Г Л А В A 5 7 – Физичката активност и здравјето
Добро насочено вработување и занимање. За децата и младите да имаат добро здравје, расположение, живост, добро развиени мускули и бистрина на мозокот, тие треба што повеќе да се задржуваат во отворена природа и на свеж воздух, и да имаат правилно пропишано занимавање и разонода.
Децата треба да имаат окупација за нивното време. Соодветната ментална работа и движењето на отворено нема да му наштети на телото на вашите момчиња. Корисната работа и запознавањето со тајните на работата во домот ќе биде од корист за вашите девојчиња, и одредено занимање на отворено е неопходно за нивната конституција и здравје.
На студентите посебно им е потребна физичка активност.
Неактивноста го ослабува организмот. Бог ги создал мажите и жените да бидат активни. Ништо не може да ја зголеми силата на младите како што тоа може да го стори прописното вежбање на сите мускули во корисна работа.
Сите способности се засилуваат преку вежбање. Децата и младите кои постојано се врзани за училиштето и за книгите не можат да имаат здрава физичка конституција. Оптеретувајќи го мозокот со постојано учење, без соодветно физичко движење, крвта се насочува воглавно кон мозокот и циркулацијата на крвта низ организмот станува нерамномерна. Теоретското учење на децата и младите треба да се сведе во одредени часови, а преостанатото време тие треба да го поминуваат во физичка работа и движење. И ако своите навики во поглед на јадењето, облекувањето и спиењето го усогласат со природните закони, тие ќе можат да стекнат образование а при тоа да не го жртвуваат ниту телесното ниту менталното здравје.
Нека децата бидат поучувани, додека се доста млади, да носат помали одговорности во животот, и способностите така ангажирани ќе засилат преку употребата. Така младите можат да станат ефикасни помагачи во едно поголемо дело за кое Господ подоцна ќе ги повика…
Малкумина биле воспитани на навики на работливост, промисленост и грижпивост. Неактивноста е најголемото проклетство на децата во ова време. Здрава, корисна работа ќе биде голем благослов, со тоа што ќе промовира формирање на добри навики и благороден карактер.
Планирајте варијација и промени во работата. Активниот ум и рацете на младите мораат да бидат вработени, и доколку тие не се насочени кон задачи кои се корисни, кои нив ќе ги развијат и благословат другите, тие ќе најдат вработување во она што ќе делува како повреда за нив, како на телото така и на умот.
Младите треба бодро да ги споделуваат бремињата на животот со своите родители, и чинејќи така да зачуваат чиста совест, која е неопходна за телесното и моралното здравје. Чинејќи така, тие ќе бидат запазени да не бидат преоптоварени во истата работа за некое подолго времетраење. Доколку младите бидат држени во само еден вид вработување, задачата ќе стане здодевна, помалку ќе биде извршено отколку што можело преку промена на работата или по одредено време за одмор. Доколку умот е премногу оптоварен, ќе престане да биде силен и ќе дегенерира. Преку промена на работата, здравјето и енергијата можат да бидат зачувани. Не треба да има потреба да се отфрли корисното за некорисното, затоа што себичните уживања се опасни за моралот.
Умореноста, нормална последица од работата. Мајки, ништо не води кон толкаво зло, како кога го ослободувате бремето од своите ќерки, кога не им давате ништо да работат и кога им дозволувате самите да ја одбираат работата, можеби некое плетиво или некоја друга лесна работа. Нека тие ги вежбаат своите екстремитети и мускули. Ако тоа ги замара, што тогаш? Зар и вас не ве замара вашата работа? Дали уморот ќе им наштети на вашите деца освен ако не претераат повеќе отколку што ќе ви наштети вам? Не, навистина.
Тие можат да се уморат, но колку сладок ќе биде одморот по соодветна тежина на работа. Сонот, благиот обновител на природата, го освежува уморното тело и го подготвува за обврските од следниот ден.
Зошто сиромаштијата често пати претставува благослов.
За нивното телесно здравје и морално добро, децата треба да бидат учени да работат, и дури тогаш кога тоа не е неопходно, што се однесува до материјалната потреба. Доколку сакаат да имаат чисти и доблесни карактери, тие треба да се привикнат на корисна работа, при која ќе ги задвижат сите свои мускули. Задоволството кое децата ќе го имаат во тоа да бидат од корист, и во откажувањето на себеси за да им помогнат на другите, ќе биде најздравото задоволство кое тие некогаш го уживале.
Умствените и физичките активности изедначени. Никогаш не треба да се дозволи учениците толку да се оптоварат со учење што ќе немаат време за физичко воспитување. Здравјето не може да се сочува ако секој ден не се оддели време за зацврснување на мускулите со вежбање на свеж воздух. Овие часови треба да се посветат на некој вид физичка активност, на нешто што ќе ги стави во движење нивните тела. Рамномерното оптоварување на умствените и физичките сили ќе го освежи умот на ученикот. Ако ученикот е болен, физичките вежби често помагаат тој да се врати во нормална состојба. Кога ќе го напуштат колеџот, студентите треба да имаат подобро здравје отколку кога дошле во него. Здравјето треба да се чува исто толку свето и неприкосновено како карактерот.