Г Л А В A 7 5 – Водење на малите деца кон Христа

Сподели го ова:

Колку рано децата можат да станат христијани? Во детството умот е лесно импресиониран и обликуван и тогаш е време кога момчињата и девојчињата треба да бидат учени да го сакаат и му оддаваат чест на Бога.

Бог сака секое дете на млади години да биде Негово дете, преку посинување примено во Неговото семејство. Иако млади по својата возраст, тие можат да бидат членови на верното домаќинство и да се стекнат со најдрагоцени искуства. Во нежноста и чувствителноста на детското срце, тие можат да бидат подготвени да примат впечатоци кои ќе останат трајни. Тие можат своето срце во целосна доверба и љубов да му го предадат на Христа и да живеат за Него. Христос од нив ќе направи мали мисионери. Целиот тек на нивните мисли може да се измени, така што гревот веќе не ќе им изгледа привлечен, туку од него ќе се тргаат, а дури и ќе го мразат.

Годините не играат улога. Едно познато духовно лице еднаш беше запрашано колку старо треба да биде едно дете пред да постои разумна надежза него да биде христијанин. „Тука годините не играат улога,“ гласеше одговорот. „Љубовта за Христа, спокојноста и довербата се квалификации кои се во хармонија со природата на детето. Онолку скоро кога детето може да ја сака и да има доверба во својата мајка, тоа може да го сака и да има доверба во Исуса како пријател на неговата мајка. Исус ќе биде негов Пријател, сакан и почитуван.“

Во поглед на претходната вистинита изјава, дали можат родителите да бидат премногу претпазливи во претставувањето на начела и пример пред оние будни малечки очи и остри чувства? Нашата вера треба да биде практична. Таа е потребна во нашите домови онолку колку и во молитвениот дом. Не треба да постои ништо ладно, непријатно и негативно во нашето однесување; ние треба да покажеме, преку љубезност и сочувство, дека поседуваме топли, милни срца. Исус треба да биде почестениот Гостин во семејниот круг. Ние треба да разговараме со Него, да ги донесеме сите свои бремиња кај Него и зборуваме за Неговата љубов, Неговата благодат и Неговото совршеноство на карактерот. Каква лекција може секој ден да биде дадена од страна на побожните родители во носењето на сите свои неволји при Христа, Носителот на Бремето, наместо да раздразнуваат и укоруваат заради грижите и тешкотиите за кои тие не можат да сторат ништо. Умовите на малечките можат да бидат учени да се обратат кон Исус како што цветот ги насочува своите листови кои се отвараат кон сонцето.

Божјата љубов треба да биде поучувана во секоја лекција.

Првата лекција на кои децата треба да бидат поучувани е дека Бог е нивниот Татко. Таа поука треба да им биде дадена во нивните најрани години. Родителите треба да сфатат дека тие се одговорни пред Бога да ги запознаат своите деца со нивниот небесен Татко… Тоа дека Бог е љубов треба да биде поучувано преку секоја лекција.

Татковците и мајките треба да ги учат бебињата, децата и младите за Исусовата љубов. Нека првите зборови на бебето бидат за Христа.

Христос треба да биде поврзан со сите поуки дадени на детето.

Од најраните години на детето тоа треба да биде запознаено со нештата Божји. Нека мајката во едноставни зборови му раскаже за Христовиот живот на земјата. И повеќе од тоа, нека таа во секојдневниот живот внесе од учењата на Спасителот. Нека таа му покаже на своето дете, преку нејзиниот пример, дека овој живот е подготовка за животот кој треба да дојде, време дадено на човечките битија во кое тие треба да обликуваат карактер кој ќе им овозможи влез во Божјиот град.

Ним им треба повеќе од само обично внимание. Господ не се прославува кога децата се занемарени и оставени… Ним им е потребно повеќе од обично внимание, повеќе од само еден збор на охрабрување. За нив е потребно вредна, грижлива работа пропратена со молитва. Срцето кое е исполнето со љубов и сочувство ќе допре до срцата на младите кои навидум се безгрижни и безнадежни.

Исус вели: „Воспитајте ги овие деца за Мене.“ Родителите треба да настојуваат да разберат дека тие треба да ги воспитуваат своите деца за Божјите дворови. Кога ним им се доверени деца, тоа е исто како Христос да ги поставил во нивните раце и рекол: „Воспитајте ги овие деца за Мене, за тие да можат да светлат во Божјите дворови.“ Еден од првите гпасови кој треба да го привлече нивното внимание е името Исусово и во своите најрани години тие треба да бидат водени на мопитва на колена. Нивните умови треба да бидат исполнети со приказни за животот на Господа и нивната фантазија поттикната да си ја замиспува спавата на светот кој треба да дојде.

Тие можат да имаат христијанско искуство во детството.

Мој брате и сестро, вие имате една света работа да чините во воспитувањето на своите деца. Додека се мпади, нивните срца и умови се најприемчиви за правилните впијанија… Учете ги дека тие имаат да извршат свој дел и да се здобијат со христијанско искуство дури и во своето детство.

Се додека примарна работа за родитепите во нивниот живот не биде да ги водат стапапата на своите деца кон патот на праведноста од нивните најрани години, ќе биде одбран погрешниот пред правипниот пат.

Доброволната послушност е тест на обратувањето. Зарем ние не треба да ги учиме нашите деца дека добровопната послушност на волјата Божја докажува дапи оние кои тврдат дека се христијани се навистина христијани? Господ го мисли секој Збор кој го кажува.

Божјиот закон, основа на реформацијата. Законот Божји треба да биде средство за образување на семејството. Родителите се под најсвечена должност да чекорат според сите Божји заповеди, поставувајќи пред своите деца пример на најстриктна чесност…

Поучувајте ги на тоа децата. Дали сте ги поучувале своите деца од нивните пелени да ги држат Божјите заповеди?… Вие треба да ги учите да обликуваат карактери според божествената сличност, за Христос да може да се открие Себеси на децата. Ние го знаеме тоа од историјата на Јосиф, Самуел, Даниел и неговите другари. Зарем не можеме да видиме од записот на нивните животи што Бог очекува од децата и младите?

Родителите… се под обврска пред Бога да ги претстават своите деца при Него угодни во најраниот период да примат интелектуално познавање за она што значи да се биде следбеник на Исуса Христа.

Сведоштвото на едно обратено дете. Верата им помага на децата да учат подобро и да вршат поверна работа. Едно малечко девојче од дванаесет години, на едноставен начин, докажуваше дека таа беше христијанин. „Јас не сакав да учам, туку да си играм. Јас бев мрзлива на училиште и често пати ги пропуштав своите лекции. Сега јас ја учам секоја лекција добро, за да му угодам на Бога. Јас бев немирна на училиште и кога учителите не гледаа во мене, јас правев смешки за децата да гледаат во мене. Сега јас сакам да му угодам на Бога преку тоа што ќе се однесувам добро и ќе се придржувам до училишните закони. Јас бев себична во домот, не сакав да извршувам должности и се муртев кога мајка ми ме повикуваше од играњето да и помогнам во работата. Сега претставува вистинска радост за мене да и помагам на својата мајка на секој можен начин за да и покажам дека ја љубам.

Бнимавајте да не одложувате. Родители, своите малечки морате да почнете да ги дисциплинирате уште од најраното детство, за да можат да бидат вистински христијани… Внимавајте да не ги успиете под бездната на пропаста со погрешното сфаќање дека не се доволно возрасни за да положат сметка, да се покајат за своите гревови и да го прифатат Христа.

Децата од осум, десет или дванаесет години се веќе доволно возрасни за да може да им се зборува за прашањето на личната вера. Кога ги поучувате своите деца не укажувајте им на некое идно време кога ќе бидат доволно возрасни да се покајат и ја прифатат вистината. Ако тие правилно се поучуваат, многу мали деца можат да стекнат правилна претстава за својата грешност и за патот на спасение преку Христа.

Ми беше укажано на многу драгоцени ветувања наменети за оние кои рано почнуваат да го бараат Спасителот. Проповедник 12:1: „Спомнувај си за својот Творец во дните на младоста своја, додека не дошле тешки денови и не настанале години за кои ќе речеш, не ми се мили.“ Изреки 8:17: „Ги сакам оние што мене ме сакаат, и кои ме бараат, ќе најдат добрина.“ Големиот Пастир на

Израел се уште вели: „Оставете ги децата да приоѓаат кај Мене и не пречете им, зашто на такви е царството Божјо.“ Поучете ги своите деца дека младоста е најдобро време кога треба да го бараат Господа.

Насочувајте од пелените до младоста. Да му се дозволи на едно дете да ги следи своите природни наклонетости е да се дозволи тоа да се расипе и стане вешто во чинење зло. Последиците на погрешното воспитување почнуваат да се откриваат во детството. Во раната младост се развива себичен ќуд, и како што младите раснат, тоа расне го грев. Постојано сведоштово против занемарувањето на родителите е дадено од децата на кои им е дозволено да го следат својот начин на живеење. Таквиот надолен начин може да биде спречен само со тоа што ќе ги опкружите со влијанија кои ќе го запрат злото. Од пелените до младоста, детето треба да биде под влијание за добро.

Утврдете ги децата за идните тестови. Родители, запрашајте се себеси едно сериозно прашање: „Дали ги воспитавме нашите деца да се потчинуваат на родителскиот авторитет, и така ги обучивме да му бидат послушни на Бога, а Неговиот закон да го сметаат за најврховен водич за однесување во животот? Дали ги воспитавме да бидат мисионери за Христа? Да одат и чинат добро?“ Верни родители, вашите деца ќе треба да војуваат решителни битки за Господа во денот на судирот; и додека се здобиваат со победи за Принцот на мирот, тие ќе се здобиваат со победи за себеси. Но доколку тие не одраснале во Господовиот страв; доколку тие немаат знаење за Христа, немаат врска со небото, тие нема да имаат морална сила, тие ќе се потчинат на земните моќници кои се воздигнале себеси над небесниот Бог во воспоставувањето на лажниот ден за одмор на место Саботата на Јехова.

Сподели го ова:

Слични објави