Г Л А В A 7 9 – Саботата ден на задоволство
Преовладува непочитувањето на саботата. Ми беше покажано дека многу родители кои зборуваат дека веруваат во свечената вест за ова време не ги воспитале своите деца за Бога. Не се зауздувале и се раздразнувале на секој еден кој би се обидел да ги заузда. Тие не ги поврзувале своите деца секој ден преку живата вера за олтарот Божји. На многумина од овие млади им било дозволувано да ја кршат четвртата заповед и да се забавуваат на светиот ден. Тие не чувствувале никаква грижа на совеста шетајќи се по улиците во сабота заради разонода. Многумина одат каде што сакаат и работат што сакаат, а нивните родители во страв да не ги навредат, се повеле по примерот на Илија и не ги ограничуваат во своите забави.
Така овие млади на крајот губат секаков почит кон саботата и немаат никаква наклонетост кон верските состаноци и кон она што е свето и вечно.
Послушајте го првиот збор на четвртата заповед. Фразата „Сеќавај се“ е сместена на самиот почеток на Четвртата заповед. Родители, вие треба самите да го запаметите саботниот ден и да го држите свет. И доколку го чините тоа, вие им давате правилно поучување на вашите деца; тие ќе имаат почит кон Божјиот свет ден… Христијанското воспитување е потребно во вашите домови. Во текот на целата седмица имајта ја Божјата света Сабота во вид, затоа што тој ден треба да биде посветен во служба на Бога. Тоа е ден кога рацете треба да почиваат од световните вработувања и кога потребите на душата треба да имаат посебно внимание.
Кога мислите се така посветени на саботата, тоа што е земно и минливо нема да го попречува она што е духовно. Ниту една должност која треба да се изврши во текот на шесте работни денови нема да биде оставена за саботата. Во текот на седмицата нашите сили нема да бидат така исцрпени со земната секојдневна работа за во денот кога Господ се одмарал и освежил да бидеме така уморни така што не можеме да учествуваме во Неговата служба.
Нека петокот биде ден за подготовка. Во петокот треба да се заврши сета подготовка за саботата. погрижете се сета облека да биде подготвена, готвењето завршено, облеката очистена и да се искапете. Сето тоа може да се среди и заврши ако тоа си го поставиме како правило. Саботата не треба да се помине во крпење на облеката, во готвењето на храната, во тражењето на задоволствата или на која друга земна работа. Пред заоѓањето на сонцето напуштете ја сета земна работа и отстранете ја пред своите очи секоја световна книга или весник. Родители, објаснете им ги на децата своите постапки и нивната цел во тој поглед и дозволете им на децата да учествуваат во подготовката за саботата во согласност со законот.
Во многу семејства (во саботата) чизмите и чевлите се бојадисуваат и четкаат, нешто се сошива, сето тоа заради тоа што тие малечки работи не биле завршени во петок. Тие не се држеа до заповедта „сеќавај се да го празнуваш денот за одмор.“…
Во петок треба да се среди облеката на децата. За време на седмицата децата со своите раце треба да ја положат својата облека, по упатство на мајката, за да можат да се облечат тивко, без збрки или брзање или раздразливост.
На уште една работа треба да и се посвети внимание во подготовката на домот. Тој ден треба да се усогласат сите несогласувања помеѓу браќата, како во семејството така и во собранието.
Саботата се започнува со семејно богослужение. Пред заоѓањето на сонцето членовите на семејството треба се соберат како би ја читале Божјата реч, би пееле и се молеле. Во тој поглед е потребна реформа, затоа што многумина во тоа станале немарни. Тие треба да се исповедаат на Бога и еден на друг. Мораме да започнеме одпочеток во секој поглед, вршејќи посебни израмнувања како секој член на семејството би се подготвил да го празнува денот кој Бог го благословил и посветил.
Саботните часови не се наши туку Божји. Бог нам ни далцели шест денови во кои ние можеме да ја вршиме својата работа и има резервирано само еден за Себеси. Тоа треба да биде ден за благослов за сите нас ден кога ние треба да ги положиме сите наши световни работи и да ги центрираме нашите мисли на Бог и небото.
Кога саботата започнува, ние мораме грижливо да внимаваме на себе, на своите постапки и зборови, како не би го краделе Бога и се користиме со она време кое му припаѓа само Нему. Не смееме да работиме никаква работа за живеачка или било што од она што би можеле да го вршиме за останатите шест дена, ниту пак смееме да им дозволиме на своите деца тоа да го чинат. Петокот е ден за подготовка. Тој треба да се искористи за неопходните подготовки за саботата, а тогаш да се мисли и зборува за неа. Не смее да се зборува ниту чини ништо што небото би го сметало за кршење на светата сабота. Бог бара не само во сабота да не се фаќаме за никаква физичка работа, туку да го научиме својот дух да мисли само за светите прашања. Да се зборува за земните нешта всушност значи да се крши четвртата заповед, а исто тоа важи и за водењето на лесните и безначајните разговори. Ако зборуваме за сето она што ќе ни дојде на ум, тогаш тоа се празни зборови. Самото одвратување од правиот пат носи во ропство и навлекува осуда.
Саботата е премногу драгоцена за да се преспие. Никој не треба да си дозволи, преку седмицата, да стане толку преокупиран во земните работи, и толку исцрпен од своите напори за земна добивка, така што во саботниот ден нема сила или енергија за службата Божја. Ние го крадеме Бога кога не сме во можност да го обожуваме Него во Неговиот свет ден. Ние се закинуваме себеси исто така; затоа што нам ни треба топлината и светлината на друштвото, како и силата која е придобиена од мудроста и искуството на другите христијани.
Немојте да ги поминувате драгоцените часови од саботата во постела. Во сабота наутро семејството треба да стане рано. Ако стане доцна, ќе настане пореметување и забрзаност во подготовката за доручек и саботната школа. Среде забрзаноста ќе настане метеж и нетрпеливост. Така во домот ќе се појават несвети чувства. Така обесветената сабота на тој начин станува бреме и нејзиното доаѓање ќе се очекува со непријатни чувства наместо со љубов.
Посетете ги јавните служби со своите деца. За татковците и мајките треба да биде правило нивните деца да посетат богослужение во сабота и тоа правило треба да го присилат со својотпример. Претставува должност да им заповедаме на нашите деца и нашите семејства.. како што тоа го стори Авраам. Преку пример како и преку начела ние треба да ги имресионираме со верските учења. Сите оние кои со крштеничкиот завет, свечено се посветиле себеси на Божјата служба; тие се под заветни обврски да се стават себеси и своите деца таму каде ќе можат да се задобијат со сите можни поттикнувања и охрабрувања во христијанскиот живот.
Но додека му служиме на Бога, тоа не треба да го сметаме за тешка и неподнослива работа, која пречи на умот. Господовата сабота е создадена за благослов и за нас и за нашите деца. Тие кон саботата треба да гледаат како на ден за задоволство, ден кој Бог го посветил; и тие тоа така ќе го сметаат доколку се соодветно обучени.
Носете убава облека во домот на богослужение. На многумина им е потребно упатство за тоа како треба да се појават на состаноците при богослужението во сабота. Тие не треба да доаѓаат во присуството Божјо во обичната работничка облека која ја носат во текот на седмицата. Сите треба да имаат посебна облека за сабота која ќе ја носат кога присуствуваат на службата во Божјиот дом. Иако не треба да се прилагодуваме на светската мода, сепак не смееме да бидеме рамнодушни за нашиот надворешен изглед. Мораме да бидеме чисти и уредни, но без украсувања. Божјите деца мораат да бидат чисти и од надвор и од внатре.
Објаснете ја саботната проповед на децата. Проповедниците се ангажирани во свето, свечено дело, но врз оние кои слушаат исто така почива иста толкава свечена одговорност. Тие треба да слушаат со одлучност да ги следат инструкциите кои мораат да ги практикуваат сите кои сакаат да се здобијат со живот вечен. Секој слушател треба да се труди да ја разбере секоја презентација на Библиската вистина како Божја порака до него, да таа биде примена со вера и ставена во пракса во секојдневниот живот. Родителите треба да им ги објаснат на своите деца зборовите изговорени од катедрата, за и тие исто така да разберат и имаат знаење, кое доколку се применува ќе донесе изобилно благодат и мир.
Обезбедете посебен третман за време на оброкот. За сабота не треба да се подготви побогато или поразновидно јадењеотколку за другите денови. Напротив, храната треба да биде поедноставна и треба помалку да се јаде, како духот би бил бистар и енергичен за сфаќање на духовните нешта. Прекумерното јадење го замаглува мозокот. Многумина ќе ги слушаат најдрагоцените зборови и нема да ги разберат, затоа што умот им е пореметен од неправилната исхрана. Со прекумерното јадење во сабота многумина го обесчестуваат Бога повеќе отколку што тие мислат.
И покрај тоа што во сабота треба да се воздржуваме од готвење, сепак не е неопходно да се јадат ладни јадења. Ако времето е ладно, дозволено е да се подгрее јадењето кое сте го подготвиле претходниот ден. Иако едноставни, јадењата треба да бидат вкусни и убаво подготвени. Подгответе и нешто што ќе се смета за посебно задоволство кое семејството го нема секој ден.
Останатиот дел од денот е исто така драгоцен. Саботната школа и богослужението заземаат само еден дел од саботниот ден. Оној друг дел кој преостанува на семејството може да се направи да биде најсвет и најдрагоцен од сите часови на саботата. Поголемиот дел од ова време родителите треба да го поминат со своите деца.
Планирајте соодветно читање и разговор. Саботата о! направете ја наслатка, најблагословен ден од целата седмица…
Родителите можат и треба да посветат внимание на своите деца, читајќи им ги најпривлечните делови од Библиската историја, воспитувајќи ги да го почитуваат саботниот ден, држејќи ја според заповедта. Тоа не може да биде постигнато ако родителите не чувствуваат бреме да ги заинтересираат своите деца. Но тие саботата можат да ја направат задоволство доколку правилно постапат. Децата можат да се заинтересираат во добро читање или разговор околу спасението на своите души. Но тие треба да бидат воспитани и обучени. Телесното срце не сака да мисли за Бога, за небото или за небесните нешта. Треба да постои постојано потиснување на струјата на световноста и наклонетоста кон зло и да и дозволиме на небесната светлина да влезе.
Не бидете рамнодушни кон активностите на децата. Јасимам видено дека во саботниот ден многумина се рамнодушни и не знаат каде се нивните деца или што тие прават.
Родители, над се грижете се за своите деца во саботниот ден. Не дозволувајте им да го престапуваат саботниот ден со тоа што ќе си играат во куќата или пак надвор. Вие самите ја прекршувате саботата ако им дозволите на вашите деца да го сторат тоа, и кога вие ќе им дозволите на вашите деца да талкаат наоколу и им дозволувате да си играат во сабота, Бог гледа кон вас како на престапници на саботата.
Во природа со децата. Родителите можат да ги изнесат децата надвор за тие да го гледаат Бога во природата. Ним може да им се покажат цвеќиња и отворени цветчиња, високи дрва и прекрасни тревки и да бидат поучени дека Бог ги направил сите тие нешта во шест дена и се одморил во седмиот ден и истиот го посветил. Така родителите можат да ги врзат нивните лекции на поучување за нивните деца, така што кога тие деца гледаат кон нештата од природата, тие ќе се присетат на големиот Создател на сите нив. Нивните мисли ќе бидат воздигнати кон Богот на природата назад кон создавањето на нашиот свет, кога беше поставена основата на саботата и кога сите Божји синови воскликнуваа. Такви се поуките кои треба да бидат втиснати врз умовите на нашите деца.
Ние не треба да ги учиме нашите деца дека тие не смеат да бидат среќни во сабота и дека е погрешно да се шета во природа. О, не. Хростос ги водеше Своите ученици покрај езерото во саботен ден и ги поучуваше. Неговите проповеди во сабота не беа секогаш проповедани во затворени ѕидови.
Други очигпедни поуки од природата. Учете ги децата да го видат Христа во природата. Изведете ги надвор, под величествените дрвја, во градината и учете ги во сите величествени дела на создавањето да видат израз на Неговата љубов. Поучувајте ги децата дека Бог воспоставил закони што управуваат со сите суштества, дека Тој поставил закони и за нас и дека тие закони се за наша среќа и радост. Немојте да ги заморувате со долги молитви и со досадни инструкции, туку преку очигледните поуки од природата научете ги на послушност на Божјиот закон.
Пружете вистински концепт за Божјиот карактер. Како можат децата да стекнат подобро познавање за Бога отколку кога ќепоминат во поле еден дел од своето време, не во игра, туку во друштво на своите родители? Овозможете им на нивните млади души да го најдат Бога во убавините на природата, обратете им внимание на знаците на Неговата љубов кон човекот во сето она што е создадено и тоа нив ќе ги привлече и заинтересира. Тие тогаш нема да бидат во опасност да го поврзуваат Бога со она што е строго и сурово, туку, гледајќи ги сите тие убавини кои Тој ги создал заради доброто на човекот, ќе гледаат на Него како на нежен Татко полн со љубов. Тие ќе сфатат дека Неговите забрани и заповеди немаат за цел само да ја истакнат Неговата моќ и власт, туку дека пред се Тој ја имал во предвид среќата на Неговите деца. И кога Бог така ќе им се прикаже да ја согледаат сета Негова љубов и милост, убавина и привлечност на Неговиот карактер, тие ќе почувствуваат љубов кон Него. Можете да го свртите нивното внимание на убавите птици кои го исполнуваат воздухот со своите среќни песни, на тревките и прекрасно обоените цвеќиња од кои мирисаат целите полиња. Сето тоа ја објавува љубовта и вештината на небесниот Уметник и ја покажува Божјата слава.
Родители, зошто да не ги искористите поуките кои Бог ни ги дал во книгата на природата за на своите деца да им ја објасните Неговата вистинска природа? Оние кои ја жртвуваат едноставноста на модата и се одвојуваат од убавините на природата нема да бидат богати во духот. Тие не можат да ја разберат вештината и силата Божја која се огледа во Неговите создадени дела; и заради тоа нивните срца не забрзуваат и чукаат со нова љубов и интерес, и тие не се исполнуваат со восхитување и стравопочит гледајќи го Бога во природата.
Ден да се живее Едемскиот живот. Вредноста на денот за одмор како воспитно средство е непроценлива. Што и да бара Бог од нас, Тој повторно ни го враќа, украсено и преобразено со Неговата слава…
И денот за одмор и семејството се воспоставени во Едем и Божја намера е тие да останат нераскинливо поврзани. Во тој ден, повеќе отколку во било кој друг, ние можеме да живееме едемски живот. Според Божјиот план, членовите на семејството треба да бидат здружени во работата и проучувањето, при богослужението и рекреацијата, таткото како свештеник на својот дом, а и таткото и мајката како учители и другари на своите деца. Меѓутоа, после диците од гревот, кои ги промениле животните услови, во голема мерка ја спречиле оваа заедница. Често, таткото во текот на седмицата одвај може да ги види лицата на своите деца. Нему му е речиси сосем ускратена можноста да другарува со децата и да ги поучува. Но, Божјата љубов им поставила граница на барањата на работата. Тој ја ставил Својата милостива рака на денот за одмор. Во тој Негов ден, Тој на членовите на семејството им дал можност да бидат во заедница со Него, со природата и едни со други.
Направете ја саботата задоволство. Сите кои го сакаат Бога треба да сторат се што можат саботата да ја направат вистинска милина, за таа да биде света и почитувана. Но тие не можат да го постигнат тоа ако бараат задоволства во грешните и забранетите забави. Сепак, можат да сторат многу за да ја воздигнат саботата во своето семејство и од неа да направат најинтересен ден во седмицата. Треба да најдеме време да се посветиме на своите деца. Промената на нив ќе влијае благопријатно. Можеме да излеземе со нив во природа, на чист воздух, да седиме со нив во полето, на сонцето и да му дадеме храна на нивниот неуморен дух разговарајќи за нив за Божјото дело. Можеме да им влееме љубов и почитување кон Него со тоа што ќе им обратиме внимание на убавината на природата.
Ние треба саботата да ја сториме до таа мерка интересна за членовите на своето семејство, за секој пат да ја очекуваат со радост. Родителите највеќе ќе ја возишат и слават саботата, ако пронаоѓаат погодни начини да ги поучат своите деца и да ги придобијат за духовниот живот, објаснувајќи им ја природата Божја и тоа што тој го бара од нас да го сториме како би го усовршувале својот христијански карактер и добиле живот вечен. Родители, направете ја саботата ден на задоволство, за вашите деца желно да ја очекуваат и поседуваат чувства на добродојде во своите срца за неа.
Достигнување врв во молитва и песна. Како што заоѓа сонцето, нека гласот на молитва и песна на благодарност го обележат завршетокот на светите часови и побарајте го Божјото присуство за грижите на работната седмица која настапува.
На тој начин родителите можат да сторат саботата да биде најрадосен ден во седмицата што таа и треба да биде. Тие можат да ги наведат своите деца тој ден да го сметаат за милина, ден над деновите, свет и славен ден Господов.