МИТРОПОЛИТОТ ИЛАРИОН САКА ДА ГО ЗАБРАНИ КУПУВАЊЕТО ВО НЕДЕЛА…
Митрополитот Иларион сака да го забрани купувањето во недела заради зајакнување на семејството.
Во Руската православна црква го сметаат за разумен предлогот да им се забрани на продавниците и на големите трговски синџири да работат во недела. Иницијативата е подржана од страна на раководителот на Синодскиот оддел за надворешни црковни односи Митрополитот Иларион Волоколамскиј во програмата „Црквата и светот“. Според неговите зборови, во неделата, луѓето треба да се одмараат, а за верниците неделата – „Е време, кога тие одат во храмот“.
Митрополитот посочил дека една од причините за разводите во Русија е дека „луѓето едноставно немаат време да бидат сами едни со други, и едноставно неделата многу често се користи за шопинг.“ Покрај тоа, истакнал Иларион, луѓето кои работат во продавниците немаат начин да го посетат храмот во неделата, и да останат со своето семејство.
„И оваа непрекината трака, која работи без одмор во текот на целата недела, ги претвора луѓето во роботи. Идејата неделата да им се врати на луѓето е правилна“, – изјавил архиерејот.
Тој се осврнал на западното искуство, каде што ограничувањето на работата на продавниците во недела, според него, „има позитивен ефект врз луѓето“. Луѓето едноставно својот распоред го прераспоредуваат: купуваат храна во сабота, а неделата ја оставаат за црквата и семејството“ – изјавил митрополитот.
Извор: http://www.vesti.ru/doc.html?id=2885493#