Г Л А В A 7 4 – Секој дом треба да биде црква
Родителите треба да бидат Божји претставници. Секое семејство во домашниот живот треба да биде една црква, прекрасен симбол на Божјата црква на небото. Доколку родителите ја сфатат својата одговорност за своите деца, тие под никакви околности нема да ги укоруваат или да бидат раздразливи кон нив. Тоа не е вид на воспитување кое некој треба да го има. Многу, многу деца имаат научено да наоѓаат мани, да бидат раздразливи, укорливи и страствени деца, затоа што ним им било дозволено да бидат страствени дома. Родителите треба да имаат во предвид дека тие се на местото Божјо за своите деца, да го поттикнат секое правилно начело и да ја потиснат секоја погрешна мисла.
Библиската вера, наша единствена заштита. Блажени се оние родители кои живеат богоугоден живот, така што ветувањата и заповедите Божји будат кај нивните деца чувство на благодарност и стравопочит; родителите кои со својата нежност, праведност и долготрпение им ја укажуваат на децата љубовта, правдата и долгототрпението Божјо; и кои учејќи ги своите деца да ги љубат, слушаат и да им веруваат, ги упатуваат истовремено да го љубат, да му веруваат и да му бидат послушни на својот небесен Татко. Родителите коишто во децата вградуваат таков дар на тој начин им подаруваат богатство подрагоцено од богатството на сите векови, богатство кое ќе трае долго колку и вечноста.
Исповедањето е безвредно без вера во домот. Таму каде што има недостиг на вера во домот, исповедањето на истата е безвредно. Тогаш не дозволете нељубезни зборови да излезат од вашите усни на оние кои го сочинуваат семејниот круг. Нека атмосферата биде пријатна проткаена со нежна промисленост за другите. Само тие ќе влезат во небото кои во времето на проба формирале карактери кои дишат небесно влијание. Светијата на небото мора прво да биде светија на земјата.
Тоа го што прави карактерот мил во домот е тоа што ќе го направи мил во небесните живеалишта. Мерката на вашето христијанство е одредена преку карактерот на вашиот домашен живот.
Благодатта Христова ги оспособува оние кои поседуваат моќ од домот да направат среќно место, полно со мир и почивка. Се додека го немате Христовиот дух вие не сте Негови и никогаш нема да ги видите откупените светии во Неговото царство, кои треба да бидат едно со Него во совршеното среќно небо. Бог посакува да се посветите целосно на Него и да го претставите Неговиот карактер во домашниот круг.
Делото на посветување почнува во домот. Оние кои се христијани во домот ќе бидат христијани во црквата и во светот. Постојат многумина кои не растат во благодатта затоа што занемаруваат да негуваат вера во домот.
Родителите како едукатори во домашната црква. Јас им се обраќам на татковците и мајките: Вие можете да бидете едукатори и духовни мисионери во вашите домашни цркви. Нека татковците и мајките чувствуваат потреба да бидат мисионери во домот, потреба домашната атмосфера да биде слободна од влијанието на нељубезниот и брз говор, и домашното училиште ќе биде место каде Божјите ангели ќе можат да дојдат, да благословат и да дадат успех за вложените напори.
Сметајте го семејството како училиште за воспитување, подготвително место за извршување на верските должности. Вашите деца треба да имаат дел во работата на црквата и секоја мисла на умот, секоја физичка способност треба да биде чувана силна и активна во служба на Христа. Тие треба да бидат учени да ја сакаат вистината затоа што е вистина; тие треба да бидат посветени преку вистината, за да можат да стојат на судот кој наскоро ќе одлучи за угодноста на секој кој може да влезе во повозвишеното училиште каде ќе стане член на царското семејство, дете на небесниот Цар.
Тие мора да живеат постојан живот. На младиот дух сите работи оставаат свој впечаток. Младите гледаат на изразот на лицето, го запазуваат звукот на гласот и го имитираат однесувањето на постарите. Раздразливите родители на своите деца често им даваат такви поуки заради кои подоцна би го дале целиот свет, кога би бил нивен, за да ги одучат од истите. Децата мора да ја видат во животот на своите родители онаа доследност која е во согласност со нивната вера. Родителите можат да влијаат врз обли
кувањето на карактерот на своите деца доколку живеат постојан живот и ако владеат со себеси.
Обучувајте ги децата да бидат работници за Христа. Оние кои се соединети преку семејните врски имаат најсилни обврски еден кон друг. Членовите на семејството треба да манифестираат љубезност и најнежна љубов. Зборовите изговорени и делата извршени треба да бидат во согласност со христијанските начела. На таков начин домот може да биде училиште, каде можат да бидат обучувани работници за Христа.
Домот треба да биде сметан за свето место.
Фатална грешка која многумина ја прават. Можеме ли да ги воспитаме нашите синови и ќерки за среден респектиран живот, живот во кој се исповеда христијанство, но каде недостасува Негова самопожртвуваност, живот за кој судот на Оној кој е вистина ќе мора да биде, „Јас не ве познавам“? Илјадници го чинат тоа. Тие мислат за своите деца да ја обезбедат ползата на евангелието додека тие се одрекуваат од неговиот дух. Но тоа не треба да биде така. Оние кои ја отфрлаат привилегијата на заедница со Христа во служба го отфрлаат единственото воспитување кое дава подготвеност за учествување со Него во Неговата слава. Тие го отфлаат воспитувањето кое во овој живот дава сила и благородност на карактерот. Многу татковци и мајки, кои на своите деца им го одрекуваат Христовиот крст, премногу доцна научиле дека тие на тој начин ги предаваат на Божјиот и човековиот непријател. Тие ја запечатуваат нивната пропаст, не само за иднината туку и за сегашниот живот. Искушението ги победува. Тие израснуваат за да бидат проклетство во светот, жалост и срам за оние кои им дале живот
Ние не знаеме на кој начин нашите деца ќе бидат повикани да служат. Можеби животот ќе го поминат во кругот на домот; можеби ќе се посветат на вообичаените занимања, или ќе отидат како учители на евангелието во незнабожечките земји. Меѓутоа, сите се повикани да бидат Божји мисионери, служители на милоста во светот. Тие треба да се здобијат со воспитување кое ќе им помогне да стојат покрај Христа во несебична служба.
Учете ги да се потпираат на божествената помош. Доколку посакувате вашите деца да поседуваат зголемени способности да чинат добро, учете ги да имаат добар зафат за идниот свет. Доколку тие се поучени да се потпираат на божествената помош во своите потешкотии и опасности, ним нема да им недостасува сила да ги зауздаат страстите и да ги победат внатрешните искушенија да чинат што е погрешно. Поврзаноста со Изворот на мудрост ќе им даде светлина и сила на разликување помеѓу исправното и погрешното. Тие кои ќе го примат тоа ќе станат морално и интелектуално силни и ќе имаат појасни погледи и подобро расудување дури и за земните нешта.
Спасението осигурано преку вера и доверба. Ние можеме да го поседуваме спасението Божјо во нашите семејства; но ние мораме да веруваме во него, живееме за него и да имаме непрекината, постојана вера и доверба во Бога… Ограничувањето кое Божјиот Збор го става врз нас е за наша корист. Тоа ја зголемува среќата во нашите семејства и на сите околу нас. Таа го префинува нашиот вкус, го посветува нашето расудување и донесува мир на умот, и на крајот вечен живот… Ангелите служители ќе се задржуваат во нашите живеалишта и со радост кон небото ќе носат вести за нашиот напредок во божествениот живот и ангелот записничар ќе направи бодар, среќен запис.
Вашите деца од домот ќе носат драгоцени влијанија на домашното воспитување. Тогаш работете во домашниот круг, во првите години на животот на децата и тие со себе ќе го носат влијанието во училиштето; тоа влијание ќе биде почувствувано и од многу други. Така Господ ќе биде прославен.