ДРАГИ БРАЌА ШИРУМ ЦЕЛИОТ СВЕТ

Сподели го ова:

Ви испраќам топли христијански поздрави со вдахновените зборови: Но не се молам само за нив, туку и за оние што преку нивните зборови ќе поверуваат во Мене, за да бидат сите едно, како што си Ти, Оче, во Мене, и Јас во Тебе; па така и тие да бидат во Нас едно, и да поверува светот дека Ти си Ме пратил.“ – Јован 17:20,21.

 

Исус бил на пат за Гетсиманија и Голгота. Пред да ја доживее својата страшна агонија, Тој ја изразил својата загриженост за Неговите ученици. За жал, иако биле со својот Учител повеќе од три години, учениците сѐ уште имале погрешни сфаќања за Божјото царство и се бореле меѓу себе за највисоката положба во царството за кое мислеле дека ќе се воспостави овде на земјата. По обредот на миење нозе, речиси сите од нив доживеале меѓусебно единство и хармонија. Само Јуда одбил да го предаде својот живот на Христа и сатаната ја презел контролата врз него.

Како што се доближуваме кон новата година, сфаќаме дека истото искуството што го имале учениците во горната соба треба да го има и нашиот народ. Ние го немаме достигнато тоа благословено единство што ќе биде потребно за да може црквата да биде благословена со крштевањето на Светиот Дух за време на позниот дожд.

Во молитвата која ја читаме во Јован 17, Христос се залага кај својот Отец да ги благослови Неговите ученици за да бидат едно како што се Христос, Отецот и Светиот Дух.

Меѓутоа, пред да бидеме целосно обединети меѓу себе, треба да се обединиме со Христос. Оваа благословена состојба може да се постигне доколку целосно го предадеме нашиот живот под контрола на Светиот Дух.

Меѓутоа меѓу нас, како луѓе, сѐ уште постојат озборувања, клевети, лажни обвинувања. Тоа се алатки на сатаната со кои врши поделба и неединство меѓу Божјиот народ.

Кога ќе му го предадеме нашиот живот на Христа, Светиот Дух ја вгнездува Божјата љубов во нашето срце. Божјата љубов е главен принцип на Неговиот закон. Ако навистина го сакаме Христа, тогаш ќе се сакаме меѓусебно, и оваа љубов ќе се манифестира во послушност на сите Божји заповеди. Апостол Павле напишал дека само со љубов можеме да го исполниме законот.

И не должете никому ништо освен да се сакате еден со друг; зашто оној што го љуби ближниот, го исполнува Законот. Бидејќи заповедите: „Не прави прељуба, не убивај, не кради, не сведочи лажно, не барај туѓо!”, и секоја друга заповед се содржат во овие зборови: „Љуби го ближниот како самиот себеси!” Љубовта не му прави зло на ближниот; и така, љубовта е исполнување на Законот.” Римјаните 13:8-10.

Ако не ја поседуваме Божјата љубов во нашето срце, ние не можеме да го сакаме Бога и нашите ближни како себеси. Со други зборови, не можеме да ги држиме Божјите заповеди ако ја немаме Божјата љубов. А ние не можеме да ја имаме Божјата љубов ако не го предадеме нашиот живот на Христос.

Во Матеј 5:48 Христос вели дека треба да бидеме совршени во љубовта, бидејќи нашиот небесен Татко е совршен во Неговата сфера. А Јаков изјавува дека само оние кои имаат контрола над своите зборови се совршени.

Сите ние многу грешиме. Но оној, кој во зборови не греши, тој е совршен човек, силен да го заузда и целото тело. Ете, ако и ние на коњите им ставиме узда на устите, за да ни се покоруваат, тогаш управуваме со целото нивно тело. Па, ете, и корабите: иако се толку многу големи и силно гонети од бурни ветрови, со мало кормило се управуваат онаму каде што кормиларот сака; а така и јазикот е мал орган, но големи работи зборува. Ете, мал оган, а колку голема гора запалува; и јазикот е оган, свет полн со неправда; јазикот се наоѓа во таква положба меѓу нашите органи, што го осквернува целото тело и го пали времето на нашиот живот, воспалувајќи се сам од пеколот. Секаков вид ѕверови и птици, лазачи и риби, се скротува и се припитомува од човечкиот род, а јазикот никој не може да го скроти: тој е немирно зло и полн со смртоносен отров.“ – Јаков 3:2-8.

Само кога сме обединети со Христа, и водени од Светиот Дух, можеме да имаме целосна контрола над нашиот јазик.

Елена Вајт изјавува дека најголем дел од црковните проблеми доаѓаат од погрешна употреба на нашиот јазик.

Црквата ќе има моќ да го протресе светот само кога ќе достигнеме христијанско единство.

Да се посветиме целосно на Господа, така што во текот на оваа нова година Божјиот карактер на љубовта ќе може да се рефлектира преку Неговите деца. Да одвоиме повеќе време за молитва, да ја проучуваме Божјата Реч, да го обединиме нашето семејство околу семејниот олтар. На овој начин чекориме заедно со Христа и се сакаме еден со друг, како што нѐ сака Христос.

Нека ова биде нашето искуство во 2019 година!

Срдечно, вашиот брат во Христа,

Дави П.Силва.

Сподели го ова:

Similar Posts