Г Л А В A 7 3 – Одговорност за вечните интереси

Сподели го ова:

Нашиот век носи посебна опасност за децата. Ние живееме во време кое е посебно лошо за децата. Силата на злото е налик на надојдена река која силно влече во пропаст, и за да се плива наспроти таа бујица е потребно нешто повеќе од силата и искуството на едно дете. Изгледа дека младите, воопшто земено, станале робови на сатаната, и како неговите ангели да ги водат во неизбежна пропаст. Сатаната и неговата војска водат непрекината војна против Божјото устројство и сите кои сакаат своето срце да му го предадат на Бога и да ги држат Неговите заповеди, тој настојува да ги збуни со своите искушенија како би изгубиле храброст и се откажат од борбата.

Нам никогаш не ни требало поблиска заедница со Бога отколку што ни треба денес. Една од најголемите опасности која демнее на Божјиот народ секогаш било прилагодувањето кон световните начела и навики. Младите посебно се во постојана опасност. Татковците и мајките треба постојано треба да внимаваат на искушенијата на сатаната. Додека тој настојува да ги упропасти нивните деца, нека родителите не си ласкаат себеси дека не постои посебна опасност. Нека тие не мислат и нека не се грижат за нештата од овој свет, додека повозвишените, вечните интереси на нивните деца се занемарени.

Родителите вогпавно се рамнодушни. Жалосно е тоа што родителите оладуваат во својот духовен живот, и заради недостаток на побожност и посветеност на Бога, тие не ја сфаќаат големата одговорност која налага тие трпеливо и целосно да ги воспитуваат своите деца да се држат до Господовиот пат.

Родителите воглавно даваат се од себеси да ги онеспособат децата за суровата реалност на животот, за потешкотиите кои ќе ги опкружат нив во иднината, кога тие ќе треба да одлучат за правичното или погрешното и кога силни искушенија ќе надојдат над нив. Тогаш тие ќе бидат слаби онаму каде што треба да бидат силни. Тие ќе се колебаат во начелата и должноста и човештвото ќе страда заради нивната слабост.

Бажното дело е занемарено. Една причина за така распространето зло во светот на денешницата е тоа што родителите, обземани со другите грижи, го губат од видот она што е најважно задачата своите деца трпеливо и нежно да ги поучуваат на патот Господов.

Мајките можат да се здобијат со знаење за многу нешта, но тие го немаат стекнато неопходното знаење доколку не го познаваат Христа како личен Спасител. Доколку Христос е во домот, доколку тој е Советник на мајките, тие ќе ги воспитуваат своите деца од нивните пелени на начелата на вистинската религија.

На сатаната му е дозволено да управува. Заради тоа што луѓето и жените не го слушаат Бога, туку одат по сопствениот пат и ја следат својата изопачена фантазија, на сатаната му се дозволува да го подигне своето пеколно знаме во нивните семејства и да ги спроведе своите намери преку бебињата, децата и младината. Неговиот глас и волјата се изразуваат низ непокорната волја и изопачениот карактер на децата и преку нив тој ја исполува својата сила и ги спроведува своите планови. На Бога му се нанесува срам со постапките на изопачените темпераменти, кои ја исклучуваат стравопочитта за Бога и наведуваат на послушност на сугестиите на сатаната.

Многу родителите преку своето воспитување, преку своето неразумно попуштање и мазење на вкусовите и желбите, себеси се прават одговорни за извртените патишта и диспозицијата на своите деца. Сатаната може да управува со целото битие преку таа диспозиција за непослушност кон Божјите закони. Родителите не им заповедаат на своите семејства како што тоа го направил Авраам. И какви се последиците? Децата и младите стојат под бунтовничко знаме. Со нив не може да се управува, туку тие се одлучни да ја следат својата волја. Единствена надеж за децата е тие да бидат поучени да се одрекуваат од себеси и да не си попуштаат.

Тешка битка со недисциплинираните деца. Децата на кои им е дозволено така да израснат во незаузданост ќе мораат пропуштеното да го учат дополнително ако сакаат да бидат Христови следбеници. Целиот нивен верски живот е под влијание на тоа што го научиле во детството. Самоволието, недостатокот на самоодре кување, неподнесување на укор, неприфаќање на совети и мислењето на другите, истата нетрпеливост кога се укорени, истата љубов на своето јас, немањето желба да се бара совет од други или проценката на другите да влијаат врз нив, истата мрзеливост и неприфаќањето на одговорноста, и многу други негативни особини од детството многу често во подоцнежниот живот доаѓаат до изразување. Сето тоа се одразува и во нивните односи со браќата и сестрите во црквата. Можно е таквите сето тоа и да го победат, но каква тешка борба треба да водат! Каков остар судир со самите себе! Каков е тежок патот на дисциплината низ кој мораат да поминат за да се издигнат на ниво на христијанскиот карактер! Но сепак, доколку конечно победат, ним ќе им биде дозволено да видат, пред да бидат преобразени, колку биле блиску до вечната пропаст, заради недостатокот на правилно воспитување во младоста, заради пропуста во детството да се научат на послушност.

Оградете ги против расипничките влијанија. Родители, вие ја имате превземено врз себе одговорноста за донесување на деца во овој свет без нивна согласност и вие сте одговорни за животите и душите на вашите деца. Тие имаат привлечности во светот кои ги фасцинираат и заблудуваат. Вие можете да ги воспитате нив како би ги оградиле против расипничките влијанија. Вие можете да ги обучувате тие да ги носат одговорностите на животот и да ги сфатат своите одговорности пред Бога, вистината, должноста, и последиците кои нивните дела ќе гимимаат врз нивниот вечен бесмртен живот.

Денешните млади се во незнаење во поглед на изумите на сатаната. Заради тоа родителите треба да се разбудат во овие опасни времиња, работејќи истрајно и работливо, за да му затворат врата на првиот пристап на непријателот. Тие треба да ги поучат децата кога се во домот, или кога чекорат, кога стануваат и кога легнуваат.

Мора да биде пројавена вечна претпазливост, за децата да бидат водени по патеката на праведноста. Сатаната ја почнува својата работа врз нив од најраното детство и создава желби за она кое Бог го има забрането. Безбедноста на децата зависи во многу од претпазливоста, будноста и грижата на нивните родители.

Родителите не треба да дозволат ништо да ги спречи во настојувањето на своите деца им посветат сето неопходно време за да ги упатат на тоа што значи да се покорат на Господа и имаат целосна доверба во Него.

Родители, разбудете се од својата смртна дремка. Од рамнодушноста на родителите многу деца се водени да чувствуваат дека нивните родители не се грижат за нивните души. Тоа не треба да биде така, меѓутоа оние кои имаат деца треба така да се справуваат со своите домашни и деловни работи како ништо не би се нашло помеѓу нив и децата што би го намалило родителското влијание во нивното насочување кон Христа. Вие треба да ги учите своите деца на лекцијата за Христовата љубов, за тие да бидат чисти по срце, во однесувањето и разговорот…

Господ ќе работи врз срцата на децата доколку родителите соработуваат со божественото дело, но Тој нема да се зафати да го стори тоа што било одредено како ваш дел од работата. Родители, вие мора да се разбудите од својата смртна дремка.

Нашата голема надеж е домашната религија. Родителите спијат. Нивните деца одат во уништување пред нивните очи и Господ би сакал Неговите објавители да ја претстават пред луѓето, преку начела и пример, неопходноста на верата во домот. Ургирајте го тоа нешто кај своите собранија. Потенцирајте го убедувањето за тие свечени обврски, која била толку долго занемарена, врз совеста. Тоа ќе ги прекрши духот на фарисејство и противењето кон вистината како ништо друго. Верата во домот е нашата голема надеж и ја прави иднината светла за обратувањето на целото семејство кон Божјата вистина.

Како силата на сатаната може да биде скршена. Преку поучување, заповед врз заповед, правило врз правило како да му се предаде срцето и волјата на Христа, за силата на сатаната да биде скршена.

Татковци и мајки, во целосна сигурност на вера, застапувајте се за своите синови и ќерки. Доколку е неопходно, исповедајте се искрено пред своите деца за тоа што сте им дозволите да одат по патот на суетноста и да го ожалостат Господа, кој не го поштеди Својот Син заради загубениот свет, за сите да можат да примат прошка и простување на гревот…

Бог копнее татковците и мајките кои на разни начини им попуштале на своите деца на нивна штета, да го откупат времето. Обрнете внимание додека се вели денес.

Родителите го имаат најблагородното мисионерско поле.

Нека ваше животно дело биде да ги обликувате карактерите на вашите деца според божествениот Модел. Доколку тие поседуваат внатрешно украсување, украсот на кроток и тивок дух, тоа е затоа што вие истрајно сте ги воспитале да ги сакаат поуките од Божјиот збор и да бараат одобрување од Христа над одобрувањето од светот.

Како работници за Бога, нашата работа треба да започне со тие кои се најблиску. Таа треба да започне во нашиот дом. Не постои поважно мисионерско поле од тоа.

Нам ни треба мисионерски жар во нашите домови, за да можеме да го донесеме Зборот на животот пред членовите на нашите семејства и да ги водиме да бараат дом во Божјото царство.

Подигањето и воспитувањето на децата е најблагородно мисионерско поле кое луѓето и жените можат да го вршат.

Родителите треба да ја обликуваат живата гпина како уметници. Колку сериозно и колку истрајно уметниците работа да го преобразат платното во совршена сличност според својот модел; и колку вредно скулптурот цепка и делка од каменот скулптура според моделот кој го следи. Така родителите треба да работат да ги обликуваат, полираат, рефинираат своите деца според моделот кој им е даден ним во Христа Исуса. Како што трпеливиот уметник проучува, работи, и обликува планови за резултатите од неговата работа да ги направи посовршени, така родителот треба да смета дека времето кое се користи за воспитувањето на децата за корисен живот подготвувајќи ги за бесмртното царство е добро искористено. Делото на уметникот е мало и неспоредливо со тоа на родителот. Едниот работи со безживотен материјал, од кој тој обликува облици на убавина, но другиот се соочува со човечкото битие чијшто живот може да биде обликуван за добро или лошо, да го благослови човештвото или да го проколне, да замине во темнина или да живее засекогаш во идниот безгрешен свет.

Нека совршеноста биде цел. Христос еднаш беше мало дете. Заради Него имајте почит кон децата. Гпедајте кон нив како на света доверба, не да бидат мазени ипи идопизирани, туку да бидат поучувани да живеат чисти, бпагородни животи. Тие се Божја сопственост. Тој нив ги љуби и вас ве повикува да соработувате со Него поучувајќи ги да обпикуваат совршени карактери.

Потребни се обратени родители. Ден и ноќ јас сум обременета со миспата за нашата голема потреба за обратени родители. Копкумина постојат кои треба да ги понизат своите срца пред Бога и да дојдат во исправна врска со небото доколку сакаат да шират спаситепно влијание над своите семејства. Тие треба да знаат што треба да сторат за да го наследат вечниот живот, докопку сакаат да ги воспитуваат своите деца за наследството на откупените. Секој ден тие треба да примаат светпина од небото во нивните души, секој ден треба да примаат впијанија од Светиот Дух врз срцето и умот. Секој ден тие треба да го примаат Зборот на вистината и да дозвопат тој да го контропира животот.

Гледајте постојано кон Исуса. Родитепи,… напрегнете ги сите свои духовни жипи и мускули за да го спасите своето мапо стадо. Сипите на пеколот ќе се соединат во напорот да го уништат, но Бог во ваша попза ќе подигне знаме против непријатепот. Мопете се повеќе откопку секогаш. Нежно и со срце попно со љубов учете ги своите деца да му пријдат на Бога како на свој небесен Татко. Поуката за самосовпадување и корисност најуспешно ќе им ја втиснете преку пичен пример. Учете ги дека Христос не живеел за да си угодува себеси.

Собирајте го секој зрак на божествена светпина кој светпи врз вашиот пат. Чекорете во светлината како што чекорел Христос. Додека вие се заложувате на своите деца да им помогнете да му служат на Бога, ќе се појават најпровокативни искушенија; но не губете ја својата потпора; држете се цврсто за Исуса. Тој вели: „Нека се фати за мојата сила да стори мир со мене; и ќе стори мир со мене“ (Исаија 27:5) Ќе се појават потешкотии; ќе наидувате на многу препреки; но не престанувајте да гледате на Исуса. Кога ќе се појават потешкотии, запрашајте во молитва: „Господе, што треба да чинам?“ Кога своите грижи, без мрморење и негодување ќе ги предадете на Господа, Тој ќе ви го покаже патот по кој мора да про

должите. Тој ќе ви помогне својот дар на говор да го употребите на начин сличен на Христовиот, така што мирот и љубовта ќе завладеат во домот. Продолжувајќи доследно по таквиот пат, вие можете да бидете евангелист во своето семејство, проповедници на благодатта на своите деца.

Оваа работа се исплати. Чини нешто да се израснат децата според Божјиот пат. Тоа чини мајчини солзи и молитви на таткото. Тоа бара неослабнувачки напори, трпеливо поучување, тука и таму по малку. Но таа работа се исплаќа. Родителите така можат околу своите деца да градат бедеми кои ќе ги запазат од злото кое го потопува светот.

Сподели го ова:

Слични објави