Г Л А В A 6 4 – Домот и делото на умереност
Целосна апстиненција е одговорот. Единствен начин на кој можеме да се сочуваме од силната неумереност е потполното воздржување од виното, пивото и сите жестоки пијалоци. Мораме да ги научиме и нашите деца дека, за да се биде вистински маж, се ова мора да се отфрли. Бог ни открил во што се состои вистинската мажевност. Само оние што ќе ја поседуваат, Тој ќе ги признае како победници и нивните имиња нема да ги избрише од книгата на животот.
Родителите можат, преку срдечни, истрајни напори, непристрасни од обичаите на модата на животот, да изградат морална тврдина околу своите деца која ќе ги одбрани од мизеријата и злото причинето од неумереноста. Децата не треба да бидат препуштени да пораснат како сакаат, неправилно развивајќи црти на карактерот кои ќе бидат отсечени на самиот почеток; туку тие треба да бидат дисциплинирани внимателно и воспитани да застанат на страната на правото, на страната на реформата и апстиненцијата. Во секоја криза тие тогаш ќе имаат морална независност да се соочат со бурата на опозицијата која сигурно ќе ги нападне оние кои ќе застанат во полза на вистинската реформа.
Неумереноста често пати е резулатат на попуштањето во домот. Во нашата земја се имаат вложено големи напори да се запре неумереноста, но тешка работа е да се надвладее и врзе целосно израснат лав. Доколку половина од тие напори се вложат во тоа родителите да се осветлат за својата одговорност во формирањето на навиките и карактерите кај своите деца, илјада пати поголемо добро може да резултира отколку што тоа сега е случај. Ние на сите работници во делото на умереноста им посакуваме Божји благослов; но ние ги повикуваме да гледаат подлабоко во причината за злото против кое се борат и да бидат потемелни и попостојани во реформата.
Но, за да го пронајдеме коренот на неумереноста, мораме да одиме подлабоко отколку само употребата на алкохолот или тутунот. Безделничењето, бесцелноста или лошото друштво можат да приготват пат за невоздржливоста. Често пати тие причини можат
да се најдат на семејната трпеза, во семејствата кои себеси се сметаат за строго умерени. Се што го попречува варењето на храната, што непотребно го возбудува духот, или на било кој начин го ослабнува организмот, нарушувајќи ја рамнотежата на менталните и физичките сили, ја слабее контролата на умот над телото и така наведува на неумереност. Падот на многу талентирани млади животи може да му се припише на неприродниот апетит, кој бил предизвикан од штетната исхрана.
Трпезите на нашиот американски народ воглавно се подготвени на начин на кој би се создале пијаници. Апетитот владее кај повеќето луѓе. Кој и да му попушта на апетитот со тоа што јаде премногу често, и храна која не е со здрав квалитет, ја ослабнува својата сила да им се спротивстави на барањата на апетитот и страстите во другите нешта во пропорција со некоректните навики на јадење.
Чајот и кафето се фактори кои придонесуваат. Со неумереноста, која започнува уште во родителскиот дом, на децата прво им ослабнуваат органите за варење и набргу, секојдневната храна не може да го задоволи нивниот апетит. Доаѓа до нездрава состојба на организмот и се јавува силна желба за нешто што надразнува. Чајот и кафето имаат непосредно дејство. Под влијание на тие отрови, нервниот систем се возбудува и во некои случаи, за извесно време, изгледа дека силите на умот се засилиле и фантазијата заживеала. И, бидејќи овие надразливи напитоци доведуваат до „пријатни последици“ мнозина доаѓаат до заклучок дека тоа им е навистина потребно, но тоа секогаш има и противдејство. Нервниот систем ја позајмува силата од своите помошни извори, која била предвидена за подоцнежна употреба и сето тоа привремено закрепнување е проследено со соодветна депресија. Ненадејното олеснување предизвикано од употребата на чајот или кафето е очигледен доказ дека она што изгледа дека дава сила, всушност, само ги надразнува нервите и последиците за организмот мораат да бидат штетни.
Тутунот, лукав отров. Користењето на тутунот е навика која често пати го погаѓа нервниот систем на посилен начин отколку употребата на алкохолот. Тој ја врзува жртвата во посилни јазли на ропство отколку алкохолот; таа навика е потешко да се победи.
Телото и умот, во многу случаи се поцелосно опиени од употребата на тутунот отколку од алкохолните пијалоци; затоа што е посуптилен отров.
Тутунот… го погаѓа умот и ги затапува чувствата, како умот не би можел јасно да ги разликува духовните нешта, посебно оние вистини коишто имаат тенденција да го исправат ова нечисто попуштање. Оние коишто користат тутун во кој и да е облик не се чисти пред Бога. Со таква нечиста навика за нив не е возможно да го прослават Бога во своето тело и дух, кои се Негова сопственост.
Тутунот ја затапува острината на мозокот и ја умртвува неговата чувствителност. Пушењето предизвикува жед и желба за жесток пијалак и во многу случаи го поставува темелот на пијанството.
Блијанието на стимулансите и наркотиците. Влијанието на стимулансите и наркотиците ја намалуваат физичката сила и сето она што влијае врз телото влијае и врз умот. Стимулансот може за кратко време да ја подигне силата и да предизвика умствена и физичка активност; но кога ќе го снема тоа стимулирачно дејство, и умот и телото ќе бидат во полоша состојба отколку претходно. Алкохолните пијалоци и тутунот се имаат покажано како ужасно проклетство за нашата раса, не само во ослабувањето на телото и збунувањето на умот, туку во снижувањето на моралот. Кога контролата на разумот е поставена настрана, животинските страсти земаат превласт. Колку повеќе се користат тие отрови, посурова ќе биде природата на човекот.
Учете ги децата да се гнасат од стимулансите. Учете ги своите деца да им биде одратно се што на било кој начин може да ги раздразни. Мнозина од незнаење поттикнуваат кај своите деца желба за такви средства.
Бог ги повикува родителите да ги пазат своите деца од попуштањето на апетитот, а посебно од употребата на стимулансите и наркотиците. Трпезите на христијанските родители никогаш не треба да бидат натоварени со храна која содржи штетни мирудии и зачини. Тие треба да проучуваат како да го запазат желудникот од какво и да е злоставување.
Во ова динамично време колку е поневозбудлива храната толку подобро. Умереноста во сите нешта и цврстото одрекување од апетитот се единствениот безбеден пат.
Предизвик до родителите. Родителите можат да им ја пренесат на своите деца својата наклонетост кон апетитот и страстите и тогаш ќе им биде многу потешко тие деца да ги научат да бидат умерени и да имаат чист и свет живот. Ако децата од своите родители наследиле наклонетост кон нездрава храна и опојни средства, врз родителите почива света должност да ги потиснат таквите лоши наклонетости кои децата ги примиле од нив! Тие мораат вредно и ревносно да ја вршат својата должност кон својот несреќен пород, да ја вршат со вера и со надеж.
Вкусот и апетитот мораат да бидат воспитани. Разбирањето на законите на животот и здравјето треба да биде прва работа за родителите, како ништо не би било направено од нивна страна во подготовката на храната или преку какви и да се други навики, кои ќе развијат лоши тенденции кај нивните деца. Колку внимателно треба мајките да проучуваат да ги подготват своите трпези со наједноставна, здрава храна, за органите за варење да не ослабнат, да не се поремети нервниот систем и поуките кои тие им ги даваат на своите деца да не бидат поништени преку храната која е поставена пред нив. Таа храна или ги ослабува или ги јакнее органите за варење и има голем удел во развивањето на телесното и моралното здравје на децата, кои се Божја сопственост откупени со крв.
Негрижливите родители се одговорни. Многу родители на своите деца им дозволуваат да јадат и пијат кога ќе посакаат за да ја избегнат должноста трпеливо привикнување на своите деца на самооткажување. Оваа желба да го задоволат својот вкус и стремежите кај младите не опаѓа со текот на годините; и кога ќе пораснат, со нив загосподарува она на што со попуштањето биле поттикнувани и тие стануваат робови на желбите. Кога ќе го заземат своето место во општеството и почнат да живеат за себе, тие немаат сила да му се спротивстават на искушението. Во жртвите на алчноста, пушењето, пијанството и развратот, ги гледаме тешките последици од погрешното воспитување…
Кога ќе го слушнеме жалното оплакување на христијаните и христијанките поради ужасните зла на неумереноста, истовремено ни се наметнуваат прашањата: Кој ги воспитувал тие млади? Кој во нив ги поттикнувал тие незадржани желби? Кој ја занемарил свечената одговорност на вообличувањето на нивниот карактер, за да бидат корисни во овој живот и да се удостојат за друштвото на небесните ангели во вечниот живот?
Бистинската работа започнува во домот. Домот е место каде вистинската работа мора да почне. Најголемото бреме почива врз оние кои ја имаат одговорноста на воспитување на младите, во обликување на нивните карактери. Тоа е работа за мајката, да им помага на своите деца да обликуваат правилни навики и чисти вкусови, да развијат морална чистота и вистинска морална вредност. Поучувајте ги дека тие не треба да бидат занишани од другите, дека тие не треба да попуштаат пред погрешните влијанија, туку да влијаат врз другите за добро, да ги облагородат и подигнат оние со кои се дружат. Учете ги дека ако се поврзат со Бога, тие ќе примат сила од Него да опстојат пред најжестоките искушенија.
Умереноста не е предмет за шегување. Многумина предметот на умереност го земаат како предмет за шегување. Тие тврдат дека Бог не се грижи за толку малечки работи како што се нашето јадење и пиење. Но доколку Господ не се грижи за тие нешта, Тој себеси не би и се открил на жената на Маное, давајќи и одредени инструкции и два пати наложувајќи и да внимава како не би ги занемарила. Зарем тоа не е доволен доказ дека Тој се грижи за тие нешта?
Реформата започнува со мајката. Внимателноста со која мајката треба да внимава на своите животни навики е опишана во Светото Писмо.
Мајката треба да започне со реформа пред раѓањето на нејзините деца; и доколку Божјите барања беа верно послушани, неумереноста не би постоела.
Во упатствата на ангелот до еврејските родители не биле вклучени само навиките на мајката, туку и воспитувањето на детето. Не било доволно Самсон, детето што го ослободил Израел, да има
само добро наследство при раѓањето. Ова наследство требало да биде проследено со грижливо воспитување. Тој уште од раното детство требало да биде воспитуван да изградува навики на строга умереност…
Упатствата дадени во поглед на Еврејските деца ни покажуваат дека не смее да се занемарат работите што влијаат врз физичката благосостојба на детето. Ништо не е неважно. Секое влијание што го погодува телесното здравје има свое влијание и врз умот и карактерот.
Од самата колевка децата треба да бидат поучувани на умереност и самоконтрола. Врз мајката воглавно почива бремето на оваа работа, и, помогната од таткото, таа може успешно да ја спроведува.
Продолжете со лекциите при огништето и во училиштето.
Многу е тешко да се ослободиме од навиките на кои им се попуштало низ животот и кои го имаат воспитано апетитот. Демонот на неумерност не е лесно да се победи. Тој има џиновска сила. Нека родителите почнат да поучуваат против неумереноста при своите огништа, во своите семејства, во принципите кои ги учат своите деца тие да ги следат од своите пелени за да можат да се надеваат на успех. Тоа ќе ви се исплати мајки, драгоцените часови кои ви ги дал Бог, да ги вложите во обликувањето, развивањето и воспитувањето на карактерите на вашите деца, учејќи ги стриктно да се придржуваат до принципите на умереност во јадењето и пиењето.
Такви поуки би требало да се даваат во секое училиште и во секој дом. Младите и децата треба да разберат дека алкохолот, тутунот и другите слични отрови со своето влијание го разурнуваат телото, го замаглуваат умот и духот го прават телесен. Мора да се објасни дека секој што ги употребува овие отрови не може долго да ја задржи полната сила на своите физички, ментални и морални способности.
Направете ги јасни последиците од малите отстапувања.
Треба да се чуваме од почетоците на злото. При подучувањето на младите треба мошне јасно да се нагласи до какви последици доведува навидум малото оддалечување од правичното… Младите мораат да бидат проткаени со помислата дека мораат да бидат
господари, а не робови. Бог нив ги назначил за владетели на царството кое е во нив, и тие мораат да се служат со царската власт што им е дадена од Небото. Ако ваквите поуки се даваат совесно, последиците од тоа ќе се почувствуваат далеку вон кругот на младите. Со тоа влијание ќе бидат опфатени и спасени илјадници мажи и жени кои се наоѓаат на самиот раб на пропаста.
Градете храброст во спротивставувањето на искушението.
Потребни се индивидуални напори на вистинска страна за да се потисне раснечкото зло на неумереноста. О, кога би можеле да најдеме зборови кои би го стопиле и разгориле патот до срцето на секој родител на земјата!
Родителите можат да постават темели за здрав и среќен живот на своите деца. Можат да ги испратат од домовите со морална сила која ќе му се спротивстави на искушението и храброст и сила за успешна борба со животните проблеми. Можат да ги вдахнат со одлучност да не отстапуваат од зададената цел и да развијат кај нив сила да живеат живот на слава на Бога и на благослов за светот. Можат да ги насочат нивните нозе на вистинската патека која низ сонце и сенки води до славните височини.
Бог повикува кон нас да застанеме на широката платформа на умереноста во јадењето, пиењето и облекувањето. Родители, зарем нема да се разбудите за своите од Бога дадени одговорности? Проучувајте ги начелата на здравствената реформа и учете ги вашите деца дека патот на самоодрекување е единствениот безбеден пат.