Г Л А В A 8 – Потребна е подготовка

Сподели го ова:

Подготовката на мајката е занемарена. Првиот учител на детето е неговата мајка. Во оној период кога неговиот ум е најприемчив и најбрзо се развива, неговото воспитување во голема мерка зависи од неа. Таа прва има можност да го обликува карактерот на детето за добро или лошо. Таа мора да ја разбере вредноста на можноста што и е дадена и повеќе од секој друг учител да се оспособи да ја ползува на најдобар начин. Меѓутоа, нејзината подготовка е далеку помала од сите останати. Многу малку систематски напори се вложени со цел да и се помогне на мајката, чие воспитно влијание е најсилно и најдалекусежно.

Итно е потребна внимателна и целосна подготовка. Премногу често се случува оние, на кои им е доверена грижата за мало дете, да не ги познаваат неговите физички потреби; тие знаат малку за законите на здравјето или за принципите на развојот. Не се ништо подобро подготвени да се грижат ниту за неговиот ментален и духовен раст. Тие се можеби оспособени да управуваат со деловни зделки или да блескаат во општеството; можеби постигнуваат вонредни успеси во литературата и науката; но имаат малку знаење во врска со воспитувањето на детето…

Врз таткото, исто како и врз мајката, почива одговорноста за раното и подоцнежно воспитување на детето и затоа е неопходно и двајцата родители внимателно и темелно да се подготват за таа должност. Мажот и жената, уште пред да одлучат да ја преземат должноста на татковството и мајчинството, мораат да се запознаат со законите на физичкиот развој со физиологијата и со хигиената, со важноста на влијанието врз детето уште пред неговото раѓање, со наследните закони, со санитарноста, облекувањето, вежбите на телото и лекувањето болести. Исто така, тие би морале да ги разберат и законите на менталниот развој и моралното воспитување…

Родителите треба да ги проучуваат законите на природата. Тие треба да бидат запознаени со организмот на човечкото тело. Тие треба да ги разберат функциите на различните органи и нивната поврзаност и зависност. Тие треба да ја проучуваат поврзаноста

на умствените со физичките сили, и условите потребни за здрава активност на секој поединечен дел. Да се преземат одговорностите на родителството, без таква подготовка, претставува грев.

„Кој е способен?“ Родителите можеби ќе се запрашаат: „Кој е способен за такво нешто?“ Единствено Бог може да им помогне. Доколку го заборават Него, ако не бараат помош и совет од Него, нивните напори ќе бидат залудни. Меѓутоа, преку молитва, проучување на Библијата и сесрдна ревност од нивна страна, тие можат да успеат во оваа важна обврска и да добијат стократна награда за вложеното време и сета нивна грижа… Изворот на мудроста е отворен и тие можат од него да го црпат сето неопходно знаење.

Некогаш срцето ќе се замори; меѓутоа, живото чувство на опасност која им се заканува на сегашната и идната среќа на нивните сакани, треба да ги поттикне христијанските родители да бараат уште посесрдна помош од Изворот на секоја сила и мудрост. Тоа треба да ги направи попретпазливи, порешителни, посмирени, но сепак цврсти, додека бдеат над тие души, за кои ќе мора да дадат сметка.

Боспитувањето на детето бара разбирање на Божјата волја.

Родителите немаат изговор доколку занемарат да стекнат јасно разбирање на Божјата волја, за да можат да ги почитуваат законите на Неговото царство. Само на таков начин тие ќе можат своите деца да ги водат кон небото. Мои браќа и сестри, ваша обврска е да ги разберете Божјите барања. Како можете да ги воспитате децата за Господовите патишта, доколку најпрво вие не дознаете за себе лично што е правично, а што погрешно, додека не сфатите дека послушноста значи вечен живот, а непослушноста вечна смрт?

Наше животно дело мора да биде да ја разбереме Божјата волја. Само доколку правиме така, ние можеме правилно да ги воспитуваме своите деца.

Божје упатство со целосни инструкции. Родителите не можат правилно да ги исполнат своите одговорности се додека со нивниот живот не почне да управува Божјата Реч, се додека не сфатат дека тие треба така да го воспитаат и обликуваат каракте

рот на секое драгоцено човечко суштество, за на крајот да се здобијат со вечниот живот.

Библијата, книга богата со инструкции, треба да биде нивен учебник. Доколку ги воспитуваат своите деца според нејзините начела, тие, не само што ги поставуваат нивните млади стапала на сигурна патека, туку и себеси се воспитуваат за своите најсвети должности.

Делото на родителите е важно, свечено дело; тие имаат големи обврски. Но доколку внимателно ја проучуваат Божјата Реч, таму ќе најдат комплетни инструкции и многу драгоцени ветувања, под услов, тие својата работа да ја извршуваат верно и добро.

Правила за родителите и децата. Бог одредил правила според кои треба да се раководат и родителите и децата. Овие правила треба да бидат строго почитувани. На децата не треба да им се угодува и да им се дозволи да мислат дека тие можат да ги следат своите желби без да бараат совет од своите родители…

Бог дал правила според кои треба да се раководат родителите и децата и тие не треба од нив да застранат. Бог очекува родителите на своите деца да им дадат воспитување според принципите на Неговата Реч. Верата и делата треба да бидат комбинирани. Сето она што треба да биде направено во домашниот и училишниот живот, мора да биде извршено пристојно и во ред.

За законот и сведоштвото. Воспитното дело во домот, извршено онака како што била Божја замисла, побарува родителите да бидат грижливи проучувачи на Библијата. Тие мора да учат од Големиот Учител. Од ден во ден, на нивните усни мора да се гледа законот на љубовта и љубезноста. Во нивниот живот мора да се открива истата благодат и вистина кои се огледувале во животот на нивниот Пример. Тогаш посветената љубов ќе ги врзе заедно срцата на родителите и децата, и младите ќе растат зацврстени во верата и вкоренети и втемелени во Божјата љубов.

Кога волјата и патиштата на родителите адвентисти на седмиот ден ќе се усогласат со Божјата волја и Неговите патишта, нивните деца ќе израснат и во својот живот ќе го љубат, ќе му оддаваат чест и ќе му бидат послушни на Бога. Сатаната нема да може да се здобие со контрола над нивниот ум, затоа што тие биле воспи

тани Божјата Реч да ја сметаат како врховна и секое искуство, кое доаѓа до нив, тие ќе го испитаат со законот и сведоштвото.

Доколку сте биле невнимателни, откупете го времето. Ро

дителите треба да ја проучуваат Божјата Реч за себе и за своите семејства. Но наместо тоа, многу деца се оставени да растат непоучени, неуправувани, неограничени. Родителите уште сега треба да направат се од себе да го откупат своето занемарување на децата и да ги постават таму каде што тие ќе бидат под најдобри влијанија.

Родители, проучувајте го Писмото. Не бидете само слушатели; бидете извршители на Речта. Достигнете го Божјиот стандард во воспитувањето на вашите деца.

Бодечко правило: Што вели Господ? Сите родители треба да ги воспитуваат своите деца да го следат Господовиот пат. Ова не треба да се сфати лекомислено или да остане настрана, а да не предизвика незадоволство кај Господа. Не сме повикани да решаваме во која насока треба другите да тргнат, или како можеме најлесно да поминеме, туку, како вели Господ? Ни родителите ни децата не ќе имаат мир, среќа или одмор на духот ако тргнат по која и да е погрешна патека. Но кога Господовиот страв ќе завладее со срцето, соединето со љубовта кон Исуса, душата ќе се исполни со чувства на мир и радост.

Родители, отворете ја Божјата реч пред Оној кој го чита вашето срце и ја познава секоја тајна, и запрашајте се: Што вели Писмото? Ова мора да биде правило на вашиот живот. Оние, кои имаат љубов кон душите нема да молчат кога ќе забележат дека тие се наоѓаат во опасност. Ние сме уверени дека ништо друго, освен Божјата вистина, не може да им даде на родителите мудрост која го има во обѕир спасението, кога е во прашање обликувањето на умот на нивните деца, и да ги одржи да останат такви.

Лична подготовка. Доколку постои некоја должност која побарува нега на умот, каде што интелектуалните и физичките сили бараат здрав тон и сила, тоа е на подрачјето на воспитување на децата.

Во поглед на индивидуалната одговорност на мајките, секоја жена треба да развие добро избалансиран ум и чист карактер, кој

го одблеснува само она што е вистинско, добро и прекрасно. Жената и мајката може да ги врзе за своето срце сопругот и децата преку непопустпивата љубов покажана со нејзините благи зборови и со своето учтиво однесување, кое, како правипо, ќе биде копирано од нејзините деца.

Мајко, ова е твое свето дело. Моја сестро, Христос ти го доверил ова свето депо своите деца да ги поучуваш да ги извршуваат Неговите заповеди. Со цел да се подготвиш за оваа работа, самата мораш да живееш во поспушност на сите Негови начепа. Грижпиво внимавај на секој збор и на секое свое депо. Внимавај најгрижпиво на твоите зборови. Победи го својот избувпив темперамент; бидејќи, доколку покажеш нетрпепивост, ќе му помогнеш на непријатепот домашниот живот да го направи непријатен и неугоден за твоите деца.

Работа во партнерство со божественото. Мајко, твоето срце нека биде отворено да ги прима Божјите инструкции, секогаш имајќи го на ум фактот дека мора да го извршуваш својот деп во согпасност со Божјата волја. Мораш самата да се ставиш под влијанието на светлината и да бараш мудрост од Бога, за да знаеш како да дејствуваш, за да можеш да го признаеш Бога како твој главен соработник, и да сфатиш дека ти си работник заедно со Него. Твоето срце нека размислува за небесните нешта. Употреби ги своите од Бога дадени таленти во извршувањето на должностите кои Тој ги поставил пред тебе како мајка, и работи во партнерство со божествената сила. Работете промислено, и „што и да јадете, пиете или што и да правите, чинете го тоа на слава Божја.“

Мајката треба грижата за себеси и своите деца да му ја препушти на сочувствителниот Откупител. За да може во воспитувањето на своите деца да ги употребува правилно возвишените сили на умот, таа треба сесрдно, трпеливо и храбро да настојува да ги усоврши своите способности. Да му даде на своето дете воспитување, кое ќе биде прифатено од Бога, треба да биде нејзина највозвишена цел. Кога ќе ја преземе својата работа со разбирање, ќе прими сила за да го изврши својот дел.

Мајката треба да чувствува потреба да биде водена од Светиот Дух, за самата да стекне вистинско искуство во поглед на тоа сво јот живот да го потчини на Божјата волја и Неговиот пат. Тогаш преку Христовата благодат, таа може да биде мудар и благ учител на своите деца, полн со љубов.

Доколку сте започнале погрешно. На родителите кои погрешно ја започнале својата работа, јас би им рекла: Не очајувајте. Вие треба вистински да бидете обратени кон Бога. Вам ви е потребен вистински дух на послушност кон Божјата Реч. Вие мора да направите темелни реформи во своите навики и постапки, усогласувајќи го својот живот со спасоносните принципи на Божјиот закон. Кога ќе го правите ова, вие ќе ја имате Христовата праведност која го проникнува законот, зашто вие го сакате Бога и го прифаќате Неговиот закон како препис на Неговиот карактер. Вистинската вера во Христовите заслуги не претставува фантазија. Од најголема важност е Христовите атрибути да ги внесете во својот живот, во својот карактер и да ги образувате и воспитате своите деца со истрајни напори кон послушност на Божјите заповеди. „Така вели Господ“, треба да ве води во сите ваши планови на воспитување…

Нека дојде до длабоко и целосно покајание пред Бога. Започнете ја годината… така што сесрдно ќе ја барате Божјата благодат, за духовно распознавање, со цел да ги откриете грешките направени во минатото. Покајте се пред Бога за работата што сте ја занемариле како мисионери во домот.

Ова е ваш ден на доверба, ден на одговорност и можност. Наскоро ќе дојде денот на судот. Започнете ја својата работа со сесрдна молитва и верно залагање. Учете ги своите деца дека нивна привилегија е секој ден да се крштаваат со Светиот Дух. Кога Христос ќе дојде нека ве затече како Негова помошничка рака во извршувањето на Неговите намери. Преку молитвата можете да стекнете искуство кое ќе направи вашата служба за вашите деца да доживее совршен успех.

Сподели го ова:

Слични објави