Г Л А В A 7 – Практични поуки од книгата на природата
Божјиот глас во Неговите созданија. Каде и да се свртиме, го слушаме Божјиот глас и ги гледаме Неговите созданија. Од свечениот трескот на громот и непрекинатиот ек на океанот, до милозвучните песни на птиците кои со своите мелодии ги исполнуваат шумите, природата со безброј гласови му оддава слава на својот Создател. На земјата, во морето и во воздухот со своите чудесни нијанси и бои, во раскошниот контраст или во разновидната хармонија ние ја гледаме Неговата слава. И вечните ритчиња зборуваат за Неговата слава. Дрвјата со своите зелени бајраци под сончевата светлина, и цвеќињата со нивната нежна убавина, зборуваат за својот Создатеп. Живописното зеленило распостепено врз кафената земја, зборува копку Бог се грижи и за најситните свои созданија. Дпабочините на морето и земјата ги откриваат неговите богатства. Оној, кој ги поставип бисерите во океанот, и аметистот и хризопитот помеѓу карпите, е љубитеп на се што е убаво. Сонцето, кое се издига на небесата, го претставува Оној кој е живот и светпина за се она што го создап со Своите раце. За Бога зборува и сиот сјај и убавина што ја красат земјата и ги осветпуваат небесата.
Дапи тогаш ние, кои ги уживаме неговите дарови, треба да го заборавиме Даритепот? Сето тоа нека не поттикне да размислуваме за Неговата добрина и за Неговата љубов. Сета убавина на нашиот земен дом нека не потсетува на кристапната река и зепените попиња, дрвјата кои се вејат и живите извори, бпескавиот град и хорот во бела обпека, на нашиот небесен дом тој прекрасен свет што ниеден уметник не може да го нацрта и ниту пак смртен јазик да го опише. „Што окото не виде, што увото не чу, што во човечкото срце не дојде, тоа Бог го приготви за оние кои го љубат.“ (1. Коринтјаните 2:9).
За Божјата љубов и Неговиот карактер. Мајките… не треба да бидат преокупирани со вештачкото и обременети со грижи, и да немаат време да ги воспитуваат своите деца од големата Божја книга на природата, втиснувајќи ја во нивниот млад ум убавината на отворањето на пупката и цветот. Високите дрвја и убавите птици, кои му пеат радосни песни на својот Создател, на детските чувства им зборуваат за добрината, милоста и Божјата добродетел. Секој лист и секој цвет со своите разновидни нијанси, кои го исполнуваат воздухот со пријатен мирис, ги учат дека Бог е љубов. Се она што е убаво и мило во овој свет им зборува за љубовта на нашиот небесен Татко. Тие можат Божјиот карактер да го забележат во Неговите создадени дела.
За Божјото совршенство. Како што природата открива дека го цени Големиот Работник со тоа што прави најдобро што може за да го претстави Божјото совршенство, така и човечките суштества треба да се трудат во својата сфера да го претставуваат Божјото совршенство, дозволувајќи му на Бога преку нив да ги оствари Своите цели за праведност, милост и добрина.
За Создателот и саботата. Кој ни го дал сонцето кое прави земјата да донесе плодови и кој ги излева плодоносните дождови? Кој ги поставил небесата над нас, сонцето и ѕвездите? Кој ти дал разум, и од ден во ден, кој внимава над тебе?… Секогаш кога ќе погледнеме кон создадениот свет, се потсетуваме дека не создала Божјата моќна рака. Небесниот свод над нашите глави и земјата покриена со зелениот тепих, повикуваат да се сетиме на Божјата сила и на Неговата љубов и љубезност. Тој можел да направи тревата да биде кафена или црна, меѓутоа Бог е љубител на убавото и заради тоа, Тој нам ни дал прекрасни нешта кои можеме да ги гледаме. Би можел ли некој друг да ги обои цвеќињата со толку нежни нијанси со какви што ги облекол Бог?…
Ние немаме подобар учебник од природата. „Погледнете ги полските кринови;… ниту работат, ниту предат: но Јас ви велам, дека дури ни Соломон, во сета своја слава, не се облече како еден од нив.“ Умот на нашите деца нека биде посочен кон Бога. Заради тоа, Тој ни го дал седмиот ден и го оставил како спомен за Неговите создадени дела.
Послушност кон законот. Истата сила што ја одржува природата дејствува и во човекот. Истите големи закони што ги водат патеките и на ѕвездата и на атомот, го надгледуваат и човековиот живот. Законите кои управуваат со работата на срцето усогласувајќи го протокот на струјата на животот според законите на телото, се закони на моќниот Ум кој има власт над душата. Од Него произлегува целиот живот. Само во согласност со Него може да се утврди вистинското подрачје на активност на животот. Сите создадени суштества стојат пред ист услов нивниот животот се одржува на тој начин што го примаат од Бога и треба да го употребат така што ќе живееат во согласност со волјата на Создателот. Ако го прекршува Божјиот закон физичкиот, менталниот или моралниот, човекот сам се издвојува од хармонија со вселената и внесува дисхармонија, анархија и пропаст.
Оној кој ќе научи на ваков начин да ги толкува нејзините учења, ќе добие појасна претстава за природата; светот е учебник, а животот училиште. Единството на човекот со природата и со Бога, универзалната власт на законот, последиците од престапувањето, влијаат врз умот и го обликуваат карактерот. Тоа се лекциите кои нашите деца треба да ги научат.
Други лекции од законите на природата. Обработувајќи ја земјата, внимателниот работник ќе согледа дека пред него се отвораат такви богатства какви што не ни сонувал. Никој не може успешно да се занимава со земјоделие или со градинарство ако не ги почитува законите на таа работа. Мораат да се проучуваат посебните потреби на секој растителен вид. Различни видови бараат различна почва и соодветна нега, а покорувањето на законите кои управуваат со секое од нив е услов за успех.
Вниманието што го бара пресадувањето, да не се притесни или погрешно да се постави макар и една жила од коренот, грижата за младите растенија, нивното кроење и наводнување, заштитувањето од мразот ноќе и од сонцето дење, борбата против плевелот, болестите и штетните инсекти, севкупното негување и уредување, не само што овозможуваат важни поуки за развивање на карактерот, туку покажуваат дека само со работа може да се постигне развој. Учејќи се да бидеме грижливи, трпеливи, темелни, послушни на законот, ние го стекнуваме најважното воспитување.
Постојаниот допир со тајните на животот и убавината на природата, како и нежноста која е потребна за грижата околу овие прекрасни дела на Божјото создавање, придонесуваат за оживување на умот и облагородување и воздигнување на карактерот; а научените поуки му помагаат на работникот успешно да се соочува со луѓето.
Лекции од посеаното семе. Параболата за сејачот и семето ни дава длабока духовна порака. Семето ги претставува начелата посеани во срцето, а неговиот раст, развитокот на карактерот. Направете поучувањето на оваа точка да се примени во пракса. Децата можат да ја подготват почвата и да го сејат семето; и додека работат, родителот или учителот можат да им објаснат за градината на срцето, за доброто или лошото семе посеано таму; како што градината треба да биде подготвена за природното семе, исто така и срцето мора да биде подготвено за семето на вистината. Како што растението расте, сличноста помеѓу природното и духовното сеење може да продолжи.
Додека го фрлаат семето во земјата, тие можат да им ја пренесат поуката за Христовата смрт; а кога тревката ќе изникне, нека ги упатат на вистината за воскресението.
Градината на срцето треба да се одгпедува. Од обработувањето на почвата постојано можат да се извлекуваат одредени лекции. Никој не може да донесе заклучок дека необработено парче почва ќе донесе жетва одеднаш. Во подготовката на почвата, во сеењето на семето и во негувањето на растението, мора да биде вложена вредна и истрајна работа. Така мора да биде и со духовното сеење. Градината на срцето мора да се обработува. Почвата мора да биде изорана преку покајание. Мора да се искорне лошиот плевел што го задушува доброто зрно. Како што може, само со вредна работа почвата прекриена со трња да биде вратена во нејзината првобитна состојба, така и злите тенденции на срцето можат да бидат победени само со истрајни напори, во Христовото име и со Неговата сила.
Растење во бпагодатта. Зборувајте им на децата за чудотворната Божја сила. Додека го проучуваат големиот учебник на природата, Бог ќе влијае врз нивниот ум. Земјоделецот ја ора својата земја и ги сее своите семиња, меѓутоа, тој не може да направи семето да расте. Тој мора да зависи од Бога кој ќе го направи она што човечка сила не може да го стори. Господ ја сместува Својата животодавна сила во семето, која потоа прави тоа да никне и да живее. Благодарение на Неговата грижа никулецот на животот ја пробива тврдата кора во кое е затворено, и изникнува за да го даде својот плод. Најпрво се појавува тревката, потоа класот, па дури
тогаш класот се исполнува со зрна. Кога на децата ќе им се објасни делото кое Бог го прави за семето, тие можат да ја сфатат и тајната на растењето во благодатта.
Издигнување над нештата околу нас. Во Америка ние имаме свежи водни кринови. Тие прекрасни кринови изникнуваат чисти, неизвалкани, совршени, без ниту една мана. Тие се пробиваат низ густи урнатини. Јас му реков на мојот син: „Сакам да се обидеш да ми скинеш еден крин со стебло што е можно поблиску до коренот. Сакам да разбереш нешто во врска со тоа.“
Тој извлече една рака кринови и јас ги посматрав. Целите беа полни со отворени канали, а стебленцата впиваа материи од чистиот песок под површината и беа развиени во чисти и неизвапкани кринови. Тие ги отфрлиле сите отпадоци. Тие ги отфрлиле сите непријатни нешта, но еве, тие се развиле во својата убавина.
Токму така ние треба да ги воспитуваме нашите млади во овој свет. Нивниот ум нека биде поучен за тоа кој е Бог, кој е Исус Христос, и за жртвата што Тој ја направи во наша полза. Нека црпат од чистотата, доблеста, благодатта, учтивоста, љубовта, воздржувањето; нека ги црпат од Изворот на сета сила.
Поуки за доверба и истрајност. „Запрашај ги ѕверовите, и тие ќе те поучат; и птиците небесни, и тие ќе ти кажат:… и морските риби ќе ти објават тебе.“ „Оди кај мравката; размислувај за нејзините патишта.“ „Погпеднете ги птиците.“ „Размислете за гавраните.“ Јов 12:7,8; Изреки 6:6; Матеј 6:26; Лука 12:24.
Ние не треба само да му раскажуваме на детето за овие Божји созданија. Самите животни треба да бидат негови учители. Мравките даваат поука за трпелива трудољубивост, за истрајност во совладување на пречките, за подготвување за иднината. Птиците се учители на милозвучната поука за довербата. Нашиот небесен Отец се грижи за нив; но тие мораат да ја собираат храната, мораат да ги градат своите гнезда и да ги подигаат своите млади. Тие секој миг се изложени на непријатели кои настојуваат да ги уништат. А сепак, колку радосно се зафатени со својата работа! Колку се нивните песни полни со веселба!
Псалмистот дава прекрасен опис за тоа колку Бог се грижи за шумските созданија „Високите планини им даваат засолниште на дивите кози, и пештерите на јазовците.“ Псалм 104:18.
Тој испраќа потоци да течат меѓу ридовите, каде и птиците имаат свои станови, и „пејат среде гранките“ (Псалм 104:12). Сите созданија по шумите и горите се дел од неговото големо домаќинство. Тој ја отвора својата рака и обилно наситува „се што е живо“ (Псалм 145:16).
Инсектите даваат поука за работливоста. Работливата пчела на интелигентниот човек му дава пример на кој треба да се угледа. Овие инсекти живеат во совршен ред и на ниту еден безработник не му е дозволено место во кошницата. Тие својата одредена работа ја извршуваат со таква разумност и ревност што ја преминува моќта на нашето сфаќање… Мудриот Соломон го насочува нашето внимание кон тие малечки созданија на земјата: „Оди при мравката, о мрзливецу; набљудувај ги нејзините патишта и биди мудар; таа нема водич, надзорник ни настојник, се грижи за храната лете и прибира јадење во време на жетвата.“ „Мравките во кои нема сила, сепак својата храна ја подготвуваат во текот на летото.“ Од тие малечки учители можеме да извлечеме лекција за верноста. Доколку вредно ги усовршуваме способностите со кои не обдарил премудриот Создател, толку повеќе ќе се зголеми нашата корисност. Божјото око запира и врз најмалите Негови созданија; дали Тој тогаш нема да погледне кон човекот, кој е создаден според Неговиот лик, и да бара од него соодветен надоместок за сите подарени предности?