Г Л А В A 6 9 – Последици од штетните навики

Сподели го ова:

Виталната енергија е потрошена. Праксата на тајните навики ја уништува виталната сила на организмот. Сета неопходна витална активност ќе биде проследена со соодветна депресија. Меѓу младите, изворот на животните сили, мозокот, толку е тешко оптоварен при толку рани години така што постои недостаток и голема исцрпеност, која го изложува телото на болести од различни видови.

Положена основа на различни болести подоцна во животот.

Доколку таа пракса продолжи на возраст од петнаесет години и нагоре, природата ќе протестира против злоставувањето кое го има претрпено, и продолжува да страда и ќе стори тие да ја платат казната за престапот на нејзините закони, посебно на возраст помеѓу триесет и четириесет и пет години, преку различни болки во организмот, како што се заболување на црниот дроб и белите дробови, неуралгија, реума, заболување на ‘рбетниот столб, заболени бубрези и канцерогени тумори. Некој дел од телото губи сила да работи правилно оставајќи така потешка задача за остатокот од телото. Тоа го нарушува редот во телото и често пати се случува ненадеен колапс на организмот и смртта резултира како последица.

Шестата заповед е целосно прекршена. Еден живот да се одземе во еден момент не претставува поголем грев во очите на небото отколку истиот да се уништи постепено, но сигурно. Луѓето кои себеси ќе си нанесат сигурно распаѓање, преку погрешни постапки, ќе претрпат казна тука, и без целосно покајание, нема да им биде дозволен влез на небото, исто како и на оној кој убива во еден момент. Бог одредил да постои поврзаност помеѓу причината и нејзините последици.

Оние со чисти умови исто така се подлежни на болест.

Сите млади кои се слаби ние не ги сметаме за виновни поради лошите навики. Постојат некои кои се со чист ум и кои се совесни и кои страдаат од различни болести за кои тие не се одговорни.

Умствените сили се ослабени. Нежните и попустливи родители ги сожалуваат своите деца сметајќи дека учењето од нив изискува премногу напори и дека го упропастува нивното здравје. Навистина, не е паметно да се преоптоварува духот на младите со многу и тешки предмети. Но дали вие, како родители, сте загледале малку подлабоко во тоа нешто, или само сте се повеле по она што вашите деца ви го зборуваат? Дали можеби премногу брзо сте ги прифатиле тие привидни причини за нивните слабости? Родителите и старателите би требало малку подлабоко да разгледаат доколку сакаат да ја пронајдат причината за ова зло.

Умовите на некои од тие деца се така ослабнати што тие поседуваат само една половина или една третина од разумот кој би можеле да го поседуваат доколку би биле морални и чисти. Тие го растуриле тоа оддавајќи се на ниски нагони Решеноста и духовниот живот се уништени. Тајниот порок е уништувач на возвишените сили за донесување одлуки, и сериозни напори, а силата на волјата е оневозможена да формира добар религиозен карактер.

Религијата може да биде формална, но таа е скудна. Некои кои тврдат дека се Христови следбеници знаат дека грешат против Бога и го упропастуваат своето здравје, но сепак се робови на своите расипани страсти. Тие поседуват виновна совест и имаат се помалку и помалку наклонетост да му се приближат на Бога во тајна молитва. Тие можат да го задржат својот облик на побожност, но сепак да бидат скудни од Божјата благодат во срцето. Тие не поседуваат посветеност на Неговата служба, немаат доверба во Него, не живеат за Негова слава, не наоѓаат задоволство во Неговите уредби и не наоѓаат задоволство во Него.

Комуникацијата со Небото е прекината. Свечените пораки од небото не влијаат на срцето кое не се оснажило против тој унижувачки грев. Чувствителните нерви на мозокот ја губат свежината среде болното надразнување како би се задоволила една неприродна телесна желба. Нервите на мозокот, кои се поврзани со целиот нервен систем, се единствен посредник преку кој небото може да комуницира со човекот и преку кој влијае на неговиот внатрешен живот. Сето она што го попречува текот на електричното струење во нервниот систем, ја намалува силата на животот и поспедица на тоа е губиток на чувстителноста на духот. Со огпед на сите тие факти, колку е значајно проповедниците и сите што исповедаат побожност да бидат чисти и неизвалкани од тој понижувачки грев.

Некои се полни со покајание, но изгубена е самопочитта.

Поспедиците на таквите ниски навики не се секогаш исти. Има деца кај кои морапната сипа е многу развиена, а со тој грев се заразипе заради тоа што се дружепе со деца кои ја имаат таа одвратна навика. Таквите деца најчесто стануваат мепанхопични, раздразпиви и пакосни; но тие сепак можат да ја запазат почитта кон верата и не мора да бидат посебно неверни во односот на она што е духовно. Од време на време тие имаат гопема грижа на совеста, се чувствуваат унижени во сопствените очи и губат самопочитување.

Стекнете знаење за тие нешта. Бог вам ви дап тело за да се грижите за него и да го запазите во најдобра можна состојба, за да му служите и го проспавувате. Вашите тела не се ваши. „Ипи не знаете дека вашето тепо е храм на Светиот Дух Кој е во вас, Кого го имате од Бог, па дека не си припаѓате на себеси? Зашто скапо сте ппатени. Затоа, прославете Го Бог во своето тепо.“ „Не знаете пи дека сте Божји храм и дека Божјиот Дух живее во вас? Ако некој го урива Божјиот храм, Бог ќе го урне него, зашто Божјиот храм е свет, а тоа сте вие.“

Сподели го ова:

Слични објави