Г Л А В A 7 8 – Силата на молитвата
Потреба за семејна молитва. Секое семејство треба да подигне свој олтар за молитва, сфаќајќи дека стравот од Господа е почеток на мудроста. Доколу некои луѓе во светот имаат потреба од сила и охрабрување која религијата ја дава, тогаш тоа се оние кои се одговорни за образувањето и воспитувањето на своите деца. Тие не можат да го вршат тоа дело на начин прифатлив за Бога додека нивниот секојдневен пример ги поучува оние кои гледаат кон нив за водство дека можат да живеат без Бога. Доколку ги воспитаат своите деца да живеат само за овој живот, тие нема да се подготват за вечноста. Тие ќе умрат како и што живееле, без Бога, и родителите ќе бидат повикани на одговорност за загубата на нивните души. Татковци, мајки, вие треба да го барате Бога секое утро и вечер при семејниот олтар, за да можете да научите како да ги поучувате своите деца мудро, нежно и со љубов.
Семејното богослужение е занемарено. Ако некогаш било време секој дом да биде дом на молитва, тоа е денес. Неверството и сомнежот преовладуваат. Се повеќе има неправда. Расипаноста тече низ животните струи на душата, и во животот се појавува побуна против Бога. Поробени од гревот, моралните сили се наоѓаат под тиранија на сатаната. Душата станала цел на искушувањето. Човекот ќе отиде таму каде што го води големиот бунтовник, ако не се испружи некоја моќна рака да го спаси.
Но сепак, во ова време на страшна опасност некои кои се нарекуваат христијани не одржуваат семејни богослуженија. Тие не го слават Бога во домот, не ги учат своите деца да го љубат и да се бојат од Него. Многу луѓе толку далеку се одвоиле од Него и се чувствуваат виновни да му се приближат. Тие не можат да пристапат „слободно кон престолот на благодатта“ „подигајќи ги светите раце без гнев и сомневање.“ Евреите 4:16, 1. Тимотеј 2:8. Тие немаат жива врска со Бога. Постои само надворешна побожност без сила.
Помислата дека молитвата не е важна е едно од најмоќните средства кои сатаната ги измислил за да ги упропастува душите.
Молитвата е општење со Бога, Изворот на мудроста, силата, мирот и среќата.
Трагедијата на домот каде не се практикува молитва. Јас не знам за нешто друго што ми има нанесено толку голема жалост како домот каде не постои молитва. Јас не се чувствувам сигурна во таков дом ниту една вечер; и ако не беше заради надежта да им помогнам на родителите да ја сфатат својата неопходност и жалосна занемареност, јас таму не би останала. Децата ги покажуваат последиците од таквото занемарување; затоа што стравот Божји не е пред нив.
Формалната молитва не е прифатпива. Во многу случаи утринското и вечерното богослужение е само малку повеќе од форма, тапо, монотоно повторување на одредени фрази во кој духот на благодарност или чувство на потребата не наоѓа израз. Господ не ја прифаќа таквата служба. Но молбата на понизното срце и кроткиот дух тој нема да го презре. Отворањето на нашите срца на нашиот небесен Татко, признавањето на нашата целосна зависност, изразувањето на нашите потреби, обожување со благодарна љубов тоа е вистинска молитва.
Нека постојат домови на молитва. Оние коишто тврдат дека го љубат Бога, треба слично на патријарсите во старо време, секаде каде што ќе подигнат свој шатор, покрај него да подигнат и олтар на Господа… Татковците и мајките често треба да ги издигнуваат своите деца кон Бога во понизна молитва за себе и за своите деца. Таткото, како свештеник на семејството, треба наутро и навечер да му принесува жртва на Господа на семејниот олтар, додека мајките и децата треба да му се придружат во молитва и во благодарење на Бога. Во едно такво семејство Исус радо ќе се задржува.
Нека членовите на секое семејство имаат на ум дека тие се блиско поврзани со небото. Господ има посебен интерес во семејствата на Своите деца на оваа земја. Ангелите го принесуваат чадот на добриот мирис за светиите кои се молат. Тогаш во секое семејство нека се воздигне молитва кон небото и наутро и во свежиот час на зајдисонце, во наша корист презентирајќи ги пред Бога заслугите на Спасителот. Секое утро и вечер небесната вселена го забележува секое семејство каде се приложува молитва.
Ангелите внимаваат на децата посветени на Бога. Пред да појдат на работа сите членови на семејството треба да се соберат, и таткото или пак мајката во неговото отсуство, треба срдечно да му се помолат на Бога сите да ги запази тој ден. На молитвата треба да и се пристапи со длабока понизност, со срце полно со нежност и свест за опасностите кои евентуално ви се закануваат вам и на вашите деца. Врзете ги преку вера своите деца за Божјиот олтар, доверувајќи ги во Неговата грижа. Ангелите ќе ги чуваат вашите деца кои се така посветени.
Молитвата прави ограда околу вашите деца. Првата мисла на христијаните секое утро треба да биде мислата за Бога. Земните работи и интереси треба да дојдат на второ место. Децата треба да се научат да го почитуваат часот на молитва… Христијанските родители се должни преку срдечна молитва и жива вера да подигнат ограда околу своите деца. Тие треба трпеливо да ги поучуваат, упатувајќи ги благо и неуморно како да живеат за да му угодат на Бога.
Имајте точни термини за богослужение Во секое семејство треба да постои одредено време за утринско и вечерно богослужение. Ништо не е подобро кога родителите ќе ги соберат своите деца наутро за да му се заблагодарат на небесниот Татко за Неговата заштита за време на денот. Ништо не е подобро кога навечер родителите и децата повторно ќе се соберат пред Него, за да се заблагодарат за благодетите кои ги имале во текот на изминатиот ден.
Не бидете управувани од околностите. Семејното богослужение не треба да биде управувано според околностите. Вие не треба да се молите повремено и кога имате многу нешта да работите во тој ден, да ја занемарите молитвата. Правејќи така вие ги водите вашите деца да гледаат кон молитвата како нешто кое не е од голема важност. Молитвата значи многу за Божјите деца и жртви на благодарност треба да се издигнат пред Бога секое утро и вечер.
Татковци и мајки, колку и да се итни вашите работи, не пропуштајте да го соберете семејството околу Божјиот олтар. Побарајте ја заштитата на светите ангели во вашиот дом. Не заборавајте дека вашите најмили се изложени на искушенија.
Во нашата грижа на гостите да им осигураме удобност и задоволство да не забораваме на нашата должност кон Бога. Часот на молитва не смее да се занемарува од која и да е причина. Не разговарајте и забавувајте се толку како сите би се умориле и нема можете да се радувате на часот на богослужение. Тоа би значело на Бога да му се принесе хрома жртва. Во раните вечерни часови да му принесеме на Бога молитви со песни на благодарност, кога можеме да се молиме без брзање и разумно.
Оние кои ќе дојдат на гости во христијанскиот дом треба да почувствуваат дека часот на молитва е најмило и најрадосно време во текот на денот. Овие моменти на богослужение вршат посветувачко и облагородувачко влијание на сите кои учествуваат во него, пружајќи му на духот мир и пријатен одмор.
Децата треба да го почитуваат часот на молитва. Треба да ги воспитуваме своите деца да бидат љубезни, благи кон другите, нежни и лесно достапни и над се, да имаат почитување кон верата и да го сфаќаат значењето на Божјите барања. Треба да ги научите да го почитуваат часот за молитва. Теба од нив да барате рано да стануваат, како би можеле да присуствуваат на семејното богослужение.
Нека богослужението биде интересно. Таткото, кој е свештеник на својот дом, треба да го води утринското и семејното богослужение. Не постои причина зашто тоа не би било најинтересната и најрадосната активност во домашниот живот. Нека времето за семејно богослужение биде кратко и духовно. Не им дозволувајте на своите деца или некој друг член на семејството да не го очекуваат со радост заради неговата здодевност и заморност или недостаток на интерес. Кога се чита некоја долга глава и се објаснува и кога е приложена долга молитва, оваа драгоцена служба станува уморна и претставува олеснување кога ќе заврши.
Треба да биде посебен предмет за главите на семејствата да го направат часот на богослужение посебно интересен. Со малку мислење и грижлива подготовка за тој период кога ние ќе дојдеме во присуството Божјо, семејното богослужение треба да биде направено да биде пријатно и ќе има последици кои само вечноста ќе може да ги открие. Нека таткото одбере дел од Библијата кој е интересен и лесно разбирлив; неколку стихови ќе бидат доволни за да се даде поука која може да биде проучувана и практикувана во текот на денот. Можат да се постават прашања, да се дадат неколку срдечни, интересни забелешки или да се илустрира една сторија на краток и јасен начин. Најмалку неколку стихови на духовни песни треба да бидат испеани и молитвата треба да биде кратка и јасна. Оној кој води во молитва не треба се моли за сите нешта, туку треба да ги изрази своите потреби во едноставни зборови и благодарност кон Бога.
Будењето и јакнењето на љубовта кон проучувањето на Библијата многу зависи од начинот на кој се ползуваат миговите за богослужение. Миговите на утринското и вечерното богослужение би требале да бидат најмилите и највредни мигови на денот. Мора да се разбере дека во тие мигови не смееме да се занимаваме со мачни и непријатни мисли; дека родителите и децата се собираат да го сретнат Исус и да ги повикаат светите ангели во нивниот дом. Богослуженијата треба да бидат куси и полни со живот, прилагодени според околностите со промени од време на време. Нека сите учествуваат во читањето на Библијата, да го учат и често да го повторуваат Божјиот закон. Децата ќе бидат многу повнимателни ако понекогаш им се дозволи сами да го одберат четивото. Поставувајте им прашања за четивото и дозволете им и тие да прашуваат. Употребете илустрации кои ќе помогнат да се објасни значењето на текстот. Ако богослужението со тоа не се продолжи премногу, малечките нека учествуваат во молитва, нека се соединат во песна, дури и ако е само една строфа.
Молете се јасно и чисто. Преку својот пример учете ги децата да се молат со јасен и чист глас. Учете ги како да ги подигнат своите глави од столчето и никогаш да не ги покриваат своите глави со своите раце. Така тие можат да ги приложат своите едноставни молитви, повторувајќи ја заедно Господовата молитва.
Силата на музиката. Историјата на песните во Библијата е полна со сугестии за употребата и предимствата на музиката и песната. Музиката често се изопачува да им служи на намерите на злото и таа така станува едно од најзаводливите средства за искушување. Сепак, правилно употребена, таа е скапоцен дар од Бога одреден да ги вознесе мислите кон она што е високо и благородно, да ја инспирира и воздигне душата…
Тоа е еден од најуспешните начини за втиснување на духовните вистини во срцето. Колку пати душата, соочена со опасност и готова да му се препушти на очајот, ќе се сети на некој Божји збор долго заборавен рефрен од некоја песна од детството и искушенијата ја губат својата сила, животот добива ново значење и нова цел, а храброста и радоста преминуваат и на другите души!
Вредноста на песната како воспитно средство не смее никогаш да се загуби предвид. Во домот треба да се пеат милозвучни и нежни песни и во него ќе има помалку прекорни зборови, а повеќе веселба, надеж и радост. И во училиштето треба да се пее, па учениците ќе се приближат кон Бога, кон своите учители и едни кон други.
Во текот на богослужението, со песната Му се обраќаме на Бога исто како и со молитвата. Многу песни, всушност, се молитви. Ако го научиме детето да го разбере тоа, тоа повеќе ќе размислува за значењето на зборовите што ги пее, и ќе биде почувствително на нивното влијание.
Инструментално и вокално. Секое утро и вечер соединете ги вашите деца во Божјото богослужение, читајќи од Неговиот Збор и пеејќи му слава на Него. Учете ги да го повторуваат Божјиот закон. Во врска со заповедите, Израелците беа поучени: „Поучете ги на нив своите синови, изговарајте ги кога седите во својата куќа и кога одите патем; кога легнувате и кога станувате.“ Според тоа Мојсеј ги упатил Израелците да ги стават зборовите на законот во музика. Додека постарите деца свиреле на инструменти, помладите марширале, пеејќи ги заедно песните за Божјите заповеди. Во подоцнежните години тие ги задржале во своите умови зборовите на законот кој тој го научиле за време на детството.
Беше неопходно за Мојсеј да ги вплоти заповедите во свети песни, така што како што марширале низ пустината, децата би можеле да научат да го пеат законот стих по стих, колку тогаш е суштинско за нас во ова време да ги учиме децата на Божјиот Збор! Да дојдеме на помош на Господа, поучувајќи ги нашите деца да ги држат заповедите според пишаното. Да сториме се што е во наша сила да пееме или свириме во нашите домови, за Бог да може да влезе.
Посебно семејно богослужение во сабота. Во семејното богослужение треба да учевствуваат и децата. Секој треба да ја земесвојата Библија и да прочита еден или два стиха. Потоа, по пеењето на неколку познати песни, следува молитва. За тоа Христос нам ни оставил пример. Молитвата Господова не била со цел да се повторува како некоја формалност, туку пример за тоа каква треба да биде нашата молитва. едноставна, срдечна и содржајна. Во облик на едноставна молба изнесете му ги на Господа своите потреби и изразете благодарност за Неговата милост. Со тоа го повикувате Исуса во својот дом и своето срце како добродојден гостин. Долгите молитви кои се однесуваат на некои не толку значителни работи во домот не треба да најдат место во семејството. Тие го чинат заморен часот на молитвата, кој би требало да ни биде како едно предимство и благослов. Овој час сторете го интересен и радосен.
Повеќе молитва значи помалку казнување. Ние треба да му се молиме на Бога многу повеќе отколку што го чиниме тоа. Постои голема сила и благослов во заедничка молитва во нашите семејства, заедно со нашите деца. Кога моите деца имаат погрешено, и кога јас со нив зборував љубезно и тогаш се молев со нив, никогаш не заклучив дека беше неопходно да ги казнам после тоа. Нивните срца се топеа во нежност пред Светиот Дух кое дојде како одговор на молитвата.
Ползата на тајната молитва. И Исус во текот на Својот земен живот примал мудрост и сила токму во часовите на тајна молитва. Младите треба да го следат Неговиот пример и да одделат тивки мигови во зората и самракот за разговор со Својот Татко на небесата. И во текот на денот своите срца треба да ги издигнуваат кон Бога. На секој чекор од нашиот пат, Тој вели: „Зашто Јас сум Господ, твојот Бог, ќе ја крепам твојата десница;… не бој се, Јас ќе ти помогнам“ (Исаија 41:13). Колкава свежина и сила, колкава радост и задоволство би се вселиле во нивниот живот кога нашите деца би ги научиле овие поуки во зората на нивната младост!
Братите небесни се отворени за секоја мајка. Молитвите на христијанските мајки се почитувани од Таткото на сите, кој го прати Својот Син на земјата да го откупи народот за Себе. Тој нема да ги тргне настрана вашите петиции и да ве остави вас и вашите семејства на нападите на сатаната во големиот ден на завршниот конфликт. На вас останува да работите со едноставност и верност, Бог ќе направи делото на вашите раце да истрае.