата да ја осветли вашата патека, сѐ додека во животот не ја примените светлината која веќе ви е дадена. Бог ве огради со светлина, но вие не ја ценевте туку ја фрливте под нозе. Додека некои ја презираа светлината, други ја занемаруваа или рамнодушно одеа по неа..“
— 2 Сведоштво, 682. 683.
„Некои преку сведоштвата примија посебни предупредувања, но веќе за неколку седмици заборавија на укорите кои им беа дадени. На некои сведоштвата им беа повторени по неколку пати, но тие не ги сметаа за толку важни за да мораат да им се покоруваат. Ги сметаа за бесмислени приказни. Да одеа според светлината која им беше дадена, би избегнале многу загуби и искушенија кои им изгледаат мачни и строги. Но само себеси можат да си префрлаат поради тоа. Го земаа на себе јаремот и сега им е тешко да го носат. Христос не го ставил тој јарем на нив. Бог ја покажал својата грижа и љубов кон нив, но нивните себични, зли и неверни души не беа во состојба да ја согледаат Неговата добрина и милост… Ако ги прифатите зраците на светлината кои Бог ви ги даде во минатото, тогаш Тој ќе ви испрати поголема светлина“.
— 2 Сведоштво, 682. 683.

Четврток — 9. август
5. ВО ПОСЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ

а. Од сите духовни дарови – вклучувајќи го и Духот на пророштвото – која крајна цел треба целосно да се реализира? Ефесјаните 4,11—13; 1 Коринтјаните 1,5—8.

б. Кои предупредувања се дадени со цел да се сочува верата на оние кои веруваат во дарот на пророштвото во овие последни денови? Дела 20,30.31; 1 Јованово 4,1; Исаија 8,20.

„Наскоро ќе се вложуваат сите можни напори за да се обезвредни и изопачи вистината за Сведоштвата на Божјиот Дух..“
– Одбрани пораки 1, 41.
„Оние кои некогаш биле со нас обединети во верата, ќе трагаат по нови, необични учења, по нешто чудно и сензационално за да го изнесат перед народот. Ќе ги изнесуваат сите можни заблуди и ќе ги претстават како нешто што доаѓа од сестра Вајт, за да можат да ги измамат душите“.
– Одбрани пораки 1, 41.
„Сега би сакала да им кажам на сите оние кои копнеат за вистината: Немојте да им верувате на несигурните извештаи за тоа што направила, кажала или напишала сестра Вајт. Ако сакате да дознаете што открил Господ преку неа, читајте ги нејзините книги. Немојте желно да ги примате и пренесувате гласовите за тоа што кажала таа за некое интересно прашање, ако таа за тоа ништо не напишала“.
– 5 Сведоштво, 653.
„Ќе има лажни соништа и лажни визии, кои содржат некои вистини, но водат далеку од првобитната вера… Ако тие го омаловажуваат законот на Бога, ако не обрнуваат внимание на Неговата волја откриена во сведоштвата на Неговиот Дух, тие се измамници…“
– Библиски коментари, 861.
„Имајте на ум дека искушенија од ваков карактер (како заблудите и измамите) ќе доаѓаат на нас, не само однадвор, туку однатре од нашите сопствени редови“.
– Библиски коментари, 861.

Петок — 10. август
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Кое знаење му е доверено на човечкиот род?

2. Како Божјиот закон се доведува во врска со планот на спасението?

3. Што воспоставил Христос во Новиот завет?

4. Објасни што се подразбира под ’Исусовото сведоштво‘?

5. Наведи една од лукаво поставените стапици за да се измамат токму избраните во последните денови?

2012 • 3. Квартал

7. лекција — Божјо присуство

18. август 2012
„Нека се бои целата земја пред Господа, нека се бојат од Него сите жители на вселената!“
— Псалм 33,8.
„Вистинската страхопочит кон Бога е вдахновена од чувството за Неговата бесконечна величина и Неговата постојана присутност“.
– Божјата чудесна благодат, 93.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Воспитување, 219—225.

Недела — 12. август
1. СВЕТА ЗЕМЈА

а. Што можеме да научиме од искуството на Мојсеј кога дошол во Божјо присуство? Излез 3,1—5. Што направил Исус Навин кога се нашол во присуство на Христа? Исус Навин 5,13—15.

„Понизност и страхопочит треба да го карактеризираат однесувањето на сите оние што доаѓаат во присуство на Бога“.
– Патријарси и пророци, 254.

б. Како самиот опис на Божјата сила која се манифестирала на планината Синај, треба да нѐ поттикне на страхопочит. Излез 19,20—24; Евреите 12,25.26.28.29. Дури и без надворешна манифестација на Божјо присуство, кога ние денес се наоѓаме на света земја?

„Бог сакал сцената при објавувањето на Неговиот закон да ја стори величествена и длабоко впечатлива за да ја истакне возвишеноста на Неговиот карактер и неговото значење. На народот требало живо и неизбришливо да му се предочи вистината дека сѐ што е во врска со служењето на Бога мора да биде примано со најголема страхопочит“.
– Патријарси и пророци, 309.
„Знаците на присуството на Јехова биле толку страшни, што народот се тресел од страв и паѓал ничкум пред Господ. Дури и Мојсеј извикал: ’Многу сум уплашен и се тресам‘ (Евреите 12,21)“.
– Патријарси и пророци, 309.
„Кога ја земете Библијата во своите раце, не заборавајте дека сте на света земја“.
– Темели на христијанското воспитување, 195.

Понеделник — 13. август
2. БОЖЈОТО СЕЗНАЕЊЕ

а. Со кои едноставни објаснувања Библијата го опишува Божјото сезнаење, особено во поглед на небесните записи собрани во овие последни денови? Псалм 11,4; 102,19.

б. Какви лудости открива менталитетот на мнозина луѓе, вклучувајќи и некои на кои им била доверена голема светлина? Псалм 73,11; 139,7—12; Езекиел 8,12. На што треба ова да нѐ поттикне?

„Доаѓа време кога ќе биде премногу доцна да го бараме Бога, и јас размислував како ќе се чувствуваме кога времето на проба ќе заврши и животното дело дојде до крај. Со какви чувства ќе се осврнеме на минатото? Зарем нема да зажалиме што нашите напори да му служиме на Бога не биле посериозни. Зарем нема да зажалиме што не сме живееле во поголема хармонија со Неговата откриена волја? Зарем тогаш да не се најдеме како верни слуги? Што ако во тој момент го слушнеме гласот на Христа: ’Се сврши‘?

Имав сон во кој видов едно големо мноштво собрано заедно. И одеднаш небото се затемни со густи облаци, почна да грми, да светкаат молњи, и преку целото небо и земјата одекнуваше еден глас, погласен од најсилен гром: ’Се сврши‘! Дел од присутните, со бледи лица, потрчаа напред лелекајќи во агонија: ’О, јас не сум подготвен!‘ Се слушна прашањето: ’Зошто не сте подготвени’? Зошто не ја искористивте драгоцената можност која великодушно ви ја дадов? И кога се разбудив во ушите ми одѕвонуваше страшен крик: ’Јас не сум подготвен; не сум спасен – изгубен сум! Изгубен! Вечно изгубен!’

Со оглед на свечените одговорности кои почиваат врз нас, да размислуваме за иднината, за да можеме да разбереме што мора ние да направиме за да бидеме подготвени. Во тој ден ќе бидеме соочени со немарност и презир на Божјата милост, со отфрлање на Неговата вистина и љубов. Во свечениот собир на последниот ден, пред очите на целиот универзум ќе биде прочитана причината поради која грешникот е осуден. За првпат родителите ќе ги дознаат тајните од животот на нивните деца. Децата ќе увидат колку грешеле кон нивните родители. Ќе се откријат многу тајни и скриени побуди на срцето; бидејќи сѐ што било тајно ќе се открие. Оние кои лекомислено ги земаат сериозните вистини во врска со Божјиот суд ќе се отрезнат кога ќе се соочат со ужасната реалност“.
– Упатства за младите, 21. јули, 1892.

Вторник — 14. август
3. ЖИВОТ ПРЕД НЕБЕСНИТЕ СВЕДОЦИ

а. Какво предупредување Јосифовото тешко искушение претставува за нас кога ќе се најдеме во ситуација кога никој од луѓето не нѐ гледа? Создавање 39,3—9; Изреки 7,7—10.18—20.

„Но Јосифовата вера и чесност морале да бидат проверени во огнот на искушенијата. Жената на неговиот господар се обидувала овој млад човек да го наведе да го прекрши Божјиот закон. До овој миг тој останал неизвалкан од расипаноста што цутела во таа незнабожечка земја; но како да му се спротивстави на ова искушение, толку неочекувано, толку силно и заводливо… Дали ќе триумфира начелото? Дали Јосиф и натаму ќе остане верен на Бога? Ангелите ја посматрале таа сцена со неопишана загриженост“.
– Патријарси и пророци, 212.
„Одговорот на Јосиф покажува колкава сила имаат основните верски начела. Тој не сакал да ја изневери довербата ниту на земниот господар, а решил да му остане верен на својот небесен Господар, без оглед на тоа какви ќе бидат последиците. Пред очите на сезнајниот Бог и на светите ангели, мнозина си дозволуваат себеси слобода да сторат нешто што никогаш не би го сториле пред своите ближни. Но Јосиф прво помислил на Бога. ’Како да сторам такво грдо зло и на Бога да му згрешам?‘ – биле неговите зборови“.
– Патријарси и пророци, 213.

б. Каков би бил резултатот од појасното разбирање на Божјото сезнаење и сеприсутноста? Евреите 4,13; Псалм 33,8.14.15.

„Кога секогаш би мислеле на тоа дека Бог гледа и слуша сѐ што ние правиме, дека за нашите зборови и постапки се води точен извештај и дека еден ден за сето тоа ќе одговараме – тогаш би се плашеле да грешиме. Младите секогаш нека имаат на ум дека Бог ги гледа секаде каде што се наоѓаат и што било да работат. Нему не може да му побегне ниту една наша постапка. Не можеме да ги сокриеме нашите патишта од Сезнајниот. Човечките закони, колку и да се строги, често се престапуваат, а за престапот да не се дознае, и затоа останува неказнет. Но тоа не е случај со Божјите закони. Ниту најтемната ноќ не може да го засолни виновникот. Тој може да мисли дека е сам, но на секоја негова постапка присутен е невидлив сведок. Пред Божјиот поглед дури ни побудите на нашето срце не се скриени. Секоја постапка, секој збор, секоја помисла, сѐ – точно се бележи, како на светот да постои само тоа единствено лице, и како сето небесно внимание да е насочено само кон него“.
– Патријарси и пророци, 213.

Среда — 15. август
4. БОЖЈО ПОСТОЈАНО ПРИСУСТВО

а. Како свеста за Божјото предзнаење и сеприсутност ги теши нашите срца? Создавање 16,13; 2 Летописи 16,9 (прв дел); Матеј 6,4.

„Единствено свеста за Божјото присуство може да го протера стравот кој на плашливото дете од животот би му направил товар. Тоа во својот ум треба да го вреже ветувањето: ’Господов ангел се настанува околу оние што се бојат од Него, и ги избавува‘ (Псалм 34,7)“.
– Воспитување, 255.

б. Со кои зборови апостол Павле ги поттикнува верниците да му угодат на Бога, а не само на Павле? Филипјаните 2,12.13. Зошто постојано треба да ја имаме на ум реалноста на големиот суд?

„Разните гревови кои ги негувале и практикувале и оние кои за себе тврдат дека се христијани го навлекуваат Божјиот гнев на црквата. Во денот кога небесните книги ќе се отворат, Судијата нема да мора со зборови да ја изразува вината на престапникот, туку ќе биде доволно само да упати еден продорен поглед и секое дело и секоја зделка во животот ќе оживее во сеќавањето на сторителот. За престапникот нема да мора, како во деновите на Исус Навин, да се трага од племе до семејство, туку тој со сопствени усни ќе го признае својот срам, својата себичност, алчност, нечесност, лага и измама. Гревовите на секој поединец, сокриени од луѓето, тогаш ќе бидат објавени како од ’покрив‘“.
– 4 Сведоштво, 469.
„Ниту едно друго влијание, како штит против искушенијата и како поттик на непорочност и вистина, не може да се мери со свеста за Божјото присуство“.
– Воспитување, 228.
„Оние кои ја презираат Божјата Реч, тогаш ќе се соочат со Авторот на тие вдахновени пророштва. Ние не смееме да бидеме така безгрижни како да не доаѓа денот на судот; бидејќи иако се одложува, тој е во близина, дури пред вратата и доаѓа мошне брзо…

Окото на Оној кој сѐ види е врз нас; ниту најтајните мисли на нашето срце не се скриени. На секого од нас ќе му биде судено во согласност со делата направени во телото. Запрашајте се сериозно: како стоите пред Бога? Како Оној кој може да ја разбере секоја побуда, да ја види секоја мисла, да го слушне секој збор, ја посматра секоја активност во вашиот живот, се однесува кон вашиот случај?“
– Упатства за младите, 21. јули, 1892.

Четврток — 16. август
5. ПОСЕБНИ МОМЕНТИ НА БОЖЈО ПРИСУСТВО

а. Објасни ги придобивките на тајната молитва. Псалм 4,4; 62,8; 63,1.2.5.6.

„Треба да се молиме во семејниот круг, но над сѐ не смееме да ја занемариме тајната молитва; бидејќи таа е живот на душата. Не може душата да се развива ако ја запоставиме молитвата. Семејната или јавната молитва сама по себе не е доволна. Нека во самотија, душата се отвори пред испитувачкото Божјо око. Тајната молитва треба да ја чуе само Бог, кој ги слуша молитвите. Ниедно љубопитно уво не треба да ја слушне содржината на таквите молитви. Во тајната молитва душата е слободна од влијанието на околината; слободна од вознемирување. Спокојно, но сепак сесрдно, душата го бара Бога. Пријатно и трајно ќе биде влијанието кое произлегува од Оној, кој го гледа она што е тајно, чие уво е отворено да ја чуе молитвата што излегува од срцето“.
– Патот кон Христа, 89.

б. Колку поради својата вознемиреност и брзање, често губиме во духовен поглед? Опишете го светото задоволство навремето посветено единствено на Бога. Псалм 84,4—8.12.

„Сите ние многу губиме од слаткото општење со Бога заради нашата вознемиреност и неискористување на миговите за размислување и молитва“.
– 5 Сведоштво, 465.
„Мнозина, дури ни во миговите на посветеност, не го примаат благословот на вистинска заедница со Бога. Тие премногу брзаат. Со брзи чекори минуваат низ кругот на Христовата возљубена присутност, застанувајќи можеби само за миг во нејзините свети граници, но не чекаат совет. Тие немаат време да останат со божествениот Учител, и заедно со своите товари ѝ се враќаат на својата работа“.
– Воспитување, 261.
„Наша потреба не е кусо застанување во Негова близина, туку лична врска со Христа“.
– Воспитување, 262.

Петок — 17. август
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Што треба да сфатиме под изразот ’света земја‘?

2. Кога ќе се најдеме во искушение на што треба да се потсетиме од искуството на Јосиф?

3. Какво охрабрување свеста за Божјо присуство им донесува утеха на верниците?

4. Како свеста за Божјо присуство нѐ потсетува на големиот суд?

5. Наведи еден фактор кој може да ги збогати нашите мигови кои ги поминуваме во мир со Бога?

2012 • 3. Квартал

8. лекција — Место за богослужение

25. август 2012
„Во соборот на светиите Бога Го прославуваат; велик е и страшен за сите што се околу Него“.
— Псалм, 89,7.
„На народот требало живо и неизбришливо да му се предочи вистината дека сѐ што е во врска со служењето на Бога мора да биде примано со најголема страхопочит“.
– Патријарси и пророци, 309.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: 5 Сведоштво, 464—473. Евангелизам, 496—512.

Недела — 19. август
1. СВЕТИОТ БОГ

а. Опишете го потребниот став со кој ние треба да му пристапуваме на нашиот Творец во овие последни денови. Псалм 99,1—5.

„Како поданик на Божјата милост, човекот треба на колена понизно да пристапи во подножјето на престолот на милоста“.
– Одбрани пораки 2, 315.

б. Кое предупредување до родителите треба сите ние да го имаме на ум кога влегуваме во Божјиот храм? Излез 25,8; Псалм 77,13; 89,7.

„Родители, издигнете ги христијанските начела пред очите на вашите деца. Помогнете им да го вткаат Исуса во нивните животи. Научете ги да имаат најголема страхопочит кон Божјиот дом и да сфатат дека кога влегуваат во него нивните срца треба да бидат обземени со мисли како овие: ’Овде е Бог и ова е Неговиот дом. Јас морам да имам чисти мисли и најсвети побуди. Во моето срце не смее да има гордост, завист, зли претпоставки, омраза ниту измама, затоа што се наоѓам во присуство на светиот Бог. Ова е местото на кое Бог се состанува со својот народ и овде го благословува. Возвишениот и свет Бог кој престојува во вечноста ме гледа, го испитува моето срце и ги чита најтајните мисли и постапки на мојот живот“.
– 5 Сведоштво, 467.

Понеделник — 20. август
2. НЕБЕСЕН ПОРЕДОК

а. Како вистинската страхопочит кон Бога може да се негува дури и во мали групи собрани на јавно богослужение? Исаија 66,1.2; Јован 4,24; Матеј 18,20.

„Часот и местото на молитвата се свети, затоа што тука е Бог. И кога страхопочита се изразува со став и држење тоа само го продлабочува ова чувство. ’Страшно е и свето името Негово‘ (Псалм 111,9), вели Псалмистот. Ангелите го кријат своето лице изговарајќи го Господовото име. Со каква страхопочит треба да го изговараме ние кои што сме паднати грешници!“
– Пророци и цареви, 29.

б. Што треба да го карактеризира секој аспект на обожавањето на Бога, вклучувајќи ги и просториите каде што верниците се собираат? Левитска 26,2; 1 Коринтјаните 14,40.

„Куќите на светиите треба да се одржуваат чисти и уредни, слободни од нечистотија и валканост и било каква нечистота. Видов дека Божјиот дом е осквернет поради негрижа на родителите за нивните деца, поради неуредноста и нечистотијата кои можат таму да се видат. Видов дека таквите појави треба отворено да се укорат, и ако итно не се променат, некои кои тврдат дека ја познаваат вистината треба да бидат исфрлени надвор од логорот“.
– Одбрани пораки 3, 274.
„Почитта кон Божјиот дом речиси скоро исчезнала“.
– 5 Сведоштво, 468.
„Понизност и страхопочит треба да го карактеризираат однесувањето на сите кои доаѓаат во присуство на Бога. Во Исусово име ние можеме да излеземе пред Него со полна доверба, но не смееме да му се приближиме со дрска вообразба како Тој да е еднаков со нас. Има и такви кои на семожниот и свет Бог, кој живее во непристапна светлина, му се обраќаат така како што би ословиле некој на себеси рамен или дури на понизок од себе. Има такви кои во своето однесување во Неговиот дом се чувствуваат послободни отколку што би се осмелиле да бидат во приемната просторија на некој земен владетел. Тие би требало да имаат на ум дека се наоѓаат во присуство на Оној на кого му се клањаат серафими и пред кого ангелите ги засолнуваат своите лица. На Бога му припаѓа највисока почит и сите што навистина го чувствуваат Неговото присуство, понизно пред Него ќе се поклонат и ќе извикаат како и Јаков што извикал кога на сон го видел: ’Колку е страшно ова место! Ова е дом Божји, ова е вратата небеска‘ (Создавање 28,17)“.
– Патријарси и пророци, 254.

Вторник — 21. август
3. ПРИНЦИПИ НА БОГОСЛУЖБА

а. Што можеме ние, кои живееме во несимболичниот ден на помирување, да научиме од славењето на Бога во Стариот завет? 1 Коринтјаните 10,11.

„Од светоста на старозаветното светилиште, христијаните можат да се научат како треба да го почитуваат местото на кое Господ се состанува со својот народ“.
– 5 Сведоштво, 464.
„Еднаш во годината, првосвештеникот што служел во светилиштето со трепет влегувал во местото каде што се наоѓало Божјото присуство, додека облакот од темјанот ја сокривал славата од неговите очи. Во предворјето на храмот не смеело да се слушне ниту најмал звук. Ниеден свештеник не служел на олтарите. Мноштво верници, наведнати во тишина и страхопочит, ги упатувале своите молитви за Божјата милост“.
– 8 Сведоштво, 307.
„Ние имаме многу причини во службата на Бога да изразуваме дух на горлива побожност. Имаме причини да бидеме уште повнимателни и да негуваме уште поголема страхопочит кон нашите богослуженија од Евреите“.
– 5 Сведоштво, 469.

б. Кои суштински точки небрежно ги земаат мнозина таканаречени почитувачи на саботата? Проповедник 5,1.2; Авакум 2,20.

„Обичните разговори, шепотот и смеата не се дозволени во Божјиот дом, ниту пред ниту по службата“.
– 5 Сведоштво, 465.
„При излагањето на Божјата Реч, вие браќа, треба да имаме на ум дека го слушате Божјиот глас преку слугата кој Тој го одредил. Слушајте внимателно. Не заспивајте ниту еден момент, бидејќи во таа дремка може да ги пропуштите токму оние зборови кои ви се најпотребни – токму зборовите кои, кога внимателно би ги слушале, би ве спасиле да не застраните на погрешни патеки. Сатаната и неговите ангели се трудат да ги парализираат сетилата така што луѓето нема да можат да ги слушнат зборовите, или пак ако ги слушнат, тие да не влијаат на срцето и да го реформираат животот. Понекогаш, некое мало дете може да го привлече вниманието на слушателите така што драгоценото семе не паѓа на добра земја, и не донесува плод. Понекогаш момчињата и девојките имаат толку малку почит кон Божјиот дом и кон богослужението што за цело време на проповедта со потшепнувања и допишувања цело време комуницираат меѓусебно. Кога би можеле да ги видат Божјите ангели кои ги набљудуваат и го запишуваат нивното однесување, тие би се посрамиле и би се згрозиле од самите себе“.
– 5 Сведоштво, 466.
„Предворјето на црквата треба исто така да биде опкружено со света страхопочит“.
– 5 Сведоштво, 467.

Среда — 22. август
4. ФАКТОРИ КОИ ТРЕБА ДА СЕ РАЗГЛЕДААТ

а. Што можеме да научиме од верната Естира за значењето на христијанската облека? Естира 5,1.2 (прв дел). Како овој принцип можеме да го примениме кога излегуваме пред Царот на универзумот? Левитска 19,30.

„Во главата на мнозина не постои повозвишено мислење за Божјиот дом отколку за било кое друго место. Некои влегуваат во домот со шешир на главата и во извалкана и неуредна облека. Таквите не сфаќаат дека треба да се сретнат со Бога и светите ангели. Во сите наши цркви треба да се изврши драстична промена во овој правев. И самите проповедници треба да имаат повозвишени поими и да бидат почувствителни за ваквите нешта. Оваа гранка на делото страшно е запоставена. Заради непочитувањето во облекувањето, ставот и однесувањето, заради недостаток на вистинска побожност, Бог честопати го свртуваше своето лице од оние кои се собрале за богослужение.

Сите треба да се научат да бидат уредни, чисти и внимателни во нивното облекување, но исто така да не се оддаваат на надворешно украсување кое е целосно несоодветно за светилиштето. Не смее да се дозволи украсување, бидејќи поттикнува непочитување. Често вниманието на народот се свртува на овој или оној фин украс, и на тој начин се појавуваат мисли кои се спротивни на оние кои треба да бидат во срцата на верниците во тие мигови. Бог треба да биде предмет на нашето размислување и предмет на обожавање и сето она што ги одвраќа мислите од свечената, света служба е престап кон Него“.
– 5 Сведоштво, 471.

б. Опишете го видот на музиката која одговара за богослужба? Исаија 30,29.

„Оние кои се одговорни за музиката за богослужение треба да изберат песни кои одговараат во таа прилика – не погребни, туку ведри, но сепак свечени мелодии. Гласот може и треба да се прилагоди и стане мек, милозвучен“.
– Евангелизам, 508.
„Секоја служба (во Божјиот дом) треба да се врши свечено и со страхопочит, исто како да е видливо присуството на Господарот“.
– 5 Сведоштво, 466.

Четврток — 23. август
5. ВОДЕЊЕ НА ЦЕЛОТО СЕМЕЈСТВО

а. Наведи некои основни точки кои семејствата треба да ги разберат во поглед на богослужението. Псалм 95,1—6; 100,2—4.

„Родителите не треба само да ги поучуваат, туку и да им заповедаат на своите деца со сериозност и страхопочит да влегуваат во светилиштето.

Моралните погледи на оние кои доаѓаат на богослужение во Божјиот дом мора да бидат возвишени, благородни и посветени. Ова прашање за жал е запоставено. Неговото значење не се сфаќа и како последица на тоа преовладува безредие и непочитување, а му се нанесува срам на Бога. Кога водачите во црквата, проповедникот и народот, татковците и мајките немаат возвишено гледиште за тоа прашање, што може да се очекува од неискусните деца? Децата често се собираат во групи, одвоени од родителите кои би требало да се грижат за нив. Иако се наоѓаме во присуство на Бога и Неговите очи ги набљудуваат, децата се однесуваат лекомислено, се шегуваат, шепотат и се смеат, безгрижни се, невнимателни и немаат страхопочит. Ним ретко им се кажува дека проповедникот е Божји пратеник, дека веста што тој ја носи е орудие за спасување на душите и дека таа за сите оние што имаат предност да ја слушаат, за нив ќе биде животен мирис за живот или смртен мирис за смрт“.
– 5 Сведоштво, 469.

б. Зошто е толку важно да разбереме како правилно да му се поклонуваме на небесниот Бог? Исаија 1,12.13; Ефесјаните 5,17.

„Ако народот не се поучи за тоа што значи вистинско богослужение и вистинска страхопочит, ќе постои се посилна и посилна наклонетост сѐ она што е вечно и свето да се изедначува со обичното и оние кои ја исповедаат вистината ќе претставуваат само навреда за Бога и потсмев за верата“.
– 5 Сведоштво, 472.

Петок — 24. август
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Што Јаков го исполнило со страхопочит, и што ние треба да научиме од тоа?

2. Опиши некои од надворешните показатели за вистинско почитување на Бога?

3. Кое основно правило треба строго да го почитуваме во богослужението?

4. Како страхопочита може да нѐ води при нашиот избор на облека и музика?

5. На кој начин можеме да развиваме подлабока страхопочит?

2012 • 3. Квартал

9. лекција — Празнување на саботата

1. септември 2012
„Празнувајте ги Моите саботи за да бидат знак меѓу Мене и вас, па да знаете дека Јас сум Господ, вашиот Бог“.
— Езекиел 20,20.
„Саботата треба да се празнува многу посвето отколку што го прават тоа оние кои тврдат дека ја празнуваат“.
– 6 Сведоштво, 325.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Мараната, 238. 6 Сведоштво, 322—340.

Недела — 26. август
1. ПРОГЛАСЕНА ЗА БЛАГОСЛОВЕНА

а. Кога и зошто Бог ја јасно ја изразил Својата волја за човештвото во поглед на седмиот ден? Создавање 2,1—3; Излез 20,8—11.

„Во четвртата заповед Бог се открива како Творец на Небото и Земјата, и со тоа се разликува од сите лажни богови. Седмиот ден како спомен на делото на создавањето бил посветен и како ден за одмор на сите луѓе. Даден е со цел живиот Бог кој е извор на животот и кој треба да биде предмет на почитување и обожавање, постојано да се одржува пред очите на луѓето“.
– Големата борба, 49.
„Седмиот ден е избран ден од Бога. Тој не оставил ова прашање да биде преиначено од страна на свештеник или владетел… Бог видел дека луѓето, гледајќи ја сопствената корист и предност, ќе изберат ден кој најмногу им одговара на нивните склоности“.
– Мараната, 238.

б. Зошто Бог толку го заслужува нашето обожавање во спомен на Неговото создавање? Псалм 111,2.4.

„Кога темелите на земјата беа поставени, кога ликуваа утринските ѕвезди и кога сите Божји синови извикуваа со радост, тогаш биле воспоставени темелите на саботата… Затоа оваа институција ја бара нашата почит, таа не е воспоставена со човечки авторитет и не почива на човечки преданија“.
– Големата борба, 405.

Понеделник — 27. август
2. СПЕЦИЈАЛЕН ПОДАРОК

а. За кого саботата била создадена, и зошто? Марко 2,27.28.

„Саботата е воспоставена заради човекот, за да му донесе благослов со тоа што ќе го одвои неговиот дух од земните работи, за да може да ја посматра Божјата добрина и слава. Потребно е Божјиот народ да се собира за да зборува за Него, да разменува мисли и идеи во поглед на вистините кои се содржани во Неговиот Реч и да посвети дел од времето за соодветна молитва“.
– 2 Сведоштво, 656.
„Саботата – о, треба да се направи најсладок и најмногу благословен ден во целата седмица. Родителите можат и треба да им посветат внимание на своите деца, читајќи им ги најатрактивните делови од библиската историја и учејќи ги кон саботата да имаат страхопочит, држејќи ја според заповедта… Ако правилно ја празнуваат, тие можат саботата да ја направи милина, настојувајќи своите деца да ги заинтересираат за читање на Божјата Реч и за разговор за спасение на душите“.
– Мојот живот денес, 314.

б. Во овие раздвижени, динамични денови, како вистинскиот христијанин ја открива својата благодарност за посебниот подарок, Божјата сабота? Псалм 8,3.4; 92,5.6.

„Мнозина изгледа дека ги омаловажуваат миговите поминати во размислување и истражување на Светото писмо и во молитва, како да е изгубено времето поминато на тој начин. Би сакала сите да можат да ги согледаат овие нешта во светлината која Бог ја има за вас, бидејќи тогаш небесното царство би било од првостепена важност“.
– Синови и ќерки Божји, 109.110.
„Светот, преплавен со спорт и желби за уживања, постојано копнее по некои нови интереси. А колку малку време и размислувања се посветуваат на Творецот на Небото и Земјата. Бог ги повикува своите созданија да го свртат своето внимание од конфузијата и немирот околу нив и да се восхитуваат на делата на Неговите раце“.
– Синови и ќерки Божји, 109.110.
„Обележје на вистинскиот христијанин е секогаш пријатното расположение, светата и срдечна доверба во Бога и целосната преданост на Неговото провидение, што толку освежувачки делува на душата. Божјата љубов и Неговата добрина христијанинот ја манифестира во она изобилство во кое и ја прима. Убавините на природата претставуваат теми за кои треба да се размислува. Посматрајќи ги убавините на природата со кои сме опкружени и размислувајќи за тоа, нашите мисли се издигнуваат кон Творецот кој го создал сето тоа совршено и прекрасно“.
– 3 Сведоштво, 349.

Вторник — 28. август
3. ВО ЧЕСТ НА ТВОРЕЦОТ И ИСКУПИТЕЛОТ

а. Како Божјиот народ го почитува Бога во саботен ден? Исаија 56,1.2; 58,13.14; Матеј 11,28—30.

„Саботата ќе биде задоволство за сите оние што ја примаат како знак на Христовата создавачка и откупувачка моќ. Гледајќи го Христа во неа, тие наоѓаат задоволство во Него. Саботата им укажува на делата на создавање, како на доказ на Неговата силна моќ во откупувањето. Саботата потсетува на загубениот Едем и истовремено укажува на мирот, кој е повторно вратен преку Христа“.
– Копнежот на вековите, 210.
„Родители, вие самите треба да го имате на ум саботниот ден и правилно да го празнувате. И ако го правите ова, ќе бидете во можност да им дадете правилна настава на вашите деца, за и тие да имаат страхопочит кон Божјиот свет ден“.
– Мојот живот ден., 314.
„Кога го имаме на ум сето она што се однесува на успех на Божјото дело, тогаш увидуваме дека првите победи мораат да се извојуваат во домашниот живот. Овде мораме да ја започнеме подготовката за саботата. Родителите треба цела седмица да имаат на ум дека нивниот дом е училиште во кое нивните деца се подготвуваат за небесните дворови. Нека нивните зборови бидат вистинити и на право место. Од нивните усни не смее да излезе ниту еден збор кој нивните деца не треба да го слушнат. Духот мора да биде слободен од раздразливост“.
– 6 Сведоштво, 326.

б. Какво сериозно предупредување се дава против празнување на лажната сабота? Откровение 14,9—11. Како со празнувањето на вистинската сабота ја откриваме нашата поврзаност со Бога? Излез 31,13—17; Езекиел 20,12.20.

„Саботата која му е дадена на светот како знак на Бога во својство на Творец, исто така е дадена и како Негов знак во својство на Посветител. Силата која создала сѐ е истата сила која повторно ја ре—создава душата според Неговиот лик. Саботата е знак на посветеност за оние што ја празнуваат. Вистинска посветеност значи хармонија со Бога, единство со Него во карактерот. Тоа се постигнува по пат на потчинување на оние начела кои се препис на Неговиот карактер. Саботата е знак и на послушност. Оној кој од срце се покорува на четвртата заповед – ќе го почитува и целиот закон. Тој се посветува преку послушност.

Нам како и на Израел, саботата ни е дадена како ’вечен завет‘. За оние кои го почитуваат Неговиот свет ден, саботата е знак дека Бог ги признава како свој избран народ“.
– 6 Сведоштво, 323.

Среда — 29. август
4. ПОДГОТОВКИ ЗА ОДМОР

а. На кој начин Господ го утврдува почетокот и крајот на денот? Создавање 1,5 (последен дел); Левитска 23,32.

б. Наведи разни активности кои треба да се завршат пред зајдисонце на шестиот ден од седмицата. Излез 16,4.5.23: Марко 15,42; Лука 23,54—56.

„Во текот на целата седмица мораме да мислиме на саботата и да се подготвиме да ја празнуваме во склад со заповедта“.
– 6 Сведоштво, 326.
„Драгоцените зборови треба често да се повторуваат: ’Душо моја чекај само на Господа, зашто во Него е мојата надеж‘ (Псалм 62,5).

Кога така си спомнуваме за саботата, она што е земно и поминливо нема да го попречува она што е духовно. Ниту една должност која се однесува на шесте работни денови нема да биде оставена за саботата. Во текот на седмицата нашите сили нема да бидат толку исцрпени од овоземната работа, така што во денот кога Господ се одморал и освежил да бидеме толку изморени што нема да можеме да учествуваме во Неговата служба.

Иако преку целата седмица треба да се подготвуваме за сабота, сепак петокот е ден за посебни подготовки“.
– 6 Сведоштво, 327.
„Во петок треба да се завршат сите подготовки за сабота. Погрижете се сите облеки да бидат подготвени, готвењето завршено, чевлите исчистени и да се искапете. Сето тоа може да се среди и да се заврши ако себеси си го поставиме за правило. Саботата не смее да се помине во крпење на облека, во готвење на храна, во барање на задоволства или во било која друга земна работа. Пред заоѓање на сонцето оставете ја на страна секоја световна работа и тргнете ги од пред своите очи сите световни списанија. Родители, објаснете им ги на своите деца постапките во тој поглед како и нивната цел и дозволете и децата да уживаат во подготовките за сабота во согласност со законот.

Ние треба ревносно да ги чуваме границите на саботата, имајќи на ум дека секој момент е посветено, свето време. Секаде каде што за тоа постои можност, работодавачите треба да ги ослободат своите работници од работата од петок напладне до почетокот на саботата, давајќи им на тој начин време за подготовка, така што ќе можат со смирен дух да го дочекаат Господовиот ден. Со тоа нема да претрпите никаква загуба, дури ниту во земните работи.

Уште на една работа треба да ѝ се посвети внимание во денот за подготовка. Тој ден треба да се решат сите несогласувања помеѓу браќата, како во семејството, така и во црквата“.
– 6 Сведоштво, 328.

Четврток — 30. август
5. ПРАВИЛНО ПРАЗНУВАЊЕ НА САБОТАТА

а. Кој вид на активност е идеален за во сабота? Јован 5,5—9; Лука 6,9.10.

„Според четвртата заповед саботата е посветена за одмор и богослужба. Сите светски занимања треба да се остават, но делата на милост и добродушност се во согласност со Божјата намера. Тие не треба да бидат ограничени ниту со време или со место. Да се ублажат страдањата на унесреќените, да се утешат тажните – тоа се дела на љубов со кои се прави чест на Божјиот свет ден“.
– Служба на добродетелство, 77.

б. Со што мнозина родители стануваат виновни за исклучување на Бога од богослужението?

„Божјиот дом честопати е осквернет и саботата нарушена од децата на верниците кои ја празнуваат саботата. Во некои случаи тие дури им дозволуваат да трчаат околу домот, да се играат, зборуваат, и да го манифестираат својот лош темперамент за време на самите состаноци каде верниците треба да му служат на Бога во убавината на светоста. И местото кое треба да биде свето, каде што треба да владее света тишина, совршен ред, уредност и понизност, станува вистински Вавилон, ’конфузија‘. Ова е доволно да го предизвика Божјото незадоволство и да го изгони Неговото присуство од нашите собранија“.
– Совети за детето, 540.
„Не треба празнувањето на саботата да го сметаме само како прашање на законот, туку треба да ја сфатиме нејзината духовна поврзаност со сите животни постапки“.
– 6 Сведоштво, 326.

Петок — 31. август
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Кога и зошто Бог ја воспоставил саботата?

2. Кои особени предности саботата ги донесува на човештвото?

3. Образложи го длабокото значење и важноста на саботата?

4. Какви подготовки треба да се извршат пред почетокот на саботата?

5. Опиши ги потребните карактеристики за вистинско празнување на саботата?

2012 • 3. Квартал

10. лекција — Разликување меѓу свето и обично

8. септември 2012
„Тие треба да го учат Мојот народ да разликува свето од несвето и да им објаснуваат што е нечисто, а што е чисто“.
— Езекиел 44,23.
„Со цел луѓето да можат да го слават Бога на најдобар начин, тие треба да бараат друштво на такви кои разликата меѓу она што е свето и обично постојано ќе ја имаат во нивните умови“.
– 5 Сведоштво, 464.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Сведоштво за проп., 337. 356.

Недела — 2. септември
1. ПОУКИ ОД БИБЛИСКАТА ИСТОРИЈА

а. Кое експлицитно предупредување и укор Бог им упатил на свештениците? Левитска 22,15; Еремија 23,11; Езекиел 22,26.

б. Како Господ се обидувал да го убеди својот народ од потребата да ја избегнува дрскоста? 1 Сам. 6,19.20; 2 Самоилова 6,1—11.

„Колку повеќе дознаваме кој е Бог, и што сме ние во Неговите очи, толку повеќе ќе се плашиме и ќе трепериме пред Него.“
– 8 Сведоштво, 306.
„На денешните луѓе нека им послужи како опомена судбината на оние кои во дамнешни времиња се дрзнале слободно да постапуваат со она што Бог го прогласил за свето. Кога Израелците се осмелиле да го отворат ковчегот за време на неговото враќање од филистејската земја, нивната дрскост била страшно казнета ( 1 Самоилова 6,19.20).“
– 8 Сведоштво, 306.
„Размислете исто така и за казната која го снашла Уз. Кога за време на Давидовото владеење го пренесувале ковчегот во Ерусалим, Уз ја испружил својата рака за да го придржи. Него веднаш го снашла смрт затоа што се дрзнал да го допре симболот на Божјото присуство“.
– 8 Сведоштво, 306.

Понеделник — 3. септември
2. БОЖЈИ ТАЈНИ

а. Кои се некои од најголемите Божји тајни и каков треба да биде нашиот однос кон нив? Излез 33,17—23; Псалм 33,8.

„Видов престол на кој што седеа Отецот и Синот. Го посматрав Исусовото лице и се восхитував на Неговата прекрасна појава. До Отецот не можев да допрам со погледот затоа што го засолнуваше облак на светлина и слава. Го прашав Исуса дали надворешноста на Отецот е слична како Неговата. Одговори дека е иста, меѓутоа јас не можам да ја видам затоа што Тој рече: ’Кога би ја видела славата на Неговото лице, ти ќе престанеш да постоиш‘“.
– Рани списи, 57.
„’Она што е тајно, Му припаѓа на Господ, нашиот Бог, а она што е јавно – нам и на синовите наши довека‘ (Второзаконие 29,29). Откровението кое самиот Бог го дал за себе во својата Реч ни е наменето нам и треба да го проучуваме. Тоа можеме да настојуваме да го разбереме. Но подалеку од тоа не можеме да продреме. Највисокиот интелект може да се напрега додека не се умори, создавајќи разни претпоставки за Божјата природа, но неговите напори ќе останат напразни. Нам не ни е дадено да го решаваме овој проблем. Ниеден човечки ум не може целосно да го разбере Бога. Човекот во својата ограниченост нека не се напрега да го толкува Него. Никој нека не се впушта да нагодува за Неговата природа. Молчењето овде значи речитост. За Сезнајниот не може да се расправа.“
– 8 Сведоштво, 300.301.
„Дури ни на ангелите не им било дозволено да учествуваат во советувањето помеѓу Отецот и Синот кога е создаван планот на спасението. Оние човечки суштества кои се трудат да продрат во тајните на Севишниот покажуваат дека не ги познаваат духовните и вечни вистини“.
– 8 Сведоштво, 300.301.

б. Која голема тајна Бог сака ние да ја разбереме, и која е нашата света обврска поради тоа? 1 Тимотеј 3,16; 2 Коринтјаните 7,1. Опиши како првите адвентисти ги проучувале Светите списи? Исаија 28,10.13.

„Се собиравме заедно, со бреме во душата, молејќи се да бидеме едно во верата и доктрината; знаевме дека Христос не е поделен. Една по една точка беше предмет на нашето истражување. Писмото беше отворано со чувство на страхопочит. Често постевме за да се оспособиме за разбирање на вистината. Ако некоја точка не беше јасна, дискутиравме за неа после искрена молитва и секој можеше слободно да го изрази своето мислење, а потоа повторно ќе клекневме во молитва, и искрени молитви се дигаа кон небото за Бог да ни помогне да гледаме со исти очи, за да можеме да бидеме едно како што Христос и Отецот се едно. Многу солзи се пролеаја“.
– Сведоштво за проповедници, 24.25.

Вторник — 4. септември
3. ТАЈНИТЕ НА МРАЧНИТЕ СИЛИ

а. Наведи некои од маските со кои непријателот на душите мистериозно ја крие својата сила во овие последни денови. Откровение 17,1—5; 13,11—14; 16,13.14; 2 Коринтјаните 11,14.

„Една од главните причини за менталната неефикасност и моралната слабост е недоволната насоченост кон вредните цели. Ние се гордееме со широката распространетост на литературата; но умножувањето на книгите, дури и на оние кои сами по себе не се штетни, може да стане вистинско зло. Изложени на страшен наплив од печатен материјал, кој постојано излегува од печат, старите и младите стекнуваат навика да читаат брзо и површно, а умот ја губи способноста да мисли поврзано и енергично. Исто така, голем дел од списанијата и книгите кои, како жабите во Египет, ја преплавуваат земјата, не се само банални, празни и штетни, туку и порочни и унижувачки. Нивната цел не е само да го отрујат и упропастат умот туку и да ја расипат и упропастат душата. Умот и срцето кои се немарни и бесцелни, паѓаат како лесен плен на злото. Габите растат токму врз болните, безживотни организми. И токму невработениот ум е работилница на сатаната. Нека умот биде насочен кон високи и свети идеали, нека животот има благородна цел, смисла со која ќе биде сосема окупиран, па злото тешко ќе се пробие“.
– Воспитување, 189.190.

б. На кој начин безгрижниот став може да ги одвлече таканаречените верници и нивните деца директно во канџите на непријателот? Ефесјаните 5,3.4.

„Против нас сведочат нашите навики и обичаи кои му нанесуваат срам на Бога и на светите и небесни нешта ги сведуваат на степен на земни. Ние имаме света, испитувачка вистина која посветува, и ако нашите навики и нашите постапки не се во согласност со таа вистина, тогаш грешиме против големата светлина и нашата вина е во сразмер со истата. Во денот на Божјите одмазднички судови ќе им биде многу полесно на безбожниците отколку на нас“.
— 5 Сведоштво, 468.
„Мнозина глави на семејствата, службата ја прават предмет на критика; мал дел одобруваат, а сето останато го критикуваат. И така веста од Бога упатена на луѓето се критикува, се става на разгледување и станува предмет на лекомислени разговори. Само небесните книги ќе откријат како влијаат на децата овие лекомислени и невнимателни забелешки. Децата ги гледаат и разбираат овие нешта многу побрзо отколку што мислат родителите“.
– 5 Сведоштво, 470.

Среда — 5. септември
4. СВЕТ ИЛИ ОБИЧЕН ОГАН?

а. како Господ настојувал светоста на службата во храмот впечатливо да ја втисне во свеста на својот народ? Левитска 6,8—13; 10,1.2.8—10.

„Бог сакал да го поучи народот да му пристапува со најголема страхопочит и тоа само на начин што Тој го утврил. Тој не може да прифати само делумна послушност. Не било доволно при тоа свечено богослужение ’речиси‘ сѐ да се направи онака како што Тој одредил. Тој изрекол проклетство над оние кои отстапуваат од Неговите заповеди, не правејќи разлика меѓу обичните и светите нешта“.
– Патријарси и пророци, 370.
„Надав и Авијуд никогаш не би го сториле тој фатален грев кога пред тоа не би биле делумно опиени со слободна употреба на вино. Тие знаеле дека за влегување во светињата била потребна најгрижлива и најсвечена подготовка, зашто тука се покажувало Божјо присуство. Меѓутоа, со својата неумереност тие се дисквалификувале за таа света служба. Мислите им биле поматени, а сфаќањето на моралот отапено така што не биле веќе во состојба да ја спознаат разлика меѓу светото и обичното“.
– Патријарси и пророци, 372.

б. На кои опасности, според ова начело, и ние треба да обрнеме внимание денес? Исаија 50,11.

„Мнозина ќе застанат зад нашата проповедалница со факелот на лажно пророштво во своите раце, запален од пеколниот оган на сатаната. Ако сомнежот и неверието се негуваат, верните проповедници ќе бидат отстранети од народот кој мисли дека толку многу знае“.
– Сведоштво за проповедниците, 409.
„Не е точно дека брилијантните млади луѓе секогаш постигаат најголеми успеси. Колку често талентираните и образованите луѓе, кои биле ставени на доверливи позиции, се покажале неуспешни. Нивните способности блескаат како злато, но кога ќе дојдат во искушение, се покажуваат како лажен сјај и троска. Причина за неуспех во нивната работа е неверувањето. Тие не се вредни, истрајни и темелни и не заронуваат во длабината на работите. Не се подготвени да тргнат од почеток, и по скалите на успехот трпеливо и напорно да се искачуваат чекор по чекор до врвот. Тие одат во искрите (моментален блесок на нивните мисли) кои самите ги запалиле. Не се чувствуваат зависни од мудроста која само Бог може да ја даде“.
— Темели на христијанско воспитување, 193.

Четврток — 6. септември
5. ОДДЕЛУВАЊЕ ОД ГРЕВОТ И ГРЕШНИЦИТЕ

а. Наведи еден од трендовите кој моментално се промовира во општеството и објасни како Бог очекува Неговиот народ да одговори на тоа? Исаија 8,12.13; јаков 4,4; Езекиел 44,23.

„Знаете ли што е конфедерација (сојуз) – тоа е здружување на луѓе во дело кое не носи печат на чистота, искреност и непоколеблива чесност“.
– Библиски коментари, 318.
„Ние можеме себеси да си дозволиме да го изгубиме пријателството на световните луѓе. Оние кои се здружуваат со световните луѓе, за да можат да ги остварат своите несвети цели, прават страшна грешка; бидејќи ќе го изгубат Божјо одобрување и Неговиот благослов… Не постои такво нешто како што е одржување на слога меѓу светото и несвето. Не може да има слога помеѓу Христа и Велијар“.
– Денес со Бога, 354.

б. Што Господ секогаш барал од своите избраници да направат? Создавање 12,1.4; 2 Коринтјаните 6,17.18. Зошто е ова особено важно во времето на запечатувањето кое што сега се случува? Откровение 18,4.5.

„Самиот Господ поставил ѕид на поделба помеѓу светот и она што Тој го воспоставил на земјата. Божјиот народ треба да му служи Нему, бидејќи Христос ги повикува од овој свет, и ги посветува и облагородува, за да можат да му служат само Нему“.
– Денес со Бога, 354.
„Родители, беа должни да ги соберат своите деца околу себе. Истата должност ја имаме и ти и јас и сите мајки што веруваат во вистината. Ангелот става знак на челата на сите оние кои се одвојуваат од гревот и од грешниците, а по него доаѓаат ангели кои целосно ги уништуваат и старите и младите“.
– 5 Сведоштво, 478.

Петок — 7. септември
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Каква поука можеме да извлечеме од судбината на Уз?

2. Истакни ја разликата помеѓу божествените тајни и оние вистини кои ни се откриени?

3. Откриј некои од замките на сатаната насочени кон оние кои ја празнуваат саботата?

4. Објасни во што е разликата помеѓу светиот и обичен оган?

5. Што не е во ред со екуменизмот?

2012 • 3. Квартал

11. лекција — Честа на семејството

15. септември 2012
„Одберете си сега, кому да му служите… а, пак, јас и домот мој ќе му служиме на Господ“.
— Исус Навин 24,15.
„Оние кои на вистински начин управуваат со своите семејства, со своето влијание ќе донесат ред и страхопочит и во црквата“.
– Мојот живот денес, 311.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Адвентистичко семејство, 114—120.

Недела — 9. септември
1. ПРВИОТ ОСНОВЕН ЧЕКОР

а. Опишете што сѐ е опфатено со петтата Божја заповед и благословите ветени на послушните. Ефесјаните 6,1—3. Зошто сатаната толку многу сака да ја поткопа оваа заповед?

„Родителите имаат право на извесен степен на љубов и почит повеќе од кој и да е друг. Самиот Бог, кој ги задолжил за душите доверени на нивна надлежност, одредил родителите во првите години од детскиот живот пред децата да бидат Негови претставници. Затоа, секој што го отфрла законитиот авторитет на родителите, го отфрла Божјиот авторитет. Петтата заповед бара од децата не само на родителите да им укажуваат почит, покорност и послушност, но исто така да им пружат љубов и нежност, да ги олеснат нивните грижи, да го заштитат нивниот углед и во староста да им пружат потпора и утеха“.
– Патријарси и пророци, 313.
„Непочитувањето на родителскиот авторитет наскоро ќе доведе и до презир на Божјиот авторитет“.
– Патријарси и пороци, 346.

б. Кој друг е вклучен во оваа заповед? 1 Петрово 5,5 (прв дел); Левитска 19,32.

„Оваа заповед бара да се почитуваат и службениците во црквата и органите на власта и сите оние на кои Бог им дал авторитет“.
– Патријарси и пророци, 314.

Понеделник — 10. септември
2. БОГОБОЈАЗЛИВИ СОПРУЖНИЦИ

а. Опиши го Божјиот план за сопружниците. Ефесјаните 5,22.25.33; 1 Петрово 3,1—7: Колосјаните 3,18.19. На кој начин овој план често се нарушува?

„Колку внимателен треба да биде сопругот и таткото за да ја одржи верноста на својот брачен завет. Колку треба да биде внимателен во неговата служба, за да не поттикнува мисли кај младите девојки и омажените жени кои не се во согласност со возвишените и свети мерила — Божјите заповеди!“
– 5 Сведоштво, 561.
„Наложено ми е да им кажам на оженетите луѓе: вашата почит и наклонетост должни сте да им ја укажувате на своите сопруги – мајки на вашите деца. Вашето внимание треба ним да им го посветите. Нека плановите како да ги усреќите секогаш ги обземаат вашите мисли“.
– Писмо 231, 1903.
„Покажани ми се семејства каде што сопругот и таткото не ја сочувал онаа резерва, она достоинство, на Бога слична машкост каква што му прилега на Христовиот следбеник. Не се трудел кон својата жена да биде нежен, љубезен, како што му налага должноста. Тој ветил пред Бога и ангелите дека ќе ја љуби, почитува сѐ додека двајцата ќе бидат живи. Вработената девојка кога била во негова близина била слободна да му укажува внимание, дури и малку претерано. Му ја чешлала косата и тоа му годело, страшно му годело. Тој сега не ја покажувал кон својата жена онаа љубов и внимание која некогаш ѝ ја укажувал. Бидете уверени дека овде веќе сатаната е на дело..“
– 2 Сведоштво, 514.
„О, колку животи се загорчени со рушење на ѕидовите кои го оградуваат приватниот живот на едно семејство и кои се подигнати за да се сочува неговата чистота и светост! Жената ја подарува довербата на некое трето лице и му ги открива своите семејни тешкотии. Тоа е сатанско лукавство за да ја отуѓи жената од мажот! Колку неволји би се избегнале кога би престанало со ова! Заклучете го во своето срце сознанието за маните на другиот. Само на Бога кажете му ги своите проблеми. Тој може да ви даде вистински совет и сигурна утеха која ќе биде чиста и нема да има никаква горчина во неа“.
– 2 Сведоштво, 515.
„Кога некоја жена раскажува за своите семејни проблеми, или на друг човек му се жали за својот сопруг, таа со тоа ја крши брачната заклетва, го срамоти својот сопруг и го руши ѕидот којшто е подигнат за да ја чува светоста на брачната врска; таа со тоа широко ја отвора вратата и го повикува сатаната да влезе со своите подмолни искушенија. Тоа е токму она што сатаната го сака. Ако една жена дојде кај брат христијанин со приказна за своите страдања, разочарувања и проблеми, тој брат мора да ја советува, ако мора некому да ги довери своите проблеми, треба да избере сестри за свои доверители“.
– 2 Сведоштво, 338.

Вторник — 11. септември
3. ПРЕДИЗВИК ЗА НАШИТЕ ДЕНОВИ

а. Какво семејство му е по волја на Бога? Исус Навин 24,15 (последен дел).

„Ангелите уживаат во домот во којшто Бог има највисока власт, а децата се учат да ја почитуваат религијата, Библијата и нивниот Создател“.
– 5 Сведоштво, 400.
„Оние што го љубат Бога и ги почитуваат Неговите заповеди имаат света привилегија со постојано одржување на врска со Бога да ја изострат нивната претстава за светоста и славата на сето она што е божествено. Ние треба да внесуваме страхопочит во нашиот секојдневен живот“.
– Мојот живот денес, 311.

б. Кој сериозен проблем сѐ повеќе зема замав во овие последни денови? 2 Тимотеј 3,2. Како ние треба да се соочиме со овој предизвик? Ефесјаните 6,13.

„Во дамнешни времиња авторитетот на родителите бил почитуван и уважуван; децата биле потчинети на своите родители слушајќи ги со страхопочит; меѓутоа, во ова последно време работите наопаку се поставени. Мнозина родители се потполно потчинети на своите деца. Тие не се осмелуваат да се спротивстават на волјата на своите деца, и затоа им се потчинуваат. Меѓутоа, додека се под кровот на своите родители и зависат од нив, децата се должни да се потчинуваат на контролата на родителите. Родителите мораат да бидат одлучни, барајќи нивните гледишта и расудување да се уважуваат.“
– 1 Сведоштво, 203.
„Родителите мораат совршено да владеат со своите чувства, и благо, но одлучно да ја насочуваат волјата на детето сѐ додека тоа не навикне дека не може да очекува ништо друго освен да се потчини на вашата волја“.
– 1 Сведоштво, 203.

в. Кое сериозно предупредување мора да се земе во предвид од страна на возрасните во поглед на нивниот однос кон децата и младите? Лука 17,1.2.

„Спасението на децата многу зависи од правецот по кој одат нивните родители. Во својата погрешно сфатена љубов и во приврзаноста кон децата родителите честопати се премногу попустливи и тоа на штета на самите деца..“
– 1 Сведоштво, 201.
„Некои деца, како што стануваат постари, сметаат дека е сосема природно да имаат своја сопствена волја и дека родителите мораат да се покоруваат на нивните желби. Тие очекуваат нивните родители да им служат. Не поднесуваат никакво ограничување, и кога доволно ќе пораснат за да им бидат од помош на своите родители, не ги прифаќаат должните обврски. Таквите деца биле ослободувани од секоја одговорност, и кога ќе пораснат не се од никаква корист ниту во куќата ниту надвор од неа. Обично немаат ниту сила, ниту издржливост“.
– 1 Сведоштво, 203.

Среда — 12. септември
4. ВИСТИНСКА СЕМЕЈНА ДИСЦИПЛИНА

а. На кого најпрвин се однесува пораката на пророкот Илија за последните денови? Малахија 4,5.6 (прв дел); Второзаконие 6,6—8; Изреки 23,13.14. На кој начин црквата страда кога родителите не одговараат на овој повик?

„Тие деца не се навикнати на самоодрекување, бидејќи им се попушта во сѐ, се задоволуваат сите нивни желби и затоа се со мошне слабо здравје. Нивните постапки и однесувањето не се прифатливи. Тие се незадоволни и сите околу себе ги прават несреќни. И додека децата се сѐ уште деца, додека треба да бидат строго потчинети на дисциплината на родителите, им се дозволува да одат во друштво, да се дружат со оние што се слични на нив, и така еден на друг вршат негативно влијание што го изопачува карактерот.

Божјо проклетство неизбежно ќе почива врз неверните родители. Со таквиот свој однос кон децата тие не само што сеат трње што ќе ги ранува во овој живот, туку со своето неверство ќе мора да се соочат и на Божјиот суд. Многу деца тогаш ќе ги осудуваат своите родители што не ги ограничувале и ќе ги обвинуваат за својата пропаст. Лажното сочувство и слепата љубов ги наведува родителите да изнаоѓаат изговори за грешките на своите деца и молчешкум да преминуваат преку тоа, и како последица на тоа децата се загубени, и крвта на нивните души ќе почива на неверните родители.“
– 1 Сведоштво, 203.
„Децата на кои им е така дозволено да пораснат недисциплинирани, мораат сето тоа што го пропуштиле дополнително да го научат, ако сакаат да бидат Христови следбеници. Целиот нивен верски живот е под влијание на она што го научиле во детството. Самоволие, недостаток на самоодрекување, неподнесување на укори, неприфаќање на совети и мислења на другите, немарност, избегнување на товар и недостиг на одговорност, и многу други негативни особини од детството, многу често во подоцнежниот живот доаѓаат до израз. Сето тоа се одразува и на нивните односи со браќата и сестрите во црквата. Можно е таквите сето тоа и да го победат, но колку тешка борба мораат да водат! Колку остри судири со самите себе! Колку е тежок патот на дисциплинирање по кој мораат да поминат за да се воздигнат на ниво на христијански карактер!“
– 1 Сведоштво, 203.

б. Опишете го потребниот баланс во воспитувањето на деца за Бога? Ефесјаните 6,4; Изреки 29,15; Колосјаните 3,21. Со што може ова да се олесни?

„Родителите не смеат да дозволат работните грижи, световните обичаи и девизи, како и модата да ги обземат до таа мера што ќе ги занемарат своите деца во најраното детство и да не им дадат соодветни упатства во текот на нивниот развој“.
— Знаци на времето, 17. септември, 1894.

Четврток — 13. септември
5. ШИРЕЊЕ НА ПРАВИЛНО НАСОЧУВАЊЕ НА СЕМЕЈСТВОТО

а. Какви семејни доблести можеме да научиме од Авраам? Создавање 18,19.

„Должност на оние кои тврдат дека се христијани е пред светот да прикажат добро организирано и добро воспитано семејство – семејство кое ќе покаже сила на вистинско христијанство“.
– Водење на детето, 233.
„Добро дисциплинираното семејство, кое го сака и почитува Бога, ќе биде радосно и среќно. Таткото, кога се враќа од неговата секојдневна работа, нема во својот дом да донесе никаква збрканост. Тој чувствува дека домот и семејниот круг се премногу свети за да ги наруши со својата збрканост. Кога го напушта својот дом, тој не го остава својот Спасител и својата религија зад себе. Обата се негови придружници. Слаткото влијание на неговиот дом, благословот на неговата сопруга и љубовта на неговите деца, го прават неговото животно бреме полесно и тој се враќа со мир во своето срце и охрабрувачки зборови за својата жена и деца, кои радосно и со добредојде го очекуваат неговото враќање. Додека со членовите на семејството клечи покрај семејниот олтар упатувајќи му благодарност на Бога кој не престанува да го чува него и неговите сакани, Божјите ангели лебдат во собата, и ги носат срдечните молитви на богобојазливите родители на небото како сладок темјан, и како одговор на тоа им донесуваат благослови“.
– Одбрани пораки 2, 439.440.

б. Бог дава одредени ветувања за сите верници – вклучувајќи ги и оние кои не се благословени со привилегија на семејни врски. Какви се одговорностите на црквата кон таквите? Исаија 54,1—3; Јов 29,15.16.

„Поканувајте ги во вашите домови оние кои имаат потреба од гостопримство и љубезно внимание. Не правете парада, но кога ќе ја видите нивната потреба повикајте ги во својот дом и покажете им вистинско христијанско гостопримство“.
– 6 Сведоштво, 320.

Петок — 14. септември
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Објасни ја длабочината на петтата заповед во кругот на семејството.

2. Што претставува ’свет круг‘ со кој треба да биде оградено семејството?

3. Со кој сериозен предизвик мораат да се соочат родителите во овие последни денови на земната историја?

4. Што значи соодветна рамнотежа потребна за насочување на децата по правиот пат?

5. Во која смисла пророштвото во Исаија 54,1—3 може да се примени денес?

2012 • 3. Квартал

12. лекција — Понизност, верност и почит

22. септември 2012
„Почитувајте го секого, браќата сакајте ги, имајте страхопочит кон Бога, царот почитувајте го“.
— 1 Петрово 2,17.
„Бидете љубезни и кон Бога и едни кон други. Запомнете дека Тој сака да ги имате најдобрите манири за да можете да го прославите пред светот“.
– Синови и ќерки Божји, 315.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: 4 Сведоштво, 15—20. 6 Сведоштво, 365—371.

Недела — 16. септември
1. ОЖИВУВАЊЕ НА ЕДНО ДАМНЕШНО НАЧЕЛО

а. Како треба да ги третираме остарените Божји слуги – и зошто? Изреки 16,31; Броеви 12,1—10; 2 Царевите 2,22—24.

„Страхопочит треба да се покаже и кон Божјите претставници – кон проповедниците, учителите и родителите кои се повикани да зборуваат и дејствуваат во Негово име. Почитувајќи ги нив, му укажуваме чест на Бога“.
– Воспитување, 219.
„Родителите се жалат дека нивните деца се со закоравени срца и дека во нив не можат да пробудат чувство на одговорност кон Божјите барања. Но, во небесните книги со перо кое не прави грешки е запишана вистинската причина за ова. Нивните ниски и површни претстави за светоста на проповедничкиот позив и на Божјо светилиште се вткаени во воспитувањето на нивните деца.“
– 5 Сведоштво, 470.
„Родители, внимавајте каков пример и какви идеи им давате на вашите деца. Нивниот ум мошне е подложен на влијание и лесно прифаќа. Ако говорникот за време на богослужението направи некоја грешка, не спомнувајте го тоа. Зборувајте само за неговите добри постапки и за добрите мисли што ги изнел, кои треба да ги цените како да доаѓаат преку Божји посредник. Многу е лесно да се види зошто работата на проповедниците има толку слабо дејство врз децата и зошто тие имаат толку мала страхопочит кон Божјиот дом. Нивното воспитување во тој поглед е неправилно“.
– 5 Сведоштво, 470.

Понеделник — 17. септември
2. ОД БОГА ВДАХНОВЕНА ЛОЈАЛНОСТ

а. Каква неверојатна лојалност Давид покажал дури и кон царот Саул кој нескриено се обидувал да го убие? 1 Самоилова 24,4—6; 26,8.9. Каков бил резултатот? 1 Самоилова 24,16—19; 26,21—25.

„Тоа што Давид и по вторпат му го поштедил животот на својот господар оставило уште подлабок впечаток врз Сауловиот дух и го поттикнало со уште поголема понизност да ја признае својата вина. Тој бил вчудоневиден и совладан од појавата на толкава добрина. Разделувајќи се со Давида, извикнал: ’Благословен да си, сине мој Давиде; ти ќе го извршиш она што си го започнал, и бездруго ќе победиш‘ (1 Самоилова 26,21.22)“.
– Патријарси и пророци, 709.

б. На кој начин ние покажуваме длабока почит кон телото Христово? 1 Тимотеј 5,17—19; Евреите 13,17; 1 Петрово 4,8.9; 5,5.

„Многумина не ја сфаќаат светоста на поврзаноста со црквата и неволно ѝ се потчинуваат на дисциплината и ограничувањето. Со своите постапки и живот тие покажуваат дека за нив личното мислење е покомпетентно од единствено прифатениот став на црквата и не се притеснуваат да поттикнуваат дух на спротивставување кон гласот на црквата. Оние кои се наоѓаат на одговорни положби во црквата можат да имаат свои недостатоци како и останатите луѓе, можат и да згрешат со своите одлуки; но, и покрај сето тоа, Христовата црква на Земјата им дала авторитет кој не смее да се потценува нити презира. По своето воскресение, Христос ја пренел власта на својата црква, велејќи: ’На кој ќе му ги простите гревовите, простени му се, а на кој ќе ги задржите, задржани се‘.“
– 4 Сведоштво, 17.
„Поврзаноста со црквата не треба лесно да се раскинува; па сепак некои кои тврдат дека се Христови следбеници, кога ќе им се застане на патот или кога нивниот глас го нема она влијание кое според нивно мислење го заслужува, тие се закануваат дека ќе ја напуштат црквата. Но, ако ја напуштат црквата, најголеми губитници ќе бидат токму самите тие; бидејќи – напуштајќи ја заштитната ограда на нејзиното влијание – потполно се изложуваат на сите можни искушенија во овој свет.“
– 4 Сведоштво, 17.
„Секој верник треба со сето срце да биде поврзан со црквата. Напредокот на црквата треба да му биде на прво место; но ако тој не чувствува света обврска со своето членство да биде на благослов на целината, а не да го гледа својот личен интерес, тогаш на црквата ќе и биде многу подобро без него“.
– 4 Сведоштво, 17.

Вторник — 18. септември
3. ОДНОС КОН ВРАБОТЕНИТЕ

а. Каков апел апостол Павле му упатил на Филимон во поглед на неговиот своеволен слуга? Филипјаните 15,16 (погрешен извор во текст). На кои принципи работодавците можат да се научат од ова? Матеј 5,7; Филипјаните 2,4; Колосјаните 4,1.

„Дали светлината на вистината која го осветлила вашиот пат ја пренесувате и на вашите работници, како би можела и тие да станат Божји соработници? Бог ви дал скапоцени привилегии и предности во испраќањето на светлината на Неговата вистина, и вие треба благословите кои сте ги примиле да ги поделите со другите“.
– Одблесок на Христовиот карактер, 206.

б. Што можеме да научиме од советот даден во врска со вработувањето на помошници во институционалните ресторани?

„Управителите на нашите ресторани треба да се залагаат за спасение на вработените. Тие не смеат да се преморуваат, така што ќе немаат ниту сила ниту волја духовно да им помагаат на работниците. Тие треба своите најдобри сили да ги посветат да ги подучат своите вработени во духовните вистини, објаснувајќи им ги Писмата и молејќи се со нив и за нив“.
– Објавени ракописи 4, 285.
„Во секој ресторан треба да бидат вклучени маж и неговата жена кои ќе бидат чувари на работниците, маж и жена кои го љубат Спасителот и душите за кои умрел, и кои ги пазат Господовите патишта.“
– 7 Сведоштво, 106.
„Младите жени треба да бидат под надзор на една мудра и разумна сестра, жена која е целосно обратена и која грижливо ќе внимава на работничките, особено на помладите.“
– 7 Сведоштво, 106.
„Работниците треба да чувствуваат дека тие имаат дом. Тие се Божја помошна рака и кон нив треба да се постапува исто толку грижливо и нежно како што Христос рекол дека треба да се постапува кон малото дете кое го поставил меѓу своите ученици. Тој рекол: ’Кој ќе соблазни едно од овие мали, кои веруваат во Мене, за него е подобро да му се обеси воденичен камен на вратот, и да потоне во морската длабочина‘. ‘Гледајте да не презрете едно од овие мали; зашто ви велам, дека нивните ангели во небесата, постојано го гледаат лицето на мојот Татко, кој е на небесата‘ (Матеј 18,6.10). Грижата која треба да им се посвети на овие вработени е една од причините поради кои во големите градови треба да постојат повеќе мали ресторани, наместо еден голем“.
– 7 Сведоштво, 106.

Среда — 19. септември
4. РАБОТОДАВЦИТЕ И ГРАЃАНСКИТЕ ВЛАСТИ

а. Како Писмото нѐ учи да ги почитуваме сите видови на господари и работодавци? Колосјаните 3,22.23; 1 Тимотеј 6,1.2; 2 Петрово 2,18—20.

„Биди верен и темелен во работата, имајќи секогаш на ум дека врз тебе не само што лежи погледот на твоите работодавачи, туку и Божјото око, од кое не може да се сокрие ниеден твој чекор. Божјиот ангели ги гледаат твоите постапки; затоа мораш да настојуваш секоја твоја работа да носи печат на вистината и побожноста, бидејќи и тоа е составен дел од религијата“.
– 2 Сведоштво, 82.

б. Каква остра спротивставеност постои меѓу непобожните и вистинските христијани во односот кон граѓанските власти и законите? Јуда 8; 1 Петрово 2,13.14.17; Римјаните 13,1.2.

„Не е мудро постојано да се изнаоѓаат мани во она што го прават државните раководители. Не е наша работа да напаѓаме поединци или институции. Мораме многу да се чуваме од тоа, за да не бидеме сфатени како да се противиме на граѓанските власти…“
– 6 Сведоштво, 365.
„Не смееме да постапуваме така што ќе изгледа дека се застапуваме за предавство. Од нашите написи и говори мораме да го искорениме секој израз кој сам по себе може да биде погрешно разбран како спротивставување на законот и поредокот.“
– 6 Сведоштво, 365.
„Ќе дојде време кога нашите непријатели, за да можат да нѐ осудат, ќе ги искористат непромислените изрази, кои не размислувајќи, ги изговориле или напишале нашите браќа. Тие изрази нема да се користат само против оние кои ги изговориле, туку ќе се употребат за осуда на целата адвентистичка црква. Нашите тужители ќе кажат дека тој и тој ден еден од нашите одговорни браќа го кажал тоа и тоа против власта и законот на оваа држава. Мнозина ќе се зачудат кога ќе видат колку нешта биле негувани и на кои ќе се сетат нашите противници за да го поткрепат своето тврдење. Многумина ќе се зачудат кога ќе ги слушнат своите сопствени зборови на кои тогаш ќе им се изврти смислата која тие не им ја придавале. Според тоа, нашите работници мораат да се трудат внимателно да зборуваат секој момент и во сите околности. Тие мораат да се чуваат со непромислени изрази да не го донесат времето на неволја перед големата криза во која човечките души ќе бидат испробани“.
– 6 Сведоштво, 365.

Четврток — 20. септември
5. ПРИМЕРЕН СТАВ

а. Каков став не треба да заземаме дури ниту кон оние за кои мислиме дека се во мракот на заблудата? Проповедник 7,9.

„Постојат некои кои уживаат во несериозност, сарказам, па дури и им се потсмеваат на оние кои се разликуваат од нив“.
– Сведоштво за проповедници, 108.
„Некои во говорот употребуваат преостри и некоректни изрази за да ги повредат чувствата на другите, а потоа се правдаат велејќи: ’Тоа е мојот начин; јас секогаш отворено го кажувам она што го мислам; и на тој начин таа одвратна црта на својот карактер ја воздигаат како доблест…“
– Нашиот висок повик, 229.
„Таков нељубезен збор треба да остане неизговорен, таквото себично непочитување кон среќата на другите треба да се замени со сочувство и промисленост“.
– Нашиот висок повик, 229.

б. Кој е вистинскиот став? 1 Солунјаните 5,14.15; 2 Тимотеј 2,24—26.

„Да се молиме, не само за нас самите, туку и за оние кои ни наштетиле и продолжуваат да нѐ повредуваат“.
– Библиски коментари, 244.

в. Опишете го Христовиот став кон Неговиот гонители? Матеј 5,44.45; Лука 23,34. Каков бил Неговиот став кон ѓаволот? Јуда 9.

„Спасителот со ниту еден збор не мрморел, ниту се жалел… Не им упатил клетва на војниците, кои толку свирепо постапувале со Него. Никаква одмазда не била повикана над свештениците и поглаварите кои ликувале затоа што ја оствариле својата цел. Исус ги сожалувал“.
– Копнежот на вековите, 579.

Петок — 21. септември
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Каква почит без поговор должиме кон црковното тело и нејзините водачи?

2. Што можеме да научиме од Давидовиот став кон Саула?

3. Објасни ја сериозната одговорност на христијанинот на работното место?

4. Како треба да се избегне секаков вид на антагонизам против авторитетот?

5. Што можеме да научиме од Исусовиот став на крстот?

2012 • 3. Квартал

13. лекција — Живот во страхопочит

29. септември 2012
„Па така, внимавајте добро како живеете! Не како безумни, туку како мудри; ползувајте го времето, зашто дните се лукави“.
— Ефесјаните 5,15.16.
„Не постои друг начин да се покаже страхопочит која Нему би му била така угодна како што е послушноста кон она што Тој го рекол“.
— Воспитување, 244.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: 1 Сведоштво, 467—471. 4 Сведоштво, 601—620.

Недела — 23. септември
1. ИСКУСТВОТО НА ЕНОХ

а. Како вдахновението го опишува духовниот живот на патријархот Енох? Создавање 5,24 (прв дел); Евреите 11,5.

„Молете се во тајност, но и додека ги извршувате секојдневните работи воздигајте ги вашите срца кон Бога. Така и Енох одел со Бога. Овие тивки молитви се воздигаат како скапоцен темјан пред престолот на благодатта. Сатаната не може да го совлада оној чие срце на таков начин се утврдува во Бога“.
– Патот кон Христа, 90.

б. Како што светиите се подготвуваат за вознесение во овие последни денови, како искуството на Енох се поврзува со страхопочита кон Божјото присуство со вистинското посветување? Создавање 5,24; 1 Јованово 3,2.3.

„Од ден на ден (Енох) се воздигал од сопствениот пат, барајќи го Христовиот божествен, небесен пат. Тој постојано се прашувал: Дали е ова патот Господов? Постојано растел и напредувал, одржувајќи непрекината заедница со Отецот и со Синот. Тоа е вистинско посветување“.
– Библиски коментари, 693.
„Како што Енох се вознел на небото пред светот да биде уништен со вода, така и праведниците живи ќе бидат земени од Земјата пред таа да биде уништена со оган“.
– Патријарси и пророци, 68.

Понеделник — 24. септември
2. НАДВОРЕШНОСТА ЈА ОТКРИВА ВНАТРЕШНОСТА

а. Објасни го важниот надворешен услов кој Господ го бара од сите за да можат да се подготват да се сретнат со Него во мир. Излез 19,10.11.

„Кога Господ барал строга чистота од оние кои на своето патување низ пустината речиси постојано биле на отворено, Тој не бара ништо помалку од нас коишто живееме во затворени куќи каде нечистотијата е уште повидлива и има уште поштетно влијание“.
– Совети за здравјето, 82.
„Господ им заповедал на синовите Израелови да ги измијат своите облеки и да ја отстранат секоја нечистотија од нивниот логор, за да не ја види нивната нечистотија кога поминува. Бог и денес поминува покрај нашите домови и ги гледа нехигиенските услови и нездравите навики на семејствата. Зарем не би било подобро да се реформираме, и тоа без одлагање“.
– Водење на детето, 106.

б. Што всушност симболизира оваа чистотата? Откровение 19,8; Матеј 5,8; 1 Тимотеј 5,22 (посл. дел).

„Видов дека неуредните и нечисти Бог не ги признава за христијани. Таквите не го заслужуваат Неговото одобрување. Нашите души, тела и духот треба да бидат прикажани пред Отецот во беспрекорна состојба, и ако не сме чисти и однадвор и однатре не можеме да бидеме прикажани пред Бога како беспрекорни.“
– Одбрани пораки 3, 273.274.
„Видов дека куќите на светиите треба да се држат чисти и уредни, слободни од нечистотија, валканост и каква било нечистота. Видов дека Божјиот дом бива осквернет поради негрижа на родителите кон нивните деца, и од страна на неуредноста и нечистотијата кои можат да се видат таму. Видов дека овие појави треба отворено да се укорат, и ако веднаш не се променат, некои од таквите кои тврдат дека ја познаваат вистината треба да бидат отстранети од логорот“.
– Одбрани пораки 3, 273.274.
„Нечистите, запоставени агли во домот укажуваат на нечисти и занемарени агли во душата“.
– Водење на детето, 114.

в. Наведи некои од принципите на христијанското облекување и надворешниот изглед кои сите верници – вклучувајќи ги и младите – треба да ги разберат. 1 Тимотеј 2,9.10; Тит 2,11—14; 3,2.

„Облеката е показател на умот и срцето. Она што се истакнува надвор претставува знак кој покажува што е внатре“.
– Ум, карактер и личност 1, 289.

Вторник — 25. септември
3. ПОКАЗАТЕЛ НА СРЦЕТО

а. Која сериозна претстава за начинот на облекувањето и надворешниот изглед треба да се поддржува во овој несимболичен ден на помирување? Проповедник 11,9; Римјаните 13,14.

„Горделивоста и љубовта кон светот кои доаѓаат до израз во начинот на облекувањето на нашите сестри ги одбиваат од вистината многу души кои биле потполно осведочени од неа. Објавената вистина делува толку јасно и складно што заинтересираните чувствуваат дека со прифаќање на истата мораат да земат и тежок крст. Но кога ќе видат толкаво парадирање во облекувањето на нашите сестри, тие заклучуваат: ’Овие верници во начинот на облекување воопшто не се разликуваат од нас. Тие всушност не веруваат во она што го исповедаат; и на крајот на краиштата, тие мора да се измамени. Кога навистина би верувале дека Христос наскоро доаѓа, кога судбината на секоја душа ќе биде одлучена за вечен живот или смрт, тие не би жртвувале толкаво време и пари за да се облечат според последната мода‘. Колку малку знаат овие таканаречени сестри каква проповед исповедаат со својот начин на облекување!“.
– 4 Сведоштво, 613.
„Нашите зборови, нашите постапки и нашиот начин на облекување јасно и недвосмислено зборуваат дали ние собираме со Христа или пак растураме. Тоа не е безначајна ситница преку која можеме лесно и со насмевка да поминеме. Прашањето за облекувањето бара да размислиме за тоа најсериозно и со молитва. Многу неверници увидуваат дека е погрешно што си дозволуваат себеси да бидат робови на модата; но кога ќе видат дека оние кои се прават многу побожни се поведуваат по модата како и останатиот свет и уживаат во друштво на лекомислените, тие заклучуваат дека не е никакво зло ако и самите прават така“.
– 4 Сведоштво, 614.
„Цело небо будно и со голем интерес посматра какво влијание шират околу себе оние кои се сметаат за Христови следбеници. Сестри мои, вашата облека зборува или за Христа и за Неговата света вистина или за овој свет. За кого сведочиме со својот изглед? Секогаш да имаме на ум дека мораме да полагаме сметка пред Бога и за влијанието кое сме го ширеле“.
– 4 Сведоштво, 614.
„Љубовта кон облекувањето го загрозува моралот, и жената која како христијанка треба да се одликува со невиност, разумност и скромност, ја прави спротивна на она што би требало да биде. Облеките кои впечатливо го истакнуваат телото многу често поттикнуваат страст во срцето на оние кои ги носат и будат ниски страсти во срцето на оние кои ги посматраат“.
– 4 Сведоштво, 618.
„Залуденост со модата и копнежот за задоволства го преплавува светот. Неморалот е во постојан и ужасен пораст. Зошто христијанките не се трудат да бидат доследни на својата возвишена вера?“
– 4 Сведоштво, 619.
„За нас како народ е многу тежок грев што дозволуваме членовите на нашата црква да се облекуваат на начин кој не е во согласност со нашата вера. Мораме веднаш да се пробудиме и да ја затвориме вратата пред заводливите искушенија на модата. Ако не го направиме тоа, нашите цркви ќе се деморализираат“.
– 4 Сведоштво, 620.

Среда — 26. септември
4. ПРЕТПАЗЛИВ ЖИВОТ

а. Објасни ја одамна заборавената тема во нагласување на основните обележја кои треба да ги красат христијаните од сите времиња. Тит 2,1—7.

„Ние живееме во време на голема опасност. Адвентистите на седмиот ден тврдат дека се народ кој ги држи Божјите заповеди, но го изгубиле духот на вистинска побожност. Тој дух на длабока почит кон Бога ги учи верниците како да му пристапуваат на својот Творец – во светост, страхопочит и со посредство на вера, не во себе, туку во Посредникот. Таквиот верник останува цврст и постојан без оглед на околностите во кои се наоѓа“.
— Одбрани пораки 2, 314.315.

б. Какви зборови се карактеристични за вистинскиот христијанин? Ефесјаните 5,17.20. Истакни ја спротивноста помеѓу срамните говорни навики кои и денес се во спротивност со духот на Евангелието. Ефесјаните 5,4 (прв дел).

„Кога луѓето ќе го отфрлат Божјиот страв, тогаш набргу ја губат и честа и интегритетот“.
– Патријарси и пророци, 587.
„Бидете внимателни кога зборувате. Внимавајте како ја претставувате религијата што сте ја прифатиле. Можеби чувствувате дека во озборувањето и зборувањето на глупости нема никаков грев, но тоа го жалости вашиот Спасител и ги натажува небесните ангели“.
— Темели на христијанско воспитување, 457.
„Карактерот на човекот точно можете да го процените според природата на неговиот разговор… Досетки и шеги можат да ги задоволат класите на евтини умови, но влијанието на таквото однесување сепак деструктивно влијае на духовноста. Ви го зборувам ова и како на класа и како на поединци: внимавајте на своите зборови. Нека разумноста и гласот на здравиот разум секогаш го карактеризираат вашиот разговор. Немојте да ја унижувате чистотата и благородноста на вашата душа со впуштање во бајати шеги и во негувањето безначајните разговори да ви станат навика…“
– Нашиот висок повик, 292.
„Кога зборувате неразумни зборови вие го презирате Христовото име; бидејќи погрешно го претставувате Неговиот карактер. Во Неговите усни не се нашол ниеден збор на лукавство, ниедна измама или лага. За припадниците на 144000 Библијата вели дека ’го имаат името на Отецот напишано на своите чела… и во устата нивна измама не се најде ; тие се непорочни пред престолот Божји‘ (Откровение 14,1.5)“.
– Нашиот висок повик, 292.

Четврток — 27. септември
5. СВЕДОЦИ ЗА ХРИСТА

а. Кога одговараме на прашањата за нашата вера, колку е важен изборот на нашите зборови? Изреки 15,23.28 (прв дел).

„Морате да покажете почит кон својата вера за да можете успешно да им ја препорачате на други лица. Страхопочит кон својата вера треба да ја прикажуваме и со поука и со пример, зборувајќи со полна почит за светите вистини. Кога го цитирате Писмото никогаш не дозволувајте од устата да ви избега некој лекомислен и безначаен израз“.
– Темели на христијанско воспитување, 194.195.
„Откако ќе ја земете Библијата во вашите раце, имајте на ум дека се наоѓате на света земја. Ангелите се околу вас, и кога очите би ви се отвориле, вие ќе ги видите. Дозволете вашето однесување да остави впечаток на секоја душа со која се дружите дека сте опкружени со света и чиста атмосфера. Еден празен збор, една недолична насмевка можат да ја насочат душата на погрешен пат. Страшни се последиците ако не сме постојано поврзани со Бога“.
– Темели на христијанско воспитување, 194.195.

б. Наведи некои точки кои се од суштинско значење во успешното сведочење за Христа. Изреки 15,33; Колосјаните 4,6. Какви докази би требало да бидеме подготвени да дадеме, и на каков начин? 1 Петрово 3,15.

„’Бидете секогаш подготвени за одговор на секој кој ќе ве запраша за вашата надеж, со кротост и страв имајте добра совест.‘ Стравот за кој овде се зборува не одразува недоверба и неодлучност, туку неопходна внимателност, обрнување внимание на секој детаљ, за да не предизвикаме возбуда со некој непромислен збор и на тој начин на умот на присутните да оставиме неповолен впечаток, насочувајќи ги во погрешна насока. Секој кој сака правилно да ја прикаже вистината многу е битно да има Господов страв, понизност и дух на кротост“.
– 4 Сведоштво, 243.

Петок — 28. септември
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Кои карактеристики на Енох треба да ги имаме на ум во овие последни денови?

2. Зошто е толку важна чистотата за христијаните?

3. Како страхопочита влијае на нашето облекување и нашите манири?

4. Зошто е погрешно да се впуштаме во празни и безначајни разговори и шеги?

5. Кој фактор мора да го балансира секое ревнување во сведочењето за Христа?