РИМСКИОТ ПАПА РАЗМИСЛУВА ЗА ЗАЕДНИЧКИ ДАТУМ ЗА ПРОСЛАВА НА ВЕЛИГДЕН

Сподели го ова:

Папата рекол дека заедно со првите луѓе на православните цркви, се обидува да најде начин да определи единствен датум за прослава на христијанскиот Велигден.

Папата Франциск има намера да определи единствен датум за прослава на христијанскиот Велигден. Ова папата им го изјавил на новинарите кога се враќал од Каиро, каде што се сретнал со патријархот на православната коптска црква Тавардос II, пренесува ТАСС.

„Со патријархот Тавадрос имаме долгогодишно пријателство. Овој патријарх, ја води својата црква напред, која го носи Христовото име. Тој е – фанатик на идејата да определиме единствен датум за Велигден, дури и повеќе од мене. И ние се обидуваме да најдеме начин“, – рекол Франциск.

Идејата за празнување на Христовото воскресение во заеднички ден не е нова и  влегува во неговата екуменска доктрина. Сега, поради различните механизми на пресметка на католичкиот и православниот религиозен календар датумот на Велигден може да се разликува за една недела, а понекогаш и за еден месец. Но честопати, како во оваа година, тие се исти. 

„За време на посетата се одржала екуменска средба – во Каиро бил патријархот (Константинополски), Вартоломеј, архиескопот на Грчката православна црква, и други од православниот Исток,“ – рекол Франциск, кој бил поканет на меѓународната конференција за мир, организирана по иницијатива на најголемиот исламски универзитет „Ал Азхар“. На настанот земале учество и други високи религиозни хиерархии, не само христијански, туку и муслимански.

„Екуменизмот може да направи, само да се движиме напред – сите заедно. Не постои статичен екуменизам. Секако теолозите треба да ги изучуваат прашањата каде што сѐ уште постојат разлики, но тоа нема да  доведе до ништо, ако ние заедно не се движиме напред. И сега останува само да се молиме, работиме, да правиме добро, но задолжително заедно,“ – изјавил раководителот на Римокатоличката црква. Извор ТААС. 

Сподели го ова:

Слични објави