Г Л А В A 7 2 – Борба за реформа

Сподели го ова:

Искреното покајание и одлучните напори се неопходни.

Оние кои ги корумпираат своите тела не можат да ја уживаат наклонетоста Божја се додека тие искрено не се покајат, извршат целосна реформа и усовршат светост во Господовиот страв.

Единствена надежза оние кои практикуваат зли навики е засекогаш да ги остават доколку тие го вреднуваат здравјето и подоцнежното спасение. Кога на тие навики им се попушта доста долго време, ќе бидат потребни одлучни напори во противењето на искушението и во отфрлањето на тоа расипничко попуштање.

Мислите мора да бидат под контрола. Мораш да владееш со своите мисли. Тоа нема да биде лесна задача. Тоа не можеш да го постигнеш без многу строги и тешки напори… Ако се занимаваш со празно фантазирање, дозволувајќи му на својот ум да размислува за нечисти работи ти во извесен степен си исто толку виновен пред Бога како кога твоите мисли би биле спроведени на дело. Спроведувањето на дело често пати изостанува само заради недостаток на поволни можности. Мечтаењето и градењето на кули во воздух се лоши и необично опасни навики. Кога еднаш ќе се стекнат такви навики, скоро е невозможно да се одвои од нив, а мислите управат на чисти, свети и возвишени нешта. Ќе мора да станеш верен стражар на своите очи и сите свои сетила ако сакаш да владееш со својот ум и да им оневозможиш на суетните и расипаните мисли да ја валкаат твојата душа. Само силата на благодатта може да го изврши тоа толку пожелно дело.

Страстите и приврзаноста потчинете ги на разумот. Бог од тебе не бара само да владееш со своите мисли туку да владееш и со своите страсти и љубовни чувства. Твоето спасение зависи од тоа дали ќе владееш со себе во тој поглед. Страстите и наклонетостите се моќни орудија. Ако погрешно се применат, ако се стават во движење по пат на лоши побуди, тие се во состојба да те упропастат, и претворат во бедна рушевина, без Бога и без надеж.

Фантазијата мора упорно да се совладува, ако сакаме страстите и љубовните чувства да бидат потчинети на разумот, совеста и карактерот…

Ако не ги зауздаш своите мисли, читање и зборови, твојата фантазија безнадежно ќе заболи. Читај ја внимателно и со молитва својата Библија и управувај се според нејзините поуки. Во тоа лежи твојата безбедност.

Затвори ги чувствата против злото. Оние кои сакаат да ја поседуваат таа мудрост која е од Бога мора да станат неразумни во грешното знаење на овој век за да можат да бидат мудри. Тие треба да ги затворат своите очи за да не можат да видат и научат нешто зло. Тие треба да ги затворат своите уши за да не би слушнат некое зло, и се стекнат со знаење кое ќе ја извалка нивната чистота на мисли и дела, и да внимаваат на своите јазици како не би изговориле било што расипано и измама се најде на нивните усни.

Не го читајте и не го гледајте она што предизвикува нечисти мисли. Развијавте ги моралните и умствените сили.

Одбегнувајте неактивност и премногу учење. Прекумерното учење, исто така, зголемувајќи го приливот на крв во мозокот, создава болна раздразливост која ја намалува силата на самосовладување и многу често им дозволува на ненадејните заноси и каприци да излезат на површина. Така се отвораат вратите на порокот. Злоупотребата или неупотребата на физичките сили е во најголема мерка одговорна за плимата на расипаноста која се шири низ светот. „Гордоста, изобилството леб и безгрижниот мир“ се исто толку смртни непријатели на човечкиот напредок во оваа генерација, како и тогаш кога го предизвикале уништувањето на Содом.

Учителите треба да ги разберат овие факти и да им зборуваат на своите ученици. Поучете ги учениците дека правилниот начин на живот зависи од правилниот начин на мислење и дека физичката активност е важна за непорочноста на мислите.

Нема време за двоумење. Без сериозни напори и цврсти начела не можеме да ја стекнеме онаа чистота на животот и карактерот која ја имал нашиот божествен Пример. Колеблива личност нема да успее да достигне христијанско совршенство. Таа, мерена на мерилата на светилиштето, ќе биде пронајдена лесна. Сатаната го бара својот плен рикајќи како лав. Тој ги испробува своите искушенија врз секое непретчувствително момче… Сатаната им вели

на младите дека се уште има доволно време, дека можат уште еднаш да му попуштат на тој порок и никогаш повеќе. Но тоа едно попуштање ќе го затруе целиот нивен живот. Не смеете ниту еднаш да зачекорите на забрането тло. Во овие опасни денови, кога на сите страни има искушенија кои одвлекуваат во порок и расипаност, младите мораат од длабината на своите души да го подигнат својот глас кон небото. „Како младиот човек ќе го очисти својот пат?“ И нека неговите уши бидат отворени и неговото срце наклонето да ја чуе поуката која ќе му се даде и одговори: „Ќе се владеам по твоите зборови.“

Сите се одговорни за своите дела додека се наоѓаат на проба во овој свет. Сите имаат сила да управуваат со своите постапки доколку сакаат. Доколку се слаби во моралната чистота и чистотата на мислите и делата, тие можат да се здобијат со помош од Пријателот на беспомошните. Исус е запознаен со сите слабости на човечката природа, и доколку биде помолен, ќе даде сила да се победат најсилните искушенија. Сите можат да се здобијат со таа сила доколку ја бараат во понизност.

Единствена безбедност за младите во овој век полн со расипаност е да направат од Бога своја потпора. Без Божја помош, тие ќе бидат неспособни да ги зауздаат телесните страсти и желби. Христос ни пружа помош која ни е толку потребна; но само малкумина од нив сакаат да пријдат кон Него и да ја побараат таа помош. Кога бил на земјата Исус рекол: „Не сакате да дојдете кај Мене за да имате живот вечен.“ Во Христа сите можат да победат. Можете да кажете заедно со апостолот: „Туку го држам своето тело под контрола и го донесувам во потчинетост.“

Сподели го ова:

Слични објави