Г Л А В A 6 0 – Познавање и послушност кон законите на животот

Сподели го ова:

Да се проучуваат превентивните мерки. Премногу малку се размислува за причините за смртност, болести и дегенерација кои денес постојат и во најцивилизираните и најразвиени земји. Човечката раса пропаѓа… Најголем број од злата кои на човештвото му донесуват беда и пропаст можат да бидат спречени, а најголема сила за справување со нив во голема мерка почива врз родителите.

Нека поуките бидат постепени. Децата треба рано, на едноставен и лесно разбирлив начин, да се поучуваат на основите на физиологијата и хигиената. Тоа дело мора да го започне мајката во домот, а училиштето мора совесно да го продолжи. Како што учениците ќе стануваат постари, така и поучувањето од оваа област мора да продолжи се додека тие не бидат приспособени да се грижат за домот во кој живеат. Тие мораат да ја согледаат важноста на заштитата од болести преку зачувувањето на животната сила на секој орган, а исто така треба да научат како да постапуваат во случај на вообичаените болести и несреќи. Секое училиште мора да предава физиологија и хигиена, и, колку е можно, повеќе да биде опремено со средства за прикажување на структурата, намената и негата на телото.

Чудата на човечкото тело. Кога го проучуваме телесниот систем, треба да обрнеме внимание на неговата прекрасна прилагоденост кон потребите, на складното дејствување и меѓусебната зависност на различните органи. Кога на тој начин ќе се разбуди интерес кај ученикот и кога тој ќе ја согледа важноста на физичката култура, учителот може многу да придонесе за обезбедување правилен развој и усвојување добри навики.

Учете ги децата да резонираат за причините и последиците.

Учете ги своите деца да ја сфатат неизбежната поврзаност помеѓу причините и последиците. Откријте им го фактот дека болеста претставува казна која мора да се плати за секој прекршок на законите кои владеат со нивните тела. Ако до подобрување не дојде толку брзо како што вие тоа би сте го посакувале, не се обесхрабрувајте, туку учете ги трпеливо се додека не се здобиете со победа.

Инсистирајте на правилни навики во здравјето. Мора да се инсистира на правилни навики во јадењето, пиењето и облекувањето. Лошите навики ги прават младите помалку приемчиви за поуките од Библијата. Децата треба да бидат заштитени од попуштање на апетитот, а посебно од употребата на стимуланси и наркотици. Трпезата на христијанските родители не треба да биде натрупана со храна која содржи зачини и мирудии.

Бажноста за правилната става. Една од примарните цели кон кои треба да се стремиме е правилното држење како при седење, така и при стоење. Бог го создал човекот исправен и Тој сака човекот да се здобие не само со физички, туку и со душевни и морални благослови, отменост, достоинство и сигурност, храброст и сигурност во себеси, каде многу придонесува правилното држење. Учителот во тоа треба да пружи поука преку пример и упатства. Треба да покаже како да изгледа правилното држење и упорно да бара од учениците да го практикуваат.

Култура на дишење и глас. Веднаш по правилното држење, по важност следуваат дишењето и негата на гласот. Оној кој седи и стои исправено, обично и дише поправилно од другите. Но учителот треба да им ја нагласи важноста на длабокото дишење на своите ученици. Треба да прикаже како здравото дејствување на органите за дишење, го помага крвотокот, го оживува целиот организам, го буди апетитот, го потпомага варењето, предизвикува здрав и сладок сон и на тој начин не само што го освежува телото, туку и го ублажува и смирува умот. Додека ја објаснува важноста на длабокото дишење, тој треба упорно да бара тоа и да се применува. Длабокото дишење треба да се увежбува, и да се вложи труд во зацврснувањето на оваа навика…

Увежбувањето на гласот има важно место во физичката култура, бидејќи тоа ги шири и зајакнува белите дробови и на тој начин ги спречува болестите. За да се обезбеди беспрекорен изговор при читање и зборување, треба да се настојува стомачните мускули интензивно да учествуваат во дишењето и органите за дишење да не бидат стеснети. Напорот треба да биде пренесен врз стомачните мускули, а не врз мускулите на грлото. Така може да се спречи голем замор и тешки болести на грлото и белите дробови. Треба да се обрне големо внимание на јасното изговарање на зборовите, со меки и добро обликувани гласови и не премногу брз говор. Тоа не само што ќе придонесе за здравјето туку и работата на ученикот ќе ја направи многу попријатна и поуспешна.

Три неопходни нешта за среќа на семејството. При проучувањето на хигиената совесниот учител ќеја искористи секоја можност да ја покаже неопходноста од совршена чистота и во личните навики и во одржувањето на околината. Треба да се нагласува колку секојдневното капење е полезно за унапредување на здравјето и за поттикнување на умствената активност. Треба да се посвети внимание на сончевата светлина и проветрувањето, на хигиената на спалната соба и кујната. Учете ги учениците дека здравата спална соба, совршено чистата кујна, вкусно поставената маса, полна со здрава храна, повеќе придонесуваат за среќата на семејството и разбудуваат почит на секој разумен посетител од било каков скап мебел во собата за дневен престој.

Редовност во јадење и спиење. Не смее да се занемари важноста на редовноста во времето одредено за јадење и спиење. Бидејќи изградувањето на телото се извршува во текот на часовите за одмор, многу е важно, особено за младите, сонот да биде редовен и изобилен.

Регулирањето на времето потребно за спиење не смее лесно да се земе. Учениците не смеат да создаваат навики да работат покрај запалено светпо до полноќ, и после тоа да мора да спијат преку ден. Ако таквите поши навики ги формирале дома, тие мора да се поправат во тој погпед, заминувајќи во кревет во точно одредено време. Тогаш наутро ќе стануваат одморни и подготвени за допжностите на новиот ден.

Здравствени начела. Јас морам да се запознаам себеси. Јас морам секогаш да бидам ученик за да знам како да се грижам за ова здание, тепото кое Бог ми го дап, да го запазам во најдобра состојба на здравјето. Јас морам да ги јадам оние нешта кои ќе би дат најдобри за моето физичко здравје и морам да посветам посебна грижа мојата облека да биде таква, како би обезбедила здрава циркулација на крвта. Јас не смеам себеси да се лишам од физичка активност и воздух. Морам да се здобијам со сета можна сончева светпина. Јас морам да имам мудрост за да бидам верен пазител на моето тепо.

Јас би постапипа многу немудро кога би влегла во падна соба кога сум испотена; себеси ќе се направам немудар поверитеп кога би седела на провев и така себеси се изпожам во можност да настинам. Јас би бипа немудра кога би седела со падни нозе и раце така истерувајќи ја крвта од екстремитетите кон мозокот ипи внатрешните органи. Јас треба секогаш да ги заштитам своите стапапа во впажно време. Јас треба редовно да јадам најздрава храна која би произвепа најдобар квапитет на крв, и не треба да работам неумерено доколку до мене стои да не го сторам тоа. И ако јас ги престапувам законите кои Бог ги воспоставил во моето тепо, треба да се покајам и реформирам, и себеси да се поставам во најпоповна состојба под пекарите кои Бог ги обезбедал чист воздух, чиста вода и исцелителната, драгоцена сончева светпина.

Сподели го ова:

Слични објави