Трамп

ДОНАЛД ТРАМП ПОТПИШУВАЛ УКАЗ ЗА ЗАШТИТА НА ВЕРСКАТА СЛОБОДА

Сподели го ова:

Претседателот Трамп вели дека власта премногу често ја користи својата моќ против луѓето од верата, и тоа мора да престане. Трамп го потпиша указот за верска слобода. Многу евангелистички лидери високо го оцениле овој чекор на претседателот, но други велат дека е недоволен.

„Слободата на Америка доаѓа од Бога“. Ова беше една од главните теми на говорот на претседателот Трамп пред лидерите од различни деноминации кои се собрале во цветната градина на Белата куќа на првиот состанок од ваков вид во пресрет на националниот ден на молитва.

„Нашиот претседател е верник. Тој го сака своето семејство. И тој ја сака оваа земја со непоколеблива вера во Бога и во американскиот народ“, – рекол потпретседателот Мајк Пени.

Претседателот нагласил дека оваа манифестација е потпишување на указот за заштита на верската слобода.

„Ние повеќе нема да дозволиме верниците да бидат прогонувани, заплашувани и замолчувани“, – изјавил Доналд Трамп.

Што се наведува во указот?

Указот на претседателот на САД за поддршка на слободата на говорот и верската слобода, бара од даночната администрација да го „омекне барањето“ кое се однесува на верските заедници да се ослободат од плаќање на даноци, објавија во Белата куќа.

Ставот на даночниот закон на САД – таканаречената корекција Џонсон – дава можност да се поведе постапка против црковните организации и да се изгубат даночните привилегии поради поддршката или спротивставувањето на политичките кандидати.

Иако Трамп не може да ја направи оваа измена без одобрение на Конгресот, тој и налага на Даночната администрација да „покаже максимално дискреционо право при извршувањето на корекцијата на Џонсон, со цел да го олесни нејзиниот товар“ – всушност фактички да го игнорира.
Неколку религиозни организации навистина го изгубиле својот даночен статус поради ова правило, и покрај фактот што многу цркви отворено зборувале за различни политички прашања или за своите кандидати во текот на изборниот период.

„Ова е преголема парична казна – изјавил Трамп пред потпишувањето на документот – многу, многу неправедна. Но, во иднина нема да биде така“.

Указот, исто така, бара од федералните агенции да се справат со големиот број на религиозни организации кои не ги плаќаат трошоците на своите вработени за контрацепција, кои сега се бараат и кои се воведени во време на претседателот Обама кога е донесен законот „Достапна здравствена заштита“ (Obamcare).

Каква беше реакцијата?

„Американската алијанса за граѓански слободи“ (American Civil Liberties Union) ги повика своите приврзаници да напишат писма до законодавците со барање да не се дозволи извршување на указот, а исто така и се закани на Белата куќа со суд.

Белата куќа тврди дека е потребен указ за заштита на религиозните групи, кои биле прогонувани од страна на администрацијата на Обама. На пример организацијата Little Sisters of the Poor (Малите сестри обесправени), на која и се закануваат со огромни казни поради неплаќањето на трошоците за контрацепција како дел од Obamcare.

Во апелот, отпечатен како реклама во списанието Politico, 1300 претставници на свештенството го критикувале документот. Според нив, указот ја менува верската слобода „во оружје за дискриминација во однос на широката популација на нашата земја, вклучувајќи ги и членовите на ЛГБТ заедницата, жените и децата оставени без родителска грижа.“

Во исто време, некои религиозни организации како што се „Алијансата за одбрана на слободата“ (Alliance Defending Freedom), напротив, смета, дека мерките се недоволни.
Државата треба да обезбеди поголема заштита на бизнисмените, „кои само ги изразуваат верските погледи за бракот, кои се разликуваат од позицијата на федералната влада“, се наведува во соопштението.

Што мислат во ЛГБТ заедницата?

Активистите за одбрана на правата на сексуалните малцинства се наоѓаат во неизвесност од изборот на Доналд Трамп и неговиот потпретседател Мајк Пенс – закоравени конзервативци за социјалните прашања.

Во февруари медиумите добиле нацрт уредба која им дозволува на религиозните организации и на приватните компании да одбијат да им пружаат услуги на хомосексуалците, ако таквото одбивање е базирано на „искрени верски убедувања“.

И, конечната верзија беше значително омекната, ЛГБТ активистите во четвртокот одржаа протест против указот на Белата куќа и на Капитол Хил.

tram2 

Извор: http://www.bbc.com/russian/features-39812556

Сподели го ова:

Слични објави