Г Л А В A 8 1 – Координација на домот и црквата
Започнете го делото на благодатта во домот. Родители, започнете го делото на благодатта во црквата во својот дом, така однесувајќи се да децата видат дека вие соработувате со небесните ангели. Бидете сигурни дека вие сте обратени секој ден. Воспитувајте се себеси и своите деца за животот вечен во Божјото царство. Ангелите ќе бидат ваши силни помошници. Сатаната ќе ве искушува, но вие не се предавајте. Не зборувајте ниту еден збор со кој непријателот може да земе предност нас вас.
Вистината е чиста и нерасипана. Нека таа пребива во срцето. Нека одлуката на секој член од семејството биде: „Јас ќе бидам христијанин, затоа што во тукашново училиште јас морам да образувам карактер кој ќе ми даде влез во повозвошената школа на небото. Јас морам да им го чинам на другите она што јас посакувам тие да го чинат за мене, затоа што само тие кои го откриваат Христа во овој свет ќе можат да влезат во небесните дворови.“
Направете го домашниот живот колку што е можно поблиску до небото. Нека членовите на семејството не заборават, кога се собираат при семејниот олтар, да се молат за луѓето на одговорни места во Божјото дело.
Оние кои ги управуваат своите семејства на правилен начин ќе донесат во црквата влијание на ред и стравопочит. Тие ќе ги претстават атрибутите на милоста и правдата како соединети. Тие на своите деца ќе им го откријат Христовиот карактер. Законот на љубезноста и љубов на нивните усни нема да ги направат нивните заповеди слаби и без авторитет и нивните налози нема да бидат соочени со непослушност.
Тоа што е домот, тоа ќе биде и црквата. Секое семејство претставува црква, над која семејствата претседаваат. Првото нешто за кое родителите треба да размислуваат е да работат за спасението на своите деца. Кога таткото и мајката како свештеник и учител во домот ја заземат својата положба цврсто на Христовата страна, во домот ќе биде ширено добро влијание. И тоа посветено влијание ќе биде почувствувано во црквата и ќе биде препознаено од секој верник. Заради големиот недостак на побожност и посве
теност во домот, делото Божје е многу назадено. Никој човек во црквата не може да внесе влијание кое тој не го шири во својот домашен живот и во своите деловни релации.
Соодветното однесување во црквата е научено во домот.
Домот е училиште каде сите можат да научат како треба да постапуваат во црквата. Кога сите се членови на царското семејство, ќе постои вистинска учтивост во домашниот живот. Секој член на семејството ќе настојува да го направи домот угоден за секој друг член. Божјите ангели, кои им служат на оние кои ќе бидат наследници на спасението, ќе ви помогнат да направите модел на небесното семејство. Нека постои мир во домот и ќе има мир во црквата. Ова драгоцено искуство донесено во црквата ќе биде начин за создавање љубезност еден кон друг. Недоразбирањата ќе престанат. Вистинска христијанска учтивост ќе биде видена меѓу членовите на црквата. Светот ќе спознае дека тие биле со Исуса и се имаат поучено од Него. Каков само впечаток црквата би оставила врз светот кога сите членови би живееле христијански живот!
Зошто постои слабост во црквата. Многумина изгледа мислат дека…во црквата, наголемувачката љубов кон задоволството е последица на занемарената пасторална работа. Вистина, црквата треба да има верни водачи и пастори. Проповедниците треба сериозно да работат за младите кои себеси не се предале на Христа, и за други кои, и покрај што нивните имиња се на црквените книги, не се религиозни и Христос не пребива во нив. Но проповедниците можат да ја вршат својата работа верно и добро, но сепак со тоа ќе се постигне малку доколку родителите ја занемарат својата работа. Недостатокот на христијанство во домашниот живот е причина зашто постои недостаток на сила во црквата. Се додека родителите не ја сфатат работата како што треба, ќе биде тешко младите да се разбудат за да ја сфатат својата должност. Доколку религијата владее во домот, таа ќе биде донесена во црквата. Родителите кои ја вршат својата работа за Бога се сила за добро. Кога ги зауздуваат и охрабруваат своите деца израснувајќи ги во грижата и науката Господова, тие го благословуваат соседството во кое живеат. И црквата е засилена преку нивната верна работа.
Занемарливи родители не можат да ја воздигнат црквата.
Доколку се дозволи непослушност во домашниот живот, срцата на децата ќе бидат исполнети со опозиција на Божјото устројство. Силата на Светиот Дух ќе биде недоволна да ги омекне и потчини нивните срца. Доколку во подоцнежните години, под посебни околности, тие се предадат на силата на Христовото евангелие, тие ќе треба да водат ужасни битки за да ја доведат нелојалната волја на потчинетост на волјата Божја. Често пати и црквата страда заради своите членови заради погрешното воспитување примено за време на детството. Како деца, ним им било дозволено да практикуваат измама за да ја добијат својата волја и духот кој бил дозволен да биде бунтовнички во домот, на крај ќе произведе и непослушност на Божјите барања.
Духовноста може да биде убиена преку критицизам. Кога вие сте искушувани да зборувате раздразливи зборови, молете се за благодат за да му се спротивставите на искушението. Имајте на ум дека вашите деца ќе зборуваат онака како што ќе ве слушнат дека вие зборувате. Преку својот пример вие можете да ги воспитувате. Имајте на ум дека ако зборувате раздразливо со членовите на црквата, вие ќе зборувате исти такви зборови на небото, кога би ви се дозволило да влезете таму…
Проповедникот има посебна можност. Во секоја прикладна можност на децата треба да им се повторува сторијата за Христовата љубов. Секоја проповед треба да содржи нешто посебно и за децата. Во тие малечки Христовиот слуга треба да стекне трајни пријатели. Тој не смее да пропушти ниту една прилика да им помогне во стекнување на појасно познавање на Светото Писмо. Тоа ќе го запре патот на сатанските изуми повеќе отколку што тоа ние можеме да си го претпоставиме. Ако децата рано се запознаат со вистината на Божјата Реч, на тој начин се подига брана против безбожноста и таквите деца ќе бидат во состојба непријателот да го пречекаат со зборовите: „Пишано е.“
Бидете верни во домот како и при богослужението. Родители, како учители на вашите сакани вистината треба да биде управувачка сила над вашата совест и вашето разбирање, управувајќи над зборовите и делата. Бидете така верни во својот домашен живот како што сте во богослужението на Бога. Покажете им вистински карактер на сите во домот. Ангелите Божји се присутни, забележувајќи како младите членови на Божјото семејство се третирани. Верата во домот сигурно ќе биде воведена во црквата.