Г Л А В A 8 2 – Доцна е часот
Сатаната ја собира својата војска. Сатаната ја собира својата војска, и дали ние поединечно сме подготвени за ужасниот судир кој е пред нас? Дали ние се подготвуваме себеси и нашите семејства да ја разбереме состојбата на нашите непријатели и методи на војување? Дали нашите деца формираат навики на одпучност, за да можат да бидат цврсти и непопустпиви во секое нешто во врска со начепото и допжноста? Се мопам сите ние да можеме да ги разбереме знаците на времето и така да се подготвиме себеси и нашите деца за да во времето на судирот Бог биде наше прибежиште и одбрана.
Подгответе се за запрепастувачко изненадување. Престапот скоро ја има достигнато својата граница. Збрката го испопнува светот, и голем ужас наскоро треба да дојде врз човечките битија. Крајот е многу бпизу. Божјиот народ треба да се подготвува за она што ќе го снајде светот како запрепрастувачко изненадување.
Нашето време е драгоцено. Ние имаме само мапку, многу мапку денови на проба во кои можеме да се подготвиме за идниот бесмртен живот.
Свечени прашања за родителите. Татковци и мајки, каков е вашиот запис? Дапи сте верни на довереното? Кога ги видовте децата накпонети да го следат својот панец на постапки за кој вие знаевте дека ќе резуптира во нечистотија на миспите, зборовите и делата, дапи вие прво го замоливте Бога за помош, обидувајќи се да им ја покажете нивната опасност? Дапи сте им ја покажапе ним опасноста на спедењето на патот кој самите го одбрале? Мајки, дапи сте ја занемарипе својата од Бога дадена работа најгопемата работа некогаш доверена на смртниците? Дапи сте одбипе да ги носите своите од Бога дадени одговорности? Во времето на неволја коешто е токму пред нас, кога судовите Божји ќе паѓаат на нечистите и несветите, дапи вашите деца ќе ве прокопнат заради тоа што сте им попуштапе на нивните жепби?
Треба да се поучат родителите кои се нови во верата.
Оние кои на светот му ја објавуваат последната вест на мипостмораат да сфатат дека им е должност да ги поучуваат родителите во поглед на учењето на верата во семејството. Големото движење на реформа мора да започне со излагање на начелата на Божјиот закон на татковците, мајките и децата. Кога ги изложувате барањата на законот и кога мажите и жените согледаат дека должност им е да се покоруваат на истиот, треба да им се објасни дека одговорноста која ја превземаат со таа одлука не е само за себе, туку и за своите деца. Покажете им дека покорувањето на Божјиот Збор е единствена сигурна заштита од зло кое го води светот во пропаст.
На нашите млади им е потребно помош и охрабрување.
Сега е нашето време и можност да работиме за младите луѓе. Кажете им дека ние сега сме во опасна криза и сакаме да знаеме како да ја разликуваме вистинската побожност. На нашите млади им е потребна помош, да бидат подигнати и охрабрени, но на правилен начин; не, можеби како што тие посакуваат, но на начин кој ќе им помогне да имаат посветени умови. Ним им е потребна добра, посветувачка религија повеќе од што и да е друго.
Не чекајте. Настаните кои доаѓаат фрлаат сенка на нашиот пат. Татковци, мајки, јас апелирам кон вас да направите сега најсериозни напори за вашите деца. Пружете им секојдневно верско поучување. Учете ги да го љубат Бога и да бидат верни на начелата на правото. Со возвишена, сериозна вера, насочена од божественото влијание на Светиот Дух, работете, работете сега. Не одложувајте го тоа за ниту еден ден, еден час.
Вршете целосна работа. Родители, понизете ги своите срца пред Бога. Започнете темелна работа со вашите деца. Молете се пред Бога да ви ја прости вашата непослушност на Неговиот Збор во занемарувањето да ги воспитате своите деца на патот по кој треба да одат. Замолете за светлина и водство, за нежен израз на лицето и за јасно разликување за да можете да ги видите своите грешки и пропусти. Бог ќе ги вослиши таквите молитви од едно понизно и скршено срце.
Исповедањето може да биде неопходно. Доколку не сте ги извршиле добро вашите должности кон вашите семејства, исповедајте ги своите гревови пред Бога. Соберете ги своите деца околу вас и признајте го своето занемарување. Кажете им дека имате желба да донесете реформација во домот и замолете ги да ви помогнат да го направите домот тоа што треба да биде. Читајте им ги упатствата дадени во Божјиот Збор. Молете се со нив; и молете го Бога да ги запази нивните животи и да им помогне да се подготват за дом во Неговото царство. На таков начин вие можете да почнете дело на реформација; и продолжете да го држите патот Господов.
Дајте им на децата пример на стриктна послушност. Посебното дело на родителите е законите Божји да им ги направат јасни на нивните деца и да ургираат на нивна послушност, за тие да ја видат важноста од почитување на Бога во сите денови на нивниот живот. Тоа беше делото на Мојсеј. Тој требаше на родителите да им ја наложи нивната должност да им дадат пример на децата на стриктна послушност. И тоа е делото кое над се друго треба да биде извршено во домашниот живот денес. Тоа треба да ја придружува тројната ангелска вест. Незнаењето не е оправдување затоа што родителите занемаруваат да ги учат своите деца што значи да се престапува законот Божји. Светлината изобилува, и никој не треба да чекори во темнина, никој не треба да биде во незнаење. Бог е навистина нашиот инструктор денес како што тој беше учител на децата израелски и сите се обврзани пред најсветите должности да ги почитуваат Неговите закони.
Молете се и работете за нивното спасение. Учете ги вашите деца дека срцето мора да биде воспитувано на самоконтрола и самоодрекување. Побудите на животот мора да бидат во хармонија со Божјиот закон. Не бидете задоволни гледајќи како вашите деца раснат одвоени од Христа. Никогаш не се чувствувајте пријатно додека тие се ладни и рамнодушни. Викајте кон Бога ден и ноќ. Молете се и работете за спасението на душите на вашите деца. „Стравот Божји е почеток на мудоста.“ Тоа е извор, баланс на карактерот. Без Господовиот страв, тие нема да ја постигнат големата цел на нивното спасение.
Постапувајте како градители на карактерот. Адвентистите на седмиот ден како родители мораат целосно да ја сфатат својата одговорност во изградбата на карактерот на своите деца. Тие имаат од Бога дадено предимство преку совесно залагање за своите деца да го засилуваат Божјето дело на земјата. Тој сака да види како од домовите на нашиот народ излегуваат голем број на млади кои, благодарејќи на побожното влијание на семејството, го предале своето срце Нему, подготвени да му посветат најдобра служба на својот живот. Насочени под надзорот на побожното семејство, под влијанието на утринското и вечерното богослужение, доследниот пример на богобојазливите родители, тие се научени да се покоруваат и на Бога и на своите учители и подготвени се како верни синови и ќерки Божји да вршат служба која нему му е угодна. Таквите момчиња и девојки се подготвени на светот да му ја покажат силата на Христовата благодат.