Г Л А В A 7 6 – Подготовка за членство во црквата

Сподели го ова:

Добро балансирано воспитување. Физичкото воспитување, развојот на телото, е многу полесно пружено отколку духовното воспитување.

Културата на душата, која дава чистота и воздигање на мислите и мил мирис на зборовите и делата, бара многу тешки напори. Потребно е трпение за секој зол мотив да се чува настрана од градината на срцето.

Духовното воспитување во никој случај не треба да биде занемарено. Ние треба да ги учиме нашите деца на прекрасните поуки од Божјиот збор, за преку нив тие да можат да се здобијат со познавање за Него. Нека тие разберат дека не треба да направат ништо што е погрешно. Учете ги да чинат суд и правда. Кажете им дека вие не можете да дозволите тие да направат нешто погрешно. Во името на Исуса Христа претставете ги пред Бога при престолот на благодатта. Нека тие знаат дека Исус живее за да посредува за нив. Поттикнете ги да формираат карактери обликувани според божествената сличност.

Дефинирајте го практичното верско искуство. Христијанските родители би требало на своите деца да им ги дадат овие практични поуки во верското искуство. Бог го бара ова од вас и вие ја запоставувате својата должност ако не ја вршите оваа работа. Поучувајте ги своите деца во поглед на начинот на воспитување кој Бог го одредил и условите потребни за успех во христијанскиот живот.

Поучувајте ги на познавањето на Бога. Да се познава Бог значи да се има вечен живот. Дали ги учите на тоа вашите деца, или пак ги учите да ги достигнат световните мерила.

Поучувајте на секојдневно покајание и опростување. Лекцијата на која треба да бидат поучувани децата е дека нивните заблуди и грешки треба да бидат донесени при Христа во нивното детство. Учете ги да се молат за прошка секојдневно за секое погрешно нешто кое го имаат направено и дека Исус ја слуша едно ставната молитва на покајничкото срце, дека тој ќе им прости и ќе ги прими, исто така како што Тој ги примил децата донесени при Него кога Тој беше на земјата.

Поучувајте ги на здрава доктрина. Оние кои ја запознале вистината и го почувствувале нејзиното значење и кои стекнале искуство во нештата Божји треба и своите деца да ги учат на здрава доктрина. Тие треба да ги запознаат со големите столбови на нашата вера, причините заради кои сме адвентисти на седмиот ден заради што сме повикани како синови Израилеви, да бидеме одбран народ, свет народ, одвоен и различен од сите останати народи од лицето на земјата. Тие нешта треба да бидат објаснети со едноставен јазик кој лесно може да се разбере. И како што растат, поуките кои им се даваат треба да се прилагодуваат на нивните зголемени способности, додека темелите на вистината не се положат длабоко и целосно.

Поучувајте кратко и често. Оние кои ги поучуваат младите и децата треба да одбегнуваат досадни и заморни коментари. Кратко и правилно насочени говори имаат поволно влијание. Ако треба многу да се каже, тогаш тоа треба да биде често и во краток облик. Понекоја интересна напомена уфрлена од време на време, помага повеќе отколку долго поучување. Долгите говори ги заморуваат младите. Премногу долгите говори предизвикуваат дури одвратност кон духовното поучување, како што претрпаниот стомак го слабее апетитот и предизвикува одвратност кон јадењето.

Квечерините се драгоцени моменти. Домот треба попрво да биде училиште за поучување отколку место каде се врши монотона работа со мизерен дух. Квечерините треба да бидат негувани како драгоцени моменти, да бидат посветени на поучување на децата на патот на праведноста.

Пребројте ги Божјите ветувања. Ние треба да го признаеме Светиот Дух како наш осветлувач. Ние треба да ја признаеме и доследно да ја цениме улогата на Светиот Дух како наш просветител. Тој Дух со задоволство се обраќа на децата и им го открива богатството и убавината на пишаната Божја Реч. Ветувањата кои ги изрекол Големиот Учител ќе ги заробат чувствата на децата и детинската душа ја вдахнува со духовна сила која е од божествено потекло. Така запознавањето на она што е божествено расте во приемливата душа на детето и станува како барикада против сатанските лукави искушенија.

Нека верското поучување биде угодно. Децата треба да се поучуваат во верата од нивното најрано детство и тоа не во осудувачки дух туку во ведар, радосен дух. Мајките мораат постојано да бидат будни како нивните деца не би паднале во искушение, а тие тоа да не го забележат. Родителите мора да ги пазат своите деца со разумно и пријатно поучување. Како најдобри пријатели на неискусните деца, треба да им помогнат во делото на победување затоа што за нив е од најголемо значење да станат победници. Тие мораат да имаат на ум дека нивните драги деца, кои тежнеат да чинат добро, се помлади членови на Господовото семејство и мораат со сите сили да се заложуваат како би им помогнале и ги упатат нивните нозе на вистинскиот пат на послушноста. Со љубов тие треба да се поучуваат од ден на ден на тоа што значи да се биде Божјо дете и послушно да се потчинува својата волја на Неговата. Поучувајте ги дека послушноста кон Бога ја опфаќа и послушноста кон родителите. Тоа мора да биде ваша работа секој ден и секој час. Родители, стражарете, молете се и од децата направете свои сопатници.

Учете духовни лекции во домашните задачи. Бог им ја до верил на родителите и учителите должноста да ги воспитуваат младината во таа насока; и од секоја постапка во својот живот тие можат да извлечат духовна поука. Воспитувајќи ги да негуваат чистота на своето тело, треба да се учат дека Бог бара чистота и на срцето и телото. Чистејќи ја собата, тие можат да учат како Бог го чисти срцето. Тие нема да ги затвораат вратата и прозорците и во собата постават некое средство за прочистување на воздухот, туку широко ќе ја отворат вратата и прозорците, трудејќи се грижливо да ја отстранат секоја прашина. Така и прозорците на побудите и чувствата мораат да се отворат кон небото за да се отстрани секоја прав на себичноста и земниот дух. Благодатта Божја мора целосно да ја обземе одајата на умот и секој елемент на природата мора да се очисти и оживотвори преку Божјиот Дух. Неуредноста и немарноста во секојдневните должности ќе доведе до тоа да се заборави Бог и да се запази само надворешниот облик на побожност и исповедање на верата, без нејзината содржина. Мораме да стражариме и да се молиме, инаку ќе ќе ја изгубиме стварноста држејќи се за сенката.

Во вршењето на ситните должности треба преку секојдневно искуство да се провлекува живата вера како златна нишка.

Боспитувањето на срцето наспроти учењето од книги. Воспитувањето на срцето е поважно отколку образованието здобиено од книгите. Добро е а дури неопходно, да се здобие знаење за светот во кој живееме; но доколку ја изоставиме вечноста од нашето размислување, ќе направиме пропуст од кој нема да можеме никогаш да се опоравиме.

Заедничка полза. Нашите деца се Божја сопственост; тие се скапо купени. Оваа мисла треба да биде инспирација во нашата работа за нив. Најуспешен метод за осигурување на нивното спасение и нивното пазење од патот на искушението е тие постојано да се поучуваат во Божјиот Збор.

Како родителите можат да бидат камења за сопнување.

Момчињата и девојчињата можат рано да развијат длабока и симетрична побожност доколку средствата кои Бог ги одредил се следени во Неговиот страв и љубов. Тие ќе ја манифестираат вредноста на исправното тренирање и дисциплина. Но впечатоците направени врз умовите на децата со зборови на учителот на вистината често пати се противдејствувани од зборовите и делата на родителите. Приемчивит, но сепак застранети срца на децата често пати се импресионирани од вистината, но често врз нив доаѓаат искушенија од страна на таткото или мајката и тие паѓаат како жртва на сатанските изуми. Скоро е невозможно да се постават стапалата на децата на безбедни патеки кога родителите не соработуваат. Злите мисли, кои излегуваат од устите на неразумните родители, се главна пречка за вистинското обраќање меѓу децата.

Живејте во хармонија со вашите молитви. Ние мораме да живееме во хармонија со нашите молитви. Нема полза од нив ако ние живееме во спротивност со нив. Јас имам видено татко кој, после читање на дел од Библијата и по искажаната молитва, често пати, скоро веднаш по подигањето од колената, почнува да ги укорува своите деца. Како може Бог да ја услиши молитвата која тој ја приложил? И доколку, по укорувањето на децата, таткото се моли, дали таа молитва ќе биде на полза на децата? Не, не доколку не е молитва на исповедање пред Бога.

Кога децата се подготвени за крштавање. Никогаш не им дозволувајте на своите деца да мислат дека тие не се деца Божји се додека не се доволно возрасни да бидат крстени. Крштавањето не ги прави децата христијани; ниту пак ги обраќа; тоа е само надворешен знак кој покажува дека тие сфаќаат дека треба да бидат Божји деца преку признавањето на тоа дека веруваат во Исуса Христа како нивен Спасител и дека одсега ќе живеат за Христа.

Задача на родителите чии деца сакаат да се крстат се состои во испитувањето на себеси и давањето на совесни поуки на своите деца. Крштавањето е најсвет и најзначаен обред и заради тоа треба целосно да се сфати неговото значење. Тоа значи покајание заради гревовите и влегување во нов живот во Христа Исуса. Не треба да се брза за што поскоро да се изврши тој обред. Нека и децата и родителите добро пресметаат што ќе ги чини тоа. Согласувајќи се на крштавање на своите деца, родителите свечено се обврзуваат дека ќе бидат верни поверители над нив и дека ќе ги водат во развивањето на нивниот карактер. Тие се обврзуваат дека со посебно внимание ќе бдејат над овие јагниња од стадото, за да не ја обесчестат верата која ја исповедаат…

Кога ќе настапи најсреќниот период во нивниот живот кога љубејќи го Исуса во своите срца, сакаат да бидат крстени, тогаш постапувајте совесно со нив. Пред да пристапат кон обредот на крштавање запрашајте ги дали нивна главна цел во животот ќе биде да работат за Бога. Потоа кажете им како треба да започнат. Првите поуки се од најголемо значење. Објаснете им така да можат да разберат. Објаснете им што значи да се предадат на Господа, и покрај советите на христијанските родители да постапуваат точно онака како што тоа го побарува Неговиот Збор.

Родителската должност по крштавањето. Откако верно сте го извршиле своето дело, ако сте уверени дека вашите деца го сфаќаат значењето на обратувањето и крштавањето, ако се навистина обратени, тогаш пуштете ги да бидат крстени. Но повторувам, пред се подгответе се самите да постапувате како верни пастири насочувајќи ги нивните неискусни нозе по тесната патека на послушноста. Бог мора да делува преку родителите, како на своите деца би им пружиле добар пример во љубовта, учтивоста и христијанската понизност и во целосно предавање на самите себе на Христа. Ако се согласите на крштавање на своите деца, а потоа им дозволите да чинат според својата волја, не чувствувајќи должност да ги управувате нивните нозе по вистинската патека, тогаш самите ќе бидете одговорни ако тие изгубат вера и храброст и интересирање за вистината.

Бог ве повикува да ги поучите да се подготват да бидат членови на царското семејство, деца на небесниот Цар. Соработувајте со Бога со тоа што ќе работите грижливо за нивното спасение. Доколку тие грешат, не ги укорувајте. Никогаш не им се подбивајте дека постапуваат погрешно и покрај тоа што се крстени. Имајте на ум дека тие треба многу да научат во поглед на обврските на едно Божјо дете.

Подготовка за посебните собири. Заради своите души, заради Христа и заради другите, извршете ја својата должност во домот. Молете се како никогаш порано. Прекршете го своето срце пред Бога. Довете го во ред својот дом. Подгответе ги своите деца за таа прилика. Поучете ги дека не е толку важно во какви облеки ќе се појават пред Бога, туку да се појават со чисти раце и чисти срца. Отстранете ја секоја препрека од нивниот пат, сите размирици кои се наоѓаат меѓу вас и нив. Така ќе го повикате Господа во својот дом и светите ангели ќе ве пратат кога ќе тргнете на состаноците и ќе ја одбијат со својата светлина и своето присуство темнината на злите ангели.

Сејте ги семињата на вистина преку вера. Треба да се молиме Бог да го благослови посеаното семе, и Духот Свети ќе дејствува дури и на децата. Ако имаме вера во Бога, ќе бидеме во можност да ги водиме своите деца при Јагнето Божје кое врз себе ги зема гревовите на светот. Оваа работа е со најголеми последици за младите членови на Господовото семејство.

Сподели го ова:

Слични објави