Г Л А В A 6 6 – Поучување на основните начела на облекување
Неопходен дел од воспитувањето. Никакво воспитување не може да биде целосно ако не се дадени и принципите на правилното облекување. Без такво подучување, воспитното дело многу често се попречува и расипува. Љубовта кон облекувањето и предаденоста на модата спаѓаат помеѓу најстрашните соперници на учителот и меѓу најделотворните пречки за воспитувањето.
Не е даден прецизен животен стил. Мене не ми беше даден ниту еден одреден стил како точно правило кое треба да не управува во облекувањето.
Уредно, привлечно, чисто. Младите треба да се охрабрат да формираат исправни навики во облекувањето, за нивната појава да биде уредна и привлечна; тие треба да бидат учени да ги чуваат своите облеки чисти и уредно поправени. Сите нивни навики треба да бидат такви како преку нив би можеле да бидат помош и утеха за другите.
Нека облеката биде соодветна и пристојна. Ако е и од најобично платно, треба секогаш да биде уредна и чиста.
Ред и исправен вкус. Во својата облека тие (христијаните) ќе го одбегнуваат сето она што е излишно и за покажување пред светот; но сепак ќе се облекуваат чисто, неупадливо, скромно, уредно и вкусно.
Добриот вкус не треба да се презре ниту осудува. Ако живееме во склад со својата вера, тогаш ќе се одликуваме со недекоративно облекување и добри дела, кои ќе не прават посебен народ. Недостатокот на смислата за уредност и чистота во облекувањето не се сложува со нашата вистина, затоа што вистината никогаш не понижува туку облагородува.
Сестри мои, вашата облека или зборува во полза на Христа и светата вистина или во полза на светот. Каков е случајот со вас?
Добар вкус во боите и исписот. Вкусот треба да биде манифестиран и во поглед на боите. Еднообразноста во овој погпед е пожелна колку што е тоа погодно, па сепак разноликоста кај оние со различна боја на кожа може да биде земена во предвид. Треба да се одбираат скромни бои. Кога се користи испишан или спиковит материјал, фигурите кои се премногу големи и многу светпи покажувајќи суетност и ппитка гордост во оние кои ги одбираат, треба да бидат одбегнувани. Исто така и екстремниот вкус на обпекување во повеќе бои е непримерен.
Имајте ја во предвид трајноста и службата. Нашата обпека, иако скромна и едноставна, треба да биде со добар квапитет, прикпадни бои и соодветна за служба. При нејзиниот избор треба да се раководиме од нејзината трајност, а не од изгпедот Таа треба да не затоппува и заштитува. Во книгата Сопомонови изреки е опишана една мудра жена: „Не се ппаши од студ за челадта своја, зашто сета чепад нејзина е обпечена во двојни апишта“ (Изреки 32:21).
Се заштедува при купување на добар материјал. Исправно е да се купи добар материјал и вниматепно да се направи обпека. Тоа претставува економија. Многуте украси не се потребни и да се попушта во нив значи да се потрошат пари за задоволување на егото кои инаку можат да бидат вложени во Божјата спужба.
Имајте ги на ум потребите во Божјото лозје. Ние треба да се обпекуваме уредно и вкусно; меѓутоа, мои сестри, кога купувате ипи правите обпека за себеси и своите деца, мислете на Божјото позје каде се уште треба многу што да се направи.
Световните пуѓе трошат многу пари на обпека. Но Бог го повикап Својот народ да изпезе од светот и да се издвои. Несериозната ипи скапа обпека не одговара за оние кои тврдат дека живеат во поспедните денови…
Практикувајте економија во вашето трошење на пари за обпека. Имајте на ум дека она што го носите постојано врши влијание врз оние со кои доаѓате во контакт. Не растурајте на себеси средства кои се многу потребни на некои други места. Не ги трошете Господовите средства за да го задоволите својот вкус за скапа облека.
Едноставноста на облеката ја препорачува религијата на оној кој ја носи. Едноставноста во облеката ќе стори една мудра жена да изгледа на најдобар можен начин.
Облекувајте се како што христијаните би се облекувале едноставно и недекоративно како што и доликува на жена која тврди дека е побожна, со добри дела.
Многумина со цел да си запазат место меѓу бесмислената мода, го губат својот вкус за природна едноставност и се освоени од вештачкото. Тие жртвуваат време и пари, силата на интелектот и вистинското воздигање на душата, и го посветуваат целото свое битие на барањата на елегантниот живот.
Драги млади, наклонетоста кај вас да се облекувате според модата и да носите чипки и злато, и вештачки украси за да се украсувате, на другите нема да им ја препорача верата или вистината која вие ја исповедате. Луѓе од проникливост ќе гледаат кон вашите напори да го разубавите надворешното како доказ дека поседувате слаби умови и горди срца.
Да не се облекуваме за покажување. Јас ќе ги потсетам младите кои се украсуваат себеси и носат пердуви на своите шешири, дека заради нивните гревови, на главата на нашиот Спасител беше ставен срамен венец од трње. Кога посветувате драгоцено време за украсување на вашата облека, имајте на ум дека Царот на славата носеше недекоративна наметка. Вие кои се заморувате со украсување, ве молам имајте на ум дека Исус често пати беше уморен од постојана тешка работа и самоодрекување, и пожртвување за да ги благослови оние кои страдаат и сиромашните… Заради нас Тој ги упати Своите молитви кон Својот Татко, во силни повици и солзи. За да не спаси од истата гордост и љубов кон суетноста и задоволството на кои сега им попуштаме, и која ја истерува љубовта кон Христа, беа пролеани тие солзи и дека ликот на нашиот Спасител изразува повеќе жалост и агонија отколку лицето на кој и да е човечки син.
Непотребни украси. Правете облека без непотребни украси и ставете ги настрана за напредокот на Божјото дело средствата кои на таков начин се заштедени. Научете ја лекцијата на самоодрекување и на тоа учете ги вашите деца.
Точката објаснета. Повеќе пати ми беше поставено прашањето дали сметам дека е погрешно да се носи недекоративна ппатнена крагна. Мојот одговор секогаш беше: Не. Некои прифатиле екстремно толкување на она што го напишав за крагната и тврдат дека е погрешно да се носи било каква крагна. Ми беше покажано дека спапоцени крагни, непотребните украсни ленти и чипки заради модата и покажувањето носат и некои празнувачи на саботата. Споменувајќи ја крагната не сакав да кажам дека ништо слично не треба да се носи; или кога ги споменав украсните ленти дека такви ленти не треба да се носат.
Одбегнување на екстравагарнтност и украсувања. Нашите проповедници и нивните сопруги треба да бидат пример за недекоративност во облеката; тие треба да се облекуваат уредно, удобно, носејќи материјал со добар квалитет, одбегнувајќи го сето она што е екстравагарнтно и украсно, дури и ако тие нешта не се скапи; затоа што сите тие нешта зборуваат за наша штета. Ние треба да ги воспитаме младите на едноставност во облеката, на недекоративност и уредност Нека посебните украси бидат изоставени, дури и ако чинат незначително малку.
Не за покажување пред светот. Вистински облагородената личност не наоѓа задоволство во украсувањето на телото, за да се покажува со тоа.
Библијата учи на скромност во облекувањето. „На ист начин исто така, жените да се облекуваат во скромна обпека.“ 1. Тимотеј 2:9. Овој стих забранува облекување за покажување, впечатпиви бои, обипно украсување. Сето она што е дизајнирано за да привпече внимание кон оној што го носи истото ипи да предизвика воодушевување е искпучено од скромното обпекување кое Божјиот Збор го напожува.
Самоодрекувањето во обпеката е еден дел од нашата христијанска должност. Недекоративното обпекување, воздржување од накит ипи украси од секој вид е во хармонија со нашата вера. Дапи ние сме во бројот на оние кои ја гпедаат неразумноста на светот во попуштањето на екстравагантноста во облеката, како и во љубовта кон забавувањето.
Бесмртните украси наспроти златото и бисерите. Постои украс кој никогаш нема да помине, кој ќе ја промовира среќата на сите оние што се наоѓаат околу нас во овој живот и ќе светли со незаматена слава во бесмртната иднина. Тоа е украсот на кроткиот и понизниот дух. Бог нам ни наложил да ја носиме на себеси најскапоцената облека… Наместо да настојуваме кон златните украси за надворешноста, треба да се вложи сериозен напор за да се обезбеди таа мудрост која е повредна од чистото злато.
Од колку мала вредност се златото, бисерите или скапата облека во споредба со убавината Христова. Природната убавина се состои во симетрија, или во хармонична пропорција на деловите, еден со друг; меѓутоа духовната убавина се состои во хармонија или во сличност на нашите души со Исуса. Тоа ќе го направи оној кој ја поседува подрагоцен од чисто злато, дури и од офирско злато. Благодатта Христова е навистина украс кој нема цена. Таа го воздига и облагородува оној што ја поседува и одблеснува зраци на слава кон другите, привлекувајќи ги и нив исто така кон Изворот на светлина и благослов.
Привлечноста на вистинската убавина. Постои природна наклонетост кај сите да бидеме попрво сентиментални отколку практични. Во поглед на тој факт, важно е родителите, во воспитувањето на своите деца, да ги управуваат и обучуваат нивните умови да ја сакаат вистината, должноста и самоодрекувањето и да поседуваат благородна независност, да го одбираат правото, дури и доколку мноштвото одбере да не биде во право…
Доколку ги запазат здравото тело и милиот темперамент, тие ќе поседуваат вистинска убавина која тие можат да ја носат со божествената благодат. И тие нема да треба да бидат украсени со вештачки работи, затоа што тие нешта се секогаш израз на отсуство на внатрешниот украс на вистинската морална вредност Прекрасниот карактер има вредност во Божјите очи. Таквата убавина ќе привлече и нема погрешно да насочи. Таквата привлечност како боите кои никогаш не избледуваат
Чистата Исусова вера бара од своите следбеници едноставноста на природната убавина и угладеност на природната префинетост и возвишена чистота, а не лажност и извештаченост.
Учете ги децата да ја препознаат добрата облека. Ниетреба да бидеме верни на должностите на домашниот живот. Нека вашите деца разберат дека таму мора да владее послушност. Учете ги да прават разлика помеѓу она што е разумно и она што е неразумно во поглед на облеката и опремете ги со облека која е уредна и едноставна. Како луѓе кои се подготвуваат за скорото Христово доаѓање, ние на светот треба да му дадеме пример на умерена облека во контраст со модата која преовладува во денешно време. Разговарајте за тие нешта и планирајте мудро што ќе правите; тогаш спроведувајте ги своите планови во своите семејства. Бидете одлучни да се водите според повозвишените начела отколку поимите и желбите на вашите деца.
Доколку вашите срца се соединети со Христовото срце,… нема да се облече ништо што ќе привлече внимание или ќе создаде судир.
Обезбедете пристојна облека соодветна за годините и положбата во животот. Моја сестро, поврзи ги своите деца до своето срце преку љубовта. Посвети им соодветна грижа и внимание во сите нешта. Облечи ги пристојно, за да тие не се срамат од својот изглед, затоа што тоа ќе му наштети на нивното самопочитување… Треба секогаш да се биде чисто и прикладно облечен, онака како одговара за вашите години и положба во животот.
Телото не треба да биде притегнато. Облеката треба да биде така подесена што нема да ја попречува циркулацијата на крвта, ниту слободното, длабоко природно дишење. Стапалата треба соодветно да се заштитат од студ и влага. Така облечени можеме слободно да се движиме на свеж воздух и наутро и навечер дури и по роса или штом ќе престанат дождот или снегот без никаков страв од настинка.
Облеката на малите деца. Ако облеката на детето му овозможува топлина, заштита и удобност, ќе се отстранат главните причини за надразнетост и немир. Малечкото ќе има подобро здравје, а мајката ќе биде ослободена од грижата која е голем товар за нејзината сила и време.
Стегнатиот повој ја попречува работата на срцето и градите и треба да се одбегнува. Ниту еден дел од телото не треба да се чувствува неудобно поради облека која потиснува некој орган или ја намалува слободата на движење. Облеките на сите деца треба да бидат доволно комотни за да овозможат целосна слобода на движењето и дишењето и скроени така што сета нивна тежина ќе се држи на рамениците.
Нека екстремитетите бидат соодветно облечени. Посебна грижа треба да се посвети на екстремитетите, и тие да бидат исто така добро затоплени како и градите и пределот околу срцето, каде се наоѓа најголемата количина на топлина. Родителите кои на своите деца им оставаат голи нозе и раце, на модата го жртвуваат здравјето и животот на своите деца. Ако екстемитетите не се затоплени како телото, циркулацијата нема да биде рамномерна. Екстремитетите се оддалечени од најважните органи, така што крвта се натрупува во главата ако тие не се доволно заштитени. Тоа предизвикува главоболка или крварење од носот. Или пак се чувствува притисок во градите што предизвикува кашлање или вознемиреност на срцето, затоа што во таа област се задржува вишокот на крв. Или пак, крвта навалува во желудникот и предизвикува пореметување во варењето.
За да одат во чекор со модата, мајките ги оставаат скоро голи рацете и нозете на децата и заради тоа крвта се свртува од својот природен пат и навалува во внатрешните органи; тоа предизвикува пореметување во циркулацијата и разни заболувања. Нашиот Создател не ги создал екстремитетите да бидат постојано изложени како што е тоа случај со лицето. Господ обезбедил… исто така големи вени и нерви за рацете и нозете, како би можеле во себе да задржуваат голем дел од крвта. Со тоа екстремитетите добиваат иста топлина како и трупот. Тие би требало да бидат целосно облечени како би се привлекла крвта во екстремитетите.
Сатаната ја измислил модата која ги остава екстремитетите голи, и го попречува природниот тек на крвта. А родителите се поклонуваат пред олтарот на модата и ги облекуваат своите деца така што нервите и вените се стегаат и не можат да одговорат на целта којашто Бог им ја наменил. Последиците на тоа се често ладни нозе и раце. Тие родители кои се водат според модата а не според разумот ќе одговараат пред Господа затоа што го упропастуваат здравјето на своите деца. На богот на модата често пати му се жртвува дури и самиот живот.
Разлика помеѓу облеката на мажите и жените. Се забележува се посилна наклонетост жените по својот начин на облекување и надворешниот изглед да бидат се послични со мажите и обликот на нивната облека станува се послична на машката, но Бог тоа го прогласува за одвратно. „исто и жените во пристојна облека, со срамежливост и честитост да се украсуваат себеси.“ (1. Тимотеј 2:9)…
Бог бара помеѓу машката и женската облека да се истакне јасна разлика, и Тој тоа прашање го смета за толку важно, што дал специфични упатства во тој поглед; затоа што кога двата пола би се облекувале на ист начин тоа би предизвикало вистинска конфузија и голем пораст на престапите.
Облекување за во црква. Нека никој не го обесчести Божјото светилиште преку својот упадлив начин на облекување.
Сите треба да бидат поучени да бидат уредни, чисти и внимателни во облекувањето, но исто така и да не се оддаваат на надворешното украсување кое никако не одговара за светилиштето. Не треба да се облекуваме за да привлечеме внимание, затоа што тоа поттикнува недостаток на почит кон Бога. Вниманието на луѓето честопати е свртено на некој надворешен украс на облеката, и така се раѓаат мисли кои не би требало да најдат место во срцата на присутните. Бог треба да биде предмет на нашите мисли, предмет на богослужението; и сето она што го привлекува умот од светата служба е навреда за Него. Украсување со чипки и ленти, пердуви, злато и сребро претставува идолопоклонство и сосема не одговара за светата служба Божја.
Некои добиваат идеја дека со цел да го спроведат она одвојување од светот кое Божјиот Збор го бара, тие мора да бидат немарни во поглед на својот изглед. Постојат сестри кои мислат дека тие го спроведуваат начелото на неприлагодување со светот со тоа што носат обична шапка и истата облека ја носат цела седмица, ја носат на себе во сабота кога доаѓаат на собирот на светиите да се вклучат во богослужението. И некои мажи кои тврдат дека се христијани имаат слично гледиште во поглед на облекувањето. Тие луѓе се собираат со Божјиот народ во сабота и доаѓаат со своите облеки правливи и нечисти, а дури и со големи процепи на својата облека, и кои се облечени на нив на неуреден начин.
Овие луѓе, доколку имаат закажано средба со некој пријател кој е почестен во светот, и од кого сакаат да бидат благонаклонети, ќе се напрегнат себеси во неговото присуство да дојдат со својата најдобра облека која можат да ја здобијат; затоа што тој пријател би се чувствувал навреден доколку тие би се сретнале со него со неисчешлана коса, носејќи нечиста и неуредна облека. Но сепак таквите мислат дека не е важно во каква облека тие се појавуваат или каква е нивната надворешност кога доаѓаат во сабота да му служат на големиот Бог.
Облеката не треба да биде главна точка на нашата вера.
Не постои потреба облеката да биде главно прашање во вашата вера. Постои нешто повредно за кое може да се зборува. Зборувајте за Христа; и кога срцето е обратено, сето она што не е во хармонија со Божјата Реч ќе отпадне.
Вашата облека не прави да имате вредност во Божјите очи. Внатрешниот украс, доблестите на Духот, љубезниот збор, промислениот обѕир за другите е она што Бог го вреднува.
Никој не треба да биде совест за друг, но поставете достоен пример. Не поттикнувајте вера чиј центар е облеката. Нека секој еден ги проучува јасните учења од Писмата во поглед на едноставноста и недекоративност на облеката и преку верна послушност на тие учења настојувајте да оставите достоен пример на светот и на оние кои се нови во верата. Бог не сака ниту една личност да биде нечија совест.
Таму каде многу деноминации ја изгубија својата сила. Лу
ѓето отсекогаш ги одбегнувале и отфрлале едноставните поуки и упатства од Божјата реч. Повеќето од таканаречените Христови следбеници во сите времиња ги игнорирале начелата на одрекување и понизност, кои бараат скромност и едноставност во зборувањето, постапувањето и облекувањето. Резултатот на тоа секогаш бил ист; оној кој се оддалечува од науката на евангелието ја усвојува модата, обичаите и начелата на овој свет. Наместо жива побожност доаѓа мртов формализам. Божјото присуство и сила ги напушта оние кои го љубат светот, а се наоѓа меѓу оние кои во понизност го обожуваат Бога и се послушни на Неговата реч. Тоа било така низ сите векови. Се појавувале разни заедници една по друга; но, напуштајќи ја едноставноста, тие во голема мерка ја изгубиле својата поранешна сила.
Божјиот Збор е стандард. Во поглед на облеката треба строго да се внимава, следејќи го одблизу Библиското правило. Модата е божица која управува со светот и таа често пати и се додворува на црквата. Стадардот на црквата треба да биде Божјиот Збор и родителите треба разумно да размислуваат за тој предмет. Кога ќе ги видат децата наклонети да ја следат световната мода, тие треба, како Аврам, непоколебливо да им заповедаат на своите семејства да ги следат. Наместо да се соединуваат со светот, поврзете ги со Бога.