Г Л А В A 6 8 – Распространетост на расипничките пороци
Век каде преовладува беззаконието. Ние живееме среде опасностите на последните денови. Беззаконието се умножило и љубовта кај многумина е оладена. Зборот „многумина“ се однесува и на оние кои тврдат дека се Христови следбеници. И нив ги зафатила општата расипаност и тие се одвојуваат од Бога. Меѓутоа, тоа не мора да биде така. Причината за падот е тоа што тие не се запазиле чисти од расипаноста. Фактот што нивната љубов кон Бога се намалува додека беззаконието се умножува, покажува дека тие во извесна смисла учествуваат во него, инаку тоа не би влијаело на нивната љубов кон Бога и на нивната усрдност и залагање за Неговото дело.
Влијанието на понижувачките книги и слики. Голем дел од младите имаат силна желба за книги. Тие читаат се што ќе им падне во рака. Возбудливите љубовни романи и нечистите слики вршат лошо влијание на младината. Многумина прегледуваат романи; и како последица нивната имагинација се осквернува. По возовите често пати се нудат фотографии на разголени жени. Овие одвратни слики се наоѓаат и во фотографските работилници и по оние продавници каде тргуваат со гравури. Ова е век каде расипаноста насекаде преовладува. Со сликите и текстот се будат лоши страсти. Имагинацијата го изопачува срцето. Луѓето сакаат да ги набљудуваат сцените кои будат ниски, животински страсти. Тие порочни слики, кои делуваат на изопачената имагинација, ги расипуваат личните морални принципи и ги подготвува измамените, заслепени луѓе да се препуштаат на својата похот. Потоа доаѓаат гревот и злото кои ги спуштаат битијата создадени според Божјиот облик на ниво на животните и на крај ги одвлекуваат во пропаст.
Развратот е посебен грев. Ми беше покажана ужасна слика на состојбата во светот. Насекаде владее неморал. Развратноста е посебен грев на овој век. Никогаш гревот порано така смело на ја подигал својата изопачена глава како денес. Совеста на луѓето е отапена и оние кои ја љубат моралната чистота и вистинскатадобрина скоро се обесхрабрени со дрскоста, силата и превласта на гревот.
Токму гревот, а не искушенијата и страдањата, го оддалечуваат Бога од Неговиот народ и душите ги чинат неспособни да се радуваат и да го слават. Гревот е тој кој ги уништува душите. Гревот и пороците постојат и во семејствата на оние кои ја празнуваат саботата.
Сатанскиот напад врз младите. Сатаната во овие последни денови посебно работи врз тоа да го завладее умот на младите, да им ги расипе мислите и да ги разгори страстите во нив; зашто тој знае дека на таков начин може да ги наведе и на нечисти постапки, поради што благородните способности на нивниот ум ќе се понижат и тој ќе може да завладее со нив и да ги прилагоди кон своите цели.
Патоказ за иднината на општеството. Животот на денешната младина е сигурен показател каква ќе биде иднината на општеството. Имајќи го предвид сето тоа, на каква иднина можеме да се надеваме? Поголемиот дел од младите бара задоволство само во забавите и разонодата и не сакаат да работат… Многу ретко успеваат да владеат со себеси и се возбудуваат и гневат на најмала ситница. Мнозина, без оглед на возраста или положбата што ја заземаат во животот, немаат никакви начела ниту совест и со својот безделнички живот и расипнички навики итаат кон пороците и го расипуваат општеството, се додека светот не стане втор Содом.
Проблемот на самозлоставување. Моралната загаденост придонела повеќе од што и да е друго за човечкиот род да се изопачи. Таа се шири во опасни размери и предизвикува секаков вид на болести. Дури и малите деца, родени со раздразливи полови органи, наоѓаат моментално олеснување кога ги допираат со рацете. Тоа само ја зголемува раздразливоста и наведува на повторување на чинот, додека тоа не прејде во навика која со повторувањето станува се посилна.
Склоностите кон похотта се наследливи. Родителите обично и не се сомневаат дека децата знаат нешто за порокот. Вопоголемиот број на случаи родителите се оние кои се главни грешници. Тие ја злоупотребиле можноста која ја пружа бракот и со попуштање на страстите го зајакнале животинското во себеси. А кога тоа засилува, тогаш слабеат моралните и умствените способности. Животинскиот дел од природата го надвладеало она што е духовно. Така се раѓаат деца со многу изразени ниски нагони, носејќи го на себе жигот кој им го втиснала природата на нивните родители… Децата родени од таквите родители се оддаваат исто така на одвратните навики на тајниот порок… Гревовите на родителите ќе прејдат и на децата, затоа што родителите им го втиснале печатот на својата похотливост.
Маѓепсано ропство. Младината и децата од исти пол го валкаат својот морал и тој одвратен грев ја упропастува душата и телото. Многумина кои тврдат дека се христијани се така затапени што нивните морални чувства не можат да се пробудат и не сфаќаат дека тоа е грев и дека, ако така продолжат, потполно ќе го упропастат духот и телото. Човекот, најблагородното битие на земјата, создаден според Божјиот лик, се претвора во животно! Тој станува телесен и изопачен. Секој христијанин мора да научи да ги заузда своите страсти и да се раководи според начелата. Ако не чини така, не е достоен да се нарече христијанин.
Јас видов дека некои, навидум со добро однесување, кои не одржуваат недозволени односи со другиот пол, се оддаваат скоро секојдневно на тајниот порок. Тие не се воздржуваат од тој страшен порок дури ни во моментот кога се одржуваат најсвечени состаноци. Тие би слушале насериозни, највозбудливи проповеди за страшниот суд, се чувствувале како пред Божјиот суд и трепереле од страв, но сепак, не би поминал ниту еден час, а тие веќе би се оддале на својот омилен, ужасен порок, сквернувајќи го сопственото тело. Има такви кои толку му робуваат на тоа ужасно зло така што се лишени од сила да ги совладаат своите страсти. Ние за некои ревно се залагавме, ги преколнувавме, плачевме и се молевме за нив; сепак, знаевме дека наспроти нашите сериозни напори и очајување, силата на грешната навика ја однела победата и тој грев е повторно сторен.
Знаењето за порокот се шири од оние кои се негови жртви.
Оние кои се целосно вкоренети во тој порок кој ја уништува душата и телото нема да мируваат додека не го пренесат и на оние со кои се дружат. Љубопитноста лесно се буди и порокот преоѓа од едно момче на друго, така што малкумина не знаат за овој грев кој унижува.
Еден расипан ум може за кратко време да посее повеќе зло семе отколку што многумина можат да го искоренат во текот на целиот свој живот.