САМОУБИЈЦИТЕ ПУСТОШАТ ВО ЈАПОНИЈА

Сподели го ова:

Што ги наведува жителите на Јапонија да се самоубијат?

Секој ден околу 60 јапонци извршуваат самоубиство. Меѓу најчестите причини се проблемите на работа и во семејството. Годишната штета на Јапонија поради самоубиство изнесува повеќе од 4 милијарди долари.

Според Светската здравствена организација, Јапонија е една од трите земји – лидери по бројот на луѓе кои својот живот го завршуваат со самоубиство. Само Финска и Јужна Кореја се пред Јапонија по бројот на самоубиства. Вреди да се напомене дека бројот на самоубиства во земјата на изгрејсонцето постепено се намалува. Така, во 1997. година оваа бројка драстично се зголемила од 21.391 на 32.863 случаи, после 1998. година оваа бројка надминува над 30.000 се до 2011. година. Од 2016. година оваа бројка паѓа на 22.000 самоубиства.

Според истражувањето на Министерството за здравство, труд и социјална политика на Јапонија, самоубиството предизвикало штета на економијата повеќе од 4 милијарди долари годишно, според NHK.

Експертите од Министерството висината на штетата ја пресметуваат врз основа на тоа каков економски придонес за 70 години работа можат да направат 23.000 јапонци на возраст од 15 до 69 години, кои извршиле самоубиство во 2015. година.

Кризата ќе доведе до самоубиство

Истражувачите веруваат дека порастот на бројот на самоубиства е поврзан со глобалната економска криза. Голем број на луѓе, особено луѓето кои ги изгубиле своите работни места, не можеле да се справат со ударот, и како резултат на тоа се самоубиле, се вели во извештајот. Слична слика е забележана и во 1998. година.

Треба да се напомене дека во Јапонија, неуспехот или загубата на финансиската благосостојба е една од причините луѓето да си ги одземат своите животи и до денешен ден. Така, во 2008. година, од економски причини 4850 млади јапонци се самоубиле – ова е највисокиот показател на самоубиства во Јапонија од 1978. година. Во 2012. година,  вкупно 1.138 луѓе на 40 годишна возраст се самоубиле поради финансиски причини.

Вреди да се напомене дека поради неможноста да најдат работа во последно време самоубиства почнале да извршуваат и младите луѓе, пишува Светската здравствена организација. Факт е дека практиката на вработување во Јапонија е многу специфична. Многу компании настојуваат да вработуваат само студенти кои допрва треба да дипломираат на универзитет или колеџ. Регрутирањето е отворено исклучително за студентите,  додека дипломираните студенти не можат да аплицираат на овие работни места. Така, луѓето кои не се во можност да најдат работа за време на студирањето се соочуваат со уште поголеми тешкотии во пронаоѓањето на нови работни места, кога ќе дипломираат.

 

„Не излегувајте од дома„

Уште една особеност во Јапонија е социјалната изолација. Јапонците најчесто не бараат додатни познанства, што исто така ги зголемува самоубиствените тенденции, велат експертите. Социјално прилагодените луѓе лесно можат да разговараат за своите проблеми со другите, и на тој начин ги олеснуваат страдањата, – се вели во извештајот.

 Кај мнозина јапонци социјалната изолација зема прилично радикална форма – тие панично стравуваат од социјалните контакти и практично не излегуваат од дома, комуницираат само со членовите на семејството. Станува збор за таканареченото хикикомори. Според пресметката на институтот во Стокхолм, таквите во земјата ги има околу 1 милион. Јапонските владини агенции наведуваат поскромна бројка од 0,5 милиони луѓе (или 1,6% од населението).

Разговорот со странец може кај нив да предизвика паника и неконтролирани анксиозни напади. Чести симптоми исто така се депресијата, болниот инфантилизам и паранојата. Таквите луѓе немаат работа и живеат од издршката на роднините.

Секоја година Јапонија губи од домоседечките 14,8 милијарди долари!

„Здраво-работа“

Според статистичките податоци, самоубиство најчесто извршуваат мажите кои имаат проблеми со здравјето, проблеми на работа или семејни проблеми.

За да се реши овој проблем, но во исто време и да се намали економската штета, во 2005. година јапонската влада создала штаб за превенција на самоубиства. Во 2006. година бил донесен закон за превенција на самоубиствата, а во 2007. година владата разработила план за превенција на самоубиства.

Главните насоки на програмата почнале да ги поттикнуваат јапонците да учествуваат во социјалните програми, како и обезбедување на посебна грижа на луѓето чиишто  најблиски порано извршиле самоубиство, па дури и повеќе, луѓе кои имале неколку неуспешни обиди да извршат самоубиство.

Покрај тоа, како што соопштува Министерството за здравство, труд и социјална политика, постои служба која им помага на младите луѓе да најдат работа, а средовечните мажи – брзо да закрепнуваат на работното место. За ова била измислена служба Hello-Work („Здраво-работа“).

Зошто луѓето се одлучуваат да извршат самоубиство? Кој ги наведува на тоа?

„Светот, кој се однесува како да не постои Бог, преокупиран со себични стремежи, наскоро ќе доживее ненадејно уништување, и нема да го избегне. Мнозина продолжуваат со своето безгрижно самозадоволување додека животот толку не им стане одвратен, така што се убиваат“ (Ум, карактер и личност, 726,1).

Овде ќе наведеме пример на првиот израелски цар (Саул) кој извршил самоубиство и секако да извлечеме поука.

Ова е еден исечок од книгата Патријарси и пророци.

 

СМРТТА НА САУЛ

Оваа глава се темели на 1. Самоилова 28; 31.

Повторно избила војна меѓу Филистејците и Израелците. „Филистејците се собраа и се улогорија кај Суним“, на северниот крај на Езраелската рамнина. Саул со својата војска се улогорил на неколку километри оттаму во подножјето на планината Гелвуја, на јужниот крај од истата рамнина. Во таа рамнина некогаш Гедеон само со триста луѓе ја натерал во бекство целата мадијанска војска. Но чувствата што го исполнувале срцето на овој израелски ослободител многу се разликувале од оние што сега го обземале царот. Гедеон тргнал полн со вера во силниот Бог на Јакова, а Саул се чувствувал осамен и незаштитен, зашто Бог го напуштил. Забележувајќи ја филистејската војска, „се уплаши и срцето силно му затрепери” (1 Самоилова 28,5).

Саул дознал дека Давид со своите луѓе е кај Филистејците и очекувал синот на Есеја да ја искористи таа прилика да се одмазди за сите неправди што му се сторени. Царот бил многу загрижен. Неговата неразумна страст го гонела да го убие Господовиот избраник и со тоа целата нација ја довел во голема опасност. Наполно проникнат со мисла за прогонство на Давида, ја занемарил одбраната на своето царство. Филистејците ја искористиле таа невнимателност и навлегле дури до централните делови на земјата. И така, додека сатаната го поттикнувал Саула својата сила да ја употреби за прогонување на Давида, истиот тој лош дух дејствувал и врз Филистејците да ја искористат поволната прилика да го уништат Саула и да го покорат Божјиот народ. Колку често праисконскиот непријател се служи со истото лукавство. Тој ги поттикнува луѓето со непосветено срце во заедницата да предизвикаат завист и кавги, а потоа ја користи разединетоста на Божјиот народ преку своите орудија да го уништи.

Следниот ден Саул требало да се впушти во битка со Филистејците. Веќе се напластувале околу него темни облаци на претстојната пропаст; тој копнеел за помош и водство. Но од Бога попусто барал совет. „Но Господ не му одговори ниту на сон, ниту преку урим ниту преку пророк.“ Господ никогаш не одбил ниту една душа која му се обратила искрено и со скршено срце. Тогаш зошто не му одговорил на Саула? Царот сам со своите постапки ги проиграл сите можности за обраќање на Бога. Го отфрлил советот на пророкот Самоил; го протерал Божјиот избраник, Давида, и ги убил Господовите свештеници. Зар тогаш можел да очекува одговор од Бога кога сам ги прекинал сите патишта што го поврзуваат човекот со небото? Згрешил против Духот на милоста и зар тогаш можел да добие одговор на сон или со Господово откровение? Саул не му се обратил на Бога понизно и со покајание. Тој не се молел за проштавање на гревот и за помирување со Бога, туку за ослободување од своите непријатели. Тој сам се оддалечил од Бога со својата тврдоглавост и бунт Кај Бога можел да се врати само со покајание и понизност. Меѓутоа, горделивиот цар и во својот страв и очај решил помош да побара на друг извор.

„Барајте ми жена со вражарски дух да отидам кај неа и да ја прашам.“ Саул мошне добро знаел што значи да се прашуваат мртвите. Господ тоа изрично го забранил и за секого што се занимава со таа недостојна вештина била предвидена смртна казна. Додека Самоил бил жив, Саул наредил да се истребат сите оние што имаат вражарски дух, а сега сам прибегнал кон вражање што некогаш го осудил како гнасотија.

Царот дознал дека во Ендор живее некоја жена која тајно се занимава со вражање. Таа жена директно со сатаната склучила сојуз според кој требало да ја прифати неговата власт и да ги спроведува неговите намери, а за возврат кнезот на злото правел чуда за нејзина сметка и и откривал тајни работи.

Саул се преоблекол и во придружба на двајца придружници ноќе се упатил да ја посети вражарката во нејзиното засолниште. Колку е тоа жално! Израелскиот цар го води сатаната по своја волја! Колку е мрачна за човечките нозе онаа патека што самиот ја избрал и бил истраен на неа, одејќи упорно по сопствени патишта и противејќи му се на Божјиот Дух! Има ли потешки окови од оној што човекот самиот си го наметнува подјармувајќи му се на најголемиот тиран на своето сопствено „јас“. Доверба во Бога и послушност кон неговата волја тоа бил единствен услов под кој Саул можел да остане цар во Израел. Кога тие услови би ги исполнувал во текот на целиот свој живот, царството би му било обезбедено; Бог би бил негов водач и Семожниот негов штит и ограда. Бог со Саула имал многу трпение; иако неговата непослушност и непокорност наполно го замолкнале Божјиот глас во неговата душа, сепак се уште постоела можност за покајание. Но кога во тешкиот миг на својот живот се одвоил од Бога за да побара и да добие видело од сојузникот на атаната, тогаш ја прекинал и последната нишка што го врзувала со неговиот Творец; самиот доброволно и се потчинил на демонската сила која со години дејствувала во него и го довела до работ на пропаста.

Под закрила на ноќта, Саул и неговите придружници поминале непречено крај филистејската војска во рамнината и се префрлиле преку планинскиот гребен кон осамената куќичка на вражарката во Ендор. Тука жената со вражарски дух се скрила за да може потајно да продолжи со своето безбожно вражање. Иако Саул бил преоблечен, неговата висока става и царско држење оддавале дека тој не бил обичен војник. Жената се посомневала дека пред неа стои Саул а неговите богати подароци уште повеќе го засилиле тој сомнеж. На неговата молба: ,ЈВражај ми со помош на духот и повикај ми го оној што ќе ти кажам“, жената одговорила: ,Ј1а ти знаеш што стори Саул и како ги истреби од земјата повикувачите на духовите и вражарите. Зошто поставуваш стапица пред мене за да ме погубиш? А Саул и се заколна со Господа, велејќи: Ти се колнам дека нема да ти биде ништо.” И кога прашала: „Кого да ти го повикам?“, тој одговорил: „Самоила.“

Откако ги изговорила своите волшебнички зборови, таа додала: „Гледам богови како излегуваат од земјата … излегува стар човек наметнат со наметка. Тогаш Саул сфати дека тоа е Самол па се наведна до земјата и се поклони.“

Но под влијание на волшебничките зборови на една вештерка не се појавил светиот Божји пророк. Самоил не присуствувал при таа посета на лошите духови. Таа натприродна појава ја предизвикала само силата на сатаната. Тој исто така можел да се престори во Самоила како што се престорил во светлосен ангел кога го искушавал Христа во пустината.

Првите зборови што ги изговорила жената под влијание на тоа чудо му биле упатени на царот. „Зошто ме измами? Па ти си Саул?“ Прво дело на лошиот дух, кој се јавил како пророк, било тоа што потајно и се обратил на оваа безбожна жена да и обрне внимание на измамата што е пред неа. Пораката на божемниот пророк упатена до Саула гласела: „Зошто ме обеспокојуваш да излегувам? А Саул одговори: Во тешка неволја сум. Филистејците завојуваа против мене, а Бог отстапи од мене и не ми одговори веќе ни преку пророк, ни на сон ни во видение; затоа те повикав тебе за да ми кажеш што да сторам.“

Додека Самоил бил жив, Саул ги отфрлал неговите совети и му забележувал што го исправува. Но сега, во мигот на тешкотија и несреќа, чувствувал дека водството на пророкот е единствена негова надеж; и, за да дојде до небесниот пратеник, прибегнал кон општење со пратеник на пеколот. Саул целосно се ставил под власт на сатаната; и сега, оној кој секогаш се радува кога може да создава беда и пропаст, на најсигурен начин ја искористил приликата да го уништи несреќниот цар. Во одговорот на Сауловата молба, изговорена во смртен страв, дошла страшна порака божем од устата на Самоил:

,Да тогаш зошто ме прашуваш мене кога Господ отстапил од тебе и станал твој непријател? Господ ќе го исполни тоа што го објави преку мене: ќе го одземе Господ царството од твоите раце и ќе му го даде на твојот ближен, на Давида.

Бидејќи ти не го послуша гласот Господен и не го исполни неговиот јаросен гнев над Амалиците, Господ го извршува сега тоа над тебе. Господ ќе го предаде Израел заедно со тебе во рацете на Филистејците; утре ти и твоите синови ќе бидете овде со мене, а израелскиот логор Господ ќе го предаде во филистејски раце.“

За сето време додека Саул со своите дела му се противел на Бога, сатаната му ласкал и го мамел. Искушувачот ја намалува грешноста на гревот и патеката на престапот ја прави лесна и привлечна со цел срцето да стане нечувствително кон Господовите опомени и закани. Сатаната со својата восхитувачка сила го наведувал Саула, наспроти опомените и упатсвата на Самоил, да го правда својот став. А сега, кога Саул се нашол во крајна неволја, тој се свртил против него укажувајќи му на големината на неговиот грев и на неможноста да добие проштавање; со тоа сакал да го фрли во очај. Навистина не можел да смисли ништо полошо за да ја уништи неговата храброст и да го помати неговиот разум, да го совлада со очај и да го наведе на самоуништување.

Саул бил папсан од умор и пост; бил свесен за својата кривица и силно уплашен. Кога го слушнал страшното претказание, затреперил со целото тело, и како даб пред луна, се струполил на земјата колку што е долг.

Вражарката се исплашила. Израелскиот цар лежел пред неа како мртов. Што ќе биде со неа ако тој умре во нејзината куќа? Го преколнувала нешто да јаде и да го одржи животот, нагласувајќи дека мора да ја послуша, зашто и таа својот живот го изложила на опасност само да ја исполни неговата желба. Кога и слугите го навалиле, Саул попуштил и жената бргу му изнела приготвено згоено теле и погача. Каква сцена! Во дива пештера на една вражарка која штотуку изговорила зборови на осуда во присуство на сатански гласник седи човекот што го помазал Бог за израелски цар и со јадење се приготвува за кобната битка што ќе се одигра следниот ден!

Пред зори Саул со своите придружници се вратил во израелскиот логор за да се приготви за судирот. Со тоа што му се обратил на духот на мракот, Саул самиот себеси се уништил. Совладан од страв и очај, тој не можел да ги охрабри своите војници. Одвоен од изворот на силата, не можел ниту душите на Израелците да ги упати кон Бога кој единствено можел да им помогне. Сето тоа придонело она страшно претказание навистина да се оствари.

Во рамнината Суним и на падините на Гелвуја се судрила филистејската војска со израелските чети и настанала крвава битка. Иако страшната сцена во ендорската пештера му уништила секаква надеж, Саул сепак очајно храбро се борел за својот престол и за своето царство. Но сето тоа било попусто. „И побегнаа Израелците пред Филистејците и паѓаа мртви на гората Гелвуја.“ Тројца храбри синови паднале крај царот. Стрелците се устремиле кон Саула. Тој видел како неговите војници паѓаат околу него и како непријателот со меч ги убива неговите синови. Бидејќи и самиот бил ранет, не можел веќе ниту да се бори ниту да бега. Не можел да побегне, па затоа решил жив да не им се предава на Филистејците во раце: му наредил на својот слуга што му го носел оружјето: „Извади го својот меч и прободи ме.“ Бидејќи слугата се плашел да крене рака на Господовиот помазаник, Саул сам се фрлил на својот меч и си го одзел себеси животот.

Така завршил првиот израелски цар, огрешувајќи ја својата душа уште и со самоубиство. Тоа бил промашен живот. Полн со срам и очај, зашто царот својата изопачена волја отворено и ја спротивставил на Божјата волја…

Да одговориме на прашањето зошто луѓето извршуваат самоубиство?

Ајде малку да го анализираме овој од Бога вдахновен запис.

Саул бил првиот изрелски цар. Полека, незабележително тој се одвоил од Бога. Од Оној кој му е пријател, советник, кој може да му помогне, кој е секогаш на негова страна, кој го штити од непријателот, кој го љуби со вечна љубов. Пред него се појавил голем проблем, големи тешкотии. Требало да се впушти во битка со филистејците (со тешкотиите, проблемите). Околу него се напластувале темни облаци и тој копнеел по помош и водство.

Слично е и со луѓето кои се оддалечуваат од Бога. Кои ги игнорираат Неговите совети, кои се глуви за Неговиот глас кој зборува преку совеста. И тогаш природно е кога човекот ќе се одвои од изворот на светлината да го обвиткаат густи и темни облаци.

Саул барал совет од Бога, но попусто. Зошто? Затоа што со своите постапки ги проиграл сите можности за обраќање на Бога. Затоа што самиот ги прекинал сите патишта што го поврзуваат човекот со небото. Тој веќе не го препознавал Божјиот глас. Тој самиот се оддалечил од Бога со својата тврдоглавост и бунт. Кај Бога можел да се врати само со покајание и понизност. Меѓутоа, горделивиот цар и во својот страв и очај решил помош да побара на друг извор.

Така е и со светските луѓе. Тие ги прекинуваат сите патишта преку кои можат да се поврзат со Бога. Во таков случај тие се под власта на сатаната. Бараат помош од друг извор. Бараат помош од луѓе кои се под власта на сатаната. Колку е мрачна за човечките нозе онаа патека што самиот ја избира и истрајува на неа, одејќи упорно по сопствени патишта и противејќи му се на Божјиот Дух!

Дали кога Саул се обратил за помош, кога побарал помош од жена која е под власта на сатаната, бил охрабрен. Дали бил поучен да се врати кај Бога со покајание и признавање на своите гревови? Библијата вели: „Ако ги исповедаме гревовите свои, Тој е верен и праведен за да ни ги прости гревовите и да нè очисти од секаква неправда.“ (1 Јованова 1,9). Одговорот е не. Обратете внимание на следниов цитат:

„За сето време додека Саул со своите дела му се противел на Бога, сатаната му ласкал и го мамел. Искушувачот ја намалува грешноста на гревот и патеката на престапот ја прави лесна и привлечна со цел срцето да стане нечувствително кон Господовите опомени и закани. Сатаната со својата восхитувачка сила го наведувал Саула, наспроти опомените и упатсвата на Самоил, да го правда својот став. А сега, кога Саул се нашол во крајна неволја, тој се свртил против него укажувајќи му на големината на неговиот грев и на неможноста да добие проштавање; со тоа сакал да го фрли во очај. Навистина не можел да смисли ништо полошо за да ја уништи неговата храброст и да го помати неговиот разум, да го совлада со очај и да го наведе на самоуништување.“

Значи додека Саул му се противел на Бога, сатаната му ласкал и го мамел. А кога се нашол во крајна неволја, тој (сатаната) се свртил против него и го фрлил во очај. И како резултат на тоа се самоубил. Така работи непријателот на нашите души.

Така завршил првиот израелски цар, огрешувајќи ја својата душа уште и со самоубиство. Тоа бил промашен живот. Полн со срам и очај, зашто царот својата изопачена волја отворено и ја спротивставил на Божјата волја…

Зошто се убиваат овие млади јапонци? Затоа што нивниот живот е промашен, затоа што својата волја ја спротивставуваат на Божјата волја. Затоа што не одат по Божјите патишта кои водат во вечен живот, а не кон предвремена смрт.

Предадете го својот живот во Божјите раце, на Негово водство, и тој ќе биде сочуван за вечност.

Сподели го ова:

Слични објави