Г Л А В A 6 2 – Јадење за живеење

Сподели го ова:

Започнете со правилно хранење на бебето. Тешко може да се процени важноста на создавањето правилни навики во исхраната кај детето. Малечките треба да научат дека јадат за да живеат, а не живеат за да јадат. Ова поучување треба да започне уште додека малечкото е во прегратките на мајката. Детето треба да се храни само во правилни интервали чие растојание ќе се зголемува со развојот на детето. Не треба да му се даваат слатки, или храна за повозрасни која тие не можат да ја преработат. Грижата и редовноста во исхраната на малечките нема само да го подобри нивното здравје, со што ќе ги наведе да бидат тивки и смирени, туку ќе ги постави и темелите на навиките кои ќе бидат благослов за нив во подоцнежните години.

Воспитајте го вкусот и апетитот. Кога детето ќе излезе од пелени треба да се води голема сметка тоа да развие добар вкус и правилен апетит. На децата често им се дозволува да јадат кога сакаат без да се води сметка за нивното здравје. Маката и парите кои толку често се вложуваат во нездрави јадења ги наведуваат децата да мислат дека највисоката цел во животот, која донесува најмногу среќа е да бидат во состојба да му попуштаат на апетитот. Резултатот од ваквото воспитување е алчност, а потоа доаѓа и болест…

Родителите треба да го изградуваат апетитот на детето и не смеат да дозволат тоа да употребува нездрава храна.

Храната има влијание врз духовната, менталната и физичката сила. Мајките кои им попуштаат на желбите на своите деца за сметка на здравјето и доброто расположение, сеат семе на зло кое ќе израсне и ќе донесе плод. Како што растат децата, така ќе расте и нивната попустливост кон себеси и тие ќе ја жртвуваат менталната и физичката виталност. Мајките кои го направиле тоа со горчина ќе го пожнеат она што го посеале. Ќе ги гледаат своите деца како израснуваат со несоодветен ум и карактер за да превземат благородна или полезна работа во општеството или домот. Духовните, умствените и телесните сили слабеат под влијание на нездравата храна. Совеста отапува, а чувствителноста за добрите работи е се послаба.

Одбери ја најдобрата храна. За да дознаеме која храна е најдобра мораме да го проучиме првичниот Божји план за исхраната на луѓето. Оној Кој го создал човекот и Кој ги разбира неговите потреби му ја одредил храната на Адам. Житарките, овошките, зеленчукот и јаткастите плодови ја претставуваат исхраната што Творецот ја одбрал за нас.

Храната подгответе ја на едноставен начин кој ќе предизвика апетит. Бог обилно го има снабдено човекот со средства за задоволување на неизопачениот апетит. Тој пред него ги има рапространето производите на земјата огромна разновидност на храна која одговара на вкусот и која е хранлива за телото. Нашиот небесен Татко рекол дека сетоа тоа може слободно да го јадеме. Овошјето, житарките и зеленчукот подготвени на едноставен начин, без зачини и масти од кој и да е вид, приготвени со млеко или павлака се најздрави за јадење. Тие го хранат телото и даваат сила на издржливост и енергија на умот која не може да се добие од надразнувачката храна.

Апетитот не е безбеден водач. Треба да ја избереме онаа храна која најдобро ги обезбедува потребните елементи за изградба на телото. Во овој избор апетитот не е сигурен водич. Тој е изопачен од лошите навики во исхраната. Често бара храна која го нарушува здравјето и наместо сила предизвикува слабост… Голем причинител на болестите и страдањата што преовладуваат насекаде се токму популарно прифатените заблуди во врска со исхраната.

Децата кои го следат невоспитаниот апетит. Додека седев во вагонот, слушав како родителите забележуваат дека апетитот на нивните деца е многу префинет, и доколку немаат месо и колачи тие не можат да јадат. Кога се земаше пладневен оброк, јас го набљудував квалитетот на храната која што им беше давана на тие деца. Тоа беше леб од фино брашно, исечена шунка посолена со црн бибер, зачинета туршија, колачи и компоти. Бледата и потемнетата боја на кожата кај лицето на овие деца, јасно укажуваше

на злоупотребата на напатениот желудник. Две од овие деца забележаа како деца од едно друго семејство јадат сирење со својата храна и веднаш изгубија апетит за она што беше пред нив, се додека нивната мајка која им попуштала, не замоли за парче сирење да им даде на нејзините деца плашејќи се нејзините драги деца да не го завршат својот оброк. Мајката даде забелешка: „Моите деца го сакаат ова или она толку многу, и јас им го давам она што го бараат; затоа што апетитот го бара оној вид храна кое телото го побарува.“

Тоа би било точно кога апетитот не би бил никогаш изобличен. Постои природен и изобличен апетит… Апетитот се изопачува со погрешно воспитување. Совршените стомачни органи се надразнуваат и се оштетуваат се додека не ја изгубат својата фина чувствителност. Едноставната, здрава храна им се чини блуткава. Злоупотребуваниот желудник нема да ја изврши доверената задача, додека не се поттикне со средства кои многу надразнуваат. Доколку овие деца од најрано детство биле воспитувани да земаат само здрава храна подготвена на наједноставен начин, која во голема мерка ги запазила своите природни својства, да одбегнуваат месна храна, животинска маст и сите зачини, вкусот и апетитот би им останале неизопачени. Во својата природна состојба тој може да укаже, во голема мерка, на храната која највеќе одговара на потребите на телото.

Што е пак со месната храна? Ние не пропишуваме никакви одредени правила во поглед на исхраната; меѓутоа; кажуваме дека во земјите каде што има во изобилие овошје, житарки и јаткасти плодови, нема да биде исправно ако Божјиот народ користи месо. Покажано ми е дека месото поттикнува животински нагони, ги лишува мажите и жените од онаа љубов и сомилост која треба да ја негуваат кон секого и чинат ниските страсти да се здобијат со победа над возвишените особини на битието. Ако некогаш било здраво да се јаде месо, денес тоа веќе не е.

Причини за отфрлање на месната исхрана. Оние кои јадат месо не јадат ништо друго освен житарки и зеленчук од втора рака; зашто од овие работи животните ги примаат хранливите состојки кои им овозможуваат да растат. Животот од житарките и зеленчукот преминува во животното што ги јаде. Ние го примаме јадејќиго животното. Колку е подобро да го земаме директно, јадејќи ја храната што Бог ја одредил за нас!

Месото никогаш не било најдобра храна; но сега имаме двојно повеќе причини против неговата употреба бидејќи болестите кај животните брзо се зголемуваат. Оние кои јадат храна од животинско потекло не знаат многу за она што го јадат. Кога би можеле да го видат животното што го јадат и да дознаат со што било хрането, тие би се одвратиле од него со неодобрување. Луѓето постојано јадат месо полно со туберкулозни и канцерогени клетки. На тој начин се добиваат туберкулоза, рак и други фатални болести.

Последиците не се веднаш согпедпиви. Последиците од месната исхрана можеби нема да се забележат веднаш; но тоа не значи дека таа не е штетна. Малкумина можат да се натераат да поверуваат дека месото што го јаделе ја загадило нивната крв и го предизвикало нивното страдање. Мнозина умираат од болести чија единствена причина е јадењето месо, не сомневајќи се за вистинската причина.

Враќање кон првобитната исхрана. Зарем ова не е време кога сите треба да се стремат да го исфрлат месото од својата исхрана? Како можат оние кои сакаат да бидат чисти, благородни и свети, да уживаат во друштвото на небесните ангели, да продолжат да употребуваат нешто што е толку штетно за душата и телото? Како можат да убиваат Божји созданија за да го конзумираат нивното месо? Наместо тоа, нека се вратат кон здравата и вкусна храна која му била дадена на човекот на почетокот и нека бидат милостиви кон немите суштества кои Бог ги создал, и ги поставил под наша власт, поучувајќи ги своите деца да го прават истото.

Начинот на живот на оние кои го чекаат Христовото доаѓање. Меѓу оние кои го чекаат Господовото доаѓање, јадењето месо ќе биде конечно напуштено; месото ќе престане да биде дел од нивната исхрана.

Враќање кон Божјата замиспа. Повторно и повторно ми беше покажано дека Бог го враќа Својот народ, назад на Својот првобитен план, а тој е да не се хранат со месото на мртвите животни. Тој има желба ние да го поучуваме народот за подобриот начин на исхрана… Доколку месото се остави, доколку вкусот се воспитува во таа насока, доколу се изградува желба за храна од овошје и житарки, тогаш наскоро ќе биде онака како што Бог во почетокот замислил да биде. Неговиот народ нема да употребува месо.

Поуки во погпед на промена на исхраната. Погрешно е мислењето дека силата на мускулите зависи од храната од животинско потекло. Потребите на организмот може да бидат подобро задоволени и може да се ужива во повитално здравје без нејзина употреба. Житарките, во комбинација со овошје, јаткасти плодови и зеленчук ги содржат сите прехрамбени состојки потребни за создавање добра крв. Овие состојки пак, не можат толку добро или во целост да се внесат преку месната храна. Кога употребата на месо би била толку суштествена за здравјето и силата, храната од животинско потекло би била вклучена во исхраната која на почетокот била одредена за човекот.

За да имаме хранлива и вкусна храна кога ќе го оставиме месото, неговото место треба да биде пополнето со разновидност од житарки, јаткасти плодови, зеленчук и овошје. Ова особено важи за оние кои се слаби или постојано преоптоварени со работа.

Здравото хранење не претставува жртва. Иако децата треба да се учат да го контролираат апетитот и да јадат во согласност со здравјето, мора да им биде јасно дека се откажуваат само од она што може да им наштети. Тие се откажуваат од штетни нешта поради нешто подобро. Нека вашата трпеза биде привлечна и убава полна со добри нешта со кои Бог обилно ни ги дарувал.

Ние можеме да јадеме бипо што. Во многу семејства се прават големи подготовки за пречек на гости. Разновидност на храна се подготвува за на трпезата. Оваа храна е искушение за оние кои се привикнати кон таков вид на богата храна…

Јас знам за некои кои прават посебни подготовки за посетителите. Во своите семејства тие не се придржуваат кон редовност. Оброците се подготвени на начин да ја задоволат удобноста на сопругата и мајката. Среќата на сопругот и децата не се проучува. И покрај тоа што се прави таква парада за посетителите, било што се смета за доволно добро кога е само „за нас.“ Трпеза залепена

до ѕидот, ладен оброк поставен на неа, без вложен труд таа да биде привлечна, е честа појава. „Тоа е само за нас,“ тие велат. „Ние можеме да јадеме било што.“

Нека оброкот биде пријатно време за дружење. Времето за јадење треба да биде можност за взаемно дружење и освежување. Се што би можело да оптовари или раздразни, треба да биде отстрането. Треба да се негува доверба, љубезност и благодарност кон Давателот на се што е добро, па и разговорот ќе биде радосна, пријатна размена на мисли кои ќе подигнуваат, наместо да заморуваат.

Трпезата не е место каде треба да биде предизвикана непослушност кај децата преку некое неразумно постапување од страна на родителите. Целото семејство треба да јаде со задоволство и благодарност, имајќи на ум дека оние кои што го сакаат Бога и Нему му се послушни ќе земат учество во вечерата на Јагнето во Божјото царство каде самиот Исус ќе ги служи.

Редовност во јадењето. Во никој случај оброците не треба да бидат нередовни. Доколку се руча еден или два часа пред вообичаеното време, желудникот не е подготвен за ново оптоварување, затоа што се уште ја нема сварено храната која била внесена во претходниот оброк и нема животни сили за нова задача. На тој начин телото се оптоварува.

Оброците не смеат да се одложат еден или два часа за да одговараат на околностите или за да може да се заврши некоја работа. Желудникот бара храна во времето кога е навикнат да ја прима. Доколку тоа време се одложи, животната сила на телото опаѓа и на крајот паѓа толку ниско за апетитот целосно да се изгуби. Доколку храната се земе тогаш, желудникот не е во состојба правилно да ја свари. Храната не може да се претвори во добра крв. Кога сите би јаделе во редовни временски интервали, не вкусувајќи ништо помеѓу оброците, би биле подготвени за своите оброци и би нашле задоволство во јадењето, кое ќе ги награди за нивното одрекнување.

Учете ги децата кога, како и што да јадат. Децата воглавно се непоучени во поглед на важноста за тоа кога, како и што треба да јадат. Ним им е дозволено слободно да му попуштаат на својот

вкус, да јадат во било кое време, да посегнат по овошје кога тоа ги искушува нивните очи; и тоа, заедно со тортата, колачот, лебот и путерот и слатките коишто се јадат скоро постојано, од нив прави гурмани и со слабо варење. Органите за варење, како мелница која постојано работи, заслабуваат и од мозокот е побарана витална сила да му се помогне на желудникот во неговата претерана работа. Неприродните стимуланси и заморот на виталните сили нив ги прави нервозни, нетрпеливи на ограничувања, самоглави и надразливи. Во нив ретко може да се има доверба надвор од погледот на родителите. Во многу случаи изгледа дека моралните сили се мртви и тешко е да се доведат да го чувствуваат срамот на гревот и неговата ужасната природа; тие лесно креираат навики на неискреност, мамење, а често пати и отворено лажење.

Родителите ги осудуваат тие нешта кај своите деца, меѓутоа не сфаќаат дека нивното погрешно устројство е причина за злото. Тие не ја имаат сфатено неопходноста за ограничување на апетитот и страстите кај своите деца и тие се имаат засилено со нивните години. Мајките подготвуваат со своите раце и пред своите деца поставуваат храна која има тенденција нив да им наштети и телесно и умствено.

Никогаш не јадете помеѓу оброци. Желудникот треба внимателно да се чува. Тој не смее непрекинато да работи. Дајте му на овој злоупотребуван и многу измачуван орган малку мир, спокојство и одмор…

По јадењето на редовниот оброк, на желудникот треба да му се даде одмор за пет часа. Ниту едно парче храна не треба да биде внесено во желудникот се до следниот оброк. За тоа време желудникот ќе ја заврши својата работа и тогаш ќе биде во состојба да прими повеќе храна.

Мајките прават голема грешка дозволувајќи им ним (на децата) да јадат помеѓу оброци. Со тоа се преоптоварува желудникот и се поставува темел за идни болести. Нивната раздразливост можеби е причинета од нездрава храна, а покрај тоа уште и несварена; меѓутоа, мајката нема време да ја најде причината за тоа и да го исправи своето убиствено управување. Ниту таа може да запре од својата работа за да го утеши нивното нетрпеливо негодување. На малиот страдалник таа му дава парче колач или некоја друга слатка за да го смири, но со тоа злото станува уште поголемо…

Мајките често се жалат на нежното здравје на своите деца и бараат совет од лекар; меѓутоа кога би размислиле малку подобро, би согледале дека тешкотиите се причинети поради заблудите во поглед на исхраната.

Доцните „закуски“ се многу штетна навика. Друга погубна навика е јадењето пред спиење. Иако се земени сите редовни оброци, луѓето повторно јадат пред спиење затоа што чувствуваат слабост. Ваквото попуштање создава толку силна навика што некои дури мислат дека ако не јадат воопшто нема да можат да заспијат. Како резултат на ова доцно јадење, органите за варење продолжуваат да работат за време на ноќта. Но иако постојано работи, желудникот не може правилно да ја изврши својата задача. Тогаш често се јавуваат непријатни сништа, а човекот наутро се буди неокрепен и без желба за појадок. Кога одиме на починка, желудникот треба да биде готов со својата работа и да ужива одмор како и другите органи во нашето тело. Оваа навика на вечерно јадење е особено штетна за оние кои многу време поминуваат во седечка положба. Ваквата неуредност често пати предизвикува болест која завршува со смрт.

Мајка која е советувана дека појадокот е важен. Твоето дете е нервозно, и нејзината исхрана треба да биде внимателно пазена. Нејзе не треба да и биде дозволена храна која ќе го задоволи вкусот без да даде соодветна хранливост… Нека таа никогаш не оди на училиште без да појадува. Не си дозволувај да ја следиш својата наклонетост во овој поглед. Постави се целосно под Божја контрола и Тој ќе ти помогне сите свои желби да ги доведеш во хармонија со Неговите барања.

Обичај и ред во општеството е да се земе лесен појадок. Меѓутоа, тоа не е најдобар начин на постапување со желудникот. За време на појадокот желудникот е во подобра состојба да свари повеќе храна отколку што тоа може да го стори за вториот или третиот оброк во текот на денот. Погрешен обичај е да се појадува штедливо, а да се јаде изобилно за време на ручекот. Нека вашиот појадок биде сличен на главниот дневен оброк.

Обезбедете изобилство од најдобрата храна. Децата и младите не треба да бидат неухранети ниту најмалку; тие треба да имаат изобилие на здрава храна, но тоа не значи дека пред нив можат да се постават богати колачи и слатки. Тие треба да вежбаат и да имаат најдобра храна, затоа што тие имаат важна улога врз состојбата на умствената и моралната сила. Соодветната, здрава исхрана ќе биде едно од средствата со кои може да се зачува здравото варење на храната.

Партиципирај во тоа со умереност. Родителите често прават грешка со тоа што на своите деца им даваат премногу храна. Децата кои се третирани на ваков начин ќе пораснат во луѓе болни од органите за варење. Умереноста е неопходна дури и во конзумирањето на добрата храна. Родители, пред своите деца поставете ја количината која тие можат да ја јадат. Не оставајте ги да јадат онолку колку што тие мислат дека им треба… Родители, ако не се пазат во поглед на ова, вашите деца ќе поседуваат тапа восприемливост. Тие можат да одат на училиште, но тие нема да можат да научат како што би требало; затоа што силата која треба да оди во мозокот е користена во згрижување на вишокот храна која го оптоварува желудникот. Родителите треба да стекнат знаење за да сфатат дека премногу храна ги прави децата слаби наместо силни.

Родителите треба да диктираат во тој погпед а не децата.

Учете ги да се одрекуваат од апетитот, да бидат благодарни за обичната, едноставна исхрана која Бог им ја дал. Вие не треба да им диктирате што тие треба да јадат, но вие треба да им диктирајте за тоа што е најдобро за нив. Претставува за вас грев да им дозволите на своите деца да се жалат и поплакуваат на добрата, здрава храна, само затоа што не одговара на нивниот расипан апетит.

Нека детето не прими впечаток, дека затоа што е твое дете, вие нему мора да му се потчинете и да му биде дозволено да го одбере и насочи својот начин на јадење. Нему не треба да му биде дозволено да бира артикли на храна кои не се добри за него, само затоа што нему му се допаѓаат. Искуството на родителите треба да биде управувачка сила во животот на детето.

Здраво живеење, пична допжност. Она што го јадеме и пиеме има важна улога врз нашите животи и карактери, и христијаните треба своите навики на јадење и пиење да ги доведат во согласност со законите на природата. Ние мора да ја чувствуваме својата одговорност кон Бога во поглед на тие нешта. Послушноста на законите на здравјето треба сериозно да се проучуваат, затоа што намерно непознавање на тој предмет претставува грев. Секој еден треба да чувствува лична одговорност во споведување на законите на здраво живеење.

Сподели го ова:

Similar Posts