2011 • 2. Квартал

1. лекција – Евангелие пред Христовото страдање на крстот

2. април 2011
„Зашто јас не се срамам од Евангелието на Христос, бидејќи тоа е сила Божја која го спасува секого што верува, прво Јудеец, а потоа и Елин“.
— Римјаните 1,16
„Адам, Ное, Аврам, Исак, Јаков и Мојсеј знаеле за Евангелието. Сите тие спасение очекувале од Оној што прифатил да биде замена и гаранција на луѓето“.
— Да го познаам Него, 102

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Патријаршки и пророци, 377-382.

Недела — 27. март
1. ВО ДЕНОВИТЕ НА НАШИТЕ ПРАРОДИТЕЛИ

а. Кој факт покажува дека Авел не само што ја знаел туку и ја прифатил пораката на Евангелието? Создавање 4,4; Евреите 11,4.

„Авел ги сфатил големите основни начела на откупувањето. Согледал дека е грешник и дека меѓу неговата душа и врската со Бога се попречува гревот и смртта како казна. Го принел закланото животно, жртвуваниот живот, и со тоа ги признал барањата на законот што бил прекршен. Гледајќи во пролеаната крв, ја видел жртвата на иднината – Христос како умира распнат на Голгота; и верувајќи во спасението кое со тоа ќе биде осигурано, се осведочил дека е оправдан и дека жртвата му е примена.”
— Патријарси и пророци, 50

б. На кој начин е чувано и пренесувано знаењето за Евангелието кога секој татко бил свештеник во своето семејство? Создавање 8,20; 12,8; 35,6.7.

„Гревовите на народот се пренесувале на свештеникот, кој служел како посредник. Тој свештеник не можел да биде жртва ниту пак со својот живот да овозможи спасение, бидејќи и самиот бил грешник. Затоа, наместо да се жртвува себеси, секогаш колел јагне кое морало да биде без мана; казната за гревот се пренесувала на невиното животно, што на тој начин станало негова непосредна замена, и симболично ја претставувала совршената жртва на Исус Христос.”
— Одбрани пораки 1, 230

Понеделник — 28. март
2. ВО ДЕНОВИТЕ НА ПАТРИЈАРСИТЕ

а. Како знаеме дека патријарсите многу добро го разбрале Евангелието? Галатјаните 3,8.16.

„Христос од самиот почеток дејствувал како Откупител на човекот и се залагал исто како и денес. Пред да го покрие Своето божество со човечка природа и да дојде на овој свет, пораката на Евангелието ја пренесувале: Адам, Сит, Енох, Матусал и Ное. Аврам во Ханан и Лот во Содом на светот му ја пренесувале истата таа порака. И така од поколение на поколение гласниците предани на небото верно го најавувале доаѓањето на Оној Кој требало да дојде.”
— Христови поуки, 100

б. На кој начин Аврам бил праведен перед Бога? Римјаните 4,1-3; 3,20; Галатјаните 3,6.11.

„Ако човекот не може да го заслужи спасението со неговите добри дела, тогаш тоа мора да биде само дар на благодат, кој грешникот го добива затоа што го прима и верува во Исуса. Тоа е потполно бесплатен дар.”
— Вера и дела, 20

в. Како грешникот може да биде праведен денес? Ефесјаните 2,8.9; Галатјаните 2,16.21; 5,6.

„Преку вера (грешникот) може пред Бога да се повикува на Христовите заслуги, и на таков грешник Господ ја припишува послушноста на својот Син. Наместо човечките недостатоци се прифаќа Христовата правда и така Бог го прифаќа грешникот кој се кае, му простува и го оправдува, постапувајќи со него како никогаш да не згрешил и го сака како што го сака Својот Син. На тој начин верата се пресметува за праведност.”

„Не е точно тврдењето кое често се изнесува – дека постои спротивставеност помеѓу Стариот и Новиот Завет, Божјиот закон и Христовото Евангелие, барањата за Евреите и она што се бара во христијанството. Секоја душа спасена во старозаветниот период се спасувала со вера и Христовите заслуги исто како што се спасуваме и ние денес.”

„За нас има надеж само доколку заветот на Авраам – кој во суштина е завет на благодатта – го прифатиме со вера во Исуса Христа. Евангелието што му било откриено на Авраам, преку кое тој имал надеж е истото Евангелие кое денес ни се проповеда нам и ни влева надеж. Авраам со вера го очекувал Исуса, Кој и за него и за нас е Зачетник и Свршител на нашата вера.”
— Одбрани пораки 1, 367; Коментари на библиските текстови, 613, 647

Вторник — 29. март
3. МЕШАЊЕ НА НАШАТА ВЕРА СО СЛУШАЊЕТО

а. Зошто Израелците немале корист од Евангелието иако им било проповедано? Римјаните 9,30-32; Евреите 4,2. Каква поука е ова за нас?

„Нашето слушање на излагањето на Божјата реч мора да биде пропратено со вера за да имаме корист од тоа што го слушаме. Мораме да слушаме со вера. Многу ни е потребна посветеност со Дух Свети. Ние сме предупредени да не се однесуваме лекомислено, рамнодушно и независно од Бога, туку со понизен дух, за да имаме корист од Речта која се проповеда.”

„Сатаната прави сѐ што е во негова моќ за да го одврати умот на слушателите од вистината и да го обземе со погрешни мисли; но ако нашето срце е чисто од сѐ што ја валка душата, нашето слушање ќе биде пропратено со вера.”
— Јужен стражар, 1. март, 1904; Упатства за младите, 1. септември, 1898

б. Кои биле последиците од неверувањето на израелците во Евангелието, и каква сличност има со денешната духовна состојба? Евреите 3,18.19.

„Бог немал намера Израелците, како Негов народ, четириесет години да талкаат по пустината. Тој ветил дека веднаш ќе ги однесе во Ханан и ќе ги направи свет, здрав и среќен народ. Меѓутоа, тие што први го добиле ова ветување не влегле ‘заради неверство’. Нивните срца биле исполнети со незадоволство, бунт и омраза, затоа и Бог не можел да го исполни Својот завет кон нив.

„Цели четириесет години неверството, негодувањето и духот на бунт го одвојувале стариот Израел од Хананската земја. Истите гревови го одложија и влегувањето на денешниот Изреал во небесниот Ханан. Во двата случаи Божјите ветувања не се прекршени. Неверството, љубовта кон светот, непосветеноста и слабоста меѓу оние што се сметаат за Божји народ нѐ задржаа толку години во овој свет на грев и страдања.”
— Евангелизам, 696

в. Кој лек ни е препорачан против оваа болест? Римјаните 6,8-13; 1. Јованово 1,7.

„Заради Христа, сите кои живеат во последните денови од земната историја нека одат во светлината што им е дадена.”
— Објавени ракописи 20, 3

Среда — 30. март
4. САМОПРАВЕДНОСТА ГО ОТФРЛА ХРИСТА

а. Како Израелците го покажале своето неверие на дело? Евреите 3,8-10; Псалм 78,5-11; Дела 7,53.

б. Како Евреите напразно се обиделе да стекнат праведност? И зошто тие не успеале? Римјаните 9,31.32; 10,3; Јован 15,5.

„Токму затоа што законот е свет, Евреите не можеле да стекнат праведност со своите сили и да го држат законот.”

„(Евреите) биле задоволни со законска религија и затоа не можеле ниту на другите да им ја пренесуваат живата небесна вистина. Сметале дека нивната лична правда е сосема доволна и не сакале да внесуваат никаков нов елемент во својата религија. Божјата добрина кон луѓето не ја прифаќале како нешто надвор од нив самите, туку мислеле дека ја заслужуваат со своите добри дела. Верата која работи преку љубов и ја чисти душата на ниту еден начин не можела да се соедини со религијата на фарисеите, што се темелела само на обреди и човечки прописи.”
— Мисли од гората на благословите, 41; Делата на апостолите, 9

в. Кој став на апостол Павле може да ни помогне во тој поглед? Филипјаните 3,4-10.

„Ние не треба да ја истакнуваме сопствената праведност, бидејќи тоа е безвредно. Бескорисни се обидите за утврдување на сопствена праведност, бидејќи нема што да утврдуваме.

„Да не го потценуваме Божјоото дело мислејќи само на себе. Колку што е можно помалку да се истакнуваме себеси. Да не посакуваме зло никому. Христовите следбеници мора да живеат во светлината на Неговиот славен пример и, без оглед на страдањата и напорите, мора да ја одржуваат чистотата на душата преку Христовата благодат, да се покоруваат во потполност на реформаторското учење во Неговото Евангелие, и да не го внесуваат своето ‘јас’ во делото. Вашето ‘јас’ држете го во целосна покорност на Христа, секогаш нагласувајќи го само Него и триумфот на Неговиот крст.”

„Самиот облик на побожност нема да спаси никого. Сите мора да доживеат длабоко и живо искуство. Само ова ќе ги спаси во време на невоља.”
— Материјали на Е. Г. Вајт од 1888, стр. 969; 1. Сведоштво, 116

Четврток — 31. март
5. ПОГРЕШНОСТА НА Т.Н. ЕВАНГЕЛИЕ БЕЗ ЗАКОН

а. Кои предупредувања против современите измами им ги упатува Христос на Своите следбеници? Матеј 5,17-20; 7,21-23; 15,3.7-9.

„Грешниците нема да имаат никаков пристап во престојувалиштето на блажените. Престапниците на Божјиот закон и сите што ќе се обединат со нив во лажното учење: дека е сеедно дали луѓето го кршат Божјиот закон или го почитуваат, ќе бидат вброени како најмали меѓу луѓето. Бидејќи не само што тие самите се неверни, туку и другите ги учат да го престапуваат Божјиот свет закон. Христос овде изрекува суд над оние што тврдат дека го познаваат законот, но со својот пример и поука останатите ги водат во заблуда и духовен мрак.”
— Библиски коментари, 445

б. Како апостол Павле ја истакнува разликата меѓу непослушнните Евреи и послушноста на обратените незнабошци? Римјаните 2,13-24; 3,31; 8,1-4.7.

„За да може да се држи Божјиот закон битна е верата; бидејќи ‘без вера не е можно да Му се угоди на Бога’. ‘А сѐ што не е според верата, грев е’ (Евреите 11,6; Римјаните 14,23).”

„Добрите вести на Евангелието не треба да се толкуваат како да им дозволуваат на луѓето и понатаму да живеат во бунт против Бога престапувајќи го Неговиот праведен и свет закон.”
— Големата борба, 389; RH, 21. септември, 1886

Петок — 1. април
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Како Евангелието било проповедано пред Авраам?

2. Што Авраам го направило праведник?

3. Зошто Евреите четириесет години талкале по пустината наместо директно да бидат доведени во Ханан?

4. Со што Евреите го замениле спасението?

5. Кои се спротивностите на современите учења кои се нудат наместо спасението?

2011 • 2. Квартал

2. лекција – Општење меѓу Небото и Земјата

9. април 2011
„Бог, Кој во старо време, откако многупати и на многу начини им зборуваше на нашите предци преку пророците, во последните денови ни зборува преку Синот, Кого Го постави за наследник над сé, преку Кого ги создаде и вековите“.
— Евреите 1,1.2.
„По престапот (на Адам) Бог со човекот општел само преку Христа и ангелите“.
— Духот на пророштвото 1, 51.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Историја на откупувањето, 48-51.

Недела — 3. април
1. ОПШТЕЊЕ СО НЕБОТО ПРЕКУ ХРИСТА (ПРИМЕРИ)

а. На кој начин Христос им проповедал на „духовите во темницата“ кои се „мртви“ поради гревот (Исаија 42,7; Ефесјаните 2,1)? 1. Петрово 3,18-20; 4,6.

б. Кој бил Гласникот што продолжил да разговара со Авраам откако останатите двајца небесни гласници заминале во Содом? Создавање 18,2.13.17.32.33.

„Двајца од небесни гласници заминале и го оставиле Авраам насамо со Оној за кого сега знаел дека е Божјиот Син.”
— Патријарси и пророци, 127.

в. Кој бил „непознатиот“ со кого Јаков се борел додека не го примил потребниот благослов и сигурност дека гревовите му се простени? Создавање 32,24-30.

„Борбата траела речиси до зори, кога Непознатиот со својот прст го допрел бедрото негово ‘така што на Јакова му се измести колкот од зглобот’. Тогаш патријархот го препознал својот противник, Знаел дека се бори со небесен гласник, и затоа, и покрај натчовечките напрегања, не можел да го совлада. Тоа бил Христос, ‘Ангелот на заветот’ кој лично му се открил на Јакова.”
— Патријарси и пророци, 194.

Понеделник — 4. април
2. ОПШТЕЊЕ СО НЕБОТО ПРЕКУ ХРИСТА (понатамошни примери)

а. Како Христос му се открил на Мојсеј? Излез 3,1-6; Евреите 11,24-27.

„Мојсеј имал полна доверба во Бога затоа што имал цврста и силна вера… Го видел и признал дека Бог е присутен во секој момент од неговиот живот, и чувствувал дека живее под надзор на Оној што гледа сѐ.”
— 5 Сведоштво, 613.

б. Како Христос им се открил на Исус Навин и Гедеон? Исус Навин 5,13-15; Судии 6,22-24.

в. Како лично Христос му се открил на Савле, подоцна наречен Павле? Дела, 9,1-6.

„Во Величественото Битие кое стоело перед него (Савле) го видел Распнатиот.”
— Делата на апостолите, 84.

г. Како Христос ни се открива нам денес? Јован 5,39; 17,17.

„Исус на сите им налага да ги истражуваат Светото писмо. Проникливиот истражувач и секој што сака да ја дознае вистината нека ги напрегне своите умни сили за да ја пронајде вистината каква што е во Исуса. Секоја немарност во овој поглед претставува опасност за душата. Ние лично мораме да ги дознаеме пропишаните услови за влегување во вечен живот. Мора да го препознаваме Божјиот глас, за да можеме да живееме според секој збор што излегува од Неговата уста. Овие прашања не можеме да ги препуштаме на туѓи расудувања. Светите Списи мора да ги истражуваме внимателно и со отворени срца да ја прифатиме светлината и доказите за вистината. Спасувањето на сопствената душа не можеме да го довериме на проповедниците, и заблудените поборници на традиции и човечки авторитети. Мора сами за себе да знаеме што рекол Бог. Мора да соработуваме со Бога во стремежот да ги дознаеме условите што им се поставени на оние што сакаат да станат наследници на спасението, во спротивно ќе умреме во сопствените гревови. Ние не треба да ги истржуваме мислењата на луѓето, или на популарните вероисповеди, или пак што рекле татковците. Не можеме да се потпреме на гласот на мнозинството, туку треба да се стремиме да препознаваме кој е Божјиот глас и која е Неговата откриена воља. Тој ни ја оставил својата пишана Реч, и ние мораме да трагаме по вистината како за скриено богатство.”
— RH, 8. март, 1887.

Вторник — 5. април
3. ОПШТЕЊЕ СО НЕБОТО ПРЕКУ СВЕТИОТ ДУХ

а. Кои докази очигледно покажуваат дека Бог комуницирал со Своите слуги со посредство на Светиот Дух? Дела 13,2; 15,28; 16,7; 21,4.

„Меѓутоа, со планот за откуп е отворена можноста жителите на земјата сѐ уште да одржуваат врска со небото. Со посредство на Својот Дух, Бог одржувал врска со луѓето, а божествената светлина на светот му е упатувана со откровенијата што ги добиле Неговите избрани слуги.”
— Големата борба, 7.

б. Раскажи ја визијата во која апостол Петар го видел големото платно полно со четириножни животни. Кој му рекол на Петар што треба да направи во таа прилика? Дела 10,11-15.19.28; 11,7-12.

„(Петар) заклучил дека спорното прашање за кое упорно дискутирале веќе го решил Светиот Дух со тоа што се спуштил врз необрезаните незнабошци исто како и врз обрезаните Евреи. Повторно ја изнел својата визија во која Бог му покажал сад полн со четириножни животни…”
— Делата на апостолите, 143.

в. Преку кого Бог ги давал откровенијата на своите слуги-пророците? Евреите 1,1; 2 Петрово 1,21.

г. Што е битно за да имаме делотворно разбирање на Божјата Реч? 1 Коринтјаните 14,15; Изреки 1,23.

„Божјиот Дух ја осветлува секоја страница на Светите Списи… Светиот Дух кој ги осветлува светите страници ќе го отвори нашиот разум да дознаеме што е вистина.”

„Христос го примаме преку Божјата Реч, а Светиот Дух е даден таа Реч да ни ја објасни за да можеме да ја сфатиме; Тој треба да ги убеди нашите срца во нејзината вистинитост. Неопходно е секојдневно, додека ја читаме Неговата Реч, да се молиме Бог да ни го прати Светиот Дух кој ќе ни ја открие вистината за таа да ја засили нашата душа и да ги задоволи нејзините секојдневни потреби.”

„Зборовите на вдахновението како непрестан извор од реката на животот ќе го напојуваат срцето кое со задоволство ги прифаќа и размислува за нив. Нашиот Спасител се молел умот на учениците да биде отворен за разбирање на Светите Списи. И секогаш кога Библијата ја проучуваме со молитва во срцето, Светиот Дух се приближува за да ни го открие значењето на зборовите што ги читаме.”
— Сведоштво за проповедници, 112; Мисли од гората, 80; Нашиот висок повик, 205.

Среда — 6. април
4. ОПШТЕЊЕ СО НЕБОТО ПРЕКУ АНГЕЛИТЕ

а. Наведи примери каде небесните ангели комуницираат со човечки суштества.

  • Во Стариот завет: Создавање 16,7-11; 19,1; 1 Царевите 19,5-7.
  • Во Новиот завет: Лука 1,11-13.28-30; Матеј 28,5; Дела 12,7-11.
„На Божјите деца ангелите им носеле пораки на Неговата милост… така светите ангели во сите времиња му служеле на Божјиот народ.”

„Кога Божјото провидение го разгледуваме во светлината на вечноста, дури тогаш ќе сфатиме што им должиме на Божјите ангели за нивната грижа и посредување. Небесните битија земале активно учество во човечките дејности. Се појавувале во облека која блескала како молња; доаѓале како луѓе, како патници. Го прифаќале гостопримството во човечките домови; служеле како водачи на патниците кои ноќта ги стигнала на пат. Тие ја попречувале намерата на грабнувачот и го изместувале ударот на уништувачот.

„Иако владетелите на овој свет не знаат за тоа, сепак ангелите често говореле во нивните собори. Луѓето ги гледале. Човечки уши ги слушале нивните говори. Во двораните и судниците небесните гласници ги застапувале прогонетите и угнетуваните. Тие ги рушеле намерите и ги сопирале злата кои можеле да донесат штета и страдања на Божјите деца.”
— Големата борба, 456; Воспитување, 304.305.

б. Што кажува Библијата за службата на Божјите ангели? Евреите 1,13.14; 13,2.

„Секој спасен ќе дознае каква служба имале ангелите во неговиот живот. Каква ли ќе биде таа средба кога ќе разговара со ангелот кој бил негов чувар од најраните денови; со ангелот кој бдеел над неговите чекори и ја сокривал неговата глава во опасен миг; со ангелот кој бил со него во долината на смртната сенка, кој го одбележал местото на починка и кој прв ќе го поздрави во утрото на воскресението – кога ќе ја дознае историјата на божествената улога во животот на поединецот, историја на божественото посредување во сѐ што е направено за човечкиот род!”
— Воспитување, 305.

Четврток — 7. април
5. ОПШТЕЊЕ СО НЕБОТО ПРЕКУ СВЕТИЊАТА

а. На кој начин Бог честопати Својата воља ја откривал преку Урим (што значи „светлина“) и Тумим (што значи „совршенство“)? Излез 28,30; Второзаконие 33,8.

„Десно и лево од градникот се наоѓале два големи и сјајни камења, именувани Урим и Тумим. Преку нив Божјата воља се откривала на првосвештеникот. Кога перед Бога се изнесувале прашања од пресудно значење Тој своето одобрување и согласност ги искажувал со светол круг околу десниот камен, а своето негодување и незадоволство со сенка околу левиот камен.”
— Патријарси и пророци, 361.

б. Каде, како и кога честопати можело да се чуе како Бог му зборува на првосвештеникот? Излез 25,22; 29,42.43; Левитска 1,1; Броеви 12,5.

„Кога првосвештеникот, еднаш во годината, влегувал во светињата над светињите да служи перед Ковчегот во страшно присуство на Бога, тој поставувал прашања и Бог често одговарал гласно. Кога Бог не одговарал со глас, свет зрак на светлина и слава паѓал врз херувимот од десната страна на Ковчегот што означувало дека се согласува и одобрува. Доколку нивните барања биле одбиени, почивал облак од левата страна на херувимот.”
— Историја на откупувањето, 184.

Петок — 8. април
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Наведи примери како Бог разговарал со патријарсите.

2. Наведи примери како Бог разговарал со пророците.

3. Кој е најчестиот начин да се „слушне“ Божјиот глас?

4. Каква улога имаат ангелите при нашата комуникација со Бога?

5. Како Бог во Стариот завет општел со Својот народ преку Светилиштето?

2011 • 2. Квартал

3. лекција – Божјото присуство меѓу Неговиот народ

16. април 2011
„Ќе одам меѓу вас и ќе бидам ваш Бог, а вие ќе бидете Мој народ“
— Левитска 26,12.
„Заради отпадништвото Израелците го изгубиле благословот на божествено присуство, затоа за одредено време изградбата на Божјата светиња била оневозможена. Меѓутоа, кога подоцна повторно ја задобиле небесната милост, големиот водач продолжил да ги извршува божествените заповеди“.
— Патријарси и пророци, 353.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Копнежот на вековите, 11.12.

Недела — 10. април
1. ОДРЕДЕНОТО МЕСТО НА ШАТОРОТ ЗА СОСТАНОК

а. Скинијата, опкружена со затворен простор наречен „трем“ била изградена во средината на таборот. Броеви 2,17. Зошто „во средината“? Каде Бог го покажувал Своето присуство за време на изреалското патување? Левитска 26,12; Второзаконие 23,14.

б. Каде се покажува Божјото присуство денес? Матеј 18,20; Ефесјаните 2,20-22.

„За време на целото заморно патување низ пустината, со нив бил симболот на Неговото присуство. Така Христос го поставил Својот шатор среде човечкиот табор. Го поставил Својот шатор покрај шаторот на луѓето за да живее меѓу нив и да нѐ запознае со Својот божествен карактер и живот.” — Копнежот на вековите, 11.

„Христос е секогаш онаму каде што со искрено срце се слуша Неговата реч. Тој нѐ само што е присутен на црковните собири, туку секогаш се наоѓа таму каде што во Негово име се состануваат учениците, без разлика колку е мал нивниот број.” — Копнежот на вековите, 430.

Понеделник — 11. април
2. УСЛОВИ ЗА БОЖЈИТЕ ВЕТУВАЊА

а. Бог во минатото ветил дека ќе биде со Својот народ – под кој услов? Излез 19,5.6; 2. Летописи 15,2.

„Израелците или морале да престанат да важат како Божји народ или да ги одржат и да почитуваат начелата врз кои било засновано царството, а со народот требало да се владее со Божја сила. Тој можел и понатаму да остане владетел на Израел само под услов тие целосно да му се предадат на Господа и нивната човечка, земна воља да се потчини на Божјата воља. Израел не ќе може да опстане како монархија ако во секој поглед не го признава Божјиот врховен авторитет.” — Патријарси и пророци, 656.

„Ние не знаеме колку големи интереси се во прашање кога Бог нѐ проверува. Единствена вистинска сигурност е целосна послушност кон Божјата Реч. Сите Негови ветувања се дадени под услов на вера и послушност; а ако пропуштиме да ги исполнуваме Неговите заповеди, го оневозможуваме исполнувањето на сите обилни благослови наведени во Светите списи. Не смееме да се водиме според чувствата, ниту да се потпираме врз мислењето на луѓето. Пред очи постојано треба да ни биде Божјата откриена воља и да живееме според јасните упатства на Неговите заповеди, без оглед на околностите во кои се наоѓаме. Не треба да се грижиме за последиците, бидејќи за тоа се грижи Бог. Со вера во Неговата Реч, во деновите на искушенија можеме пред луѓето и ангелите да покажеме дека Бог и во тешките животни околности може да ни го довери исполнувањето на Својата божествена воља, дека и во тие моменти ќе го величаме Неговото име и ќе бидеме на благослов на Неговиот народ.” — Исто, 656.

б. Под кои услови Христовото ветување во Матеј 28,20 има своја примена и денес? 2 Коринтјаните 6,16-18.

„Треба да се има на ум дека и Божјите ветувања, исто како и Неговите закани, се условени.” — Одбрани пораки 1, 67.

„Божјите ветувања секогаш се условени. За да ни го подари Својот благослов, мора и ние да придонесуваме. Не можеме да чекаме сите Негови благослови да ни дојдат природно, доколку седиме со скрстени раце и не правиме ништо. Ние треба да соработуваме со Бога. Наша привилегија и должност е да се залагаме за душите на кои им се заканува пропаст.” — Петровиот совет до родителите, 25.

Вторник — 12. април
3. СТОЛБ ОД ОБЛАК И СТОЛБ ОД ОГАН

а. Со што Бог ја покажувал Својата присутност меѓу Израелците за време на нивното патување низ пустината? Излез 13,21.22.

„Сам Христос бил водач на синовите Израелови на нивното патување низ пустината.” — Христови поуки, 254.

„‘А Господ одеше пред нив, дење во столб од облак, а ноќе во вид на огнен столб, за да им свети; така тие можеа да одат и дење и ноќе’ (Излез 13,21). Псалмистот вели: ‘Тој им простре облак како покрив и оган, за да им свети ноќе’ (Псалм 105,39; види и 1 Коринтјаните 10,1.2). Знамено на нивниот невидлив Водач секогаш било со нив. Дење облакот им бил патоказ или над нив се простирал како заштитна покривка; ги штител од сончевата горештина, а со Својата сенка, свежина и влажност пријатно ги освежувал и им го олеснувал патувањето низ жешката и безводна пустина. Ноќе тој облак се претворал во огнен столб кој им го осветлувал логорот и бил постојан доказ за Божјото присуство.” — Патријарси и пророци, 284.

б. Како тој столб од облак и оган на ист начин ќе биде заштита за Божјиот народ во последните денови? Исаија 4,5.6.

„На едно од најубавите и најутешни места во пророштвото на Исаија се говори за столбот од облак и за столбот од оган, со што се прикажува Божјата наклонетост и Неговата грижа за Својот народ во последната голема борба со силите на злото.” — Патријарси и пророци, 285.

в. Како Христос разговарал со Своите слуги пред да биде изграден шаторот за состанок? Наведи примери. Излез 15,22-26; 19,9.16.

„Христос во старо време бил Водач и Учител на синовите Израелеви и ги учел дека здравјето е награда за покорувањето на Божјите закони. Големиот Лекар кој ги лечел болните по селата и градовите на Палестина некогаш им говорел на Израелците од столбот од облак и ги упатувал што треба да прават и што Бог ќе направи за нив.” — Копнежот на вековите, 802.

Среда — 13. април
4. СВЕТЛИНА ГО ОСВЕТЛУВА НАШИОТ ПАТ

а. Во која смисла столбот од облак и оган оди пред нас и денес? Јован 8,12; 2 Коринтјаните 4,3-6.

„Во текот на целиот наш живот Бог праќа зраци на светлина од Неговиот престол да нѐ осветлат. Столбот од облак дење и столбот од оган ноќе врват и пред нас исто како што врвеле пред старозаветниот Израел. Христијанските родители денес исто како и Божјиот народ во старо доба имаат предимство своите деца да ги водат во ветената земја.” — Водење на детето, 565.

б. Зошто нема да имаме изговор ако ја пропуштиме можноста за спасение? Јован 1,4.5.10-12.

„Можноста да се задобие спасение и да се избегне вечна пропаст е достапна за секоја душа. Сите небесни ангели спремно чекаат да & помогнат на душата која се искушува и проверува. Христос, Синот на бесконечниот Бог, ги издржал искушенијата и пробите заради нас. Крстот на Голгота сликовито стои перед секоја душа. Кога секому ќе му биде судено според делата и кога (изгубените) ќе бидат предадени на маки заради презирот кон Бога и потценувањето на Неговата чест со нивната непослушност, никој од нив нема да има изговор, бидејќи никој не мора да пропадне. Секому му е дозволено сам да одбере кого ќе го постави за свој господар: Христа или сатаната. Секој може во решавачкото искушение да ја прими сета помош што ја примил Христос.” — Одбрани пораки 1, 96.

в. Како можеме да живееме во светлината на Божјото присуство? Евреите 10,16-22.

„Нашиот небесен Отец чека да нѐ опсипе со обилни благослови. Предимството кое ни се дава е секогаш да можеме да ја гасиме жедта од изворот на бескрајната љубов. Навистина е несфатливо зошто толку малку се молиме!… Синовите на овој свет, на кои им е толку неопходна помошта што само Бог може да ја даде, задоволни патуваат и без светлината на Неговиот Дух и Неговото присуство. Темнината на злобниот непријател ги обвива сите кои ја занемаруваат молитвата. Искушенијата што тој им ги шепка ги мамат и ги поттикнуваат на грев токму затоа што не ги искористуваат предностите на молитвата. Зошто Божјите синови и ќерки не се осмелуваат да се молат кога молитвата е клуч во верната рака, клуч кој ги отвора небесните ризници во кои се чуваат непроценливите богатства на Семожниот?” — Патот кон Христа, 85.86.

Четврток — 14. април
5. БОЖЈИОТ ГЛАС

а. Кое предупредување небесниот Отец го дал на Израелците за нивно добро? Излез 23,20-22. Кој всушност бил Ангелот што Тој го пратил да оди перед нив? 1 Коринтјаните 10,4.9.

„Вистинска стравопочит се покажува преку послушност. Бог не бара ништо што суштински не е битно и неопходно, а стравопочитта која Тој ја одобрува може да се искаже само со послушност кон она што Тој го рекол.” — Мојот живот денес, 311.

б. Како Бог ни говори нам денес? Исаија 30,21. Како „увото“ на нашата просветлена совест може да го слушне Неговиот глас? Јован 16,13; Откровение 3,20; Евреите 3,7.8.

„Секоја опомена, укор и молба изнесени во Божјата реч или преку Неговите гласници е чукање на вратата на срцето. Тоа е Исусовиот глас кој бара да влезе.” — Копнежот на вековите, 476.

„Илјадници и милиони човечки битија сега конечно се одлучуваат за вечен живот или вечна смрт.” — ВИ Свед. 406. ориг.

„Малкумина се оние кои со цело срце и душа веруваат дека постои втора смрт што треба да ја избегнеме и вечен живот кој треба да го задобиеме.” — Копнежот на вековите, 613.

Петок — 15. април
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Каде и преку кого Отецот и Синот и денес престојуваат на Земјата?

2. Под кој услов Христос може да престојува во нас?

3. На кој начин Христос станал видлив за синовите Израилови во пустината?

4. На кој начин Бог е столб од облак и оган и за нас денес?

5. Дали навистина веруваш дека постои „вечен живот кој треба да се задобие и втора смрт што треба да се избегне“?

2011 • 2. Квартал

4. лекција – Отпаднато свештенство

23. април 2011
„Царевите наши, кнезовите наши, свештениците наши и татковците наши не го извршуваа Твојот закон и не им посветуваа внимание на Твоите заповеди и Твоите удари, со кои ги потсетуваше“
— Немија 9,34.
„Примерот на оние кои се во света служба треба на луѓето да им влева почит кон Бога и страв од помислата дека можат да Го навредат. Кога луѓето кои се поставени ‘во името на Христос’ (2 Коринтјаните 5,20) за на народот да му ја објават Божјата порака на милост и спасение, својата света положба ја користат за да ги задоволат своите себични или неморални задоволства, тие стануваат најуспешни сатански агенти. Слично како Офнеј и Финес тие придонесуваат луѓето да не се грижат за Божјата жртва“.
— Патријарси и пророци, 614.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Патријарси и пророци, 609-615.

Недела — 17. април
1. СИНОВИТЕ ИЗРАЕЛОВИ ВО ВЕТЕНАТА ЗЕМЈА

а. Каде Изреалците привремено го поставиле своето седиште, со шаторот, откако ја преминале реката Јордан? Исус Навин 4,19; 5,10; 10,6.

„Недалеку од Јордан Евреите го поставиле својот прв логор во Ханан. Тука ‘Исус ги обреза синовите Израелови’. ‘И се задржаа синовите Израелови во логорот во Гилгал и вечерта на четиринаесеттиот ден од месецот направија Пасха’ (Исаија Навин 5,3.10).” — Патријарси и пророци, 506.

б. Каде Изреалците го поставиле шаторот за состанок кога се населиле во ветената земја? Исус Навин 18,1.

„Дотогаш Гилгал бил главен национален центар и тука се наоѓал шаторот за состанок. А тогаш шаторот за состанок требало да се пренесе на местото кое бил одредено за постојано престојувалиште. Тоа бил Силом, мало место во Ефремовиот дел. Силом се наоѓал во централниот дел на земјата, па бил лесно достапен од сите краеви.” — Патријарси и пророци, 537.

Понеделник — 18. април
2. АНАРХИЧНА СОСТОЈБА

а. Опиши го отпадништвото на Израел, кое почнало во свештенството кон крајот на периодот на судиите? 1 Самоилова 2,12.17.22. Како влијаел благиот укор на првосвештеникот врз неговите синови? 1 Самоилова 2,23-25.

„Од страв кон свештениците (Офнеј и Финес) Израелците ги исполнувале нивните незаконски барања, со што се лишувале од деловите на жртвата кои законски им припаѓале. На тој начин апетитот, себичноста и лакомоста триумфирале и имале злокобно влијание врз народот токму во моментите кога секое срце со покајание и вера требало да се сврти кон големата жртва на Оној што врз Себе ги понесе гревовите на светот. Тоа на поклониците влијаело негативно до таа мера што изгубиле секаква претстава за светоста на жртвените приноси и значењето на присуството за време на службата во светињата.

На црниот список злосторства овие отпаднати свештеници додале и разузданост и неморал; и покрај тоа што со својот грев и со своето присуство ја сквернавеле Господовата скинија, дрско излегувале и во присуството на светиот Бог. Гледајќи ја ваквата изопаченост на свештенството, Израелците заклучиле дека подобро ќе биде нивните семејства да не го посетуваат местото одредено за богослужба. Многумина од Силом заминувале вознемирени и гневни, сѐ додека конечно не одлучиле самите да принесуваат жртви, мислејќи дека тоа е поприфатливо за Бога отколку да им се придава значај на гнасотиите што се вршеле во светињата.” — Знаците на времето, 1. декември, 1881.

б. Каква порака му пратил Бог на свештеникот? 1 Самоилова 2,27-29.34.35. Како била примена оваа порака?

„Сепак, Илија не покажал плодови на вистинско каење. Ја признал вината, но не се одрекол од гревот. Господ со години ја одложувал најавената казна. За тоа време можело да се направи многу за да се искупат грешките од минатото. Но стариот свештеник не преземал ништо конкретно за да го отстрани злото кое ја валкало Господовата светиња и водело во пропаст илјадници Израелци. Божјото долготрпение само ги затврднало срцата на Офнеј и Финес, па тие станале уште подрски во своите престапи. Илија целиот народ го запознал со укорот и опомената што Бог ја дал за неговиот дом. Се надевал дека на тој начин ќе ја ублажи својата поранешна немарност. Но народот ги занемарил опомените исто така како што тоа го направиле свештениците”. — Патријарси и пророци, 617.

Вторник — 19. април
3. ИЛИЈА БИЛ СМЕТАН ЗА ОДГОВОРЕН

а. Преку кого и како Бог го опоменал Илија вториот пат? 1 Самоилова 3,2-18.

„Илија бил свештеник и судија во Израел. Ги имал најголемите и најодговорни функции во Божјиот народ. Како Божји избраник за извршување на најсветите свештенички должности и како најголем судски авторитет во земјата, народот го сметал за човек на кого треба да се угледува и тој имал големо влијание меѓу израелските племиња. Меѓутоа, оној што бил одреден да владее со народот, не можел да управува со сопственото семејство. Илија бил попуштлив татко. Заради мир и удобност не го користел авторитетот да ги поправа лошите навики и страсти кај своите синови. Наместо да им се спротивставува и да ги казнува, тој попуштал перед нивните желби и ги оставил да одат по свои патишта. Наместо воспитувањето на своите синови да го смета како негова најважна одговорност, тој му придавал мало значење.” — Патријарси и пророци, 609.

б. Опиши ја разликата меѓу Илија и Авраам која се однесува на родителските должности. 1 Самоилова 2,30; Создавање 18,19.

„Илија им дозволувал на своите деца да господарот со него. Таткото бил потчинет на децата. Проклетството заради престапот на законот јасно се согледувало во расипаноста и злото со кои бил обележан карактерот на неговите синови. Тие немале вистинска претстава за Божјиот карактер, ниту пак, за светоста на Неговиот закон. Службата на нивниот татко, за нив била најобичен чин. Од мали навикнале на светињата и богослужбата; но, наместо да имаат сѐ поголема стравопочит, тие изгубиле секакво чувство за светоста на службата и нејзиното значење.” — Патријарси и пророци, 610.

„Колку е само впечатлива разликата меѓу случаите на Илија и Авраам! Примерот на првиот е запишан во Библијата за родителите да го одбегнат ваквиот пат; а примерот на вториот е запишан за тие да се угледуваат на него. Карактеристиките и на едниот и на другиот се одразиле не само во нивните животи, туку и на идните поколенија на нивните деца и внуци. Влијанието што го имаме во сопственото семејство е она што ја покажува вистинитоста на нашето верско искуство.” — РХ, 4. мај, 1886.

Среда — 20. април
4. ПОУКА ЗА НАС ДЕНЕС

а. Како ќе постапува мудриот татко ако навистина ги сака своите деца? Изреки 3,11.12; 22.15. Како младите докажуваат дека се мудри или неразумни? Изреки 10,1.8; 13,1; 15,5.20

„Сите оние кои заради својата слепа љубов кон децата дејствуваат според своите склоности и им дозволуваат на своите деца да ги задоволуваат своите себични желби и не го истакнуваат Божјиот авторитет со тоа што ги укоруваат заради гревовите, и казнуваат нивните зли дела, јасно покажуваат дека повеќе ги вреднуваат своите безбожни деца отколку Бога; тие повеќе сакаат да им угодат на своите деца отколку на Бога.” — Патријарси и пророци, 612.

„Оние кои немаат доволно храброст да ја осудат неправдата или оние кои заради својата рамнодушност и недостаток на интерес не прават сериозни напори да го прочистат семејството или Божјата црква, ќе бидат одговорни за сите зла што можат да произлезат од нивното занемарување на должноста. За злото што сме можеле да го спречиме со родителскиот или свештеничкиот авторитет одговорни сме како самите да сме го направиле.” — Исто, 613.

б. Како Библијата ја нагласува важноста на поправање на заблудените? Евреите 12,5-8. Како можеме да им помогнеме на оние што се духовно осакатени? Евреите 12,13; Галатјаните 6,1.

„Многумина изгледаат стабилни во вистината, цврсти и одлучни во секоја точка од нашето верување; а сепак имаат голем недостаток – нежност и љубов кои се толку застапени во карактерот на Христа, нашиот голем Пример. Ако еден брат попушти на искушенијата и застрани од вистината, тие не вложуваат никакви напори да го исправат во кротост, заборавајќи дека и самите можат да подлегнат. Мислат дека нивна посебна задача е да седнат на судскиот стол и таквиот да го осудат и исклучат од Црквата… Начинот на делување опишан во Галатјаните 6,1 многу ретко се применува во нашата Црква. Заради тој недостаток Божјиот Дух се изгонува од срцето, семејството и Црквата. Не е ли затоа неопходно да се применува библискиот план за враќање на заблудените со дух на кротост? Зарем не треба да го имаме Христовиот Дух и да работиме како Тој што работел?…

„Постапувајте внимателно и со почит дури и кон вашите најогорчени непријатели, кои ве жалостат секогаш кога ќе им се укаже можност.” — РХ, 16. декември, 1884.

Четврток — 21. април
5. ИЗРАЕЛ ПОРАЗЕН, А КОВЧЕГОТ ЗАРОБЕН

а. Што направиле Израелците по поразот од Филистејците? 1 Самоилова 4,1-4; Каков бил исходот? 1 Самоилова 4,10.11; 5,1.2.

„Колку луѓето имаат поголемо познавањето на Божјата воља, е поголем е и нивниот грев доколку ја занемаруваат.

„Израелците ги снашла најголема несреќа што можела да се случи. Божјиот ковчег на заветот бил заробен и се наоѓал во рацете на непријателот. Славата навистина го напуштила Израел кога симболот на Јеховиното присуство и моќта исчезнал од нивната средина.” — Патријарси и пророци, 619.

б. Како реагирале првосвештеникот Илија и жителите на Силом кога гласник ја донел жалната вест? 1 Самоилова 4,12-18.

„Помислата дека тој со својот грев толку го срамотел Бога и Го навел да го повлече Своето присуство од Израел, била посилна од она што можел да издржи. Силата го издала ‘тој падна… го скрши вратот и умре (1 Самоилова 4,18).” — Патријарси и пророци, 620.

в. Како и кога овој страшен настан повторно им бил предочен на Израелците, и со која цел? Псалм 78,56-61; Еремија 7,12.14.

„(Човечките синови) одбиле да го слушнат Божјиот глас во делата што Тој ги создал, во опомените, советите и упатствата на Неговата реч, па затоа бил принуден да им говори преку казна.” — Патријарси и пророци, 623.

Петок — 22. април
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Каде Израелците го поставиле своето прво средиште во ветената земја, и каде подоцна го сместиле светилиштето?

2. Опиши ја духовната состојба на Израел во деновите на првосвештеникот Илија?

3. Зошто Бог првосвештеникот го сметал за одговорен?

4. Како Библијата ја истакнува разликата меѓу исправното и погрешното воспитување на децата?

5. На што Бог сакал да го поучи Својот народ преку трагичните настани во Силом?

2011 • 2. Квартал

5. лекција – Симболот на Божјото присуство се враќа во Израел

30. април 2011
„Тогаш Филистејците ги свикаа свештениците и гатачите, па рекоа: ‘Што да правиме со ковчегот Господов? Поучете нé, како да го испратиме до местото негово?’“
— 1 Самоилова 6,2.
„Ковчегот седум долги месеци останал кај Филистејците. За цело време Израелците не презеле ништо за да го вратат назад тој симбол на Јеховиното присуство. Меѓутоа, Филистејците сега сакале да го вратат исто толку како што сакале да го имаат“
— Знаците на времето, 12. јануари, 1892.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Патријарси и пророци, 621-626.

Недела — 24. април
1. ФИЛИСТЕЈЦИТЕ ГО ВРАЌААТ КОВЧЕГОТ

а. Што одлучиле да направат Филистејците кога согледале дека го навредиле Бога со грабнувањето на ковчегот на заветот – симбол на Неговото присуство? 1 Самоилова 6,1-3.

„Во согласност со општо распространетото суеверие, филистејските старешини го советувале народот да направи сликовита претстава за злото што ги снашло.”
— Патр. и пр. 622.

б. Како ковчегот се вратил кај Израелците? 1 Самоилова 6,7-9.14.15.

в. Зошто казната заради непочитувањето на симболот на Божјото присуство била поголема за Израелците отколку за Филистејците? 1 Самоилова 6,19.20; Јаков 4,17.

„Филистејците, кои не ги знаеле Божјите закони, кога го враќале кај Израелците ковчегот го ставиле на кола и Господ ги прифатил нивните напори. Меѓутоа, Израелците јасно ја знаеле Божјата воља за овие работи, па занемарувањето на упатствата значело да се обесчести Бог.”
— Патријарси и пророци, 743.

Понеделник — 25. април
2. КОВЧЕГОТ ПРЕНЕСЕН ВО КИРИЈАТ-ЈАРИМ

а. Каде преживеаните жители на Ветсамис го испратиле ковчегот на заветот, бидејќи не се осмелувале и понатаму да го држат кај нив? 1 Самоилова 6,21. Колку долго ковчегот останал таму и што правел народот во меѓувреме? 1 Самоилова 7,1.2.

б. Што Самоил – како првосвештеникот, пророк и судија – му наредил на народот да направи како прв чекор за излез од тешката ситуација предизвикана од отпадништвото? 1 Самоилова 7,3. Каква поука е тоа за нас денес?

„Како Божја откупена своина, ние сме должни да работиме како што работел Христос, не поведувајќи се по природните склоности, туку во согласност со Божјиот Дух. Меѓутоа кога ќе го дознаат Евангелието, животот на луѓето е полн со гревови. Заради постојаното попуштање на искушенијата нивната сила за послушност е ослабната. Нивното ‘срце е лукаво повеќе од сѐ и наполно расипано’ (Ерем. 17,9). Тие се мртви во престапи и гревови и само со сопствената сила не можат да направат ништо добро.

„За Бог да ја прифати нашата служба мораме ‘наново да се родиме’ (Јован 3,7). Мораме да ги потисмеме сите природни склоности што се во спротивност со Божјиот Дух. Мора да станеме нови луѓе и жени во Исуса Христа. Нашиот стар непрепороден живот мора да го замениме со нов живот – живот полн со љубов, доверба и радосна послушност… Без вакви промени не можеме правилно да Му служиме на Бога. Нашите залагања ќе бидат нецелосни; во нашите напори ќе внесуваме земни планови – туѓ оган, кој претставува обесчестување и навреда за Бога. Нашиот живот ќе биде несвет и несреќен, исполнет со немири и грижи.

„Промената на срцето што симболично е прикажана со ново раѓање може да се оствари само со делотворното влијание на Светиот Дух. Само на тој начин срцето може да се очисти од секоја дамка на гревот. Ако Му дозволиме да го обликува нашиот карактер, ќе бидеме во состојба да го препознаеме и цениме каракетрот на Божјото царство и да ја сфатиме неопходноста од промени кои мора да дојдат за да можеме да влеземе во тоа царство. Гордоста и самољубието се спротивставуваат на Божјиот Дух; сите природни склоности се противат на секој обид вообразеноста и гордоста да се заменат со Христовота кротост и понизност. Но за да истраеме на патот кој води во вечен живот, не смееме да ги слушаме дошепнувањата на нашето ‘јас’.”
— Упатство за младите, 9. септември, 1897.

Вторник — 26. април
3. КОВЧЕГОТ НА ЗАВЕТОТ НА ПАТ КОН ЕРУСАЛИМ

а. Што одлучил да направи Давид со ковчегот откако се зацврстил на израелскиот престол? 1. Летописи 13,1-6.

„Давид повикал триесет иљади одбрани мажи од Израел и сакал пренесувањето на ковчегот да го искористи за приредување голема радосна свеченост. Народот со задоволство го прифатил неговиот повик… Давид бил исполнет со света ревност. Ковчегот на заветот го изнеле од куќата на Авинадав и го ставиле на нова кола зад која оделе двајцата Авинадавови синови.”

„Народот ги прател со восклик и радосни песни; мноштво гласови се соединувале со звуците од музичките инструменти. ‘А Давид и сите синови Израелови свиреа пред Господ на различни свирки од кипарисово дрво, на гусли, на псалтири, на тимпани, на цитри и на кимвали’ (2 Самоилова 6,5). Таква радосна сцена Израел одамна не видел. Преку ритчињата и долините долга радосна поворка со света радост се движела кон светиот град.”
— Патријарси и пророци, 741. 742.

б. Што се случило по патот додека Давид и израелскиот народ го пренесувале Божјиот ковчег? 2 Самоилова 6,5-10.

„Наеднаш веселата поворка ја обзел ненадеен страв. Давид бил силно погоден и мошне вознемирен и во своето срце дури ја доведувал во прашање Божјата правда. Тој имал намера да му укаже слава на ковчегот на заветот, како симбол на Божјото присуство. Тогаш зошто се случило таа страшна казна радоста да ја претвори во болка и тага?”

„Судбината на Уза претставувала Божја казна за прекршок на изричната заповед. Бог преку Мојсеј дал посебни упатства за пренесување на ковчегот на заветот. Само на свештениците, потомците на Арон, им било дозволено да го допрат ковчегот или да го видат кога бил откриен. Божјата заповед гласела: ‘Тогаш Катовите синови да влезат и да носат; но тие не смеат да се допираат до светите работи, за да не загинат… Според тоа, изнесувајќи го ковчегот од Кирјат-Јарим, Израелците директно и неопростиво се огрешиле против Господовите упатства.”
— Патријарси и пророци, 742.

Среда — 27. април
4. КОВЧЕГОТ ВО ДОМОТ НА ОВИД – ЕДОМ

а. Додека ковчегот престојувал во куќата на Гетчанецот Аведар и додека Давид имал време да го испита своето срце, зошто вниманието на Израел било насочено кон Овид – Едом и неговото домаќинство? 2 Самоилова 6,11.12 (прв дел).

„Чувствувајќи дека срцето кон Бога не му е наполно исправно, кога ја видел смртта на Уза, Давид се исплашил од ковчегот; се загрижил и него да не го снајде казна поради неговиот грев…”

„Божествената опомена дејствувала врз срцето на Давид. Како никогаш порано, тој ја сфатил светоста на Божјиот закон и потребата од строга послушност. Милоста покажана кон домот на Овид – Едом му ја вратиле на Давид надежта дека ковчегот на заветот ќе му донесе благослов и нему и на неговиот народ.”
— Патријарси и пророци, 743.

б. Што треба да научиме од благословот што го прател Овид-Едом и неговиот дом? Псалм 140,13.

„Потребно е да се молиме благословот на Христовото присуство секогаш да остане во нашите домови. Потребно е да најдеме време на своите деца да им дадеме поуки за верата и довербата во Него. Можеби некогаш помислуваме дека така ги занемаруваме своите обврски, но дали навистина е така? Времето посветено на молитва за Божји благослов никогаш не е изгубено време.”
— Знаците на времето, 3. март, 1909.

в. Каде бил донесен ковчегот по три месеци? 2 Самоилова 6,12.17; 1 Летописи 15,1-3.

„По три месеци решил да го повтори обидот за пренесување на ковчегот на заветот, но сега внимавал во секоја подробност да се почитуваат Господовите упатства. Повторно биле повикани сите водечки луѓе и огромно мноштво се собрало перед домот на Гетеецот. Кога луѓето што ги одредил Бог со страхопочит го кренале ковчегот на рамо, народот со растреперени срца се наредил во редови и големата поворка тргнала. Кога поминале шест чекори, со звук на труба е наредено да се застане. Давид заповедал да се ‘принесе на жртва вол и овен’. И тогаш, наместо тресење од страв, завладеала радост.”
— Патријарси и пророци, 743.

Четврток — 28. април
5. КОВЧЕГОТ ДОНЕСЕН ВО ЕРУСАЛИМ

а. Кога поворката која го пратела ковчегот се наближила кон престолнината, која песна одекнала од стотици гласови? Псалм 24,7-10.

„Триумфалната поворка се приближувала кон престолнината, носејќи го симболот на невидиливиот Цар. А тогаш одекнала песна во која од стражата на yидовите се барало да ја отворат портата на светиот град.”
— Патријарси и пророци, 744.

б. Каков ефект врз израелскиот народ имало донесувањето на ковчегот во Ерусалим? 1 Летописи 16,7.30-36.

„Свечените обреди за време на пренесувањето на ковчегот на заветот оставиле траен впечаток врз израелскиот народ, будејќи кај него подлабоко интересирање за службата во светињата и повторно поттикнале кај него ревност за Јехова. Давид со сите средства што му стоеле на располагање настојувал тој впечаток да биде уште подлабок. Во богослужението како редовен составен дел на службата е воведена песната… На тој начин верското влијание станувале мошне далекусежно и придонесувало народот да се ослободи од идолопоклонството.”
— Патријарси и пророци, 746.

в. Според Божјиот план, со какво „оружје“ Израелците требало да ги покорат околните народи? Второзаконие 1,30; 3,21.22; 2 Летописи 20,21.22.

Петок — 29. април
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Зошто Филистејците одлучиле да го вратат Божјиот ковчег на Израел?

2. Каква разлика направил Бог меѓу Евреите и незнабошците кога ги казнувал затоа што го сквернавеле ковчегот? Зошто?

3. Под кој услов Бог можел да го штити Израел од неговите непријатели?

4. Каков дочек бил организиран при пристигнувањето на ковчегот во Ерусалим?

5. Кое било најсилното „оружје“ со кое Израел требало да доминира со другите народи? Што отсекогаш било поважно од мечот?

2011 • 2. Квартал

6. лекција – Трпеливост кон оние што се сомневаат, но се искрени

7. мај 2011
„Барајте го Господа додека можете да Го најдете; викајте Го додека е близу“
— Исаија 55,6.
„Бог не нé напушта заради нашите гревови. Можеби со своите погрешни сфаќања го жалостиме Неговиот Дух; но кога со понизни срца ќе Му се обратиме во покајание, Тој нема да нé одбие“
— Одбрани пораки 1, 350.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Патријарси и пророци, 81-85.

Недела — 1. мај
1. МОРАЛНАТА СОСТОЈБА НА ЧОВЕЧКАТА ПРИРОДА

а. Во чии раце Адам го предал владеењето со овој свет? Лука 4,5.6; Јован 16,11; 1 Јованово 5,18.19. Чиј дух ги контролира оние што живеат во грев? Ефесјаните 2,1-3.

„Ние неизбежно сме под контрола на едната или другата голема сила кои се борат за превласт во светот. Не е неопходно свесно да го одбереме царството на мракот за да бидеме негови поданици. Доволно е само да пропуштиме да му се придружиме на царството на светлината. Ако не соработуваме со небесните сили, сатаната ќе го заземе срцето и ќе го направи свое престојувалиште.”
— Копнежот на вековите, 305.

б. Со која мисла се тешат оние што намерно грешат? Малах. 3,14.15; Проповедник 8,11.

„Со своите малубројни и лукаво смислени искушенија сатаната никогаш не настапува одеднаш. Тие ги маскира искушенија за да изгледаат како нешто добро. Со забавите и лудостите тој помешува и нешто корисно, и така измамените души се изговараат дека извлекуваат нешто позитивно од тоа. Но тоа е само измамничка игра на сатанските пеколно маскирани вештини. Кога заведените души ќе го направат првиот чекор, тогаш се подготвени за следниот.”
— Порака до младите, 83.

Понеделник — 2. мај
2. СЕКОЈДНЕВНО ИСКУШЕНИЕ

а. Како се искушувал псалмистот набљудувајќи го привидниот напредок на безбожинците? Псалм 73,2-13. Каква борба настанува во мислите на оние кои доаѓаат во искушение да застранат од Бога?

„Има моменти кога оние што Му служат на Бога, под бремето на животните несреќи и тага, стануваат обесхрабрени и малодушни. Размислувајќи за своите околности, и споредувајќи ги со благосостојбата на оние што воопшто не размислуваат за вечноста, тие се чувствуваат потиштени. Тогаш се предаваат на духот на незадоволство и негодување и се жалат од својата судбина… Овие горчливи мисли им ги сугерира измамникот на човештвото. Тој се радува кога поттикнува бунт во срцата на Божјите деца… Псалмистот Давид го имал ова искуство. Кога видел како безбожниците напредуваат тој им завидувал на успехот… (Псалм 73,12-14).”
— Знаците на времето, 3. февруари, 1888.

б. Кога, каде и како псалмистот го видел крајот на оние што се бојат од Бога, спротивно на оние што не се бојат од Него? Псалм 73,16.17.

„Кога (Давид) влегол во светилиштето и општел со Господа, тој повеќе не ја сакал среќата на безбожниците, бидејќи го согледал нивниот крај. Видел дека нивниот пат најпосле ќе ги одведе во пропаст, а дека нивното задоволство е само привремено. Во неговото срце повеќе немало завист, а неговиот бутновен дух во понизност се потчинил на Бога.”
— Знаците на времето, 3. февруари, 1888.

в. Како тој во службата во светилиштето го согледал крајот на безбожниците? Псалм 73,18.19.27; 75,8; 76,12. Како ја видел исто така и милостивата Божја рака испружена кон грешниците што се каат? Псалм 77,7-9.15.

Вторник — 3. мај
3. ПРИЗНАНИЕТО НА ПСАЛМИСТОТ

а. Кое признание го искажал псалмистот кога најпосле му се отвориле очите? Псалм 73,21-26.28.

„(Давид) сфатил дека Божјото водство има неспоредливо поголема вредност отколку сето минливо богатство од овој свет; бидејќи Божјиот пат праведниците ги води во вечна слава.”
— Знаците на времето, 3. февруари, 1888.

б. Откако псалмистот се покајал и признал, каков апел произлегол од неговото срце додека бил во светилиштето? Псалм 74,3.4.7-10.

в. Што мораме да сфатиме за да го избегнеме честото искушување да им завидуваме на неправедните на нивното минливо богатство? Псалм 77,1-3.

„Ќе му подлегнете на искушението во истиот миг кога ќе дозволите вашиот разум да се двоуми, да биде непостојан во довербата кон Бога. Ако не одбереме потполно да Му се предадеме на Бога, тогаш сме во темнина… Тој знае дека доколку може да го попречи нашиот вид, за да не гледаме на Бога, оградата против гревот ќе ја снема.” — Мисли од гората на благословите, 65.

„Судирот меѓу доброто и злото денес не е помалку жесток отколку во деновите на Спасителот… Потребно е без колебање да го ‘извадиме’ десното око или да ја ‘пресечеме’ десната рака доколку нѐ соблазнуваат… Наградата на вечен живот е непроценлива.” — Порака до младите, 56.

„Божјиот закон го осудува секој престапник. Тој може да го презре тој глас, и да ја заглуши неговата опомена, но залудно. Тој го следи. И го нарушува неговиот мир… Како пламен што не се гаси, на крајот ги голта и душата и телото.” — Воспитување, 144.145.

Среда — 4. мај
4. ГЛАВНА ГРИЖА

а. По враќањето кај Бога со признавање и каење, која била главната грижа на псалмистот? Псалм 74,18-23; 79,1. Што ја открива милостивата природа на Божјата правда во корист на Неговиот деца?

„Бог не стои настрана при трансакциите со кои се повредуваат правата на Неговите деца. Никој не може да го повреди ниту најмалиот Христов ученик, а да не ја предизвика раката која го држи мечот на правдата.”
— Знаците на времето, 20. декември, 1883.

б. Како псалмистот, со поглед упатен кон светилиштето (Псалм 76,2; 77,13), молел за милост и помош – и зошто и ние треба да ги имаме истите чувства? Псалм 79,8-10; 80,1.3.

„Кога ќе помислам колку силни можеме да станеме ако се фатиме за силната рака на Семожниот, а кога ќе видам колку сме слаби затоа што не се повикуваме на Божјите ветувања, мојата душа плаче во болка… ‘Зошто меѓу нив да се зборува – каде е нивниот Бог?’ (Јоил 2,17).” — Исто, 27. септември, 1883.

„Меѓу нас има многумина кои ја исповедаат вистината, но не дозволуваат да бидат распнати со Христа… Целиот Негов живот на светот бил бескрајна низа страдање и самоодречување… Тој не копнеел за удобности и лични задоволства; живеел за да прави добро, да ги спасува другите од срам, страдања и пропаст.” — Исто.

„Ние сигурно ќе се издигнеме, освен ако сатаната нашиот ум од размислување за духовното и вечното не го пренасочи на земното и минливото. Бог сака да ви подари благодат и сила секогаш кога ви се потребни, доколку побарате со искрено срце.” — Исто, 3. февруари, 1888.

Четврток — 5. мај
5. ЕДИНСТВЕНА НАДЕЖ ЗА ПАДНАТОТО ЧОВЕШТВО

а. Зошто треба да ја имаме истата грижа како псалмистот, кој бил збунет и сомнежлив? Псалм 119,53.126; Проповедник 12,14.

„Постот и молитвата во одредени случаи се препорачливи и соодветни. Тоа се средства во Божјата рака за прочистување на срцето и оживување на приемчивоста на умот. Бог одговара на нашите молитви затоа што во душата се понизуваме пред Него.”
— Совети за исхраната, 187.188.

б. Што треба да правиме кога нашите молитви ги испраќаме кај Оној Кој од Неговиот престол во светилиштето гледа кон нас, како што е опишано во Псалм 102,19.20? Откровение 3,20; Евреите 12,25. Што се случува ако го затврднеме нашето срце против влијанието на Светиот Дух?

„Секој пат кога ќе одбиете да ја слушнете пораката на милост, вие го зајакнувате вашето неверие. Секогаш кога вратата на вашето срце не ја отворате за Христа, сѐ помалку сте волни да Го слушате гласот на Оној што ви се обраќа.”
— Христови поуки, 237.

в. Која поука треба да ја извлечем од борбата на апостол Павле против злото? 1 Коринтјаните 9,24-27.

Петок — 6. мај
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Кои се двете единствени опции меѓу кои секој треба да ја бира својата судбина?

2. Кои помисли го довеле псалмистот на работ на пропаста?

3. Кога и каде тој ја согледал својата заблуда? Кое признание го дал тогаш?

4. Што најмногу го загрижувало псалмистот откако се покајал? Зошто и ние треба да ја имаме истата грижа?

5. Како апостол Павле ја опишува својата борба против гревот? Која е единствената надеж за паднатиот човечки род?

2011 • 2. Квартал

7. лекција – Храмот – предмет на поука

14. мај 2011
„И така, расположете го срцето свое и душата своја, за да Го побарате Господ, вашиот Бог. Станете и изградете Му светилиште на Господ Бог“.
— 1 Летописи, 22,19.
„Долго посакуваниот план на Давид да Му изгради храм на Господ, беше мудро извршен од страна на Соломон“.
— RH, 2. ноември, 1905.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Пророци и цареви, 26-31.

Недела — 8. мај
1. БЛАГОРОДНАТА ЖЕЛБА НА ЦАРОТ ДАВИД

а. За што царот Давид најмногу размислувал, додека го посматрал својот величествен дворец? 2 Самоилова 7,2.

б. Каква порака Бог му испратил на царот Давид? 1 Летописи 22,8-10; 28,5.6. Во која смисла на Давид му била дадена привилегија да придонесе за изградбата на храмот?

„Давид длабоко ја чувствувал својата сопствена недостојност во собирањето на материјал за градење на Божјиот дом, велејќи: ‘Кој сум јас, и кој е мојот народ, та можеме да жртвуваме толку’; но изразот на верност и подготвеноста што ја покажале челните луѓе на неговото царство кога со радост му го посветувале своето богатство на Јехова, но и кога самите Му се предавале Нему во служба, го исполнувале со радост. Меѓутоа, самиот Бог на народот му дал такво расположение. Славата му припаѓала Нему, а не на луѓето. Тој всушност на народот и му ги дал сите тие богатства, и Неговиот Дух ги поттикнал нивните срца да ги приложат своите драгоцености за храмот. С# потекнувало од Господа; кога Неговата љубов не би ги возбудила срцата на народот, сите напори на царот би биле напразни и храмот никогаш не би бил изграден.”
— Патријарси и пророци, 795.

Понеделник — 9. мај
2. МУДРИ ПЛАНОВИ ЗА ИЗГРАДБА

a. Какво место било избрано за изградба на храмот? 2 Летописи 3,1 (спореди со Излез 22,2;); Исаија 8,18; 28,16.

„Местото на кое што храмот бил изграден долго време се сметало за свето. На тоа место Аврам, таткото на сите верни, покажал дека сака да го жртвува својот син единец покорувајќи & се на наредбата на Јехова. Тука Бог го обновил Својот завет на благодат со Аврам, завет кој го содржел славното месијанско ветување до човечкиот род за избавување преку жртвата на Синот на Севишниот. (Видете Создавање 22,9; 16,18). На тоа место Давид принел жртви паленици и жртви на благодарност за да го оттргне мечот на ангелот уништувач, а Господ му одговорил со оган од небото. (Видете 1 Летописи 21. поглавје). А сега уште еднаш слугите Господови се тука за да излезат перед Него и да го обноват својот завет на верност.”
— Пророци и цареви, 22.

б. Каква помош царот Соломон добивал од Хирам, царот на Тир? 1 Царевите 5,1-9.

в. Колку луѓе приближно биле вклучени во изградбата на храмот? 1. Царевите 5,15.16. Колку време било потребно да се заврши работата? 1 Царевите 6,1.38.

г. Како и каде камењата биле подготвувани за изградба на храмот? 1 Царевите 6,7. Каква поука треба да научиме од фактот дека Божјиот Дом е изграден со најголема почит?

„Понизност и стравопочит треба да го карактеризираат однесувањето на сите оние кои доаѓаат во присуство на Бога. Во Исусово име ние можеме да излеземе перед Него со полна доверба, но не смееме да пристапиме со дрска вообразба, небаре како Тој да е на исто ниво со нас. Има и такви кои на семоќниот и Свет Бог, Кој живее во непристапна светлина, Му се обраќаат како на рамноправен па дури и на понизок од себе. Има такви кои во своето однесување во Неговиот дом се чувствуваат послободни отколку што би се осмелиле да бидат во приемната просторија на некој земен владетел. Таквите би требало да имаат на ум дека се наоѓаат во присуство на Оној на кого Му се поклонуваат серафими и перед Кого ангелите ги засолнуваат своите лица.”
— Патријарси и пророци, 254.

Вторник — 10. мај
3. ПОУКА ЗА СТРАВОПОЧИТ

а. Опиши ја накратко Соломоновата молитва при посветувањето на храмот. 2 Летописи 6,21-23. Што може единствено да се каже за небесниот Бог?

„Молитвата која Соломон ја изговорил при посветувањето на храмот издишува со чувства на возвишена побожност комбинирана со најдлабока понизност… (Соломон им рекол на луѓето) дека небесниот Бог не е како боговите на незнабошците ограничен и затворен во храмовите изградени за нив, туку дека со посредство на Светиот Дух се состанува со Својот народ кога ќе се соберат во Неговиот дом посветен за молитва и богослужение. Господ ги посетува припадниците на Својот народ и во нивните домови или каде и да се тие, и ги охрабрува со посебни откровенија на Својата добрина. И на секое место Божјите деца имаат право да Му се поклонуваат на небесниот Отец.”
— RH, 30. ноември, 1905.

б. Што се случило кога Соломон ја завршил својата молитва? 2 Летописи 7,1-3.

„Невозможно е да се опише убавината и раскошот на овој храм… Додека предворјата на храмот татнеле со пофалби, облакот на Божјата слава го исполнил храмот, како што порано го исполнил Шато- рот во пустината.”
— RH, 9. ноември, 1905.

в. Какво стравопочитување и ние треба да покажеме во присуство на Бога? Авакум 2,20 (спореди со Создавање 28,16.17; Матеј 18,20). Чии примери треба сериозно да ги земеме во предвид? Излез 3,4.5; Исус Навин 5,13-15.

„Децата на оние што веруваат во светоста на саботата честопати го осквернуваат Божјиот дом и ја кршат саботата. Во некои случаи тие им дозволуваат да трчаат по просториите во молитвениот дом, да се играат, разговараат и да го манифестираат својот лош темперамент за време на самиот состанок каде верниците треба да се молат на Бога во убавината на светоста. А местото кое што треба да биде свето, и каде треба да владее света тишина, совршен ред, прикладност и понизност перед Бога, се претвора во вистински Вавилон, ‘збрка’. Ова е доволна причина за Божјо незадоволство и повлекување на Неговото присуство од нашите собранија.”
— Водење на детето, 540.

Среда — 11. мај
4. ХРИСТОС ВО ХРАМОТ

a. Кој претставува камен-темелник во градбата на храмот? Псалм 118,22; Исаија 28,16; Матеј 21,42.

„Кога Соломоновиот храм бил yидан, огромни камења за yидовите и темелите биле целосно подготвени во каменоломот. Кога биле донесени на градилиштето, никаков алат не смеел да се употребува на нив, туку работниците требало да го стават секој камен само на одреденото место. Еден камен со необична големина и чуден облик бил донесен, но работниците не можеле да најдат место за него и го отфрлиле на страна. Постојано им пречел додека неискористен стоел на патот. Долго останал отфрлен камен. Но кога дошло време да постават аголен камен, градителите долго време барале да најдат камен доволно голем и силен и со соодветна форма да го заземе тоа посебно место и да ја понесе големата тежина која би почивала на него. Ако направат неправилен избор за тоа важно место, ќе биде загрозена безбедноста на целиот објект. Тие морале да најдат камен кој ќе може да одолее на влијанието на сонцето, мразот и бурата. Заради тоа одбрале неколку камења, но поради притисокот на огромната тежина тие се распаднале на парчиња. Другите пак, не го издржале тестот на ненадејните атмосферски промени. И најпосле вниманието било свртено на каменот кој долго време бил отфрлен. Бил изложен на влијанието на воздухот, сонцето и на бурата без да покаже ниту најмала пукнатина. Зидарите го испитувале овој камен. Тој ги издржал сите испитувања, освен едно. Ако го издржи испитот на силниот притисок, тие одлучиле да го прифатат за камен-темелник. Испитот бил направен. Каменот издржал; бил поставен на одреденото место и било заклучено дека совршено одговара.”
— Копнежот на вековите, 572.

б. Светот копнее за мир и безбедност (1 Солунјаните 5,3). Каде, единствено може да се најде мир и безбедност? Јован 14,27; Ефесјаните 2,13.14.

„Во Својата бескрајна мудрост, Бог го избрал камен-темелникот и Самиот го поставил. Тој го нарекол ‘сигурен темел’. Целиот свет може на Него да ги стави своите товари и болки, Тој може сѐ да издржи. На Него може со совршена сигурност да се yида. Христос е ‘избран камен’. Оние што веруваат во Него, Тој никогаш нема да ги разочара… Во Христа грешното срце пронашло олеснување. Тој е сигурен темел. Сите оние кои се потпираат на Него почиваат во совршена сигурност.”
— Копнежот на вековите, 573.

Четврток — 12. мај
5. ГРАДЕЊЕ НА ХРАМОТ НА КАРАКТЕРОТ

а. Бидејќи храмот бил симбол на Божјата Црква на земјата, и бидејќи ние сме повикани да учествуваме во работата на Неговиот храм, со каков материјал треба да градиме? 1 Коринтјаните 3,12; Ефесјаните 2,20-22.

„Оној кој сака да прерасне во убава градба за Господа, мора да ги посвети сите сили на своето битие. Единствено со правилно користење на талентите може хармонично да се развие карактерот. На тој начин ние, на темелот кој е прикажан во Божјата реч, треба да вградуваме злато, сребро и скапоцени камења – материјали кои ќе го издржат тестот на Божјиот прочистувачки оган. Во изградбата на карактерот Христос е нашиот пример.”
— Водење на детето, 166.

б. Каде можат да се видат Божјите начини во планот на спасението? Псалм 77,13. Зошто Духот на пророштвото ја нагласува важноста на проучувањето на службата во светилиштето?

„Предметот на светилиштето и на истражниот суд Божјиот народ треба да го разбере јасно и правилно. Сите би требало да стекнат лично познавање за положбата и делото на нашиот голем Поглавар свештенички; инаку ќе им биде невозможно во ова време да имаат вистинска вера или да заземат положба која Бог сака да ја имаат. Секој поединец ќе ја спаси или ќе ја изгуби душата. Секој од нив на Божјиот суд претставува посебен предмет.”
— Големата борба, 434.

Петок — 13. мај
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

а. Која била најсрдечната желба на царот Давид? Зошто Господ не му дозволил да го спроведе планот за градба?

б. Како се нарекувала гората во Ерусалим на која е подигнат храмот, и зошто токму тоа место било избрано?

в. На кој начин градителите покажале стравопочит во својата работа?

г. Прераскажи ја Соломоновата молитва.

д. Наведете го материјалот кој ние, како градители, треба да го вградуваме во домот на Бога, во Црквата?

2011 • 2. Квартал

10. лекција – Годишни собори – Денот на помирувањето

4. јуни 2011
„И десеттиот ден од седмиот месец, Денот на очистувањето, нека ви биде ден за свето собрание: смирете ги вашите души и принесете Му жртва на Господа“.
— Левитска 23,27.
„Еднаш годишно, на големиот ден на помирувањето, првосвештеникот влегувал во најсветото место за да го очисти“.
— Патријарси и пророци, 365.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Големата борба, 374-378.

Недела — 29. мај
1. ПРАЗНИК НА ТРУБИТЕ И СЕНИЦИ

а. Кој празник го најавувал доаѓањето на Денот на помирувањето? Левитска 23,24.25; Броеви 29,1.

б. Кој празник се одржувал по Денот на помирувањето и по завршетокот на жетвата? Левитска 23,34-36.40-43; Второзаконие 16,13-15.

„Ние ќе загубиме ако ја запоставиме привилегијата на заедничко здружување, да се зајакнуваме и поттикнуваме еден со друг во службата на Бога. Во тој случај вистинитоста на Неговите зборови ќе ја загубат својата живост и значење во нашите умови. Нашите срца сѐ помалку се освежени и охрабрени со Неговото свето влијание и сѐ повеќе губиме од нашиот духовен живот… Сите ние сме деца на еден Отец и, што се однесува до нашата среќа, зависиме еден од друг. Врз нас полагаат право и Бог и луѓето. Правилна нега на социјалните елементи во нашата природа е другите да ги сториме среќни. Она што одвнатре нѐ врзува со нашите браќа ни донесува и на самите нас среќа кога се трудиме да ги усреќиме другите.

„Празникот Сеница не бил само историски, туку и симболичен празник. Тој не само што потсетувал на престојот во пустината, туку како празник на жетвата и собирањето на земните плодови укажувал на последниот ден на големата жетва, кога Господарот на жетвата ќе ги прати Своите жетвари плевелот да го врзат во снопови и да го запалат, а житото да го соберат во Неговата житница.”
— Патријарси и пророци, 571.

Понеделник — 30. мај
2. ПОТРЕБА ОД РАЗЛИКУВАЊЕ МЕЃУ ПРОСТУВАЊЕТО И БРИШЕЊЕТО НА ГРЕВОВИТЕ

a. Што се постигало преку секојдневното помирување? Излез 29,39; Левитска 4,13-20.

„Сите жртви што се принесувани во текот на годината, во извесна смисла го заменувале самиот грешник, но крвта на жртвуваното животно не донесувала целосно измирување за гревот. Таа била предвидена само како средство со кое гревот од покајникот можел да се пренесе во светилиштето. Со тоа што принел крв, грешникот го признал авторитетот на законот што го прекршил и покажал дека верува во Оној Кој требало да ги земе гревови на светот; но со тоа грешникот не бил целосно ослободен од осудата на законот.” — Патријарси и пророци, 366.

„Крвта, која го претставувала животот на грешникот, чија вина симболично ја презела жртвуваното животно, од страна на свештеникот била внесена во светилиштето и прскана перед завесата, зад која се наоѓал ковчегот на заветот, во кој бил сместен законот кој грешникот го прекршил. Со овој свечен чин гревот, со посредство на крвта, бил сликовито пренесен во светилиштето.”
— Големата борба, 374.

б. Како да знаеме дека помилувањето и бришењето на гревовите се две различни нешта? Езекиел 18,24; Матеј 18,32-35.

„Така и во симболичната служба со крвта на принесената жртва гревот бил отстранет од покајникот, но останувал во светињата запишан до конечното помирување” — Патријарси и пророци, 368.

„Нашата вистинска состојба и нашата единствена сигурност се наоѓа во покајание и исповедање на гревовите перед Бога. Чувствувајќи дека сме грешници, ние ќе имаме вера во нашиот Господ Исус Христос, Кој единствено може да ни ги прости гревовите и да ни ја припише правдата. Кога ќе дојдат времиња на освежување од присуството на Господ, тогаш гревовите на покајната душа, која ја добила Христовата благодат и ги победила преку крвта на Јагнето, ќе бидат отстранети од небесните книги и ставени на сатаната како зачетник на гревот, така што покајникот никогаш повеќе нема да се сети на нив. Гревовите на победниците ќе бидат избришани од небесниот записник, но нивните имиња ќе бидат задржани во книгата на животот.”
— Знаците на времето, 16. мај, 1895.

Вторник — 31. мај
3. ДЕНОТ НА ПОМИРУВАЊЕТО

а. Кога се случувал Денот на помирувањето за отстранување на гревовите од Светилиштето? Левитска 23,27.

б. Иако гревовите на луѓето биле простувани во секојдневното помирување, нивните гревови сé уште постоеле – акумулирајќи се во Светилиштето. Со која церемонија, извршувана еднаш во годината, нивните гревови во минатото симболично престанале да постојат? Левитска 16,16.

в. На Денот на помирувањето, кој обред се практикувал со двата јарци, кои биле донесени кај првосвештеникот за отстранување на народните гревови и од Светилиштето? Левитска 16,7-10.

г. Што првосвештеникот требало да направи перед да се помоли за народот? Левитска 16,11.

д. Каква била постапката со јарецот за гревот? Левитска 16,15-19. Кого го претставувал јарецот? Јован 19,13-15; 1 Коринтјаните 15,3.

„Јарецот врз кого паднала коцката за Господ требало да се жртвува за народот како жртва за грев. Свештеникот неговата крв ја внесувал зад завесата и со неа прскал врз капакот над престолот на милоста и перед него. Со крвта исто така се прскал и кадилниот олтар кој стоел перед завесата.”
— Големата борба, 375.

ѓ. Откако светилиштето било очистено од нечистотијата на Израеловите синови, што направил првосвештеникот со гревовите кои само што биле отстранети ? Левитска 16,20-22.

Среда — 1. јуни
4. ЧИСТЕЊЕ НА СВЕТИЛИШТЕТО

a. На што вниманието на народот со трубење на трубите било насочувано десет дена однаперед? Броеви 29,1. Што требало сите да направат на Денот на помирувањето? Левитска 16,29.30; 23,27.32.

б. Што ќе се случи со оние кои нема да ги измачуваат своите души на тој голем ден? Левитска 23,29.30. Што ќе се случи со оние кои откако ја запознале вистината свесно продолжуваат да грешат? Евреите 10,26-31.

„’Бидејќи нашиот Бог е оган што изгорува’ (Евреите 12,29) секој грев каде и да се појави тој. Божјиот Дух ќе го изгори секој грев кај сите кои ќе се потчинат на Неговата сила. Но ако луѓето се приврзуваат кон гревот, тогаш тие се поистоветуваат со него. Тогаш Божјата слава, која го уништува гревот, мора да ги уништи и нив.”
— Копнежот на вековите, 86.

в. Што старозаветниот Ден на помирување симболизира? Изреки 16,6; Евреите 9,11-14.25-28.

„Христовата крв, иако покајаниот грешник го ослободувала од осудата на законот, сепак таа не го избришала веднаш гревот; тој мора да остане во светилиштето запишан до конечното помирување. Така и во симболичната служба со крвта на принесената жртва гревот бил отстранет од покајникот, но останувал во светилиштето сѐ до денот на помирувањето.

„Во големиот ден на конечната награда, мртвите ќе станат да примат плата ‘како што е напишано во книгите, според нивните дела’ (Откровение 20,12). Тогаш, благодарение на заслугите на Христовата пролеана крв, гревовите на вистинските покајници ќе бидат избришани од небесните книги. Така, светињата ќе биде ослободена и очистена од гревот. Во земната служба тоа големо дело на измирување или на бришење на гревот било симболично претставено со обредите вршени на денот на помирувањето – со чистење на земното светилиште – на тој начин што гревовите, кои ја сквернавеле, конечно биле отстрани со помош на крвта на жртвата принесена за гревот.

„При конечното измирување гревовите на вистинските покајници ќе бидат избришани од небесните книги и на нив никогаш веќе нема да се сетат или да им дојдат на ум. Така и тогаш гревовите симболично биле однесени во пустина и засекогаш отстранети од заедницата”
— Патријарси и пророци, 368.

Четврток — 2. јуни
5. ЖИВОТОТ ИЛИ СМРТТА ВО БАЛАНС

а. Каква сличност може да се види помеѓу жртвениот јарец (Левитска 16,21) и сатаната како што е опишан во Откровение 20,1-3?

„Правдата бара сатаната најпосле да биде казнет, зашто тој е зачетник на злото и непосреден поттикнувач на сите гревови што предизвикале смрт на Божјиот Син“.
— Патријарси и пророци, 368.

б. Кое предупредување може да ни помогне да го избегнеме уништувањето на гревот и грешниците? Изреки 16,3; Дела 3,19. Дајте примери на лажно покајание? 2 Коринтјаните 7,10; 1 Самоилова 15,24; Матеј 27,3.4.

„Бог подигнал бариери во Сведоштвата како заштитен yид околу вас за да ве сочува од привидно привлечните лукавства на непријателот, но вие сето тоа го разурнавте, продолжувајќи во срцето да ги следите вашите склоности. Вашето жалење за вашите гревови е слично на оние кои во старо време ја кинеле својата облека за да ја искажат својата болка, но не ги измачувале нивните души. Вие немате вистинска претстава за тоа што всушност е грев. Вие воопшто не чувствувате одвратност кон нечисти мисли и постапки. Сетилноста речиси постојано ги обзема вашите мисли. Ако навистина жалевте поради вашите гревови, ако навистина имавте вистинска претстава за својата грешност, ќе покажавте онакво покајание за кое никогаш не треба да се каете”.
— Сведоштва за сексуално однесување, прељуба и развод, 169.

в. Во кого се наоѓа нашата единствена надеж? Римјаните 5,6-11.

Петок — 3. јуни
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

а. Која е смислата на Денот на помирувањето кој се случувал еднаш во годината? Кога сето тоа се случувало?

б. Која е разликата помеѓу секојдневното и годишното помирување?

в. Која е разликата помеѓу помилувањето и бришењето на гревовите?

г. Која е симболиката на двата јарци доведени перед олтарот?

д. Објасни ја споредбата меѓу судбината на јарецот за отпуштање и на сатаната?

2011 • 2. Квартал

11. лекција – Визија на пророкот Даниел

11. јуни 2011
„А ти, Даниеле, сокри ги овие зборови и запечати ја оваа книга до последното време; мнозина ќе истражуваат и знаењето ќе се зголеми“
— Даниел 12,4.
„Светлината што Даниел ја добил од Бога особено му е дадена за овие последни денови. Визиите што ги видел… сега се во процес на исполнување, и сите проречени настани наскоро ќе се случат“.
— Сведоштво за проповедниците, 112.113.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Пророци и цареви, 377-387.

Недела — 5. јуни
1. ДРЕВНИТЕ ИМПЕРИИ ВО ПРОРОШТВОТО

а. Опиши ги начелата врз основа на кои Владетелот на Универзумот делува во историјата на народите. Езекиел 21,27.28; Даниел 2,21; 4,35.

„На секој народ кој се појавил на светската сцена му било дозволено да заземе свое место на земјата за да се види дали ќе ја исполнува вољата на Стражарот и Светецот”
— Пророци и цареви, 364.

б. Што треба да научиме од точноста со која пророштвата за народите биле исполнети? Исаија 46,9.10.

„Историјата на народите ни говори и нас денес. На секој народ и поединец Бог му одредил место во големиот план. Оној Кој никогаш не греши им ги мери деновите на луѓето и на народот. Со својот избор секој одлучува за својата судбина, а Бог владее над сите и работи на остварување на Своите возвишени цели

„Сето она што пророштвото најавило дека ќе се случи, сѐ до денешен ден, веќе е запишано на страниците на историјата, и ние можеме да бидеме убедени дека и она што допрва треба да се случи исто така ќе се исполни.”
— Пророци и цареви, 364.

Понеделник — 6. јуни
2. ЧЕТИРИ ЦАРСТВА ВО НИЗА

a. Што видел Даниел во пророчка визија во третата година од царувањето на Валтазар? Даниел 8,3.4. Како ангелот Гаврил му го објаснил значењето на овенот со двата рога? Даниел 8,20.

б. Какво објаснување дал ангелот за влакнестиот козел кој го совладал овенот? Даниел 8,5-7.21.22.

в. По четирите генерали на Александар Велики кои ја поделиле грчката империја, како следната светска сила била прикажана? Даниел 8,8; 7,7.

г. За кое грозоморно злосторство оваа сурова империја е виновна? Дела 4,26.27.

„Главен претставник на сатаната во војувањето против Христа и Неговиот народ во текот на првите векови на христијанската ера било римското царство во кое доминантна била паганската религија. И додека змевот првенствено го претставува сатаната, тој во преносна смисла е симбол на паганскиот Римјаните”
— Големата борба, 391.

д. Кое сознание може да ни донесе утеха дури и среде беззаконието кое преовладува во овој мрачен свет? Даниел 2,20-22; Дела 15,18.

„Пророштвото го претскажало подемот и напредокот на големите светски царства – Вавилон, Медо-Персија, Грција и Римјаните Кај секое од нив, како и кај послабите народи, историјата се повторувала. Секое имало свој период на проверка и ниедно не издржало, на секое му избледела славата и секое ја изгубило својата сила.

„И покрај тоа што народите ги отфрлале божествените начела и затоа пропаѓале, но сепак во текот на вековите се остварувала божествената предефинирана цел.”
— Пророци и цареви, 364.

Вторник — 7. јуни
3. ПОДЕМОТ НА МАЛИОТ РОГ

а. Што било забележливо кај еден од десетте рогови во визијата на Даниел и што тоа значело? Даниел 7,7.8; 8,9-11.24.25.

„За папството, малиот рог, Даниел вели: ‘Ќе помислува да ги измени времињата и Законот’ (Даниел 7,25). А Павле истата сила ја нарекува ‘човек на беззаконието’ кој се издига над самиот Бог.”
— Големата борба, 397.

б. Што кажува пророчкото слово, во Новиот завет, за малиот рог кога тој прераснал во верско политичка сила? 2 Солунјаните 2,3.4; Откровение 13,2-8.

в. Со кои други имиња оваа власт се спомнува во Новиот завет? Кога и како на оваа сила конечно ќе и дојде крајот? Даниел 7,11.26; Откровение 17,5.16; 18,7.16.18.20.

г. Додека пророкот го слушал разговорот меѓу двајцата ангели, кое прашање оставило длабок впечаток на неговиот ум и каков одговор слушнал? Даниел 8,12-14.

д. Во Даниел 8. поглавје, малиот рог под нозе ќе ја фрли вистината… Поради тоа, со кој голем настан во Божјиот план се совпаѓа крајот на 2300 години?

„Пророштвото на Даниел 8,14, ‘Уште две иљади и триста вечери и утра, и тогаш светилиштето ќе се очисти’ и пораката на првиот ангел: ‘Бојте се од Бога и подајте Му слава, зашто дојде часот на Неговиот суд’ укажуваат на Христовата служба во светињата над светињите и на истражниот суд.”
— Големата борба, 379.

ѓ. После кој настан, и после кој временски период Библијата го сместува почетокот на истражниот суд? Даниел 7,25.26; Откровение 11,2.3.18.19.

Среда — 8. јуни
4. „ОДВРАТНОСТА НА ЗАПУСТУВАЊЕТО“

а. Какво предупредување им дал Исус на Своите први ученици за „одвратноста на запустувањето“ изречено во визијата дадена на Даниел? Матеј 24,15-20.

„Кога идолските знамиња на Римјаните ќе бидат забодени во светата земја, која се простира неколку стотици метри од градските yидови на Ерусалим, тогаш Христовите следбеници безбедноста треба да ја најдат во бегство. Кога ќе го видат знакот на ова предупредување, тогаш оние што сакаат да ја избегнат опасноста не смеат да се колебаат. На дадениот знак за бегство требало да се реагира без никакво одложување, не само во Ерусалим туку и по цела Јудеја. Оној кој случајно би се затекол на покривот не смеел да слегува во својата куќа, па дури ниту да ги зачува неговите најценети богатства. Оние што работеле во полето или лозјето, не смееле да се задржуваат враќајќи се да ги земат дури ниту своите горни облеки што ги соблекле за да не им пречат при работата. Не смееле да се колебаат ниту за еден миг за да не бидат зафатени со сеопштото уништување.”
— Големата борба, 22.

б. Во која смисла ова предупредување во врска со „одвратноста на запустувањето“ има своја примена и денес? Даниел 8,13; 9,26.27; 11,31; 12,11.

„Не е многу далеку времето кога, слично на првите ученици, ќе бидеме принудени да бараме прибежиште во пусти и осамени места. Како што опсадата на Ерусалим од страна на римската војска била знак за бегство за јудејските христијани, така и заканата со сила од страна на нашата нација (САД) во декретот со кој присилно се наметнува папската сабота ќе биде предупредување за нас. Тогаш ќе биде време да ги напуштиме големите градови, и да се подготвиме за напуштање на помалите места во осамените места меѓу планините“ — 5 Сведоштво, 439.

„Со години добивав посебно светло дека ние не треба да ја сконцентрираме нашата работа на градовите. Превирањата и конфузијата кои ги исполнуваат овие градови и условите што ги наметнуваат синдикатите и штрајковите, ќе се покажат како голема пречка за нашата работа. Луѓето ќе се обидуваат со принуда да ги доведат вработените во различни трговски здруженија, во ропство на одредени синдикати. Ова не е Божји план, туку план на власта која ниту на било кој начин не треба да ја признаеме… Образувајте ги нашите луѓе да излезат од градовите и да заминуваат на село каде ќе можат да добијат мало парче земја и да направат дом за себе и за своите деца… Наскоро ќе има такви судири и збунетост во градовите, така што оние што сакаат да ги напуштат нема да можат.”
— Билтен на Генералната конференција, 6. април, 1903.

Четврток — 9. јуни
5. НЕОДЛОЖНА ПОТРЕБА

а. Како што можеме да видиме исполнувањето на пророштвата се одвива пред наши очи, кои зборови на охрабрување треба да ги земеме на срце? Проповедник 7,8; Јуда 1,21.

„Пророштвата кои големиот ЈАС СУМ ги има дадено во Неговата Реч, кои како алка со алка се спојуваат во синxирот на настаните од вечноста во минатото со вечноста во иднината, и ни кажуваат каде се наоѓаме денес во низата од вековите и што можеме да очекуваме во иднината.

„Денешното време е од големо значење за сите живи суштества. Владетели и државници, луѓе кои заземаат позиции од доверба и авторитет, мудри луѓе и жени од сите класи, го насочуваат вниманието кон настаните кои се случуваат околу нас. Тие ги проучуваат односите кои постојат меѓу народите. Така ја запазуваат силината на секој земен елемент и увидуваат дека се случува нешто големо и одлучувачко, дека светот се наоѓа на работ на неверојатна криза.”
— Пророци и цареви, 365.

Петок — 10. јуни
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

а. Во визијата на пророкот Даниел, кое царство било прикажано со овен со два рога?

б. Кој во дамнешната историја бил влакнестиот козел кој го совладал овенот? Кого го претставувале четирите израснати рога бидејќи на овенот големиот рог му се скршил?

в. Кого го симболизирал „малиот рог“ кој се зацврстил на територијата на еден од четирите рогови (Македонија)?

г. Кое Христово пророштво за двојното значење на „одвратноста на запустувањето“ е најавено уште преку Даниел?

д. Откако верско политичка сила претставена со „малиот рог“ ќе ја изгуби својата надмоќност, кое дело треба да започне во небесното Светилиште?

2011 • 2. Квартал

12. лекција – Објаснување на првиот дел од Даниеловата визија

18. јуни 2011
„Во почетокот на твоето молење се појави твојот збор и јас дојдов да ти го соопштам, зашто ти си човек сакан; па така, внеси се во зборот и разбери го видението“.
— Даниел 9,23.
„Во визијата од осмото поглавје останала необјаснета уште една важна точка, а тоа е она која се однесува на времето за периодот на 2300 денови; па затоа ангелот во продолжение на своето објаснување воглавном се задржал на прашањето на времето“.
— Големата борба, 294.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Големата борба, 292-297.

Недела — 12. јуни
1. ДАНИЕЛ СЕ ОБИДУВА ДА ЈА РАЗБЕРЕ ВИЗИЈАТА

а. Што се случило со Даниел пред да може ангелот Гаврил да го заврши објаснувањето на 2300 пророчки денови во врска со пустошењето и газењето на светилиштето од страна на малиот рог? Даниел 8,25-27.

б. Поради што Даниел, по заминувањето на Гаврил, бил мошне загрижен? Кој одговор тој се обидувал да го најде во пророчките списи на Еремија? Која била суштината на неговите молитви? Даниел 9,2.17-19.

в. Што треба да научиме од ставот на Даниел во обраќањето кон Семоќниот со своите молитви? Даниел 9,3-11.

„Дојди сега, додека уште се продолжува милоста, дојди со признание и покајничка душа и Бог со радост ќе ти прости…

„Чекај во длабока понизност пред Бога. Одлучи од овој момент да Му припаѓаш на Господа извршувајќи ги своите должности, потпирајќи се на големото помирување. Направи така и од ништо не мораш да се плашиш.”
— 5 Сведоштво, 331.

Понеделник — 13. јуни
2. ГАВРИЛ СЕ ВРАЌА ЗА ДА ЈА ОБЈАСНИ ВИЗИЈАТА

а. Како Бог одговорил на Даниеловата покајничка молитва? Даниел 9,20.21.

б. Откако Гаврил објаснил само дел од визијата (Даниел 8,11-14.25.26), со каква цел повторно се вратил? Даниел 9,22.23.

„Овој ангел бил испратен кај Даниел со посебна цел: да му го објасни деталот кој не успеал да го разбере во визијата од осмото поглавје, а тоа е токму извештајот за времето – ‘Уште две иљади и триста вечери и утра, тогаш светилиштето ќе се очисти’.”
— Големата борба, 295.

в. Како Гаврил го објаснил првиот дел од визијата за 2300 пророчки дена? Даниел 9,24.

„Откако му наредил на Даниел: ‘Внимавај добро на словото, разбери го видението’, првите зборови на ангелот биле: ‘Седумдесет седмици им се одредени на твојот народ и на твојот свет град’ (Даниел 9,23.24). Седумдесет седмици, што претставуваат 490 години, според објаснувањето на ангелот, се отсечени, како време што посебно се однесува на Евреите. Но, од што биле отсечени? Бидејќи периодот од 2300 денови е единствениот временски период што се споменува во осмото поглавје, тогаш седумдесетте седмици можат да бидат отсечени само од тој период; според тоа седумдесетте седмици мораат да бидат дел од 2300 денови, и двата периоди мораат да имаат ист почеток. Според изјавата на ангелот, седумдесетте седмици, треба да започнат во исто време со издавањето на заповедта – повторно да се изгради Ерусалим. Кога би се утврдила датата на оваа заповед, тогаш би се утврдила појдовната точка за големиот временски период од 2300 денови.

„Во седмото поглавје на Ездра се наоѓа овој декрет (стихови 12-16). Овој декрет, во неговиот завршен облик е издаден од персискиот цар Артаксеркс во 457 година пред нашата ера. Во книгата Ездра е забележано дека домот Господов во Ерусалим бил довршен ‘по наредба’ (декрет) на персиските цареви, Кир, Дариј и Артаксеркс, персискиот цар (Ездра 6,14). Овие три цара со своето издавање, потврдување и надополнување на споменатиот декрет го направиле совршен знак за почетокот на 2300 денови, како што пророштвото и предвидело. Ако 457 година пред Христа кога декретот е надополнет, се земе како време на неговото издавање и стапување во сила, се гледа дека секоја поединост на пророштвото во врска со седумдесетте седмици се исполнила.”
— Големата борба, 295.

Вторник — 14. јуни
3. КЛУЧ ЗА ИСПОЛНУВАЊЕ НА ПРОРОШТВАТА

а. Како Божјиот гласник ги поделил седумдесетте пророчки седмици во визијата дадена на Даниел? Даниел 9,25.

„Декретот на Артаксеркс стапил на сила есента 457 година пред Христа. Сметајќи од ова време, 483-те години се протегаат до есента 27 години по Христа. Во тоа време се исполнило ова пророштво. Зборот ‘Месија’ значи ‘Помазаник’. Есента 27 година од новата ера, Христос бил крстен во реката Јордан и добил помазание од Светиот Дух. Апостол Петар потврдува дека ‘Исус од Назарет… Го помаза Бог со Дух Свети и со сила’ (Дела 10,38).”
— Големата борба, 295.

б. Како ангелот ја објаснил последната пророчка седмица од 490 години одредени за еврејскиот народ? Даниел 9,27 (прв дел).

„’И во една седмица ќе склопи завет со мнозина’ (Даниел 9,27). Овде споменатата ‘седмица’ е последна од оние седумдесет, тоа се последните седум години на временскиот период, особено одредени за Евреите. Во текот на ова време, кое се протега од 27. до 34. година по Христа, Спасителот најпрвин лично, а потоа преку Своите ученици, евангелскиот повик го упатил особено до Евреите. Кога апостолите тргнале да ја објават радосната вест за царството, упатството на Спасителот било: ‘По пат кон незнабошци не одете и во самарјански град не влегувајте; а одете најнапред кај загубените овци на Израеловиот дом’ (Матеј 10,5.6).”
— Големата борба, 296.

в. Што се случило во средината на последната пророчка седмица? Даниел 9,27 (среден дел).

„’А во половината на седмицата ќе престане жртвата и приносот’ (Дан 9,27). Триесет и првата година од новата ера, три и пол години по Неговото крштевање, нашиот Господ беше распнат. Со оваа голема жртва што била принесена на Голгота, престанало принесувањето на жртви кој четири иљади години укажувал на Божјото Јагне. Симболот и отстапил место на реалноста, и сите жртви и приноси на церемонијалниот систем престанале.”
— Големата борба, 296.

Среда — 15. јуни
4. КРАЈОТ НА СЕДУМДЕСЕТТЕ СЕДМИЦИ

а. Што се случило на крајот на последната пророчка седмица? Дела 7,59.60; 8,1-5; 13,46.47; 22,21.

„Седумдесетте седмици или 490. години, посебно доделени на Евреите, завршуваат, како што видовме, 34. години по Христа. Во тоа време, оваа нација, со одлука на Синедрионот, мачеништвото на Стефан и прогонството на Христовите следбеници, дефинитивно го запечатила своето отфрлање на Евангелието. Од тогаш пораката на спасението повеќе не се ограничувала само на избраниот народ, туку била дадена на светот.”
— Големата борба, 296.

б. По седумдесетте пророчки седмици кои завршиле во 34. година по Христа, што се случило со градот Ерусалим и храмот? Даниел 9,26.27; Матеј 24,15.16.1.2.

„И градот и храмот биле срамнети со земја; а местото каде што стоела светата зграда било преорано ‘како нива’ (Ерем. 26,18). За време на опсадата, и во колежот што настапил загинале повеќе од еден милион луѓе; а преживеаните биле одведени во ропство, продавани како робови, одведени во Рим за да го зголемат триумфот на освојувачите, фрлани во амфитеатрите на диви ѕверови или како бездомници и скитници биле расеани по целата земја.”
— Големата борба, 31.

в. Каква одговорност Евреите од Христовите денови презеле на себе викајќи: „Крвта Негова нека падне на нас и на нашите деца“ Матеј 27,25.

„Посматрајќи го маченото и изнарането Јагне Божјо, Евреите извикувале: ‘Неговата крв на нас и на нашите деца’. Тој ужасен крик допрел до Божјиот престол. Таа казна, изречена врз самите себеси, била запишана на небото. Молитвата била слушната. Крвта на Божјиот Син била и ќе остане врз нивните деца, и врз децата на нивните деца – вечна клетва.

„Таа ужасно се обистинила при уништувањето на Ерусалим. Ужасно се покажува во состојбата на еврејскиот народ.”
— Копнежот на вековите, 723.

Четврток — 16. јуни
5. НАГРАДА ЗА ИСКРЕНИТЕ ИСТРАЖУВАЧИ

а. Што рекол ангелот Господов за 2300 денови? Даниел 8,26. Како адвентните пионери го утврдиле крајот на 2300 пророчки денови во 1844. година? Каква поука можеме да извлечеме од ова искуство? Второзаконие 4,29; 29,29; Јован 7,17.

„Така секој детал предвиден со ова пророштво точно се исполнил, и седумдесетте седмици кои несомнено почнале 457 година п.н.е., завршуваат 34. година по Христа. Со помош на овие податоци не е тешко да се пронајде крајот на овие 2300 денови, односно години. Откако седумдесетте седмици – 490 дена – ќе се одземат од 2300 денови, остануваат уште 1810 дена. По истекот на 490 дена, односно години, дадени на Евреите, треба да се навршат уште 1810 години. Сметајќи од 34 години по Христа, преостанатите 1810 години достигаат до 1844. година. Според тоа 2300 денови од книгата на пророкот Даниел 8,14 завршуваат во 1844 година. По истекот на овој голем пророчки период, требало да настапи она што го рекол ангелот во споменатото видение: ‘тогаш светилиштето ќе се очисти’.” — Големата борба, 296.

„Сите што ја проучуваат Божјата реч со желба Светиот Дух да ги просветли нивните срца, ќе го разберат значењето на Речта. Христос ветил: ‘Оној што сака да ја исполнува Неговата воља, ќе знае дали ова учење е од Бога, или зборувам Сам од себе’ (Јован 7,17). Сите што доаѓаат кај Христа за да се здобијат со појасни сознанија за вистината, ќе ја добијат. Тој ќе им ги открие тајните на небесното царство и овие тајни ќе бидат разбрани од страна на срцето што копнее да ја запознае вистината.”
— Христовите поуки, 22.

Петок — 17. јуни
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

а. Која била грижата на Даниел опишана во Даниел 8,11-14.25.26? Каде тој се обидувал да најде објаснување за оваа визија?

б. Резимирај го значењето на Даниеловата молитва?

в. Какво објаснување дал Гаврил, Божјиот гласник, за првиот дел од 2300 пророчки денови?

г. Каква била судбината на Ерусалим и храмот набргу по завршувањето на седумдесетте пророчки седмици?

д. Зошто ние можеме да бидеме охрабрени од начинот на кој адвентните пионери откриле дека 2300 пророчки денови на Даниел 8,14 завршуваат во 1844. година?

2011 • 2. Квартал

13. лекција – Христос во Неговото светилиште

25. јуни 2011
„Ние имаме таков Првосвештеник… служител на светилиштето и на вистинскиот шатор, што го подигна Господ, а не човек“.
— Евреите 8,1.2.
„Христос направил задоволителна жртва, и станал единствениот свештеник и единствен Посредник помеѓу Бога и човекот. Нека секој човек се истакне само со тоа што ќе го заземе своето место како оној кој го носи Христовиот јарем“.
— Објавени ракописи 9, 184.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Големата борба, 45-55.426-437.

Недела — 19. јуни
1. ХРИСТОС, СЛУЖИТЕЛ ВО СВЕТИЛИШТЕТО

а. Која била целта на секојдневното помирување во старозаветните времиња? Левитска 4,13.20.26.31.35. Иако гревовите на народот биле простени во секојдневното помирување, која била целта на годишното помирување? Левитска 16,16.30.33.

„Во Мојсеевиот систем на чистење на светињата, или големиот Ден на помирувањето се паѓал на десеттиот ден од седмиот Еврејски месец (Левитска 16,29-34). Тогаш првосвештеникот; откако претходно го извршил очистувањето за целиот Израел, и на тој начин ги отстранил нивните гревови од светилиштето, излегувал и го благословувал народот.”
— Големата борба, 359.

б. Кога гревовите акумулирани во светилиштето биле отстранети и ставени врз главата на живиот јарец (кој бил испратен далеку „во ненаселена земја“ Левитска 16,21.22, од страна на човек определен за тоа) што овој човек требало да направи пред да влезе во логорот? Левитска 16,26.

в. Кога луѓето можеле со сигурност да знаат дека се очистени – ослободени од гревовите кои ги признале и кои биле простени во секојдневното помирување? Левитска 16,29.30.33.34.

Понеделник — 20. јуни
2. ПРЕСТОЛОТ НА БЛАГОДАТТА – КАДЕ?

а. Што во земното светилиште служило „на сликата и на сенката на небесните нешта“ (Евреите 8,5). Според тоа, каде се наоѓа нашиот Првосвештеник и што Тој прави за нас? Евреите 9,11.12; 1 Јованово 2,1.2.

б. Каде се наоѓа престолот на благодатта на кој ние сме поканети да дојдеме со нашите молитви? Евреите 4,16; Откровение 8,3.

в. Кога нашите гревови се простени и признаени како одговор на нашите секојдневни молитви (1 Јованово 1,9; Матеј 6,12), дали истите веднаш се избришани? Ако не, каде одат и со каква цел? 1 Тимотеј 5,24.

„Гревовите на некои луѓе се отворени претходно, признаени во покајание и оставени и тие одат однапред на суд. Покрај таквите имиња е напишано помилување. Меѓутоа, гревовите на другите луѓе следат по нив, бидејќи не се оставени со покајание и признавање и тие ќе останат запишани и ќе стојат против нив регистрирани во небесните книги.” — Библиски коментари, 777.

„Бидете вознемирени и подготвени да ги признаете вашите недостатоци и да ги оставите, за да можат вашите гревови да одат на суд претходно и бидат избришани.”
— 5 Сведоштво, 309.

г. Кое предупредување во врска со нашата должност да се искорени гревот во Црквата, секогаш треба да го имаме на ум? Матеј 13,27-30.

„Бог има драгоцени души во Неговата Црква; во Црквата исто така има и мажи и жени кои се како плевел меѓу пченицата. Но Господ ниту на тебе ниту на било кој друг не му дал право да одредува кој е плевел а кој пченица. Ние можеме да ги видиме и да ги осудиме недостатоците на другите, додека можеби ни имаме поголеми недостатоци кои никогаш не сме ги согледале, но кои другите јасно ги видат.”
— 5 Сведоштво, 311.

Вторник — 21. јуни
3. НАШИОТ ЕДИНСТВЕН ПОСРЕДНИК

a. На што бил поучуван Божјиот народ од почетокот на светот? Евреите 9,22 (втор дел); Јован 1,29; Откровение 13,8 (втор дел).

„Постои само еден канал, и тој е достапен за сите, и преку тој канал секоја покајничка и скрушена душа може да најде обилно простување и за најмрачните гревови.

„Оние поуки му биле предочувани на Божјиот народ повеќе од иљада години, и биле повторувани во различни симболи и сенки, за да може во секое срце да се втисне вистината дека без пролевање на крв нема простување на гревовите. Големата поука, отелотворена во жртвата на секое заклано животно, втисната во секоја церемонија, воведена од самиот Бог, е дека само преку Христовата крв можат да се простат гревовите.”
— Библиски коментари, 770.

б. Кој е нашиот единствен Посредник и Спасител, и со што Тој нé откупил? Јован 14,6; 1 Тимотеј 2,5; Евреите 9,12.

в. Бидејќи пристапот до Него е отворен во светилиштето, кој совет ни се дава? Евреите 10,19-22. Каде Божјиот народ во последно време преку вера треба да влегува – и што можат да видат таму? Откровение 11,1.19.

г. Што друго ќе видат со вера? Даниел 7,9.10. Што тие ќе разберат? Откровение 14,7; Дела 3,19.20.

„Делото на истражниот суд и бришењето на гревовите треба да завршат пред второто Христово доаѓање. Бидејќи на мртвите ќе им биде судено според она што е запишано во книгите, не е можно гревовите на луѓето да бидат избришани сѐ додека не се изврши судот над нив во кој случајот на секој поединечно ќе биде испитан. Апостол Петар јасно наведува дека гревовите на верниците ќе бидат избришани ‘за да дојдат од Господ времиња на освежување и Тој да ви Го прати вам претскажаниот Исус Христос’ (Дела 3,19.20). Кога ќе биде завршен истражниот суд, Христос ќе дојде, и со Себе ќе донесе награда секому според неговите дела.”
— Големата борба, 432.

Среда — 22. јуни
4. НА КРАЈОТ НА СВЕТОТ

а. Кога Христовото дело во небесното светилиште ќе биде разбрано, која измама јасно ќе биде истакната? Даниел 8,13.

„Таканареченото застапништво на светците е најголемата лага која можела да биде измислена. Свештениците и владетелите немаат право да се поставуваат помеѓу Христа и луѓето за кои Тој умрел, припишувајќи си ги на себе својствата на Спасителот и способност да простуваат гревови.” — Библиски коментари, 771.

„Наводното право на црквата да ги простува гревовите ги наведува католиците да се чувствуваат слободни да грешат; а уредбата на исповедање без кое црквата не дава простување, исто така многу придонесува за злото.”
— Големата борба, 502.

б. Како можеме да станеме „потполни“ во Христа? Колосјаните 2,10; 4,12.

„Благодарение на Христовата жртва, човекот може да достигне висока цел која е поставена пред него и на крајот да ги слушне зборовите: ‘Вие сте потполни во Него’, не имајќи своја правда туку правдата на Оној Кој умрел за нив.”
— Библиски коментари, 757.

в. Како Павле се осврнува на чистењето на небесното светилиште „на крајот на светот“, непосредно пред второто Христово доаѓање? Евреите 9,23-28.

„Во симболичната служба првосвештеникот, завршувајќи го обредот на помирување за Израел, излегувал и го благословувал собирот. Така и Христос, по завршувањето на Својата посредничка служба, ќе се појави ‘без грев, а за спасение’ (Евреите 9,28), да го благослови Неговиот народ кој Го чека, со вечен живот. Како што свештеникот гревовите на народот симболично ги отстранувал од светилиштето, исповедајќи ги врз главата на јарецот за отпуштање, така и Христос сите признати и покајани гревови ќе ги пренесе на сатаната, основоположникот и поттикнувачот на гревот. Јарецот над кој биле исповедани гревовите на Израел, бил одведен далеку ‘во непроодна земја’ (Левитска 16,22); така и сатаната, оптоварен од вината за сите гревови на кои го навел Божјиот народ, ќе биде ограничен иљада години на оваа земја, која тогаш ќе биде пуста и без жители, и на крајот целосната казна за гревот ќе ја прими во огнот кој ќе ги уништи сите зли.”
— Големата борба, 432.

Четврток — 23. јуни
5. ПОБЕДАТА СЕ УШТЕ Е МОЖНА!

а. Со оглед на краткотрајноста на времето кое ни преостанува за да бидат избришани нашите гревови, кој треба да биде нашиот најголем и итен приоритет? 2 Коринтјаните 4,5-7; 6,2; Филипјаните 2,5.

„Сатаната триумфира кога ќе ги чуе таканаречените Христови следбеници како нудат изговори за нивните недостатоци на карактерот. Гревот ако не е признаен и неисповедан, никогаш не може да биде избришани од небесните книги. Преку верно, темелно признавање на гревот, срцето се чисти од неговата морална нечистотија. Гревот мора да се признае и остави за да може душата да се ослободи од вина пред Бога…

„Делото на сатаната е да искушува, а делото на човекот е да се спротивстави и во името и сила на Христос да каже: ‘зашто е напишано: на Господ, твојот Бог, ќе Му се поклонуваш и само Нему да Му служиш’ (Матеј 4,10).” — Знаци на времето, 13. декември, 1899.

„Животот со своите чудесни привилегии и можности, наскоро ќе заврши. Времето за поправање на карактерот ќе помине. Ако нашите гревови не ги покаеме сега, како можат да бидат избришани со крвта на Јагнето, тие ќе останат во небесните книги да сведочат против нас во денот кој доаѓа. Затоа искрено да го преиспитаме својот живот во светлината на Божјо Слово, барајќи да се открие секој недостаток во карактерот, за да можеме да ги измиеме и избелиме своите облеки во крвта на Јагнето.”
— РХ, 21. април, 1910.

Петок — 24. јуни
ПРЕГЛЕД И ПРАШАЊАТА ЗА РАЗМИСЛУВАЊЕ

а. Објаснете ја разликата помеѓу секојдневните и годишните жртви на помирување.

б. Каков пат беше отворен пред нас преку смртта на Христос? Со каква цел, и како, ни влегуваме во небесното светилиште?

в. Каде одат нашите гревови, кои секој ден ги признаваме и добиваме простевање, за да можат да бидат избришани?

г. Врз основа на Евреите 9,23-28, објасни го чистењето на небесното светилиште во времето на крајот, пред Христовото враќање.

д. Кои можности, кои сé уште ни се на располагање, наскоро ќе поминат?