2012 • 1. Квартал

1. лекција – Управител

7. јануари 2012
„Надевај се на Господ од сè срце и не се потпирај врз твојот разум. По сите свои патишта размислувај за Него, и Тој ќе ти ги покаже твоите патеки.“
— Изреки 3,5.6
„Човекот за да не ги изгуби благословените резултати од човекољубието, нашиот Откупител создал план да го ангажира како свој соработник.“
— RH, 25. август, 1874.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Здравје и среќа, 447-449.

Недела — 1. јануари
1. ОБВРСКА

а. На што се заснова христијанското управување? Псалм 37,4-6.

„Кога Божјата Реч ја цени како непроменливо начело во своето срце и ја држи цврсто во сите околности, човекот сите свои способности кои му се доверени ги става во служба на Господ Исус Христос. Сите свои сили, па дури и своите мисли, тој потполно ги доверува (потчинува) во покорност на Христа. Тоа е вистинска посветеност. Сите негови животни искуства се во целосна хармонија. Тој не е ‘скуден во ништо’. Ништо не задржува себично, за да ги задоволи своите барања.“
— Во небесните пространства, 190.

б. Објасни ги основните побуди на христијанскиот управител и кој е главниот предмет на неговите стремежи. Матеј 6,33.34; Филипјаните 3,8.

„(Прочитајте Матеј 6,22). Честитост на намерата, сесрдна посветеност на Бога, тоа се услови кои се истакнати во зборовите на Спасителот. Бидете искрени и непоколебливи да ја спознаете вистината и да ја почитувате по секоја цена, и ќе добиете божествено просветлување.“
— Мисли од гората, 65.

Понеделник — 2. јануари
2. СЛУЖБА ВО СВОЈСТВО НА УПРАВИТЕЛ

а. Управителот управува со туѓ имот. Наведи некои важни работи кои ни се доверени како на управители. 1 Коринтјаните 4,1.2.

„Оние на кои Бог им ја доверил Својата вистина мораат да го поседуваат истиот добротворен дух којшто Христос го манифестирал. Тие мора да ги прифатат истите широки планови на дејствување. Тие треба да имаат еден вид на дарежлив дух кон сиромашните, имајќи на ум дека се само Божји управители. Сè што имаат – материјални добра, ментална моќ, духовна сила – тие не треба да ги сметаат за своја сопственост туку дар кој им е подарен заради ширење на Христовото дело на земјата. Како и Христос, тие не треба да го избегнуваат друштвото на своите ближни, туку треба да ги бараат со цел да ги поделат небесните придобивки што ги добиле од Бога.“
— Слуги на евангелието, 300.

б. Каде христијанинот во својство на управител го собира богатството? Матеј 6,19-21.24.33.

„Бог сака наместо небесното, да го избереме земното. Тој пред нас отвора можност за небесни инвестиции. Тој нè поттикнува и нè храбри да се стремиме кон највисоки цели и да си го обезбедиме најскапоценото богатство. Тој изјавува: ‘Јас ќе го направам човекот поскапоцен од чисто злато, па дури подрагоцен од Офирско злато’ (Исаија 13,12). Кога ќе исчезнат богатствата што ги јаде молец и ги нагризува рѓата, Христовите следбеници ќе можат да се радуваат на своето небесно богатство, богатство кое е нераспадливо.“
— Христовите параболи, 336.

в. Како христијаните во својство на управители треба да ракуваат со богатството кое им го доверил нивниот Учител? 1 Тимотеј 6,18.19; Изреки 19,7.

„Сите треба да имаат чувство дека не се сопственици, туку само повереници и дека доаѓа време кога ќе мораат да дадат сметка за начинот на кој ги трошеле Божјите пари. На Божјото дело му се потребни средства. Сите би требало да кажат заедно со Давид: ‘Но од Тебе е сè, и добиеното од Твојата рака Ти го дадовме’ (1 Летописи 29,14).“
— 5 Сведоштво, 358.

Вторник — 3. јануари
3. ПОЗИТИВЕН СТАВ

а. Како христијанинот, како управител, треба да ги доживува и евентуалните економски неуспеси? Филипјаните 4,13; Римјаните 8,28.

б. Зошто вашиот пристап кон финансиските прашања е важен? Изреки 16,2.

в. Кое предупредување во врска со нашите ставови и побуди христијаните како управители треба да го имаат на ум? 1 Јованово 2,15.16.

„Сатаната не престанува да измислува некои нови изуми со кои настојува вниманието на Божјиот народ да го сврти од сериозното дело на подготовка за настаните што ни претстојат. Тој е измамник во потполна смисла на зборот и вешт маѓепсник. Своите планови и стапици ги покрива со наметка на светлина што личи на небесна. Ја навел Ева да вкуси од плодот на забранетото дрво уверувајќи ја дека тоа ќе ѝ донесе големо предимство. На своите ангели им наложува да измислуваат разни пронајдоци, патентни права и слични потфати, за и адвентистите кои сакаат брзо да се збогатат да паднат во искушение, да бидат вовлечени во неговите стапици и да си навлечат на себе големи маки. Тој е мошне буден и неуморен во настојувањето луѓето од овој свет постојано да ги држи во свое ропство, за преку нив со пријатни возбудувања да ги привлече и невнимателните верници да им се придружат во тие суетни задоволства. Желбата на очите, копнежот по возбудувања и пријатни забави, се вистински искушенија и стапици за Божјиот народ. Сатаната има многу фино преплетени, но опасни мрежи кои изгледаат потполно невини и со кои тој вешто ги залудува припадниците на Божјиот народ, како што се: разни привлечни претстави, приредби, предавања од френологијата* и уште безбројни слични потфати, замислени Божјиот народ да биде наведен да го сака светот и сè што е во светот. Со таквото поврзување со светот, верата станува сè послаба, а парите со кои треба да се потпомага делото на сегашната вистина се одлеваат во редовите на непријателот. Преку такви и слични канали сатаната вешто ги извлекува парите од рацете на Божјиот народ, и поради тоа на нив е Божјото незадоволство.“
— 1 Сведоштво, 493.
*Наука која врз основа на обликот на черепот ги одредува душевните особини на човекот.

Среда — 4. јануари
4. ДОВЕРБА

а. Со што е опкружен вистинскиот христијански управител? Псалм 32,10.

б. Кои особини се застапени кај оние кои целосно се потпираат на Господа? Изреки 3,5.6; Јов 23,12.

„Псалмистот вели: ‘Надевај се во Господа и прави добро! Тогаш ќе останеш во својата земја и ќе ги уживаш нејзините добра’ (Псалм 37,3). ‘Надевај се во Господа’! Секој ден има свој товар, свои грижи и недоумици; и кога ќе се сретнеме, зошто веднаш сме подготвени да раскажуваме за нашите тешкотии и искушенија? Толку непотребни грижи нè оптоваруваат, толку многу стравови нè мачат, за такво бреме на маки зборуваме, што некој би можел да претпостави дека немаме милостив, нежен Спасител, готов да ги слушне нашите молби и веднаш да ни укаже помош кога ќе ни затреба.“
— Патот кон Христа, 112.

в. Опишете некои поуки од природата кои можат да му дадат упатства на христијанскиот управител? Матеј 6,25-30.

„Гледајте, вели Исус, како растат полските кринови; како никнувајќи од студената мрачна земја или од калта на речното корито, се развиваат во билки полни со убавина и мирис. Кој би помислил во колку убав цвет може да се развие грубата кафеава главица на кринот? Но кога скриениот живот во него се развие на Божјиот повик, благодарение на дождот и сонцето, луѓето се восхитуваат гледајќи ја неговата привлечност и убавина. Исто така ќе се развие и Божјиот живот во секоја човечка душа која ќе се потчини на дејството на Неговата милост, а ова пак со своите благослови им се дава на сите како доброволен дар, токму како дождот и сонцето. Божјата Реч го создава цвеќето, а истата Реч во нас ќе ја произведе убавината на Неговиот Дух.

Божјиот закон е закон на љубовта. Тој ве опкружил со убавина која треба да ве поучи дека на земјата не сте поставени само да копате и да градите за себе, да се мачите и ткаете, туку со Христовата љубов да го направите животот посветол, радосен и убав – слично на цвеќето, со служба на љубовта да го развеселувате животот на другите.“
— Мисли од гората, 69.

Четврток — 5. јануари
5. БЛАГОДАРНОСТ

а. Што прави христијанскиот управител по откривањето на вистинското богатство во вселената? Лука 15,8.9; 1 Солунјаните 5,18.

„Заборавајќи ги сопствените тешкотии и неволји, дајте да Го славиме Бога за можноста да живееме на слава на Неговото име. Нека свежите благослови на секој нов ден разбудат пофалба во нашите срца за овие знаци на Неговата љубов и грижа. Кога наутро ќе ги отворите очите, заблагодарете му на Бога што ве чувал во текот на ноќта. Бидете благодарни за Неговиот мир во вашето срце. Наутро, напладне и навечер, нека вашата благодарност како сладок мирис се издига кон небото.“
— RH, 2. јуни, 1910.
„Зарем ние немаме причина да зборуваме за Божјата добрина и да раскажуваме за Неговата моќ? Кога пријателите се добри кон нас, ние сметаме дека е привилегија да им заблагодариме за нивната добрина. Колку повеќе ние имаме причини со најголема радост да ја изразиме својата благодарност на Пријателот кој ни го дава секој добар и совршен подарок! Тогаш во секоја црква и на секое богослужение да му одаваме благодарност на Бога. Да ги научиме нашите усни да Го слават Бога во семејниот круг.“
— Мојот живот денес, 187.

б. За кој дар христијанскиот управител треба да биде најмногу благодарен? Псалм 119,14.72.127.

„Славните можности поставени пред Израел можеле да се остварат само со послушност кон Божјите заповеди. Истото совршенство на карактерот, истата полнота на благословите – благословите на умот, душата и телото, благословите во полињата и домовите, благословите во овој живот и во животот што ќе дојде – можеме да ги имаме само под услов на послушност.“
— Христовите параболи, 272.

Петок — 6. јануари
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. На кој начин можеме да покажеме посветеност во делото на Евангелието?

2. Каков е описот на работното место на христијанскиот управител?

3. Како вашиот став влијае на вашите финансиски одлуки?

4. Зошто е потребно своите финансии да ги ставиме целосно под Божја контрола?

5. Што треба да правите кога ќе ги соберете сите благослови кои ги примате од Бога?

2012 • 1. Квартал

2. лекција – Својствата на вистинскиот управител

14. јануари 2012
„Дел мој си Ти, Господи – си реков – ќе го пазам законот Твој.“
— Псалм 119,57
„Сè што имаме, нашите умни и физички сили и сите благослови на овој и идниот живот носат печат од крстот на Голгота.“
— RH, 14. декември, 1886.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Совети за детето, 150-168.

Недела — 8. јануари
1. ЗАДОВОЛСТВО

а. Што треба да сфатат христијанските управители за сиот нивен земен имот? Јов 1,21.

„Сè му припаѓа на Бога. Но луѓето не водат сметка за Неговото право. Додека Бог обилно ги опсипува со Своите благослови, луѓето често ги употребуваат Неговите дарови за свои себични задоволства; но тие ќе бидат повикани да дадат сметка за тоа како ја вршеле должноста на повереништво.

„Управителот се изедначува со својот господар. Тој ја прифаќа должноста на управител и го застапува својот господар, постапувајќи како што би постапувал господарот кога лично би управувал со имотот. Интересите на Неговиот господар стануваат негови интереси. Положбата на управителот е почесна позиција бидејќи неговиот господар има доверба во него. Ако во кој било поглед постапи себично, ако за себе ја искористи добивката која ја заработил тргувајќи со богатството на својот господар, управителот ја злоупотребува укажаната доверба.“
— 9 Сведоштво, 254.

б. Зошто христијаните како управители треба да бидат задоволни со својот земен имот? Псалм 37,16; Изреки 15,16; 1 Тимотеј 6,8.

„Размислувајте за Христа кој како Создател на сите светови дошол на овој свет во најголемо сиромаштво. Тој немал каде да ја положи својата глава. Затоа сиромаштијата не е срамота. Гревот е срамота.“
— Материјали на Е. Г. Вајт од 1888, 1514.

Понеделник — 9. јануари
2. ПРАВИЧНОСТ

а. Бидејќи христијаните како управители се задоволни со своите земни имоти, како тие се однесуваат кон имотите на другите? Второзаконие 16,19.

„Во последниот голем судир меѓу Христовите следбеници и силите на темнината, сатаната ќе настојува да ги придобие мажите и жените со поткуп. Некои ќе се продаваат за ништо; ‘зашто, каква полза е за човек ако го придобие целиот свет, а на душата своја ѝ напакости’?

„Особено мораме да водиме сметка за интересите на другите – да не ги закинуваме, изнаоѓаме мани, да не ги озборуваме и да не ги прикажуваме во лажна светлина. Во меѓусебните односи, не само со своите браќа туку и со останатите, треба строго да се држиме до правдата.“
— Да го запознам Него, 176.

б. Што сака Бог да сфатиме за злите последици на пристрасноста? Второзаконие 24,17; Римјаните 2,11.

„Бог не признава никаква разлика по однос на народност, раса или боја. Тој е Творец на целиот човечки род. Сите луѓе, припаѓаат на едно семејство според создавањето и сите се едно преку откупувањето. Христос дошол да ги сруши сите ѕидови на поделба, да ги отвори сите одделенија на храмот како секоја душа би имала слободен пристап до Бога. Неговата љубов е толку широка, толку длабока и потполна што продира насекаде. Таа ги спасува луѓето од сатаната кој ги измамил со своите лукавства, и ги доведува во близина на Божјиот престол, престол опкружен со виножитото на ветувањето. Во Христа нема ниту Грк ниту Евреин, ниту слободен човек ниту роб.“

„Причина за сите поделби, раздори и разлики се наоѓа во одвојувањето од Христа. Христос е центар кој сите треба да ги привлече, колку повеќе се доближуваме до центарот, се доближуваме и еден до друг во разбирање, сочувство и љубов, усовршувајќи се во карактерот и ликот на Исуса. Кај Бога нема пристрасност…

„Синот на бесконечниот Бог, Господарот на животот и славата, во овој живот се спуштил до најдлабока понизност, за никој да не се чувствува исклучен од Неговото присуство. Тој лично е достапен до сите. Никогаш не одбирал неколку фаворизирани миленици со кои би се дружел, игнорирајќи ги сите останати.“
— Пророци и цареви, 249.250; Да го запознам Него, 99.

Вторник — 10. јануари
3. ЧЕСНОСТ

а. Кои благослови им се ветени на оние кои се држат до чесноста во сите свои деловни трансакции? Изреки 10,9.

б. Што треба да ги поврзува постапките, зборовите, па дури и мислите на христијанскиот управител? Изреки 12,5. 17; 14,2.

„Со службата на управување е поврзана и обврска, не само кон Бога, туку и кон човекот.“
— Воспитување, 139.

в. Како Господ ги смета оние кои се нечесни во бизнисот? Изреки 16,11; 20,10.

„Ниту големината ниту привидната безначајност на бизнис зделката не нè прави праведни или неправедни, чесни или пак нечесни. Со најмало отстапување од чесноста нè прави праведни или неправедни, чесни или пак нечесни. Со најмало отстапување од чесноста ние се ставаме на непријателско земјиште и чекор по чекор можеме потполно да се оддалечиме од правдата. Голем дел од христијанскиот свет ја одделува религијата од нивниот бизнис.

„Чесен човек, според Христовите мерила е само оној кој непоколебливо останува исправен и честит во сите околности. Лажните тегови и неисправните мерила со кои многумина настојуваат да ја зголемат својата земна добивка, се одвратни во Божјите очи. Сепак многумина од оние кои тврдат дека ги држат Божјите заповеди користат лажни тегови и неисправни мерила. Кога човекот е навистина поврзан со Бога и навистина го држи Неговиот закон, тоа се гледа во Неговиот живот, бидејќи сите негови постапки секогаш се во склад со Христовото учење. Тој не ја продава својата чест за никаква земна добивка. Неговите начела се засновани на сигурен темел, и неговото однесување и во земните работи е одраз на неговите внатрешни принципи. Непоколебливата чесност блеска како злато меѓу плевелот и троскотот на овој свет. Измамата, лагата и несовесноста можат да се сокријат перед луѓето, но не и перед Бога. Божјите ангели кои будно го следат развојот на нашиот карактер и ја одмеруваат нашата морална вредност, ги бележат во небесните книги и тие навидум безначајни трансакции, бидејќи сето тоа го открива нашиот карактер. Ако еден работник е несовесен и површен во своето секојдневно занимање, оние кои го набљудуваат нема да згрешат ако заклучат дека неговите мерила и во верата се исти како и во неговите работи.“
— 4 Сведоштво, 294.

Среда — 11. јануари
4. ПОНИЗНОСТ

а. Која е наградата за скромниот христијански управител? Псалм 37,11; Изреки 22,4; Матеј 18,4.

„Љубовта кон Бога над сè друго и несебичната љубов кон ближните, тоа е најдобриот подарок кој небесниот Отец може да ни го дарува. Нека сите верници се приближат кон Бога и едни кон други, за да може Бог да се приближи кон нас. Ниеден човек не треба да се возвишува како највисок. Никој не треба да се претстави како непогрешлив, бидејќи тој просветлен од Бога бил употребен во приведувањето на душите кон Неговата вистина. Нашите природни способности имаат вредност само ако од Бога дадените таленти ги користиме за воздигање на вистината. Оној преку кого Бог делува никогаш нема да се возвишува, никогаш нема да бара да владее. Како мудар управител, тој својата работа ја извршува чесно и во понизност. Тој му служи на Бога преку пренесување на она што примил, изговарајќи ја вистината во љубов на јасен, одлучен начин. На таков начин тој ги просветлува другите, сеќавајќи се секогаш дека само Бог може тоа да го втисне во умот и очисти срцето.“
— Објавени ракописи 21, 275.

б. Што мора да ги карактеризира сите кои сакаат да се најдат меѓу Божјите избраници? Изреки 29,23.

„Љубов, сочувство и нежност треба да се открива меѓу нас. Облечете се, како избраници од Бога, во милост и добрина. Гревовите кои сме ги практикувале перед своето обраќање треба да ги отфрлиме со стариот човек. Како нови битија во Исуса Христа, треба да се облечеме во ‘милосрдност, доброта, понизност, кротост и долготрпение’ (Колосјаните 3,12).

„Оние кои воскреснале со Христа да одат во обновен живот, од Бога се избрани. Тие се свети во Господа и Тој ги признава како свои сакани деца. Како такви, тие се под свечен завет да се разликуваат покажувајќи понизност на умот. Тие треба да се облечат во облека на праведност. Тие треба да се одвоени од светот, од неговиот дух, неговите практики покажувајќи дека се научени од Оној кој вели: ‘Бидејќи сум кроток и смирен по срце’ (Матеј 11,29). Ако сфатат дека тие умреле со Христа, ако го одржат заветот при крштевањето, светот нема да има моќ да ги оддели од Христа. Ако го живеат Христовиот живот во овој свет, тие ќе станат соучесници во божествената природа. Потоа, кога ќе се појави Христос, кој е наш живот, тие исто така ќе се појават со Него во слава.“
— Објавени ракописи 19, 236. 237.

Четврток — 12. јануари
5. ПОСЛУШНОСТ

а. Кои карактеристики му биле прикажани на Јован во Откровението кога го видел Божјиот народ во овие последни денови? Откровение 14,12.

б. Каде наоѓаме упатства во поглед на законити принципи во бизнисот? Второзаконие 5,32; 25,13-15; Лука 11,28.

„Не постои гранка на чесно работење за која Библијата не би можела да ни понуди најосновна подготовка. Нејзините принципи на трудољубивост, чесност, штедливост, умереност и непорочност се тајната на вистинскиот успех. Овие принципи, како што се изложени во книгата Соломонови Изреки, претставуваат ризница на практичната мудрост. Каде може трговецот, занаетчијата, раководителот во кое било подрачје на работење, да најде подобри совети за себе или за своите вработени од оние што се наоѓаат во овие зборови на мудрецот: – Изреки 22,29; 14,23; 13,4; 23,21; 20,19; 17,27; 20,3; 4,14; 6,28; 13,20; 18,24.

„Колкумина можат да избегнат финансиски неуспех и пропаст кога би ги слушале предупредувањата кои се толку често повторувани и нагласувани во Светото писмо…

„Од прифаќањето на овие начела зависи благосостојбата на општеството, без оглед дали се работи за световни или религиозни здруженија. Овие принципи претставуваат сигурност и за имотот и за животот. За сè што овозможува взаемна доверба и соработка, светот му должи на Божјиот закон кој е запишан во Неговиот Реч и кој уште постои во човечкото срце, често запишан со нејасни и речиси избришани букви.“
— Воспитување, 135-137.

Петок — 13. јануари
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Како можеме да бидеме задоволни со нашиот земен имот?

2. Како треба да се однесуваме кон другите во своите финансиски трансакции?

3. Кои благослови ќе ги примиме ако сме чесни во сите трансакции?

4. На кој начин понизноста може да се манифестира во мојот живот на практичен начин?

5. Наведи некои бенефиции (придобивки) кои произлегуваат од чесното работење при финансиските трансакции?

2012 • 1. Квартал

3. лекција – Проблеми кои треба да се надминат (I)

21. јануари 2012
„Зашто, каде што има завист и карање, таму има неслога и сè лошо.“
— Јаков 3,16
„Без оглед дали ние го признаваме тоа или не, ние сме управители кои Бог ги снабдува со таленти и средства и ги поставува во светот да ја извршуваат работата што Тој им ја доверил.“
— Воспитување, 137.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: 5 Сведоштво, 223-228.

Недела — 15. јануари
1. ЗАВИСТ И СРОДНИ ГРЕВОВИ

а. Објасни ги потеклото на гордоста, зависта и амбициите за положба – и горчливите резултати од сето тоа. Исаија 14,12-15.

„Токму гордоста и амбицијата го поттикнале Луцифера да се жали против Божјото владеење и се обидел да го урне поредокот што владеел на небото. Уште од својот пад, сатаната постојано се труди да го влее кај луѓето својот дух на завист и незадоволство, и стремеж за положби и почести.“
— Патријарси и пророци, 419.

б. Како Библијата ги опишува луѓето со телесен ум – кандидати за втората смрт? 1 Коринтјаните 3,3; Римјаните 8,6.7; Јаков 3,14.15.

„Брате мој, ако го отвориш своето срце на зависта, злобата и сомнежот, Светиот Дух нема да може да престојува во тебе. Копнеј за полнотата што е во Христа.“
— 8 Сведоштво, 207.

в. Како зависта влијае на вашата личност и благосостојба? Јов 5,2; Изреки 14,30; 27,4.

„Завидливиот човек шири отров каде и да се појави, отуѓувајќи ги пријателите и поттикнувајќи омраза и бунт кон луѓето и кон Бога. Тој има за цел другите да го сметаат за најдобар и најголем, но не така што со јуначки и пожртвувани напори ќе ја постигне целта на супериорност, туку останува, каде што е, потценувајќи ги заслугите и напорите на другите.“
— 5 Сведоштво, 54.

Понеделник — 16. јануари
2. ЛАКОМСТВО

а. Во која смисла лакомството претставува престап на Божјите заповеди? 2 Мојсеева 20,17. Што можеме да научиме за овој грев од искуството на Ахан? Исус Навин 7,20-26.

„Смртниот грев кој го одвел Ахана во пропаст имал свој корен во алчноста – еден од вообичаените гревови преку кој се преминува лекомислено. Додека другите гревови се откриваат и казнуваат, на алчноста ретко ѝ се забележува иако таа всушност е престап на десеттата заповед. Колку тој грев е голем и колку неговите последици се страшни, се гледа од случајот на Ахан.

„Лакомството е зло што се развива постепено. Ахановата дрчност и незаситна желба за богатење се претворила во навика која цврсто се вкоренила, така што речиси било невозможно да се искорени. Иако уживал во тоа зло, сепак се ужасувал при помислата дека со тоа ќе му нанесе несреќа на Израел, но гревот ја умртвил неговата совест и кога наишло искушението, тој паднал како лесен плен.“
— Патријарси и пророци, 516.
„Зар не се греши и денес наспроти исто толку свечените и јасни опомени? И нам исто така јасно и одредено ни е забрането да му попуштаме на лакомството како што му било забрането и на Ахан да присвои било што од пленот затечен во Ерихон. Бог во својата Реч лакомството го поистоветува со идолопоклонството. И нам ни е упатена опомена: ‘Не можете да им служите на Бога и на Мамон’ (Матеј 6,24). ‘Внимавајте! Чувајте се од алчноста’ (Лука 12,15). ‘Лакомството и да не се споменува меѓу вас’ (Ефес. 5,3). Пред нас е страшната судбина на Ахан, на Јуда, на Ананија и Сафира; а пред сите овие судбината на Луцифер, на ‘ѕвездата Деница’, на оној кој во својата алчност за власт се стремел кон повисока положба и со тоа засекогаш ги изгубил сјајот и небесното блаженство. Сепак, наспроти сите тие предупредувања, насекаде и на сите страни преовладува лакомство.“
— Патријарси и пророци, 517.

б. Каков треба да биде нашиот однос кон оние кои се контролирани од духот на алчноста? Ефес. 5,5; 1 Коринтјаните 5,11.

в. Меѓу кои грешници и лакомите лица исто така ќе бидат исклучени од Божјото царство? 1 Коринтјаните 6,10.

Вторник — 17. јануари
3. НЕНАСИТНОСТ

а. Што неизбежно бива кога зависта и алчноста ќе се вкоренат во срцето? Јов 5,2.4.5.

„Светото писмо ја опишува состојбата во светот непосредно пред второто Христово доаѓање. Апостол Јаков дава верна слика за лакомството и насилството кои ќе преовладуваат во тоа време. Тој вели: ‘Дојдете сега, вие богатите!… вашето богатство го натрупавте во последните денови. Ете, заработката на работниците кои ги пожнаа вашите ниви, што вие им ја задржавте, и викотниците на жетварите, дојдоа до ушите на Господа над војските. На земјата живеевте раскошно и разуздано; ги згоивте своите срца како за ден на клање. Го осудивте, го убивте праведникот, а тој не ви се противи’ (Јаков 5,1- 6). Тоа е сликата што постои денес. Со разновидни насилства и ограбување, луѓето напластиле големи богатства, додека пред Бога вика изгладнетото човештво.“
— Христовите параболи, 140.

б. Што често се случува кога богатството е себично задржано од страна на нивните алчни сопственици? Проповедник 5,13.

в. Со што злите откриваат што им е во срцето и умот? Псалм 10,3.

„Во своето слепило луѓето се фалат со чудесен напредок и просветеност. Но на окото на Семоќниот му се откриени сите тајни гревови и расипаност. Небесните стражари гледаат дека земјата е полна со насилство и криминал. Богатство се стекнува со секаков вид на закинување; закинување не само на луѓето, туку и на Бога. Луѓето ги користат Неговите средства за да ја задоволат својата себичност. Сè до што можат да се дограбаат, тие го претвораат во средство за задоволување на својата алчност. Насекаде преовладува лакомост и сладострастие. Луѓето ги негуваат особините на првиот голем измамник. Тие го прифатиле како бог и станале исполнети со неговиот дух.“
— 6 Сведоштво, 16.

Среда — 18. јануари
4. ГОРДОСТ

а. Поимот за гордост високо се цени во овој свет. Како Библијата ја опишува гордоста? Изреки 16,5.

б. Што ќе стори Господ со гордите? Изреки 15,25; 16,18.19; Лука 18,14. Опишете што ѝ беше прикажано на Господовата слугинка за конечниот исход на гордоста?

„Видов дека Бог ја мрази гордоста, и дека сите горди и сите кои прават зло ќе бидат како слама и денот што доаѓа ќе ги изгори.“
— 1 Сведоштво, 124.

в. Наместо гордост, што треба да се види во животот на христијанинот како Божји управител? Јаков 4,6.

„Сите кои го проучуваат Христовиот живот и живеат според Неговото учење ќе бидат слични на Него. Нивното влијание ќе биде како Неговото. Тие ќе прикажат дека имаат исправен карактер. Тие се утврдени во верата и ѓаволот нема да може да ги совлада со суетата и гордоста. Тие ќе се трудат да одат понизно по патот на послушноста, извршувајќи ја Божјата волја. Нивниот карактер ќе врши влијание кое ќе зборува во прилог на Божјото дело и здравата чистота на Неговото дело…

„Во тие потполно обратени души светот има сведоци за силата на вистината која го посветува човечкиот карактер. Преку нив Христос го запознава светот со Својот карактер и волја. Во животот на Божјите деца се открива радосното служење на Господ додека спротивност се гледа на оние кои не ги држат Неговите заповеди. Линијата на разграничување е сосем јасна. Сите оние кои ги почитуваат Божјите заповеди се чуваат од неговата моќна сила во услови на корумпираното влијание на престапниците на Неговиот закон. Божјата сила преку верата во спасение одржува сè, од најниските до оние највисоките на одговорните позиции.“
— Евангелизам, 315.316.

Четврток — 19. јануари
5. ЉУБОВ КОН ПАРИТЕ

а. Што може да ни донесе љубовта кон парите? 1 Тимотеј 6,10; Проповедник 5,10.

„Библијата не го осудува човекот затоа што е богат, доколку чесно го стекнал своето богатство. Корен на секое зло не се парите, туку љубовта кон нив. Бог е Тој што им дава сила на луѓето да придобијат богатство и во рацете на оној, којшто постапува како Божји управител, употребувајќи ги Божјите средства на несебичен начин, богатството е благослов; како за оној што ги поседува, така и за светот. Но многумина обземени од интерес за богатствата на овој свет, стануваат нечувствителни за Божјите барања и за потребите на своите ближни. За нив, нивното богатство е средство преку кое ќе се прослават себеси, па затоа ги зголемуваат своите имоти, додаваат нови куќи кон постојните и ги полнат со раскошни работи, додека насекаде околу нив постојат човечки битија што се наоѓаат во мизерија, порок, болест и смрт. Оние што живеат само за да им служат на себе и на своите задоволства, развиваат карактеристики што не се својствени на Бога, туку на кнезот на злото.“
— Здравје и среќа, 158.

б. Што треба да биде врвниот приоритет во животот на секој верен управител? 1 Коринтјаните 2,2; Матеј 6,33; Лука 9,25.

„Кога грешникот приоѓа кон крстот и го гледа Оној кој умрел за да го спаси, тој може да се радува со полнотата на радоста, бидејќи гревовите му се опростени. Клекнат во подножјето на крстот тој го достигнал највисокото место кое човекот може да го достигне.“
— РХ, 29. април, 1902.

Петок — 20. јануари
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Како зависта може да влијае на вашето управување?

2. Каков вид на здружување треба да имаме со лица кои не ги следат принципите на христијанското управување?

3. Каков е резултатот од живеење на еден алчен живот?

4. Со што треба да се раководиме во нашите финансиски одлуки?

5. Објаснете ја опасноста да станете преокупирани со материјалните добра?

2012 • 1. Квартал

4. лекција – Проблеми кои треба да се надминат (II)

28. јануари 2012
„Посеаното, пак, во трње е оној што го слуша словото, но грижите од овој свет и примамливото богатство го задушуваат словото и тоа останува без род.“
— Матеј 13,22
„Сите кои толку слепо трчаат по заработувачка и стекнување на пари… горко ќе заплачат еден ден, велејќи: ‘О, измамливоста на богатството! Ја продадов за пари својата душа!’.“
— 3 Сведоштво, 507.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Совети за управителите, 133-140.

Недела — 22. јануари
1. ИЗМАМА

а. Со што сатаната честопати го изопачува срцето и устите на луѓето кои сакаат да имаат профити од бизнисот? Еремија 6,13; Дела 5,3.4.

б. Како сериозно царот Давид се борел против лукавиот јазик? Псалм 52,2.3; 101,7; 120,2; Изреки 30,8.

в. Бидејќи христијаните како управители често мораат да бидат во контакт со лукави луѓе, која молитва треба да ја испратат до престолот на благодатта? Псалм 43,1 (последен дел).

г. Како Бог честопати им дозволува на лукавите луѓе да станат жртви на нивните сопствени трикови? Псалм 7,14-16.

Понеделник — 23. јануари
2. НЕЧЕСНОСТ

а. Како е опишан нечесниот човек? Изреки 6,12.13.14.16-19.

б. Како Господ ги смета оние кои се нечесни во финансиските трансакции? 5 Мојс. 27,17-19; Изреки 11,1; 20,23.

„Извештаите за секоја работа, деталите од секоја трансакција, внимателно се испитуваат од страна на невидливите ревизори, застапниците на Оној кој никогаш не прави компромиси со неправедноста, на чии очи злото никогаш не може да им избега, Кој никогаш не го прикрива гревот…“
— Воспитување, 144.
„И повторно Божјиот закон изрекува осуда за секој што прави зло. Тој може да го презре тој глас, може да настојува да го заглуши неговото предупредување, но залудно. Тој го следи. Му се наметнува. Го уништува неговиот мир. Ако не го послуша, го прогонува до гроб. На суд сведочи против него. Како неизгаслив оган, на крајот ги изгорува и душата и телото.“
— Воспитување, 145.

в. Што ќе се случи со она што е стекнато на нечесен начин? Изреки 13,11; 15,27; 21,6.

„За ова прашање би морал да размислува секој родител, секој учител, секој ученик – секое човечко суштество, младо или старо. Ниту една деловна шема или животен план не можат да бидат здрави или целосни, ако ги опфаќаат само кусите години од овој сегашен живот и не водат сметка за бескрајната иднина. Учете ги младите да ја вклучуваат вечноста во своите планови. Научете ги да ги избираат принципите и да ги бараат богатствата што имаат трајна вредност – да си собираат себеси ‘ризница на небото, каде крадец не се приближува и кое молец не го јаде’, да си создаваат пријатели ‘преку неправедно богатство’, за да ги примат ‘во вечните живеалишта’ кога него ќе го снема (Лука 12,33; 16,9).“
— Воспитување, 145.

Вторник — 24. јануари
3. НЕПРАВДА

а. Како сме предупредени да ја избегнуваме пристрасноста во постапувањето со другите? Левитска 19,15.

„Не покажувајте пристрасност кон никого, и не ги запоставувајте другите од вашите браќа затоа што не се сродни за вас. Внимавајте да не постапувате престрого со оние за кои мислите дека се во заблуда, додека другите, кои се повеќе виновни и повеќе заслужуваат остар укор заради своето нехристијанско однесување, ги третирате како пријатели.“
— RH, 12. март, 1895.

б. Како христијаните во својство на управители треба да постапуваат со обесправените групи? Псалм 82,2-4.

„Од припадниците на Својот народ, Бог бара во никој случај да не дозволат угнетување на сиромашните и ужалените. Тие ќе ги примат ветените благослови само ако го скршат секој јарем и ги ослободат угнетените, постапувајќи несебично и со многу обѕир кон сиромашните и оние кои се во неволја. Ако во црквата се најдат и такви кои пред слепите ставаат камен за сопнување, таквите треба да се повикаат на одговорност: бидејќи Бог бара од нас да бидеме заштитници на слепите, ужалените, вдовиците и сирачињата. Каменот на сопнување спомнат во Божјата Реч не значи само парче дрво или некој друг материјал ставен под нозете на слепиот за да се сопне туку значи многу повеќе од тоа. Тоа се однесува на секоја постапка со која може да се наштети на влијанието на слепиот брат, да се работи против неговите интереси и да се попречува неговиот просперитет.

„Братот кој е слеп, сиромашен и болен, а прави сè што е во негова моќ самиот себе да се издржува и да не зависи од другите, треба да се храбри и да му се крепат рацете на секој можен начин. Меѓутоа, оние кои тврдат дека се негови браќа, кои можат да ги користат сите свои работни способности и да не зависат од никој, но кои ги забораваат своите должности кон слепиот до таа мера што со своите постапки го збунуваат, растажуваат и попречуваат неговиот животен пат – прават грев за кој ќе мора длабоко да се каат пред Бога и потполно да се менуваат ако сакаат Бог да ги прими нивните молитви. И Божјата црква (во тоа место) која дозволи да му се направи неправда на унесреќениот брат, ќе биде виновна за тој грев сè додека не направи сè што е во нејзина моќ тоа зло да се отстрани.“
— 3 Сведоштво, 483.

Среда — 25. јануари
4. ЛОШО ДРУШТВО

а. Иако Господ е наш голем советник, од кого исто така можеме да бараме совет на оваа земја? Изреки 13,20.

„За младите единствена сигурност е да се дружат со непорочните и светите, бидејќи на тој начин природните склоности кон злото ќе се држат под контрола. Избирајќи ги за свои другари таквите кои се бојат о Господа, тие ретко ќе покажуваат сомнеж и неверување во Божјата Реч. Моќта на еден вистински доследен пример претставува голема сила на добро.“
— Во небесните пространства, 172.

б. Што се случува кога бараме совет од оние кои не се во согласност со начелата според кои христијанскиот управител треба да се раководи? Изреки 14,7; 2 Солунјаните 3,6.

„Ако младите за свое друштво ги одбираат оние кои имаат изопачени начела и тоа го применуваат во пракса… тие и самите ќе се расипат. Тивкото и несвесно влијание ги обзема нивните мисли, влегува во нивниот живот, станува дел од нивното постоење, и тие одат на самиот раб на пропаста потполно несвесни за опасноста на која се изложуваат. Тие ги засакуваат умилните и слатки зборови на измамникот, и стануваат немирни, неспокојни и несреќни сè додека не бидат одведени на самиот врв на нечие ласкање… Одење на советот на безбожниците претставува првиот чекор да се продолжи по патот на грешниците и да се седи во друштво на нечестивите.“
— Во небесните пространства, 172.
„Погрешно е христијаните да се дружат со оние кои се со непостојан морал. Блиското дружење кое само одзема време, не поттикнува јакнење на моралот и не придонесува за јакнење на умните и духовните сили е опасно. Ако моралната атмосфера која го опкружува поединецот не е чиста и света, туку загадена со изопаченост, оние кои вдишуваат таква атмосфера, ќе увидат дека таа речиси, незабележително делува на умот и срцето, труејќи и изопачувајќи сè околу себе. Опасно е да се дружиме со оние чиишто мисли постојано се задржуваат на она што природно ги унижува. Под нивно влијание се и оние кои природно се совесни и ја љубат чистотата, но постепено и незабележливо доаѓаат на исто ниво и учествуваат и сочувствуваат во лудориите и недостатокот на морал со оние со кои се во постојан контакт.“
— 3 Сведоштво, 117.

Четврток — 26. јануари
5. БЕСМИСЛЕНОСТА ОД СТЕКНУВАЊЕ НА БОГАТСТВО

а. Колку од нашето земно богатство ние задржуваме кога ќе умреме? Псалм 49,16.17; Проповедник 5,13-15; 1 Тимотеј 6,7.

б. Што можеме да земеме со себе на големото судење на човечкиот род? Матеј 16,26; Изреки 11,4; Исаија 31,7.

„И тогаш откупените ќе бидат пречекани со добредојде во домот што Христос им го подготвува. Таам нема да им прават друштво земните расипници, лажливците, идолопоклониците, расипаните и неверните, туку ќе се дружат со оние кои го совладале сатаната и преку Божјата благодат изградиле совршен карактер. Секоја грешна склоност, секое несовршенство, што ги мачеле овде, отстранети се со Христовата крв и тие се облечени во совршенството и сјајот на Неговата слава што далеку го надминува сјајот на Сонцето. Моралната убавина, совршенството на Христовиот карактер, зрачи од нив, далеку надминувајќи ја вредноста на надворешниот сјај. Тие се без мана пред големиот бел престол, уживајќи го достоинството и предимствата на ангелите.

„Гледајќи го ова славно наследство, што може да биде негово, ‘каков откуп ќе даде човекот за својата душа’ (Матеј 16,26). Тој може да биде сиромашен, но сепак во себе поседува достоинство и богатство, кое светот никогаш не може да му го даде. Душата откупена и очистена од гревот, која сите свои благородни сили ги посветила во служба на Бога, има непроценлива вредност; и кога една душа ќе се спаси, радоста на Небото во присуство на Бога и светите ангели се изразува со песни на свето победоносно славење.“
— Патот кон Христа, 117.118.

Петок — 27. јануари
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Какви се последиците од мамење во меѓучовечките односи?

2. Како нечесноста влијае на оној кој мами?

3. Како христијаните како управители се однесуваат кон другите во нивните финансиски зделки?

4. Кој е финансиски советник на христијанскиот управител?

5. На што треба да нѐ потсетува привремената природа на материјалното богатство?

2012 • 1. Квартал

5. лекција – Работа

4. февруари 2012
„И го зеде Господ Бог човекот, го насели во Едемската градина, за да ја обработува и да ја чува.“
— Создавање 2,15
„Вистинска слава и радост во животот наоѓаат само работните мажи и жени. Работата сама по себе е благотворна и колку е пријатен одморот по напорот на правилно поминатиот ден.“
— Христијанска умереност, 131.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Порака до младите, 177-180. ориг.

Недела — 29. јануари
1. ТРУД

а. По создавањето што им било љубезно дадено на нашите прародители? Создавање 2,15.

„Работата Бог ја определил за човекот, и таа за него претставува вистинска благодат: го занимава, му ги обзема мислите, го зајакнува телото и ги развива способностите. Во духовната и во телесната работа Адам наоѓал едно од најголемите задоволства во својот свет живот. И кога, поради непослушност, бил истеран од својот прекрасен дом и кога бил присилен макотрпно да се бори со ќутливото земјиште за својот насушен леб, токму таа работа, иако во голема мера поинаква од пријатното занимање во Едем, му била заштита од искушението и извор на среќа. Во голема заблуда се оние кои работата ја сметаат за проклетство, па макар таа да е заморна и тешка. Богатите често со презир гледаат на работничката класа. Меѓутоа, таквото однесување е наполно спротивно на намерата што ја имал Бог кога го создал човекот. Што се имотите на најголемите богаташи во споредба со наследството дадено на возвишениот Адам? Па сепак, Адам не го поминувал животот во безделничење. Премудриот Творец, кој најдобро знае што ја зголемува среќата на човекот, му одредил на Адам што треба да прави. Само работливите мажи и жени наоѓаат вистинска животна радост.“
— Патријарси и пророци, 24.

б. Што природно му донесува работата на секое со разум надарено човечко битие? Проповедник 3,13.

Понеделник — 30. јануари
2. ЗАПОВЕД ДА СЕ РАБОТИ

а. Што е составен дел на четвртата заповед? Излез 20,9.

„Верата што ја исповедаш ти наложува да го искористиш времето во текот на шесте работни дена како и да присуствуваш во црквата во сабота. Не си вреден во работата. Дозволуваш да поминуваат часови, денови, дури и седмици, а ништо да не направиш. Најдобрата проповед што можеш да му ја проповедаш на светот е да покажеш одлучна реформа во својот живот и да се погрижиш за своето семејство. Апостолот вели: ‘Ако некој не се грижи за своите, а особено за своите домашни, тој се одрекол од верата и полош е од безверник (1 Тимотеј 5,8)’.“
— 5 Сведоштво, 166.
„Мрзеливоста и немарноста не се плодови кои раѓаат на христијанско дрво.“
— Водење на детето, 124.

б. Како христијанскиот управител ја извршува својата работа? Колосјаните 3,23.

„Патот на напорната работа наменет за жителите на земјата може да биде тежок и мачен, но тој е почестен од стапките на Спасителот, и безбеден е оној кој го следи овој свет пат. Со поука и пример Христос го признал достоинството на корисната работа. Од своите најрани години живеел живот исполнет со тешка работа. Поголемиот дел од својот земен живот го поминал во трпелива работа во дрводелската работилница во Назарет. Во облека на обичен работник Господарот на животот одел по улиците на малото гратче во кое Тој живеел, одејќи и враќајќи се од својата скромна работа и невидливите ангели кои биле испратени да му служат го следеле додека Тој пешачел, непризнаен и без почести, рамо до рамо со селаните и работниците.“
— Совети за родителите, учителите и студентите, 229.
„Не треба да ги занемарувате должностите што се наоѓаат директно на вашиот пат, туку треба да ги искористите сите можности кои се отвораат околу вас. Мора да правиме најдобро што можете во помалите должности, прифаќајќи ја верно и со сето срце работата која Бог во своја промисла ви ја доделил. Колку и да изгледа мала вашата задача, треба да ја извршите исто толку совесно, темелно и до крај како што сте ги извршувале и поголемите работи. Вашата верност ќе биде одобрена и запишана на небото.“
— Знаци на времето, 16. јуни, 1890.

Вторник — 31. јануари
3. СЕМЕЈНА ФИРМА

а. Кога христијанинот како управител треба да ја започне својата обука на децата? Второзаконие 6,7.

„Воспитувањето на детето на добро или на зло започнува во најраните години. Децата треба да се учат дека тие се дел од семејната фирма. Тие треба да бидат обучени да дадат свој придонес во домот. Тие не треба постојано да очекуваат, туку тие треба да го олеснат товарот на таткото и мајката. Како што растат, постарите деца треба да им помагаат на родителите во грижата за помладите членови на семејството. Мајката не треба да го носи целиот товар на работата во која мораат и треба да учествуваат и децата.“
— Објавени ракописи 10, 206.207.

б. Како родителите можат да ги поучат своите деца во начелата на работа и животните должности? Изреки 22,6.

„Во школото на родителскиот дом децата треба да научат како да ги извршуваат практичните должности од секојдневниот живот. Додека тие сè уште се млади, мајката треба секој ден да им дава некоја едноставна задача. Настојувањето да ги упати во работата ќе и одземе повеќе време отколку самата да го направи тоа, но таа треба да има на ум дека со тоа ги поставува темелите за изградба на нивниот карактер, оспособувајќи ги да бидат корисни во животот. Нека има на ум дека домот претставува школо во кое таа е главниот учител. Нејзина задача е да ги научи своите деца како да ги извршуваат работите брзо и вешто. Уште од детство децата треба да учествуваат во носење на секојдневните товари. Момчињата и девојчињата треба да се упатат, како што растат и се развиваат, разумно да помагаат во работата на семејната фирма.“
— Совети за родителите, учителите и студентите, 98.

в. Кој е неизбежниот резултат на безделничењето? Изреки 19,15.

„Таму каде што има многу безделничење, сатаната работи со своите искушенија да го уништи животот и карактер на младите.“
— Инструктор за младите, 18. октомври, 1894.

Среда — 1. февруари
4. НЕСООДВЕТЕН ОДМОР

а. Кој совет се однесува на оние кои – не го почитуваат налогот за работа кој е даден во четвртата заповед – не работат ниту во текот на шесте обични работни денови во неделата? 2 Солунјаните 3,10; Изреки 6,9-11.

„Бог на луѓето им дал шест дена определени за работа и Тој бара тие сите свои работи да ги извршуваат во текот на тие шест работни денови.“
— Патријарси и пророци, 313.
„Божјата Реч изјавува дека оној што не сака да работи, не треба ниту да јаде. Господ не бара од човекот кој вредно работи да ги поддржува другите во безделничењето. Мнозина губат време, не вложувајќи сериозни напори, и затоа запаѓаат во сиромаштија и скудност. Ако овие мани не се исправат од страна на оние што ги уживаат, сè што би можеле ние да сториме за нив би личело на ставање богатство во вреќа со дупки.“
— Христовите параболи, 212.
„На оние што настојуваат да се реформираат, треба да им се обезбеди вработување. Ниту еден, кој е способен да работи, не треба да биде поучуван да очекува дека храната, облеката и станот ќе му бидат дадени бесплатно. За нивно, но и за доброто на другите, треба да бидат пронајдени начини при што ќе можат да вратат еквивалентно за она што го добиваат. Охрабрете ги во напорите да се издржуваат самите себеси. Тоа ќе придонесе за нивна самопочит и благородна независност. Освен тоа, вработеноста на телото и умот претставува успешна ограда против искушението.“
— Здравје и среќа, 126.
„Навиката световните работи да се извршуваат немарно и невнимателно лесно се пренесува и во духовниот живот и истата го онеспособува човекот успешно да извршува која било служба за Бога. Мнозина, кои како вредни работници би можеле да бидат на благослов на светот, се упропастиле со својата немарност. Кога некој нема работа ниту цврста цел пред себе, тој е изложен на илјадници искушенија. Расипаното друштво и лошите навики го изопачуваат умот и душата и тие се онеспособени и за овој и за идниот живот.

„Со која и да било работа да се занимаваме, Божјата Реч нè учи да бидеме ‘со горлив дух, служејќи Му на Господа’ (Римјаните 12,11). Сè што може да врши раката твоја, според силите твои, врши’ (Проповедник 9,10). ‘Знаејќи дека како награда ќе добиете од Господ наследство, бидејќи на Господ Христос Му служите’ (Колосјаните 3,24).“
— Христовите параболи, 306.307.

Четврток — 2. февруари
5. „НЕГОВИОТ СПОКОЈ“ (Евреите 4,1)

а. Кога Господ го вовел Неговиот ден за одмор за човештвото? Создавање 2,2; Евреите 4,4.5. Како Господ ја потврдил оригиналноста на оваа своја институција? Марко 2,27.28.

„Првата седмица ја одмерил лично Бог како примерок за сите седмици до крајот на времето. Како и секоја друга, и таа се состоела од седум буквални дена. Шест дена Бог поминал во делото на создавањето, а во седмиот ден си починал, затоа тој ден го благословил и им го определил на луѓето како ден за одмор.“
— Патријарси и пророци, 94.

б. Како треба да се подготвиме за денот кој Господ го нарекува ‘Мојата сабота’ или ‘спокојот Мој’ (Излез 31,13; Евреите 4,5)?

„Во петок треба да се завршат сите подготовки за сабота. Погрижете се сета облека да бидат подготвена, готвењето завршено, чевлите исчистени и да се искапете. Сето тоа може да се среди и да се заврши ако себеси си го поставиме за правило. Саботата не смее да се помине во поправка на облека, во готвење на храна, во барање на задоволства или во било која друга земна работа. Пред заоѓање на сонцето оставете ја настрана секоја световна работа и тргнете ги од перед своите очи сите световни списанија. Родители, објаснете им ги на своите деца своите постапки во тој поглед како и нивната цел и дозволете и децата да уживаат во подготовките за сабота во согласност со заповедта.“
— 6 Сведоштво, 328.
„Оние кои занемаруваат да се подготват во шестиот ден за сабота, и ја готват храната во сабота, ја нарушуваат четвртата заповед, и се престапници на Божјиот закон.“
— Духовни дарови 3, 253.254.

Петок — 3. февруари
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Која е целта на работата?

2. Што е составен дел на четвртата заповед?

3. Кога треба да започнеме да го цениме трудот?

4. Што се случува ако не сме продуктивни во текот на неделата?

5. Опиши ја природата на христијанинот и неговиот или нејзиниот одмор во Божјиот свет ден?

2012 • 1. Квартал

6. лекција – Занимање и служба

11. февруари 2012
„Сè, што може да врши раката твоја, според силите твои, врши; зашто во гробот, каде што ќе појдеш, нема ни работа, ни размислување, ни знаење, ни мудрост.“
— Проповедник 9,10
„Вистинската среќа се наоѓа само во настојувањето да се биде добар и да се прави добро. Најчистото и најголемото задоволство во животот го наоѓаат само оние кои верно ги исполнуваат своите должности. Ниедна работа која верно се извршува не го унижува човекот.“
— Упатство за младите, 5. декември, 1901.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Воспитување, 226-233.

Недела — 5. февруари
1. ИЗБОР НА ЗАНИМАЊЕ

а. Која е целта на корисното занимање? 2 Солунјаните 3,11.12.

„Поврзаноста на земните настани со небото и Христовиот непосреден надзор над сето тоа, поголеми се отколку што мнозина тоа го наслутуваат. Сите вистински пронајдоци наменети за подобрување на работните и животните услови имаат свој извор во Оној кој е прекрасен во советот и совршен во работата. Вештината со која дрводелецот ги користи своите алатки, силата со која ковачот го обликува железото на својата наковална, доаѓа од Бога. Што и да правиме, каде и да се наоѓаме, Тој сака да ги контролира нашите умови, за да сè што ќе направиме биде совршено.“
— Совети за родителите, учителите и студентите, 230.

б. Кој е еден од најголемите благослови за општеството, а кое е едно од неговите најголеми проклетства? Изреки 10,16; 2 Солунјаните 3,10.

„Една од најсигурните заштити од злото е корисното занимање, додека безделничењето е едно од најголемите проклетства, бидејќи неизбежно го следат порок, криминал и сиромаштија. Оние кои се секогаш зафатени, кои одат радосно на нивните секојдневни задачи, се корисни членови на општеството.“
— Совети за родителите, учителите и студентите, 228.

Понеделник — 6. февруари
2. ПРИФАТЛИВА СЛУЖБА

а. При изборот на професија, кои фактори треба да се разгледаат? Како нашите способности го одредуваат нашето место во животот? Наведи примери. Проповедник 9,10.

„Со оглед на можностите во животот, кој е способен да оцени што е големо, а што мало? Колку луѓе на ниски положби во животот, поттикнувајќи дејности од благослов за светот, постигнале резултати на кои и цареви би можеле да им завидуваат!…

„Она посебно место кое ни е одредено во животот, ни е доделено врз основа на нашите способности. Не постигнуваат сите ист степен на развој, ниту со ист успех ја извршуваат истата работа. Бог не очекува од исопот да ги достигне пропорциите на еден кедар, ниту од маслинката височина на величествена палма. Но секој треба да се стреми да се вивне онолку високо колку што му овозможува здружувањето на човечките и небесните сили.

„Мнозина не се она што би можеле да бидат, затоа што не ја ползуваат силата што е во нив. Не се потпираат, колку што би можеле, врз божествената сила. Мнозина скршнале од патот на кој би можеле да постигнат најголем успех. Барајќи поголема почест или поугодна работа, тие се обидуваат да прават нешто за што не се способни. Многу луѓе чии таленти се посоодветни за некоја друга работа, амбицијата ги нагонува да се посветат на некоја интелектуална професија. И така, оној кој можел да биде успешен како земјоделец, занаетчија или медицински техничар, носи назив на проповедник, правник или лекар, иако е неспособен за тоа. Други, пак, кои можеле да се занимаваат со некоја одговорна работа, се задоволуваат со некоја полесна положба едноставно поради недостиг на енергија, трудољубивост или истрајност.

„Ние мораме поточно да се придржуваме до Божјиот план за животот. Да ја извршуваат колку е можно подобро работата која е пред нас, да му ги довериме на Бога нашите патишта и да внимаваме на знаците на Неговото провидение – тоа се правилата кои служат како сигурен водич при изборот на професијата.“
— Воспитување, 266.267.

б. Без оглед на нашите таленти и повикот, што е најважно во нашето животно дело? Евреите 6,10.

„Чистата, посветена љубов, таква љубов како што била изразена во Христовиот живот, дејствува како свет мирис. Како скршената кутија на мирото на Марија, таа ја исполнува целата куќа со мирисот.“
— 6. Сведоштво, 79.

Вторник — 7. февруари
3. РАБОТНА ЕТИКА

а. Без оглед на нашите специфични занимања, на што особено треба да обрнеме внимание при својата работа? 1 Коринтјаните 3,12-14; 2 Солунјаните 2,17.

б. Што за христијанинот е морална етика? Колосјаните 3,22-24.

„И во најскромните должности на секојдневниот живот мора да биде внесена практичната религија. Највозвишена способност на секој човек е безусловно да ја послуша Божјата Реч.

„Бидејќи не се занимаваат директно со некоја верска активност, мнозина сметаат дека живеат некорисен живот, дека не прават ништо за да го унапредат Божјото царство. Меѓутоа, тие се во заблуда. Ако се занимаваат со некоја работа што мора да се изврши, не смеат да се обвинуваат себеси дека се некорисни припадници на големото Божјо семејство. Не смеат да се занемарат ниту најскромните должности. Секоја чесна работа служи на благослов. Верноста при една таква работа може да се покаже како подготовка за поголеми одговорности.

„Колку и да е скромно, секое дело направено за Господа со целосна преданост на својата душа, во Неговите очи е прифатливо исто како и највисоката служба. Ниту еден прилог не е мал ако се дава со искрено срце, со радост во душата.

„Каде и да се најдете, Христос ве повикува да ја прифатите секоја должност што ви се нуди. Ако е тоа во домот, потрудете се доброволно и сесрдно вашиот дом да го сторите пријатно место. Ако сте мајка, воспитајте ги своите деца за Христа. Тоа е исто толку важна работа за Господа колку и делото на проповедникот на проповедалната. Ако должноста ве врзува за кујна, потрудете се да станете совршен готвач или готвачка. Настојувајте да приготвувате здрава, хранлива и вкусна храна. И како што користите најдобри состојки во храната што ја готвите, секогаш трудете се и својот ум да го храните со најдобри мисли. Ако обработувате земја, или се занимавате со некој занает или со нешто друго, трудете се да постигнете најдобар успех во таа должност. Посветете се со телото и душата на работата што ја работите. Со секое свое дело вие Го претставувате Христа. Однесувај се онака како што би се однесувал Тој да е на ваше место.

„Колку и да е малечок вашиот талент, Бог има место за него. Тој еден талент, мудро употребен, ќе ја изврши својата задача што му е доделена. Кога сме верни во малите должности, ние работиме според планот на додавање, а Бог работи според планот на умножување. Тие мали дарови ќе се претворат во најдрагоцено влијание во Неговото дело.“
— Христовите параболи, 319.320.

Среда — 8. февруари
4. НАЈВАЖНАТА РАБОТА

а. Која е највозвишената работа во која христијанинот може да учествува? Матеј 28,19.20; Псалм 96,3.

„Работа над секоја друга работа – занимање над секое друго кое може да ја привлече и ангажира енергијата на душата – е делото на спасување на душите за кои Христос умрел. Нека ова биде главна и најважна работа во животот. Нека ова биде најважно дело во вашиот живот. Соработувајте со Христа во тоа големо и благородно дело, и станете мисионери и во домашни и во странски мисии. Бидете подготвени ефикасно да работите на спасување на душите и во својата земја и во далечни поднебја. Работете на Божјото дело и покажете ја својата вера во Спасителот со напорна работа за другите. О, кога и младите и старите потполно би се обратиле кон Бога, преземајќи ги должностите што се веднаш до нив и соработувајќи со Бога секаде каде што имаат можност! Кога ова практично би се применило, многу гласови би изразиле пофалба на Оној кој ги повикал од темнината во својата чудесна светлина.“
— Упатство за младите, 4. мај, 1893.
„Секој вистински ученик се раѓа во Божјото царство како мисионер. Оној што пие од живата вода, станува извор на животот. Примателот станува давател. Христовата благодат во душата е како извор во пустина што извира да ги освежи сите и кај оние што се близу до смртта да создаде голема желба да пијат од водата на животот.“
— Копнежот на вековите, 134.

б. Зошто мисионерот е исполнет со радост при неговата работа? Лука 15,6.7; Псалм 51,12.13.

„Обратувањето на душите кон Бога е најголемо и највозвишено дело во кое човечките суштества можат да земат учество. Во тоа дело се откриваат Божјата сила, Неговата светост, Неговата трпеливост и Неговата безгранична љубов. Секое вистинско обратување го прославува Него и ги поттикнува ангелите да запеат.“
— 7 Свед., 49.
„Ние не можеме да имаме поголема радост од тоа да соработуваме со Бога, да ги спасуваме душите од ропството на гревот и да го изградуваме Христовото царство. Оваа радост е Христова радост и секоја душа што учествува во тоа ја доживува полнината на Неговата радост. Повторно и повторно можеме да пиеме од овој извор на радост, радувајќи се во Него, знаејќи дека никаква друга радост не може да се спореди со оваа.“
— РХ, 13. февруари, 1894.

Четврток — 9. февруари
5. ДРУГИ ЗАНИМАЊА

а. Како и во другите христијански занимања можеме да продолжиме да работиме на спасување на душите? Ефесјаните 4,28; 1 Коринтјаните 15,58.

1. Здравствена работа: „Не постои мисионерско поле поважно од она каде што работи еден верен и богобојазлив лекар.“ — 5 Сведоштво, 423.

2. Бизнис: „Постои потреба од бизнисмени кои големите начела на вистината ќе ги вткаат во сите свои деловни потфати и кои се подготвени своите таленти да ги усовршуваат со мошне темелно проучување и обука… (Даниел) претставува пример за тоа што секој бизнисмен може да биде.“ — Христовите параболи, 311.

3. Учители: „Учителите, особено оние кои работат со децата, треба да бидат смирени и љубезни, покажувајќи трпение и многу љубов кон оние на кои најмногу им е потребна.“ — 6 Сведоштво, 188.

4. Пејачи: „Потребни се и оние кои имаат дар за пеење. Песната е едно од најефикасните средства духовната вистина да се втисне во срцето.“ — РХ, 6. јуни, 1912.

5. Други занимања: „Вистинската среќа се наоѓа само во настојувањето да се биде добар и да се прави добро. Најчистото и најголемото задоволство во животот го наоѓаат само оние кои верно ги исполнуваат своите должности. Ниедна работа која верно се извршува не го унижува човекот.“ — Упатство за младите, 5. декември, 1901.

б. Дали Бог го осудува богатството кое е чесно стекнато? 5 Мојс. 8,18.

„Библијата не го осудува богатиот човек затоа што е богат, таа не вели дека стекнувањето на богатството е грев, ниту дека парите се корен на сите зла. Напротив, Светите списи велат дека Бог дава сила за стекнување на богатство; и дека таа способност е драгоцен талент ако се посвети на Бога и користи за унапредување на Неговото дело. Библијата не ги осудува генијалноста и уметноста; овие доаѓаат од мудроста која Бог ја дава. Ние не можеме срцето да го направиме посвето и почисто облекувајќи го телото во вреќи или лишувајќи го домот од сè што е комфорно, вкусно или практично.“
— Совети за управителите, 138.

Петок — 10. февруари
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Какви благодати можеме да имаме од корисната работа?

2. Кои фактори треба да влијаат врз нашиот избор на професија?

3. Како можеме своето занимање да го направиме благослов и за другите?

4. Во кое занимање сите можат да најдат вистинско задоволство? Зошто тоа претставува задоволство?

5. Наведи некои примери на прекрасни можности за спасување на душите.

2012 • 1. Квартал

7. лекција – План за брзо богатење

18. февруари 2012
„Верен човек ќе биде многу благословуван, а кој брза да се збогати, не останува без казна.“
— Изреки 28,20
„Сите предимства што Бог ни ги дал служат само како Негови помошни средства да внесат жар во нашиот дух, верност во нашите напори и енергија во нашите настојувања да ја исполниме Неговата света волја.“
— Патријарси и пророци, 370.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: 1 Сведоштво, 209-211.

Недела — 12. февруари
1. БРЗО ЗБОГАТУВАЊЕ

а. Каков ќе биде резултатот од учествување во плановите за брзо збогатување? Изреки 21,5.

„Духот на печалење, за брзо збогатување, кој потполно го обзема срцето со световното, е во болна спротивност со нашата вера и доктрина.“
— Совети за управителите, 231.232.

б. Зошто христијанскиот управител треба да се залага за вечно богатство, наместо да се стреми за брзо богатење? Псалм 37,7.

„Видов како сатаната будно ги забележува цртите на себичност и лакомост кај некои што ја исповедаат вистината, а потоа ги искушува опсипувајќи го со благосостојба нивниот животен пат и нудејќи им земни богатства. Тој добро знае дека тие, доколку не ги победат своите природни склоности, неизбежно ќе се сопнат и ќе паднат служејќи му на мамонот – на својот омилен идол. На тој начин тој често ја остварува својата цел. Силната љубов кон светот ја надвладува и просто ја проголтува љубовта кон вистината. Царството на овој свет им се нуди на таквите верници и тие грчевито се фаќаат за своето богатство мислејќи дека тоа е чудесен успех. Сатаната ликува, бидејќи успеал во својата намера. Поради љубовта кон овој свет, тие се одрекуваат од љубовта кон Бога.“
— 1 Сведоштво, 132.

Понеделник — 13. февруари
2. БОГАТСТВО СТЕКНАТО СО ТРУД

а. Каква е разликата помеѓу брзото богатење и правилното инвестирање на средствата? Изреки 28,30; 31,16.24.

„Многу пати кога Господ го отвори патот на браќата да ракуваат со нивните средства за унапредување на Неговото дело, агентите на сатаната ќе укажеа на некој потфат во кој браќата би ги дуплирале своите средства. Браќата се фаќаа на таа стапица, ги инвестираа своите пари, а честопати од тоа не добиваа ниту еден долар.“
— 5 Сведоштво, 143.
„Секоја дејност… поттикната од желбата некој со разни шпекулации брзо да се збогати, го обзема умот и ги одвраќа мислите на верниците од најсвечените вистини кои некогаш им биле дадени на смртниците. Тоа можеби ги охрабрува изгледите на минливиот овоземен успех, но крајниот резултат е неуспех. Господ не одобрува такви дејности. Ако оваа работа не се санкционира, мнозина ќе бидат привлечени од овие шпекулативни планови и ќе бидат одвратени од ширење на свечената вистина, толку потребна за овие последни денови, дури и оние кои на друг начин не можат да се заведат.“
— Совети за управителите, 234.235.
„Работата е благослов, а не проклетство. Вредната работа чува мнозина, млади и стари, од стапицата на оној кој ‘спремно го вработува умот и рацете на неработникот’. Никој нека не се срами од работата, бидејќи чесниот труд облагородува. Додека рацете се ангажирани во најчестите задачи, умот може да биде исполнет со возвишени и свети мисли.“
— Упатства за младите, 27. февруари, 1902.

б. Зошто луѓето честопати се во искушение да се вклучат во некои шпекулативни финансиски ризици? Изреки 27,20.

„Покажано ми е дека нашите луѓе со вакви шпекулативни работи се впуштаат во многу опасен експеримент. На тој начин тие сами се ставаат на подрачјето на непријателот и неизбежно доживуваат големи искушенија, разочарувања, тешкотии и загуби. Тоа внесува во душата немир, неодолив копнеж да се заработи повеќе и побргу отколку што е можно под постојните услови. Во копнеж и надеж да остварат поголема добивка тие го менуваат опкружувањето. Но нивните очекувања често не се остваруваат и тие стануваат обесхрабрени бидејќи и материјално назадуваат повеќе отколку што напредуваат. Токму тоа се случило на некои во …. Тие отпаднале од Бога.“
— 4. Сведоштво, 590.

Вторник — 14. февруари
3. ДА ЈА ПРЕПОЗНАЕМЕ СТРАТЕГИЈАТА НА НЕПРИЈАТЕЛОТ

а. Дури и во брзата ера во која живееме, што Бог милостиво ни обезбедил и зошто? Проповедник 3,1.

„Вредноста на времето е практично непроценлива. Христос секој миг го сметал за драгоцен, и така и ние треба на тоа да гледаме. Животот е премногу краток за да го пропуштиме залудно. Деновите на милост и проба кои ни се дадени за да се подготвиме за вечноста се кратки и поминуваат мошне брзо. Немаме време за губење, немаме време за себични задоволства, за уживање во гревот.“
— Христовите параболи, 303.

б. Кои фактори треба да се земат во предвид додека го планираме користењето на нашето време? Јаков 4,13-15.

в. Во обид да го унапредиме Божјото дело, што мораме да сфатиме? 1 Петрово 5,8.

„Немаме време за губење. Силите на темнината работат со сета сила и сатаната со нечуен чекор, како што волкот го граба својот плен, ги заробува оние кои сега спијат. Имаме предупредување кое можеме сега да го објавуваме, дело кое сега може да се продолжи, но наскоро ќе биде потешко отколку што може да се замисли. Бог да ни помогне да ја шириме светлината, во работата нашите очи да бидат постојано приковани на нашиот Водач, трпеливо и истрајно сè додека не стекнеме победа.“
— RH, 12. ноември, 1914.

г. Што кажува Вдахновението за борбата што е пред нас? Ефес. 6,12; Матеј 24,12.13.

„Со засилена ревност и енергија ние треба да го продолжиме Господовото дело сè до крајот на времето.“
— Совети за родителите, 455.

Среда — 15. февруари
4. ДА БИДАТ КОРИСНИ

а. Наместо да се ангажираме во шпекулативните шеми за брзо збогатување, што треба да правиме со талентите кои ни се доверени? Лука 19,13.

„Господарот на сите ни го упатува налогот: ‘Тргувајте додека не се вратам’ (Лука 19,13). Во Својата мудрост Тој ни дава упатство како да ги користиме Неговите дарови. Талентите на говорот, меморијата, влијанието, имотот, со употреба треба да се зголемуваат за слава на Бога и на унапредување на Неговото царство. Тој ќе ја благослови правилната употреба на Неговите дарови.“
— Совети за управителите, 116.
„Колку многу или малку да поседува, секој поединец нека запамети дека тоа му е само доверено. За својата сила, вештина, време, таленти, можности и средства, тој ќе мора да даде сметка на Бога. Ова е индивидуална работа, Бог ни дава можности да станеме како Него, дарежливи, благородни, великодушни преку давање и на другите. Оние кои ја забораваат својата од Бога дадена мисија, се стремат само да ги задоволат барањата на гордоста и себичноста, можат да обезбедат придобивки и задоволства на овој свет, но во очите на Бога тие се духовно сиромашни, бедни, мизерни, слепи и голи.

„Правилно употребено, богатството станува златна врска на благодарност и наклонетост помеѓу човекот и неговите ближни и силна врска на поврзаност и љубов кон Спасителот.“
— RH, 16. мај, 1882.

б. Што можеме да научиме од Соломоновото искуство? Проповедник 2,10.11.

„Мораме да се одвратиме од илјадници прашања што го привлекуваат нашето внимание. Некои теми одземаат време и ја будат нашата љубопитност, но всушност не водат никаде. Највисоките интереси го бараат нашето најголемо внимание и енергија, кои толку често се посветуваат на безначајни нешта.“
— Здравје и среќа, 407.
„Силата која сега ја сконцентрираме на евтина лесно расиплива стока, треба да ја користиме во работата за просветлување на светот. Да настојуваме сета своја од Бога дадена сила да ја користиме во работата која донесува благослов и задоволство и за овој живот и за вечноста.“
— Објавени ракописи 6, 267.
„Никој не смее да губи време во јадикување што видливите извори на средства се толку оскудни. Можеби надворешноста на изглед не ветува многу, но со енергично залагање и доверба во Бога изворите на средства можат да се зголемат.“
— Пророци и цареви, 163.

Четврток — 16. февруари
5. НАТРУПУВАЊЕ НА ИМОТ

а. Зошто ставот на безумниот богаташ кој го проширувал својот амбар е предупредување за нас? Лука 12,16-21.

„Жалосно е што дел од оние што тврдат дека се Божји народ задржуваат за себе од она што Нему му го должат. Средствата и напорите што треба да се посветат на Христа се користат за сопствени задоволства. На Бога му се закинува времето, финансиски средства и служба. Самољубието и самозадоволството ја исклучуваат Христовата љубов од душата и тоа е причината зошто во црквата нема повеќе ревност и поголема горлива љубов кон Оној кој прв нè засакал. Мнозина им попуштаат на себичните барања додека душите за кои Христос умрел пропаѓаат.“
— Знаци на времето, 22. декември, 1890.

б. Што секогаш треба да имаме на ум при разгледување на цената платена за наш откуп? 1 Коринтјаните 3,23; 6,20.

„Без разлика дали ние тоа го признаваме или не, душата и сите сили на нашето битие му припаѓаат на Бога. Бог му зборува на секое човечко битие, велејќи: ‘Дај ми ја својата ревност, својата способност, својата енергија и своите средства’. Тој со право го бара тоа, бидејќи ние сме откупени преку Неговата безгранична љубов и агонија на крстот на Голгота од ропството на гревот. Своите сили не треба да ги посветиме за себично угодување на себеси. Од ден на ден треба да му го вратиме на Господ она што нам ни го доверил.“
— Знаци на времето, 2. јануари, 1901.

Петок — 17. февруари
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Каков ќе биде резултатот во стремежот нагло да се збогатиме?

2. Како треба да го стекнеме нашето богатство?

3. Што треба да ни даде поттик во работата за Христа?

4. Наведи некои од начините на кои можеме да бидеме верни управители во финансиски поглед?

5. Што честопати ја исклучува од моето срце љубовта кон Христа?

2012 • 1. Квартал

8. лекција – Управувањето како талент

25. февруари 2012
„Господарот му рече: ‘Убаво, добар и верен слуго! Во малку беше верен, над многу ќе те поставам; сподели ја радоста со својот господар!’.“
— Матеј 25,23
„Бог на секој од нас ни доверил света доверба, за која нè смета одговорни. Според Неговата намера ние треба своите умни способности и таленти кои ни ги дал да ги користиме на начин со кој, правејќи добро, најмногу ќе придонесеме за оддавање слава на Дарителот.“
— 3 Сведоштво, 32.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Сведоштво за проп., 165-170.

Недела — 19. февруари
1. БОЖЈИТЕ ДАРОВИ

а. Што самиот Господ му дава на секој христијанин во својство на управител? 1 Коринтјаните 12,8-11.

„Талентите што Христос ѝ ги доверил на својата црква посебно се однесуваат на даровите и благословите што ги донесува Светиот Дух (1 Коринтјаните 12,8-11). Сите луѓе не примаат ист дар, но на секој слуга Учителот му ветил некој дар на Духот.“
— Христовите параболи, 288.

б. Што Дарителот со право очекува од своите управители? Лука 19,23.

„Бог луѓето ги надарил со различни таленти и дарови, но не да лежат неискористени, ниту пак да ги употребуваат за забава или себични задоволства, туку да бидат благослов за другите, оспособувајќи ги за ревна и самопожртвувана мисионерска работа. Бог на човекот му го дава и времето со цел да придонесат за слава на Неговото име.“
— Упатства за младите, 6. ноември, 1902.
„Нашиот небесен Отец не бара ниту помалку ниту повеќе од она што ни овозможил да постигнеме. Врз плеќите на Своите слуги Тој не става товари што тие не можат да ги носат. ‘Зашто Тој го знае нашиот состав, помни дека сме прав’ (Псалм 103,14). Сè што Тој бара од нас, со Божја милост ние можеме да го исполниме.“
— Христовите параболи, 323.

Понеделник — 20. февруари
2. УНАПРЕДУВАЊЕ НА ТАЛЕНТИТЕ (I)

а. Како христијанските управители треба да ги откриваат, развиваат и користат своите таленти? Изреки 1,7; 2,3-9; Јаков 1,5.

„Мнозина навидум неспособни млади луѓе се богато надарени со таленти кои воопшто не се искористени. Нивните способности лежат сокриени затоа што нивните воспитувачи немаат дар да ги воочат. Многу момчиња или девојчиња, однадвор исто толку непривлечни како еден грубо обработен камен, можат да претставуваат скапоцен материјал кој ќе ги издржи пробите на жештината, бурата и притисокот. Вистинскиот воспитувач, кој гледа што можат да станат неговите ученици, ќе ја разбере вредноста на материјалот што го обработува.“
— Воспитување, 232.
„Бог има големо дело кое треба да го заврши за кратко време. Тој на младите им доверил таленти, како што се: умните способности, времето и средствата, и Тој ги смета за одговорни за начинот на кој ги употребуваат тие добри дарови. Тој ги повикува храбро да се спротивстават на корумпираното влијание на ова брзо време, и да постанат квалификувани за работа во Неговото дело. Тие не можат да станат успешни ако во подготовката за делото не бидат со сето срце и сета сила.“
— Упатства за младите, 7. мај, 1884.

б. Како се умножуваат талентите на христијанскиот управител? 2 Коринтјаните 9,6.

„Талентите се умножуваат само ако се употребуваат. Успехот не е последица на некаков случај или судбина, туку дело на Божјото провидение, награда за верата и благоразумноста, за доблеста и истрајниот напор. Господ сака да ги употребуваме сите дарови што ги имаме; ако постапуваме така, ќе добиеме уште поголеми дарови со кои ќе можеме да се послужиме.“
— Христовите параболи, 314.
„Некои од младите кои биле вредни и истрајни во својата работа, сега заземаат значајни позиции во Божјото дело. Често слушаме како за талентите и способностите на овие млади некои зборуваат како за дарови со кои Бог особено ги надарил; но тоа е грешка. Талентите кои ни се дадени ние ги умножуваме и зајакнуваме преку употреба. Мнозина кои со ангажирање во Божјото дело можеле добро да се оспособат, пропуштаат преку пракса да ги усовршат способностите што Бог им ги дал.“
— РХ, 25. март, 1880.

Вторник — 21. февруари
3. УНАПРЕДУВАЊЕ НА ТАЛЕНТИТЕ (II)

а. Што треба да сфатат оние кои мислат дека примиле најмал талент? 1 Коринтјаните 7,20-24.

„Голем дел од младите негодуваат затоа што немаат способност да направат некои големи работи и посакуваат таленти со кои тие би можеле да направат некои чудеса; но додека така го трошат времето во залудни желби, тие прават неуспех во животот. Тие пропуштаат прилики кои би можеле да ги искористат правејќи дела на љубов и милосрдие на животниот пат на кој нивните нозе се поставени.“
— Упатство за младите, 2. март, 1893.

б. Како Господ ја оценува употребата на нашите таленти? 2 Коринтјаните 5,10; Лука 12,47.48.

„Кога Господ ќе побара сметка од своите слуги, ќе ја пресметува добивката од секој талент. Според извршената работа ќе се оценува и карактерот на секој работник.“
— Христовите параболи, 321.
„Оние што можеле да дадат свој придонес за спасението на душите кога би се држале за Божјите совети, но таа должност ја пропуштиле поради тоа што се срамеле од Христовиот крст, не само што ќе ја изгубат својата душа, туку и крвта на несреќните грешници ќе се најде на нивната облека. Таквите ќе мора да дадат сметка за добрата што можеле да ги сторат кога би се предале на Бога, но тоа не го сториле поради своето неверство. Оние што навистина ја вкусиле убавината на искупителната љубов нема, и не можат, да мируваат сè додека не ги запознаат со планот на спасението сите со кои доаѓаат во допир.“
— 1 Сведоштво, 458.
„Ние поединечно ќе бидеме одговорни ако сме сториле само една цртичка помалку од она што сме биле способни да го сториме. Господ точно ја одмерува секоја можност што ни се укажува за служба. Неискористените способности ќе се внесат во пресметката исто како и искористените. Бог ќе нè повика на одговорност за сè што сме можеле, кога правилно би ги употребиле нашите таленти, да сториме и да постанеме.“
— Христовите параболи, 323.

Среда — 22. февруари
4. ЛИЧНА ОДГОВОРНОСТ

а. Кои се некои од талентите кои христијанскиот управител треба да ги развие, и зошто? 1 Јованово 2,14; Римјаните 15,1.

„Посебни дарови на Духот не се само талентите споменати во оваа парабола (Матеј 25,13-32). Со нив се опфатени сите дарови и сите способности, било наследени или стекнати, телесни или духовни. Сите тие мора да се употребат во служба на Христа. Кога ќе станеме Христови ученици, ние Нему му се предаваме со сето она што сме и што имаме. Тие дарови Тој ни ги враќа пречистени и облагородени за да ги употребиме во Негова слава и на благослов на своите ближни.“
— Христовите параболи, 290.
„Моќта на говорот е способност што мора грижливо да се негува. Од сите дарови што сме ги примиле од Бога ниту еден не е во состојба да донесе поголеми благослови од овој. Со нашиот глас ние осведочуваме и убедуваме, упатуваме молби и пофалби кон Бога, со него им зборуваме на другите за љубовта на Спасителот. Тогаш, колку е важно тој дар да го извежбаме за да биде што поуспешен во службата на доброто.“
— Христовите параболи, 296.
„Нашето време му припаѓа на Бога. Секој миг е Негов и наша најсвета обврска е да го искористиме на Негова слава. Ниту за еден друг дар Тој нема да бара построга сметка како за дарот на нашето време.“
— Христовите параболи, 303.
„Родителите треба да ги учат своите деца високо да го ценат и правилно да го употребуваат времето. Поучете ги дека е важно сè она со што можат да Го прослават Бога и да му донесат благослов на човештвото. Дури и во своите најрани години тие можат да Му служат на Бога како мисионери.“
— Христовите параболи, 306.
„Бог на луѓето им доверува материјални средства. Тој им дава сила да стекнат богатство; ја натопува земјата со небесна роса и со изобилен дожд што освежува. Тој дава сончева светлина која ја загрева земјата, будејќи ја во живот целата природа и предизвикува сè што е создадено да буи и да носи плод. За возврат Тој го бара она што му припаѓа Нему.“
— Христовите параболи, 311.
„Парите не ни се дадени за стекнување на чест или лична слава. Како верни управители ние треба да ги употребиме за чест и слава на Бога. Некои мислат дека само дел од нивните средства му припаѓаат на Бога. Кога еден дел од нивните средства ќе издвојат за верски и добротворни цели, тие сметаат дека остатокот можат да го користат како ним им одговара. Но, во ова тие грешат. Сè она со што располагаме е Божјо власништво и ние ќе дадеме сметка за употребата на добрата кои ни се доверени. Во користењето на секој денар може да се види дали Го сакаме Бога над сè и своите ближни како самите себе.“
— Порака до младите, 310.

Четврток — 23. февруари
5. УПРАВИТЕЛИ ЗА ЦАРСТВОТО

а. На што треба енергично да ги фокусираме сите наши различити таленти? Филипјаните 3,7-14.

„Вие сте гледање на светот, на ангелите и на луѓето… Искористете ги златните моменти, ставајќи ги на користење талентите кои Бог ви ги дал за да ги умножите за Учителот и да бидат благослов за сите околу вас. Нека небесните ангели со радост гледаат на вас поради вашата верност и лојалност на Исус Христос.“
— Упатство за младите, 12. јули, 1894.
„Мудрото користење на можностите кои ќе ви се укажат и талентите кои Бог ви ги дал, ќе ве направат мажи и жени кои можат да го заслужат Божјото одобрување и да бидат благослов за општеството. Нека вашиот критериум биде висок, и со неуморна енергија користете ги своите таленти и можности на најдобар начин, за да ја остварите целта.“
— Темели на христијанското воспит., 87.
„Дали одлучивте да му се предадете на Господа? Дали сте подготвени да се вклучите во работата која Тој ви ја оставил да ја извршите. Исус им рекол на своите ученици: ‘Одете по сиот свет и проповедајте го Евангелието на секое создание’ (Марко 16,15). Зарем своето време и своите сили и покрај овој налог ќе ги посветите на своите лични склоности, наместо да го послушате Божјиот совет?“
— Синови и ќерки Божји, 273.
„Овде, на овој свет, во овие последни денови, луѓето ќе покажат која сила влијае на нивните срца и ги контролира нивните постапки. Ако тоа е силата на божествената вистина, тоа ќе доведе до добри дела…

„Млади и стари, Бог сега ве проверува. Вие сами одлучувате за својата вечна судбина.“
— Мараната, 43.

Петок — 24. февруари
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Како различните таленти можат најдобро да се употребат за Господа?

2. Каква корист талентот на мудрото управување ѝ донесува на црквата?

3. На кој начин јас, лично, треба сериозно да водам грижа за талентите што ми се доверени?

4. Што морам да сфатам за мојата одговорност пред Бога за моите таленти?

5. Опишете ја одговорноста на секој христијанин, без оглед на возраста или способноста.

2012 • 1. Квартал

9. лекција – Важноста на братската љубов

3. март 2012
„Да имам пророчки дар и да ги знам сите тајни, да го имам сето знаење, а и така силна вера, што и планини да преместувам, -ако љубов немам, ништо не сум.“
— 1 Коринтјаните 13,2
„Да се научи да се сака со Христовата љубов значи небесно раѓање, и без ова сите други квалификации се без никаква вредност.“
— RH, 21. јули, 1904.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Совети за управителите, 20-23.

Недела — 26. февруари
1. ПОГЛАВЈЕ ЗА НАШИТЕ ДЕНОВИ

а. Каква сериозност и потреба за молитва треба да почувствува христијанскиот управител кога го проучува текстот во 1 Коринтјаните 13 поглавје? 2 Коринтјаните 3,18; 1 Јованово 4,19-21.

„Господ ми нареди вниманието на Неговиот народ да го насочам на тринаесеттото поглавје на Првото послание до Коринтјаните. Читајте го ова поглавје секој ден, и од него ќе добиете утеха и сила.“
— РХ, 21. јули, 1904.
„Во 13. поглавје апостол Павле точно ја дефинира милосрдната љубов… Ова поглавје е израз на послушност на сите кои го љубат Бога и ги пазат Неговите заповеди, и треба да се внесе во постапките и во животот на секој вистински верник.“
— Библиски коментари, 678.

б. Што треба сериозно да разгледаат сите кои ја исповедаат и се обидуваат да ја споделат сегашната вистина во овие последни денови? 2 Петрово 1,10-12.

„Колку внимателни треба да бидеме, нашите зборови и постапки да бидат во склад со светата вистина која Бог ни ја доверил! Луѓето од овој свет будно нè следат да видат колку верата која ја исповедаме влијае на нашиот живот и карактер; колку посветувачко влијание таа вера има на нашето срце и дали се преобразуваме во сличност со Христа. Тие се подготвени да го откријат секој недостаток во нашиот живот, секоја недоследност во нашите постапки. Ајде да не им дадеме повод да ја срамат нашата вера.“
— RH, 5.јуни, 1888.

Понеделник — 27. февруари
2. БЕЗВРЕДНИ РАЗГОВОРИ

а. Зошто познавањето на вистината – заедно со сјајната способност за изразување – не е доволно да се прослави Христовото име? 1 Коринтјаните 13,1.

„Ако познавањето на вистината не произведува убавина во душата, ако не го потчини, омекне и обнови човекот во Божји лик, тогаш тој нема никаква корист. Тој е како бакар што ѕвони или кимвал, што ѕвечи.“
— Библиски коментари, 418.
„Говорничката вештина и остриот интелект не претставуваат она на што Бог смета. Искреност во намерата, длабоката побожност, љубовта кон вистината и стравот од Бога го прават влијанието делотворно. Сведоштвото на срцето кое доаѓа од усни во кои нема лукавство, полно со вера и понизна доверба, иако дадено од страна на несигурен и несовршен јазик од некој кој има дури и говорна мана, Бог го цени како најдрагоцено злато; додека жестокиот говор, елоквентното говорништво од оној кому му недостасува верност, постојаност во намерата, чистота и несебичност, звучи како бакар и ѕвони како кимвал. Тој може да каже нешто духовито, да раскаже забавна анегдота, да влијае возбудливо на чувствата, но Духот на Исус не е во него. Сите овие работи можат да му бидат пријатни на непосветеното срце, но Бог има во рацете мерила со кои ги одмерува зборовите, духот, искреноста и побожноста на говорникот, и Тој сето тоа го прогласува за полесно од суета.“
— Библиски коментари, 678.

б. Какви предупредувања имаме во Божјата Реч против себичната употреба на Божјите благослови? Малахија 2,2; Јаков 2,15.16.

„Гревот во кој најмногу се запаѓа, кој нè одвојува од Бога и нè доведува до вистинска зараза на духовни нарушувања, е себичноста. Никој не може да се врати кај Бога ако не се откаже од себе. Ние тука не можеме ништо да постигнеме сами; но ако Бог ни подари сила, ќе можеме да живееме за добро на другите и така ќе се спасиме да не западнеме во гревот на себичноста. Не е потребно да одиме во незнабожечки земји за да покажеме колку сакаме да се посветиме на Бога и да живееме корисен, несебичен живот. Треба тоа да го правиме во својот домашен круг, во црквата, меѓу оние со кои се дружиме и со кои работиме. Токму преку своите секојдневни постапки треба да се откажеме од своето ‘јас’ и да го држиме во потчинетост.“
— 2 Сведоштво, 142.

Вторник — 28. февруари
3. СТАПИЦА ЗА ХРИСТИЈАНСКИОТ УПРАВИТЕЛ

а. Иако познавањето на библиските доктрини, прецизните пророчки сфаќања и бескомпромисната храброст се од суштинско значење, кои предупредувања им се упатуваат на сите оние кои веруваат во сегашната вистина? 1 Коринтјаните 13,2.3.

„Без оглед на тоа колку сесрдно ја исповеда верата, човекот чиешто срце не е исполнето со љубов кон Бога и кон ближните, не е вистински следбеник на Христос. И ако има силна вера, дури и моќ да прави чуда, а ако нема љубов, неговата вера е безвредна. Таквиот човек може да биде мошне дарежлив; но кога од некоја друга побуда, а не од вистинска љубов, би го разделил сиот свој имот за да ги нахрани сиромасите, со таа постапка сепак не би заслужил Божјо признание. Таквиот човек во својата ревност би можел дури и да умре со смрт на маченик, но ако на тоа не го поттикнала љубовта, Бог би го сметал за заблуден занесеник или за славољубив лицемер.“
— Делата на апостолите, 236.

б. Кои опасности им се закануваат дури и на најревносните следбеници на трикратната ангелска порака? Откровение 3,17; Ис. 65,5.

„Законската религија во тоа време е сметана за потполно исправна религија. Но, тоа е грешка. Христовиот укор упатен на фарисеите може да се примени и на оние кои ја изгубиле од срцето својата прва љубов. А студената, законска религија никогаш не може да доведе души кај Христа; бидејќи тоа е религија без Христа и без љубов. На Бога му се гнасни и постот и молитвите, кои се практикуваат во духот на самоправедност. Свечените собири за богослужба, низа на верски церемонии, надворешна понизност, принесување на жртви – сето тоа често има за цел оние кои учествуваат во тоа да се прикажат пред светот како праведници. Овие работи го наведуваат набљудувачот на заклучок дека оние кои точно ги извршуваат должностите имаат право на небо. Но, сето тоа е само измама. Влезницата за во рајот не можеме да ја купиме со своите дела. Жртвата која Христос ја поднел е доволна за сите кои веруваат… Гледајте на Бога, не гледајте на луѓето. Бог е вашиот небесен Татко, кој е подготвен трпеливо да ги носи вашите слабости, да ви прости и да ве исцели од сето тоа.“
— RH, 20. март, 1894
„Ништо не може толку да го ослаби влијанието на црквата како недостатокот на љубов.“
— RH, 5. јуни, 1888.

Среда — 29. февруари
4. НАПОЈУВАЊЕ ОД ЧИСТ ИЗВОР

а. Каква служба е неприфатлива за Бога, и зошто? Исаија 58,4.5; Еремија 2,13. Како можеме да го надминеме овој проблем?

„Стражите будно во молитва. Само на тој начин можете со целото свое битие да бидете во Господовото дело. Сопственото ‘јас’ мора да се стави во позадина. Оние кои се стремат да се истакнат себеси добиваат образование кое наскоро ќе стане нивна втора природа и наместо да го воздигаат Исуса тие ќе се воздигаат себеси, наместо да бидат канали преку кои живата вода ќе може да тече и да ги освежува другите, тие љубовта и вниманието на сите кои ги опкружуваат ќе ги впиваат само за себе. Тоа не е верност кон нашиот распнат Господ.“
— Совети за здравјето, 560.
„Тоа секојдневно умирање на нашето ‘јас’ во ситните работи во животот нè прави победници. Ние треба да заборавиме на себе во желбата да правиме добро на другите.“
— 2 Сведоштво, 142.

б. Опиши ги резултатите на правата религија. Јаков 1,27.

в. На кој начин можеме да ги донесуваме овие живи плодови? Јован 7,37.38.

„Чистата Христова религија е извор од кој течат потоци на милосрдие, љубов и самопожртвуваност.“
— Библ. коментари, 821.
„Вистинскиот христијанин или христијанка се активни во служба на Бога, присуствуваат на состаноците за богослужение и со своето присуство ги охрабруваат и другите. Религијата не се состои во дела, но поттикнува на дела, таа не е неактивна.

„Изгледа мнозина сметаат дека религијата има тенденција да ги направи своите припадници ограничени и тесногради, но вистинската религија нема ограничувачко влијание, туку недостатокот на религија ги ограничува способностите и го запира развојот на умот. Кога човекот има ограничени погледи, тоа е доказ дека му е потребна Божјата благодат и небесно помазание; бидејќи христијанинот мора да биде човек преку кого Господ, Бог над воинствата, може да дејствува, кој може да се држи до Божјите патишта на земјата и да ја пренесува Неговото волја на другите.“
— Библиски коментари, 822.

Четврток — 1. март
5. СИЛА ЗА ВИСТИНСКО УПРАВУВАЊЕ

а. Кое е највисокото скалило на скалата на христијанскиот развој? 2 Петрово 1,4-7. Што мораме да имаме на ум во стремежот да ги усовршиме сите христијански особини?

„На секоја вера треба да и додавате добродетел; а кон добродетелта знаење, кон знаењето воздржување, кон воздржувањето трпение, кон трпението побожност, кон побожноста братољубивост, кон братољубивоста љубов. Немојте да мислите дека наредната благодат од наведениот редослед не можете да ја негувате пред да ја усовршите претходната. Не; сите растат и се развиваат заедно, непрекинато се напојуваат од изворот на љубовта кон ближните; секој ден во својот живот вие можете да бидете совршено благословени со својствата целосно откриени во Христовиот карактер, и кога ова ќе го направите ќе донесете светлина, мир и радост во вашите домови.“
— РХ, 29. јули, 1890.

б. Објаснете како можеме да станеме задоени со нов духовен живот и вистински побуди? Езекиел 37,1-14; Марко 2,22.

„Кога човекот ќе се откаже од себе, тогаш Господ може да го направи човекот ново создание. Ново вино можат да држат само нови мевови. Христовата љубов ќе го вдахне верникот со нов живот. Во оние, кои постојано гледаат во Началникот и Свршителот на нашата вера, ќе се манифестира карактерот на Исус Христос.“
— Копнежот на вековите, 203.

Петок — 2. март
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Зошто христијанскиот управител треба секојдневно да го проучува текстот од 1 Коринтјаните 13?

2. На кој начин христијанскиот управител може да биде во опасност да биде како бакар што ѕвони или кимвал што ѕвечи?

3. Зошто и таканаречените маченици за Христа можат да бидат изгубени?

4. Кога нашите ставови и постапки ќе му бидат пријатни на Бога?

5. Како љубовта кон ближните делува истовремено со останатите особини наброени во 2 Петрово 1,4-7?

2012 • 1. Квартал

10. лекција – Однесувањето и скриените побуди

10. март 2012
„(Љубовта кон ближните) не е непристојна, не бара свое.“
— 1 Коринтјаните 13,5
„Патот до рајот не е само едно самовозвишување туку и покајание, признание, понизност, вера и послушност.“
— RH, 23. декември, 1890.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: 2 Сведоштво, 50-62.

Недела — 4. март
1. ДА ВНИМАВАМЕ НА НАШЕТО ОДНЕСУВАЊЕ

а. Наведи едно од обележјата на љубовта, кое се однесува на однесувањето кон другите воопшто. 1 Коринтјаните 13,5 (прв дел).

б. Кои примери на непристојно однесување треба да ни послужат како предупредување? Галатјаните 2,11-13; Јаков 2,1-4.8.9.

в. Како христијанскиот управител е предупреден против други вообичаени начини на непристојно однесување? Изреки 14,29; 18,23 (втор дел).

„Има и такви кои се воздигаат без никаква самоконтрола; тие не ги зауздуваат ниту својот темперамент ниту јазикот; и некои од нив тврдат дека се Христови следбеници, но тие не се. Исус не им дал таков пример. Кога би ја имале кротоста и понизноста на Спасителот тие нема да постапуваат по природните нагони на срцето, затоа што тоа е од сатаната. Некои се нервозни, и кога под влијание на некоја провокација почнат да губат самоконтрола во зборовите или духот, тие се толку затруени со гнев како пијаница со алкохолот. Тие се однесуваат неразумно и не можат лесно да се одвратат или осведочат. Во такви моменти тие губат разум и целосно се под контрола на сатаната. Секое едно такво покажување на гневот го слабее нервниот систем и моралните сили, и го отежнува воздржувањето од гневот или друга провокација. За таквите постои само еден лек – одлучна самоконтрола под сите околности.“
— Упатство за младите, 10. ноември, 1886.

Понеделник — 5. март
2. МИЛОСРДНА РАЗУМНОСТ

а. Како во своето однесување можеме да станеме слични на Христа, особено кон оние кои можат неправедно да нè провоцираат? Јаков 1,19-21; Изреки 15,1; 19,11.

„(Христос) бил неправедно обвинет, но Тој не ги отворил устата за да се оправда себеси. Колкумина денес кои, кога се обвинети за нешто за што не се виновни, мислат дека постои време кога трпението престанува да биде доблест и, не контролирајќи се, изговараат зборови кои го жалостат Светиот Дух.“
— Библиски коментари, 332.
„Повеќето тешкотии за пет минути би биле отстранети доколку не би имало гордост и себичност. Ангелите се жалосни а Бог е незадоволен од часовите кои ги потрошиле за да се оправдаат себеси.“
— Рани списи, 131.

б. На кој начин христијанскиот управител ја прикажува разумноста на љубовта кон ближниот? Дела 9,36-39.

„Во Јопа, место недалеку од Лида, живеела жена по име Тавита, која поради своите добри дела била мошне омилена. Таа била достојна ученичка на Исус, а животот ѝ бил исполнет со доброчинства. Знаела кому му била потребна облека, а кому љубов и сочувство и со задоволство им служела на сиромасите и на несреќните. Нејзините вешти прсти биле многу поактивни од нејзиниот јазик.“
— Делата на апостолите, 96.
„Проповедањето е само мал дел од работата која мора да се изврши во процесот на спасување на душите. Божјиот Дух ги осведочува грешниците во вистината и ги доведува во прегратките на црквата. Проповедниците треба да го направат својот дел, но тие никогаш не можат да ја извршат онаа задача која ѝ е доверена на црквата. Бог бара од членовите на својата црква да ги негуваат младите во вера и искуство, да ги посетуваат, не да озборуваат со нив, туку да се молат и да им упатуваат зборови кои се како ‘златни јаболка во сребрени садови’ (Изреки 25,11).“
— 4 Сведоштво, 65.
„Како деца Божји должни сме да бидеме Негови мисионери, да се запознаеме со оние на кои им е потребна нашата помош. Ако некој се колеба и потклекнува под притисок на искушенијата, треба да му се пристапи многу внимателно и мудро да се постапи со него, бидејќи во прашање се неговите вечни интереси; и зборовите и постапките на оние кои се залагаат за него можат да бидат животен мирис за живот или смртен мирис за смрт.“
— 4 Сведоштво, 65.

Вторник — 6. март
3. КОГО НАВИСТИНА ГО САКАМЕ?

а. Коен вистинската љубов кон другите станува реткост, и како овој проблем да го надминеме? Матеј 24,12; Откровение 2,2-4; Евреите 12,2-4.

„Божјата љубов се гаси во црквата, и како резултат на тоа, љубовта кон себе никнува во нови активности. Со губењето на љубовта кон Бога дошло и до губење на љубов кон браќата.“
— РХ, 20. март,1894.
„Нека својот живот, толку бурен со конфликти и грижи, го донесат во поврзаност со Христа, и тогаш сопственото ‘јас’ повеќе нема да се бори за надмоќ.“
— Библиски коментари, 290.
„Гордоста и самољубието не можат да се развиваат во душата која свежо ја држи во меморија сцената од Голгота.“
— Копнежот на вековите, 513.

б. Со што христијанскиот управител особено треба да светли во овој свет? 1 Коринтјаните 10,24.

„Несебичноста, која е начело на Божјото царство, е начело кое сатаната го мрази; тој го одрекува и самото негово постоење. Од почетокот на големата борба сатаната настојува да докаже дека начелата според кои Бог постапува се себични и на ист начин се однесува и кон сите кои му служат на Бога. Христово дело и дело на сите оние кои го носат Неговото име е да се побие тврдењето на сатаната.

„Исус дошол во човечки облик за да покаже со својот живот што е тоа несебичност. И сите кои го прифаќаат ова начело треба да бидат Негови соработници во прикажувањето на несебичноста во практичниот живот. Да се одбере доброто затоа што е добро; да се застане на страната на вистината без оглед на страдањата и жртвите – ‘тоа е наследство на Господовите слуги, и нивната праведност е од Мене, вели Господ’ (Исаија 54,17).“
— Воспитување, 154.
„На небото никој нема да мисли на себе ниту да копнее по свое задоволство, туку во чиста вистинска љубов, ќе ја бара среќата на небесните битија што нè опкружуваат. Ако сакаме да бидеме во друштво на небесните суштества на обновената земја, мораме уште овде да се управуваме според небесните начела.“
— 2 Сведоштво, 143.

Среда — 7. март
4. ЗБОРОВИ НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ

а. Што треба да има на ум христијанскиот управител при изборот на приоритети? 1 Јованово 2,15-17.

„Ако сите пари што претерано се користат, за непотребни работи, би се вложиле во Божјата ризница, би виделе како мажите, жените и младите се предаваат на Исус и соработуваат со Христа и ангелите.“
— RH, 23. декември, 1890.
„Кога случаите на сите ќе бидат разгледувани пред Бога, нема да се постави прашањето: Што тие исповедале, туку: Што правеле? Дали само ја слушале Божјата реч, или живееле според неа? Дали тие живееле за себе, или правеле добродетелства во делата на милосрдие и љубов, ценејќи ги другите повеќе од себе и откажувајќи се од себе за да послужат на благослов на другите?… Со својата изразена себичност, со љубовта кон себе и со вашата незаинтересираност кон страдањата и потребите на другите, вие го жалостите и ранувате Христа.“
— 3 Сведоштво, 488.

б. Каков несреќен став може да заземе секој од нас иако ни е доверена голема светлина – и што мораме да сфатиме за да здобиеме победа? Исаија 58,2-4.10-12.

„Во својата работа ќе наидеме на високо исповедање на побожност и многу надворешна точност со која се прекрива големото внатрешно зло. Луѓето претставени во 58. поглавје од книгата на пророкот Исаија се жалат дека Господ не им обрнува внимание на нивната служба. Овој приговор доаѓа од срца кои не се потчинети од благодатта, непокорни на вистината.“
— Библиски коментари, 334.
„Мнозина примаат одобрувања и пофалби за доблестите кои тие не ги поседуваат. Оној кој ги познава срцата ги проценува сите побуди и постапки со кои од луѓето се измамуваат големи признанија и пофалби најчесто ги бележи како излив на обично лицемерство и себичност. За секоја постапка во нашиот живот, без разлика дали е одлична и за пофалба или пак заслужува осуда, Оној кој ги испитува срцата ќе ни суди според побудите кои нè поттикнале на тоа.“
— Слуги на евангелието, 249.

Четврток — 8. март
5. ДА ГО СЛЕДИМЕ ХРИСТА ВО САМООДРЕКУВАЊЕ

а. Кое начело претставува основа за вистинска христијанска служба? Дела 20,35.

„Божјото дело треба ревно да продолжи во нашите градови и во секое место. Бог ќе ги повика луѓето да го остават плугот, бачилата и лозјата и ќе ги постави не местото на оние кои мислат дека треба да имаат највисока плата. Оние коишто гледаат само како да дојдат до што поголема плата, во парите што ќе ги добијат ќе ја добијат својата награда којашто некогаш ќе ја примат. Од таквите не може да се очекува да го чувствуваат товарот за спасување на душите кои пропаѓаат. Таквите Господ не може да ги употреби во своето дело. Додека не ја отфрлат себичноста од своите срца, нивните напори се безвредни.“
— RH, 15. декември, 1904.
„Небесните суштества можат да соработуваат со оној што копнее да ги спаси душите, а не да се воздига себеси.“
— Копнежот на вековите, 333.

б. Што треба да го инспирира христијанскиот управител со чисти и беспрекорни побуди во работата? 2 Коринтјаните 8,8.9.

„Исус го напуштил својот дом во слава, го облекол своето божество со човечка природа и дошол на овој свет расипан и загаден со проклетството на гревот. Можел да остане во својот небесен дом и да прима слава и поклонување од страна на ангелите; но Тој дошол на земјата да ги бара и спаси изгубените. ‘Иако богат, осиромаши заради вас, да се збогатите и вие преку Неговата сиромаштија’ (2 Коринтјаните 8,9). Тој Височеството на небото, кој беше едно со Отецот, се согласил на секоја можна жртва во самоодрекување со цел човекот да не пропадне туку да има вечен живот. Христос живеел не да си угодува себеси. Ако Тој си угодувал себеси, каде ние би биле денес?“
— RH, 23. декември, 1890.

Петок — 9. март
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Како можеме да бидеме виновни за непристојно однесување?

2. Што можеме да научиме за љубовта од Христа и од Неговите следбеници?

3. Колку силна треба да биде нашата љубов кон Христа?

4. Зошто треба секогаш да ги преиспитуваме своите приоритети и побуди?

5. Зошто треба да бидеме поревносни во потпомагање и ширење на Божјо дело?

2012 • 1. Квартал

10. лекција – Однесувањето и скриените побуди

10. март 2012
„(Љубовта кон ближните) не е непристојна, не бара свое.“
— 1 Коринтјаните 13,5
„Патот до рајот не е само едно самовозвишување туку и покајание, признание, понизност, вера и послушност.“
— RH, 23. декември, 1890.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: 2 Сведоштво, 50-62.

Недела — 4. март
1. ДА ВНИМАВАМЕ НА НАШЕТО ОДНЕСУВАЊЕ

а. Наведи едно од обележјата на љубовта, кое се однесува на однесувањето кон другите воопшто. 1 Коринтјаните 13,5 (прв дел).

б. Кои примери на непристојно однесување треба да ни послужат како предупредување? Галатјаните 2,11-13; Јаков 2,1-4.8.9.

в. Како христијанскиот управител е предупреден против други вообичаени начини на непристојно однесување? Изреки 14,29; 18,23 (втор дел).

„Има и такви кои се воздигаат без никаква самоконтрола; тие не ги зауздуваат ниту својот темперамент ниту јазикот; и некои од нив тврдат дека се Христови следбеници, но тие не се. Исус не им дал таков пример. Кога би ја имале кротоста и понизноста на Спасителот тие нема да постапуваат по природните нагони на срцето, затоа што тоа е од сатаната. Некои се нервозни, и кога под влијание на некоја провокација почнат да губат самоконтрола во зборовите или духот, тие се толку затруени со гнев како пијаница со алкохолот. Тие се однесуваат неразумно и не можат лесно да се одвратат или осведочат. Во такви моменти тие губат разум и целосно се под контрола на сатаната. Секое едно такво покажување на гневот го слабее нервниот систем и моралните сили, и го отежнува воздржувањето од гневот или друга провокација. За таквите постои само еден лек – одлучна самоконтрола под сите околности.“
— Упатство за младите, 10. ноември, 1886.

Понеделник — 5. март
2. МИЛОСРДНА РАЗУМНОСТ

а. Како во своето однесување можеме да станеме слични на Христа, особено кон оние кои можат неправедно да нè провоцираат? Јаков 1,19-21; Изреки 15,1; 19,11.

„(Христос) бил неправедно обвинет, но Тој не ги отворил устата за да се оправда себеси. Колкумина денес кои, кога се обвинети за нешто за што не се виновни, мислат дека постои време кога трпението престанува да биде доблест и, не контролирајќи се, изговараат зборови кои го жалостат Светиот Дух.“
— Библиски коментари, 332.
„Повеќето тешкотии за пет минути би биле отстранети доколку не би имало гордост и себичност. Ангелите се жалосни а Бог е незадоволен од часовите кои ги потрошиле за да се оправдаат себеси.“
— Рани списи, 131.

б. На кој начин христијанскиот управител ја прикажува разумноста на љубовта кон ближниот? Дела 9,36-39.

„Во Јопа, место недалеку од Лида, живеела жена по име Тавита, која поради своите добри дела била мошне омилена. Таа била достојна ученичка на Исус, а животот ѝ бил исполнет со доброчинства. Знаела кому му била потребна облека, а кому љубов и сочувство и со задоволство им служела на сиромасите и на несреќните. Нејзините вешти прсти биле многу поактивни од нејзиниот јазик.“
— Делата на апостолите, 96.
„Проповедањето е само мал дел од работата која мора да се изврши во процесот на спасување на душите. Божјиот Дух ги осведочува грешниците во вистината и ги доведува во прегратките на црквата. Проповедниците треба да го направат својот дел, но тие никогаш не можат да ја извршат онаа задача која ѝ е доверена на црквата. Бог бара од членовите на својата црква да ги негуваат младите во вера и искуство, да ги посетуваат, не да озборуваат со нив, туку да се молат и да им упатуваат зборови кои се како ‘златни јаболка во сребрени садови’ (Изреки 25,11).“
— 4 Сведоштво, 65.
„Како деца Божји должни сме да бидеме Негови мисионери, да се запознаеме со оние на кои им е потребна нашата помош. Ако некој се колеба и потклекнува под притисок на искушенијата, треба да му се пристапи многу внимателно и мудро да се постапи со него, бидејќи во прашање се неговите вечни интереси; и зборовите и постапките на оние кои се залагаат за него можат да бидат животен мирис за живот или смртен мирис за смрт.“
— 4 Сведоштво, 65.

Вторник — 6. март
3. КОГО НАВИСТИНА ГО САКАМЕ?

а. Кога вистинската љубов кон другите станува реткост, и како овој проблем да го надминеме? Матеј 24,12; Откровение 2,2-4; Евреите 12,2-4.

„Божјата љубов се гаси во црквата, и како резултат на тоа, љубовта кон себе никнува во нови активности. Со губењето на љубовта кон Бога дошло и до губење на љубов кон браќата.“
— РХ, 20. март, 1894.
„Нека својот живот, толку бурен со конфликти и грижи, го донесат во поврзаност со Христа, и тогаш сопственото ‘јас’ повеќе нема да се бори за надмоќ.“
— Библиски коментари, 290.
„Гордоста и самољубието не можат да се развиваат во душата која свежо ја држи во меморија сцената од Голгота.“
— Копнежот на вековите, 513.

б. Со што христијанскиот управител особено треба да светли во овој свет? 1 Коринтјаните 10,24.

„Несебичноста, која е начело на Божјото царство, е начело кое сатаната го мрази; тој го одрекува и самото негово постоење. Од почетокот на големата борба сатаната настојува да докаже дека начелата според кои Бог постапува се себични и на ист начин се однесува и кон сите кои му служат на Бога. Христово дело и дело на сите оние кои го носат Неговото име е да се побие тврдењето на сатаната.

„Исус дошол во човечки облик за да покаже со својот живот што е тоа несебичност. И сите кои го прифаќаат ова начело треба да бидат Негови соработници во прикажувањето на несебичноста во практичниот живот. Да се одбере доброто затоа што е добро; да се застане на страната на вистината без оглед на страдањата и жртвите – ‘тоа е наследство на Господовите слуги, и нивната праведност е од Мене, вели Господ’ (Исаија 54,17).“
— Воспитување, 154.
„На небото никој нема да мисли на себе ниту да копнее по свое задоволство, туку во чиста вистинска љубов, ќе ја бара среќата на небесните битија што нè опкружуваат. Ако сакаме да бидеме во друштво на небесните суштества на обновената земја, мораме уште овде да се управуваме според небесните начела.“
— 2 Сведоштво, 143.

Среда — 7. март
4. ЗБОРОВИ НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ

а. Што треба да има на ум христијанскиот управител при изборот на приоритети? 1 Јованово 2,15-17.

„Ако сите пари што претерано се користат, за непотребни работи, би се вложиле во Божјата ризница, би виделе како мажите, жените и младите се предаваат на Исус и соработуваат со Христа и ангелите.“
— RH, 23. декември, 1890.
„Кога случаите на сите ќе бидат разгледувани перед Бога, нема да се постави прашањето: Што тие исповедале, туку: Што правеле? Дали само ја слушале Божјата реч, или живееле според неа? Дали тие живееле за себе, или правеле добродетелства во делата на милосрдие и љубов, ценејќи ги другите повеќе од себе и откажувајќи се од себе за да послужат на благослов на другите?… Со својата изразена себичност, со љубовта кон себе и со вашата незаинтересираност кон страдањата и потребите на другите, вие го жалостите и ранувате Христа.“
— 3 Сведоштво, 488.

б. Каков несреќен став може да заземе секој од нас иако ни е доверена голема светлина – и што мораме да сфатиме за да здобиеме победа? Исаија 58,2-4.10-12.

„Во својата работа ќе наидеме на високо исповедање на побожност и многу надворешна точност со која се прекрива големото внатрешно зло. Луѓето претставени во 58. поглавје од книгата на пророкот Исаија се жалат дека Господ не им обрнува внимание на нивната служба. Овој приговор доаѓа од срца кои не се потчинети од благодатта, непокорни на вистината.“
— Библиски коментари, 334.
„Мнозина примаат одобрувања и пофалби за доблестите кои тие не ги поседуваат. Оној кој ги познава срцата ги проценува сите побуди и постапки со кои од луѓето се измамуваат големи признанија и пофалби најчесто ги бележи како излив на обично лицемерство и себичност. За секоја постапка во нашиот живот, без разлика дали е одлична и за пофалба или пак заслужува осуда, Оној кој ги испитува срцата ќе ни суди според побудите кои нè поттикнале на тоа.“
— Слуги на евангелието, 249.

Четврток — 8. март
5. ДА ГО СЛЕДИМЕ ХРИСТА ВО САМООДРЕКУВАЊЕ

а. Кое начело претставува основа за вистинска христијанска служба? Дела 20,35.

„Божјо дело треба ревно да продолжи во нашите градови и во секое место. Бог ќе ги повика луѓето да го остават плугот, бачилата и лозјата и ќе ги постави на местото на оние кои мислат дека треба да имаат највисока плата. Оние коишто гледаат само како да дојдат до што поголема плата, во парите што ќе ги добијат ќе ја добијат својата награда којашто некогаш ќе ја примат. Од таквите не може да се очекува да го чувствуваат товарот за спасување на душите кои пропаѓаат. Таквите Господ не може да ги употреби во своето дело. Додека не ја отфрлат себичноста од своите срца, нивните напори се безвредни.“
— RH, 15. декември, 1904.
„Небесните суштества можат да соработуваат со оној што копнее да ги спаси душите, а не да се воздига себеси.“
— Копнежот на вековите, 333.

б. Што треба да го инспирира христијанскиот управител со чисти и беспрекорни побуди во работата? 2 Коринтјаните 8,8.9.

„Исус го напуштил својот дом во слава, го облекол своето божество со човечка природа и дошол на овој свет расипан и загаден со проклетството на гревот. Можел да остане во својот небесен дом и да прима слава и поклонување од страна на ангелите; но Тој дошол на земјата да ги бара и спаси изгубените. ‘Иако богат, осиромаши заради вас, да се збогатите и вие преку Неговата сиромаштија’ (2 Коринтјаните 8,9). Тој Височеството на небото, кој беше едно со Отецот, се согласил на секоја можна жртва во самоодрекување со цел човекот да не пропадне туку да има вечен живот. Христос живеел не да си угодува себеси. Ако Тој си угодувал себеси, каде ние би биле денес?“
— RH, 23. декември, 1890.

Петок — 9. март
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Како можеме да бидеме виновни за непристојно однесување?

2. Што можеме да научиме за љубовта од Христа и од Неговите следбеници?

3. Колку силна треба да биде нашата љубов кон Христа?

4. Зошто треба секогаш да ги преиспитуваме своите приоритети и побуди?

5. Зошто треба да бидеме поревносни во потпомагање и ширење на Божјото дело?

2012 • 1. Квартал

11. лекција – Мисли и склоности

17. март 2012
„Во својата горделивост, грешникот вели: ‘Ќе нема истрага!’, а во себе мисли: ‘Бог не постои!’.“
— Псалм 10,4
„Нека вашиот дух биде очистен од сè што е земно, од секоја несвета и немилостива мисла. Нека вашите зборови бидат чисти и посветени, зборови кои внесуваат освежување и духовен живот во сите со кои се дружите. Не дозволувајте лесно да се испровоцирате.“
— Нашиот висок повик, 174.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: 2 Сведоштво, 796-799.

Недела — 11. март
1. РАЗВОЈ НА БЛАГОРОДНИ ОСОБИНИ

а. Што треба да го одликува нашиот однос кон сите – и што може да ни помогне доследно да го одржиме таквиот однос? 1 Солунјаните 5,14.15.23; 1 Коринтјаните 9,25.

б. Каков напредок може да се види во животот на христијанскиот управител, и како се постига тоа? Колосјаните 3,8- 10.13; Јаков 3,17.18.

„Кога имате мали тешкотии кои ви изгледаат мошне тешки, размислувајте за Исус драгиот Спасител, како пострадал и што сè претрпел да ги спаси грешните смртници.“
— Објавени ракописи III, 124.
„Ќе бидете погрешно разбрани. Оставете ги на Бога неправдите за кои сметате дека постои. Лесно прифаќајте ја секоја срдечна молба, и не дозволувајте лесно да бидете испровоцирани. Не изговарајте лути зборови заради нешто што сте слушнале. Тоа го неутрализира вашето влијание. Божјата благодат да ви помогне да имате трпение.“
— Објавени ракописи 19, 149.
„Треба да негуваме љубов во срцето, не онаа која лажно се нарекува милосрдие и која нè наведува да го љубиме гревот, а грешникот да го оправдуваме, туку библиска љубов и библиска мудрост, која е ‘најнапред чиста, а потоа миротворна, кротка, послушна, полна со милост и добри плодови’.“
— 4 Сведоштво, 533.

Понеделник — 12. март
2. УЛОГАТА НА УПРАВИТЕЛОТ ВО ДОМОТ И ЗАЕДНИЦАТА

а. Кои начела мораме да ги комбинираме при воспитувањето на нашите деца? Псалм 85,10.

„Непослушноста и бунтовниот дух мораат да се казнуваат; но имајте на ум дека казнувањето мора да се применува во Христовиот дух. Барајте послушност, но никогаш во бура од лути зборови, туку одлучно и љубезно. И кога го дисциплинирате вашето дете, имајте го на ум својот однос кон небесниот Отев. Дали сте оделе совршено пред Него? Дали сте биле своеволни и непослушни? Зарем не сте го жалостеле постојано? Но дали Тој се справувал со вас во гнев? Исто така не заборавајте дека вашите деца од вас ги добиле своите грешни склоности. Сетете се колку често се однесуваме како возрасни деца. И покрај вашите години на христијанско искуство, покрај многуте можности да се научите на самодисциплина, колку лесно можете да се разгневите. Затоа постапувајте нежно со своите деца, имајќи на ум дека тие немале толку можности да се здобијат со самоконтрола како вие.“
— RH, 8. јули, 1902.

б. Како начинот на дејствување дава кредибилитет и живот на нашите мисионерски напори во друштвото? Лука 6,28-30.

„Бидете внимателни во сите ваши дружења со неверниците да не им дадете повод да стекнат погрешно мислење за нашата вера или да го срамат делото на вистината кое го застапувате. Мнозина со своите постапки самите подигаат препреки на својот животен пат. Има нешто непромислено од нивна страна. Тие лесно се испровоцираат. Малите тешкотии во трговијата или во некои други секојдневни контакти со своите ближни ги наведуваат да се чувствуваат навредени или оштетени. Ова внесува студенило и нездрави чувства во меѓусебните односи и на тој начин ја затвораат вратата на пристап до оние кои би можеле да ја прифатат вистината. Ние никогаш не треба да дозволиме прашањата од привремен интерес да ја изгасат нашата љубов кон душите. Браќа, бидете секогаш љубезни и учтиви во сите прилики. Немојте никогаш да бидете остри, критични или строги во вашите постапки. Ако е во прашање стекнување на некаква предност, препуштете им го тоа на ближните кои треба да ги љубите како самите себеси. Со трпение и со Христова љубов барајте можност да им укажете љубезност. Нека видат дека религијата што ја исповедаме не ги затвора ниту пак замрзнува приодите до душата, правејќи нè нечувствителни и строги.“
— RH, 22. мај, 1888.

Вторник — 13. март
3. ПРАКТИЧНА ПРИМЕНА НА ЉУБОВТА КОН БЛИЖНИТЕ

а. Како огорченоста кон нашите браќа и сестри влијае на нашето држење и пред светот? Евреите 12,15.

„’Нова заповед ви давам: да се љубите еден со друг; како што Јас ве возљубив, така и вие да се љубите еден со друг. По тоа ќе познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе’ (Јован 13,34.35). Овие зборови не се зборови на човек, туку зборови на нашиот Откупител и колку е важно ние да го послушаме упатството што Тој ни го дал! Ништо не може толку да го ослаби влијанието на црквата, како недостигот на љубов. Христос вели: ‘Ете, Јас ве праќам како овци меѓу волци: бидете мудри како змии и незлобни како гулаби’ (Матеј 10,16). Ако мораме да очекуваме противење од страна на нашите непријатели, кои овде се претставени како волци, да бидеме внимателни ние меѓусебно да не го манифестираме истиот дух. Непријателот знае дека ако немаме љубов еден кон друг, тој лесно може да ја оствари својата цел, да ја рани и ослаби црквата, предизвикувајќи несогласувања меѓу браќата. Тој може да ги наведе да наслутат зло, да оговараат, да обвинуваат, осудуваат и да се мразат еден со друг. На овој начин Божјото дело се излага на срамота, се обесчестува Христовото име, а на душите заинтересирани за вистината им се нанесува неискажана штета.“
— RH, 5. јуни, 1888.

б. Што ќе се случи ако секојдневно негуваме љубов? Матеј 12,35 (прв дел); Колосјаните 3,12-15.

„Ако имате љубов во срцето, вие ќе настојувате своите браќа да ги утврдувате и изградувате во најсвета вера. Ако се испушти некој збор кој нанесува штета на угледот и карактерот на твојот пријател или брат, не охрабрувајте такви оговарања. Тоа е дело на непријателот. Ве молиме потсетете го говорникот дека Божјата реч забранува таков вид на разговор. Ние треба да го испразниме срцето од сето она што го осквернува храмот на душата, за да може Христос да живее во него. Нашиот Спасител рекол како можеме да го откриеме на овој свет. Ако го негуваме Неговиот Дух, ако ја манифестираме Неговата љубов кон другите, ако ги заштитуваме интересите на своите браќа, ако сме љубезни, трпеливи, воздржани – според плодовите што ги донесуваме светот ќе има докази дека ние сме Божји деца. Единството во црквата ни овозможува да вршиме позитивно влијание врз неверниците и луѓето од овој свет.“
— RH, 5. јуни, 1888.

Среда — 14. март
4. КАРАКТЕРИСТИЧЕН ПРОБЛЕМ

а. Кое е едно од најчестите зла кои можат да се најдат во црквата? Левитска 19,16 (прв дел); Изреки 16,17-20; Еремија 20,10.

„Неутврдените гласини често го уништуваат единството помеѓу браќата. Постојат некои кои со отворен ум и уши гледаат да фатат некој скандал. Тие ги собираат ситните инциденти кои сами по себе можат да бидат безначајни, но кои со повторување се преувеличуваат сè додека човекот не се прогласи за престапник заради еден збор. Нивното мото е: ‘Пријавете го и ние ќе го обвиниме’ (Еремија 20,10). Овие поткажувачи кои со изненадувачка верност ја вршат работата на ѓаволот малку знаат колку тоа е одвратно и навредливо за Бога. Кога само половина од енергијата и ревноста што ја трошат во оваа несвета работа би ја употребиле во испитување на сопствените срца тие би ја увиделе потребата за чистење на својата душа од нечистотијата така што не би имале време ниту склоност да ги критикуваат своите браќа, и тие не би паднале под власта на тоа искушение. Вратата на умот треба да бидат затворени против ‘велат’ или ‘слушнав’. Зарем не треба, наместо да си дозволиме љубомора или зли претпоставки, да отидеме кај тие браќа – и откако отворено но љубезно им се изложат сознанијата за гласините кои им нанесуваат штета на нивниот карактер и влијание – да се молиме со нив и за нив?.“
— РХ, 3. јуни, 1884.

б. Како можеме да го решиме овој проблем? Изреки 14,15; 25,9.10.

в. Која е нашата лична должност ако сметаме дека некој брат или сестра навистина се виновни за некој грев? Галатјаните 6,1; Јаков 5,19.20.

„Кога ќе ги видиме грешките кај другите, да се сетиме дека и самите имаме грешки кои во Божјите очи, можеби, се и потешки од престапот кој го осудуваме кај нашиот брат. Наместо да ги разгласуваме неговите недостатоци, молете му се на Бога да му помогне да ја надмине својата грешка. Таквиот дух и таквата постапка Христос ги одобрува и Тој ќе го отвори патот да му упатите зборови на мудрост кои ќе му дадат сила и ќе му помогнат на оној што е слаб во вера.“
— RH, 5. јуни, 1888.

Четврток — 15. март
5. ЉУБОВ КОН БЛИЖНИОТ

а. Какви промени се гледаат кај оние кои не даваат лесно да се испровоцираат и не мислат на злото (1 Коринтјаните 13,5)? Ефесјаните 4,23- 25; 5,9-12.

„Личноста, која во себе ја негува оваа драгоцена билка на љубовта, ќе биде со самопожртвуван дух и нема да загуби власт над себе дури и ако биде предизвикана. Таа нема на другите да им припишува зли побуди и намери, туку длабоко ќе жали за гревот доколку тој се открие во било кој ученик на Христа.“
— 5 Сведоштво, 115.
„Љубовта никогаш не се сомнева. Таа секогаш на најдобар начин ги толкува побудите и постапките на другите. Љубовта никогаш нема без потреба да укажува на грешките на другите. Таа не ги слуша желно неповолните извештаи, туку секогаш настојува да потсети на некои добри особини на клеветникот.“
— 5 Свед., 156.

б. Како светот во нашиот живот може да види дека секојдневно растеме во Христа? Тит 2,7.8.11-14.

„Секој нека се запраша: Ја имам ли благодатта на љубовта? Дали научив да бидам трпелив и благ. Без тој небесен дар, талентите, ученоста и слаткоречивоста ќе бидат како бакар што ѕвони или кимвал што ѕвечи.“
— 5 Сведоштво, 157.
„Иако не можеме во љубовта да се здружуваме со оние кои се огорчени непријатели на Христа, ние треба кон сите да негуваме дух на кротост и љубов кој го одликувал нашиот Учител – љубовта не мисли на зло и не може лесно да се испровоцира.“
— RH, 3. јуни, 1884.

Петок — 16. март
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Опиши ја реформата наведена во Колосјаните 3,8-10.13.?

2. На кој начин можеме подобро да го прикажеме Христа во земните работи?

3. Како можеме да ги надминеме заедничките проблеми кои ги измачуваат многуте цркви?

4. Што не е во ред со ‘велат’ и ‘слушнав’?

5. Наведи некои начини преку кои управителите на Божјата љубов можат таа особина да ја манифестираат во корист на другите?

2012 • 1. Квартал

12. лекција – Непресушна доблест

24. март 2012
„Љубовта никогаш не престанува.“
— 1 Коринтјаните 13,8
„Никогаш не треба да поминеме покрај некоја душа што страда, а да не се обидеме да ѝ пружиме утеха со која Бог нè утешил и нас.“
— Копнежот на вековите, 386.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: 2 Сведоштво, 144-147.

Недела — 18. март
1. СИЛНА МОТИВАЦИЈА

а. Што може да научи христијанскиот управител од мотивацијата на апостол Павле? 1 Коринтјаните 9,16-19; 2 Коринтјаните 5,14.15.

б. Какво предупредување и поттик тоа претставува за нас? 1 Пет. 1,22.23.

„’Сè она што сакате да ви прават луѓето, правете им го и вие’ (Матеј 7,12). Благословот ќе дојде како последица од ваквиот живот. ‘Со каква мерка мерите, со таква ќе ви се мери’ (стих 2). Овие зборови треба да нè наведат на тоа да се сакаме со сета сила на своето срце. Христос е нашиот пример. Тој постојано правел добро. Тој живеел за да ги благослови другите. Љубовта ги красела и облагородувала сите Негови постапки. Нам не ни е заповедано да правиме за себе она што би сакале да ни го прават другите, туку да им правиме на другите она што би сакале тие да ни прават нам во истите околности. Со каква мерка ќе мериме со таква мерка ќе ни се мери. Чистата љубов е многу едноставна во своето делување и се разликува од сите други принципи на дејствување. Желбата да се ужива добар глас и почитување од другите често може како последица да има среќен живот и непорочно однесување. Самопочитта може да нè доведе дотаму, да го избегнуваме злото. Себичното срце може да прави и великодушни постапки, да ја признава сегашната вистина и да изразува кротост и срдечност со надворешно однесување, но побудите сепак можат да бидат лажни и нечисти; постапките кои произлегуваат од таквото срце сепак ќе бидат без животен мирис и плодови на вистинска светост, бидејќи се лишени од начелата на чистата љубов. Љубовта треба да се култивира и негува, бидејќи нејзиното влијание е божествено.“
— 2 Сведоштво, 146.

Понеделник — 19. март
2. ПЛОД НА ЉУБОВТА

а. Каков плод несебичната љубов на апостол Павле донесувала под најтешки околности? Филипјаните 1,12-14; 2,15-17.

„Она што го насочило вниманието на царскиот двор кон христијанството, не биле проповедите на Павле, туку токму неговите окови. Тој токму како заробеник од многу души ги скршил оковите кои ги држеле во ропството на гревот. Но тоа не било сè. Тој изјавил: ‘Повеќето од браќата во Господ, поттикнати од моите окови, се осмелија, без страв да го проповедаат Словото Божјо’ (Филипјаните 1,14).

„Трпението на Павле и неговата ведрина во текот на долготрајното и неправедно заробеништво, неговата храброст и вера, претставувале постојана проповед. Неговиот дух, толку различен од духот на овој свет, сведочел дека во него живее сила далеку повозвишена од земните сили. И неговиот пример ги поттикнувал христијаните на јавна работа, од која тој бил потиснат, сè повеќе да ревнуваат како поборници на Божјото дело. Така неговите окови имеле големо влијание. И кога се чинело дека неговите сили и неговата корисност наполно се осуетени и кога сè кажувало дека не може да стори баш ништо, токму тогаш собира снопови за Христа и во областите од кои навидум бил целосно исклучен.“
— Делата на апостолите, 348.

б. Каква инспирација искуството на апостол Павле може да претставува за секој христијански управител? 2 Коринтјаните 4,5-10; 11,24-28.

„Трпението придонело за неговите победи исто толку колку и храброста. Во неволјите душите можат да се бијат за Христа со кротост исто толку колку и со смелоста и храброста во отворена борба. Христијанинот, кој е полн со трпение и со ведрина за време на неволјите и страдањата, кој дури и смртта ја пречекува во мир и спокојство на непоколеблива вера, може за евангелието да постигне многу повеќе отколку верно да работел во текот на целиот свој живот. Често се случува токму тогаш, кога Божјиот слуга ќе се повлече од активната служба, таинственото провидение, на кое ние во нашата кратковидост се жалиме, може да изврши дело кое на друг начин никогаш не би се извршило.

„Кога не е веќе во можност отворено и активно да работи за Бога и за Неговата вистина, Христовиот следбеник не смее да смета дека нема веќе никаква должност што би можел да ја извршува, ниту пак награда што би можел да си ја обезбеди. Вистинските Христови сведоци никогаш не се оставени настрана. Во здравје и болест, во животот и смртта, Бог сè уште ги употребува.“
— Делата на апостолите, 349.

Вторник — 20. март
3. ЉУБОВТА КОН БЛИЖНИОТ ПОБЕДОНОСНА СИЛА

а. Како христијанскиот управител може да здобие победа над непристојните зборови и постапки? Јаков 3,2.10-12; Езекиел 36,25.26.

„Мрзливоста, зајадливото расудување и непристојното изразување не е можно да се прикријат ниту со најгрижливо негување на надворешната префинетост и учтивост. Духот на вистинско човекољубие и добрина мора да престојува во срцето. Љубовта на оние кои ја поседуваат им дава љубезност, достоинство и убаво однесување; таа го осветлува лицето, го ублажува гласот, ги издига и облагородува сите човечки особини. Љубовта човекот го доведува во хармонија со Бога, бидејќи претставува една од најистакнатите карактеристики на небото.“
— 4 Сведоштво, 534.

б. Низ какви искуства христијанскиот управител може да ја дознае неисцрпната сила на љубовта? 2 Коринтјаните 8,1-5; 1 Јованово 5,1-4.

„Противењата на кои наидуваме можат да се покажат корисни за нас на многу начини. Ако добро ги поднесеме, тоа ќе развие во нас доблести кои никогаш не би ги имале ако како христијани не би морале ништо да поднесеме. Вера, трпение, воздржување, небесни склоности, целосна преданост на Божјото провидение и вистинско сочувство со заблудените – сето тоа се резултати на добро поднесеното искушение. Ова се благодатите на Духот кои цутат, се развиваат и донесуваат плод во услови на искушенија и неволји. Кротоста, смиреноста и љубовта секогаш растат на христијанското дрво. Ако Божјата реч се прифати со искрено срце, тврдокорната душа ќе се потчини и верата која се фаќа за Божјите ветувања и се потпира на Исуса, ќе се покаже како победничка сила. ‘И ова е победата што го победи светот – верата наша’ (1 Јованово 5,4).“
— RH, 28. јуни, 1892.
„Неочекувани разочарувања ќе дојдат. Исус често бил тажен заради тврдоста на човечките срца, и вие ќе имате слични искуства. Вашите молитви, вашите солзи и вашите молби можеби нема да можат да го донесат очекуваниот одговор. Срцата остануваат мртви во гревовите и престапите. Изгледа дека нема никакво каење, туку само рамнодушност и противење, а од некои дури и презир, додека сте очекувале одредена победа. Сепак не треба да попуштате во своите напори. Ако некои не сакаат, свртете се кон останатите. Верувајте дека Утешителот ќе го стори она што вие не можете и што изгледа потполно невозможно. Верувајте во сите благословени ветувања кои Христос ни ги оставил. Работете со љубов и непобедлива храброст, бидејќи тоа мора да го имате за да постигнете успех. ‘Кога правиме добро, тоа нека не ви биде здодевно, зашто во свое време ќе пожнееме, ако не се измориме’ (Гал. 6,9).“
— Знаци на времето, 30.11.1891.

Среда — 21. март
4. ТРАЈНА ЉУБОВ

а. Во што билката на братската љубов е единствена (уникатна)? 1 Коринтјаните 13,8 (прв дел).

„Во секој од нашите ближни ние треба да видиме откупеник од крвта Христова. Ако имаме љубов еден кон друг, ќе се зголемува љубовта кон Бога и вистината. Ние чувствуваме длабока болка во срцето кога гледаме како љубовта малку се негува во нашата средина. Љубовта е билка со небесно потекло, и доколку сакаме да ја развиваме во нашето срце, мораме секојдневно да ја негуваме. Благост, кротост, долготрпение, подготвеност сè да поднесеме, сè да претрпиме и да не дозволиме лесно да се испровоцираме – тоа се плодови на драгоценото дрво на љубовта.“
— RH, 5. јуни, 1888.
„Во светлината од Голгота, ќе се види дека законот на самооткажувачката љубов е закон на животот на Земјата и Небото, дека љубовта ‘која не го бара своето’, извира од Божјото срце и дека во Оној, кој бил кроток и понизен се манифестирал карактерот на Оној кој престојува во светлината, на која ниту еден човек не може да ѝ се приближи.“
— Копнежот на вековите, 5.

б. Што треба да го охрабри христијанскиот управител во работа за душите откупени од Христовата крв? Галатјаните 5,1.

„Таму сите кои несебично работеле, ќе ги гледаат плодовите на својата работа. Таму ќе се види исходот на секое вистинско начело и благородно дело. Нешто од тоа гледаме уште тука. Но, колку малку резултати од својот труд гледа во овој живот оној кој го извршува најблагородното дело на светот! Колкумина работат несебично и неуморно за оние кои никогаш нема да ги видат ниту да ги запознаат… Така се даваат дарови, се носат товари, се извршува работата. Луѓето сеат семе од кое други, над нивните гробови, жнеат благословена жетва. Тие садат овошки за други да можат да јадат плодови. Тука им е доволно што знаат дека ги поттикнале силите на доброто. Во вечноста ќе се види дејството и противдејството на сите нешта.

„На небото се чува извештај за секој дар што Бог го дал за да ги поттикне водечките луѓе на несебична работа. Да се истражуваат тие сеопфатни извештаи, да се бараат оние кои со нашите напори биле возвишени и облагородени, да се гледа влијанието на вистинските начела во нивниот живот – тоа ќе биде еден од предметите и наградите во небесното училиште.“
— Воспитување, 305.306.

Четврток — 22. март
5. ВРСКАТА НА СОВРШЕНСТВОТО

а. Зошто љубовта кон ближните е потребна за усовршување на христијанскиот карактер? Колосјаните 3,14; 1 Јованово 4,7-12.

„Во нашиот сегашен живот, иако е земен и ограничен со гревот, најголема радост и највисоко образование се добива со служење. И во идниот живот, неограничен со грешна човечка природа, наша најголема радост и наше највисоко образование ќе наоѓаме во служењето – во сведочењето, и во постојаното учење во текот на сведочењето ‘какво богатство на слава има во таа тајна’ – ‘Христос, надежта на славата е во нас’ (Колосјаните 1,27).“
— Воспитување, 309.

б. Што ќе претставува најголема илустрација за вечната љубов која ќе блеска низ целата вечност? Захарија 13,6.

„Ќе остане само еден потсетник. Нашиот Спасител секогаш ќе ги носи лузните на Своето распнување. На Неговата ранета глава, на Неговите ребра, рацете и нозете, ќе се гледаат единствените траги на свирепоста кои ги предизвикал гревот. Гледајќи го Христа во Неговата слава, пророкот вели: ‘Болскотот му е како сончева светлина, а од рацете Негови зрачи, и тука е скривалиштето на Неговата сила (Авакум 3,4). Прободената страна на Христовото тело од која потекол црвен млаз кој го помирил човекот со Бога – ја претставува славата на Спасителот, ‘тука е скривалиштето на Неговата сила’. ‘Моќен да спаси’, со жртвата на откупувањето, Тој исто така ќе биде моќен да изрече пресуда и изврши суд над оние кои ја презираат Божјата милост. А овие знаци на Неговото понижување за Него претставуваат најголема чест. Раните добиени на Голгота ќе ја истакнуваат Неговата слава и Неговата сила низ бескрајните времиња на вечноста.“
— Големата борба, 674.

Петок — 23. март
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Како христијанскиот управител треба да ги разбере Христовите зборови во Матеј 7,12?

2. Какви резултати љубовта може да постигне дури и среде тешкотиите?

3. Каква придобивка за христијанскиот управител претставуваат искушенијата?

4. Зошто службата од љубов никогаш не претставува загуба?

5. Каде се наоѓа најголемата радост во животот и највисокото образование?

2012 • 1. Квартал

13. лекција – Причина за радост

31. март 2012
„(Љубовта) не се радува на неправда, туку се радува на вистина.“
— 1 Коринтјаните 13,6
„Оној кој има братска љубов го сака грешникот, но го мрази гревот и верно го предупредува на неговата опасност, укажувајќи на Божјото Јагне кое ги зеде гревовите на светот. Гревот не треба да се сокрива, туку треба да се отфрли.“
— Објавени ракописи I, 217.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Совети за управителите, 339-350.

Недела — 25. март
1. САМОИСПИТУВАЊЕ

а. Иако можеби тврдиме дека се радуваме само во Бога, што мораме како христијански управители да сфатиме? Изреки 28,14.

„Библиската братска љубов не е сентименталност, туку љубов откриена во дела. Настојувањето да ‘ги лекуваат раните на Мојот народ лесномислено, велејќи: Мир! Мир! а мир нема’ (Еремија 6,14; 8,11), се нарекува братска љубов или милосрдие. Обидот да го здружат гревот во заеднички сојуз со светоста и вистината, тие тоа го нарекуваат братска љубов; но тоа е фалсификат. Лага и незаконитост се обележја на овој свет, и ние треба внимателно да ги испитаме нашите срца да знаеме дали имаме вистинска братска љубов. Вистинската братска љубов не создава недоверба и злоба. Таа не го затапува мечот на духот да не ја изврши својата задача. Оние кои го покриваат злото со лажна љубов, му зборуваат на грешникот: ‘Фала му на Бога што постои вистинска братска љубов која не дозволува да се изопачи; тоа е онаа мудрост која доаѓа одозгора, која најнапред е чиста, а потоа мирна, кротка, покорна, полна со милост и добри плодови, непристрасна и нелицемерна, и плодовите на правдата се сеат врз оние кои творат мир. Така Библијата ја опишува братската љубов од небесно потекло.“
— Објавени ракописи I, 216.217.

б. Што треба да го карактеризира секојдневното искуство на христијанскиот управител? Псалм 139,23.24.

„За да бидеме победници, мораме да го преиспитаме своето срце за да бидеме сигурни да не сме негувале нешто што претставува навреда за Бога.“
— Историски зап. за стр. мисии на АСД, 138.

Понеделник — 26. март
2. НЕДОЛИЧНА РАДОСТ (I)

а. Како христијанскиот управител реагира на неправдата? 1 Коринтјаните 13,6 (прв дел).

„Делото на сатаната е директно спротивставено на Божјото дело. Непријателот на сите добра стои како војсководец на силите подготвени да го загрозуваат духовниот живот на луѓето. Тој со демонска радост триумфира кога гледа како таканаречените Христови следбеници се гризат и јадат еден со друг. Тој стои секогаш подготвен да ги уништи животите на оние кои се обидуваат да му служат на Бога. Небесните ангели се чудат зошто луѓето им помагаат на сатанските агенти во нивното дело да ги обесхрабруваат срцата и духовно да го слабеат Божјиот народ.“
— Spalding и Megan колекција, 345.346.

б. На кој начин христијанскиот управител избегнува да се радува на злото? 1 Петрово 5,8.9.

„Кога зборуваме обесхрабрувачки и мрачно сатаната тоа го слуша со демонска радост; нему тоа му причинува големо задоволство зошто знае дека на таков начин ги доведува во свое ропство. Сатаната не може да ги чита нашите мисли; но посматрајќи ги нашите постапки и слушајќи ги нашите зборови врз основа на своето долго познавање на човечкото семејство, тој ги обликува своите искушенија така што ги користи слабите точки во нашиот карактер. И колку често му ги откриваме тајните на кој начин може да здобие победа над нас! О, кога би можеле да ги контролираме своите зборови и постапки! Колку би биле посилни кога нашите зборови би биле такви да не мораме да се срамиме на денот на судот. Колку различно тие зборови ќе ни изгледаат на денот на Божјиот суд од тогаш кога сме ги изговарале!“
— RH, 19. мај, 1891.

в. Кои предупредувања можат да нè зајакнат во борбата против искушенијата споменати погоре? Псалм 141,3; Ефесјаните 4,29.30.

„Кога се состанувате, внимавајте на своите зборови. Нека вашите разговори бидат со таква природа така што нема да имате потреба од покајание.“
— RH, 5. јуни, 1888.

Вторник — 27. март
3. НЕДОЛИЧНА РАДОСТ (II)

а. Како христијанскиот управител се предупредува да не се радува на гревовите и слабостите на другите? Ефесјаните 5,11.12.

„Иако мнозина ја занемаруваат својата душа, тие нестрпливо чекаат прилика да ги критикуваат другите и да ги осудуваат. Секој има недостатоци во карактерот и не е тешко да се најде нешто со што зависта ќе може да го протолкува на нивна штета. ‘Сега’ зборуваат тие самонаречени судии, ‘ние имаме факти. Имаме необорливи обвинувања од кои нема да може да се ослободи’. Тие само чекаат поволна прилика и тогаш ги изнесуваат своите клевети и озборувања и ги изнесуваат своите пикантерии.“
— 5 Сведоштво, 89.

б. Зошто христијанскиот управител не би смеел да се радува на нечие зло? Изреки 24,17.18.

„Наместо да изнаоѓаме мани кај другите, да бидеме критични кон самите себе. Нека секој сам на себе си го постави прашањето: Дали моето срце е исправно пред Бога? Дали со своите постапки и начинот на својот живот го прославувам мојот Отец кој е на небото? Ако сте негувале било каква склоност кон злото, протерајте ја од душата. Ваша должност е да искорените од вашето срце сè што го осквернува карактерот, секој корен на горчина треба да се истргне, за да не бидат загадени останатите од неговото погубно влијание. Не дозволувајте било каква отровна билка да остане на почвата на вашето срце. Искоренете го сето тоа без одлагање и наместо тоа негувајте ја билката на љубовта. Нека Исус биде најдрагоцен гостин во вашата душа.

„Христос е нашиот пример. Тој одел по светот правејќи добро. Љубовта ги разубавувала и облагородувала сите Негови постапки, и Тој нè повикува да одиме по Неговите чекори. Сетете се дека Бог го испратил својот единороден Син на овој несреќен свет ‘за да нè избави од секакво беззаконие и да нè очисти, та да му бидеме избран народ, ревносен кон добри дела’ (Тит 2,14). Стремете се да ги исполните Божјите барања и така да го исполните Неговиот закон. ‘Љубовта е исполнување на Законот’ (Римјаните 13,10); и Оној кој умрел за ние да живееме ни го дал овој налог да се љубиме еден со друг како што Тој нè љубел и светот ќе познае дека сме Негови ученици ако имаме љубов еден кон друг.“
— RH, 5. јуни, 1888.

Среда — 28. март
4. СО НАШИТЕ БРАЌА И СЕСТРИ

а. Кое учење и искуства на првите христијани треба да бидат и наши? Јаков 5,16; Филипјаните 2,1.2.

„(Учениците) не се состанувале за да ги прераскажуваат занимливите вести и скандалите. Тие не се обидувале да ја прикажат секоја дамка кој би можела да се најде на карактерот на некој брат. Ја чувствувале нивната духовна потреба и извикувале кон Господа за свето помазание да им помогне да ги победат своите недостатоци и да се оспособат за работа на спасување на другите. Молете се најсрдечно Христовата љубов да може да се излее во нивните срца. Тоа е и нашата најголема потреба денес во секоја црква во нашата земја. Бидејќи ‘Кој е во Христа, тој е ново создание; старото помина, и ете, се стана ново’ (2 Коринтјаните 5,17). Преку Христовата љубов душата треба да се очисти од секоја мана во карактерот. Секоја себичност, завист и озборување треба да се искорени и отфрли, за да може во срцето да дојде до радикална промена.“
— РХ, 22. јули, 1890.

б. Кои фактори сите христијански управители треба да ги имаат на ум во своите меѓусебни односи со оние кои тврдат дека љубат? Римјаните 14,19; 1 Солунјаните 5,11.

„Постои симпатија кон гревот и грешниците која претставува опасност за просперитетот на црквата во нашите денови. Вие мора да имате братска љубов, тоа е општа потреба. Но сентиментот кој наоѓа изговор за гревот и го прекрива беззаконието не е библиска братска љубов. Пријателството со безбожниците е поопасно од нивното непријателство; бидејќи слугите на живиот Бог никој не може повеќе да ги надвладее, освен оние кои ги примамуваат на непослушност.“
— Знаци на времето, 6. јануари, 1881.
„Немојте да дозволите вообичаените, евтини, земни работи да го обземат умот од кој Исус ќе го повлече своето присуство. Животот на црквата зависи од поврзаноста со Христа, и ние ја помагаме црквата кога работи во склад со Неговата животодавна сила, губејќи се себеси од вид и стремејќи да се изградуваме еден со друг во најсвета вера.“
— Објавени ракописи 1, 265.

Четврток — 29. март
5. ПРИСТОЈНА РАДОСТ

а. Со што христијанскиот управител ја открива вистинската братска љубов? 1 Коринтјаните 13,6 (посл. дел); Псалм 119,140-144.172.

„’Мораш да имаш љубов’, овие зборови се слушаат од сите страни, особено од оние што проповедаат посветување. Меѓутоа, вистинската љубов е премногу чиста за да прикрива непризнат грев. Мораме да ги љубиме душите за кои Христос умрел, но едновремено не смееме да правиме никаков компромис со злото. Не смееме да се обединиме со бунтовниците и тоа да го нарекуваме братска љубов.“
— Делата на апостолите, 418.

б. Која е крајната цел на христијанскиот управител? 1 Коринтјаните 2,2.

„И како што годините на вечноста ќе одминуваат, ќе донесуваат сè побогати и пославни откритија за Бога и Христа. Паралелно со така стекнатите сознанија, ќе се зголемува и нивната љубов и страхопочита кон Бога, како и нивната среќа. Доколку луѓето повеќе знаат за Бога – дотолку ќе биде поголем нивниот восхит на Неговиот карактер. И како што Христос ќе ги отвора пред нив ризниците на новите сознанија, за делото на откупот и за неверојатните достигања во големата борба со сатаната, срцата на откупените ќе ги проникнува сè посрдечна побожност. Во се поголемиот занес на радост и среќа, тие ги земаат своите златни харфи и десет илјади по десет илјади и илјадници гласови се обединуваат во силен хор на благодарност.“
— Големата борба, 597.

Петок — 30. март
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Зошто самоиспитувањето е клуч во развојот на верноста на христијанскиот управител?

2. Кога христијанскиот управител е подложен наместо на Христа да му угодува на непријателот?

3. Со што христијанскиот управител се излага на опасност потајно да се радува на неправдата?

4. Кои се симптомите на лажната братска љубов?

5. На кој начин христијанскиот управител може да ја покаже вистинската братска љубов?