ГЛАВA10- Клуч за среќен и успешен живот

Сподели го ова:

Среќата зависна од послушноста. Таткото, мајката и образовните работници во нашите училишта треба да запаметат дека повозвишена гранка на образованието е децата да се поучат да бидат послушни. Севкупно земено, многу малку важност се придава на оваа точка од воспитувањето.

Децата ќе бидат посреќни, далеку посреќни, ако добијат правилна дисциплина, отколку да бидат препуштени да го прават она на што ги поттикнуваат нивните невоспитани нагони.

Неодложната и постојана послушност кон мудрото родителско управување ќе ја зголеми среќата на самите деца, како и почитта кон Бога и доброто на општеството. Децата треба да научат дека токму во потчинувањето на законите на домот се наоѓа нивната совршена слобода. Христијаните ќе ја научат истата лекција дека нивната целосна слобода се наоѓа во послушноста на Божјиот закон.

Божјата волја е законот на небото. Додека тој закон управувал со животот, сите Божји семејства биле свети и среќни. Но, кога божествениот закон бил прекршен, тогаш настапиле љубомората, зависта и судирот, и еден дел од небесните жители паднале. Се додека во нашите овоземни домови се почитува Божјиот закон, семејството ќе биде среќно.

Непослушноста, причина што Едем е загубен. Историјата за непослушноста на Адам и Ева, целосно е прикажана уште на самиот почеток од историјата на оваа земја. Само со тој еден чин на непослушност нашите прародители го загубија убавиот Едемски дом. Атоа беше толку мала работа! Ние имаме причина да бидеме благодарни што тоа не била некоја поголема работа, бидејќи, ако тоа се случело, би се намножиле малите невниманија кога е во прашање непослушноста. Тоа бил најмалиот тест што Бог можел да го стави пред светата едемска двојка.

Непослушноста и престапот секогаш се голема навреда за Бога. Неверноста кон нешто најмало, доколку бргу не биде корегирана, ќе води кон поголем престап. Не е зло големината на непослушноста, туку самата непослушност.

Бодете ги децата на патот на послушноста. Света обврска почива врз родителите да ги водат своите деца кон патиштата на строга послушност. Вистинската среќа не само во овој живот, туку и во идниот, зависи од послушноста кон „така вели Господ.“ Родители, Христовиот живот нека ви биде образец. Сатаната ќе измисли секакви можни средства за да го сруши овој висок стандард на побожност и да го претстави како премногу строг. Ваша задача е да ја втиснете мислата кај вашите деца, уште додека се мали, дека тие се создадени според Божјиот лик. Христос дојде во овој свет да им даде жив пример за тоа какви мора да бидат, и родителите кои тврдат дека веруваат во вистината за ова време, треба да ги учат своите деца да го љубат Бога и да се послушни на Неговиот закон. Ова е најголемата и најважна работа која што таткото и мајката можат да ја вршат… Божја замисла е сите, и децата и младите да разберат што бара Бог, за да можат да прават разлика меѓу праведноста и гревот, меѓу послушноста и непослушноста.

Послушноста да стане задоволство. Родителите треба да ги воспитуваат своите деца заповед по заповед, правило по правило, тука малку и таму малку, не дозволувајќи ниту најмало запоставување на Божјиот свет закон. Тие треба да се потпрат врз божествената сила, барајќи од Бога помош нивните деца да му бидат верни на Оној кој го даде Својот единороден Син за да ги врати нелојалните и непослушните кон нивната верност.

 

Сподели го ова:

Слични објави