ПОСЕБЕН ДАР ЗА ИЗГРАДБА НА САНАТОРИУМ НА ФИЛИПИНИТЕ

Сподели го ова:

 Филипини е држава во Југоисточна Азија, која се наоѓа пред се по должината на Пацификот. Таа е составена од 7100 острови со преубави бели песочни плажи како El Nido, Palawan и Boracay во центарот на Visayas.

Тоа е и дом на огромниот орел познат како “филипинскиот орел кој јаде мајмуни”, и на Tarsier, еден од најмалите мајмуни во светот. Во Југоисточниот дел можат да се најдат  егзотични овошки како durian, mangosteen, marang, lanzones, крушки, манго, star apples, ананас, банани и кисела супа кои се достапни во изобилство.

Активностите на Реформното движење започнале во 1958. година кога брат Лаврик пристигнал во јужниот дел на земјата. Неколку години подоцна братот Д. Николиќ дошол во истото место, ја испитал состојбата и конечно ја организирал работата.

Денес во Филипини има речиси 1.400 членови во пет полиња кои ја сочинуваат Конференцијата на Филипинската Унија. Таа има мисионерско училиште со две годишна училишна програма, а постои и основно училиште и една радио станица која работи во кампусот.

Нашите браќа се предано вклучени во здравствено-мисионерската работа и мнозина од нив ја  користат како извор на нивната егзистенција. Тие работат во приватни клиники кои промовираат природно лекување и произведуваат лекови од билки. Овој проект  помогна приходот на десетокот во црквата да расте во изминативе неколку години. Сепак, мнозина од нивните пациенти имаат потреба од дополнителна грижа и домашно лекување, кое тие го немаат. Ова ги наведе браќата да размислуваат за изградба на санаториум“ – Counsels on Health, 171.

„Во текот на ноќта  ми беше дадена визија за еден санаториум во природа. Установата не беше голема, но таа беше завршена. Санаториумот беше опкружен со прекрасни дрвја и грмушки, зад кои беа  овоштарници и градини. До зградата се наоѓаа и градини во кои пациентките, можеле да одгледуваат секакво цвеќе. Секој пациент бирал парцела за која се грижел. Вежбата на отворено во овие градини е пропишана како дел од редовните третмани“. – Counsels on Health, 171, 2.

„Сцена по сцена поминаа пред мене. Во една сцена голем број на пациенти кои страдаат доаѓаа во еден од нашите санаториуми. Во друга сцена ја видов истата установа, но, ох, колку е изменет нивниот изглед! Болестите ги нема, кожата беше чиста, изразот на лицето радосен;  и телото и душата биле оживеани со нов живот.” – Counsels on Health, 171.

Раководејќи се од  наведените резултати од Вдахновението. директорот на Одделот за здравство при генерална конференција неколку пати ги посетил Филипините и заедно со тамошните браќа барал место на село за изградба на санаториум кој ќе им служи не само на жителите на Филипини, туку и на  луѓето од целиот свет. Тие пронашле имот од 4.8- хектари кој чини околу 65.000 американски долари. Тој имот е оддалечен околу два часа возење од аеродромот во градот Давао.

За да се реализира овој проект на Филипинската Унија и е потребна  помош од браќата од целиот свет, затоа Одборот на генерална конференција одредил во текот на Саботната школа во сите наши цркви во третата сабота од месецот април ( 15 април 2017 ) да се собере посебен дар за оваа цел .

Се надеваме и се молиме дека, кога ќе биде собиран дар за оваа потреба, ќе се сетите за проектот за изградба на санаториум на Филипините.

Вашите браќа од Филипините и Одделот за здравство при генерална конференција.

http://sdarm.org/news-events/news/2017-03-30/philippines-appeal

Сподели го ова:

Слични објави