Г Л А В A 8 3 – Наградите

Сподели го ова:

Графички приказ на судниот ден. Јас еднаш имав сон каде видов голема група собрана заедно; и одеднаш небото потемне, се слушна гром, светна светкавица и еден глас посилен од најсилнот тресок на громот зазвучи низ небото и земјата велејќи: „Свршено е.“ Дел од групата, со бледи лица, скокнаа напред со лелекање во агонија, извикувајќи: „О, јас не сум подготвен.“ Беше поставено прашањето: „Зошто не сте подготвени? Зошто не сте ги искористиле можностите кои јас милостиво ви ги дадов?“ Јас се разбудив со викот кој ѕвонеше во моите уши. „Јас не сум подготвен; јас не сум спасен изгубен! изгубен! вечно изгубен!“

Во поглед на свечената одговорност која почива врз нас, ние треба да размислуваме за иднината, за да можеме да разбереме што треба да направиме за да се соочиме со неа. Дали и во тој ден ќе бидеме соочени со занемарувањето и презирот на Бог и Неговата милост, отфрлувајќи ја Неговата вистина и љубов? Во свеченото собрание на последните денови, пред целата вселена, ќе биде читана причината за осудувањето на грешникот. За прв пат родителите ќе дознаат каков бил тајниот живот на нивните деца. Децата ќе видат колку многу имаат погрешено против своите родители. Ќе постои големо откривање на тајните и побудите на срцето, затоа што тоа што било сокриено ќе биде манифестирано. Оние кои од свечените нешта направиле играчка ќе бидат отрезнети кога ќе се соочат со ужасната стварност.

Оние кои ја презреле Божјата Реч тогаш ќе се соочат со Авторот на вдахновените пророштва. Ние не можеме да си дозволиме да живееме без да го имаме на ум денот на судот; затоа што и покрај тоа што е долго одложуван, сега е близу, дури на врата, и брза многу. Трубата на Архангел наскоро ќе ги преплаши живите и разбуди мртвите. Во тој ден злите ќе бидат одвоени од праведните, како што овчарот ги одвојува козите од овците.

Кога Бог ќе праша: „Каде се децата?“ Родителите кои не одговориле на должностите кои Бог им ги дал ќе мора за тоа да одговараат на судот. Тогаш Господ ќе запраша: „Каде се децата кои ти ги дадов да ги одраснеш за мене? Зошто сега не се од мојатадесна страна?“ Многу родители тогаш ќе сфатат дека неразумната љубов ги заслепила нивните очи да не ги видат маните на своите деца и тие дозволиле тие да станат зли луѓе, недостојни за небото. Некои ќе видат дека на децата не им укажале доволно внимание, љубов и нежност и дека заради нивното невршење на должноста децата достигнале до состојба во која сега се наоѓаат.

Родители, доколку сте ја изгубиле својата можност, нека Бог ви се смилува затоа што во денот на судот Бог ќе рече: „Што имате направено за моето стадо, Моето убаво стадо?“…

Семејствата ќе поминат на преглед пред Бога. Каква сцена ќе се укаже кога родителите и децата ќе се состанат при крајната пресметка! Илјадници деца кои биле робови на страстите и унижувачкиот порок, чии животи биле морални рушевини, ќе се најдат лице во лице со родителите кои ги направиле тоа што тие се. Кој ќе биде одговорен за ова освен родителите? Дали Господ ја расипа младината? Не! Тој ги создаде според Својот лик, малку пониско од ангелите. Кој го сторил тогаш ова страшно дело и ги изобличил нивните карактери? Кој така ги променил нивните карактери така да тие не го носат отисокот Божји, па Тој мора засекогаш да ги отфрли, затоа штои тие се премногу нечисти за да можат да најдат место со чистите ангели на небото? Зарем родителите не ги пренесоа на своите деца своите гревови во вид на изопачени апетити и страсти? Зарем тоа не го направија мајките кои трчаат по задоволство и го довршиле тоа дело со тоа што ги воспитале децата по примерот кој им бил даден? Сите овие мајки ќе мора да се појават пред Бога и нема да можат да го одбегнат тоа.

На небото постои точен запис. Нека родителите и децата запаметат дека ден по ден тие формираат карактери и дека цртите на тие карактери се запишани во небесните книги. Бог зема слики од Својот народ, исто како што уметникот зема слики од мажите и жените, префлувајќи ги цртите на плочата на фотографскиот апарат. Каква слика сакате вие да продуцирате? Родители, одговорете го прашањето! Каква слика Големиот Уметник ќе направи за вас во небесните записи?… Ние мораме да одлучиме за тоа сега. Отсега, кога ќе дојде смртта, нема да има време да се исправат искривените патеки на карактерот.

За нас индивидуално тоа мора да биде најважна работа. Секој ден е направена слика за нас за сета вечност. Нека секој еден рече: „За мене денеска се прави слика.“ Запрашајте се секој ден, секој час себеси: „Како моите зборови ќе звучат за небесните ангели? Дали се тие како златни јаболка во сребрени садови или тие се како разорувачки град кој ранува и повредува?“

Не само нашите зборови и дела, туку нашите мисли, прават слика од тоа што сме ние. Тогаш нека секоја душа биде добра и нека чини добро. Нека сликата која ќе биде направена за вас биде таква како вие не би се засрамиле. Секое чувство кое го негуваме прави свое влијание врз изразот на лицето. Нека Бог ни помогне да го направиме записот во нашите семејства онаков како што ние посакуваме да биде во небесниот запис.

Дали сте биле негрижпиви? О, кога родителите со молитва и повнимателно би гледале на вечното добро на своите деца! Нека самите себе си го постават прашањето: Не сме биле лекомислени? Дали ја занемаривме својата света должност? Дали им дозволивме на децата да станат мета на искушенијата на сатаната? Нема ли да положиме една сериозна сметка пред Бога, затоа што не сме им дозволиле на нашите деца да ги користат своите способности, своето време и своето влијание работејќи против вистината и против Христа? Не сме ли ја занемариле својата родителска должност со тоа што сме го зголемиле бројот на поданиците на царството на сатаната?

Доколку мајките занемарат прописно да ги воспитаат своите деца, нивното занемарување се рефлектира назад кон нив, правејќи ги нивните бремиња и потешкотии потешки отколку што тие би биле доколку тие посветиле време и трпелива грижа да ги воспитаат своите деца на послушност и потчинетост. На крајот за мајките ќе се исплати обликувањето на карактерот на своите деца да го направат свое прво и најважно внимание за трњата да не земат корен и донесат изобилна жетва.

Децата ќе ги осудат неверните родитепи. Божјето проклетство сигурно неизбежно ќе ги стигне неверните родители. Со таквиот свој однос кон децата тие не само што садат трње кое ќе ги ранува во овој живот, туку со своето неверство ќе мора да се соочат на Божјиот суд. Многу деца тогаш ќе ги осудуваат своите роди

тели затоа што не ги ограничувале и ќе ги обвинуваат за својата пропаст. Лажната наклонетост и слепата љубов ги наведуваат родителите да пронаоЃаат изговори за грешките на своите деца и преку тоа да преоѓаат со молчење; и како поспедица на тоа, децата се изгубени, но нивната крв ќе се бара од неверните родители.

Децата ќе им оддадат почит на верните родители. Кога ќе се одржува судот и кога ќе се отворат книгите, кога големиот Судија ќе ги изговори зборовите: „Добри и верни спуго,“ и ја стави круната на славата на челото на победникот, многумина ќе ја земат својата круна и пред собирот на целата вселена, покажувајќи на мајката ќе кажат: „Ова што сум преку Божјата благодат и го допжам неа. Нејзините совети, нејзините молитви придонесоа за моето вечно спасение.“

Резултатите од верното воспитување ќе бидат манифестирани. Таму сите кои несебично работеле, ќе ги гпедаат пподовите на својата работа. Таму ќе се види исходот на секој вистински принцип и благородно дело. Нешто од тоа гледаме уште тука. Но, колку малку резултати од својот труд гледа во овој живот оној кој го извршува најблагородното дело на светот! Колкумина работат несебично и неуморно за оние кои никогаш нема да ги видат ниту да ги запознаат! Родителите и учителите заминуваат на својата поспедна починка, а се што правеле во животот изгледа залудно; тие не знаат дека нивната верност отпечатила извори на благослов кои никогаш нема да престанат да течат; тие само во вера гпедапе дека децата што ги воспитувале ќе станат благослов и инспирација за своите ближни, и дека нивното влијание повеќекратно ќе се зголеми… Луѓето сеат семе од кое други, над нивните гробови, жнеат благословена жетва. Тие садат овошки за други да можат да јадат плодови. Тука им е доволно што знаат дека ги поттикнале силите на доброто. Во вечноста ќе се види дејството и противдејството на сите нешта.

Родителите можат со себе да ги донесат своите деца во ветената земја. Бог дозволил светпина од неговиот престол да светпи во текот на цепиот наш животен пат. Стопб од обпак преку ден и стопб од оган преку ноќ, се движи пред нас како пред древниот Израел. Привилегија е за христијанските родители, како што беше за древниот Божји народ, да ги донесат своите деца со себе во Ветената Земја.

Вие сакате вашето семејство да биде со Бога. Вие сакате да ги донесете со себе при вратите на градот и да кажете: „Еве ме Боже мене и децата кои Ти ми ги даде.“ Тие може да се возрасни мажи и жени кои пораснале, но тие сепак се вашите деца; и вашето воспитување, вашата будност над нив била благословена од Бога, и сега тие стојат како победници. Сега вие може да речете: „Еве сум јас Господе, и моите деца.“

Скршените семејни ланци ќе бидат поврзани. Исус доаѓа, доаѓа на облаците и со голема слава. Мноштво на светпосни ангели ќе го придружуваат. Тој ќе дојде да им оддаде чест на оние кои го љубеа Него и ги држеа Неговите заповеди и да ги земе со Себеси. Тој ги нема заборавено нив ниту Своето ветување. Ќе дојде до повторно поврзување на семејниот панец.

Утеха за мајка која изгубила дете. Ти прашуваш во погпед на тоа дапи твоето мапечко ќе биде спасено. Христовите зборови се твој одговор: „Дозволете им на мапите деца да дојдат при Мене и не им забранувајте; затоа што на такви е царството Божјо. Имајте го на ум пророштвото: „Вака вели Господ: чуј, во Рама се спуша ридање и горчпив ппач; Рахела ги оппачува своите синови и не сака да се утеши… Господ зборува вака: Прекрати да ридаш, избриши ги сопзите во очите! Твоите страдања ќе бидат наградени: тие ќе се вратат од непријателската земја. Има надеж за твоето потомство говори Господ твоите синови ќе се вратат во својот крај.“

Ова ветување е за тебе. Ти можеш да бидеш утешена и да имаш доверба во Бога. Бог мене ме има поучено дека мапечките ќе бидат легнати да почиваат пред времето на невопји. Ние ќе ги видиме нашите деца повторно. Ние ќе се сретнеме со нив и ќе ги познаваме во небесните дворови. Стави ја својата доверба во Бога, и не се ппаши.

Децата ќе бидат донесени во рацете на мајката. Живите праведници „наеднаш, за миг“ се преобразени. На Божјиот гпас тие се проспавени; сега стануваат бесмртни и со воскреснатитесвети се земени во пресрет на Господа на небото. Ангелите ги собираат „своите избрани од четирите ветра, од крајот на земјата до крајот на небото“ Малечките деца светите ангели ги носат во прегратките на нивните мајки. Пријателите, кои толку долго ги разделила смртта, пак се соединети за никогаш повеќе да не се разделат и со радосни песни се искачуваат заедно во Божјиот град.

Небото е вредно за сите нешта. Небото е вредно да жртвуваме се поради него. Тука не смееме ништо да ризикуваме или да ставиме на коцка. Мораме да знаеме дека Господ управува со нашите чекори. Бог нека ни помогне во големото дело на здобивање на победата. Тој на победниците им подготвил венци и круни, а на праведниците бели облеки. За оние кои копнеат по слава, чест и бесмртност, ја подготвил славата на неминливиот свет. Секој што ќе влезе низ вратата на Божјиот град, ќе влезе како победник. Тој тука нема да влезе како оправдан виновник, туку како син Божји. Зборовите на добредојде упатени на сите што ќе се удостојат да влезат низ вратата ќе бидат: „Елате, благословени од Мојот Татко; наследете го царството, приготвено за вас од почекот на светот.“ (Матеј 25:34)

Соучесници во Христовата радост. Ние гледаме придружба на ангели од двете страни на портата; и како што поминуваме, Исус зборува: „Дојдете вие благословени од Мојот Татко, наследете го царството кое е подготвено за вас од создавањето на светот.“ Во тој стих Тој ти вели да бидеш соучесник во Неговата радост и каква е таа? Тоа е радоста да ги видите страдањата на вашата душа, татковци. Таа радост мајки е да ги видите вашите напори наградени. Тука се вашите деца; круната на животот е на нивните глави и ангелите Божји ги овековечуваат имињата на мајките чиишто напори ги имаат придобиено своите деца за Исуса Христа.

Дали Бог ќе рече: „Добро сторено“? Кога ќе стоите пред големиот бел престол, тогаш вашата работа ќе изгледа онаква каква што е. Книгите се отворени, записот на секој живот е познат. Многумина во тоа големо мноштво се неподготвени за направените откровенија. До ушите на некои со плашлива јасност: „Измерен на мерила и најден лесен.“ На многу родители Судијата ќе им рече во тој ден: „Вие го имавте Мојот Збор кој јасно ви ја покажа вашатадолжност. Зошто не бевте послушни на неговите учења? Зарем не знаевте дека тоа беше Божјиот глас? Зарем јас не ви реков да ги истражувате Списите, за да не заталкате? Вие не ги упропастивте само своите души, туку и со својата претензија на побожност, вие заведовте на погрешен пат многу други. Вие немате дел со Мене. Одете од Мене; Одете од мене.“

Друга класа стои бледа и трепери, имајќи доверба во Христа, но сепак потисната со чувството на сопствената недостојност. Тие со солзи радосници и благодарност ја слушаат пофалбата Господова. Деновите на постојана работа, на носење на бремето, деновите на страв и агонија се заборавени кога тој глас посладок од музиката на ангелски харфи, ги изговара зборовите: „Добро сторено, добар и верни слуго; влези во радоста на својот господар.“ Таму стои војска на спасени, со палмови гранки во нивните раце, со круна на нивната глава. Тие се оние кои преку верни, сериозни напори се здобиле со погодност за небото. Животното дело извршено на земјата е признаено во небесните дворови како добро извршена работа.

Со неискажлива радост, родителите ја гледаат круната, облеката, харфата, дадена на нивните деца. Деновите на надеж и страв се завршени. Семето сеено со солзи и молитви можеби изгледало дека е безнадежно, но жетвата е ожнеана сепак на крај со солзи, нивните деца се откупени. Татковци, мајки, дали гласовите на вашите деца ќе ја направат погласна песната на радост во тој ден?

Сподели го ова:

Слични објави