Г Л А В A 5 6 – Воспитувањето во средно училиште и на факултет

Сподели го ова:

Многумина ја губат својата вера во институциите воспоставени од светот. Ужасен е фактот, од кој треперат срцата на родителите, дека во толку многу училишта и факултети во кои ги праќаме младите да се здобијат со ментална култура и дисциплина, преовладуваат влијанија кои го изобличуваат карактерот, го одвратуваат умот од животните цели и го поткопуваат моралот. Во допир со нерелигиозни врсници, љубители на задоволства и разврат, многу, многу млади ја губат едноставноста и чистотата, верата во Бога и духот на самопожртвуваност кој нивните христијански родители го негувале со внимателни поуки и штителе со искрена молитва.

Мнозина од оние кои трнуваат на училиште со цел да се образуваат за некоја област на несебичната служба стануваат впиени од световните проучувања. Кај нив се буди амбиција да добијат специфични знаења и да се здобијат со положба и чест во светот. Намерата поради која тргнале на училиште се губи од предвид и животот се предава на себични и светски интереси. А често се создаваат и навики кои го уништуваат животот како за овој, така и за светот што доаѓа.

Домашните верски влијанија се избришани. Вие се молите: „Не не воведувај во искушение.“ Тогаш не дозволувајте вашите деца да бидат поставени таму каде ќе се соочат со непотребни искушенија. Не ги праќајте во училишта каде тие ќе се соочат со влијанија кои ќе бидат како какол посеан во полето на нивното срце.

Во домашното училиште, за време на нивните рани години, воспитувајте ги и дисциплинирајте ги вашите деца во стравот Божји. И тогаш бидете внимателни за да не ги праќате таму каде верските впечатоци кои се примени ќе бидат избришани и љубовта кон Бога отстранета од нивните срца. Нека никаков предизвик за високи плати или за навидум големи образовни предности ве водат да ги испратите своите деца настрана од сферата на вашето влијание, да ги поставите таму каде тие ќе бидат изложени на големи искушенија. „Каква е ползата за човекот, ако го придобие целиот свет, а на душата своја и напакости? Или каков откуп ќе даде човек за својата душа?“ Марко 8:36,37.

Сите деца треба да имаат едукативни привилегии. На сите наши млади треба да им биде дозволено да ги имаат благословите и привилегиите од образованието во нашите училишта, за тие да можат да бидат инспирирани да станат работници заедно со Бога. На сите ним им е потребно образование, за тие да можат да бидат погодни за корисност, квалификувани за место на одговорност како во приватниот, така и во јавниот живот.

Зла од постојано учење во текот на целата година. Многу родители ги држат своите деца во училиште скоро цела година. Тие деца механички го преоѓаат сето градиво предвидено со наставната програма, меѓутоа го немаат запаметено она што го учеле. Интелектуалниот живот на тие постојани студенти на крај изгледа сиромашен. Монотоното продолжување на студиите го заморува умот и тие покажуваат многу слабо интересирање за тоа што го учат. Од прекумерното читање на книги многумина и се разболуваат. Тие немаат внатрешна љубов кон учењето ниту било каква амбиција за стекнување на знаење. Студиозното размислување и истражување ним никогаш не им станува навика…

Оние кои знаат логично да мислат и правилно да расудуваат, се малкумина, затоа што со лошите влијанија се попречува развојот на интелектот. Претпоставката на родителите и учителите дека со непрекинато учење се зајакнува умот ќе се покаже како заблуда, затоа што во многу случаи се постигнува спротивниот ефект.

Критиката често пати со право им припаѓа на родителите.

Не треба да се очекува учителот да го стори и она што спаѓа во задачата на родителот. Многу родители ужасно ги занемаруваат своите должности. Слично на првосвештеникот Илија, тие пропуштаат преку благовремена примена на ограничувањата да ги зауздаат своите деца, а тогаш така недисциплинирани ги праќаат во колеџ, да стекнат воспитување кое требало да го примат во родителскиот дом.

Учителите имаат задача која малкумина знаат да ја ценат. Ако успеат да ги реформираат тие самоволни момчиња и девојки, тоа одвај им се признава за некоја заслуга. Доколку пак тие млади се определат за друштво кое е склоно кон зло и одат од лошо кон најлошо, тогаш се обвинуваат учителите и училиштето. Во многу случаи укорот и осудата ја заслужуваат токму родителите. Ним им се пружа првата и најповолната можност да ги контролираат и поучуваат своите деца, додека нивниот детински дух се уште е приемчив за поуките и додека полесно се делува на умот и срцето. Меѓутоа, заради негрижливоста и мрзеливоста на родителите, на децата им се допушта да се поведат по сопствена волја се додека не станат тврдоглаво упорни на погрешен пат.

Тие треба да ја поддржат училишната дисциплина. Некои родители кои ги испратија своите деца во им кажаа дека доколку нешто неразумно се бара од нив да не се покоруваат, без оглед кој и да го бара тоа од нив. Каква ли поука така им се дава на децата! Во своето неискуство како можат тие да судат помеѓу она што е разумно и неразумно?

Тие можеби ќе сакаат да бидат отсутни една ноќ, никој не знаејќи каде, и доколку се бара од страна на учителите и старателите да дадат сметка за себеси тие ќе го наречат тоа неразумно ускратување на нивните права. Нивната независност не треба да се попречи. Каква власт може да владее или да има авторитет врз тие млади, додека тие сметаат дека секоја дисциплина е неразумно ограничување на нивната слобода?

Во многу случаи таквите млади останале во училиштето само кратко време, враќајќи се дома со незавршено образование, како би имале слобода да ја следат својата наклонетост на нивните необучени, недисциплинирани волји кои тие не можат да ги имаат во училиштето. Лекциите на попуштање на кои се поучени од страна на немудриот татко или мајка го имаат извршено своето дело за сегашноста и вечноста и загубата на тие души ќе биде ставена на нивна сметка.

Сподели го ова:

Слични објави