Г Л А В A 8 0 – Стравопочит за она што е свето
Драгоцената благодат на стравопочитта. Стравопочитта е една друга скапоцена доблест која треба грижливо да се негува.
Воспитувањето и образованието на младите треба да биде од таков карактер така што ќе ги воздига светите нешта и поттикне чиста посветеност на Бога во Неговиот дом. Многумина кои тврдат дека се деца на небесниот Цар немаат правилно гледиште за светоста на вечните работи.
Треба да се има стравопочит кон Бога. Вистинската стравопочит кон Бога произлегува од сознанието за Неговата неограничена големина и од свеста за Неговото присуство. Срцето на секое дете мора да биде длабоко проткаено со таа свест за Невидливиот.
Неговото име треба да биде почитувано. Треба да се покаже стравопочит и кон Божјото име. Никогаш не би смееле да го изговориме тоа име премногу лесно или непромислено. Дури и во молитвата треба да се одбегнува негово често и непотребно повторување. „Свето е и страшно Неговото име!“ (Псалм 111:9). Додека го изговараат, ангелите ги покриваат своите лица. Со какво стравопочитување ние, паднати и грешни, би требале да го изговараме со нашите усни!
Неговиот Збор е свет. Мораме да покажеме стравопочит и кон Божјата Реч. Мораме да го почитуваме и печатениот текст, никогаш не смееме да го употребуваме во обични цели ниту со нив да постапуваме немарно. Писмото никогаш не треба да се цитира во шега или да се прераскажува за да се искаже некоја духовитост. „Секое Божји збор е чист“, „како сребро претопено во земјена печка пречистено седумпати“ (Изреки 30:5; Псалм 12:6).
Местото за молитва Бог е присутен. Преку утринска и вечерна жртва, во вид на молитва и благодарност, Бог треба да биде славен во секој христијански дом. Децата треба да бидат поучувани часот на молитва никогаш да не го заборават и да му пристапат со стравопочит.
Домот Божји Неговиот свет храм. Многумина… немаат правилно гледиште за светоста на вечните нешта. Скоро сите треба да се поучуваат како да се однесуваат во Божјиот дом. Родителите не треба само да поучуваат, туку и да им заповедаат на своите деца во светилиштето да влегуваат со сериозност и стравопочит.
Чувајте се од растечката негрижливост. Според светоста на старозаветното светилиште, христијаните можат да се поучат како треба да го почитуваат местото на кое Бог се состанува со Својот народ. Во навиките и обичаите на народот во поглед на верските обреди е дојдено до голема промена не на подобро, туку на полошо. Драгоцените свети нешта кои не доведуваат во врска со Бога брзо го губат своето влијание врз умот и срцето и се доведуваат на низок степен со обичните нешта. Во голема мерка го снемало она почитување кое народот го чувствувал кон старозаветното светилиште во кое тој се состанувал со Бога во светата служба. Но Бог самиот го воспоставил редот на Својата служба, воздигајќи ја над сето она што е минливо.
Домот Божји често пати е обесчестен и саботата е прекршена од децата на оние кои веруваат во саботата. Во некои случаи ним во домот им е дозволено да трчаат, играат, зборуваат и го манифестираат својот лош темперамент на секој состанок каде светите му служат на Бога во убавината на светоста. И местото кое треба да биде свето, и каде треба да владее света тишина, и каде треба да има совршен ред, уредност и понизност, направено е да биде совршен Вавилон, „збрка.“ Тоа е доволно за да се предизвика Божјото негодување и Неговото присуство да не биде присутно на нашите собранија.
Ние имаме повеќе причина за стравопочит отколку Евреите. Вистина е дека скоро целосно се угасило стравопочитувањето кон Божјиот дом. Светите нешта и светите места не се разликуваат од обичните; не се цени она што е свето и возвишено. Не е ли тоа причина за недостаток на срдечната побожност во нашите семејства? Не е ли тоа заради тоа што нашето возвишенознаме на верата занемарено се влече по прашината? Бог на Својот народ во стариот завет му дал совршени прописи во погпед на редот и точноста. Зар се променип Неговиот карактер? Не е пи тој Големиот и Семоќен Бог којшто владее на небото над небесата? Зарем не би бипо добро често да ги читаме упатствата кои Самиот Бог им ги дап на Евреите, како би можеле ние, кои не одбпеснува светлината на вепичествената вистина, да се угпедаме на стравопочитувањето кое тие му го укажувапе на домот Божји? Ние имаме причини… да биде уште повниматепни и да негуваме уште поголемо стравопочитување кон нашето богоспужение отколку Евреите. Меѓутоа, непријатепот бип на дело за да ја уништи нашата вера во светоста на христијанското богоспужение.
Учете ги децата да влегуваат со стравопочит. Родитепи, воздигнете ги начепата на христијанството пред очите на своите деца. Помогнете им да го вткајат Исуса во своите животи. Научете ги да негуваат најгопемо стравопочитување кон домот Божји и да сфатат кога влегуваат во истиот дека нивните срца треба да бидат обземени со мислите: „Бог е тука и ова е Негов дом. Јас морам да имам чисти мисли и најсвети побуди. Во моете срце не смее да има гордост, завист, зпи претпоставки, омраза ипи измама затоа што се наоѓам во присуството на светиот Бог. Ова е место на кое Бог се состанува со Својот народ и го бпагосповува. Возвишениот и свет Бог, кој живее во вечноста, ме гпеда, го испитува моето срце и ги чита најтајните миспи и постапки на мојот живот.
Да останат со своите родители. Морапниот вкус на оние кои доаѓаат на богослужение во светиот Божји дом мора да биде возвишен, бпагороден и посветен. Ова прашање во гопема мерка е запоставено. Не се сфаќа неговото значење и како поспедица на тоа преовладува неред и непочитување и на Бога му се нанесува срам. Кога водачите на црквата, проповедниците и народот, татковците и мајките немаат возвишено гпедиште за тоа прашање, што може да се очекува од неискусните деца? Децата често пати се собираат во групи, одвоени од родитепите кои би требало да водат грижа за нив. Иако се наоѓаат во присуството Божјо каде неговите очи ги гледаат, децата се однесуваат пекомиспено, се шегуваат и се смеат, безгрижни се, невнимателни и не чувствуваат стравопочитување.
Да се биде трезвен и тивок. Не покажувајте толку малку почитување кон Божјиот дом и богослужението со тоа што ќе разговарате за време на проповедта. Оние кои го чинат тоа би биле исполнети со страв и ужас кога би можеле да видат како Божјите ангели ги гледаат и ги бележат нивните дела. Бог бара внимателни слушатели. Додека луѓето спиеле, непријателот посеал какол.
Да не се постапува како на обично место. Треба да постои свето одредиште, како во старото светилиште, каде Бог се сретнувал со Својот народ. Тоа место не треба да биде користено како место за обедување или состаноци, туку само за богослужение. Таму каде што децата посетуваат дневно училиште, ако на истото место тие се собираат за богослужение во сабота, тие нема да можат да чувствуваат светост на местото и дека тие мора да влезат со чувства на стравопочит. Светото и обичното се така помешани така што е тешко да се распознаат.
Заради таа причина домот или светилиштето посветено на Бога не треба да биде претворено во обично место. Светоста на местото не треба да биде збркана или помешана со секојдневните обични чувства или бизнис прашања. Треба да постои свечена стравопочит врз верниците кога влегуваат во светилиштето, и тие треба да ги остават зад себе сите обични световни мисли, затоа што тоа е место каде Бог го открива своето присуство. Тоа е приемно место на големиот и вечен Бог; и заради тоа гордоста, страстите, неслогата, самоценењето, себичноста и алчноста кои Бог ги прогласува за идолопоклонство, не одговараат за такво место.
Да не се манифестира дух на лекоумност. Родители, ваша должност е да вашите деца да бидат во совршена потчинетост, со сите нивни страсти и зли темпераменти потчинети. И ако децата се земени на богослужение, тие треба да разберат каде се наоѓаат дека тие не се дома, туку таму каде Бог се среќава со Својот народ. И тие треба да бидат тивки и да не си играат и Бог ќе го сврти Своето лице кон вас, да се состане со вас и да ве благослови.
Детето кое смета да се изнесе надвор. Вашето дете треба да биде поучено да биде послушно како што децата Божји му се нему послушни. Доколку тоа начело се држи еден збор од вас ќе има тежина кога детето е немирно во Божјиот дом. Но доколку децата не можат да бидат зауздани, доколку родителите сметаат дека зауздувањето е премногу да се бара, детето треба да биде изнесено од црквата веднаш; тоа не треба да биде оставено да ги одвратува умовите на слушателите со тоа што ќе зборува или трча наоколу. Бог е осрамотен од лабавиот начин на кој родителите управуваат со своите деца додека тие се во црква.
Недостатокот на стравопочит причинет преку раскошно облекување. Сите треба да бидат научени да бидат чисти, уредни и внимателни во облекувањето, но исто така и да не се оддаваат на надворешно облекување кое никако не одговара за светилиштето. Украсувањето не смее да се дозволи, затоа што тоа поттикнува недостаток на стравопочит… Со сите прашања на облекување треба стриктно да се управува според начелата на Библијата. Модата е божица која владее со светот, но таа често пати се вовлекува и во црквата. Црквата треба да ја земе речта Божја за свое мерило, а родителите треба разумно да го сфатат тоа прашање.
Покажете почитување кон проповедниците Божјите претставници. Треба да се покаже стравопочит и кон Божјите претставници кон проповедниците, учителите и родителите кои се повикани да зборуваат и дејствуваат во Негово име. Почитувајќи ги нив, Му укажуваме чест на Бога.
Одговорноста на родителите кои критикуваат. Родители внимавајте, каков пример и какви поими им давате на своите деца. Нивниот дух е многу подложен на влијанието и лесно го прима. Ако говорникот при богослужението направи грешка, немојте да ја споменувате. Зборувајте само за неговите добри постапки и за добрите мисли кои ви ги изнел и кои треба да ги вреднувате како нешто што доаѓа преку Божјиот посредник. Многу е лесно да се види зошто работата на проповедникот има толку малку дејство на децата и зошто тие имаат така малку стравопочитуивање кон домот Божји. Нивното воспитување во тој поглед е неисправно.
Чувствителните и приемчивите умови на децата ја ценат работата на Божјиот слуга според тоа како гледаат на тоа Неговите родители. Многумина од оние кои се глава на семејствата дома ја критикуваат службата, одобрувајќи нешто малку, а осудувајќи го сето останато. И така веста Божја упатена на луѓето се критикуваи става во прашање и станува предмет на лекомислени разговори. Како влијаат на децата овие лекомислени и невнимателни примедби ќе откријат само небесните книги. Децата многу лесно ги примаат и сфаќаат овие нешта отколку што родителите се наклонети да мислат. Тие така добиваат погрешни морални поими, кои никогаш нема да можат целосно да се променат. Родителите се жалат дека нивните деца имаат тврдо срце и дека во нив не можат да пробудат чувство на одговорност кон барањата Божји; но во небесните книги непогрешливо е забележана вистинската причина за тоа. Родителите биле необратени. Нивните ниски и површни поими за светоста на проповедничкиот повик и светилиштето Божје се вткани во воспитувањето на нивните деца.
Прашање е дали некој кој со години добивал погрешно домашно воспитување некогаш ќе може да има чувствителна стравопочит и висок поим за Божјите проповедници и луѓето на кои Тој им го доверил спасението на душите. За овие работи треба да се зборува со стравопочит, со одбрани зборови и чувство на одговорност, како со тоа на сите со кои доаѓате во допир би им покажале дека веста на слугата Божји ја сметате за вест на самиот Бог.
Практикувајте стравопочит се додека тоа не стане навика.
Многу е потребна стравопочитта кај младите во овој век. Јас сум преплашена кога гледамкако децата и младите на религиозни родители се толку невнимателни за редот и соодветноста на однесувањето и облекувањето кое треба да го манифестираат во Божјиот дом. Додека Божјите слуги ги презентираат зборовите на животот до луѓето, некои читаат, други шепотат или се смеат. Нивните очи грешат со тоа што го одвраќаат вниманието на сите околу нив. Оваа навика, доколку се остави да продолжи, ќе расте и ќе има влијание врз другите.
Децата и младите никогаш не треба да мислат дека треба да се биде горделив со тоа да се биде рамнодушен и негрижлив на состаноците каде Бог се обожува. Бог ја гледа секоја мисла или дело каде нема стравопочит и тоа е запишано во небесните книги. Тој вели: „Јас ги знам твоите дела.“ Ништо не е сокриено од Неговото око кое ги испитува сите нешта. Доколку имате формирано во колкав и да е степен навика на невнимателност и рамнодушност во Божјиот дом, употребете ги силите со кои располагате да го исправите тоа и покажете дека поседувате самопочитување. Практикувајте стравопочит се додека таа не стане дел од вас.