ПОУКИ ОД ПРВИОТ ДЕН НА СОЗДАВАЊЕТО НА НЕБОТО И ЗЕМЈАТА!

Сподели го ова:

Денес нашите духовни размислувања ќе бидат поврзани со стиховите 4 и 5 од првото поглавје од книгата СОЗДАВАЊЕ (Битие). Но, пред да ги прочитаме овие стихови и да почнеме да ги проучуваме, ајде накратко да разгледаме што зборувавме минатиот пат, бидејќи минатите студии се тесно поврзани со денешната студија!

Бог, откако од ништо ги создал празната и неуредена земја и небото, рекол:

„И Бог рече: ’Нека биде светлина!’ И настана светлина“ (Создавање 1:3).

Дознавме дека оваа Светлина не е создадена од Бога од првобитната (примарна) материја, од која потоа било уредено сè на небото и на земјата. И за оваа Светлина не се вели дека е создадена од ништо! Разгледавме два слоја на толкување на овој стих, од кои и двата се точни, а едниот служи како дополнување на другиот. И во двата слоја светлината е Божјиот Син Исус, кој не е создаден, туку за нас непознат начин, роден од Отецот. Библијата го нарекува ова, првороден од Отецот, Единореден, односно единствениот во својот род:

„Тој е слика на невидливиот Бог, првороден пред секое создание“ (Колосјаните 1:15).

„Зашто Бог толку го возљуби светот, што Го даде Својот Единороден Син…“ (Јован 3:16).

Значи, Светлината, спомната од Бога во третиот стих од првото поглавје на книгата СОЗДАВАЊЕ (Битие), е почеток на понатамошните дејствија на Божјиот Син Исус, всушност, како што веќе кажавме претходно, понатамошното уредување на создадената земја, нејзиното уредување од првобитната материја создадена од Бога од ништо, го извршил Божјиот Син Исус, за тоа кажува Библијата:

„Бог, Кој во старо време, откако многупати и на многу начини им зборуваше на нашите предци преку пророците, во последниве денови ни зборува преку Синот, Кого Го постави за наследник над сè, преку Кого ги создаде и вековите(Евреите 1:1,2).

„Бидејќи преку Него (Христос) е создадено сè што е на небесата и што е на земјата, видливо и невидливо; било престоли, било господства, било началства, било власти – сè е преку Него и за Него создадено“ (Колосјаните 1:16).

„Сепак, ние имаме само еден Бог Отец, од Кого е сè… и еден Господ Исус Христос, преку Кого е сè…“ (1 Коринтјаните 8:6).

Значи, Светлината е Христос. Зошто Тој беше откриен? И овде има два слоја на вистината, тесно поврзани еден со друг, во еден слој на толкување, темнината е неразбирањето на Бога и Неговите постапки за созданијата, на пример, бунтовниот Луцифер и неговите ангели не разбираа зошто Бог толку го возвиши Христос:

Христос учествувал во сите Негови советувања додека на Луцифера не му било дозволено да биде упатен во сите Божји намери. ’Зошто Христос да има највисока власт?’ се прашувал овој силен ангел. ’Зошто нему му се укажува поголема почест отколку на Луцифера?’

„(бунтовничките ангели) сега станале незадоволни и несреќни што не можат да проникнат во Неговите недосегливи тајни; не биле задоволни со Божјата намера да го издигне Христа. Тие биле готови да се заложат и за второто барање на Луцифера во авторитетот тој да се изедначи со Божјиот Син (Патријарси и пророци, 36,38).

А Христовата задача беше преку Своите дејствија да даде јасни одговори на прашањата што се појавија кај созданијата, во врска со недовербата во Бога, да го оправда Бога и да го изгасне пламенот на недовербата! Односно, преку Синот Божји и Неговите дела ни се открива Бог, Неговите дела, така за тоа вели Библијата. Забележете дека апостол Павле, недвосмислено, зборувајќи за Христос, ја користи терминологијата на третиот стих од првото поглавје од Создавање, во кој се вели дека со зборот на Бога, над планетата Земја, каде што имаше темнина, се појави светлина, која ја растера темнината и даде знаење за Бога:   

„Зашто, Бог, Кој рече светлина да засвети од темнината, Тој засвети во нашите срца, за да ги осветли со познавањето на Божјата слава во лицето на Исуса Христа(2 Коринтјаните 4:6).

Значи, првото толкување за појавата на светлината во Создавање 1:3 е дека Христос ни го открива Бога и Неговите дела. Вториот слој, второто толкување, е тесно поврзан со првиот слој, темнината е дело на ѓаволот. Веќе кажавме дека не треба да се чудиме дека истиот симбол се применува и за доброто и за злото, и за Бога и за ѓаволот, а тоа е вообичаена практика во Библијата, па затоа е важно да се разгледа контекстот во кој се толкува овој или оној слој на Библијата. Значи, второто толкување е дека Христос е Светлината која се појави по волјата на Бога да го победи ѓаволот, односно да ја растера темнината на гревот и незнаењето во вселената:

„Во Него беше Животот и Животот им беше светлина на луѓето. Светлината свети во темнината и темнината не ја опфати(Јован 1:4,5).

„Беше Вистинска Светлина, Која го осветлува секој човек, што доаѓаше во светов“ (Јован 1:9).

„… Јас сум Светлина на светот(Јован 9:5).

„Народот, што седеше во мрак, виде голема светлина и на оние, што седеа во пределот на смртна сенка, им изгреа светлина(Матеј 4:16).

Денес ќе продолжиме да ги проучуваме наредните стихови од првото поглавје на Создавање (Битие) од библиска перспектива:

И Бог виде дека светлината е нешто добро; и ја оддели Бог светлината од темнината“ (Создавање 1:4; МКД, 2006).

И Бог виде дека светлината е добра; и Бог ја оддели светлината од темнината“ (Создавање 1:3; Константинов, 1999).

И виде Бог дека светлината е добра; и ја оддели Бог светлината од темнината“ (Создавање 1:3; Гаврилова, 1990). 

Обратете внимание на тоа дека кога се појави светлината, според словото на Севишниот Бог, Библијата, кажувајќи за реакцијата на Севишниот Бог на оваа светлина, вели: „И БОГ ВИДЕ ДЕКА СВЕТЛИНАТА Е НЕШТО ДОБРО“. Кажавме порано дека кога се користат термините „виде“, „спомна“ се применуваат на Сезнајниот Бог, тогаш не станува збор за истото, што ние подразбираме под овие термини кај луѓето, кога тие виделе или си спомнале. Бидејќи ние не сме сезнајни и семоќни, и затоа можеме да видиме нешто ново и непознато за нас, но Семоќниот Бог знае сè и за сè. Ние, поради слабоста на нашето тело можеме да заборавиме нешто, но Бог секогаш знае сè и за сè, и никогаш нема да заборави ништо како што ние забораваме. Затоа, кога се вели дека Бог видел и дал оценка за „виденото“, тоа значи дека Тој, во тој момент, посветил посебно внимание на она што го „видел“ за да му ги даде Своите карактеристики. И, како што разбирате, бидејќи Земјата е создадена за на неа да живеат луѓето, а исто така и како визуелен одговор на сите созданија во однос на прашањата што се појавиле кај созданијата, тогаш оценката на Севишниот, во однос на Светлината, односно Христос, Оној кој ќе ја растера темнината на незнаењето на созданијата, е „добро“. Односно, ако зборуваме на јазик што го разбираме, присуството на посредник помеѓу неразбирливиот Бог и сите созданија, во личноста на Божјиот Син, според Бога ова е добро. Добро за кого? За созданијата, зашто Бог е Самопостоечки, Сеприсутен, Самодоволен и не зависи од никого, но созданието го нема сето ова, и е целосно зависно од Бога, и ако почне да се сомнева во Него и оддалечува од Него, тогаш Бог нема да страда од ова, но за созданието ова за жал ќе заврши со смрт, бидејќи без врска со Бога, со Изворот на животот, нема живот, нема ништо:

„Го одвратиш ли лицето Свое – се збунуваат, им го одземеш ли духот нивен – умираат и во земјата своја се враќаат. Го праќаш ли духот Свој – се создаваат…“ (Псалм 104:29,30).

Затоа, Христовото посредништво беше предвидено од Бога уште од самиот почеток, не само за жителите на Земјата, особено кога Христос стана човек, туку и за целата вселена, дури и кога Тој имаше поинаква, Божествена природа:

„Откако ни ја откри тајната на Својата волја според Своето благоволение што го беше положил во Себе од порано во уредувањето и исполнувањето на времињата, за да соедини сè небесно и земно под една глава – во Христос(Ефесјаните 1:9,10).

„Кога, пак, ќе Му биде потчинето сè, тогаш и Самиот Син ќе Му се потчини на Оној, Кој Му потчини сè, за да биде Бог сè во сè“ (1 Коринтјаните 15:28).

Обратете внимание на тоа како е прикажано Христовото посредување овде, сите созданија се собрани заедно од Христос, и преку Него се потчинуваат на Божјата волја, откриена преку Него. И тогаш Христос, пред очите на сите што ги потчинил на Божјата волја, ќе ја покаже Својата покорност на Бога. Ова јасно покажува дека Христовата мисија била да биде ПОСРЕДНИК помеѓу созданијата и Бога, а не мисија да го замени Бога и да се направи Себеси како Бог за созданијата, таквото гледиште е во спротивност со јасните Божји зборови:

„Исус му рече: ’Јас сум патот… никој не доаѓа кај Отецот освен преку Мене’“ (Јован 14:6).

„Зашто еден е Бог и еден е Посредник меѓу Бога и луѓето – Човекот Христос Исус(1 Тимотеј 2:5).

А сè е од Бога, Кој нè измири со Себе преку Христос и ни го даде служењето на тоа измирување. Зашто Бог го измири светот со Себе преку Христос, не земајќи ги предвид престапите на луѓето, и го положи во нас словото на измирување. Па така, ние сме Христови пратеници, како Бог да зборува преку нас. Ве молиме во името на Христос: помирете се со Бога(2 Коринтјаните 5:18-20).

Значи, посредувањето на Божјиот Син меѓу Бога и сите созданија, според оценката на Бога е „добро“. Забележете, ова е многу важно, дека Бог не го „виде“ ова добро, во она што го создал од ништо, неуреденото небо и земја, покриени со темнина, но за светлината, односно за Христос и Неговата мисија на посредник се вели дека Бог даде оценка „добро“. Тоа не значи дека Бог создал лошо небо и земја, не, тоа зборува за тоа дека Бог во Својата бескрајна мудрост ја знае разликата помеѓу она што го создал и природата на Христос, роден од Отецот, а исто така тоа зборува дека Бог знае дека без посредник, созданијата никогаш нема да можат да го разберат, дури ни делумно Бога, бидејќи тоа е друга сфера, а ако тие не можат да разберат, тоа значи дека за созданијата, овие постапки на Бога, необјаснети од посредникот, ќе бидат покриени со темнината на недоразбирањето и незнаењето, а тоа не е добро, затоа штом се појави посредувањето на Божјиот Син, сè се осветлува, односно станува јасно за созданијата, а тоа е „добро“, таква оценка дава самиот Бог. Сега да се вратиме на стихот што го проучуваме:

„И БОГ ВИДЕ ДЕКА СВЕТЛИНАТА Е ДОБРА; И БОГ ЈА ОДДЕЛИ СВЕТЛИНАТА ОД ТЕМНИНАТА(СОЗДАВАЊЕ 1:4).

И Бог ја оддели светлината од темнината. Дали некогаш сте виделе животните, птиците или рибите, а да не зборуваме за растенијата, да се интересираат за Бога, да ја читаат Библијата? Зарем ова не е апсурдна изјава? Значи ние разбираме дека Библијата им е дадена на луѓето од Бога за да знаат каде да одат во животот, да имаат ориентир, водич:

Божјото ветување го славам; на Бога се надевам. Нема да се плашам; што може да ми направи човек?“ (Псалм 56:4).

Ги сокрив во срцето свое заповедите Твои, за да не грешам пред Тебе“ (Псалм 119:11).

„Копнее душата моја за Твоето спасение; јас се надевам во Твоите зборови“ (Псалм 119:81).

Твоето слово е светилник на нозете мои и светлина за патеката моја(Псалм 119:105).

Според тоа, во Библијата беше забележано дека Светлината е „добра“ не за животните, туку за луѓето, така и „одделувањето на светлината од темнината“ е направено за луѓето, со цел луѓето да разберат важна вистина. Како се одделува нешто од нешто? Но, пред се, ова одделување се случува во името, бидејќи сѐ што постои добива име според својството (карактеристиката) на она што се именува. Благодарение на името, пред сѐ разликуваме предмети, појави, различни термини. На пример, кога велиме круша, веќе разбираме дека тоа не е јаболко, но кога велиме круша и јаболко, разбираме дека зборуваме за различни плодови, а тоа стана возможно благодарение на имињата што им беа дадени! Бог ја оддели светлината од темнината со име, означувајќи ги за нас:   

Бог светлината ја нарече (именува, дава име) ден, а темнината ја нарече ноќ…“ (Создавање 1:5).

Втората поделба не е името, туку својствата, иако би било поправилно да се каже дека тоа е прва поделба, а името е втора, бидејќи името ги одразува својствата. Светлината и темнината се радикално различни, и затоа не можат да постојат заедно, бидејќи темнината е отсуство на светлина, а светлината е отсуство на темнина. Апостол Павле, кога зборува за светлината и темнината како духовни концепти, поставува прашање што подразбира негативен одговор:

„Не впрегнувајте се заедно со безверниците; зашто какво заедништво постои меѓу правдата и беззаконието? Што заедничко има меѓу светлината и темнината?“ (2 Коринтјаните 6:14).

Ако се вратиме на слоевите на толкување на Библијата, нема ништо заедничко помеѓу скриеното и откриеното, ако зборуваме за темнината како недостаток на разбирање на Божјите постапки. Ако Бог ни ја открие, преку Својот Син, Посредникот, вистината за Него, тогаш не можеме да кажеме дека незнаењето и откровението имаат нешто заедничко. Тоа се сосема спротивни термини. Штом човек нешто научи, неговото знаење ќе го замени незнаењето. Така е и со вториот слој на толкување, во кој светлината е Христос, а темнината е ѓаволот. Меѓу нив, нема ништо заедничко, ниту во природата, ниту особено во постапките, Христос е целосна доверба во Бога, ѓаволот е целосна недоверба во Бога, Христос е целосна послушност кон Бога, ѓаволот е бунт против Бога, Христос е спасител на човекот, ѓаволот е човекоубиец:

„…лебот што ќе го дадам Јас, е Моето тело, што ќе го предадам за животот на светот“ (Јован 6:51).

Зашто Синот Човечки дојде да го побара и да го спаси она што е загубено(Лука 19:10).

„… ѓаволоте човекоубиец од почетокот и не стои во вистината, зашто во него нема вистина. Кога зборува лага, говори од себе, зашто е лажливец и татко на лагата(Јован 8:44).

„… Јас вистината ви ја кажувам…“ (Јован 8:45).

„Крадецот (ѓаволот) доаѓа само да украде, да убие и да погуби. Јас дојдов за да имаат живот и да го имаат во изобилие(Јован 10:10).

Бидејќи нема и не може да има ништо заедничко помеѓу светлината и темнината, невозможно е да им служиме на двајца господари, или му служиме на Бога, преку Христос, или му служиме на ѓаволот и одиме против Бога и Христос, нема трета опција:

Какво согласие може да има меѓу Христос и Велијар? Или, што има заедничко меѓу верник и безверник? Каква спогодба има храмот Божји со идолите? Вие сте храм на живиот Бог, како што рекол Бог: ’Ќе се вселам во нив и ќе одам меѓу нив; ќе им бидам Бог, а тие ќе бидат Мој народ.Затоа излезете од нивната средина и одделете се!’ Вели Господ, и ’Не допирајте се до нечисто, и Јас ќе ве примам’(2 Коринтјаните 6:15-17).

Христос им рекол на Своите следбеници дека, следејќи ги Неговите стапки, треба да бидат како Него носители на светлината:  

Вие сте светлината на светот. Не може да се сокрие град, што се наоѓа на врв планина. Ниту, пак, светило се пали и става под поклопец, туку на свеќник, и им свети на сите в куќи. Така треба да свети пред луѓето и вашата светлина, за да ги видат вашите добри дела и да Го прослават вашиот Отец небесен“ (Матеј 5:14-16).

И апостол Павле прави јасна разлика меѓу децата на Бога и децата на ѓаволот, како што Бог ја дели светлината од темнината:

 „… да ги отфрлиме, пак, сите дела на мракот и да се облечеме во оружјето на светлината(Римјаните 13:12).

Вие некогаш бевте темнина, а сега сте светлина во Господ: живејте како деца на светлината(Ефесјаните 5:8).

„Бидејќи сите вие сте синови на светлината и синови на денот; ние не сме синови на ноќта, ниту на темнината(1 Солунјаните 5:5).

Стихот што го проучуваме вели:

„… И БОГ ЈА ОДДЕЛИ СВЕТЛИНАТА ОД ТЕМНИНАТА(СОЗДАВАЊЕ 1:4).

Овие зборови јасно ни кажуваат дека станува збор за духовни термини, а не за физички. Кога одделуваме (разделуваме) едно од друго, да речеме дека има мали камчиња во каша од леќа, кога можеме да кажеме дека ја одделивме леќата од камчињата? Тогаш, кога ќе се измешаат и ќе ги одделиме. Но светлината и темнината не можат да се мешаат заедно, бидејќи светлината е отсуство на темнина и обратно, темнината е отсуство на светлина, штом светлината свети, темнината веднаш исчезнува. Затоа, овие термини не можат да се мешаат, а доколку физички не можат да се измешаат, тоа значи дека кога зборуваме за нивно мешање и раздвојување, мислиме на духовните реалности, бидејќи, за жал, во духовниот живот, во созданието, во една личност можат да коегзистираат спротивни особини и добрина и злоба, чесност и измама, знаење и незнаење, служење на Бога и на ѓаволот, односно служење што не доаѓа од цело срце:   

„Амасија се зацари на дваесет и пет години и царуваше во Ерусалим дваесет и девет години; мајка му се викаше Јехоадан, од Ерусалим. Тој го правеше она што беше угодно пред очите на Господ, но не со полно срце(2 Летописи 25:1,2).

Иако ова е можно, но не може вака вечно, на крајот на краиштата, од двете спротивности човекот сепак ќе избере една, а ако не се покае за она што го поврзува со ѓаволот, тогаш ќе го остави она што го поврзува со Бога, како што се случи со царот Амасија:

„Кога си дојде Амасија по поразот на Едомците, ги пренесе боговите на Сеировите синови, ги постави кај себеси за богови и пред нив се поклонуваше и им кадеше. Поради тоа се разгори гневот Господов против Амасија, и Тој му испрати пророк, кој му рече: ’Зошто прибегнуваш кон боговите на тој народ, кои не го избавија својот народ од раката твоја?’ Додека тој говореше, царот одговори: ’Зар те поставив за царски советник? Престани, за да не те убијат!’ И пророкот престана, но го рече уште ова: ’Знам дека Господ решил да те погуби, бидејќи ти го направи тоа и не го послуша мојот совет’“ (2 Летописи 25:14-16).

Кога гледаме дволичност во нашето срце, а не целосна посветеност на Бога, мораме да сфатиме дека Бог ја одделил темнината од светлината и дека нема ништо заедничко меѓу нив, а тоа значи дека мора да одлучиме на чија страна сме и на кого му служиме, а испитното прашање за нас во овој поглед ќе биде прашањето што Бог го постави преку својот пророк Илија до отпадничкиот Израел:

„Тогаш Илија пристапи кон сиот народ и рече: ’Уште ли ќе куцате на двете колена? Ако Господ е Бог, врвете по Него; ако пак е Ваал – одете по него…’“ (1 Цареви 18:21).

Стихот од Библијата што го проучуваме многу јасно ни кажува дека е неопходно да се утврди дали сме со светлината или со темнината. Самиот Бог ги одделил овие термини, и заради нас и нашето спасение, Тој нема овие различни термини да ги меша заедно:   

„… И БОГ ЈА ОДДЕЛИ СВЕТЛИНАТА ОД ТЕМНИНАТА(СОЗДАВАЊЕ 1:4).

И уште еден стих со кој ќе се занимаваме денес е Создавање (Битие) 1:5:

„БОГ СВЕТЛИНАТА ЈА НАРЕЧЕ ДЕН, А ТЕМНИНАТА ЈА НАРЕЧЕ НОЌ. И НАСТАПИ ВЕЧЕР, И НАСТАПИ УТРО – ПРВ ДЕН“ (СОЗДАВАЊЕ 1:5).

Бидејќи при создавањето на светот и неговото уредување, Бог објаснил длабоки духовни работи преку визуелни физички слики, добиваме мешан опис и на физичките и на духовните појави, што е видливо од стихот што го читаме. Темнината, како што веќе забележавме, е отсуство на светлина, но подоцна, кога Бог ги создава физичките светила да бидат физички извор на светлина, се вели вака:

„Потоа Бог рече: ’Нека се појават светила на небескиот свод (за да ја осветлуваат земјата), за да го делат денот од ноќта… и нека бидат тие светилници на небескиот свод, за да ја осветлуваат земјата!’ И стана така. Бог создаде две големи светила: поголемо светило да управува со денот, и помало светило да управува со ноќта… и ги постави Бог на небескиот свод да ја осветлуваат земјата, и да управуваат со денот и ноќта, и да ја одделуваат светлината од темнината…“ (Создавање 1:14-18).

Гледаме дека за ноќта е даден светилник, односно Месечината, и соодветно на тоа ноќта не можеме да ја наречеме темнина, особено кога станува збор за ноќ со Месечина. Затоа, треба да разбереме дека кога се зборува за темнина, тогаш станува збор за духовни термини, бидејќи ноќта не е секогаш темнина, а кога Бог сака да испрати темнина, тогаш таа не доаѓа само со ноќта, ова бара дополнителни активности од Бога:

„И Господ му рече на Мојсеј: ’Крени ја сега раката своја кон небото, и ќе настане темнина по египетската земја… И Мојсеј ја подигна раката своја кон небото, и настана густа темнина по целата египетска земја, која потраја цели три дена; Луѓето не се гледаа еден со друг и никој не се поместуваше од местото свое три дена…“ (Излез 10:21-23).

Затоа, темнината во Библијата е повеќе духовен термин отколку физички:

„Секој ден бев со вас во храмот и не кренавте рака на Мене, но сега е вашето време и власта на мракот(Лука 22:53).

Додека терминот за „ноќ“ е повеќе физички отколку духовен термин, со неколку исклучоци кои се лесно видливи од контекстот, како на пример во овој стих:

„Јас треба да ги вршам делата на Оној што Ме прати додека е уште ден; зашто настапува ноќ кога не ќе може никој да работи“ (Јован 9:4).

Да преминеме на текстот што го проучуваме:

„…И настапи вечер, и настапи утро…“ (Создавање 1:5).

За жал, има многу христијани кои ги вадат овие зборови од контекст, велејќи дека вечерта и утрото не се цел ден, односно не го одредуваат денот, па затоа не ја празнуваат саботата, туку само дел од денот. Но, сѐ доаѓа на свое место кога внимателно ќе го погледнеме непосредниот контекст, како и стиховите што следат, и, што не е неважно, кога ќе прибегнеме кон здравиот разум, бидејќи, да се има само Библијата во рака, без здрав разум, дава уште потажен резултат отколку да се има здрав разум без Библија. Затоа што луѓето кои немаат Библија, но имаат здрав разум, гледајќи во создадениот свет, го сфаќаат Севишниот, но луѓето кои ја имаат Библијата во свои раце, но немаат здрав разум, доаѓаат до заклучок во своето расудување дека Севишниот има карактер на ѓавол, и тие толку многу ја извртуваат Библијата, па затоа и самите стануваат ѓаволи наместо христијани. Значи, што имаме овде во непосредниот контекст?

„И Бог виде дека светлината е нешто добро; и ја оддели Бог светлината од темнината. Бог светлината ја нарече ден, а темнината ја нарече ноќ. И настапи вечер, и настапи утро – прв ден“ (Создавање 1:4,5).

Во почетокот читаме дека кога Бог ги создал небото и неуредената земја, на земјата имало темнина, а самата темнина не може да се смета за ден. Потоа се појавува светлината, а самата светлината не може да се смета за ден. Бог одлучува да ја оддели светлината од темнината. Веќе претходно кажавме дека светлината е отсуство на темнина, а темнината е отсуство на светлина, така што тие не се мешаат едни со други, тие се веќе одделени со оглед на нивната различна природа, духовна и физичка. Но, како точно може да се одделат таквите спротивни термини како светлината и темнината, бидејќи кога светлината трепери, темнината веднаш исчезнува? И ако светлината трепери и темнината исчезне, тоа не може да се нарече, со еден збор, одделување на светлината и темнината. Бог постапил поинаку, Тој создаде, на некој начин слично, но сепак две различни граници меѓу светлината и темнината, што му овозможи да ја оддели светлината од темнината. Зошто две граници, а не една? Зарем не е доволно да се одделат две спротивности со граница? Доволно е ако овие две спротивности не се затворени да се менуваат една со друга, како што имаме со промената на денот и ноќта. Ние, на Земјата, имаме ден наизменично со ноќ, и  ноќ наизменично со ден, така што ни требаат две граници на поделба, помеѓу светлината и темнината. Границата што го дели денот и ноќта, кога денот се менува во ноќ, и втората граница што го дели денот и ноќта, кога ноќта се менува во ден, се различни граници според мислењето на Бога, а подоцна ќе разберете зошто. Затоа, кога Бог ја одделил светлината од темнината и темнината од светлината, денот од ноќта и ноќта од денот, поставил две граници, кои се нарекуваат вечер и утро. Вечерта е граница помеѓу денот и ноќта, кога денот се заменува со ноќ, а утрото е граница помеѓу денот и ноќта, кога ноќта се заменува со ден. Тоа е се, и нема ништо комплицирано во овој текст што го разгледуваме. Зборувајќи за овие две граници, Бог ни зборува за полни денови, во кои денот ја заменува ноќта, а ноќта денот, за луѓето со здрав разум тоа е очигледно. И за да бидеме сигурни дека кога зборува за вечер и утро, Тој зборува за ден, заедно со денот и ноќта, а не само за вечерта и утрото, погледнете ги следните стихови:   

„… И настапи вечер и настапи утро – втор ден(Создавање 1:8).

И настапи вечер, и настапи утро – трет ден(Создавање 1:13).

Ако зборуваме само за вечери и утра, а не за ден со ден и ноќ, тогаш го добиваме следниот апсурд: првиот ден е вечер и утро, без ден и ноќ. Вториот ден е исто така вечер и утро, без ден и ноќ, и третиот е ист, и четвртиот, и така натаму, според логиката на оние кои не разбираат дека кога Бог зборува за вечер и утро, за овие две граници помеѓу денот и ноќта, кога се менуваат, Бог природно зборува за денот и ноќта како такви, бидејќи тие се менуваат меѓусебно преку границите наречени вечер и утро. И тогаш излегува дека првиот ден е вечер, потоа утро, доаѓа вториот ден и од што се состои тој? Повторно од вечер и утро, што значи дека по утрото, поминувајќи го денот, дојде вечерта, а потоа утрото, и повторно по утрото, вечерта, и каде се светлината и темнината, кои беа разделени со две граници, вечерта и утрото. Или исчезнаа како резултат на нивното одделување, зошто тогаш требаше да се одделат? Тогаш Бог не ја одделил светлината од темнината, туку ја уништил светлината и темнината, верувате ли во ова? И како сега го посматраме денот и ноќта помеѓу вечерта и утрото? Дали тогаш повторно беа создадени? Но, зошто не е кажано? Исто така, не се вели дека Бог ја уништил светлината и темнината, и оставил само вечер и утро? А можете ли да замислите такво нешто, Бог да лаже, дека нарекува нешто како денови, односно ден, кои воопшто не се такви, туку се само мал дел од нив? Впрочем, основата на деновите не е вечер и утро, тие се само тенки граници меѓу светлината и темнината, а основата на деновите е денот и ноќта, а тие граници, временски се многу мали, и затоа не можат да се наречат денови. Но, тоа не е се, четвртиот ден генерално ја разоткрива апсурдноста на теоријата дека немало ден и ноќ, туку само вечер и утро, како што е напишано. Погледнете го четвртиот ден од уредувањето на небото и земјата:

„Потоа Бог рече: ’Нека се појават светила на небескиот свод (за да ја осветлуваат земјата), за да го делат денот од ноќта… и нека бидат тие светилници на небескиот свод, за да ја осветлуваат земјата!’ И стана така. Бог создаде две големи светила: поголемо светило да управува со денот, и помало светило да управува со ноќтаи ги постави Бог на небескиот свод да ја осветлуваат земјата, и да управуваат со денот и ноќта, и да ја одделуваат светлината од темнината. И Бог виде дека тоа е добро. И настапи вечер, и настапи утро – четврти ден“ (Создавање 1:14-19).

Ако нема ден и ноќ, туку само вечер и утро, тогаш, каде отиде сонцето откако по утрото веднаш започнува вечерта на следниот ден, ако одиме според теоријата на овие толкувачи на Библијата? Но, Бог јасно кажа дека сонцето треба да свети во текот на денот и стана така. Односно, има сонце, но сѐ уште нема ден, има само утро, и има месечина, но нема ноќ, има само вечер. Каква аномалија е ова и кога е исправена, бидејќи сега не ја гледаме? И како може Бог подоцна, во Својот закон, да ни каже „шест дена работи“, подразбирајќи под терминот ден, нормален ден, со ден и ноќ, вечер и утро, а во исто време да каже дека Тој Самиот за шест дена го создал (уредил) светот, ако не го уредил во такви полни денови како што имаме сега, туку во скратени, во кои има само вечер и утро, но не и ден и ноќ?   

„Помни го саботниот ден, за да го празнуваш; Шест дена работи, и врши ги во нив сите свои работи; а седмиот ден е сабота Господова, ден на твојот Бог; тогаш немој да вршиш никаква работа, ни ти, ни синот твој, ни ќерката твоја, ни слугата твој, ни слугинката твоја, ни добитокот твој, ниту придојдениот, кој се наоѓа кај тебе. Зашто за шест дена ги создаде Господ небото и земјата, морето и сè што е во нив, а во седмиот ден си отпочина: заради тоа Господ го благослови седмиот ден и го освети“ (Излез 20:8-11).

Затоа, ако имаме здрав разум и го користиме како што е замислено, односно, во проучувањето на Библијата, лесно ќе ја разбереме полнотата на вистината, која, можеби, не е детално опишана со зборови, туку шематски, со контури, меѓу кои треба да се повлече линија со разумот и логиката, која ќе ја покаже вистината во целост, како и во описот на денот, кога со зборовите вечер и утро се дава „контура“ на денот и наша задача е да ја доведеме оваа „контура“ до целосна слика!

Покрај тоа, може да се даде уште еден аргумент. Кога кај нас, односно во местото каде живееме имаме вечер, на другата хемисфера е утро, и обратно, односно ако ја земеме целата Земја, тогаш присуството на утро на едната хемисфера и вечерта на другата хемисфера кажува дека во просек поминал еден ден на Земјата! И настапи вечер, и настапи утро – прв ден, втор ден и така натаму!  

Но, ние не го проучуваме ова за да знаеме подобро географија или астрономија. Писмото ни е дадено за да можеме да извлечеме духовни поуки од физичкиот свет, особено затоа што духовното е примарно, а физичкото е секундарно. Она што го гледаме од физичкото создавање е илустрација на духовните нешта, бидејќи многупати претходно забележавме дека планетата Земја и сѐ што е на неа е создадена како визуелна помош давајќи одговор на созданието во врска со бунтот на сатаната против Севишниот и Неговиот Син. Значи, духовното е примарно, и мора да научиме да црпиме духовни поуки од физичкиот свет. Токму тоа Божјиот Син совршено го совладал. Затоа што Тој го уредил нашиот физички свет врз основа на духовната потреба да се даде одговор на бунтот на сатаната.

Значи, што имаме ние, кои се духовните поуки што ни ги дава Бог во овие две граници на поделба на светлината и темнината, односно вечерта и утрото? На изглед, овие две граници на светлина и темнина, односно ден и ноќ, се многу слични една на друга, тоа е време кое не е ден, но уште не е ноќ, или не е ноќ, но уште не е ден. Ќе ви дадеме мало навестување за тоа како тие се разликуваат од духовна гледна точка, слушајте ги овие изрази, „уште не е темнина, но, уште не е светлина“, „уште не е светлина, но, уште не е темнина“. Кај Евреите, овие две граници на светлина и темнина се карактеризираат на следниов начин:

ВЕЧЕР ערב (eрEв), во тоа време се мешаат контурите на сите тела и предмети. Тоа значи дека ако во текот на денот сите предмети се јасно видливи, односно што е што, а ноќе, ако нема месечина, сите предмети се практично невидливи, барем не јасно, бидејќи особено децата се плашат од темнината, бидејќи животно може да се смета за маса или стол. Така, вечерта е време кога се мешаат контурите на сите тела и предмети.  

УТРО בוקר (бokEр), е време спротивно на вечер, бидејќи во тоа време повторно почнува да се препознаваат контурите на сите тела и предмети. Односно, едноставно кажано, вечер е движење од светлина кон темнина, а утро е движење од темнина кон светлина. Забележете дека ова не е исто во однос на насоката на движење? Животот на верникот се одвива во една од двете духовни насоки, кои се нарекуваат вечер, што е движење од светлина кон темнина, и утро, што е движење од темнина кон светлина. Еве како Библијата ни го открива тоа. Патот од темнина кон светлина, односно „утро“:

„Патеката на праведните е како болскава светлина, која свети сè повеќе и повеќе, дури не настане ден(Изреки 4:18).

А праведничката патека е како светлината на разденувањето, што е сè појасна до полниот ден (Изреки 4:18; Константинов 1999).

Патот на праведникот не поминува во апсолутна светлина, не, тој поминува од темнина во светлина, односно станува „утро“, расте во светост, односно почнува јасно да го гледа и разбира, во светлината добиена од Севишниот, она што не го видел и не го разбрал кога бил во темнината на незнаењето. Истата мисла дека патот на праведниците е пат од темнина кон светлина, ја наоѓаме кај апостол Петар:

„А освен тоа, ние имаме нешто уште поверно, а тоа е пророчкото слово; и добро правите што нему му обрнувате внимание, како на светило што свети на темно место, додека денот осамне и Деницата засвети во вашите срца(2 Петрово 1:19).

Апостол Петар вели дека Библијата ни е дадена така што со нејзина помош, во нашата душа, односно во нашиот духовен живот, наместо темнина да осамне денот. Тој исто така ја спомнува ѕвездата Деница, во духовниот живот, ова е Христос:

„Јас, Исус… сум… сјајната ѕвезда Деница“ (Откровение 22:16).

Ако ги погледнете утринските ѕвезди во физичкиот свет, тогаш овие ѕвезди се ѕвезди што ѝ претходат на зората, односно го најавуваат доаѓањето на утрото, по што започнува денот!

Погледнете што вели Библијата за патиштата на беззакониците:

А патот на беззакониците е како темнина; тие не знаат, од што ќе се сопнат(Изреки 4:19).

Патот на беззакониците е темнина, ако верникот почне да греши, тогаш тој се оддалечува од светлината во која се наоѓал и почнува да оди кон темнината, односно, тоа е пат од светлина во темнина, фигуративно кажано, ова е „вечер“, кога човекот постепено се помалку  и помалку ги разликува предметите, а во духовниот живот престанува да ја разликува фундаменталната разлика помеѓу доброто и злото, односно тоа е состојба на духовна вечер, по која, според законот утврден од Самиот Бог, ќе следи темнина. По овој пат очигледно тргнал Јуда Искариот, кој најпрвин ги украл заедничките пари што луѓето ги давале на Христос и на апостолите, односно не видел некое особено зло во ова, сметајќи се себеси достоен за овие средства:

„… тој… беше крадец. Тој го чуваше ковчежето и крадеше од она што пуштаа во него“ (Јован 12:6).

Поради тоа, Божјата светлина се повлече од неговата душа, а темнината на ѓаволот се зголеми, додека тој не дојде под негова власт и отиде да го продаде својот Господ:

И влезе сатаната во Јуда, наречен Искариот, кој беше вброен меѓу Дванаесетте. И кога отиде, се договори со првосвештениците и началниците, како да им Го предаде. Тие се зарадуваа и се спогодија со него да му дадат сребреници(Лука 22:3-5).

„Тогаш еден од дванаесетте, по има Јуда Искариот, отиде кај првосвештениците и рече: ’Што ќе ми дадете, па да ви Го предадам?’ А тие му предложија триесет сребреници. И оттогаш тој бараше погодно време да Го предаде(Матеј 26:14-16).

И конечно, тој влегол во целосна темнина тогаш кога ја напушта Вечерата, оттаму каде што можел да добие прошка и исцеление. Сатаната целосно влегол во него и го оставил Христа за да донесе војници да го фатат Христа, и еве колку јасно зборува Библијата за ова:

„Исус одговори: ’Оној е, на кого Јас ќе му натопам залак и ќе му го подадам.’ И кога натопи залак, му го подаде на Јуда Симонов Искариот. И тогаш, по залакот, сатаната влезе во него… А тој, штом го зеде залакот, веднаш излезе. А беше ноќ(Јован 13:26-27,30).

Каде отиде? Го остави Христа, Светлината и влезе во ноќта, а ова уште еднаш кажува дека неговиот духовен пат може да се нарече „вечер“, односно, постепен премин од светлина во темнина, овој пат завршува многу тажно:

„Тој ги фрли сребрениците во храмот, излезе и отиде, та се обеси(Матеј 27:5).

Темнината, односно злото, целосно го зафати. Им посакуваме на сите, и пријателите и  непријателите, вашиот духовен пат да не е „вечер“, односно премин од светлина во темнина, туку да е „утро“, односно премин од темнина во светлина, на крајот од ова патување нè очекува полн ден, односно вечен живот во Божјата светлина, во непосредна присутност, покрај Синот Божји!

И последното нешто што треба да го земеме во предвид во стихот што го проучуваме се последните зборови од стихот:

„… И НАСТАПИ ВЕЧЕР, И НАСТАПИ УТРО – ПРВ ДЕН!“ (СОЗДАВАЊЕ 1:5).

На крајот од првиот ден Бог рече „прв ден“. Има толку многу шпекулации околу овие зборови. Некои велат дека станува збор за симболичен ден, кој всушност може да изнесува илјада години, наведувајќи ги следниве текстови:

„Зашто пред Твоите очи илјада години се како вчерашен ден…“ (Псалм 90:4).

„Но внимавајте, возљубени, да не го изумите само тоа дека за Господ еден ден е како илјада години, а илјада години – како еден ден(2 Петрово 3:8).

Други веруваат дека овој ден, при создавањето на Земјата бил еднаков на буквална година, а го наведуваат исто така и текстот од Библијата:

„…ден за година, ден за година ти определив“ (Езекиел 4:6).

Кога се проучува Библијата, многу е важно да разбереме дека кога станува збор за ден, тоа не е секогаш буквално ден, туку симболичен ден кој може да биде еднаков на година или дури илјада години. Ако симболично ги проценуваме сите денови и го заборавиме буквалното значење, тогаш е можно да развиеме таква приказна што писателите на научна фантастика ќе се одморат по нашите есеи. На пример:

„Натопувањето на земјата потраја четириесет дена; водата надојде и го подзеде ковчегот; и тој се крена од земјата“ (Создавање 7:17).

Ако броиме ден за година, тогаш врнело дожд 40 години, но со што би ги хранел Ное сите во ковчегот четириесет години, особено затоа што ова не е крајот на потопот, туку само негов почеток? Впрочем, понатаму се вели:

„А водата беше над земјата сто и педесет дена(Создавање 7:24).

Уште 150 години заточеништво во ковчегот, дали разбирате дека ова е апсурдно, а да не зборуваме дека ако оваа историја се разгледува во поинакво толкување, дека еден ден е 1000 буквални години, во ова толкување, 40-те дена дожд, се претвораат во 40.000 години, мислам дека за тоа време би се излеала многу повеќе вода отколку да ги покрие планините на Земјата, а Земјата не постои толку години, а водата се зголемувала на Земјата 150.000 години, па, тоа е тотална глупост, што би се случило со Ное и сите во ковчегот за 150.000 години? Дури и мумиите на фараоните не се толку стари и се мумифицирани, а Ное и сите во ковчегот се живи, така што немаат шанса да преживеат за потомството, па дури ни да дадат потомство! Така повторно гледаме дека покрај читањето на Библијата, повторно ни треба здрав разум, без него никаде не можеме да одиме, затоа Бог нè создал со способност за разумно размислување! Тоа што при уредувањето на земјата станува збор за буквални денови, јасно е, како прво од заповедта, каде што се прави аналогија – паралела – меѓу Божјите дела и делата на човекот:  

„Помни го саботниот ден, за да го празнуваш; Шест дена работи, и врши ги во нив сите свои работи; а седмиот ден е сабота Господова, ден на твојот Бог; тогаш немој да вршиш никаква работа, ни ти, ни синот твој, ни ќерката твоја, ни слугата твој, ни слугинката твоја, ни добитокот твој, ниту придојдениот, кој се наоѓа кај тебе. Зашто за шест дена ги создаде Господ небото и земјата, морето и сè што е во нив; а во седмиот ден си отпочина: заради тоа Господ го благослови седмиот ден и го освети“ (Излез 20:8-11).

А исто така, тоа може јасно да се види, особено од четвртиот ден од создавањето на сѐ што е на небото и на земјата, кога биле создадени сонцето и месечината:

„Потоа Бог рече: ’Нека се појават светила на небескиот свод (за да ја осветлуваат земјата), за да го делат денот од ноќта… и нека бидат тие светилници на небескиот свод, за да ја осветлуваат земјата!’ И стана така. Бог создаде две големи светила: поголемо светило да управува со денот, и помало светило да управува со ноќта и ги постави Бог на небескиот свод да ја осветлуваат земјата, и да управуваат со денот и ноќта, и да ја одделуваат светлината од темнината. И Бог виде дека тоа е добро. И настапи вечер, и настапи утро – четврти ден(Создавање 1:14-19).

Беа создадени две светила, да управуваат со денот и ноќта. Понатамошното броење на деновите продолжува како и досега, но денот се дефинира со присуството на сонцето на небото, а ноќта со присуството на месечината на небото. Како можеме да ги услогласиме двете различни значења кои се применуваат на денот и ноќта, да речеме дека денот е буквален ден, и денот е 1000 години, кога дефиницијата за ден се менува во четвртиот ден поради појавата на сонцето и месечината, но броењето на сите денови на создавањето продолжува непроменето. Како е ова можно? И третиот аргумент е дека станува збор за буквални денови, а не за симболични денови, години, а уште помалку за милениуми, ако денот е година, каква би била годината без сончева светлина, со вегетација и дрвја формирани во третиот ден?   

Земјата пушти од себе зеленило: трева што дава семе според својот род, (и вид), а и (плодоносни) дрвја што раѓаат плод, чие семе е според нивниот род. И Бог виде дека тоа е добро. И настапи вечер, и настапи утро – трет ден(Создавање 1:12,13).

Не зборуваме за тоа што би се случило со нив без сончева светлина за 1000 години, ако денот на создавањето е еднаков на 1000 години, како што веруваат некои толкувачи на Библијата! И, зарем не го омаловажуваме Бога кој 1000 години собирал вода на едно место за да се појави копно? Затоа, нема друго решение освен да се признае дека создавањето на сè на небото и на земјата се случило во буквални денови, односно за само 7 буквални дена. А најинтересно е што Бог ни остави толку јасен знак дека ова се буквални денови што едноставно е невозможно да не се забележи, еве го:

„И БОГ ЈА НАРЕЧЕ СВЕТЛИНАТА ДЕН, А ТЕМНИНАТА ЈА НАРЕЧЕ НОЌ. И ИМАШЕ ВЕЧЕР И ИМАШЕ УТРО, ЕДЕН ДЕН(СОЗДАВАЊЕ 1:5; TANAKH 1917).

„И СВОДОТ БОГ ГО НАРЕЧЕ НЕБО. (И ВИДЕ БОГ ДЕКА ТОА Е ДОБРО). И НАСТАПИ ВЕЧЕР И НАСТАПИ УТРО – ВТОР ДЕН“ (СОЗДАВАЊЕ 1:8).

„И НАСТАПИ ВЕЧЕР, И НАСТАПИ УТРО – ТРЕТ ДЕН(СОЗДАВАЊЕ 1:13).

„И НАСТАПИ ВЕЧЕР, И НАСТАПИ УТРО – ЧЕТВРТИ ДЕН(СОЗДАВАЊЕ 1:19).

„И НАСТАПИ ВЕЧЕР, И НАСТАПИ УТРО – ПЕТТИ ДЕН(СОЗДАВАЊЕ 1:23).

„…И НАСТАПИ ВЕЧЕР, И НАСТАПИ УТРО – ШЕСТИ ДЕН(СОЗДАВАЊЕ 1:31).

Што гледате? Сите денови, освен првиот, се означени со набројување, втор ден, трет, четврти, петти, шести, а само првиот ден во Библијата не се нарекува прв ден, туку е наречен еден ден (хебрејски, руски и други преводи). Зошто? Затоа што, кога поставувате темели на куќата, тоа е големината, обемот на куќата. Луѓето мора правилно да го разберат првиот ден на создавањето; ако не го сторат тоа, тогаш, по аналогија, и сите наредни денови ќе бидат погрешно разбрани. Односно, ако неправилно го поставите темелот од самиот почеток, односно правилното разбирање, тогаш структурата на куќата исто така ќе биде неправилна, односно разбирањето на целото Писмо исто така ќе биде неточно! Значи, кога зборуваме за првиот ден, Бог сакаше да разбереме дека сè што се случило во првиот ден не е ништо друго туку „еден ден“, не нешто друго, не година, не илјада години, туку точно еден буквален ден, затоа Тој во Своето Слово го нарекува како „еден ден“. И кога ќе го разбереме ова, го поставуваме вистинскиот темел за разбирањето на Библијата, а потоа правилно ја градиме целата структура, односно правилно разбираме дека следните денови на создавањето се исто така буквални денови. И бројките втор, трет, четврти и така натаму потврдуваат дека сите наредни денови се исто така буквални денови, исто како и првиот, кој е во целосна хармонија и со Божјиот закон и со целата Библија!  

Еве што научивме денес:

  1. Бог одредил според Неговата волја дека е добро да има посредник меѓу Него и сите созданија во лицето на Неговиот Единороден Син Исус!
  2. Самиот Бог со Својата света волја ја одделил светлината од темнината и меѓу нив нема ништо заедничко, па секој мора да одлучи на чија страна е – на страната на светлината или темнината!
  3. Вечерта и утрото се две граници меѓу светлината и темнината. Тоа се два пата – едниот, од светлината кон темнината, ова е патот на уништувањето, а другиот, од темнината кон светлината, ова е патот на спасението!
  4. Кога зборуваме за 7-те денови на создавањето (уредувањето) на небото и земјата, Бог зборува за 7 буквални денови, без никаква симболика, што се потврдува со зборовите „еден ден“.
Сподели го ова:

Слични објави