Г Л А В A 6 3 – Умереност во сите нешта

Сподели го ова:

Неумереноста е причина за повеќето болести во животот.

Неумереноста е основа на повеќето болести во животот. Таа годишно уништува десетици илјади животи. Ние за умереноста не зборуваме како само за употребата на алкохолни пијалоци, туку и даваме пошироко значење, вклучувајќи ги штетните попуштања на каков и да е апетит или страст.

Умереноста е начело од верскиот живот. Мораме да поучуваме и да спроведуваме во дело умереност во сите нешта од овој живот. Умереноста во јадењето, пиењето, спиењето и облекувањето е едно од големите начела на верскиот живот.

Навиките на умереност даваат богати награди. Новото поколение е опколено со нешта создадени за искушување во поглед на апетитот. Особено во големите градови луѓето многу лесно им се препуштаат на сите можни попуштања и примамливи уживања. Меѓутоа, оние кои, како Даниел нема да сакаат да се осквернат, ќе примат награда за умереноста во нивните навики. Зголемувајќи ја на тој начин својата физичка сила и издржливост, тие создаваат резерва која добро ќе им дојде во случај на потреба.

Правилните навики во секојдневниот живот го потпомагаат развојот на умните способности. Бистрината на умот, физичките сили и долговечноста, сето тоа зависи од низа непроменливи закони. Не постои случајност во тој поглед. Оној кој ја создал природата нема да се вмеша за да ги запази луѓето од последиците на прекршувањето на законите на природата.

Во учењето. Неумереноста во проучувањето е еден вид опивање; и оние кои така постапуваат, како пијаницата, заталкуваат од безбедните патеки и се тетерават и паѓаат во мракот. Господ би сакал секој студент да има на ум дека окото мора да биде насочено само кон славата Божја. Тој не треба да ги исцрпува и напразно троши своите физички и умствени сили настојувајќи да се здобие со сето можно научно знаење, туку треба да ја запази свежината и силата на сите свои сили и да ги вклучи во работата која Бог му ја одредил помагајќи им на душите да го најдат патот кон праведноста.

Во работата. Ние треба да бидеме умерени во својата работа. Ние не треба да се ставиме во положба да работиме претерано. Некои тоа можеби ќе го сторат кога е неопходно, но тоа треба да биде исклучок, а не правило. Ние треба да бидеме умерени во сите нешта. Доколку му дадеме чест на Бога со тоа што ќе го вршиме својот дел, Тој ќе го стори Својот дел со тоа што ќе го запази нашето здравје. Ние треба да имаме чувствителна контрола над сите наши органи. Преку практикување умереност во јадењето, пиењето, облекувањето, работата и во сите нешта, ние за себе можеме да го сториме тоа што ниеден лекар не ќе може да го стори за нас.

Како правило, работата од тој ден не треба да продолжи и во вечерта… Мене ми беше покажано дека оние кои прават така често пати губат повеќе отколку што добиваат, затоа што нивната сила е исцрпена и тие работат црпејќи енергија од својата возбуденост. Тие можеби нема да согледаат некоја неодложна штета, но со сигурност тие ја поткопуваат својата конституција.

Во јадењето. Вистинската умереност не учи да го отфрлиме сето она што е штетно, и промислено да го користиме она што е корисно. Постојат малкумина кои сфаќаат како што треба колку многу нивните навики на јадење се поврзани со нивното здравје, нивниот карактер, нивната корисност во овој свет и нивната вечна судбина. Апетитот секогаш треба да биде во потчинетост на моралната и интелектуалната сила. Телото треба да биде слуга на умот, а не умот на телото.

Оние кои јадат и работат неумерено и неразумно, тие зборуваат и постапуваат неразумно. Не е неопходно да се пијат алкохолни и силни пијалоци за човекот да стане неумерен. Гревот на неумереност во јадењето покажан во премногу честото и прекумерно земање на храна или со употреба на силно зачинети и нездрави јадења ги уништува органите за варење, влијае врз мозокот, го изопачува расудувањето и го оневозможува разумното, трезвено и здраво размислување и работа.

Не се одрекувајте од Бога преку ниту еден акт на неумереност. Ние сме скапо платени; затоа треба да го прославиме Бога во нашето тело и нашиот дух, кои се Негови. Ние не треба да се одречеме од Него ниту преку еден акт на неумереност, затоа што единородниот Божји Син не купи нас со бесконечна цена, со тоа што го жртвуваше Својот живот. Тој не умре за нас за да можеме да станеме слуги на злите навики, туку да можеме да станеме синови и ќерки Божји, служејќи му Нему со сета сила на битието.

Оние коишто имаат постојано на ум дека сме скапо платени нема во својот желудник да внесат храна која ќе му угодува на апетитот, но која им наштетува на органите за варење. Тие нема да ја упропастат Божјата сопственост преку попуштање во несоодветни навики на јадење, пиење или облекување. Тие ќе се грижат многу за човечката машинерија, сфаќајќи дека мора да го чинат тоа за да можат да работат во партнерство со Бога.

Спроведувајте умереност во сите детали на животот. Ниеургираме принципите на умереност да бидат спроведувани во сите детали на домашниот живот; за пример на родителите треба да биде поуката за умереност; дека децата треба да бидат учени и присилени на самоодрекување и самоконтрола, колку што е тоа доследно, од самите пелени.

Сподели го ова:

Слични објави