НОВОГОДИШНА ПОРАКА ОД ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ГЕНЕРАЛНА КОНФЕРЕНЦИЈА

Сподели го ова:

Сонцето на правдата

Еден трговец дошол во едно село продавајќи ситни камења за кои тврдел дека ќе светат ноќе. Секој камен дошол во модерна дрвена кутија. Кога трговецот го напуштал селото, тој продал многу скапоцени камења.

Луѓето, кои можеа да си дозволат камен, го собраа семејството и соседите во своите домови на зајдисонце со возбудено очекување да видат како свети каменот. Но какво разочарување, кога настапи темнина, каменот не светеше!

Таа ноќ, жителите на селото заспаа разочарани и се чувствуваа измамени од трговецот.

Следното утро, еден купувач со разочарување гледал во камената кутија, кога ја превртил малата кутија го видел упатството: „За да свети овој камен ноќе, изложете го најпрвин на големата сончева светлина“.

Веста брзо се проширила низ селото и секој, кој го изложил својот камен на сонце во текот на денот, среќно уживал во светењето на каменот преку ноќта.

Божјото Слово ни кажува дека Бог е нашето сонце и штит (Псалм 84:11), а Христос е Сонцето на правдата (Малахија 4:2) кое носи исцелување на нашите души.

Како можеме да светиме?

Бог нè повикува да светиме во овој мрачен свет (Матеј 5:16). Но, ние немаме светлина во себе со која треба да светиме; за да светиме, ние треба прво да ја примиме светлината на Сонцето на правдата во нашите животи.

„Како што цветот се врти кон сонцето, за блескавите зраци да можат да му помогнат во усовршувањето на убавината и симетријата, така и ние мораме да се свртиме кон Сонцето на праведноста за да може небесната светлина да нè осветли и да го развие нашиот карактер по примерот на Христа. {ПХ 68.2}

Ние треба да светиме живеејќи според библиските принципи, покажувајќи им на оние околу нас дека нашето царство не е од овој свет. Но, ова можеме да го сториме само ако сме поврзани со Исус:

„… зашто без Мене не можете да направите ништо“ (Јован 15:5).

Жителите на селото научиле дека, колку повеќе го изложуваат каменот на сонце, толку повеќе ќе свети ноќе. Истото важи и за нас. Колку повеќе се изложуваме на Сонцето на правдата, толку повеќе ќе светиме за слава на Бога.

„Дали залудно ќе свети Сонцето на Правдата? Со оглед на она, што Бог го направил, можат ли Неговите барања да бидат помали за вас?“ {СЕ 96}

Да дозволиме Светиот Дух да ги исполни нашите срца со светлината на благодатната љубов кон Христа, така што ќе ја манифестираме Неговата светлина во нашите постапки секој ден од оваа Нова година.

Вашиот брат во Блажената надеж,

Ели Тенорио.

Сподели го ова:

Слични објави