Г Л А В A 5 8 – Обучување за практичен живот

Сподели го ова:

Христовиот пример за совршен работник. Во Својот живот на земјата, Христос беше… послушен и корисен во домот. Тој го научил столарскиот занает и работел со Своите раце во малечкиот дуќан во Назарет… Библијата вели за Исуса: „И детето растеше, и засилуваше во духот, исполнет со мудрост; и благодатта Божја беше врз Него.“ Како што работел во детството и младоста, Неговиот ум и тело се развивале. Тој не ги користел Своите физички сили невнимателно, туку така ги практикувал како би ги држел во здравје, за да може да чини најдобро во секој дел од работата. Тој немал волја да биде дефективен, дури и во ракувањето на алатките. Тој беше совршен како работник, како што беше совршен и во карактерот.

Секое нешто кое Тој го направил било добро изработено, поедините делови точно одговарале едни на други, целото подесено да го поднесе тестот.

Разбудена амбиција за корисни достигнувања. Во децата и младите треба да се поттикне амбиција за да се вежбаат во нешто кое ќе биде корисно и благотворно за нив самите и за другите. Вежбите и активностите кои ги развиваат умот и карактерот во кои рацете се учат да бидат корисни, со кои младите се привикнуваат да учествуваат во носењето на животното бреме, сето тоа придонесува за засилување на нивните физички сили и побрз развој на сите нивни способности. А наградата за тоа ќе се огледа во доблеста на работливост, во стекнување на навиките во животот да се чини добро.

Младите треба да научат дека животот значи сериозна работа, одговорност и грижа. Ним им е потребна обука која ќе им даде практично знаење од нив ќе направи мажи и жени кои можат да се соочат со тешкотиите. Тие треба да научат дека дисциплината на систематската, добро организирана работа е неопходна, не само како заштита од ненадејни, непредвидени промени во животот, туку и како помош во сестраниот развој.

Физичката работа не деградира. Распространета е заблудата на високите сталежи дека работата се смета за понижувачка.

Затоа младите многу грижливо настојуваат преку школување да се оспособат за учители, службеници, трговци и адвокати и да се дофатат до било која положба која не изискува физичка работа. Младите жени домашната работа ја сметаат за понижувачка. И покрај тоа што физичката работа е потребна за извршување на домашните обврски, ако не е претерана, засметана е за подобрување на здравјето, тие сепак тежнеат за образование кое ќе ги оспособи да станат учители и службенички, или да научат некој занает кој ќе ги примора постојано да седат во затворен простор.

Светот е полн со млади мажи и жени кои се возгордуваат од своето незнаење за која и да е корисна работа; и тие се скоро секогаш површни, суетни, љубители на покажувањето, несреќни, незадоволни и често пати неограничени во барањето на задоволства и непринципиелни. Таквите карактери се дамка за општеството и срам за нивните родители.

Никој од нас не треба да се срами од работа, колку и да изгледа безначајна или понизна. Работата го облагородува човекот. Сите кои работат со мозокот или рацете се работници и работнички. Сите кои ја вршат својата должност и оддавааат чест на својата религија исто толку како кога мијат садови или кога одат на состаноци. Додека рацете се зафатени во најобична работа, умот може да биде воздигнат и облагороден преку чисти и свети мисли.

Младите да бидат мајстори, а не робови на работата. На младите треба да им се помогне да го разберат вистинското достоинство на работата.

Основната причина зошто физичката работа се омаловажува е фактот што таа често се извршува толку немарно и механички. Човекот работи затоа што мора, а не затоа што сака. Работникот не работи од срце, не се почитува самиот себеси ниту задобива почитување од другите. Обучувањето за работа треба да ја исправи оваа грешка. Таа треба да развие навики на точност и темелност. Учениците мораат да се учат на тактичност и систематичност, мораат да научат да го штедат времето и да го пресметаат секое движење. Не треба само да им се покажат најдобрите методи, туку треба да се вдахнат и со амбиција постојано да се усовршуваат. Нивна цел треба да биде своето дело да го направат онолку совршено колку што е тоа можно за човечкиот ум и рацете.

Таквата обука од младите ќе направи господари, а не робови на работата. Таа ќе ја олесни судбината на тешкиот трудбеник и ќе ја облагороди дури и најскромната професија. Оној што работата ја смета за измачување, кој и пристапува сосема задоволен од своето незнаење не правејќи никаков напор да се усоврши, навистина ќе ја смета за товар. Но оние, кои и најскромната работа ќе ја сметаат за умешност, во неа ќе најдат благородност и убавина и ќе уживаат да ја извршуваат верно и ефикасно.

Богатството да не оправда никого од практичното воспитување. Во многу случаи родителите кои се имотни не ја сфаќаат важноста нивните деца покрај научното образование исто така да бидат добро упатени и во практичните домашни обврски. Тие не согледуваат колку заради духовниот и моралниот живот на нивните деца и за нивното идно добро, е важно тие да стекнат јасна претстава за разбирање за корисноста на работата. Тоа е во интерес на нивните деца, за во случај на несреќни околности, да можат да останат во благородна независност, знаејќи како да ги користат своите раце. Доколку располагаат со капитал на здравјето и физичката сила, тие не мораат да бидат сиромашни, дури и ако во рацете немаат ниту еден денар.

Се случува оние кои во младоста живееле во изобилие, бидат лишени од сите свои блага, и бидат приморани сами да се издржуваат себеси и родителите и целото семејство. Тогаш колку е важно сите млади да бидат научени на работа, за да бидат подготвени за било какво изненадување! Богатствата се навистина проклество кога нивниот имател дозволува тие да стојат на патот на нивните синови и ќерки за тие да не се здобијат со знаење за корисна работа, која би ги оспособила за практичниот живот.

Децата да имаат дел од домашните обврски. Верната мајка нема и не може да биде посветена на модата, ниту таа ќе биде роб во домот, да им попушта на каприците на нејзините деца и да ги оправда од работа. Таа нив ќе ги поучува да земат дел од домашните обврски, за тие да имаат знаење за практичниот живот. Доколку децата ја делат работата со мајката, тие ќе научат корисната работа да ја сметаат неопходна за среќата, која облагородува, а не деградира. Но доколку мајката ги воспита своите ќерки да бидат мрзоволни, додека таа носи тешки бремиња на домашниот живот, таа ги учи да гледаат кон неа како на слуга, да ги служи и ги врши нештата кои тие треба да ги чинат. Мајката треба секогаш да го задржи своето достоинство.

Некои мајки грешат што своите ќерки ги ослободуваат од работа и грижи. Оправдувањето кое овие мајки честопати го кажуваат гласи: „Моите ќерки се спаби.“ Но тие сигурно постапуваат на начин кој нив ќе ги направи слаби и неефикасни. Добро насочена работа е токму она што им треба да ги направи силни, енергични, бодри, среќни и храбри, да се соочат со разните искушенија со кои нивниот живот е опкружен.

Назначете корисни задачи за децата. Бог посакува родителите и учителите да ги воспитуваат децата во практичните обврски на секојдневниот живот. Поттикнете работпивост. Девојчињата па дури и момчињта за кои нема работа надвор од домот треба да научат како да и помагаат на мајката. Од детството, момчињата и девојчињата треба да бидат учени да носат се потешки и потешки бремиња, разумно помагајќи во работата на семејната организација. Мајки, трпепиво покажете им на своите деца како да ги користат своите раце. Нека тие разберат дека нивните раце треба да бидат топку умешно користени како вашите во работата на домаќинството.

Секое дете во семејството треба да има дел во домашното бреме и треба да биде поучувано својата задача да ја извршува верно и бодро. Доколку работата е поделена на овој начин, и детето расне да носи бремиња кои одговараат за него, ниту еден чпен на семејството нема да биде преоптоварен и сите нешта ќе течат угодно и мазно во домот. Ќе биде негувана соодветна економија, затоа што секој еден ќе биде запознаен и заинтересиран за домашните работи.

Готвењето и шиењето, основни лекции. Мајките треба да ги земат во кујната со себе своите ќерки и да им дадат темепно образование во готвењето. Тие исто така треба да ги поучат и во уметноста на шиењето. Тие треба да ги поучат како економично да кројат фустани и уредно да ги шијат. Некои мајки, за врз себеси да не ја нафрпат невопјата трпепиво да ги поучуваат своите неискусни ќерки, попрво се прикпонуваат самите да го извршат тоа. Но правејќи така, тие ги занемаруваат неопходните гранки на вос питувањето и чинат грешка против своите деца; затоа што во подоцнежниот живот тие се чувствуваат засрамени заради својот недостаток на знаење во поглед на тие нешта.

Пружете им воспитување на момчињата и девојчињата.

Бидејќи во водењето на домаќинството учествуваат и мажите и жените, и момчињата и девојчињата треба да научат да извршуват должности во домот. Да се намести постелата, да се суреди собата, да се измијат садовите, да се подготви оброк, да се испере и закрпи својата облека, тоа е знаење кое ниту едно момче нема да го направи помалку мажествено; тоа ќе го направи посреќно и пополезно. Ако девојчињата, од друга страна, научат да го впрегнат коњот и да управуваат со него, да се служат со пила и чекан, како и со гребло и мотика, тие ќе бидат поспособни да им се спротивстават на животните неволји.

Неопходно е нашите ќерки да научат прописно да го користат времето како што тоа е неопходно за нашите синови, и тие се еднакво одговорни пред Бога за начинот на кој го поминуваат. Нам ни е даден животот за мудро да ги усовршуваме талентите кои ги поседуваме.

Привилегии во зачувувањето на силата на мајката. Секој ден постои домашна работа која треба да се изврши готвење, миење садови, метење и чистење на прашината. Мајки, дали сте ги поучувале своите ќерки на тие дневни должности?… На нивните мускули им треба вежбање. Наместо да се здобиваат со вежби преку скокање и играње топка или крикет, нека нивната физичка активност биде насочена кон одредена цел.

Учете ги децата да го носат својот дел од бремињата во домот. Држете ги зафатени со некое корисно вработување. Покажете им како да ја вршат својата работа лесно и добро. Помогнете им да сфатат дека преку олеснување на бремињата на својата мајка, тие ја запазуваат нејзината сила и го продолжуваат нејзиниот живот. Многу уморни мајки имаат заминато предвремено во гроб не од друга причина освен онаа дека таа не ги поучувала своите деца да имаат дел од нејзините бремиња. Поттикнувајќи на дух на несебична служба во домот, родителите ги приближуваат своите деца поблизу до Христа, кој е сплотување на корисноста.

Експеримент на среќа. Деца, седнете ја својата мајка на фотеља и прашајте ја што би сакала прво да сторите. Какво изненадување би било тоа за уморната, преоптоварена мајка! Никогаш децата и младите нема да чувствуваат мир на задоволство се додека преку верно извршување на домашните обврски тие не ги ослободуваат уморните раце, срце и ум на мајката. Тие се степеници на скалата на прогресот кој ќе ги поведе напред кон примање повозвишено воспитување.

Верното извршување на секојдневните должности е она кое донесува задоволство и мир кој доаѓа при вистинскиот работник во домот. Оние кои занемаруваат да носат дел од одговорностите во домот се оние кои се вознемирени од осаменоста и незадоволството; затоа што тие не ја научиле вистината дека оние кои се среќни се среќни затоа што имаат дел од дневната работна рутина која почива врз мајката или другите членови на семејството. Многумина заминуваат ненаучени на најкорисните поуки кои се неопходни да ги разберат за нивното идно добро.

Сподели го ова:

Слични објави