500 ГОДИНИ НА РЕФОРМАЦИЈА – 31.10.1517 – 31.10.2017

Сподели го ова:

Мартин Лутер

Најистакнатиот меѓу оние што биле повикани да ја изведат црквата од темнината на папството, во светлината на почистата вера бил Мартин Лутер.

Ревен, огнен и побожен, незнаејќи за никаков друг страв освен страв пред Бога, и признавајќи го како темел во делото на верата единствено Светото писмо. Лутер бил човек од своето време, преку него Бог извршил големо дело за реформацијата на црквата и просветлувањето на светот.

Како и првите весници на евангелието, Лутер потекнувал од сиромашниот сталеж. Својата најрана младост ја поминал во скромниот дом на еден германски селанец. Со секојдневна напорна работа како рудар, неговиот татко ги заработувал средствата за неговото образование. Тој сакал неговиот син да биде правник, но Бог решил да го направи градител во големиот храм кој, во текот на вековите, полека се подигнувал. … Лутер го напушта Рим

Реформација во Франција

По протестот во Шпаер и Аугзбуршката вероисповед, кои ја означиле победата на реформацијата во Германија, настапиле години на меѓусебни судири и мрак. Ослабен од раздорите меѓу своите бранители, и под ударот на моќните непријатели, протестантизмот како да бил осуден на потполно уништување. Илјадници од нив своето сведоштво го запечатиле со сопствената крв. Избила граѓанска војна, а протестанското дело го издал еден од нејзините најугледни приврзаници; најблагородните кнезови кои ја прифатиле реформацијата, паднале во рацете на царот и како робови биле водени од град во град. Но, во часот на својот привиден триумф, царот доживеал пораз. Реформацијата во Франција

Холандија и Скандинавските земји

Во Холандија папската тиранија многу рано предизвикала решителен протест. Така, седумстотини години пред Лутера два епископа, кои како пратеници престојувале во Рим, го запознале вистинскиот карактер на “светата столица” и бестрашно го обвиниле римскиот понтифекс, зборувајќи: “Бог црквата, како своја царица и свршеница, ја направил благородно и вечно прибежиште за нејзиното семејство, давајќи и мираз кој е непоминлив и неуништлив и вечна круна и жезол… сите тие предности ти како крадец си ги задржал за себе. Си седнал во Божјиот храм (2. Солунјаните 2:4); наместо да си врховен епископ, а се однесуваш како тиранин… Наместо да си слуга на слугите, како што се нарекуваш, се трудиш да станеш господар над господарите… Ти ги презираш Божјите заповеди… Божјиот Дух е основач на сите цркви по целото лице на земјата… Градот на нашиот Бог, чиишто граѓани сме ние, ги опфаќа сите делови на вселената и е поголем од градот кој светите пророци го нарекувале Вавилон, кој тврди дека е божествен, се воздигнува до небото и се фали дека неговата мудрост е бесмртна; и конечно, иако без никаква основа, тврди дека никогаш не грешел ниту пак ќе греши некогаш.” – Гералд Брандт, Историја на реформацијата во помалите земји, VII поглавје Холандија и скандинавските земји

Џон Виклиф

Пред реформацијата имало време кога примероците на Библијата биле многу ретки, но Бог не дозволил Неговото Слово потполно да биде уништено. Нејзините вистини не смееле засекогаш да останат сокриени. Тој тие зборови на животот можел да ги ослободи од оковите исто така како што ги отворал затворските врати и железните решетки за да ги ослободи Своите слуги. Во разни земји на Европа Божјиот Дух ги поттикнал луѓето да ја бараат вистината како сокриено богатство. Упатени со Божјото провидение на Светото писмо, со најжив интерес ги проучувале неговите свети страни. Биле подготвени да ја прифатат светлината, па и колку сето тоа скапо да ги чинело. Иако не виделе сè јасно, биле во состојба да проникнат во многу долго закопаните вистини. Тргнале како од Бога испратени гласници да ги раскинат оковите на празноверието и заблудата, повикувајќи ги оние кои толку долго биле заробени да станат и да ја бранат својата слобода. Џон Виклиф

Хус и Јероним

 Семето на евангелието било донесено во Чешка уште во деветиот век. Библијата била преведена, а јавното богослужение се одржувало на народен јазик. Но како што повеќе растела папската власт, Божјото Слово било сè повеќе потиснувано. Папата Гргур VII, кој се зазел да ја понизи гордоста на кралевите, настојувал исто така да го подјарми и народот, и со таа цел издал декрет со кој ја забранил употребата на чешкиот јазик во јавното богослужение. Папата изјавил: “дека на Семожниот му е угодно кога Неговото име се слави и богослужението се одржува на еден непознат јазик и дека од непочитувањето на ова правило произлегле многу зла и ереси” – Вили, III, 1 поглавје. Така Рим решил светлината на Божјото Слово да се угаси и народот да остане во темнина. Меѓутоа, небото предвидело и други средства за сочувување на црквата. Многу Валденжани и Албижани, протерани од своите домови во Италија и Франција, се нашле во Чешка. Иако не се осмелувале да проповедаат јавно, сепак тие трудољубиво работеле во тајност. Така вистинската вера била чувана во текот на вековите. Хус и Јероним

Сподели го ова:

Слични објави