Г Л А В A 7 1 – Родителска будност и помош
Родителите треба уште од пелени да ги поучуваат своите деца на самоконтрола. Колку е важно да ги учиме нашите деца на самоконтрола уште од пелени и да ги поучуваме на покорност на нивната волја на нашата. Ако ја имаат таа несреќа да стекнат погрешни навики, не знаејќи ги лошите последици од нив, сепак можат да се реформираат повикувајќи се на здравиот разум и убедувањето дека таквите навики ја уништуваат конституцијата и негативно влијаат врз умот. Треба да им покажеме дека без оглед со што корумпираните лица ги убедуваат за да ги замолкнат нивните разбудени стравови и да ги наведат сепак да им попуштаат на оваа погубна навика, без оглед на нивното преправање, тие се нивни непријатели и застапници на ѓаволот.
Држете ги морално чисти заградете ги нивните умови.
Претставува зло за мајките да останат во незнаење за навиките на нивните деца. Ако тие се чисти, одржете ги такви. Утврдете ги нивните млади умови и подгответе ги да го презираат овој порок кој ги уништува здравјето и душата.
Сатаната ги контролира умовите на младите и ние мораме да работиме одлучно и верно да ги спасиме. Многу млади деца го практикуваат овој порок, кој прираснува за нив и се засилува со текот на годините, додека не ја унижи секоја благородна способност на телото и умот. Мнозина можеле да бидат спасени ако биле внимателно поучени во врска со влијанието на оваа навика врз нивното здравје. Тие не знаеле дека самите си нанесуваат многу страдања…
Мајки, не можете да бидете премногу внимателни во спречувањето на вашите деца да стекнат лоши навики. Злото полесно се учи отколку што се брише кога е веќе научено.
Практикувајте одлучно набљудување и блиско истражување. Ако вашите деца го практикуваат овој порок, тие се можеби во опасност да измислуваат лаги за да ве измамат. Но мајки, не смеете лесно да се успокојувате и да престанете да истражувате. Не го оставајте проблемот додека не сте сигурни дека тој веќе не е практикуван. Здравјето и душите на вашите сакани се во опасност, што и дава најголема важност на оваа тема. Одпучното набљудување и блиско истражување ќе ја откријат вистинската состојба без огпед на обидите да се избегне или сокрие. Тогаш мајката треба верно да им ја претстави оваа тема во нејзината вистинска светпина, укажувајќи на нејзината унижувачка тенденција. Обидете се да ги убедите дека впуштањето во овој грев ќе го уништи нивното самопочитување и бпагородноста на карактерот, ќе ги уништи здравјето и морапот и неговата срамна дамка ќе ја извапка вистинската Божја љубов и убавината на светоста. Мајката треба да се занимава со оваа тема се додека не добие довопно докази дека на таквата пракса и дошоп крај.
Одбегнувајте брзање и критики на почеткот. Вие можеби ќе се запрашате, како да го исцелиме зпото кое веќе постои? Како да ја започнеме работата? Доколку ви недостасува мудрост, одете кај Бога; Тој ветип дека ќе ви ја даде во изобипство. Молете се многу и срдечно за божествена помош. Едно правипо не може да се спеди во секој спучај. Тука е потребно посветено расудување. Не бидете непромиспени и агитирани, пристапувајќи им на своите деца со критика. Таков начин на постапување само ќе предизвика побуна во нив. Вие треба дпабоко да жалите за тоа како сте постапувапе, преку кое сте отворипе врата за ѓавопот да ги води вашите деца кон своите искушенија. Докопку вие ги немате поучено во поглед на престапувањето на законите на здравјето, прекорот почива врз вас. Вие имате занемарено една важна допжност, чии поспедици можат да бидат видени во погрешните навики на вашите деца.
Поучувајте со самоконтрола и сочувство. Пред да се зафатите со работата на поучување на вашите деца на поуката на самокотропа, вие прво треба тоа самите да го научите. Докопку песно сте агитирани и станувате нетрпепиви, како можете да изгледате разумни за своите деца, додека ги поучувате да управуваат со своите страсти? Со самоприбраност и чувства на најдлабоко сочувство и мипосрдност вие треба да им се приближите на вашите забпудени деца и верно да им ја преставите сигурната пропаст на нивните тепа докопку тие продолжат по патеката која ја одбрале дека како што продолжуваат да ги унижуваат физичките и ментал ните сили, така и моралната сила ќе пропаѓа и тие грешат, не само против себеси, туку и против Бога.
Вие треба да сторите тие да чувствуваат, доколку е можно, дека грешат против Бога, чистиот и свет Бог; да им укажете на тоа дека на големиот Испитувач на срцата не му се допаѓаат нивните постапки; дека ништо не е сокриено од Него. Доколку можете така да ги импресионирате своите деца како тие би пројавиле покајание кое е прифатливо за Бога, таа побожна жал која резултира со покајание за спасение, од кое не треба да се покајат, работата ќе биде целосна, реформата сигурна. Тие не треба да чувствуваат жал само затоа што нивните гревови се откриени; тие треба да ја согледаат својата грешна пракса во својот лош карактер и бидат водени да ги исповедаат пред Бога. Без резервираност треба и да ги остават. Тие ќе чувствуваат жал за своите погрешни постапки, затоа што причиниле незадоволство кај Бога и погрешиле против Него и ги обесчестиле своите тела пред Него кој ги создал нив и кој побарал тие да ги приложат своите тела како жива жртва, света и прифатлива за Него, која е и всушност нивната разумна служба.
Пазете на друштвото на децата. Ако умот на нашите деца не биде цврсто урамнотежен со верски принципи, нивните морални чувства ќе се расипат со порочните примери на оние со кои постојано доаѓаат во допир.
Заштитете ги, како што тоа би го правеле верните мајки, да не се извалкаат од дружењето со секакво младо друштво. Како скапоцен накит, чувајте ги од развратното влијание на овој век. Ако вашата положба налага вие да не можете секогаш да го надгледувате нивното дружењето со младите, како што би сакале тоа да биде, тогаш нека нивните пријатели ги посетуваат вашите деца во ваше присуство и под никакви околности не им дозволувајте да ноќеваат во иста постела, дури ни во иста соба. Многу е полесно да се спречи злото, отколку потоа да се лекува…
Тие (родителите) им дозволуваат да посетуваат други млади пријатели, формираат свои познаници, и дури заминат од грижата на родителите, некоја оддалеченост од домот, каде им е дозволено наголемо да чинат како што им е угодно. Сатаната добро ги искористува сите такви можности и презема власт над умовите на тие деца кои мајките во незнаење ги изложуваат на тие препредени стапици.
Исхраната е важна. Не можете да ги поттикнете моралните чувства на своите деца ако не сте доволно грижливи при изборот на нивната храна. Трпезата кои родителите им ја подготвуваат на своите деца за нив обично претставува замка.
Родителите кои им попуштаат на своите деца не можат истите да ги научат на самоконтрола и самооткажување. И самата храна што ја изнесуваат пред нив е таква што го надразнува желудникот. Дразбата предизвикана на ваков начин се пренесува до мозокот и така доаѓа до разгорување на страстите. Предупредувањето дека сето она што се внесува во желудникот има влијание не само врз телото туку, исто така, и врз умот никогаш не може да биде премногу нагласено. Преобилната и раздразлива храна трескавично ја вознемирува крвта, го возбудува нервниот систем и често ја замаглува претставата за моралот до таа мерка што телесните побуди ги надминуваат и разумот и совеста. За оние што се неумерени во јадењето често е многу тешко и речиси невозможно да имаат трпение и да владеат со себеси. Затоа е особено важно за децата, чиј карактер токму се вообличува, да им се дава само здрава и нераздразлива храна. Во својата голема љубов нашиот небесен Татко ни испратил светлина за здравствената реформа, за да не заштити од зпата што настануваат поради неограниченото попуштање на жепбите.
Докопку некогаш бипо време исхраната да биде што поедноставна, тогаш тоа е денес. Месото не смее да се изнесува пред нашите деца. Месото надразнува и ги засипува ниските страсти и ја умртвува морапната сипа.
Бажноста на чистотата. Честото капење е многу корисно, особено навечер пред самото спиење, ипи наутро штом ќе се стане. Децата треба да се капат само неколку минути, а потоа да се тријат се додека кожата не им поцрвене. Со тоа крвта се доведува во површинските депови од тепото, а мозокот се оспободува и се намалува скпоноста кон попуштање на нечисти навики. Учете ги децата дека на Бога не му е по волја кога ќе ги види вапкани, неуредни и со искината облека, туку дека сака тие да бидат чисти и однадвор и одвнатре за Тој да може да престојува во нив.
Чиста, нестегната облека. Да се има чиста и уредна облека претставува еден од начините да се задржат мислите на она што е чисто и пријатно. Секој дел од облеката треба да биде недекоративен, едноставен, без непотребни украси, па перењето и пеглањето нема да бара многу труд. Особено долната облека, бидејќи таа доаѓа во директен допир со кожата, треба да се одржува чиста и слободна од сите непријатни мириси. Ништо што би надразнувало на било кој начин не треба да доаѓа во допир со детското тело, ниту треба да се дозволи облеката да биде премногу припиена и да ги стега. Кога на ова би му се посветило поголемо внимание, би имало далеку помалку попуштања на нечисти навики.
Не ги ослободувајте од физичка активност. Ним (на младите) им се дозволува да одбегнуваат физичка работа од страв да не се преморат. Родителите сами ги носат бремињата кои би требало да ги понесат нивните деца. Во работата не треба да се претерува, меѓутоа, повеќе треба да се стравува од последиците на мрзеливоста. Мрзеливоста води кон угодување на расипаните навики. Вредноста не заморува и не исцрпува дури ни за една петтина онолку колку што заморува и исцрпува погубителната навика на самоскврнавење. Доколку нормалната работа ги исцрпува вашите деца, родители, бидете уверени дека нешто друго освен работата го надразнува нивниот нервен систем и создава чувство на постојан замор. Дајте им на вашите деца да работат физички и така ќе ги засилат своите нерви и мускули. Заморот кој е предизвикан од таквата работа ќе ја ослаби нивната наклонетост кон лошите навики.
Попуштањето, отворена врата за искушението. Мајки, дајте им на своите деца доволно работа… мрзеливоста нема да биде корисна за физичкото, менталното и моралното здравје. Тоа ја отвора вратата и го повикува сатаната внатре, кој ја искористува таа можност и ги привлекува младите во неговите стапици. Преку мрзеливоста не само што е ослабена моралната сила и импулсот на страста засилен, туку ангелите на сатаната земаат власт над тврдината на умот и ја присилуваат совеста да се предаде на ниската страст. Ние треба да ги поучуваме нашите деца на навики на трпелива работливост.
Бог нема да дозволи ниту еден покајаник да изгине. Виетреба да ги охрабрите вашите деца со мислата дека Бог ќе го прифати вистинското покајание и ќе ги благослови нивните напори да се очистат себеси од сета нечистотија на телото и духот. Кога сатаната гледа дека губи контрола врз умовите на вашите деца, тој ќе ги искушува посилно и ќе настојува тие да продолжат со практикување на тој грев кој презема контрола врз умот. Но преку цврста решеност тие мора да се спротивставуваат на искушенијата на сатаната да си попуштаат во животинските страсти, затоа што тоа претставува грев против Бога. Тие не треба да се впуштаат на забрането тло, каде сатаната може да полага право на нив. Доколку тие во понизност се молат на Бога за чистота на мислите и префинета и посветена фантазија, Тој ќе ги услиши и ќе им даде според нивните молби. Бог не ги има оставено да изгинат во нивните гревови туку ќе им помогне на слабите и беспомошните, доколку се фрлат себеси во вера врз Него.