Г Л А В A 5 9 – Учење на корисни занимања
Секое дете треба да научи некој занает. Негрижливоста на родителите на детето да му обезбедат вработување, кои што на себе ја превземале одговорноста за донесување на светот, ќе предизвика неискажливо зло, доведувајќи ги во опасност животите на многу млади наголемо осакатувајќи ја нивната корисност. Голема грешка е да им се дозволи на младите да пораснат без да научат некој занает.
Од столбот од облак Исус им даваше упатства на Евреите преку Мојсеј дека тие треба да ги воспитаат своите деца да работат, дека тие треба да ги учат на занает, и дека никој не треба да безделничи.
Учете ги како да ги користат алатките. Кога децата ќе достигнат прикладни години, ним треба да им бидат дадени алатки. Доколку нивната работа се направи интересна, ќе откриеме дека тие брзо ќе се научат во користењето на алатите. Доколку таткото е градител, тој на своите момчиња треба да им даде лекции во градењето на куќа, секогаш внесувајќи во своите инструкции поуки од Библијата, зборови од Писмото во кои Господ ги споредува човечките битија со Неговото здание.
Учете ги синовите на агрокултура. Татковците треба да ги учат своите деца да се зафаќаат со нив во нивните занаети и работи. Фармерите не треба да мислат дека агрокултурата е работа која не е доволно воздигнувачка за нивните синови. Агрокултурата треба да се унапредува преку употреба на научно знаење.
За обработката на земјата е кажано дека е некорисна. Луѓето велат дека не се исплатува обработката на почвата и тие ја оплакуваат тешката судбина на оние кои ја обработуваат почвата… Но доколку луѓе со соодветни способности се зафтатат со таква работа, ја проучуваат почвата и научат како да садат, обработуваат и ја собираат жетвата, ќе бидат видени поохрабрителни резултати. Многумина велат: „Ние се зафативме со агрокултура и знаеме какви се нејзините плодови,“ но сепак токму таквите треба да знаат како да ја обработуваат почвата и во својата работа да употребат научно знаење. Нивните плугови треба подлабоко да ораат, правејќи пошироки бразди и тие треба да научат дека во обработувањето на почвата тие не треба по својата природа да станат прости и некултурни… Нека тие научат да го сеат семето во свое време, да посветат внимание на вегетацијата и да го следат планот кој Бог го замислил.
Обучување е од голема вредност. За опуштање по учењето, најполезно е да се извршуваат работи кои го ставаат во движење целото тело и тоа на свеж воздух. Ниедна област од занаетчиската обука не е поскапоцена од агрокултурата. Би требале да се вложат поголеми напори да се создаде и поттикне интерес за земјоделските работи. Наставникот треба да го насочи вниманието на учениците кон она што Библијата го вели за земјоделството; дека според Божјиот план човекот треба да ја обработува земјата; дека првиот човек, управителот на целиот свет, добил градина која требал да ја обработува; дека многу од најголемите луѓе во светот, неговото вистинско благородништво, биле земјоделци. Покажете ја вредноста на таквиот живот…
Оној кој заработува за живот занимавајќи се со земјоделство, одбегнува многу искушенија и ужива неброени предимства и благослови кои им се ускратени на оние што работат во големите градови. И во овие денови на огромни здруженија на компании и деловна конкуренција, малкумина уживаат толку вистинска независност и толку голема сигурност дека ќе добијат праведна награда за својата работа, како оние што ја обработуваат земјата.
Училиштата да посветат внимание на корисните занаети.
Обучувањето за занаетчиска работа заслужува многу поголемо внимание од онаа што му се посветува. Би требале да се формираат училишта кои, покрај највисока ментална и морална култура, ќе даваат најдобри можности за физички развој и учење занаети. Би требало да се одржува настава по агрокултура, мануфактура, опфаќајќи колку е можно повеќе од најполезните занаети потоа економија на домаќинството, здрав начин на готвење, шиење, изработка на здрава облека, лекување болни и слични предмети. Би требало да се поведе сметка да се обезбедат зеленчукови градини, работилници и амбуланти, а работата на секое подрачје би морала да биде под управа на вешти инструктори.
Работата треба да има одредена цел и да биде темелна. Иако секому му е потребно извесно познавање на различни занаетчиски работи, секој неизоставно би морал да биде умешен најмалку во една. Напуштајќи го училиштето, секое момче и секоја девојка би морале да бидат обучени на некој занает или занимање со кое, во случај на потреба, би можеле да заработуваат за живот.
Знаењето за практичната работа е од поголема вредност отколку научното. Треба да постојат искусни учителки кои на младите дами ќе им дадат поуки во умешноста на готвењето. Младите девојки треба да бидат поучени како да кројат и поправаат облеки и така се оспособат за практичните животни должности.
За младите мажи, треба да постојат установи каде тие ќе можат да научат различни занаети, кои ќе ги доведат во вежбање нивните мускули исто така како и нивната умствена сила. Доколку младите имаат можност да стекнат само еднострано воспитување, што е тогаш позначајно научното знаење со сета неповолност за здравјето и животот или знаењето за работата за практичниот живот? Ние без двоумење би одговориле, второто. Доколку едното мора да биде занемарено, нека тоа биде проучувањето на книгите.