Г Л А В A 6 7 – Фасцинантната сила на модата
Модата е тирански владетел. Модата владее со светот; таа е една тиранска господарка која своите обожаватели често ги принудува да се изложуваат на најголеми незгоди и неудобности. Модата претставува данок кој се наметнува без разум и се наплаќа и собира без милост. Таа има маѓепсничка моќ и секогаш е подготвена да ги критикува и исмејува оние кои не сакаат будно да ја спедат.
Богатите се трудат да се надминат едни со други во прифаќањето на нејзините стилови кои постојано се менуваат; средните и посиромашните слоеви се обидуваат да се приближат кон стандардите што ги поставиле оние за кои сметаат дека се над нив. Кога средствата или силата се ограничени, а желбата за елеганција голема, товарот станува речиси неподнослив. На мнозина не им е важно дали облеката е пристојна, или дури и убава; ако модата се смени, и таа мора да се преработи или отфрли.
Сатаната како поттикнувач и гпавен зачетник на модата, која постојано се менува и никогаш не може да го задовопи вкусот, секогаш измислува нешто ново на штета на телесното и морапното здравје на човекот; и пикува кога секоја замиспа топку добро му успева. Смртта се смее така што обожавателите на модата, кои во својата пудост и спепа ревност го уништуваат своето здравје, така лесно ги доведува под своја контропа во гроб. Среќата и Божјото одобрување се ставаат на нејзиниот оптар.
Идопопокпонството на облеката претставува морапна бопест. Таа не треба да биде пренесена во новиот живот. Во најголем број спучаи потчинувањето на барањата на евангелието ќе бара одпучна промена на обпекувањето.
Цената кои некои ја плаќаат. Многу од модерните обпеки што ги диктира модата се во голема спротивност со принципите дадени во Писмото. Можете пи да замислите стип кој се одржал некопку века ипи барем неколку децении? Копку од нив, кога ќе изпезат од мода, можепе да бидат прогпасени за нескромни; копку од нив се покажапе како неадекватни за префинетата, богобојазпива жена која се почитува себеси… Многу сиромашни девојки, поради модерна наметка се откажале од топла долна облека и тоа го платиле со животот. Посакувајќи го изгледот и елеганцијата на богатите многу други тргнале по патеката на нечесноста и срамот. Во многу домови е жртвувана удобноста, многу мажи се доведени до работ на финансиската пропаст за да ги задоволат екстравагантните барања на своите жени и деца.
Спасението е загрозено заради идолопокпонство кон обпеката. Гордоста и суетноста се манифестираат насекаде; меѓутоа оние кои се наклонети да гледаат во огледалото и да се воодушевуваат од себеси ќе имаат слаба наклонетост да гледаат кон Божјиот закон, големото морално огледало. Ова идолопоклоничко облекување го уништува сето она што е понизно, кротко и убаво по карактер. Таа ги конзумира драгоцените часови кои треба да бидат посветени на медитација, на истражување на срцето, на молитвено проучување на Божјиот Збор… Ниеден христијанин не може да се прилагоди на деморализирачките стилови на светот без да го загрози спасението на својата душа.
Љубовта кон покажувањето го деморапизира домот. Преку Христовата благодат, жените можат да се оспособат да извршат една голема и огромна работа. Заради тоа сатаната работи со своите изуми да измисли модни облеки, за љубовта кон покажувањето да ги апсорбира умот, срцето и љубовта дури и на оние кои тврдат дека се христијански мајки во ова време, за тие да немаат време за воспитување и образување на своите деца или за развивање на своите умови и карактери, за да можат да бидат пример за своите деца, мостри на добри дела. Кога сатаната ќе го одземе времето и приврзаноста на мајката, тој е целосно свесен за тоа колку има придобиено. Во девет од десет случаи тој ја има придобиено посветеноста на целото семејство кон облеката и лекомисленото покажување. Тој ги смета децата како свој плен, затоа што тој ја има заробено мајката.
Малите деца слушаат повеќе за облеката отколку за своето спасение,… затоа што мајката знае повеќе за модата отколку за нејзиниот Спасител.
Така на родителите и децата им е одземено она што е најдобро, најслатко и највистинито во животот. Модата им ја одзема подготовката за животот што треба да дојде.
Недоволно храбри да се спротивстават на плимата. Многу од бремињата на мајката се последица од нејзните напори да држи чекор со модата на денешницата. Ужасни се последиците на модата врз физичкото, менталното и моралното здравје. Немајќи доволно храброст да застанат зад она што е право, жените и дозволуваат на струјата на популарното мислење да ги влечат по неа. Премногу често христијанските мајки го жртвуваат начелото со желба да го следат мноштвото кои од модата прават свој бог.
Родители внимавајте. Родителите често пати ги облекуваат своите деца во екстравагантна облека, со многу украси и потоа отворено се воодушевуваат на нивниот изглед и ги пофалуваат за тоа. Тие неразумни родители би биле исполнети со страв доколку би можеле да видат како сатаната ги поддржува_нивните напори и ги убедува на уште поголеми неразумности.
Проблем со кој се соочуваат многу мајки. Вашите ќерки имаат наклонетост, доколку видат облека поинаква од она што тие го поседуваат, да посакуваат облека слична на таа. Или можеби посакуваат нешто друго кое гледаат дека другите го имаат, за кое вие мислите дека не е во ред да им го дадете затоа што не е во согласност со вашата вера. Дали ќе им дозволите да го измолат тоа нешто од вас, дозволувајќи им да ве обликуваат наместо вие да ги обликувате според начелата на евангелието? Нашите деца се многу драгоцени во Божјите очи. Ние треба да ги учиме од Божјиот Збор и да ги обучуваме на Неговите патишта. Ваша привилегија е да ги учите вашите деца да живеат за да поседуваат небесно одобрување.
Ние не треба да ги поттикнеме нашите деца да ја следат модата на светот; и доколку сакаме да бидеме верни во пружање на правилно воспитување, тие нема да го чинат тоа… Модата на светот често пати превзема глупав облик, и вие мора да заземете цврст став против неа.
Плодот на љубовта кон покажување. Љубовта кон облеката и задоволството ја уништуваат среќата на илјадници. И некои од оние кои тврдат дека ги љубат и држат Божјите заповеди ја имитираат таа класа колку што можат поблиску, нарекувајќи се притоа христијани. Некои од младите се толку желни за покажување така што имаат волја дури да се откажат и од христијанското име, за да ја следат својата наклонетост кон суетноста на облеката и љубовта кон задоволството.
Божјите ќерки не се исполнети од модата. Постои доволно неопходна и важна работа во овој свет на сиромаштија и страдање за драгоцените моменти да се трошат за украсување или покажување. Ќерките на небесниот Цар, членовите на царското семејство, ќе чувствуваат должност да живеат еден повозвишен живот кој ќе биде тесно поврзан со Небото и кои ќе работат соединети со Спасителот на светот. Оние кои се зафатени со оваа работа нема да се задоволуваат со модата и неразумноста кои владеат со умот и чувствата на жените во овие последни денови. Доколку тие навистина се ќерки Божји, тие ќе бидат соучесници во божествената природа. Тие би поседувале најдлабоко сочувство, какво што имаше и нивниот божествен Откупител, кога ќе ги гледаат расипничките влијанија во општеството. Во заедница со Христа, тие, во својот делокруг и според своите можности, ќе работат на спасение на душите кои пропаѓаат, како што Христос чинеше во својот возвишен делокруг во полза на човекот.