ЗОШТО ПРВИОТ ЗБОР ВО БИБЛИЈАТА НЕ Е БОГ, КАКО ПРВА ПРИЧИНА ЗА СИТЕ НЕШТА, ТУКУ ЗБОРОТ ВО ПОЧЕТОКОТ?

Сподели го ова:

Со Божја милост, започнуваме циклус посветен на текстуално проучување на Библијата, од првиот стих од првото поглавје до крајот колку Бог ќе ни даде време и можности. Овие теми, по формат, не се само проповеди, туку колку што е можно подлабоко, на наше ниво, истражување на Библијата! Целта на овие теми е да се даде подлабоко разбирање на Библијата, како и да им се помогне на сите да го разберат принципот кој ќе им овозможи самостојно луѓето да ја проучуваат Библијата! За секој верник е многу важно што е можно подлабоко да научи да ја проучува Библијата. Бидејќи тоа е Божјата мудрост, разбирањето на Неговото водство во нашите животи, како и преобразувањето на нашиот карактер за стекнување вечен живот. Христос овој процес на трансформација внатре во човекот, преку семето, односно Божјото слово, го открил со следнава парабола:

„Па рече: ’Царството Божјо прилега на човек што фрлил семе в земја, па спие, и станува ноќе и дење; а како никнува и како расте семето, тој не знае. Зашто земјата сама од себе донесува плод, најнапред стебленце, па клас, а потоа и полно зрно во класот. А кога ќе узрее плодот, веднаш испраќа срп, зашто дошло времето за жетва’“ (Марко 4:26-29).

Во контекст со оваа парабола, како и некои други Христови параболи, семето е Божјото слово, земјата е срцето на човекот. Фрлањето семе на земјата значи да се окупира умот со Божјото слово, а ртењето на семето до плод е процес на постепена трансформација на човекот. Убаво е да се забележи од параболата дека ефектот што го создава Божјото слово во срцето на човекот кој ја проучува Библијата, се одвива на земјата, односно длабоко внатре во човекот, во неговиот дух, а понекогаш и самиот човек не е свесен за овие внатрешни длабоки промени кои Божјото слово ги извршило во него, зашто Неговото слово е неспоредлива духовна сила, за која Господ рекол вака:

„Зар не е Моето слово како оган, вели Господ, и не е ли како чекан што крши карпа?“ (Еремија 23:29).

После некое време сами ќе забележите дека нешто внатре се променило, ќе се сменат вашите духовните вкусови, склоностите, навиките, ќе сакате повеќе да ја читате Библијата, и не само да читате, за време на овие теми вашиот ум толку многу ќе се промени што повеќе нема да можете само  да ја читате Библијата, како што тоа го правевте порано или сега, ќе бидете задоволни само со истражување на Библијата со цел да дознаете што е можно повеќе што е напишано во секој стих. Искрено ќе ви кажам дека кога го вкусив задоволството од проучувањето на Библијата, јас повеќе не можам само да ја читам Библијата после тоа. Понекогаш не можам само да прочитам поглавје, бидејќи штом почнувам да ја читам Библијата, веднаш ме плени некој текст и веќе не можам да продолжам понатаму без да добијам одговор на сите прашања што ми се појавуваат во врска со тој текст. Почнувам да размислувам за него, и овие мисли ме гонат насекаде: и на масата кога ја проучувам Библијата, и на масата во кујната кога јадам, и кога сум на работа, и на полето, и додека возам, јас постојано размислувам за овој текст. И не наоѓам мир додека не добијам јасен, логичен, заснован на Библијата, а не контрадикторен одговор на прашањето што Бог ми кажува во Библискиот текст што ми го привлече вниманието! А, бидејќи сите сме создадени од „иста ткаенина“, сигурен сум дека нешто слично ќе ви се случи и вам.

Затоа, да преминеме од зборови на дело! Додека ја проучуваме Библијата, ќе користиме по можност три од четирите основни нивоа на толкување на Библијата:

Тоа се едноставното или буквалното значење на зборот, сугестија или навестување, и толкување кое има подлабок и поширок карактер.

Ќе користиме различни преводи кога тоа ќе помогне во проучувањето на Библијата.

И така првиот стих од првото поглавје, првата книга на Библијата:

„Во почетокот Бог ги создаде небото и земјата“ (Создавање 1:1).

Го прочитавме текстот во Библијата. Можеби многумина го знаат овој текст напамет. И што понатаму? Многумина ја отвориле Библијата го прочитале стихот, што разбрале разбрале и одат понатаму. Во почетокот Бог ги создал небото и земјата, па што овде не е јасно? Сè е јасно како ден, можеме да продолжиме понатаму. Одвојте време, мои пријатели. Ајде да се обидеме внимателно да го разгледаме текстот, односно ние треба сега да научиме да поставуваме прашања до текстот. Првото прашање да речеме е од кои зборови се состои овој текст? Што значат овие зборови во нивното буквално значење? Зошто зборовите споменати во овој текст од Библијата се појавуваат по редоследот по кој одат, а не поинаку? Тоа исто така е многу важно. Односно, кога ја истражуваме Библијата, тоа не е само едноставно читање, ние треба да научиме да поставуваме прашања до текстот и да бараме одговори на нив. Истражувачот на Библијата е како истражител кој си поставува прашања себеси, на сведоците, на роднините и пријателите на лицето чиј случај го истражува. И зошто го прави тоа? За да добие поцелосна слика што се случило бидејќи на крајот на краиштата истражувачот не бил присутен на тоа место и во тоа време кога се случил настанот што треба да го разбере. Затоа тој со помош на прашања се обидува да ги собере, да ги состави во една логична слика настаните што се случиле без негово учество.

Така е и со проучувањето на Библијата. Првата книга Создавање (Битие) била напишана пред повеќе од 3.500 години наназад. А првите настани опишани во неа се случиле пред околу 6.000 години наназад. Природно дека никој од нас не бил во тоа време и место, па затоа треба да научиме да поставуваме прашања до текстот, и јас сега ќе користам алегоричен јазик, до најблиските „роднини“ на текстот, односно до оние зборови од кои се состои текстот, ова се нарекува најблизок контекст. А потоа ќе им поставиме прашања на „подалечните роднини“, односно до оние текстови кои се најблиску до овој текст, кои се поврзани со овој текст во еден семантички контекст. А потоа ние треба да се научиме да задаваме прашања до „сведоците“ на овој текст, односно кон целото Писмо, во врска со текстот кој го истражуваме, за да најдеме одговор за вистинското значење на овој текст во светлината на целото Писмо, затоа што толкувањето на овој текст мора да биде во хармонија со целото Писмо, а не спротивно на него. Ова ќе го наречеме поширок или поголем контекст. И откако ќе ги добиеме одговорите на поставените прашања, треба да си поставиме прашање на себе, што  научив? Како можам наученото да го соберам во една логична и хармонична слика? На пример, на текстот што го проучуваме овде во Создавање 1:1, умесно е да се постави следново прашање: Зошто во првиот збор во Библијата не се спомнува Бог како прва причина за сите нешта?

„Зашто, сè е од Него, според Него и за Него. Нему слава во вечни векови. Амин!“ (Римјаните 11:36).

„… Ти го создаде небото и земјата со силата Твоја голема и со крената рака; за Тебе не постои ништо невозможно“ (Еремија 32:17).

„… Ти си создал сè, и според Твојата волја постои сè и е создадено“ (Откровение 4:11).

Вие можете да видите дека Бог е првата причина, а во Библијата има текстови, повеќе од еден, каде што Бог се става Себеси на прво место, укажувајќи на Себе како првата причина за сите нешта. И Тој вели:

„Јас ја создадов земјата и го создадов на неа човекот; Јас – Моите раце ги простреа небесата; и на сета нивна војска Јас им заповедам“ (Исаија 45:12).

„Вака вели Господ… Јас сум првиот, Јас сум и последниот; освен Мене нема Бог“ (Исаија 44:6).

Ние гледаме дека Бог се става себеси на прво место. И тоа е правилно, тоа е очигледно. Ако во првиот стих од Библијата, Бог би бил спомнат како прв збор, тогаш ова хармонично би се вклопило со вистината дека Тој е Првата причина за сите создадени нешта, и погледнете колку убаво би звучел текстот:

„БОГ ВО ПОЧЕТОКОТ ГИ СОЗДАДЕ НЕБОТО И ЗЕМЈАТА“.

Таквото читање автоматски ќе ја намали напнатоста која се појавува од она што е напишано сега во Библијата. Ќе објасниме каква е таа напнатост. Светиот хебрејски јазик е едноставно уникатен јазик, многу длабок по своето значење и содржина, па за да не предизвикаме забуна, ќе ви дадаме едноставен пример од Библијата. Со помош на овој пример ќе објасниме каков вид на напнатост настанува при читањето на првиот стих од Библијата на хебрејски ако првиот збор не е Бог, туку „во почетокот“. Во Библијата постојат примери за тоа како, да речеме, комбинацијата на именка и глагол може да стане соодветно име:

„ТАА ПАК ЗАЧНА И РОДИ ЌЕРКА, И ТОЈ МУ РЕЧЕ: ’ИМЕНУВАЈ ЈА ЛО–РУХАМА (која не најде милост), ЗАШТО ЈАС ВЕЌЕ НЕМА ДА ГО ПОМИЛУВАМ ДОМОТ ИЗРАЕЛОВ, И ДА ИМ ПРОШТЕВАМ’“ (ОСИЈА 1:6).

Што гледаме? Гледаме дека зборовната комбинација која се состои од зборот „милост“, односно именка и глаголот „не најде“, станува име на детето што се родило, и затоа кога велиме ЛО–РУХАМА, во дадениот случај не зборуваме за некое дејство, туку за личноста која го носи името на ова дејство, а тоа не е исто. Во истата книга на Осија, има уште еден сличен пример:

„ПОТОА, ОТКАКО ЈА ОДБИ ОД ДОЕЊЕ (ЛО–РУХАМА), ОДНОВО ЗАЧНА И РОДИ СИН. И ТОЈ МУ РЕЧЕ: ’НАРЕЧИ ГО СО ИМЕТО ЛО–АМИ (Не-Мој-народ), ЗАШТО ВИЕ НЕ СТЕ МОЈ НАРОД, И ЈАС НЕМА ДА БИДАМ ВАШ БОГ’“ (ОСИЈА 1:8,9).

Повторно, ја гледаме истата слика, каде зборовната комбинација која зборува за нешто станува име што зборува за некого, што повторно, не е исто. Што ни дава ова, при истражувањето на првиот стих од првото поглавје на книгата Создавање? Поради тоа што Создателот не е спомнат со првиот збор во Библијата, како прва причина за сѐ што е создадено, а според логиката на нештата така треба да биде и ова е она што го вели Библијата понатаму, тогаш читајќи го првиот стих, можеме да го разбереме вака:

ВО ПОЧЕТОКОТ (читајте не како показател на приоритет, туку како име на оној кој)  ГИ СОЗДАДЕ (сите сили), НЕБОТО И ЗЕМЈАТА“.

А потоа ќе го добиете тоа дека некој со името во почетокот ги создал сите сили небесни и земјата. Само накратко сакам да напоменам дека зборот Елохим кој се користи како едно од Божјите имиња и е правилно преведен како Бог, но поентата е дека во оригиналот нема големи букви за имиња, ниту луѓе, ниту Бог, а многу имиња се формирани од фрази што значат одредени дејствија, или други значења. Да имаше тогаш би било јасно дека ние не можеме да размислуваме дека „Во почетокот“ се однесува на некоја личност, туку Елохим е личност затоа што постои голема буква, но без голема буква во оригиналот имињата не им припаѓаат на луѓето или на Бога, и многуте имиња претставуваат комбинација од зборови што означуваат некакви дејствија или некои други значења. Погледнете што можеме да добиеме од добро познатото име Авраам, на хебрејски јазик Абрахам:

„Абрахам“ – ова е кратенка од зборовите „абхамон“, „Аб“ на хебрејски  – татко, „хамон“ – на хебрејски многу, на таков начин, името „Абрахам“ – означува „татко на многу народи“.

Исто така и со името на Бог Елохим, тоа значи „многу сили“, според тоа, првиот стих од Библијата може да се разбере на следниов начин:

„Некој голем под името „ВО ПОЧЕТОКОТ“ ГИ СОЗДАЛ (сите сили), НЕБОТО И ЗЕМЈАТА“.

А, исто така, овој збор се применува за ангелите. Тогаш првиот текст од Библијата гласи вака:

„Некој голем под името „ВО ПОЧЕТОКОТ“ ГИ СОЗДАЛ ангелите, НЕБОТО И ЗЕМЈАТА“.

Гледате што се случува, и како што разбирате ова е ерес. Не постои голема личност со име „Во почетокот“, која ги создала сите сили или со сите сили небото и земјата, ова е заклучокот што го извлекуваме од целата Библија, која вели дека имено Елохим, односно Бог, ги создал небото и земјата.

„Јас ја создадов земјата и го создадов на неа човекот; Јас – Моите раце ги простреа небесата; и на сета нивна војска Јас им заповедам“ (Исаија 45:12).

„… Ти го создаде небото и земјата со силата Твоја голема и со крената рака; за Тебе не постои ништо невозможно“ (Еремија 32:17).

„…Зашто Ти си создал сè, и според Твојата волја постои сè и е создадено“ (Откровение 4:11).

Тоа што не постои некоја Голема личност под име во почетокот, а станува збор за Елохим,  произлегува од најблискиот контекст од првиот стих кој го проучувавме од Библијата, а кој вели дека во првиот стих од Библијата, под првиот збор БЕРЕШИТ „во почетокот“ не се подразбира личност, туку некои настани, бидејќи во следните текстови кои зборуваат за создавањето на нашата земја се појавува некој со името Елохим, а не БЕРЕШИТ,  и затоа, за да биде ова поочигледно, еден од преводите на Тора го преведува овој стих на следниов начин:

„ВО ПОЧЕТОКОТ НА СОЗДАВАЊЕТО НА НЕБОТО И ЗЕМЈАТА ОД БОГА“ ТОРА БЕРЕШИТ 1:1

Акцентот во овој превод не е на зборот БЕРЕШИТ, односно ВО ПОЧЕТОКОТ, туку на зборот ЕЛОХИМ, односно БОГ. Хебрејскиот збор БАРА, кој е втор во текстот, глагол што значи „создаден“, не се преведува како „создаден“, туку како „создавање“, поврзувајќи го овој збор со зборот БЕРЕШИТ, односно „во почетокот“, и фокусирајќи се на Бога, кој го создава сето ова, резултатот е „Во почетокот на создавањето на небото и земјата од Бога“.

Со оглед на тоа што Создателот не се споменува со првиот збор во Библијата, иако Тој е Првата причина за сѐ што е создадено, за што понатаму зборува Библијата, тоа значи дека Тој не залудно го спомнува во Библијата првиот збор „во почетокот“, а не Самиот себеси, иако можеше да го направи ова, но Тој не го направи ова, иако оваа постапка е логична и очигледна сама по себе, што значи дека со тоа што не го направи ова, сака да ни каже нешто многу важно, толку важно што заради ова го стави Своето име во втор план. Библијата вели дека кога Бог го прави тоа, Тој го прави тоа заради Своето слово, заради вистината, откриена во него.  

„… зашто го возвеличи Твоето слово, повисоко од Своето име(Псалм 138:2).

Што сакаше Бог да ни каже толку важно, ставајќи го зборот „ВО ПОЧЕТОКОТ“ на прво место наместо Себеси, кој зборува за одреден почеток на појавата на небото и земјата?

Бидејќи Бог исполнува сè со Себе, а освен Него нема ништо, тогаш, за да се појави нешто покрај Бога, Тој, како да кажеме, мора да отстапи место на она што треба да се појави, можеби звучи чудно, но тоа е така. За да се појави нешто слободно, различно од Бога, потребно е Бог да се откаже од ова место, бидејќи во реалноста постои само Тој, и ништо друго, и сè што настана, покрај Него, настана поради фактот што Тој ослободи место за создавање. Затоа, уште во првиот текст наоѓаме показател за тоа, за да се појави нешто на почетокот, Бог морал да се откаже од ова место, а заради создавањето Тој го направил тоа!

Но, тоа не е сè, бидејќи текстот што го проучуваме зборува за создавањето на небото и земјата, а според Библијата, овие концепти не значат само атмосферскиот свод над нашите глави и цврстата земја под нашите нозе, туку двата света, небесниот и земниот. Апостол Павле пишува:

„… кога ќе се исполнат времињата: за да соедини повторно во Христа: сè што е на небесата и што е на земјата – во Него“ (Ефесјаните 1:10).

„и преку Него да измири сè со Себе, или земно, или небесно, творејќи мир со крвта на Неговиот крст“ (Колосјаните 1:20).

Павле, зборувајќи за небесното и земното, зборува за два света, за жителите на двата света, небесниот, не паднат, и земниот, односно од грешни луѓе. Давид ги користи овие зборови во истото значење:

„Нека се веселат небесата, да ликува земјата…“ (1 Летописи 16:31).

Самиот Бог многу често во Своите зборови зборува во иста насока, спомнувајќи ги истите зборови небо и земја:

Чујте небеса и слушај земјо, зашто Господ вели: ’Јас воспитав и подигнав синови, а тие се побунија против Мене’“ (Исаија 1:2).

Јасно е дека Бог со толку сериозно прашање, како што е отстапувањето на Неговиот народ од Него не се обраќа на бездушна атмосфера и почва. Тој им се обраќа на небесните жители користејќи го зборот „небо“, и на луѓето користејќи го зборот „земја“! Еве уште еден текст за делувањето на Месијата:

„И Јас ги ставив Моите слова во устата твоја, и со сенката на раката Своја те покрив кога го простирав небото и ја утврдував (основав) земјата и му реков на Сион: ’Ти си Мој народ’“ (Исаија 51:16).

Месијата мора да заврши некаква градба, јасно е дека таа е духовна, а на небото останува да се забие последниот клинец, но на земјата има уште работа, бидејќи самиот темел е скршен, односно темелот на идната градба. Претходно прочитавме што требаше да направи Месијата преку Својата служба, особено со Неговата смрт:

„… кога ќе се исполнат времињата: за да соедини повторно во Христа: сè што е на небесата и што е на земјата – во Него“ (Ефесјаните 1:10).

„и преку Него да измири сè со Себе, или земно, или небесно, творејќи мир со крвта на Неговиот крст“ (Колосјаните 1:20).

Фактот дека на небото, иако не постои грев како таков, како на земјата, се одвиваат и духовни процеси поврзани со големата борба меѓу Бог и сатаната, може да се види од овие текстови на Библијата:

„Тоа спасение го бараа и испитуваа пророците што прорекоа за вашата благодат. Откако испитаа, во кое или какво време им јавуваше Духот Христов однапред, Кој беше во нив, сведочејќи за Христовите страдања и славата која иде по нив; ним им беше откриено дека тие не за самите себе служат, туку за вас со она што ви се јави сега вам преку оние кои го проповедаа Евангелието од небото преку Светиот Дух, и во кое копнеат да ѕирнат ангелите(1 Петрово 1:10-12).

та многуликата мудрост Божја да им се објави сега преку Црквата на началствата и властите небесни, според предвечната одлука, која Тој ја изврши во Христос Исус нашиот Господ“ (Ефесјаните 3:10,11).

„… бидејќи станавме глетка за светот -на ангелите и на луѓето…“ (1 Коринтјаните 4:9).

Ја градиме следната слика: преку Месијата, односно преку Божјиот Син, Исус и Неговото дело за спасување на грешниците, треба да им се открие некоја важна вистина за Бога на непаднатите ангели на небото. Затоа, кога Бог во Своето слово зборува за небото, и апелира до разумот, јасно е дека Тој не зборува за бездушна атмосфера, туку за интелигентни небесни суштества, не само ангели, туку и други небесни суштества, за кои ќе стане збор подоцна. А кога Семоќниот зборува за земјата и апелира до разумот, тогаш тој не зборува за бездушна почва, туку за луѓе кои живеат на земјата.

  Сега кога го разбравме ова, да се вратиме на текстот што го проучуваме:

„Во почетокот Бог ги создаде небото и земјата“ (Создавање 1:1).

Овој текст ни кажува дека Бог го создал небото, односно сè со што е исполнето небото, вклучувајќи ги и небесните  суштества и ангелите, како и земјата, вклучувајќи ги и сите оние што живеат на земјата! И Тој го постави на прво место, односно првиот збор во Неговото Писмо, не Себеси, ниту некое од Неговите имиња, туку зборот „во почетокот“, за да нè шокира оваа Негова постапка, и да разбереме колку е важна вистината, која Тој преку овој шок сака да ни ја открие. Оваа вистина е дека сè има почеток. Вие ќе кажете добро, што е толку посебно во тоа? Природно, сите создадени работи имаат почеток. Да, тоа е така, но кажува многу. Бидејќи има почеток, тогаш постои Оној кој го поставил овој почеток, и Тој е поголем од оној на кого му го дал почетокот, а оној на кого му го дал почетокот зависи од Оној кој му го дал тој почеток, така што заклучокот е јасен, Оној што ти го дал почетокот мора да се почитува. Зашто, бидејќи имаш почеток на постоење, кој е даден под услов кој, ако не се запази, тогаш може да доведе до крајот на твоето постоење, зашто само Бог е без почеток:

„Ви напишав вам, чеда, бидејќи го познавте таткото. Ви напишав, вам, татковци, бидејќи Го познавте Оној Кој е од почеток…“ (1 Јованово 2:14).

И покрај очигледноста и едноставноста на оваа вистина, најсовршениот и највозвишениот ангел Луцифер, поседувајќи ја полнотата на мудроста, не ја прифати оваа вистина и сакаше да стане она што тој, како суштество кое потекнува и зависи од Примарното, по дефиниција не може да биде, односно сакаше да стане како Бог:

„Како падна ти од небото, Денице, сине на зората! Се разби од земјата ти, кој ги угнетуваше народите. А во срцето свое си велеше: ’Ќе се искачам на небото, ќе го издигнам престолот свој погоре од Божјите ѕвезди… ќе се искачам до висините на облаците, ќе бидам рамен на Бог…’“ (Исаија 14:12-14).

Поради ова негово недоразбирање или неподготвеност да ја прифати очигледната вистина за неспоредливата надмоќ на Беспочетниот над сѐ што има почеток, започна големата борба меѓу доброто и злото, која донесе толку многу неволји, таги, солзи и страдања. Затоа, Бог на прво место, во Своето слово, словото кое е водич за животот на сите создадени нешта, ја постави најважната вистина дека сè што е создадено има почеток, и  овој почеток му го должи на Беспочетниот, Бог, од кого потполно зависи, и кого треба целосно да го уважува, почитува и послуша! Во спротивно, сè во животот на создавањето ќе оди не по среќниот пат на развој, туку по несреќниот пат на деградација и ќе доведе, како Луцифер на крајот, до целосен прекин на неговото постоење! Ова е важната вистина скриена од Бога во првиот збор од Библијата, во зборот „Во почетокот“. И верувајте, ова не е целата вистина скриена во овој збор. Сè, како земно така и небесно, има почеток поставен од Бога, вклучувајќи го и Исус, Божјиот Син, кој исто така имал свој почеток во одреден момент во времето, и затоа Тој, исто така, со право смета дека Бог е поголем од Него и како Негов Бог, на кого Тој мора секогаш и во сѐ да му се покорува:

„…Мојот Отец е поголем од Мене“ (Јован 14:28).

„И рече Исус: ’Не допирај се до Мене, зашто уште не сум се вратил кај Мојот Отец; туку отиди кај браќата Мои и кажи им: се враќам кај Својот Отец и вашиот Отец, кај Својот Бог и кај вашиот Бог’“ (Јован 20:17).

„… бидејќи делата твои не ги најдов совршени пред Мојот Бог(Откровение 3:2).

„… зашто секогаш го вршам она што Му е угодно(Јован 8:29).

Така, откако го испитавме првиот збор од Библијата, БЕРЕШИТ „Во почетокот“, со кој Евреите ја именуваат првата книга на Библијата, ја откривме важната вистина, а тоа е дека за нешто да настане, Бог „отстапил“ на она што требало да дојде во постоење, бидејќи само Тој е единствената вистинска реалност. И уште од првиот збор на Библијата ја дознавме вистината дека сѐ, и секој, освен Беспочетниот, односно освен Бог, има почеток, што го дал Беспочетниот, и сите ние сме целосно зависни од Него. А тој што не ја посакува оваа зависност, не само што ќе има почеток на своето постоење, туку и крај, а оваа важна вистина Бог ја ставил на прво место во Библијата, покажувајќи колку е важно сите созданија да ја разберат и прифатат.  

Третиот збор во Библијата е зборот ברא БAРA, што значи „создаде“. Ова е многу интересен збор, кој се применува само на Бога и на никој друг, иако луѓето исто така се создадени од Бога како креативни личности и можат, како да се каже, да создадат нешто. И затоа овој збор се однесува само на Бога и на никој друг! Овој збор зборува за создавање на нешто од ништо. Ако луѓето и ангелите прават нешто, тоа е како да „создаваат“, тогаш тие создаваат користејќи го она што е веќе создадено од Бога на овој свет, односно користејќи ја материјата веќе создадена од Бога, а Бог ја создал целата материја од ништо, само Тој, и само Тој може да го направи тоа. Затоа, и покрај едноставноста на зборовите од првиот стих од Библијата: „Во почетокот Бог ги создаде небото и земјата“, овие навидум едноставни зборови зборуваат за никогаш неразбраната тајна на создавањето на светот од Бога од ништо!

За жал, поради фактот што во Библијата има различни хебрејски зборови, кои се преведени на ист начин со еден збор „создаде“, во Библијата е воведена конфузија, поради што е изгубено вистинското значење на напишаното, а кога ова ќе се случи, ереста ја заменува вистината, што се случи со огромното мнозинство христијани. Во истото прво поглавје се наоѓа и зборот נַעֲשֶׂה „нaaсЕ“, а во еден текст кај нас е преведен (превод од 2006 година) како „создадеме“, а во друг „создаде“ што е повеќе во склад со реалноста, но всушност овој збор значи „направен“, што воопшто не е исто значење како „создаден“ од ништо:

„Потоа Бог рече: Да создадеме (נַעֲשֶׂה „нaaсЕ“ во Тора НАПРАВИМЕ) човек…“ (Создавање 1:26).

„И Бог виде дека сето она што го создаде ( עָשָׂה „асА“ направил) е многу добро…“ (Создавање 1:31).

„И Бог рече: „Да направиме човек…“ (Создавање 1:26; превод Константинов).

„И Бог виде сè што направи, и ете, беше многу добро…“ (Создавање 1:31; превод Константинов).

Овие зборови во преводот од Константинов на македонски јазик се правилно преведени.

Зошто е погрешно да се преведат овие зборови со истиот термин како зборот ברא (БАРА), во смисла на „создаден“, може да се види од главната разлика на овие дејства, земјата е создадена од ништо, а истиот човек е создаден од земјата која веќе е создадена од ништо:

„И Господ Бог го создаде човекот од земен прав…“ (Создавање 2:7).

Ова е точно, бидејќи во својата суштина, Бог не го создал човекот од ништо, како на почетокот Земјата, туку го создал човекот, го обликувал човекот, од веќе создадената, од ништо земјата, затоа овие различни дејства не можат да бидат преведени на ист начин со терминот создаден, зашто тогаш сите ние сме создатели како Бог, ако можеме да ја обликуваме човечката фигура од глина. Но, ова е апсурдно, тој што ваја фигура од веќе создадена глина, тој не е творец, тој е скулптор, уметник, ништо повеќе. Мислам дека ја разбравте разликата. Во првото поглавје овој глагол ќе биде употребен уште неколку пати и ќе ги анализираме сите овие случаи, зошто ако постоела материја од која потоа се формирало сè, Бог морал повторно да создаде нешто од ништо!

Вториот збор во текстот на првото поглавје од Создавање што го проучуваме е едно од Божјите имиња, אלהים Елохим, кое зборува за многуте различни сили својствени на Бога што ги користел при создавањето на небото и земјата, дарувајќи сè што Тој создал со овие различни сили. Ова Божјо име зборува за таква Божја особина како правда, и ни го открива Бога како праведен судија, за разлика од Неговото име со четири букви ‘הוה наречено тетраграматон, кое зборува за такви страни на Божјиот карактер како милост. И тука не може а да не се постави разумното прашање: зошто Бог, кој ги создаде небото и земјата, ни се открива со името на праведен судија, оној што ја враќа правдата? Каква правда вратил Бог со создавањето на небото и земјата? Факт е дека нашата Земја е создадена последна во Вселената и таа е создадена по бунтот на Луцифер на небото. Суштината на бунтот на Луцифер се сведува на неговото незадоволство од возвишувањето на неговиот син Исус од страна на Бога и неговата желба да стане како Бог. Накратко ќе кажеме дека Бог ја создал Земјата како визуелно помагало за целата Вселена, да одговори на сите обвинувања на сатаната и неговата праведна осуда, затоа, при создавањето на нашиот свет, Бог се јавува пред нас преку име со кое се открива, кога се работи за правичното судење и враќање на правдата. Дали гледате како сѐ во Библијата е хармонично и интересно?

Да го прочитаме повторно стихот што го проучуваме:

„Во почетокот Бог ги создаде небото и земјата“ (Создавање 1:1).

Кога зборуваме за создавањето на небото и земјата од страна на Бога, забележете дека прво се споменува небото, а второ земјата. Ова е малку нелогично ако со зборовите небо и земја се подразбира само атмосферата над земјата, и почвата под нашите нозе. Затоа кога правиме нешто, да речеме дека градиме куќа, почнуваме да градиме од дното, од темелот и завршуваме со врвот, со покривот. По логика Бог требало прво да ја создаде земјата и потоа да ја опкружи со атмосфера, односно да и го даде небото, а не обратно. Меѓутоа, ако со зборот небо и земја разбираме два света ­­‑ небесен и земен,  за кои зборувавме претходно во оваа тема, тогаш сѐ си доаѓа на свое место. Иако директно, во првиот текст од Библијата, зборува за небото што е над земјата, во врска со создавањето на небото и земјата од страна на Бога, но исто така овој текст содржи навестување, што е метод на толкување, навестување дека небесниот свет, кој ги вклучува небесните суштества и ангелите, бил создаден прв, пред создавањето на земјата. И за ова постои Библиска поддршка. Во книгата Јов, Бог зборува за времето кога ја создал земјата:

„Каде беше ти кога ги поставував основите на земјата?… кога ликуваа утринските ѕвезди, и кога сите Божји синови извикуваа од радост?“ (Јов 38:4,7).

Бог вели дека кога ги поставувал темелите на земјата, односно ја создавал, „утринските ѕвезди“ и „Божјите синови“  гледале и се радувале на тоа. Кои се тие? Тоа се ангелите и небесните суштества кои му се верни на Бога. Зборувајќи за падот на Луцифер и неговите ангели, Библијата ни кажува:

„Потоа се јави друг знак на небото. Ете, голем црвен змев со седум глави и десет рогови, а на главите негови седум круни; опашката негова повлече една третина од небеските ѕвезди и ги фрли на земјата…“ (Откровение 12:3,4).

И беше исфрлен големиот змев старата змија, наречена ѓавол и сатанабеше соборена на земјата, и заедно со неа и ангелите нејзини беа исфрлени(Откровение 12:9).

Утринските ѕвезди се ѕвезди кои се видливи и светат кога е веќе светло, кога е утро. Во Библијата светлината е поврзана со Бога и Неговата слава; само ангелите кои му се лојални на Бога можат да бидат во оваа слава, бидејќи сите кои не се лојални на Бога бегаат од оваа светлина и загинуваат:

„…кога Господ Исус ќе се јави од небото со ангелите на Својата сила, во распламнат оган да им се одмаздува на оние кои не Го познаваат Бога, кои не го послушаа Евангелието на нашиот Господ Исус Христос. Тие со вечна погибел ќе бидат казнети далеку од лицето на Господ и од славата на Неговата моќ(2 Солунјаните 1:7-9).

Пред својот пад, Луцифер беше наречен утринска ѕвезда во Библијата:

„Како падна ти од небото, Денице, (Хебрејски ה’לל – „хејлел“ утринска ѕвезда)! сине на зората!…“ (Исаија 14:12).

Но, додека одеше во Божјата светлина, тој згреши и стана темнина. Затоа, терминот  „утрински ѕвезди“ се однесува на ангелите. А синовите Божји се создадени суштества верни на Бога, и човечки и небесни:

„Сите оние што се управуваат по Духот Божји, се синови Божји“ (Римјаните 8:14).

Фактот дека постојат небесни суштества мошне е јасен од следните стихови во Библијата:

„И беше исфрлен големиот змев старата змија, наречена ѓавол и сатана, која ја мами целата вселена, беше соборена на земјата, и заедно со неа и ангелите нејзини беа исфрлени“ (Откровение 12:9).

„… и други жители во вселената не се појавија“ (Исаија 26:18).

„Но Исус им ја кажа оваа парабола и рече: ’Кој од вас, ако има сто овци, и ако загуби само една од нив, нема да ги остави останатите деведесет и девет во пустината и нема да оди да ја бара загубената, сè додека не ја најде? А откако ќе ја најде, ќе ја крене на рамо радосен; и кога ќе дојде дома, ќе повика пријатели и соседи, и ќе им рече: ’Радувајте се со мене, зашто ја најдов мојата загубена овца!’ Ви велам дека така и на небото ќе биде поголема радост за еден грешник, кој се кае, отколку за деведесет и девет праведници што немаат потреба од каење. Или која жена, ако има десет драхми, и ако загуби една, нема да запали светило и да ја измете куќата, и да бара внимателно, сè додека не ја најде? А штом ќе ја најде, ќе повика пријатели и сосетки, велејќи: ’Радувајте се со мене, зашто ја најдов загубената драхма!’ Таква радост, ви велам, станува и пред ангелите Божји за еден грешник, што се кае“ (Лука 15:3-10).

Во првата парабола за изгубената овца, Христос вели дека ќе има радост на небото поради изгубената овца што ја нашол овчарот, а во втората парабола за десетте драхми вели дека ангелите ќе се радуваат на пронајдената драхма. Самиот Тој ги подели оние кои се радуваат во овие две параболи, во две категории кои се радуваат. Тоа се ангелите на небото, односно небесните суштества, а оваа иста идеја веќе ја нагласивме од текстовите на книгата Јов, во која се спомнува радоста на ангелите, наречени утрински ѕвезди и небесните суштества, наречени синови Божји, при создавањето на нашата Земја од Бога:

„Каде беше ти кога ги поставував основите на земјата?… кога ликуваа утринските ѕвезди, и кога сите Божји синови извикуваа од радост?“ (Јов 38:4,7).

И уште еден многу важен момент. Бог, затоа, кога ја создаваше Вселената, започна со небото и заврши со Земјата, бидејќи, како што веќе рековме, секоја градба мора да започне од темелот, од основата:

„Тој прилега на човек кој градел куќа, па копал длабоко, и поставил темели на камен…“ (Лука 6:48).

„Зашто, кој од вас, кој сака да соѕида кула, нема да седне најнапред за да направи сметка колку ќе чини и дали има сè што е потребно за нејзиното довршување? Во спротивно, ако веќе ги поставил темелите, а не може да ја доврши, сите што гледаат, ќе почнат да му се смеат“ (Лука 14:28,29).

Значи, создавајќи го прво небесното, а потоа земното, Бог со тоа покажува дека темелот за луѓето, за сите што живеат на земјата е небото, сѐ што е небесно. Таму е нашиот Творец, оттаму ни е даден Законот, оттаму дојде Спасителот и таму треба да се стремиме со сето срце. Небото, домот на Божјите деца, таму е нивниот главен град, Небесен Ерусалим, а на земјата тие се само гости и придојдени:

зашто тој го очекуваше оној град што има основи, чиј градител и творец е Бог“ (Евреите 11:10).

„Сите тие умреа со вера, не добивајќи ги ветувањата, а само оддалеку ги видоа и ги поздравија, признавајќи дека се гости и придојдени. Бидејќи оние што така зборуваат покажуваат дека бараат татковинаНо тие сакаа подобра, односно небесна татковина; затоа и Бог не се срами да се нарече нивен Бог; бидејќи им има приготвено град(Евреите 11:13-16).

Значи, небото и сѐ што е небесно се темел за земјата, за земното. Земјата е последното создавање на Бога, таа е покривот на оваа куќа наречена Вселена, која е „изградена“, односно создадена од Бога. После покривот, ништо друго не се гради во куќата, така што Земјата е последното создавање на Бога, после Земјата нема да се создаваат нови светови. Зошто? За да не се повтори падот во грев. Библијата за ова вели вака:

„Што сте намислиле против Господ? Тој ќе стави крај на сè, ниеден противник нема повторно да се крене(Наум 1:9).

Целата Вселена сега ја гледа големата борба помеѓу Бога и ѓаволот, учествува во неа, учи и донесува заклучоци, но новосоздадените суштества, обдарени со слобода на избор, нема да го имаат ова искуство и затоа можат да паднат. Од истата причина, на луѓето спасени од земјата нема да им се даде можност, во вечноста, да создаваат семејства и да имаат деца кои, имајќи слобода на избор, а немајќи практично искуство за победа во големата борба, можат да згрешат и сè ќе се повтори во Вселената, а во непроменливото слово на Бога се вели дека падот во грев никогаш нема да се повтори во Вселената. Затоа, спасените при воскресението ќе имаат нови тела и ќе станат како ангелите кои не се мажат, не се мажат и не раѓаат потомство. Еве што вели Библијата на оваа тема:

„Зашто, кога ќе воскреснат од мртвите, ниту ќе се женат, ниту ќе се мажат, туку се како ангели на небесата(Марко 12:25).

Затоа, не залудно Бог го започна создавањето од небесата, кои се темел на земјата, а заврши со земјата која е последното создание на Бога, еден вид „покрив“ на куќата наречена Вселена! Ако се толкува директно, а не со навестување, тогаш зборот „небо“ во првиот стих од Библијата може да се однесува на двете нивоа на небото, или првото и второто небо, а во Библијата има вкупно три:

„Знам еден човек во Христос, кој пред четиринаесет години, со тело ли, не знам; без тело ли, не знам, Бог знае, беше грабнат и однесен до третото небо(2 Коринтјаните 12:2).

Само „третото небо“ е место на директно присуство на Бога, видливо за ангелите:

„Видов најпосле дека се поставија престоли и седна Старец; облеклото му беше бело како снег, а косата на главата Негова како чиста волна; престолот Негов личеше на огнен пламен, со тркала како оган што пламти. Река огнена излегуваше и минуваше пред Него; илјада илјади му служеа, и десетина илјади по десет илјади стоеја пред Него; седнаа судиите и книгите се отворија“ (Даниел 7:9,10).

А првото небо е атмосферата над земјата, небесниот свод по кој летаат птиците:

„И сводот Бог го нарече небо…“ (Создавање 1:8).

„Потоа рече Бог… а низ небескиот свод над земјата нека полетаат птици!” (Создавање 1:20).

 А, второто небо е она што е над земјината атмосфера, односно просторот видлив од земјата, во кој можеме да ги видиме светилниците создадени од Бога, кои во еден или друг степен влијаат на земјата:

„Потоа Бог рече: ’Нека се појават светила на небескиот свод (за да ја осветлуваат земјата), за да го делат денот од ноќта и да бидат знаци, и за времињата, и за деновите, и за годините; и нека бидат тие светилници на небескиот свод, за да ја осветлуваат земјата!’…” (Создавање 1:14,15).

Во почетокот на создавањето на Небото и Земјата од ништо од Бога, првото небо, односно нашата атмосфера, сè уште не беше формирано, се појави подоцна во вториот ден од создавањето, кога Бог рече:

„Потоа Бог рече: ’Нека има свод среде водата и тој да разделува вода од вода!’ (И така стана). И создаде Бог свод; и ја одвои водата што е под сводот од водата што е над сводот. Така и стана. И сводот Бог го нарече небо. (И виде Бог дека тоа е добро). И настапи вечер и настапи утро – втор ден“ (Создавање 1:6-8).

А, второто небо, како што спомнавме погоре, е она што е над земјината атмосфера, односно простор видлив од земјата, во кој можеме да ги видиме светилниците создадени од Бога. Зошто од „второто небо“ овде се споменува само видливиот дел од огромната Вселена? Ова произлегува од контекстот на зборовите за создавањето. Само што прочитавме дека светилниците кои Бог ги создал на небесниот свод, тие се создадени да го делат денот од ноќта и да бидат знаци, и за времињата, и за деновите, и за годините, што е можно само на Земјата, благодарение на нејзината ротација, бидејќи во вселената, нема директна промена на денот и ноќта. Ако вселенскиот брод се наоѓа на место над земјата каде што не го блокира сонцето, тогаш на бродот ќе биде ден, а ако се наоѓа на страната што го покрива сонцето, тогаш на бродот ќе биде ноќ. Библијата вели дека сонцето, месечината и ѕвездите што се создадени на небесниот свод се светилници за Земјата. Според тоа се разгледува само оној дел од Вселената кој е видлив од Земјата и оние објекти во Вселената кои влијаат на Земјата. Затоа, во првиот стих од Создавање, кога се зборува за создавањето на небото, тоа не се однесува на сите три неба, туку на првото небо над земјата, и на дел од второто небо, односно на вселената.

Последниот збор, во првиот стих од Создавање, е зборот Земја, кој се споменува со определениот член (hA) hA – AРEЦ, овој определен член служи за изразување на определеност. Определениот член се користи само со именките (или придавката што ја надополнува) кога говорникот точно знае за кој конкретен предмет, феномен или настан се зборува или кога определеноста на именката е јасно одредена од контекстот, а знаеме од последователното раскажување во првото поглавје за каква Земја зборуваме и што се случило на неа во првите шест дена. Затоа, зборот Земја во првиот стих од Библијата значи нашата планета, целата планета. Има нешто друго што вреди да се забележи, а можеби ова ќе биде особено интересно за љубителите на научната фантастика, кога зборуваат за рамна и неротирачка  Земја. Зборот Земја, што значи планета, на хебрејски הארץ (hA-AРEЦ), да не се меша со зборот אדמה (адама), исто така земја, но кој значи почва, првиот човек е Адам, оној кого Бог го создал од земјата, односно почвата. Значи  „зборот ארץ (АРЕЦ), планетата Земја, потекнува од коренот רץ „рац“, а овој збор на хебрејски значи „да трча“.

Со други зборови, кога Бог ја создал нашата Земја, кога Бог првпат го спомнал овој збор, Тој веќе ставил до знаење дека Земјата не стои во место, таа „трча“ цело време, односно, на нашиот современ јазик, таа ротира, и не само што ротира, туку и лета во вселената, во сфера дефинирана од Него, за која ќе зборуваме во следните теми.

Значи, што научивме денес? Првиот стих од Библијата ни ја даде следната духовна храна:

  1. Бог, преку првиот збор во Библијата, зборот БЕРЕШИТ (во почетокот), зборува за важноста сите созданија да запомнат дека имаат почеток на своето постоење, и дека добиле живот од Создателот, и затоа се целосно зависни од Него и мора да му бидат послушни на Создателот и благодарни за дарот на животот.
  2. Само Бог може да создаде нешто од ништо, сите останати, и сите живи, интелигентни суштества создадени од Бога, ако „создадат“ нешто, тие тоа го прават од материјата што е веќе создадена од Бога, па затоа поправилно би било да се каже дека тие не создаваат, туку ја преобразуваат материјата од една форма во друга!
  3. Бог се открива, при создавањето на небото и земјата, под името Елохим, а со ова име се открива Себеси кога дејствува како судија кој ја воспоставува правдата. Тој се открива под ова име во овој момент, затоа што ја создал нашата Земја како визуелно помагало, како одговор на сите обвинувања на сатаната кој се побунил на небото, така што Вселената ќе разбере сè и правично ќе ги осуди постапките на ѓаволот, кој се побунил против својот Создател! Ќе зборуваме повеќе за ова подоцна!
  4. При создавањето на „небото“ и „земјата“, прво се споменува небото, бидејќи небесните работи, небесните принципи се основа за правилен живот на сите што живеат на Земјата, угоден на Бога!
  5. Терминот „небо“ во првиот стих од Библијата значи свод над Земјата, односно дел од космосот видлив од Земјата, односно дел од второто небо, бидејќи првото небо, односно нашата атмосфера, беше создадена подоцна, на вториот ден.
  6. Терминот „земја“, во првиот стих од Библијата ја означува нашата планета на која живееме, и која според Божјиот план и волја, постојано ротира околу својата оска, и на тој начин се случува промената на денот и ноќта на Земјата!
  7. Земјата е последното создавање на Бога, тоа е Божјиот одговор на бунтот на сатаната, а по Божјата победа во големата борба, Тој никогаш повеќе нема да создаде свет и суштества со слобода на избор, така што никогаш повеќе нема да се случи пад во Вселената, како што зборува за тоа во Своето слово, така што сите ангели верни Нему, жителите на небото и оние кои се спасени од земјата ќе живеат во мир и среќа под Божја заштита во текот на вечноста!

Ако Бог дозволи, тогаш следниот пат ќе одиме понатаму во проучувањето на Неговите зборови стих по стих по редослед!

Сподели го ова:

Слични објави