Г Л А В A 6 – Библијата како учебник
Првиот учебник на детето. Библијата треба да биде првиот учебник на детето. Од оваа книга родителите треба да му дадат мудри поуки. Божјата реч треба да биде правилник на животот. Од неа децата треба да научат дека Бог е нивниот небесен Татко, и од прекрасните лекции во неговата Реч, тие треба да го запознаат Неговиот карактер.
Книга полна со ветувања, благослови и укори. Мајката мора својот ум да го освежува и да го снабдува со ветувањата и благословите од Божјата реч, како и за забранетите нешта, така што, кога нејзините деца ќе направат нешто погрешно, таа да може да ги укори со Божјите зборови и да им укаже на тоа дека го жалостат Божјиот Дух. Учете ги дека Христовото одобрување и неговата насмевка имаат поголема вредност отколку пофалбата или ласкањето на најбогатите, највозвишените и најучените на оваа земја. Од ден во ден, водете ги кон Христа со љубов, нежно и срдечно. Вие не смеете да дозволите нешто да ве попречи во остварувањето на ова големо дело.
Таа ја претставува Божјата љубов како угодна тема. Де цата во секое семејство треба да бидат одгледани под влијанието на грижата и науката Господова. Лошите особини треба да бидат контролирани, а лошиот темперамент покорен. Децата треба да се поучат дека се Божја сопственост, купени со Неговата скапоцена крв, дека не можат во животот да им се предадат на задоволството и суетата, да негуваат самоволие и да ги спроведуваат само личните идеи, а сепак да се вбројат меѓу Божјите деца. Децата треба да бидат поучени со љубезност и трпение… Родителите нека им ја пренесат Божјата љубов на таков начин што таа да биде мила тема во домот, а црквата нека ја преземе врз себе одговорноста да ги храни јагнињата и овците од стадото.
Нејзините стории му влеваат сугурност на плашливото дете. Единствено свеста за Божјото присуство може да го истера стравот, кој го обременува животот на плашливото дете. Во својот ум нека го вреже ветувањето: „Господов ангел се настанува околу оние што се бојат од него, и ги избавува“ (Псалм 34:7). Детето нека ја чита прекрасната сторија за Елисеј во планинскиот град, каде мноштво небесни ангели стоеле помеѓу него и војските на вооружените непријатели. Нека чита како пред Петар, затворен и осуден на смрт, се појавил Господов ангел; кој, поминувајќи ги вооружените стражари, огромните порти и големата железна врата со шарки и шипки, го одвел Божјиот слуга на безбедно место.
Бидете силни во верата и учете ги своите деца дека сите ние зависиме од Бога. Читајте им ја сторијата за четирите еврејски деца, и поттикнете го нивниот ум да сфати колку било важно доброто влијание покажано во времето на Даниел, заради неговото строго држење на принципите.
Поедноставете ги поуките од Библијата. Родителите треба да ги поучуваат своите деца од Библијата и поуките да ги поедностават, со цел, децата полесно да ги разберат.
Учете ги своите деца дека Божјите заповеди мора да станат правило во нивниот живот. Околностите можат да ги одвојат од родителите и од нивниот дом, меѓутоа, лекциите примени во детството и младоста, ќе бидат благослов за нив во текот на целиот живот.
ПРИРОДАТА КАКО УЧЕБНИК
Неисцрпен извор на поуки. Покрај Библијата, наша најголема книга за поуки треба да биде природата.
За малото дете, кое се уште не е способно да учи од печатен збор или да се вклучи во редовниот тек на училишната настава, природата претставува неисцрпен извор на поуки и воодушевување. Срцето кое се уште не затврднало од допирот со злото, бргу може во сето создадено да го препознае Божјето присуство. Се уште не отапено од вревата на светот, увото е приемчиво за Гласот кој зборува преку природата.
Природата ги илустрира поуките од Библијата. Децата треба да бидат охрабрени во природата да бараат илустрации за библиските учења, а во Библијата да наоѓаат споредби извлечени од природата. Сето она што го претставува Христа, како и она што Тој го употребил опишувајќи ја вистината, тие треба да го истражуваат и во природата и во Светото Писмо. На тој начин ќе можат да научат да го препознаат Него во дрвото и лозата, во лилјанот и розата, во сонцето и ѕвездата. Тие можат да научат да го слушаат неговиот глас во песната на птиците, во шумот на дрвјата, во татнежот на громот и во музиката на морето. Секое нешто во природата ќе им ги повторува неговите скапоцени поуки.
Библијата ги толкува тајните на природата. Кога ќе дојде во допир со природата детето ќе биде збунето. Тоа неизбежно ќе го забележи дејствувањето на соперничките сили. И токму тука му е потребен толкувач на тие процеси во природата. Гпедајќи како злото се покажува дури и во светот на природата, сите мораат да ја научат истата жална поука „Човек непријатеп го направи тоа“ (Матеј 13:28).
Поуките на природата можат правилно да се прочитаат само во светлината што сјае од Голгота. Преку сторијата за Витлеем и крстот нека се покаже како доброто треба да го надвладее злото и дека секој благослов што го примаме е дар на откупувањето.
Злото кое расипува и уништува е претставено со боцки и трње, со плевел и троскот. Во птицата што пее и цветот кој се отвора, во дождот и сјајот на сонцето, во летното ветренце и нежната роса, во десетици илјади нешта во природата, од дабот во шумата до темјанушката што цути при неговиот корен, се гпеда љубовта која обновува. И природата се уште ни зборува за Божјата добрина.
Негувајте љубов кон природата. Нека мајката… најде време да ја негува љубовта кон убавите нешта во природата во себе и кај своите деца. Нивниот погпед нека го посочи кон славните нешта во широчините на небесата, до илјадниците облици на убавина што ја красат земјата, и тогаш зборувајте им за Оној кој го создал сето тоа. На тој начин таа ќе го води умот на младите кон Создателот и во срцето ќе разбуди стравопочит и љубов кон Дарителот на сите благослови. Полињата и ритчињата аудиториумот на природата треба да биде училница за малите деца. Нејзините ризници треба да бидат нивни учебници. Лекциите предадени на таков начин, детето никогаш нема да ги заборави.
Родителите можат да направат многу за да ги поврзат своите деца со природата. Тие можат да ги охрабрат да ги сакаат убавините на природата кои сам Бог ги поставил за нив и да ја препознаат раката на Дарителот во се она што го примаат од него. Со тоа, почвата на срцето може рано да биде подготвена за драгоценото семе на вистината, кое во свое време ќе никне и ќе донесе богата жетва.
Придружени со птиците во песни на пофалба. Малите деца треба често да се изведуваат во природа. Наместо да ги ставаат врз нив оковите на модата, нека бидат слободни како јагниња и нека си играат под пријатната свежина на сончевата светпина. Покажувајте кон грмушките и цвеќињата, понизната трева и високите дрвја, и тие нека станат бписки со нивните убави, разновидни и нежни обпици. Учете ги во сите создадени дела да ја препознаат Божјата мудрост и љубов; и кога нивните срца се разиграни од радост и бпагодарна љубов, нека им се придружат на птиците во нивните песни на благодарност.
Природата и Библијата биле Христови учебници. Своето образование Исус го стекнап од извори што ги одредило Небото, од корисната работа, од проучувањето на Списите, од природата и од искуството на животот Божји учебници попни со инструкции
за сите оние што доброволно подаваат рака кон нив со отворени очи и срце кое разбира.
Неговото добро познавање на Писмото покажува колку внимателно неговите рани години биле посветени на проучување на Божјиот Збор. Згора на тоа, пред него била отворена и големата библиотека на Божјите создадени дела. Оној, кој ги создал сите нешта, ги проучувал лекциите кои неговата рака ги запишала на земјата, во морето и на небото. Одвоен од несветите патишта на светот, Тој стекнувал научни познавања од природата. Го проучувал животот на растенијата, на животните и животот на човекот. Уште од неговите најрани години Тој пред себе имал една цел, да живее на благослов на другите. Извори за таа цел наоѓал во природата; додека го проучувал животот на растенијата и на животните, во неговиот ум би се родиле нови идеи за нивните патишта и значења…
Според тоа, додека се обидувал да ја разбере суштината на создаденото, пред Исуса се отворало значењето на Речта и на Божјите дела. Небесните суштества биле Негови постојани придружници, а Тој негувал свети мисли и заедница со Бога. Од мигот кога станал свесен за околината, Тој постојано растел и духовно се издигнувал во познавањето на вистината.
Секое дете може да се здобие со знаење какво што стекнал Исус. Додека се обидуваме да се запознаеме со нашиот небесен Татко преку Неговата Реч, ангелите ќе ни се придружат, нашиот ум ќе биде засилен, нашиот карактер возвишен и префинет.