Г Л А В A 7 7 – Библијата во домот

Сподели го ова:

Бог обезбедува обилна гозба. Пружајќи ни предност да ја проучуваме Неговата Реч, Господ поставува пред нас раскошна духовна гозба. Многубројни се благодетите кои потекнуваат од духовното насладување од Неговата Реч, за која Тој сам кажува дека ги претставува Неговото тело и крв, Неговиот Дух и живот. Примајќи ја таа Реч како духовна храна, ние духовно засилуваме и раснеме, развивајќи се во благодатта и познавањето на вистината; создаваме навики на самосовладување, ние се утврдуваме. Слабостите и духовното детинство раздразливоста, мрзоволието, настраноста и самоволието, себичноста, избувливите зборови и гневните постапки исчезнуваат, и наместо сето тоа се развиваат доблестите на христијанската мажественост и женственост.

Прекрасните поуки од Библиски приказни и параболи, чистите, едноставни поучувања од Божјиот Свет Збор, е духовната храна за вас и за вашите деца.

Таа претставува стандард за чесност. Зборот Божји треба да биде промислено презентиран на младите умови и да биде стандард за чесност, исправајќи ги нивните заблуди, просветлувајќи и водејќи ги нивните умови, што ќе биде далеку поефикасно во зауздувањето и управување на импулсивниот темперамент отколку грубите зборови, кои би предизвикале гнев. Ова воспитување на децата да го достигнат Библискиот стандард ќе бара време, истрајност и молитва. Тоа треба да биде извршено дури и доколку некои нешта околу домот се занемарени.

Светецот Израелов нам ни ги открил Неговите правила и закони кои треба да ги управуваат сите луѓе. Тие начела, кои се прогласени за „свети, праведни и добри“ треба да бидат стандард за постапување во домот. Не може да постои одвојување од нив без да постои грев, затоа што тие се основа на христијанската вера.

Таа го засилува интелектот. Кога луѓето би ја проучувале Библијата како што треба, тие би станале умно посилни. Предметите кои се изнесуваат во Божјата Реч, достоинствената едноставност на нејзиниот израз, благородноста на темите кои таа ги прикажува во умот на читателите сето тоа развива во човекот способности кои инаку би останале неразвиени. Во Библијата се открива безгранично поле во кое мислата може да навлегува. Со длабоко размислување за нејзините големи вистини и со запазувањето на нејзините големи вистини и со запазнавањето со нејзините светли и возвишени ликови, ученикот ќе стекне почисти и поблагородни мисли и чувства, отколку да го поминува времето читајќи некое друго дело со човечко потекло, а за литература со безвреден карактер воопшто и да не зборуваме. Младите не успеваат да го достигнат највисокиот развој на умот кога ќе го запостават најголемиот извор на знаење Речта Божја. Причината што има толку малку луѓе со силен и здрав ум, луѓе кои се постојани, истрајни и полни со доблести, се наоѓа во тоа што во срцето нема Божји страв ни љубов кон Него и што принципите на верата не се применуваат во животот онака како што би требало.

Бог сака ние да се ползуваме со сите средства кои се потребни за развојот и зајакнувањето на нашите умни способности… Кога Библијата повеќе би се читала и кога нејзините вистини подобро би се разбрале, ние би биле далеку попросветен и поинтелигентен народ. Истражувајќи ја вистината која се наоѓа на нејзините страници, душата стекнува сила.

Таа е основа за просперитет на домот, општеството, нацијата. Нема положба во животот, нема таква фаза во човечкото искуство за која библиското учење не би било најсуштествена подготовка.

Познавањето на Библијата претставува заштитник. Тимотеј од детството го познавал Светото Писмо и тоа знаење го запазило од злото влијание кое го опкружувало и од искушението за задоволство и себично угодување на самиот себе. Таквото обезбедување е потребно на сите наши деца и должност е на родителите и Христовите пратеници да се погрижат децата да бидат исправно поучени во Божјата Реч.

Љубовта кон Библијата не е природна. Младината е неупатена и неискусна, а библиската љубов и нејзините свети вистини не доаѓаат сами по себе. Ако не се вложи голем напор околу нив да се подигне заклон кој ќе ја штити од измамите на сатаната, младите ќе паднат на неговите искушенија и тој ќе ги зароби и води по својата волја. Децата и во најраните години мораат да ги научат барањата на Божјиот закон и верата во Исуса нашиот Спасител, како би се очистиле од нечистотијата на гревот. Таа вера мора да се поучува ден за ден, преку зборови и пример.

Младите посебно го имаат занемарено проучувањето на Библијата. И младите и старите го занемаруваат проучувањето на Библијата; тие не ја земаат за предмет на своето проучување ниту за правило на својот живот. Во своето занемарување посебно предничат младите. Повеќете од нив наоѓаат време за читање на други книги, додека за Книгата која укажува на патот на вечниот живот немаат време. Безвредните измислици се читаат внимателно, додека Библијата се занемарува. Таа Книга би не повела во поблагороден и посвет живот. Кога фантазијата на младите не би била расипана преку читање на измислени приказни тогаш Библијата би ја прогласиле за најинтересна книга која некогаш ја прочитале.

Умот на младите не го достига својот најблагороден развој токму тогаш кога тие го занемарат највозвишениот извор на мудроста Речта Божја. Вистината дека во овој свет секогаш сме во присуство на Создателот, дека Тој нас секогаш не гледа, дека сме создадени според Неговиот лик; дека Тој непрестано бдее над нас, дека не љуби и се грижи за нас тоа се чудесни теми за кои треба да размислуваме и кои пред нас отвораат широко поле за високи и благородни мисли. Оние кои својот ум и срце го отвораат за размислување на такви теми никогаш нема да се задоволат со безвредни и сензационални предмети.

Занемарувањето на родителите се гледа кај децата. Дури додека се доста млади децата забележуваат; и доколку родителите покажат дека Зборот Божји не е нивен водач и советник, доколку тие не ја земат во предвид пораката која им е изнесена, истиот безгрижен дух кој вели „Не ми е гајле; ќе чинам како сакам“ ќе биде покажан од страна на децата.

Дајте му ја на Речта нејзиното почитувано место. Како луѓе кои имаат примено голема светпина, ние треба да ги воздигнуваме другите преку нашите навики, нашите зборови, во нашиот живот во домот и дружењето. Дајте му го на Зборот неговото почесно место како водач во домот. Нека тој биде сметан како советник во секоја потешкотија, стандард на секоја постапка. Дали моите браќа и сестри ќе бидат уверени дека не може никогаш да постои вистински просперитет за било која душа во семејниот круг доколку вистината Божја, мудроста на праведноста претседава? Секој напор треба да биде направен од страна на татковците и мајките да ја победат својата мрзелива навика Божјата служба да ја сметаат за бреме. Силата на вистината мора да биде посветувачки елемент во домот.

Родители, пружете им ги на своите деца, заповед по заповед, начело по начело, инструкциите содржани во Божјиот Свет Збор. Тоа е делото кое вие се заветувавте да го вршите кога бевте крстени. Нека ништо од световен карактер не ве спречи да ја вршите таа работа. Чинете се што е во ваша моќ да ги спасите душите на вашите деца, без оглед дали тие се коска од вашата коска или месо од вашето месо, или ако тие биле примени во вашето семејство преку посинување.

Нека таа биде учебник во домот. Родители, ако сакате да ги воспитате своите деца да му служат на Бога и да чинат добро во овој свет, од Библијата направете свој учебник. Таа ги открива лукавствата на сатаната. Таа е голем воспитувач на човечкиот род, поправач на карактерот и прекорувач на моралните зла мерило кое ни овозможува да ја разликуваме вистината од лагата. Што и да учиме во училиштето, Библијата како голем воспитувач, треба да биде на прво место. Ако и се даде тоа место, Бог со тоа ќе се прослави и Тој ќе ви помогне во обраќањето на вашите деца. Во таа света книга се наоѓа богат рудник на вистина и убавина и родителите треба самите себе да се обвинуваат ако не успеат да ја направат интересна за своите деца.

„Пишано е“ беше единственото оружје кое Христос го користеше кога искушувачот дојде со своите искушенија. Учењето на Библиската вистина е голема и величествена работа која секој родител треба да ја преземе. Во пријатна, среќна состојба на умот презентирајте ја вистината како што е изговорена од Бога пред децата. Како татковци и мајки, вие можете да бидете очигледни поуки за децата во секојдневниот живот преку практикување трпение, љубезност и љубов, преку поврзување на нив со себеси. Не им доз

волувајте да чинат како што им е угодно, туку покажете им дека ваше дело е да го практикувате Божјиот Збор и да ги израснете во грижата и науката Господова.

Проучувајте внимателно и систематски. Одржувајте систем во проучување на Светото Писмо во вашите семејства. Занемарете го она што е од привремена природа,… но бидете сигурни дека душата е нахранета со лебот на животот. Не е возможно да се проценат добрите поспедици на еден час или дури половина час посветен на бодро, заедничко проучување на Божјиот Збор. Нека Библијата самата биде толкувач, собирајќи го заедно сето она што е кажано во поглед на еден даден предмет во различни времиња и под различни околности. Не престанувајте со својот клас заради телефонски повици или посетители. Доколку тие дојдат за време на проучувањето, повикајте ги да бидат дел од тоа. Нека биде видено дека за вас е поважно да се здобиете со знаење од Божјиот Збор отколку да се обезбедите со добивките или задоволствата на светот.

Доколку ние би ја проучувале Библијата внимателно и со мопитва секој ден, ние секој ден ќе видиме некоја прекрасна вистина во нова, јасна и силна светпина.

Нека сите ги проучуваат лекциите од саботната поука. Саботната поука и на родителите и на децата им пружа прекрасна припика за проучување на Божјата Реч. Меѓутоа за навистина да се попзуваат од благодетите која саботната поука треба да им ја пружи, и родителите и децата треба да посветат довопно време за студиозно проучување на пекциите, тежнеејќи да стекнат цепосно сознание за изложените факти, а посебно за духовното значење на вистината која тие факти сакаат да ја истакнат. Ние посебно треба да ја втиснеме во умот на мпадите важноста на барањето на значењето на цитираните бибписките стихови цепосно сфати, посебно треба да се втисне во имот на мпадите.

Родители, најдете време секој ден со своите деца да ја проучувате саботношкопската поука. Порадо откажете се од некоја посета ако треба, откопку да го жртвувате часот посветен на лекцијата од светата историја. Таквото проучување ќе биде вистинска бпагодат не само за децата туку и за родителите. Нека важните депови од стиховите од Библијата цитирани со пекцијата бидат за паметени, не како задача, туку како драгоцено предимство. Дури ако и при првото проучување не се запемти се, меморијата преку вежбање ќе се засили, така што по извесно време со вистински задоволство ќе се собира благото кое се наоѓа во зборовите на вистината. Таквата навика ќе се покаже како најдрагоцена помош на духовното растење.

Родителите треба да чувствуваат дека за нив претставува света должност да ги поучат своите деца во уредбите и барањата Божји како и во пророштвата. Тие треба да ги воспитуваат своите деца во домот и самите треба да се интересираат за саботношколската поука. Проучувајќи со децата тие ќе покажат дека придаваат важност на вистината од лекциите и помагаат за создавање на вкус за знаењето од Библијата.

Не бидете задоволни со површно знаење. Не смееме да се задоволиме со површно знаење, туку треба да тежнееме да го дознаеме полното значење на зборовите на вистината, напојувајќи се од духот на Светите Пророштва.

Аплицирајте ги лекциите во искуството на детето. Поучувајќи ги децата од Библијата, можеме да постигнеме многу ако ги набљудуваме нивните склоности, она за што се заинтересирани и ако го привлечеме нивното внимание со она што Библијата го вели за нив. Оној кој не создал со различни склоности, во Својата Реч подготвил по нешто за секого. Кога учениците ќе видат дека библиските поуки се однесуваат и на нивниот живот, поучете ги да ја прифатат Библијата за советник…

Богатството, силата и длабочината на библиската мисла се неисцрпни. Охрабрете ги и децата и младите да ги истражуваат нејзините скривалишта на мислата и изразот.

Секој мора да проучува за себеси. Мајките и татковците носат тешка одговорност во поглед на своите деца. Оние родители кои веруваат и ја проучуваат Библијата ќе сфатат дека тие мора да бидат послушни на Божјите заповеди, и дека тие не смеат да живеат спротивно на Неговиот свет закон. Оние кои ќе дозволат било кој, дури и проповедник, да ги водат кон непослушност на Божјот Збор ќе мора на судот да се соочат со последиците на таквото постапување. Родителите не треба да ги доверат своите души и душите на своите деца на проповедникот, туку на Бога, чии се тие по создавањето и откупувањето. Родителите треба да ги истражуваат Писмата за себе, затоа што тие треба да бидат спасени или загубени. Тие не можат да си дозволат нивното спасение да зависи од проповедникот. Тие мора да ја проучуваат вистината за себе.

Направете го проучувањето на Библијата интересно за децата. Нека младите бидат поучувани да го сакаат проучувањето на Библијата. Нека прво место во нашите мисли и љубов биде дадено на Книгата над книгите, затоа што таа содржи знаење кое нам ни треба над се друго.

Со цел да го вршат тоа дело, самите родители мора да бидат запознаени со Зборот Божји… И наместо да зборуваат празни зборови и кажување на бајки на своите деца, тие ќе им зборуваат за библиските предмети. Таа книга не беше одредена само за школарците. Таа е напишана на едноставен, јасен начин за да може обичниот човек да ја разбере; и со правилно објаснување, голем дел од неа ќе биде многу интересна и профитабилна дури и за малите деца.

Немојте да мислите дека Библијата за децата ќе стане досадна и заморна книга. Под поучување на еден мудар инструктор Речта станува се повеќе и повеќе пожелна. Ќе им биде како леб на животот од кој душата не може никогаш да се презасити. Во неа има свежина и убавина која го привлекува и маѓепсува умот на младите. Таа е слична на сонцето кое постојано ја осветлува земјата, а при тоа неговите блескави зраци и топлината никогаш не исцрпуваат. Преку поуките од Библиската историја и доктрина децата и младите можат да се поучат дека по значењето и вредноста ниту една книга на светот не и е рамна. Во неа сите можат да најдат извор на милост и љубов Божја.

Родители, нека поуките кои им ги давате на своите деца бидат што поедноставни, и не престанувајте со давање на поуки додека не бидете сигурни дека децата го сфатиле тоа што сте сакале да им го кажете. Поуките кои ги давате од Светите Списи на Божјата Реч морате да ги изложите така јасно како нивниот детски ум тоа навистина ќе го сфати. Преку едноставните поуки извлечени од Библијата и нивните лични доживувања, можете да ги поучите како да го ускладат својот живот со законот Божји како највозвишеномерило. Од најраното детство и младост тие можат да се научат да водат сериозен и искрен живот, живот плоден со добри дела.

Поттикнувајте најсвежи мисли; користете најдобри методи.

Давајќи ја Својата реч, нашиот небесен Татко не ги заборавил децата. Каде во се она што го напишале луѓето може да се најде нешто што има такво дејство врз срцето, нешто што толку го разбудува вниманието на малечките како што тоа го прават сториите од Библијата?

Со овие едноставни приказни, можат да се разјаснат големите принципи на Божјиот закон. Така, со илустрации кои се најдобро прилагодени за детското разбирање, родителите и учителите можат мошне рано да почнат да го исполнуваат Господовиот налог кој се однесува на Неговите уредби: „Пренесувај им ги на децата свои и говори за нив. Зборувај им за нив кога седиш дома во својата куќа и кога одиш патем; кога легнуваш и кога стануваш“ (Второзаконие 6:7).

Употребата на сликовити објаснувања, училишни табли, географски карти и слики помага овие поуки да се објаснат и да се врежат во сеќавањето. Родителите и наставниците мораат постојано да се трудат да ги усовршат своите методи. Во библиската настава треба да се применат нашите најскапоцени мисли, нашите најдобри методи и да се вложат нашите најсериозни напори.

Нека Библијата биде ваш Бодач. Вие мора од Библијата да направите свој водач доколку сакате своите деца да ги пораснете во грижата и науката Господова. Нека животот и карактерот Христов биде претставен како модел за нив кој треба да го копираат. Доколку грешат, читајте им што Бог рекол во врска со слични гревови. Постои потреба за постојана грижа и внимателност во оваа работа. Еден погрешен акт толериран од родителите, неисправен од страна на учителите, може да причини целиот карактер да стане деформиран и небалансиран. Учете ги децата дека тие мора да имаат ново срце; дека мора да бидат развиени нови вкусови, нови мотиви вдахновени. Тие мора да имаат помош од Христа; тие мора да станат запознаени со Божјиот карактер како што е откриен во Неговата Реч.

Сподели го ова:

Слични објави