НОВО! ОД ПЕЧАТ ИЗЛЕЗЕ НОВА КНИГА „ОСУМ МОЌНИ ИСЦЕЛИТЕЛИ.“
Едукацијата на здравствените принципи, никогаш не била толку неопходна како денес. Без оглед на зачудувачкиот напредок во многу насоки поврзани со комфорот и удобноста на животот, здравствените прашања и лекувањето на болестите, опаѓањето на виталноста и физичката издржливост се се поалармантни. Тоа го привлекува вниманието на сите, на кои благословот и среќата на ближните им лежи на срцето.
Употребата на природните лекови бара многу грижа и труд, што многумина немаат волја да ги прифатат. Природниот процес на исцелување и закрепнување на заболениот е постепен и за оние, кои немаат трпение, може да биде многу бавен. Откажувањето од лошите навики бара жртва. Но на крајот ќе се покаже дека природата, доколку не ја попречуваме, мудро и добро ќе ја заврши својата работа. Таа ги наградува со здравје на телото и умот оние, кои истрајуваат во почитувањето на нејзините закони.