Глава 87 Психологија и теологија

Сподели го ова:

Се наоѓа во Светото Писмо. Вистинските начела на психологијата се наоѓаат во Светото Писмо. Човекот не ја знае сопствената вредност. Тој дејствува според својата необратена природа на карактерот, затоа што не гледа на Исуса, Авторот и Свршителот на својата вера. Оној кој доаѓа кај Исуса, кој верува во Него и го има за свој пример, го разбира значењето на зборовите: „На нив им даде моќ да станат синови Божји“ (Јован 1:12).

Но кога зазема место крај Исусовите нозе, тој може да види како во огледало во својот зол, грешен живот, во страшната длабочина на изопаченоста до која необратеното човечко срце може да потоне. Тој го фаќа одблесокот на чистиот карактер на Безгрешниот, блесокот на совршенство кој се дава на покајаниот, обратен грешник. Облечен во блескава облека на Откупителовиот карактер, тој седи заедно со Христа на небесните места.

Бог точно ја разбира работата на човечкиот ум. Господ Бог е точен и непогрешив во Своето сфаќање. Тој ја разбира работата на човечкиот ум, активните начела на човечките суштества кои ги обликувал, како всушност ќе реагираат на објектите пред себе и на кој начин ќе делуваат под секое искушение кое може да наиде и во секоја околност во која ќе се најдат.

„Затоа што пред очите на Господ се човечките патишта и Тој ги мери сите негови патеки“ (Изреки 5:21). „Господодвите очи се насекаде“ (Изреки 15:3). „Зашто гледа до земните краеви и гледа се што е под небото” (Јов 28:24). „Господ го чита секое срце и секоја мисла ја знае“ (Летописи 28:9). Тој знае се што ни доаѓа на ум и секоја помисла. „Нема непознати работи пред Него, туку се е голо и откриено пред очите на Оној на кого треба да му дадеме сметка” (Евреите 4:13).

Бог ги знае сите тајни на човечкото срце. Ќе сакаат ли мажите и жените да размислуваат онака како што Бог ги смета созданијата што ги создал? Тој го обликувал човечкиотум. Ние немаме ниту една благородна мисла која не доаѓа од Него. Тој ги знае сите таинствени работи на човечкиотум, зашто нели Тој го создаде? Бог гледа дека гревот го понижил и деградирал човекот, но го набљудува со сожалување, бидејќи знае дека сатаната го има во своја власт.

Рел игијата донесува мир и среќа. Се остава впечаток на умот дека религијата му штети на здравјето. Ова е измама и не треба да се прима.

Чистата религија донесува мир, среќа и задоволство. Побожноста е корисна во овој живот и во животот кој доаѓа.

Седење покрај Исусовите нозе наспроти потпирањето на човечкото рабирање. Христос мора да се вмеша во сите наши мисли, чувства и склоности. Тој мора да се истакне во најситните детали на секојдневната служба во задачата која ни ја дал да ја работиме. Кога, наместо потпирање на човечките сфаќања или поистоветувања со световните девизи, седиме покрај Исусовите нозе, жедно поејќи се со Неговите зборови, учејќи од Него и говорејќи: „Господе, што сакаш да направам?“ нашата природна независност, нашата доверба во себе, силна волја, ќе бидат заменети со детски, покорен, поучлив дух. Кога сме во вистински однос со Бога, ќе го признаеме Христовиот авторитет кој треба да не насочува и Неговото право на беспрекорна послушност.

Мешање на науката за вистинска побожност со науката за филозофијата на умот. Тој не дал никаква дополнителна светлина да го заземе местото на Неговата Реч. Оваа светлина треба да т доведе збунетите умови до Неговата Реч, која, ако се изеде и свари, е како извор на сила и живот на душата. Тогаш добрите дела ќе се видат како светлина која свети во темнината.

Ако додека ја проучувавте науката за филозофијата на умот, внимателно ја изучувавте науката за вистинска побожност, вашето христијанско искуство многу би се разликувало од постоечкото. Зошто сте се завртеле од чистите ливански потоци за да пиете од заматените води во долината измамата на човечките измислици? На срцето му е потребна сила која се наоѓа само во Божјата Реч. Оваа сила е леб на животот, и ако човекот јаде од него, ќе живее засекогаш. Тој не треба само привремено да го вкусува лебот кој доаѓа од небото. Тој мора да живее од зборовите кои се дух и живот на оној кој ги прима. Сериозното прифаќање на вистината, личното вреднување на Христовите зборови, извршува преобразување на карактерот.

Светиот Дух го исполнува очистениот ум. Потребно е постојано да го полниме умот со Христа и да го празниме од себичност и грев… Како што е сигурно дека го празните својот ум од суета и површност, вакумот ќе се исполни со она што Бог чека да ви го даде Неговиот Свет Дух. Тогаш од добрата ризница на срцето ќе излегуваат само добри работи, богати и драгоцени мисли и други ќе ги прифатат тие зборови… Вашите мисли и наклоности ќе се занимаваат со Христа и на другите ќе ја одразувате онаа светлина што паднала на вас од Сонцето на праведноста.

Применливи начела во сите околности. Господ зборувал со Својот глас во Неговата Света Реч. Овие благословени страници се полни со поучни размислувања за животот, ускпадени со вистината. Тие се совр-

шено правило на однесување. Дадени се упатства, изложени се начела, кои се применливи во сите околности во животот, дури и ако некој посебен случај не е назначен. Ништо што е важно не останало неоткриено за потполн систем на верата и правилната линија на однесување. Објаснета е секоја должност која Бог бара да ја извршиме; и ако некој го пропушти вечниотживот, тоа ќе биде затоа што си бил доволен на себеси, уверен во себе, полн со празна суета и не си се потпрел исклучиво на заслугите на Христовата крв за спасение. Никој нема да залута од правата патека ако кротко и понизно ја зема Библијата за свој водич, правејќи од неа свој советник,

Вистината е активно начело. Вистината е активно, делотворно начело, кое го обликува срцето и животот така што постои постојан напредок нагоре… При секој чекор и искачување волјата стекнува нов извор на акција. Моралната обоеност станува се повеќе како Христовиот ум и карактер. Напредниотхристијанин има благодат и љубов која го надминува знаењето, бидејќи божествениот увид во Христовиот карактер длабоко се потпира на неговата приврзаност. Божјата слава која е откриена на врвот на скалите може да ја цени само оној кој напредува, кого секогаш го привлекуваат поголеми, поблагородни цели кои Христос ги открива. Морат да се вкпучат сите способности на умот и телото.

Позитивен пристап. Небото обрнува внимание на оној кој носи околу себе атмосфера на мир и љубов. Таквиот ќе ја добие својата плата. Тој ќе стои во големиот Господов ден.

Советот и обуката не смеат да бидат пред индивидуалниот однос со Бога. Додека воспитувањето, обуката и советот од искусните луѓе се важни, работниците треба да се учат во потполност да не се потпираат на судот на некој човек. Како слободни Божји агенти, сите треба да побараат мудрост од Него. Кога ученикот потполно зависи од туѓите мисли и не оди подалеку од прифаќањето на неговите планови, тој гледа само низ очите на тој човек, и дотогаш е само ехо на другиот. Бог постапува со луѓето како со одговорни суштества. Тој делува со Својот Дух преку умот кој го поставил во човекот, ако човекот му даде прилика да работи и да го препознае Неговото делување. Тој замислил секој да го користи својот ум и совест за себе. Тој нема намера еден човек да стане сенка на другиот, изразувајќи само туѓи мисли.

Бог ја одобрува најголемата култура на умот. Најголемата култура на умот, ако се посвети преку љубов и Божји страв, го прима Неговото целосно одобрување. Скромните луѓе кои Христос ги одбрал биле со Него три години, подредени на благородното влијание на Височеството на небото. Христос бил најголемиот едукатор за кој светот некогаш знаел.

Умот извор на сите акции, добри или лоши. Тој го подготвил ова живо престојувалиште за умот; тоа е „чудесно создаден11 храм кој Господ го подготвил за престојување на Својот Свет Дух. Умот го контролира целиотчовек. Сите наши акции, добри или лоши, имаатсвој избор во умот. Умот е тој што го обожава Бога и не поврзува нас со небесните суштества. Сепак, многумина го поминуваат целиот свој живот не опаметувајќи се во поглед на… (приказна за бисерот) содржината на ова богатство,

Небесниот разум насочен или изопачен. Облагороден и прочистен, небесно насочениот разум е универзална сила за изградба на Божјето царство. Изопачениот разум има спротивно влијание; тое е расипување на човечката моќ доверена за зголемување на сериозната работа за добро. Тој мами и уништува.

Бог дал доволно дарови за да т оспособи и умудри луѓето да ги изнесат, и силно и милосрдно да гм претстават Господовите чудесни дела на сите кои го љубат и т прифаќаат Неговите заповеди. Тој би сакал човекот да т слуша Неговите заповеди затоа што тоа е за здравје и живот на сите човечки суштества.

Доверените таленти се света одговорност. Ниту еден човек не треба да копнее за таленти доколку преку сериозна молитва за мудрост која е одозгора која ќе осигура правилно користење на сите од Бога дадени способности не одлучи да го прослави Бога со талентите што му се даваат. Да се прими и да и се верува на светата светлина која Богја дал, и да им се додели на оние кои се во темнината на заблудата, тоа е чудесна работа; бидејќи ако несебично и совесно се дава на помош, благослов и спасение на душите кои гинат, таа му донесува на верниот работник небесно богатство кое го прави повеќе од милионер на небото. Тој е Божји наследник, сонаследник со Исуса Христа, во од се попретежна и вечна слава.

Човекот е создаден за благородни цели. Вистинската возвишеност на умот, несклоноста кон надмоќ е тоа што го прави човекот. Соодветна култивација на менталните моќи го прават човекот она што е. Овие облагородувачки способности се даваат за да помогнат во обликувањето на карактерот за идниот бесмртен живот. Човекот е создаден за повозвишена, посвета состојба на задоволство отколку што овој свет може да пружи. Тој е создаден според Божје обличје за поголеми и поблагородни работи, кои го привлекуваат вниманието на ангелите.

Текот на мислите мора да се промени. Умовите на многумина заземаат толку ниско ниво, така што Бог не може да работи за нив или со нив. Текот на мислите мора да се промени, моралните сетила мораат да се пробудат за да ги почувствуваат Божјите барања. Збирот и суштината на вистинската религија мора да го потврдуваат и постојано да го признаваат со зборови, облекување, однесување нашиот однос со

Бога. Понизноста треба да го заземе местото на гордоста; трезвеноста на лесноумноста; и посветеноста на нерелигиозната и безгрижна рамнодушност.

Умот ја мотивира службата. Видов дека во текот на минатото лето преовладуваше духот на присвојување од овој свет колку што тоа беше можно. Не се држеа Божјите заповеди. Ние со умот Му служиме на Божјиот закон, ама умовите на многумина му служеа на светот. И додека умовите беа сосем окупирани со земните работи и служење на себеси, не можеле да Му служат на Божјиот закон.

Служба која Богја прифаќа. Многумина чувствуваат дека нивните карактерни мани им онемозможуваат да ги задоволат стандардите кои Христос ги истакнал, но се што треба да направат е да се понизат на секој чекор под моќната Божја рака. Христос не го цени човекот според количината на работата што ја извршува туку по духот во кој се извршува задачата.

Кога Тој ќе види луѓе да подигаат бремиња, обидувајќи се да ги носат во понизност на умот, со недоверба во себе и потпирајќи се на Него, Тој го внесува во нивната работа Своето совршенство и доследност, и Таткото тоа го прифаќа. Ние сме прифатени во Љубениот. Недостатоците на грешникот се покриваат со совршенството и полнината на Господа нашата Праведност. Оние кои со искрено барање, покајничко срце, вложуваат скромни напори да живеат според Божјите барања, Таткото ги набљудува со сожалива нежна љубов. Тој ги смета за послушни деца и им се доделува Христова праведност.

Знаењето за Христа донесува свежина на умот. Христос е извор на животот. Она што на многумина им е потребно е појасно знаење за Него; потребно е трпеливо и љубезно, но сепак сериозно, да се подучат дека целото битие може да се отвори на исцелителното влијание на небото. Кога светлината на Божјата љубов ќе ги осветли темните одаи на душата, неспокојот и незадоволството престануваат, а радоста дава свежина на умот и здравје и енергија на телото.

Со Христа не постои неуспех. Семожната сила на Светиот Дух претставува одбрана за секоја понизна душа. Ниеден што ќе побара со покајание и со вера Негова заштита, Христос нема да дозволи да падне под влијание на силата на непријателот. Спасителот е крај оние што се во искушение и во тешкотии. Со Него не постои неуспех, загуба, неможност или пораз; ние можеме се со Него кој ни дава сила.

Сподели го ова:

Similar Posts