ПОРАКА ОД ПРЕТСЕДАТОЛОТ НА ГК
Божји благослови за Нова година! Порака од претседателот на ГК
Драги браќа и сестри ширум светот,
Топли христијански поздрави со следниве вдахновени зборови: „Ноќта помина, а денот наближи. Затоа да ги отфрлиме делата на темнината, а да се облечеме во оружјето на светлината. Ноќта одминува, а денот се приближи; да ги отфрлиме, пак, сите дела на мракот и да се облечеме во оружјето на светлината… туку облечете се во нашиот Господ Исус Христос, и не мислете како да ги задоволите похотите на телото“ (Римјаните 13,11.12.14).
Неодамна, имав привилегија да посетам некои од нашите постари пионери. Еден од нив ми рече: „Брате Силва, секое зајдисонце е знак дека доаѓањето на Господ е поблиску.“ Кога клекнав да се молам, сфатив дека главната надеж на тој брат е наскорода си оди дома со Христос.
Според вдахновените зборови на апостол Павле наведени погоре, време е да се разбудиме од сонот. Павле објаснува дека: „Сега спасението ни е поблизу, отколку кога поверувавме“.
Кога ќе ја имаме во предвид реалната состојба во нашиот свет – полн со насилство, корупција во сите сфери на животот, болести, семејни кризи – гледаме дека пророштвата бргу се исполнуваат.
Каква е нашата духовна состојба како поединци, како семејства, и како црква?
Какви работи ги преокупираат нашите умови? Дали Библијата е книга на која сериозно и го посветуваме нашето внимание? Какви се нашите разговори?Дали зборуваме за небески работи? Или повеќе сме фокусирани кон нашите домови, автомобили и нашиот бизнис? Во својата беседа на гората, Исус рекол: „Но барајте го најнапред царството на Бога и Неговата правда, и сè ова ќе ви се придодаде“ (Матеј 6,33).
Кои приоритети ни беа во фокус во 2016. година? Кои се нашите приоритети во новата година која бргу се приближува?
Имајте на ум дека ние требаме да бидеме подготвени секој ден за Христовото доаѓање. Ние не можеме да ја одложиме нашата подготовка, очекувајќи дека во иднина ќе бидеме подготвени. Ние имаме потреба денес да бидеме подготвени.
Во Евреите 3. поглавје ги читаме свечените зборови: „Браќа, гледајте, да не би во некого од вас, да има зло и неверно срце, та да отстапи од живиот Бог. Туку храбрете се секој ден еден со друг додека сè уште се вели: „Денес”, та никој од вас да не отрпне преку измамата на гревот;зашто ние станавме соработници на Христос. Само ако ја задржиме цврсто до крај првобитната цврста подлога;додека се вели: „Денес, кога ќе го чуете Неговиот глас, да не отрпнат срцата ваши онака како кога се побунивте.“ (Стихови 12-15).
До верниците во Колоси Павле напишал: „И така, ако сте воскреснале заедно со Христос, барајте го она што е горе, каде што Христос седи оддесно на Бога;мислете за небесното, а не за земното.Зашто вие умревте, и вашиот живот е сокриен со Христос во Бога.А кога ќе се јави Христос, вашиот живот, тогаш и вие ќе се јавите со Него во слава.“ (Колосјаните 3,1-4).
Дали можеме да ја знаеме реалноста на нашиот духовен живот? Да ние можеме.
Во книгата Патот кон Христа, поглавје 7 –наоѓаме практичен начин како да ја дијагностицираме нашата духовна состојба: „Иако делото на Духот е нечујно и незабележливо, последиците се видливи. Ако срцето е обновено од страна на Божјиот Дух, животот тоа ќе го потврди. Иако ние самите не можеме ништо да сториме да го промениме своето срце, или пак себеси да се доведеме во склад со Бога, иако не смееме да се потпираме на себеси или на своите добри дела, нашиот живот ќе покаже дали Божјата благодат пребива во нас. Ќе се види промена во карактерот, навиките и стремежите. Ќе се види јасна разлика меѓу она што тие биле и она што се сега. Карактерот не се открива со случајни добри или лоши дела, туку со склоности кои се покажуваат во вообичаените зборови и постапки.“
Точно е дека може да се открие надворешна коректност во однесувањето без обновувачката Христова сила. Влијанието на љубовта и желбата за почит од другите може да произведе уреден живот. Самопочитта може да нѐ наведе да ја избегнеме појавата на злото. И себичното срце може да врши великодушни дела. На кој начин, тогаш, можеме да утврдиме на чија страна сме?
Чие е нашето срце? Со кого се нашите мисли? Со кого сакаме да разговараме? Кој ги поседува нашите најтопли чувства и нашите најдобри енергии? Ако сме Христови, нашите мисли се со Него, и нашите најпријатни мисли се за Него. Сѐ што имаме ќе биде посветено Нему. Ќе копнееме да го носиме Неговиот лик, да го имаме Неговиот Дух, да ја чиниме Неговата волја и да Му угодиме во сѐ.
Оние што стануваат нови созданија во Исуса Христа, ќе откријат плодови на Духот во нивниот живот, а тоа се,„љубов, радост, мир, долготрпеливост, благост, добрина, верност,кротост, воздржливост“ (Галатјаните 5,22.23). Тие повеќе нема да се раководат според своите поранешни телесни желби, туку со верата во Божјиот Син тие ќе одат по Неговите стапки, ќе го одразуваат Неговиот карактер, и ќе се очистатсебеси како што Тој е чист. Она што некогаш го мразеле сега го сакаат, а работите што некогаш ги сакале сега ги мразат. Гордите и самоуверените стануваат кротки и понизни во срцето. Суетните и вообразените стануваат сериозни и ненаметливи. Пијаницата станува трезен, а развратникот чист. Празните обичаи и светските манири сеотфрлаат. Христијаните нема да бараат „надворешнаубавина“, туку „внатрешна, во срцето на скриениот човек, во кроток и тих дух“ (1 Петрово 3,3.4).
„Не постојат докази за вистинско покајание, освен ако се изврши реформа во животот. Ако гоисполни ветувањето,ако го врати она што гоукрал, ако ги признавасвоите гревови,ако го љуби Бога исвоите ближни, дури тогаш грешникот може да биде сигурен дека преминал од смрт во живот.
„Кога како заблудени грешни суштества ќе дојдеме кај Христа и ќе добиеме простување и благодат, љубовта се раѓа во нашето срце. Секој товар ни е лесен; бидејќи е лесен јаремот што го нуди Христос. Должноста станува уживање, а жртвата задоволство. Патот кој порано ни се гледаше мрачен, сега е осветлен со зраците на Сонцето на Праведноста“ (Патот кон Христа, 44).
Знаејќи ја нашата вистинска состојба и свесни што Бог очекува од Неговите верни деца, нека нашата цел за новата година биде да издвоиме време за проучување на Божјото Слово, побожно размислување и молитва. Нека нашите домови бидат домови на молитва, Ветил, така што наскоро можеме да бидеме во нашиот небесен дом со своето семејство за вечност. Да ја заземеме позицијата на Исус Навин, кога тој изјавил: „А, пак, јас и домот мој ќе му служиме на Господ“ (Исус Навин 24,15).
Им посакувам на сите наши браќа и сестри благословена нова година, исполнета со Божја благодат!
Срдечно, во Исус Христос,
DaviPaesSilva