Г Л А В A 7 0 – Предупредувања и совети
Многу случаи се откриени. Бев ужасната кога ми беше покажана состојбата на семејствата на оние кои ја исповедаат вистината. Скоро е неверојатно колкава е расипаноста на младината, дури и на децата. Родителите не знаат дека тајните пороци го уништуваат и бришат Божјиот лик во нивните деца. Меѓу нас се наоѓаат гревовите на Содом. Родителите се одговорни, затоа што не ги воспитале своите деца да го љубат Бога и да му бидат послушни. Тие не ги зауздувале ниту пак ги поучувале на Господовите патишта. Тие им доволувале да заминуваат и доаѓаат како што им се допаѓа и да се дружат со деца од светот. Влијанието кое го уништува родителското воспитување и авторитет, може да се запази насекаде во таканареченото добро општество. Со своето облекување, изгледот и забавите децата се опкружуваат со атмосфера која е спротивна на Христовата.
Нашата единствена безбедност лежи во тоа да бидеме Божји посебен народ. Не смееме да отстапиме ниту за еден чекор пред обичаите и модата на овој изопачен век. Мораме да бидеме морално независни, не чинејќи никаков компромис со расипаните и идолопоклоничките обичаи на овој свет.
Апел до една ќерка на која и се попуштало. Твоите мисли се нечисти. Премногу долго си била ослободена од сите грижи и напори. Вршењето на домашните работи за тебе би биле вистински благослов. Уморот не би ти наштетил ни за десети дел од она колку што би ти наштетиле твоите похотни мисли и однесување. Ти си примила погрешни идеи во поглед на заедничкото дружење на девојките и момчињата и си сакала да бидеш во нивно друштво. Ти немаш чиста душа и срце. Тебе ти штетело читањето на љубовни романи, така што твојата душа е занесена со нечисти мисли. Фантазијата ти станала изопачена, додека не си дошла во состојба да не можеш да владееш со своите мисли. Сатаната те заробил според својата волја…
Твоето однесување не беше морално чисто, скромно, ниту како тоа приликува. Не си имала Божји страв пред своите очи. Често пати си била дволична за да ги оствариш своите планови и заради тоа совеста не ти е чиста. Драга моја девојко, ако не запреш сигурно ти престои пропаст. Престани да сонуваш, да градиш кули во воздух. Не дозволувај твоите мисли да одат по патот на лудоста и расипаноста.
Не можеш без опасност да се дружиш со момчињата. Во твоите гради се подигнал бран на плима на искушенија која може да ги задрма начелата, женствената доблест и вистинската скромност. Ако продложиш самоволно по тој пат, каква ќе биде твојата судбина?… Ти си во опасност, затоа што планираш да го жртвуваш вечниот живот на олтарот на страстите. Страста владее со целото твое битие, и тоа од каков вид? Ниска, срушувачка по својата природа. Попуштајќи им на таквите страсти, ти ќе го загорчиш животот на своите родители, ќе им нанесеш болка и срам на своите сестри, ќе го жртвуваш сопствениот карактер, ќе го пропуштиш небото и славниот бесмртен живот. Дали си подготвена за тоа?…
Ти не си скромна во однесувањето. Ти ги сакаш момчињата и сакаш да зборуваш за нив. „Устата зборува од вишокот на срцето.“ Навиките станале толку силни така што владеат со тебе; имаш научено да мамиш како би ги спровела своите цели и исполнила своите желби. Јас твојот случај не го сметам за безнадежен. Кога би го сметала за таков, мојата рака не би ги испишувала овие редови. Преку Божјата сила ти би можела да се покаеш за минатото…
Држи се настрана од момчињата. Во нивно друштво твоите искушенија стануваат сериозни и силни. Отфрли ја мажачката од твојата женска глава. Во било кој поглед не си подготвена за такво нешто. Тебе ти се потребни години на искуство пред да бидеш во состојба да ја сфатиш должноста и на себе го земеш бремето на брачниот живот. Грижливо внимавај на своите мисли, страсти и чувства. Немој да ги унижиш до таа мерка како тие би служеле на телесните желби. Воздигни ги до чистота, посвети ги на Бога.
Ти можеш да станеш паметна, скромна и доблесна девојка, но не без срдечни напори. Мораш да стражариш, мораш да се молиш, мораш да размислуваш, мораш да ги испитуваш своите побуди и постапки. Темелно испитувај ги своите чувства и постапки. Зар во присуство на родителите би се согласила на некоја нечиста постапка? Секако не. Но ти тоа го чиниш во присуство на својот небесен Татко, кој е така возвишен, свет и чист. Да, ти го расипуваш сопственото тело во присуство на чистите безгрешни ангели и во присуство на Христа; и продолжуваш тоа да го чиниш не обрну вајќи се на совеста, не обрнувајќи се на светлината и предупредувањета кои ти се дадени. Имај на ум дека твоите постапки се бележат. Ќе мораш да се најдеш очи во очи со она најтајното во својот живот…
Повторно те предупредувамзнаејќи дека ќе морам да положам сметка за овие редови во денот кога ќе се одлучува судбината на секоја личност. Пријди веднаш кон Христа; само Тој може со силата на Својата благодат да те избави од пропаста. Само тој може да ги исцели твоите морални и умни особини. Нека твоето срце биде загреано од Божјата љубов, твојот разум чист и зрел, твојата совест чувствителна и чиста, твојата волја правилно насочена и потчината на управувањето Божјо. Можеш себеси да се сториш онаква каков што е твојот избор. Ако целосно го промениш својот сегашен живот, престанеш да чиниш зло и се научиш да чиниш добро, тогаш навистина ќе бидеш среќна, ќе имаш успех во животната борба и ќе стекнеш слава и чест во оној живот кој е подобар од овој. „Оберете овој ден кому ќе му служите.“
Сатаната работи додека родителите спијат. Ова е век на брзање. Момчињата и девојчињата почнуваат да обрнуваат внимание едни на други иако се уште треба да останат во детската соба и да бидат поучувани на скромност во однесувањето. Какви се последиците од ова дружење? Дали тоа ја засилува моралната чистота кај младината која се дружи на таков начин? Навистина не! Тоа ги засилува првите телесни страсти. Ѓаволот ги залудува момчињата и девојчињата кои по таквите средби се оддаваат на своите пороци.
Родителите спијат и не знаат дека сатаната го поставил своето пеколно знаме среде нивниот дом. Морав да се запрашам што ќе биде со младината во овој расипан век? Повторувам, родителите спијат. Децата се заслепени со љубовно болен сентиментализам и вистината нема да може да го исправи тоа зло. Што може да се стори за да се запре плимата на зло? Родителите можат многу да сторат доколку сакаат.
Ако на една млада девојка која само што навлегла во своите тинејџерски години и се приближи на несоодветен начин некое момче на нејзини години или постар, таа треба да се поучи да покаже силна неугодност заради тоа како тоа не би се повторило. Ако момчињата или младичите често бараат друштво на некоја млада девојка, тогаш нешто не е во ред. На таквата млада девојка и е потребна мајка која ќе и го покаже нејзиното место, која ќе ја заузди и поучи за она што и доликува на девојка од нејзини години.
Изопачената наука според која од здравствена гледна точка е корисно младите од спротивните полови да се дружат го има извршено своето злодело. Кога родителите и старателите би покажале десети дел од остроумноста која ја поседува сатаната, тогаш тоа дружење од разни полови би било скоро нештетно. Но вака сатаната постигнува најголеми успеси во своите напори да го маѓепса духот на младината, а дружењето на момчињата и девојчињата само го зголемува злото за дваесет пати.
Сликата не е обоена. Не се мамете самите себе и мислите дека, на крај на краиштата, сето ова е претерано. Јас не преувеличував. Ги изнесов фактите кои ќе ја издржат пробата на судот. Разбудете се! Разбудете се! Ве преколнувам да го сторите тоа пред да биде премногу доцна злото да се исправи, за вие и вашите деца не загинат во општата опасност. Фатете се сериозно за задачата и повикајте го на помош секој зрак на светлина кој светлел на вашата патека, и кој не сте го забележиле, како и онаа светлина која сега светли. Почнете да го испитувате својот живот и карактер како да сте пред Божјиот суд.
Се додека родителите не се освестат, нема надеж за нивните деца.